Хај Ретко пишам, често ве читам. Денес сакам виртуелно да ве почастам Вчера славевме прв роденден на синко
Ве читам тие што не пеглате само со сушара завршувате работа, дај кажете кој модел е сушарата како пеглани што ви ги вади, мојава или се пегужвани или смалени алишта, а со сензор е демек.
Абе ги намалува и мојата ама битно не пеглам После неколку сушења ги закачувам и се враќа правобитната големина на алиштата. Инаку мојата е на Hotpoint Ariston.
Beko и тоа ни сензор има ни дигитален екран. Едно тркалце за програми... а додека и влегов во шема бодињата од син ми за 18месеци што беа му ги направив да ги носи на 6 месеци. И сега ми се дешава нешто да се смали може до материјалот е незнам но не како на почетокот. И пеглани се ако не е преполна машината @flower55555 среќен да му е роденденот
Ден мајки! Роденден! Денес славам јубилејна 30-ка! Свеќите ќе ги дувам со желба за здравје и среќа на моите два сина. Пуштив срце, кај моите сме веќе втор ден. По повод роденденот, се слушнав со драги другарки со кои не се одминуваме за празници и родендени. Мајка подготвува трпеза, бебиња нанат во количка, а јас пијам прво ракивче. Среќна сум, прв роденден славам како мајка. Да дочекаме сите мајки да чекаме родендени како прабаби
Како ги закачуваш? Де кажи како влезе во шема да не смалува,мојава за украс ми стои откако смалив гардероба на сите тројца Имам индесит со минути и едно копче за топол воздух (демек да го стиснеш ако сушиш памук пушта поголема температура ваљда) и си тоа и без тоа смалени одредени маици..дали да ги вадам полусуви?
На мојава па памбукот е означен да се суши на 100' или 120' е сега кај мојата тоа е минути а сигурно и суши на потопол воздух и сите алишта ги смали и мирисаа на прегорено. Е сега ги сушам на 85 знае некое пижамче од син ми малце да се скуси но го тегнам и ке пушти. А и не ја преполнувам
Мајкии лепотици, лонг тајм ноу рид Не памтам од кога не сум пишала, ама редовно ве читам, не ве заборавам. Сите ваши згоди и незгоди ме насмевнуваат. Вистина е дека со карантинот немав шо да пишам, да се пофалам, ама па денот ми е стално исполнет. Де книги, де пререди алишта, де нешто по дома, не е досадно. Бебе ме исполнува, никогаш не сум била посреќна. Лази, се исправа, вика, пее, абе среќа! Да не звучам премногу лигаво ама ете Времето е прекрасно, секој ден сме излезени, некогаш и по два пати. Со почит кон мерките секако, не ме карајте Имаме убави места за шетање, а и дворчето не ни е лошо, а бебе се радва буквално на се, милина е да го гледам светот од нејзини очи. Како шо пиша некој, ми е страв да растам дете во ваков суров свет Сакам 100% од времето да е заштитена ама да не и ги кратам крилцата. Не е лесно да си мајка! Колку пати се превртвам ноќе со разни мисли. Нејсе, шо било убаво да си имаш женско, не претервам ако речам дека подотерана е од мене за десет класи Уживам да ја ѕунѕурам Втора година како не ќе одиме на море ама ако, само нека сме здрави и живи. Уште многу имам да пишам, ама нека остани за друг пат. Ве гушкам сите
Честит роденденот на синко @flower55555 Луѓе верувајте благословени се жените чии бебушки фаќаат цуцла лажливка. Абе чоек нормално да не може да се наспие навечер. Ајде пред недела две беше скок разбирам,почна и да ми се врти во спиење ама сега... Вчера вечер... Абе чиниш ора во кревет. Ако се подразбуди и е раздразливо што не може да заспие ќе ме "отруе" а вртејќи многу лесно се буди плус и не може да се намести... Што да ви кажувам. Мора да е со цицката вуста. За разлика од првото... Абе рај ми било со него. Кај никогаш не се будеше за млеко (тоа ми беше на АД) па уште и помалку размрдуваше ќе му се даде цуцлата и ај со здравје, решен проблем. Па и не стануваше рано 9-10 а сега второво... Во 5-6 максимум 7 станува овие денови. Си стануваше 7-8. Туку да си фатам јас креветот и да си легнам оти пак сабајле ќе ме фати ненаспана а и навечер не се знае кога и колку пати ќе стане. Имајте пријатна вечер
Брзински ќе ве поздравам затоа што деновиве ми се хаотични и малку безвезни, се надевам ќе пишам уште денес или барем за брзо... Наидов на статијава, слатко ме изнасмеа, па си реков да ви го разубавам денов... https://medium.com/@emilyjaneclark/parenting-for-idiots-how-babies-actually-work-efd21a8ceddd
Има ли некоја продавница што продава исти фустани за мајки и бебиња? На ќерката на другарка ми и се ближи прв роденден, но не сака да шие, ако има некаде, било каде да продаваат да си купи.
Хелоу Одамна ме нема. На западу ништа ново. По дома со децава. Почнав се почесто да ги носам надвор. Збеснати се. А ги пуштам надвор како од кафез да излегле. Сега шема им е возење точак. Цело време трчам по нив. Не внимаваат каде возат. Времево се потопло и потопло. Од вчера ја пуштам климата. Сте спомнале пеглање. За мене тоа е мисловна именка. Пеглам само по потреба. Една од домашните обврски што ги избегнувам е баш таа. Алишта сушам на тераса. Сакам да купам машина, ама овој мојов се противи. Големиот сакаше цуцла лажливка, а малово еднаш ја стави во уста и толку. Вришти - пишти. Со големиот бев ненаспана, ама затоа со малово уживав како госпоѓа. Поздрав женски
Ден мајки Ние конечно домче. Сношти се вративме од кај моите. Поминавме прекрасни 5 дена. Моите две близначиња и трите дечиња на брат ми ни наполнија души на сите. Ама, дома си бараат децата, ако се мали. Два дена беа во чудо, не им беше јасно што ги снајде. Дома ни е тивко и се само со мене и мм, тука наеднаш еден куп луѓе кои реално не ги познаваат и прилично галама осетија. Пак брзо се навикнаа, уживаа во дворчето. Роденденот го поминавме супер, едното близначе ми подари прво запче некој ден пред роденден, а денес еве со задоцнување го комплетира роденденскиот подарок со второ запче. Другото близначе сеуште ми е без ниту едно, ама целиот е набабрен долу грејниот. Нервозно јаде глодалки и се што му е при рака. Сношти прв пат заспаа во 21:30. Неможеа да се изнарадуваат дека се дома. Со мм само се чудиме како реагираа. Утрово се разбудија среќни-пресреќни. Сега кркаа каша, па ги спремам да дремнат барем 30 минути. Вчера одвај се донесовме до дома. Незнам мм како возеше. Јас и бебиња во транспортери позади во кола, на предно седиште количката и три торбици, по една за бебињата и една за мене и мм. Во багажник гумите на делумно расформираната количка. На мм му реков дека на одмор вака ц! Треба да се купува некое комбенце, ама искрено. Не дишеме одзади. Ама битно стигнавме. И тоа пресреќни. Така мајки. Денес на мени имавме јаболко, слива и палента. Од денес планирам втор оброк да им воведам. Ќе кркаат вечер некоја млечна каша... Убав ден жени
Слабо темава деновиве. Јас конечно најдов време да разгледам и да прочитам нешто. Реков којзнае колку сте напишале. Кај нас жештини почнаа. И само што почнаа жештините пропратени се со облачно време и се е така тешко .... И воздухот и температурата. Бебчо порасна. Направи 9 месеци. Станува многу интересен напорно е малку,почнува со емоции со учење имитирање.... Сето време ни е исполнето
се надевам дека не сте ме заборавиле. Последно роман сум пишала, ама и толку било. Оваа недела на одмор и демек малку да одморам од работа, ама си мали сме сами, па одмор нема со него. Толку ретко се заигрува сам да речиси невозможно е човек да земе душа. Во меѓувреме работев дек од дома, дел од канцеларија и можеби сум кажала, ама кој не работел од дома не знае колку е мачно. Еве мене ужас ми е работа од дома. Дали да се сконцентрирам на работа, дали дете да најадам и анимирам соодветно и милион други обврски. Наредна недела сум на работа, ама среќа маж ќе е со дете дома. Е после тоа ќе се снаоѓаме. Одмори, баби/дедовци, ама и ова до кога. Летово ќе го пробуткаме, а после ако не се средува ситуацијата како ли ќе се снаоѓаме незнам. Искрено страв ми е да го пуштам во градинка. Еве некој нека ме утеши дека не е страшно, ама некако тешко. Ние возрасни ќе се пазиме некако, ако треба и маска цело време ќе носиме, ама на дете кое едвај чека да се гушне, да си игра како да му кажеш да држи социјална дистанца. Периодов си тераме редовни прошетки, без мешање со луѓе (иако низ маало е како на пазар), ама бираме некој помалку фреквентни точки за да движиме или на планина одиме. Главна занимација ни е да прибираме дрва, камења, топчиња (сливи и други слични плодови), оние цветовите од бреза (биле крем банани) и ред други глупости. Секое перење во машина наоѓам од брезата во машина. А за дома, нова и главна занимација ни се динусаурси. Имаме, мајки и бебиња, куќи за бебињата (се прават од книги, коцки, кутии и други материјали) и слично. Се менува само играта, а основата на се е диносаурси. Ако ми верувате ги научи сите да ги препознава. Тираносаурус, брахиосаурус, трицераптос, парасауролофус и сите останати. Само се купуваат диносаурси, се прават од пластелини, се купуваат книги и се што е со диносаурс. А да не кажам дека на тв само тоа се гледа. По можност ископување на диносаурси да е, најдобро ќе е. Денес ќе му го извадам домашниот песок и коските што му ги правеше татко му на балкон па нека се шлака колку сака. За дома не е баш занимација зошто брашно имавме на сите страни па ја избегнувавме. Имаме лоши фази од типот да не сака да оди да земе некоја играчка сам иако играчката е на 2 метри и во иста просторија без да не стане нас да сме оделе со него. За до спална да отиде сам е речиси научна фантастика. Многу ретко ако е занесен знае да згреши и да отиде. Незнам дали е за загрижување или за нервирање, ама почнав да не попуштам. Ако сака сам да оди да ја земе добро, ако не нема да игра. Ќе го видиме ефектот. Мислам дека манипулира за внимание и дека со игнор ќе се среди па ќе видиме. Почнавме озбилни припреми за да му ја правиме собата. За главните елементи (кревет и вграден плакар) договорено е да дојде човек за мерки и да го спрема (ова кога че се стиши ситуацијава), за другите веќе вртам и листам што да се вклопи. Знам сигурно дека масичката ќе е од икеа специјалната на која се монтираат садови за игри со вода и слично, за останатото уште разгледувам. Туку сакав да нарачам стикери за ѕид од али. Дали некој има искуство дали вреди и дали лепат на ѕид. Да знам дали воопшто да ги чекам. Темата најверојатбо ќе е вселена, ако не се премислам во меѓувреме Мислам имав уште многу за пишување, ама мали еве го почна на глава да ми се качува (ова буквало), па време е за игра. Имајте убав ден
Оф оф оф мераци беее Прво да ја коментирам слатката бонбонка со стапот во раце, море само мајтап да си игра со "стаповите " ко ќе порасне, дај Боже!! Машала, убавица, муце слатко, прекрасна е!!!! Што се тиче делот за кафана екипирање, мхмммм... не ми кревај јадови вака да си офкам сега... значи препекана сум за луѓе и дружби, да ни се врати живототтт!!.. ај барем децава ги израснав ако нишо друго, имам оправдание што седам дома Богами, би паднале јаки сеирџиски сарказми во наш стил зачинети со пикантни досетки.. иако и јас не сум некој пијач, поише зборам отколку што џоткам...ама ж'тка ќе си лизга.. искрено посакувам таква сцена со наведените а може и кој сака да се приклучи..!!! Здравје,never say never, може и стварно да се изреализира Ве гушкам сите! Слабо сум активна, ќе надоместам, сега ќе читнам.. Се надевам сите сте добри и се држите во овие глупави времиња