Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Жени јас ќе прашам едно прашање може ќе е глупо но ете мислење. Кога имате односи со мм дали бебињата ви се во истата соба во креветче или во друга па станувате на проверка или имате бебифон? Уште не сум на таа стаза мм во странство е одкако се породив. Фала ви на одговори
     
  2. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Како да не
    Бебе во најдалечна соба, секс 30 секунди и шпринт кај бебе еден систематски, назад се враќаш на брачни обврски
    И се така дури бебе не се разбуди (fingers)
     
    На *malenavolena*87, Happyinlove, emkaemka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    22.692
    Пол:
    Женски
    Хелоу☕ Со моево 'бебе' можда веќе и ја надраснавме темава..
    Кафе испиена,јас и дете појадувани,и лего коцки на репертоар.
    За пеглање,јас одамна одамна не му пеглам.може после 3-4 месец.Имам сушара па врши работа.
    И ја божем вежбам и пазам најадење,ам а не сум задоволна од прогрес.Ја би одма тело гром:P
    Шала на страна,иам ставено 4кг и мора да се корегира тоа...
    Имајте убав ден
     
    На Mia Fuentes, Monella, elcezelce и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Bonnie Top

    Bonnie Top Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    698
    Пол:
    Женски
    Неможам да одолеам на твоите постови Бела :$ пишувани со толку љубов, што човек може да се стопи од наплив на чувства.... еве од тебе испровоцирана и јас да пишам прв пат на темава...

    Добро утро мајки,

    Како за прв пат ќе се обидам да пишам и опишам и јас ден од нашето секојдневие :)
    Станати од рано наутро ја тераме секојдневната рутина. Денес ќе имаме мала промена во секојдневието, ќе одиме конечно на ортопед. Бебе ќе ми прооди додека да стигнеме до преглед :) наместо на 4 месеци, еве прегледот ќе биде на 6, но баш во тој период беше акцелерацијата на вирусот и моравме да ги одложиме сите прегледи. Два месеци дома затворени, мајка цела во прашалници што е правилно, а што не за бебе и како да се однесуваме... но ете полека почнуваме да се опуштаме и да функционираме колку толку нормално. Среќа што ве имам и ве читам вас тука па со овдешните искуства некои ситуации ги минам полесно :):$

    Мајка полудена, бременост дома на мирување и таман кога се роди бебе и се запролети да шетаме ни дојде еден непоканет гостин:@ затворени, контакти само со баба и дедо. Бебе други луѓе рерко има видено, кога ќе почнеме да излегуваме незнам како ќе ги прифати, ми е страв бидејќи и сега плаче кога ќе го виде едниот дедо кој го гледа поретко, ама што е тука е ќе се учиме полека полека.
    Инаку бебе е срце, секој ден ме изненадува со некои новитети. По цел ден се смее, се врти на под се превртува и јас уживам во секој момент кога ја гледам како расте, а од друга страна сакам да ставам на пауза и што подолго да ми траат овие моменти. Ја приметив сака да си игра и се радува на едноставни работи, играчките ние повеќе ги играме :) пред 3 недели ме изненади со две запчиња и сега е како мало зеко кога се смее :D

    Одиме сега да се спремаме за нашето денешно патување, мама возбудена како никогаш досега :) па се читаме почесто овде.
    Поздрав и убав сончев ден мајки :sun:
     
    На Milaаа991, marchi-cool, Happyinlove и 15 други им се допаѓа ова.
  5. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Благодарам Бони :*
    Јас само ќе те надополнам дека сите будиме такви чувства една кај друга... Пред да станам мајка, па и пред да забременам, често ми се случуваше "тајно" да ги ѕиркам мајчинските муабети. И посакував... Да сум дел од тие виртуелни друшки. Во тоа време склопував безброј виртуелни другарства во темата "Поддршка..."
    И еве ме тука :)

    Се опуштив што прочитав дека и други мајки полека, полека го нормализираат животот.
    Срамота е да кажам дека по вчерашната средба со моите имав грижа на совеста. Си реков дека избрав, дека требало да почекам уште малку...
    Сигурна сум дека и други се чувствуваат вака во слични ситуации.
    Да не замарам...

    Туку, сакам да споделам дека од вчера им сменив пелени на бебињата. Од старт бевме на Памперс и се покажаа добри. Им сменив сега на 6+ дека сепак кожичката не им е така чувствителна како на сам старт, а од причини што со две бебенца и тоа како се трошат пакетите.
    По споделено позитивно искуство од една мајка од тука, земавме слипи од белите. Можам да кажам дека одлично се покажаа,а се доста поекономични споредено со памперс. Можам да кажам дека препорачувам.

    Така мајки. Одам да им дадам кашичка на две големи лапачки усти. Денес на мени јаболче, морков и тиквица. Се надевам на празни тањирчиња :)
     
    На Minice13, Chanell*, Milaаа991 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите ненаспани, полунаспани и наспани мајки :)

    Први два вечери како се чувствувам наспана.
    Два дена како бебе не спие преку ден. Не спие како што јас сакам по 2-3 саати :) Спие по 15 минути или 30 ама со чести будења. Се нервирав. Дури не видов дека ја преспивува скоро цела вечер, бидејќи ги нема грчевите :)
    Ако сме легнале во 10 и пол, станува во 2 да цица и продолжува да спие до 5 и пол, некогаш 6, цица и пак си поспивува до 8.

    Како и да е, треба уште нанкање, за да на мама и се средат подочњаците :lol:

    Преку ден мислам дека се правам со брзина на светлината. Чекај набрзина да сварам чај, чекај набрзина да јадам, набрзина да средам низ дома, набрзина да се истуширам.

    Дали како бебе расте ќе се има повеќе време или пак помалку...ќе видиме!

    Ајде сега набрзина да изедам парче торта, дури бебе седи во релаксатор и не намириса дека се спремам 5 минутки да здивнам.:lol:
     
    На Minice13, Milaаа991, Мариаа. и 19 други им се допаѓа ова.
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    И така започнува второто поглавје од денот. Само една мала пажња е доволна за рој насмевки и љубов...
    3E665E9E-9ED1-48EE-B4A2-7E55BC79E10C.jpeg

    Беба расте и се повеќе време ми остава за себе. Фала беба:*
     
    На marchi-cool, Мариаа., Milaаа991 и 25 други им се допаѓа ова.
  8. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Здраво мајки :) Колку кг имаа вашите малечки на 16 месеци? Моето девојче е 10,5 кг, не знам колку е висока сега. Знам секое дете си е различно, чусто онака, дали е во ред да биде толку :)
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Здеаво мајки!

    Вие со бебиња што сте,кога и да ве читам си се навраќам на спомените кога синко беше бебе.
    Убави спомени ми будите!

    Сеуште посебно му ги перам алиштата,за пеглање пеглав се до 3 години.Оваа пола година само маички,гајчиња секако и за излегување алиштата ги пеглам.

    Мајки односи да си имате,уживајте и не му ја мислете дали бебињата се тука.
    Синко спие со нас,па еве успешно си ја вршиме должноста...Но мислам почнува да сеќава тогаш знае немирно да спие,да се се превртува,Се има и "разбудено" на кратко ќе ги отвори очоте ќе постои неколку секунди и заспива..
    Засега е ок,но ќе треба за понатаму да му ја мислиме...

    Ние добри...
    Денот ни започнува во 8.
    Најпрво почнуваме да се молиме да се облечиме оти сака скроз гол да седи покријан со кебе.
    Стриптиз фаза...
    Исто како синчето на @AngelOfArh па кажи колку време траеше оваа фаза.

    Откако ќе се убедиме да се облечиме следува појадок,ако не сака да јади гледа пикабу(патролни шепи).Јас за тоа време поминувам со правосмукалка( преку еден ден),пијам кафе ако го немам испиено пред ѕверчево да се издигне од кревет.Или пак заедно гледаме цртани.
    Во 9 сме излезени ево двор игра со песок или се ниша на нишалка јас спружирам/збирам алишта од жица.
    Влегуваме дома бришиме заедно прашина,,одиме до малскиот маркет се враќаме и правиме ручер па пак излегуваме надвор.Сеуште се учиме да вози тротинет никако не научи исто и точаче со помошни.Наместо нанапред да врти на педали тој на назад.
    Влегуваме дома,ручаме,дете некогаш се заигрува 10 минути,ако не седнувам и јас но пак трае 10 тина минути.Ако не успееме во тоа или капиме животни,играме криентка,играме со пиштоли...

    Додека маже го чекаме ние сме во двор јас пијам кафе а дете си најдува пак некоја занимација.
    Потоа тато си иди и почнува лудувањеро по дома.Пеење,скокање играње.Едно сат време,се уморува.Следува вечера,телефонче и на крај заспива со шишето во раце.


    Толку од мене
    И кафенце испив и цигарче.
    Кај и да е маже ќе си дојди.
    Почна да дува да влезиме дома.
    Имајте убава и мирна вечер со вашите најмили.
     
    Последна измена: 5 мај 2020
    На Minice13, tina-63, marchi-cool и 23 други им се допаѓа ова.
  10. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Ја измерив колку можев, околу 79cm е.
     
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    и јас сум исто. Сега фала богу нормален човек не е дотолку да оди непеглан ама се да се пегла... Јас не би. И како што викаш се се пере на 90 евентуално на 60 така да нема потреба од пеглање.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.909
    Допаѓања:
    14.599
    Пол:
    Женски
    Околу 77см, 9ипол кила, 16 месеци ќе направи следната недела.

    На маж ми му е роденден денес, му купов поклон, го спакував и ја пратив малата да му го даде. И нормално откако му го даде, она си го отвори да види што има внатре :D тоа е таа детска невиност што некогаш ме потсеќа колку е чисто ова мало човече, и дури жал ми е дека еден ден ќе мора да се соочи со светот.

    Извадив машните сега кога веќе се запролети, нејќе да чуе, ни 3 секунди не ги трпи на глава. Па свртев на ластичиња. Таман има коса за една палмичка горе. Се буни кога и ја врзувам, ама не и смета да ја носи. Едвај чекам да идеме некаде дотерани :inlove:
     
    На Chanell*, thinkerbell, Milaаа991 и 17 други им се допаѓа ова.
  13. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    @TarantulaA темава нема ограничување за возраст на дечиња и тинерџери, факултетлии да се ипак си мајка и имаш ред муабет во мајчински.
    Моја мајка отсекогаш викаше мали деца=мали проблеми, големи деца =големи проблеми. Едвај чекала да пораснеме со сестра, па потоа илјада пати си го гризнала јазикот за помислата, не па за желбата :rofl:

    Затоа јас не сакам дечко мој да порасне и затоа уште си го викам бебе :P
    Али и сите го научија дека бил дете, а не бебе, па штом го речам одма ми се буни дека он е дете, не бебе ]:)
    Кога го успивам стандарт му ја пеам "нани нани бебенце..." не се буни, се до вчера онака као спие и наеднаш срипува и ми вика "детенце" :D

    Оф кој непребол ми е што не му ги пеглам алиштата на бебе :(
    Но едноставно морав да го скратам тоа време и да го употребам за себеси, жал ми е што иде "непеглан" ама мислам многу побитно е да има среќна мајка крај себе.
    Ионака го сака цело мое внимание дури е буден, па не ми паѓа на памет штом затвори очи да играм со пегла :shake:
    И да сушарата е закон, речиси па пеглани ги вади и тоа, кога е комбинирана машината се потуткани, кога се засебни поиспеглани :mm:
    Пеглав се до пред 1год да наполни мислам, сега исклучиво по потреба.
    Посебно се перат неговите, не ни мислам у скоро да ги мешам со нашите и во посебна корпа му стојат :!:

    Ја читам некое време @flower30 и мајче пишувај, мене барем ич не си ми досадна, не ни мислам дека си очајна и не знам каква, само си жена, мајка, кралица. Да знаеш само во колку реченици се пронаоѓам во твоите постови, но разликата е што јас се преточувам во позитива, па не ги изговарам гласно и со тек на време дел се средуваат, работам на се што ми смета, ништо оддамна не оставам на случајност.
    Да знаеш само колку ме зезна ова Коронава, ми се иде у колено да си пукам :devil: ама ајде, златна есен (fingers)
    Знам заглавена си измеѓу и помеѓу, но пронајди си во некој дел од денот време за одмор и за себе, прави си "нацрт план" што утре ќе промениш и направиш корисно за себе и дечињата. Чекор по чекор, малку чекори, многу планови крој, играј на сигурно, игнор на сите, биди и намќор и идиот и секаква, битно тебе нека ти е убаво :mm:
    Да пишуваш, јас ќе те читам и нема да мислам дека си дно и очај :hug:

    Секако, многу помалку дезинфицирам се, за чистење тоа е тоа, исто чистам, на исто иденови, со алкохол обавезно, додуше јас и пред површини бришев со Дезентал :D
    Јас оддамна се "ослободив" од вирусов, едноставно не биваше некако да дозволам толку многу да влијае на нас/мене.
    Не значи тоа дека се мешаме у народ, идеме по гости, дозволувам било кој сем нас тројца да ми влезат по дома, но по лајт сум, барем психички :$

    Денес низ градов прав напор :envy:
    Се заморив од внимавање да држам 2м растојание, па дишење у маска +1ч било отепувачка, едвај издржав. Не ми стои фино она стави-вади, па да дреме на брада, него ја ставам и се дури не се приберам у кола ја носам, па таму дезинфицирам, вадам, ставам у кесе и за наредно вадам друга :tmi:
    Сем што почекав во Вајкики 5минутки за влез нигде не чекав, сум погодила терминот и продавниците (highfive)
    Па ни на каса не беше страшно и тоа во Вајкики што почекав 10тина минути, али испадна и корисно, си купив пижами и чорапи :angel:

    Бебе уредно го истоварив кај моите да фаќаат штурчиња и пеку (lalala)
    Ете време сама со себе и моите обврски преточени во 3.5ч :rock:
    Јас мислев и натажен ќе е кога ќе ме види, може и збунет, али толку сум му досадна веќе што мислам уште 3.5ч да ме немаше ќе беше ок. Два пати ме побарал и двата пати ме продал со муабетот дека сум отишла да му донесам пуно бони :envy:
    Јас му донесов Лион чоколатце, по негово Албени :D, водичка и играчка глава од змија, полнета со водени топчиња :D

    Му направиле моите кош, као кошаркар ќе го учеле да биде, али детево е биолог, ветеринар, ботаничар, астроном, кај бе он и топка :rofl:

    Има крокс и нови капи, капи дури две :rock:
    Знаете дека капа му барам веќе 3недели?! (facepalm)
    Прво као појдов да земам една што ми ја чуваа, ја бендисав по нет, идам и од далеку ја гледам мала. Да знаете само колку се испоразочарав, ми се плачеше дури :u:
    Случајно вчера му нарачав и една од ХМ, по жените кои носат, али таа тек прашање е дали наредна недела ќе стигне, а очајно му треба на бебе капче. Он има, али толку е лита што ми е срам да му ја редам веќе :|

    А знаете ли оти "мора" да има капа?!
    Ај претходно нели треба нова, али нели тетка го шишаше и го шишаше и го ишиша и бебе без коса ми остана.
    Ќелавче си имам :(
    Си поплакав првата вечер, толку ми беше жал што е таков, жива се изедов :doh:
    И не не се навикнувам што е "тикве" :shake:
    Прво као зеде да го шиша, али тетка се испаничи дека внуче рика, башка он и се тегнеше, веднеше, па као кога заврши, го избањав, смирив видов дека едноставно толку е испочкрапан што нема поправен, сем ќелавко :(
    Ај не е на кец, тројче е :|
    Златни "Мали ѕвездички" имале они многу мака со вакви муштерии :smirk:
    Едвај чекам да му потпорасне, Ѕведите работат, па патот натака и да го направат да заличи на нешто, а не на тикварче, али тоа тек јуни :u:
    Па уште првите 2дена го пецка, па нејќе капа за надвор, аиииии :@

    Крокс :rofl:
    Првично штом ги виде ги заџитари и рече слободно да му ги дадеме на другото дете :smirk:
    Ама со цел долгометражен филм колку се убави, дека и јас и Пако има папучки, па почна сам да си ги мести и да ги облака.
    Во фаза е кога пробува сам да облака патики, па ова му се виде екстра лесно и се испорадува.
    Само што е финтава секое дете што облака наопачки еве не знам :D
    Укапира како е правилно и сам си вика "мами вика вака не, ги реди како треба и продолжува, еве вака". Ама дали за инат или не знам пак по некое време че ги облече наопачки :D
    Му се видоа интересни и до пред спиење си ги носеше, цел хепи ги пореди до кревет и кажа утре кога ќе има сонце пак ќе ги носел :inlove:
    Него кроксов широки, уствари тие и такви се, а он ноџе слабо, башка нема појма како се иде у влечки, па колку ли е најсмешен, ко патче е :rofl:
    Но по 1ч носење се виде напредок, така да до крај на неделава ќе ги усоврши да трча со нив (fingers)

    Него бебе ми поцрнело во вратчето, на рачињта, лицето, баш е смешен, а и како не би кога по цел ден е надвор и на сонце :D
    Времево шашаво, многу ветер искача повремено, де студи, де пече, утре стои дожд, уствари во саботата небо и земја се споија |(
    Абе мај е, не баба марта со 100 ума ]:)

    Прееска мислев цвеќиња да вадам, ама кога видов да ќе паѓа дожд цк се премислив :mm:
    Си купив нови саксии за љубичици, многу ми се убави, али мајка одма муабет, скапо сум ги зела, на пластичарска истите биле по 50-60, а јас по 80ден ги платив |(
    Е де, а патот до пластичарска?!
    Битно јас среќна, утре ќе садам ако даде бебе :f:

    За ужинка му правев Браунис, по некој рецепт од Инста, рецепт со банана, авокадо и толку се понадевав дека барем ќе изеде едно парче, бидејќи има и какао, чоколадо, ореви, абе на прво залче испоплука :envy:

    Не не бидува, а и со апетитов, уствари без апетитов пак сме скар, па од завчера пак пие сируп и тоа со право задоволство, стандарт бара репете :D
    Леле а Молерс да не види, вика тоа гадно било и смрдело, не дека и не :tmi: треба да побарам некоја замена, ама слатка замена да е :D
    Уствари ќе купам од капсулките па ќе ги пикам у "шуруп" :mm:

    Да играм малку, па да спијам, изгубив инспирација и заборавив што се сакав да кажам...

    Убава ноќ :hug:
     
    На Minice13, karibian, Chanell* и 30 други им се допаѓа ова.
  14. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.894
    Допаѓања:
    142.296
    Фала ти многу, искрено се изненадив дека си ме цитирала, но многу позитивно. Заглавив, ама онака, психички и тоа добро паднав:( Но, ете некогаш имам денови кога ми е се ок, некогаш баш и не и тие траат подолго. Само овде, и на мм, ги покажувам овие чувства. И затоа и пишав дека знам колку сум досадна. Маката е што не знам да бидам идиот и намќор за другите, и тоа ми е мислам, најголемиот проблем.
    Ама ваљда ќе се променам на подобро :D

    Јас пишував порано овде, некако полека престанав да пишувам, ама не престанав да читам:)
    Фала ти уште еднаш за советот и убавите зборови, ми значат :hug:
     
    На Milaаа991, Mia Fuentes, Mari* и 16 други им се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.191
    Допаѓања:
    124.690
    @flower30 :hug:

    @emkaemka и јас му ја пеам нани нани ама оддамна сменив на детенце :D И кога му се приспива ми вика ајде нани нани.
    Додуша сега заспива сам,ама денски знае да побара да го гушнам ,да му ја пеам песничката,ќе му свртам два три круга низ дневна и заспива:)

    Се навикнав со него дома,сега кога се ќе се врати во нормала ќе ми фали :( Сега сфаќам колку малку време уствари поминуваме заедно дури сме на работа. Среќа викендите што не одам.
    Имајте убав ден :rain: Ќе врне викаат |(
     
    На Minice13, karibian, Ano и 21 други им се допаѓа ова.
  16. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    22.692
    Пол:
    Женски
    Чувам дете,и разлистав по темава шо има ново пишано;)
    Прво да ја прашам @emkaemka кај нашла отворено ваикики? Ми требаат мене тенки долен дел тренерки за дете..
    За мене одсабајле си напраив онлајн шопинг,малце ми се сумњиви големиниве ради моделот.Резерва план ми е ако таа една блуза ми е многу голем а ке ја подарам на мајка,роденден има месецов.
    За чистење низ дом а и дезинфекција,искрено ништо немам сменето него порано Никогаш не сум пребришувала со алкохол низ дома.Мене дете ми беше со дерматит и педијатарот советуваше што помалце пафтање со сретства низ дома...
    Него сега дур трае коронава,повеќе време низ дома и анализирање и нели план што да променам. Па така,почнав као д а возам...ама уште неможам да се ослободам.Едноставно,градов ми е го џунгла со сообраќајнава некултура.И ме потресува коа ми свират. Имате некој совет вие поискусните шоферици,да ми дадете?
     
    На Ano, Mia Fuentes, Mari* и 12 други им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.748
    Пол:
    Женски
    Пред малку видов, ваикики Куманово, Струмица, Гостивар, Струга, Охрид и Битола. А аутлетот во Поинт Ретаил пакр не беше ни затворен.

    Кога возиш свири им и ти. :@
     
    На Ava.84, Sexybaby86 и TarantulaA им се допаѓа ова.
  18. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Ти пишала Мила каде се има отворено, јас бев во тоа во Топанско, во СК само тоа е отворено.
    Барав и јас долен дел тенки тренерки, баш пролеттни, немаше, имаше по некои само мали бројчиња ко за 6-9м :(
    Види во Локо, мислам Ск си, ако уште ги има, има бебе мое едни шаренки тенкички, ОК се.
    Најубави има лански од Зара, му ги облакам и сега, малку куси и ко хеланчиња му се, али ај не е страшно :D


    Ден ден мајки :hai:

    Јас решив да чистам за да помине побрзо времево, не ми е ни нешто прљаво, сем купот трошки низ дневна што беа, ама аји нив да ги нема, па и низ други соби ќе пречистам :smirk:
    Мм пред малку ми рече до крај на месецов Бубу моја ќе е, леле со душа чекам да и отворам врата на чистачката, а ние низ врата да фатиме :*:

    Ај што е облачно и нек врне сеедно, ама ветеров :@

    Вчера на бебе слајм му купив, кои радости, не дека немал, али помал беше па заборавил. Уште на што не го залепи и растегна, ептен му се свиѓа како иде под раце :D
    Јас и ќе правев, уствари ќе правам, вчера барав лепак у туба и не најдов, али најдов и рецепт без лепак, па ќе пробаме (fingers)

    Идам да дочистам, па ќе шетнеме до кај баба ваљда :)

    Убав ден :hug:
     
    На karibian, Ano, Mia Fuentes и 18 други им се допаѓа ова.
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    .молерсот во фриз го чуваш? Нашиот не смрди воопшто. На лимон мириса. Првиот корнеше на риба оно ја на собна дека сум го чувала
     
  20. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Добар ден мајки :hai:

    Да не ме заборавивте?
    И јас како повеќето мајки се осеќам ,,вишок,, Синко порасна голем батко па и не сум баш за во темата ама ме охрабри Емка дека нема граница на возраст па ќе се правам на тошо :D

    Кај нас короната си прололжува на големо, нема отварање на барови, бутици, фризери итн до 1 јуни, така да човек освен на пазарење и до аптека и нема каде да се прошета.
    Излегуваме надвор, играме со децата од соседите, се муабетиме меѓу соседи, абе како старците сме станети :D

    Бременоста си тече во добар ред, утрово бев на втор скрининг, носам девојче :inlove:
    Баткото не е нешто по кејф, прво не сакаше никакво бебе а сега пак сакал машко ]:)
    Само да е се како што треба, верувам дека ќе засака и сестра.
    Туку времето си минува а ние уште не сме кажале на домашните дека сум бремена :$ прво беше да помине прво тромесечие, па короната, па едно, друго и си завлековме, сега дури срам ме фаќа :?:
    Ќе оставам на мм, нека му ја мисли тој :lol:

    Си отворив работа, прередувам плакари, ние жените сме чудно створение, од толкав плакар мм жалниот за грев е, уште малку ќе го префрлам во фиоките, абе се купувало и што требало и што не требало, и со етикети и некои од пред мажачка :D ппловина во канта ќе оди.
    Женска глава :makeup:

    Убав ден жени.
     
    На mamaJana, TarantulaA, Ano и 26 други им се допаѓа ова.