Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Здраво колешке по мулти мајчинство :D:D Најсреќен да ви е роденденот, со мало закаснување нели, живи,здрави и среќни батковците, моите дадички исто месецов годинка направија па може да споделиме искуства секако..ко слеп за стап се фаќам бидејќи сме реткост нели, вонземјанки сме ние :D:D :drunk: (highfive)
    Ми падна во очи, втор оброк даваш на година дена и тоа тек сега?? Моиве веќе 4 јадат и млеко пред спиење + уште едно во текот на ноќта...секоја ти чест ако доиш сеуште, и тоа две, немам збор, длабок наклон ако е така...
    Ок, тоа сега за сега..а во врска со дуплата количка, ние ја баталивме, на почетокот бевме со дупла, сега сме со две, секоја за себе и искрено прва лига ни е... поздрав и се читкаме..(fingers) :l: :hai:
     
    На mal.ecka и bela.m им се допаѓа ова.
  2. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Мислам дека близначињата и се oкoлу 7 месеци :D
     
    На bela.m му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Оф лелеее хахахах сега читам пак, нејзе и било роденден :D Хаос сум, абе хронично ненаспанааааа па :$ Ајде добра ноќ на сите, ќе ме будат за 2 саатаааа :o :worried:
     
    На TarantulaA, FreeMind, bela.m и 4 други им се допаѓа ова.
  4. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Емке, драга друшке по близнаци :*
    Може и јас не објаснив добро, јас славев роденден. Близначињата ми се 7+ :)
    Ти благодарам од срце на убавите желби и добронамерните совети.
    Околу доењето... Ехххх.. Болна тема. Научи да цица само едното бебенце. Имав млеко околу 50-60 дена. Колку-толку си поцица. Другото не научи па од сам старт беше на ад и по некое измолзено шишенце од мене.
    Точно вонземјани, ако мрдниме некаде одма привлекуваме внимание :D
    Јас без количката незнам да функционирам. Десна рака ми е, засега. Можеби и кај нас ќе се испостави дека попрактично е со две посебни. Ќе видиме. Уште само по дома се возиме ради ситуацијата.
    Здрави и живи да ви бидат дадичките, сите радости од нив да си ги дочекате.
    Јас сум на располагање за размена на искуство, ако вие веќе имате многу повеќе научено :*
     
    На Happyinlove, Vanj4e, TarantulaA и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    секако мила, секако...тука сме за се'!! ...фала и на тебе за убавите мисли и зборови, да помине ситуацијава па да им се радуваме убаво и да ги растеме..голем поздрав!!
     
    На bela.m му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    22.692
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам..Денес едвај терам ден,дете ме казни во 6:00ч стана а јас вчера 'заглавив' на нет..Ми требаше време за себе,макар на спиење скратено..
    После пладневна дремка ми е 100на саат,ама па без дремката не се додржува....
    Читам градинките ке се отвараат скоро,значи ќе се враќаме на работа...Фативме некој ред со дете одсабајле шетање,па после дома бајче ќе си седне и се заигрува таман некој ручек брзински да смучкам....
    Се одјавувам,и се читкаме <3
     
    На Monella, hello-kitty.90, Kaetana и 8 други им се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.405
    Допаѓања:
    16.794
    Вака.
    Треба сега да одам кај една другарка, има машко бебе, месец полни.. И сега ми вели дека ако сум спиела со маж не сум смеела да одам.
    Дали ова е сериозно или народов е ојден на крива страна?
     
    На Bubish26 и elcezelce им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.879
    Допаѓања:
    18.751
    Пол:
    Женски
    (facepalm)
    Колку време треба да немаш спиено за да одиш?
    Ојден е народов.
     
    На bela.m, Bubish26, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    :rofl:
    со жена спиев речи и, може?
     
    На koritsaki, Kaetana, Bella* и 3 други им се допаѓа ова.
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Уште оваа глупост ја немав слушнато ,боже свашта .Најпаметно ќе ти биде никогаш повеќе да не појдеш кај нејзе :worried:
     
    На M.B., Kaetana, marchi-cool и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.761
    Како бе ја немаш слушнато? Треба да си чиста за да одиш кај новороденче :rofl::rofl:
    @Mantub хахаха.
     
    На Mantub и GirlLove им се допаѓа ова.
  12. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Мајки :hai:

    Мислам дека Коронава сите не сруши повеќе или помалку, некако енергијата ни ја зима, па резултатот се осеќа и на форумов, темава :(

    Куп случувања периодов, за жал и смртен случај, но да умреш на 86г мислам е успех, плус на нозе до последно, ама ете кога ќе си замине и таков човек не ти е сеедно..
    Ќешки и ние толку да дочекаме, ако сме и на нозе може толку, ако не...
    Повеќе и не сакам, терет ама ич не сакам да бидам никому, најмалку на свое чедо. Слободно нека ме остават у дом, ама ич нема да се лутам, ич не сум со оние пароли "па јас ве исчував" |( точно, ами ептен е различно газе да миеш на бебенце/детенце и на баба :worried:
    Јас бисакала само секој ден да ми јавува или ете да ми пише, да помисли на мене барем на момент :inlove:
    Откако станав мајка и го сватив она на мојата мајка "сакам секој ден да ве чујам барем, ако не можам да ве видам" :l:

    Чекав убава вест, онака нетрпеливо, ја сакав и посакував и чекајќи ја убавата ми стигна "најгрдата" :envy:
    Знам дека таа "најгрдата" е исправна, нуди одишка, но и тежок период, но и убава иднина, но како ли да прифатиш..
    Многу чудни луѓе, многу неисполнети животи и неостварени неостварливи соништа, односно лечење комплекси и барење игли у пласт сено, инаети, инаети..
    А на крајот од денот ти не си среќен и не ти е убаво, па по чему бе?!
    Да си пукнеш :@
    Но сите не сме исти, само среќа посакувам, осмех и мирен сон :l:

    А една убава вест се ближи, ама и тоа во погрешен период и притисок прави :tmi:
    Треба да се донесат некои одлуки, убаво ќе е што и да се одлучи, ама ај иди одлучи, па и јас треба да одлучам што мразам нови почетоци (facepalm)
    Ќе биде работава повикај пријател :bandit:
    Па ако нешто не испадне по планот ќе имам по кого да викам :bandit:

    Ич не сум била ваква, понекогаш не се препознавам, кога ли се сменив, што ли толку ме смени..

    Толку епидемијава ми скрши планови што кога и да помислам на нерви ми иде, а па уште повеќе се фрустрирам со цела неизвесност :smirk:
    Ми фали дружењето, ми фалат пријателите, малку се, но битни се, сакам да ми дојдат и да им идам, да шетаме некаде, да се дружиме.
    Сакам да наместам трпезата, да подготвувам кифлички, похованици и блашко, за нив, они да јадат, па на крај мм да направи 4ри кафиња од стандардните две.
    Сакам некој да ми влезе дома, да може комотно и без страв да седне, еј од 12ти март никој не ми влегол, сем свеки на 2пати и 2пати си го однесе :tmi:

    И кога ќе погледнам во комшиски двор, слики на фб и онака ноншалантно фрчат дружби..
    Искрено, ама најискрено ми се плаче, се осеќам како кретен и преварен човек од некоја моќна сила што ми всадиле страв :|
    Ама па како да негирам дека ми почина близок, блиска беше хоспитализирана со лоша клиничка слика..

    Ме напнува пазарењето со маски, ми ствара притисок, па уште кога ќе ми речат и раце морате да дезинфицирате :(
    Не се навикнувам на моментов, иако Филипче вика "народот се навикнува" :|
    Односно и не знам кај ги гледа тие навикнатите, сите носат бидејќи уште на врата им викаат "без маска не примаме" а тоа што по 2чекори ги симнуваат нема везе.
    А па какви маски се носат ич не ми се збори :puke:

    И на баба ми 80+ годишна и фалело дружба, она не можела повеќе вака, ова не било живот, а сама има 2пати идено со автобус и 2та пати се има изгубено, значи нигде и не шетала (facepalm)
    Дргарките сите и умреа оддамна :bandit: значи нема ни кафе-муабет, сестрите која странство, која едвај подвижна, како и она, па ни тоа. .
    Абе и текнало требало татко ми на ушно да ја носи да и чистат уши, нешто помалку слушала (facepalm)
    Дедо ми пу пу добар е, се пече на сонце секој ден, па и боичка фатил :sun:
    Он уште не изразил желба за шетање, или па не знам :?:

    На бебе сум му крајно досадна, ма без проблем останува со "било кој" чим со сестра ми пола саат и повеќе седеа сами у кола, а сестра ич не ми е аниматор, значи детево пати за нови дружби и лица, само да не е мајка :tmi:

    Он е само да се идело негде, кој знае на кој е таков метнат :bandit:
    Вика "има сонце, ден е, не се седи домче" :D
    Значи само кога е ноќ и има месечинка се иде домче и вистина, дури не падне мрак нема шанса да го убедиш да влезе внатре.
    Вчера преокрет на време, ама никако не го поколеба да си ги изврти ритуалите и изоди рутите, во периодот кога врнеше седеше на тераса :D

    На сите околни места каде што можам пеш да го однесам, го однесов и пред секое искачање првин се прави план на која страна ќе шетаме и што ќе посетиме. Хит му е да поминуваме и откај продавницата за да си "испазари" некогаш вешто го убедувам да минеме од друга страна, а некогаш жива сила не го убедува :rock:

    Од ловење бубалки ми преседна, дома окупирал едно 10тина тегли и 5-6пластики, само се собира нешто, само се купуваат нови мрежички.
    И секој ден се повторуваме кое каса, кое боцка, штипе, кое лета, кое смее да го држи во рака и веќе што ти ја знам (facepalm)
    Сите не научија по пат дека собираме бубачки, па обавезно го прашуваат што собрал, па бебе се фали и оп кај покажува теглите таму обавезно ќе отвори и раче каде чува некој бумбе (highfive)
    Обавезно шета некое бумбе во раче :lol:
    Па и колку е грижлив, речиси никогаш не го ни убива, шанса нема да го стисне, ни по грешка, бидејќи такви грешки кај него не се дешаваат. Онака го чува во раче, па повремено го пушта да шета по него 8)
    (facepalm)

    Сем игри низ двор и со бубачки друго и ништо не се прави, ајде ОК, секоја вечер едно пола саат игра со Лего или врти некоја книга, ретко може и сложувалка и тоа е тоа. Додуше и нема ни време за повеќе, дури е ден е надвор, ќе се стемни му се приспива и се комира најкасно до 21ч |-)
    Мора и на тераса да се вечера, внатре не било убаво :D

    Со јадењево до нигде сме, уствари ај барем каснува по нешто. Имам чувство дека никогаш не се дојадува, се он е во брзање, ќе си почне убаво, ќе се засити и толку. Не успевам да му задржам никако внимание, ни со бубачки, не може он да седи у место долго време, а со тањир и лажица мало морген што ќе трчам по него, таа песна не ја гледа :shake:
    Порано барем некој цртан ќе го заинтересира и ќе поседи, сега не го интересира ич, еден поглед ќе фрли и толку..

    Ејјј што полемики паѓаа за тоа гледање на цртани, ај ела сега нека го убедат да погледа барем 15минути, абе барем јас да јадам и кафе да се напијам, ако не барем да здивнам :whew:
    Цееееееел ден сум на норма :rock:
    Уште па кога во 19ч ќе се прибереме у двор и ќе рече "сега е на ред скокањеееее" :rock:
    Мора и трамболина секој ден да мине на дневен ред, па се научи и да потскокнува, ова оддамна, сега се повеќе се усовршува, па дека го бодриме и фалиме се прави важен, абе што да ти кажам, ид што вика се слуша и во радиус до 10куќи (lalala)

    Среќа бара татко ми да го шета до едни нивни места, па пододморам едно пола саат во текот на денот. Бара Пако да го бања, па и тука одмарам 10-15мин, дури јас се бањам некогаш зимам здив, ако не решил баш тогаш заби да мие и тоа е се :*:
    Весело е весело (poolparty)

    Не знам кој праша за стикери, постери од Али.
    Топ се, стигаат во ролна, иако и како подизгужвани ќе дојдат, ништо не смета, многу убаво се лепат. Мислам имам и споделено што имам лепено кај бебе мое у соба, некои 2г се залепени веќе, не се мрднати :)

    И тоа, не знам што ќе се прави недела и понеделник :envy:
    Ќе препукнеме со мм :sweat:
    Нека барем пука сонце за да има простор да му дадам црево на бебево да вади цвеќиња, патем и се околу него да навади и самиот он :rock:

    Да спијам |-)
    Убава ноќ, гушкајте се :hug:
     
    На 24.07, karibian, Monella и 23 други им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Некако периодов носи само лоши вести и случувања. Не знам дали е до короната али има многу негативна енергија во воздухот. И народот е станат чуден, чукнато чуден. И времето. Синоќа беше претопло за спиење не се дишеше, а малечка ми беше во зимска вреќа. Ја сменив во летна, сменив и памперс бидејќи испи 250мл вода и почна забавата до 4 наутро. Се расони бебе и сака да си игра. А и многу тешко заспива така штом се разбуди. Иде накај мене ме мава по нос со глава, ми брца во уво, ме штипе, плаче и пак одново.

    Немаше толку трагично да ја доживеам ноќта ако имав добар ден. Имав очаен ден вчера. Ози ми е болен по не знам кој пат. Пред парализа состојба со повраќање. Не може да стои на нога. Кај ветеринарот иста приказна како и секогаш Ози каса они помагаат за внесување. Го знаат на име, не знаат сите како најчести пациенти за жал. Но што ако сме најчести кога никој не најде ниту дијгноза ниту лек за моето бебе. Четири години одам по тие ходници, ординации, клиники. Ги поминав сите ветеринари во Македонија, беше и во најдобрата клиника за животни овде го лечи најизвиканиот вететинар во овој дел и ...се е џабе. Он е повторно болен, многу болен.

    Освен он и јас сум со болки во палец на нога. Колку смешно звучи али утринава не можам ни да одам. Не можам ни во патика да ја ставам ногата. Се напив ибобруфен и намачкав локално да видам дали ќе мине. Некоја инфекција е сигурно целиот е вцрвенет. А сакав да трчам и тоа не може.

    Вчера не бевме изоставени ни од смртен случај во блиска фамилија. Го изгубивме зетот за сестра на мм. Замина со најубавата љубовна приказна. А скоро имав една многу тажна приказна која ја изнаплакав. Едноставно не знам што да им речам на луѓето после таква загуба. Не е фер? Се разбира дека не е фер. И зошто вам? И тоа не знам. Ни карма не е во прашање на толку убави души. Не знам што е.

    Кога на сето тоа ќе додадеш дека мораш нон стоп да чистиш дента, да плачеш, тешиш, играш и се смееш за да малечка не прими негативни емоции и згора на се цела ноќ не спиеш утринава си за на дроги. Нешто појако ми треба за да станам и да мрднам. А дете како дете си има свои потреби ниту разбира што ни се случува. Во понеделник тргнува по втор пат во градинка. И повторно одново. Седиме половина час една недела, па зголемуваме и така натаму до втор бран на Корона. Среќа времето е убаво па цел ден играат во двор. А таму играат со истите алишта со кои подоцна седат во игрална. Кој знае и раце дали им мијат. Да прекинам додека не сум задавила некој.
     
    На 24.07, marchi-cool, Monella и 25 други им се допаѓа ова.
  14. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    :hug:
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темата 'Се породив' и се изнарикав како магарица :x
    Така плачев и за мојот прцул кога го извадија.
    Ајде ги каниме мајките нека ни се придружат тука, нека не вратат на старите моменти :)
    Секој момент си има своја убавина.

    @FreeMind изгурај го денот, утре ќе биде подобро :l:
     
    На 24.07, marchi-cool, bela.m и 9 други им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    На итна го носев на раце да го спасам. Сеуште е до мене спие. Доби терапија на слепо. Како и секогаш немаат поим што му е само се нагаѓа, јел не збори да каже.

    Немам зборови да искажам бес кон ветеринарна фела.

    Ако има некој видено макар и кај човек повраќање со укочување и паѓање во несвест налик епилепсија али не е епилепсија нека ми пише пп.
     
    На 24.07, Мариаа. и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    6.507
    Пол:
    Женски
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    8.759
    Пол:
    Женски
    На бабава и дедово до мене син им е ветеринар, блиску нас живее ама е специјалист за коњи. Да ги прашам дали работи и со кучиња ако сакаш и друго мислење?
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Многу ми е криво.Чичко Гугл нели кажува нешто за ваква дијагноза:(
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Има еден во Мекенбоерн ќе го види во понеделник. Ќе земеме секако и второ мислење.

    Дека ги има сите болести на светов. Од рак на желудник до шеќер. Гледав видеа со епилепсија ама нема сличност со она што го доживеав. Уште ветеринарот што спомена дека можно е да има хормонска епилепсија (кој знае каква е таа).


    Подобар е сега отвори очи и мрда опаш. Дури и измокри надвор. Јако бате е не се предава лесно.
     
    На Мариаа., Ava.84, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.