Од сабајле мислам кога ќњ заспие бебе ќе седнам да напишам во темава, повеќе за мене, да ми остане како спомен кога ќе читам што сум пишувала кога синко имал 6 месеци. И за си олеснам. Го имам профилов повеќе од 10 години со ник кој на 19 години го ставив затоа што мајка ми така ме викаше. И сега јас сум мајка. И најискрено и отворено кажано, јас се борам со мајчинствово. Тешко ми е, а ништо не ми фали. Имам прекрасен сопруг, преубав стан, немам никакви финансиски проблеми ни проблеми со свекрва. И оваа борба ме прави да се чувствувам како тотален неуспех. Како немајка. Како лоша сопруга. Бебе е посакувано и планирано. Здрав е и напреден и сум неизмерно благодарна за тоа. Имам сопруг кој буквално во се ми помага. Он е задолжен за чистење, прави ручек за викенд зошто сака да готви, го успива синко, го игра, премногу му се радува. Јас никако не можам да се опуштам. Се нервирам кога не сака да спие, кога плаче, кога ќе ми се измеша целиот ред за спиење и јадење, кога е нон стоп залепен за мене... Не знам какви очекувања имам. Не знам зошто сакам се да е како по книга. А бебе е. И го знам тоа и пак се нервирам. Не знам како ќе терам вака и не знам како да си помогнам. Го сакам бебе повеќе од себе си. Секој ден прави нови работи кои ме смеат и на кои се радувам. Ама пак некои денови пукам. И со глупиов вирус не сум видела ниедна другарка, ниту синко ја видел единствената баба што ја има. Не ги видел повеќе од 2 месеци ни вујко му ни чичко му. Ми треба одмор. Или друштво. Или доктор. Не знам ни сама што ми треба.
Лајкот е за поддршка. Не си сама. Тука сум со тебе, и јас, и многу други мајки. Нормално е да пукнеш во одреден момент, да сакаш миг само за тебе, и ете баш тогаш бебе да не сака да спие, или да кенка, или што и да е. Јас сум со две, една двегодишна и една двемесечна, па можеш да замислиш. Колку и да е тешко, знај дека растат преку ноќ, па ќе ти фалат овие моменти и ќе ти биде да не речам смешно за што си се нервирала. Колку и да е клише, така е. Како растат децата, растат и проблемите околу нив. Не си сама
Добро вечер мајки Ние сме арни, синко вчера имаше операција кила и фала му на Господ се помина во најдобар ред Прво се разбуди со болка и вриштење, сакал дома,за после два саата да биде старото дете кое си го имам. Да се рипало и скокало, оди па допази го да не прокрваре Јас од другата недела официјално на одмор две недели, ама ич не се радувам, ни пропадна планот да одиме за Барселона. Ни остснува уште главниот одмор во јули се надевам барем дек тој ќе успее. Сакав да пишам пост и толку, маж ме вика да пиеме, подобро да го пратам него ли да го снема, кој знае кога пак ќе се вклучам. Убава вечер на сите Се е свежо купено, па да го пробаме
Нас ни се скрши стаклото од сушарата со патики. Бтв мм ги стави не јас. И на крај нормално тој и си ја поправаше, а да направев јас таква глупост ќе ме тужеше ма ХАК. Инаку се пеглав до кај 6 м, а до кај 8 се мачев само долни боди пеглав. И онака се сушам во сушара и баталив. Мое мислење е дека и не треба да се претерува со хигиена. Не е здраво ни за бебето да е се стерилно, ни за мајката. Па не се допеглува бе луѓе. Како прасе се валка. 1 машина во денот нејзини пуштам и пак не сме допрани. Сега пеглам само она што мора. (читај што е гужвано како крава да го џвакала) А и малку ми е глупаво се да и пеглам кога она по цел ден со кал си игра надвор и во врат песок си става.
Баш ова го помислив. Ќе ја испеглам за да ми се шлапне у калта. Сега е во фаза да јади сама со лажичка така да и тука мора пресоблекување. Ќе си скратам пола живот во пеглање.
Не ми текнало на ова, прееска те прочитав и одма го пикнав у фриж. ај ќе видам утре што ќе ме огрее. Неколку дена со ред ставам пола доза во сирупот на Бекутан, утре баш ќе ставам цела доза, па малку ладничко и може ќе минува Ептен го засака Бекутанот, со кој мерак го пие да знаеш, а кога ќе ми текне дека од 4ри други од што рикаше глас му се фаќаше, а и тие фини беа, благи, али ете За муабетот погоре, неврзано али ми текна. Пред некој ден им праќам на сестра и мајка слика од бебе каде е у дупка со земја и он се истегнал и се смее онака задоволно. Коментар на сестра беше, да сум го учела да биде господин, зошто сум му давала да се вапца у земја. Јас и пишав дека она нејзиното нека го учи да биде господин (живо ме занима како се учи ова, али ај живи били па видели ) а јас моето ќе го учам да биде дете, а господин секако ќе е Коментар на мајка беше дека у многу светло сум го облекла, негодуваше и она што е у дупка со земја Криво ми падна што воопшто споделив сликата, не за друго Кога ќе ми текне дека мене и сестра ми не викаа "були" па што повеќе, рака на срце со кал и не сум играла, ни у земја, мислам ни во вир сум скокала Јас на бебе мое ама баш ништо не му бранам, се дури не е опасно по живот се е ок, пред некој ден топло, а врнеше, па он трчеше низ двор и се "миеше" секако и сите вирови негови беа Колку ли беше најсреќен, цела вечер за тоа се збореше, заспа со видеото кое мм го сними, абе радости Не би му скратила ништо, хм може треба да го редам на биро и да го учам како се држи пенкало или да му редам тањири, прибор и чаши пред него, па да го учам со кое што се јаде и пие, јер нели само господски ствари се за него, земја е за обични смртници Осеќам сестра ќе се акне у бетон уште на прво детенце, али само да дочекаме, јас ќе се смешкам од страна Ноќ мајки Денов турбуленција, се некако на трчање, а ништо посебно не направив, а како издишен балон се осеќам Де надвор, де внатре "игравме" со бебе цел ден, многу ветер искачаше, а он а го сети одма се жали дека е ладно и трча домче. За шлаг на денот правев и едно торте, ништо спец, али вкусно ќе е знам, пресек утре, прво да се олади и соедини убаво Го мислам Да спијам, имам што повеќе да пишам ама една мрза што ме фатила, па ај некоја наредна вечер Убава ноќ, гушкајте се
Ај да пишам и јас. Да.ви кажувам колку ми се спие или не, нема потреба знаете. Горе долу сите сме поминале низ слично. Синче денски спие само надвор во количка, дома не. Ноќе спие со мене на спална ( нешто за што ја карав другарка ми како сестрата на @emkaemka ) Карантинот мене одлично ми дојде, мм е претежно со нас дома, си играме со децата, си гледаме филмови ( тој гледа, јас учествувам од време на време де). Турбо сум, секој ден стануваме околу 6 саат. И секој ден е зготвено, исчистено, ќерка избањата, синче доен 15677 пати, какан исто толку, миен исто толку, а остатокот шетан во раце, а тежок ужас Штом легнам плачам од болки. Но, останувам на став дека животот сега ми е посреќен и поисполнет од кога и да било, дека толку ќе бидам задоволна од себе не сум можела да замислам. Се им должам на децава. Од мм не можам да се пожалам, ние сме пред се и најдобри другари, иако има денови кога сакам да го мавам со камења Инаку, деновиве нешто као внимавам со храна, никогаш не сум била подебела, среќа што е изолација....Не знам до кога ќе издржам, ама ваква не се гледам повеќе. Ај да одам да одморам, ќе бара јадење малиов во теков на ноќва. Добра ноќ!
Кај сте лепоти? Да чкртнам нешто и јас, после хаосни денови. Ама уживав да ве читам. Понекогаш ми треба да ме 'здрма' некоја ситуација или дешавка за да се присетам колку имам сѐ што сакам, и дека заборавам да бидам среќна. Цело е кога има се' нели Моето се' овие денови ме натера да застанам на секунда среде цел хаос дома и да бидам горда на тој хаос, зошто сепак не прави среќни како никогаш до сега. На крајот од денот,уморна и расеана седам вака до него, и сум бескрајно благодарна и среќна. Пресреќна. Добра ноќ.
@fairy88 ако ги проба сите пиши препораки. Ние секој ден си одиме со дел од природата со себе. Дефинитивно децата и кучињата се исти. Си одат накај дома обавезно со стап. И тоа стап поголем од нив: https://www.pinterest.de/pin/303359724901055238/ Нема ништо послатко од тоа. Одвај ја чекам новата етапа со спортски активности. Седнавме да ручаме додека кокомелон иде во позадина за да имаме раат: Би сакала сега негде доле во кафана со @srekice @Emma2 @Мариаа. @The Unicorn @thinkerbell и @Happyinlove келнер овој пат. Да издробиме некој свеж сарказам со марула, онака од стол под стол. За секоја прилика лежи посебен карактер на луѓе, за оваа овие ти се идеални. Ниту ги знам ниту ги познавам али оставам голем влог за “поснопица од смеа”. Баш би сакала cheers
Уф @FreeMind како би сакала да седнам во кафанка надвор, па ракииче, мезенце, па да свртиме на винце. Има едно на Дудин, бело, перверзии е, ама заборавив што сорта беше. Вујко ми ќе ме потсети. Туку за друго дојдов тука да прашам. Препорачајте ми добар доктор за ехо на гради. Ептен е итна работава, уште денес да закажам. По некоја тема се збореше за некоја докторка од Систина, ама ниту ми текнува името, ниту мислењата можам да ги најдам.
@FreeMind Ја би сега едно ракииче, а може и две да ме здрмаат онака убаво. Остај тоа, и цигарче сакам. Ти викам јас по две деца си имаме дома. Сонценца. @thinkerbell Маја Чапова од Систина. Топ е.
@FreeMind И јас сум за! Ма да, не знам дали ви се уклапам у друштво. Јас сум од оние лиглине што не пијат ракија и пиво и бегаат од чад од цигари. Да не ми се замагли случајно дијамантот од круната на глава де За мене едно мартини Cheers
@FreeMind кумо, сестро за новогодишните празници ке се измолзам и ако треба два дена ке бидам на пумпа ама ке си седнеме раат во кафана,ке мавнеме жолта,салатица... (Се надевам по жолтата нема па трудна да останам) Многу ми недостига овој дел,салата ракијка и може некоја цигара. Таков ритуал ми беше што ке го паметам следниве 3 години минимум. Освен вакви исклучоци. А како сме тргнале богами и ке направиме една кафана. . Таман предновогодишно и оро ке се врти во кафаните. А и да можам да облечам човечко нешто. Доста само во труднички алишта . Не за друго ке се сликаме