Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.406
    Допаѓања:
    16.797
    За муабетот од вчера.
    Аланџуѕи фаќале децата затоа не се одело ако имаш добиено или си спиела со маж.
    Ако веќе си имала требало да и кажиш на мајката.
    Тоа ти било црвенило.
    Ко и кажав дека не знам, ми рече дали живеам јас во Македонија.
    И така..
    (facepalm)
     
    На bela.m, Coco31, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Преиспитај се сега не само што таму живееш туку зошто и со неа живееш.
     
    На marchi-cool, bela.m, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.170
    Пол:
    Женски
    Ексклузивно е за нашиве простори 8-| види, по нешто сме биле уникатни :o пукнав :rofl:
     
    На 24.07, do-re-mi, bela.m и 11 други им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    еве јас да те "утешам" дека не е до короната туку општо за дечиња во градинка страшно е. На тема децата и градинките ќе прочиташ дека нема детенце (за жал) што одело во градинка а не се разболело. Не зборувам за болест туку за пренесување на бактериски и вирусни инфекции. Само што сега може предност е што конечно им текна дека градинките треба да се дезинфицираат. Да не беше оваа корона никогаш немаше да се направи дезинфекција.

    значи сестрите на неонатологија и гинекологија наутро кога идат секој ден кај бебињата претходно не треба да спијат со маж. Или не треба ич да спијат со маж бидејќи другиот ден треба да одат во одделот за бебиња... :^) или за нив тоа не важи...

    Добровечер од мене. Читам ама слабо пишувам. Периодов сум нервозна. Не знам ете лесно можам да се изнервирам. Ситница може да ме збесне. Дали можеби ме фаќа хистерија??? Да не е од карантинов?? :^) денес се подзамислив нешто. Одкако се породив нормално дека повеќе време на бебето ќе му посветам одколку на големиот. Ама мислата која денес ми помина низ глава е дека се осеќам како да поминала една година а јас како да уопште не сум го видела големиот во таа година. Ми прелета а јас не видов како детето ми порасна за една година. :( а сме заедно учиме ми помага дома ми помага со малото .... Како се се некои безвезе мисли ми идат??? |(

    Кај големото периодов му врви кај свекор ми со децата и дојде ден да чујам како ми вели Мамо школото е за учење дома некако ми е мрзно да пишувам викам што е тоа мрзно. Па вика ме мрзи. Се знае кај се учи. Денес сиот среќен вика ух немам домашна можам да одам пак. Денес чистеле со маж ми во новата куќа. Треба да ја турнат старата кај што живее свекор ми и да го продолжат спратот. (Приземје) потоа продолжуваат со вториот за нас. И кога ќе појдам знам дека ќе речам welcome на проблемите ама тоа е. Само се надевам дека нема да ги има. Ама живеење во заедница или па и во иста куќа со старите е.... Од леле. Еве овде живеам во иста куќа со моите па ми е ... :envy: а не па со "туѓи"

    Кај малото на повидок е ново забче. Нервозно е не може да се почешка а кога ќе проба се гризнува со веќе нараснатото забче. Ни ближи скок па се надевам дека нема да е оф леле мајко. Досега лесно поминавме со скоковите,се издржуваа,некои не ги ни сетивме. Живеам за денот кога ќе поминеме ноќ без да стане за цицање. :D некогаш тоа е еднаш некогаш 5 пати. Со првото немав мака навечер. Уште од вториот месец почна само еднаш да станува а од третиот ниеднаш. Иако имаше периоди кои немирно спиеше ама барем не станувавме за млеко. Не се будевме.

    Околу враќањето на работа неизвесна ни е состојбата ништо не се знае со продолженово породилно недоразбирања околу поимот во тесна состојба и времени мерки.... Башка тоа во фирмата кај нас 90% од вработените се или на неплатен одмор или со 70% на плата. Многу малку одат на работа. Пола од вработените се отпуштени а после вонреднава состојба се очекува нови отпуштања и се е хаос. Човек да не знае дали да жали за здравствената состојба или економската состојба во моментов.

    Ми треба повеќе одмор. Некако многу осеќам дека сум под стрес што од обврски што од децава. Стрес ми е и тоа што пред нив не е добро да сум под притисок нели деца па осеќаат ама не секогаш ми успева. Без расположение невесела уморна недоволно сон.... Ми треба мир.

    Ќе биде добро. :hug: па женски имајте пријатна вечер. Мене веќе ме фаќа дремка.
     
    На Monella, 24.07, emkaemka и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Аланџуѕи? Молам??? :o
    Дајте бре луѓе..

    @FreeMind :hug:


    Доаѓам ко нинџа :bandit: и така заминувам. Ве читам ама периодов ми е лудило.
    Само што заспаа деца, па еве во сабота бидејќи немам што попаметно да правам ќе средувам документи за даноци. Јеееј. :d:Ужас.
     
    На Belabelinakinder, Monella, girl-miri и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Дојдов да ја гушнам @FreeMind.
    И за Ози една гушка најголема.

    Идам да дремам на тераса како мисир, додека не стане за светата цицка малиов.
    И јас избедирана се појавив на темава вечерва.
    Ај до подобри времиња.
    :hai:
     
    На emkaemka, Coco31, eli25 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички
    Ме нема многу долго време, ама редовно ве читам.
    За лудилово со коронава несакам ни да мислам повеќе ни да зборувам. Користиме колку можеме да шетаме надвор на отворено за да не збеснеме дома. Дечково мој порасна за месец дена ќе полни три години. Добар е, кога ме слуша кога не ама нели дете е.
    За нови работи имам две. Првата е дека купивме стан и се гледа крајот на животот во заедница, само што со коронава малце се оддолжи реновирањето од финансиски причино. Ама здравје ќе биде и тоа. А втората работа е дека сум трудна 21 недела. Вчера бев на 4д и не израдува докторот дека ќе имаме дадичка. Ќе имам девојче, мојата желба се остварува :). На среќата и нема крај.
    Ветувам дека ќе пишувам почесто и ќе се дружиме.
    Имајте убава вечер :*
     
    На Minnie-e, flower55555, Monella и 29 други им се допаѓа ова.
  8. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    6.507
    Пол:
    Женски
    Ќе ме просветли некој што се Аланџуѕи? :^)
    Мојата чудесна земја...........

    @GirlLove најди си нова другарка.

    @Мариаа. мислам добро би ми дошло да ја имам светата цицка за време на регресијава.:|
     
    Последна измена: 23 мај 2020
    На bela.m, eli25, Happyinlove и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    :hai: се зачестив јас.

    Што да ви кажам освен секојдневие.
    Нареднава недела сум на работа, па малку ќе сменам атмсфера после две недели. Среќа оваа недела 3 од 13 ќе сме во канцеларија па нема да е напнато во смисла на тоа дека нема да се тресам некој да ми кивне, зошто ќе сме на 3 м растојание. Инаку како сардини сме за жал.
    Јас се надевам дека заради гужвата ќе задржат уште некој период работа во ротаци. Инаку страшно ќе е да седиме така збиени. Ќе морам со маска цело време, а да не Ви кажувам каква е температурата во јужна канцеларија сред лето:sweat:. Иако искрено многу потешко е работа од дома, ама како што не стивнува ситуацијава :@...


    Не е само со твојот батко така. И мојов е препукнат за деца, па дури и за баба му и дедо му. Последниве денови го дружиме неколку пати со братучед му дека ни се доселија над нас времено. Абе дете не може да се изнаигра. Станува со кај е бато Мххх. Мојов дури и во градинка ќе влезеше вчера кога шетавме натаму, да ги видел другарчињата и учителката.;(

    Јас прашував, благодарам на инфо. Викам да не чекам за џабе ако не ги бива иако има време за собата.Супер сега уште да одберам тема, не можам да се одлучам планети/ракети ли ќе се, диносаурси или нешто друго ќе ми фати око.

    За другите болести сум свесна и делумно спремна. Ама ова ново чудо ме плаши. Ме плаши што никој не знае доволно за него.

    Периодов јас па повеќе се радувам кога времето не е убаво, отколку на сончевите денови. Прво зошто на топло не се шета баш, а од друга страна малку да задува маалово е празно и прекрасно за шетање, дете пуштам да се шлапа и во вода и секаде да движи. Штом силно светне сонце преполно е на секое ќоше. Си имаме само една ливадичка позади зградите, која од некоја чудна причина никој не ја дружи. Па си ја користиме да протрчаме. Инаку цело време сум, пази таму, не пипкај тоа, тргни се да поминат. Сама на себе сум си досадна, а можам да замислам на детево како му звучам:worried:.
    Денес имавме убаво претпладне. Се дружевме со полжавчиња,а се радувавме и на бубамарка. Мравките му се први другари, конечно го научива да не им ги руши куќите, па сега или цртаме сонце, или им прави лизгалки:D

    Минатава недела, кога бевме сами по дома, стануваше во 7 8-|, татко му остана дома и дете реши да поспива до 8-9 да почасни сон :@. Инаку станува и одма е во акција. Обавезно раскажува нешто од претходниот ден и после мора да станеме и да ја напуштиме спалната итно. За среќа ме остава да испијам кафе додека се гушкаме пред ТВ со цртани пред да почне денот.

    Инаку цело врме сум преокупирана правилно да му го исполанм времето на детево и пак имам чуство дека потфрлам. Може дека и цело време дома, па не можам да постигнам цело време да сум околу него, може па и премногу очекувам од себе.

    Што друго да кажам а да не е домаќински муабет. Машини вртат секој ден и пак корпите полни. Во кујна сум почесто од претходно. И колачи почнав да усовршувам. За сега специјалност ми е трилече, ама и колач со вишна и домашно баунти научив да плескам.

    Време е да одам да гушнам дете.

    Имајте мирна ноќ мајки.
     
    На Monella, girl-miri, 24.07 и 20 други им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Бебешките акни кои се појавуваат кај сите бебуши до втор,трет месец со кои им се чисти оеганизмот и кожата се прилагодува постепено за надворешна атмосфера порано не можеле да си ја објаснат и увек била крива онаа која имала добиено или спиела со некој ден претходно. Нешто налик камено време кога луѓето живееле во пештера и се плашеле од громови и молњи кои не можеле да си ги објаснат како се создаваат. Во оваа група спаѓаат клиновите, влакната и адетите до 40 дена заедно со попове и религии.
     
    На eli25, 24.07, marchi-cool и 17 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Добро утро
    Мрзеливо го пијам првото кафе и листам низ темава. Ве читам редовно, но срам ме фаќа колку ретко пишувам.
    Ели веќе две недели оди во градинка, дома само со две. Од понеделник и Викториа, па друго ќе биде.
    Пак почнав и јас со возење часеви. Аман и тоа веќе, стара сум за вакви работи:sweat:, ама се мора.

    Деновите летаат, малку игра малку плачка, шетаме низ природа, дома по некоја активност. Во темата за да бидеме креативни, во Деца, сама си постирам изработки:tmi:.
    Толку од кафето во тишина...Имајте убав ден:hug:
     
    На eli25, Monella, girl-miri и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.771
    Допаѓања:
    141.848
    Ние по леб ќе трчаме, полициски ќе почне...
    Дете е златно, цел ден у двор, ставивме лулашка, купивже оесок за играње 2 вреќи и садиме цвеќиња...
    Никако да сиберам пари за трамполина, ама па 200 евра :( сега други приоритети. Се мислам да придадам колички, душече, релаксатори и 300 други чуда се за 200 еу и да ја купам. Секако не правиме второ дете.

    Ми се смачи работа од дома, ми се смачи учење, ми се смачи готвење. Се. Една недела сакам царица да сум. Друг да готви и чисту, јас да уживам.
     
    На Monella, girl-miri, 24.07 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.515
    Допаѓања:
    8.013
    Пол:
    Женски
    Во врска со трамболината има и поефтини но и помали се. Ако не ви е толку битна големината има за 4800ден со дијаметар 145см и до 50кг издржува. Ние ја зедовме пред некое време и за едно поголемо дете е таман, а мали до три збира.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Истиот адет го има и во мојот град.Само не ми е јасно дали позата е важна:rofl:А ако сум била со вибраторот прашај се рачуна ли маж8-| За вакви работи треба да се има едукација во тие предпородилни часови.Уште како трудна на часовите бабицата ни го кажа ова,за бебешките акни, дека е сосема нормален процес.
    Вакви луѓе со вакви верување има полно или ги откачуваме или ги прифаќаме какви се и играме по нивни правила:)
    Јас стварно се плашам со некои луѓе да се дружам не дај Боже да заборавам "пупу машала" да кажам може ќе му биде нешто на детето од урок па јас да сум крива:(
    Кај нас дома е забранет зборот "машала" за да не го научи малата.Секако не е дел од нашата религија па нема потреба да го знае како најчесто користен.Ама баба и како најпобожна од уста не го вади, па мм ја зеза ти сега на која вера припаѓаш? Или си за Алах или за Исус?А оваа се лути:x
    Сега по 4 години престана да ја поплукува.А за светениот мед, масло и вода да кажам ли?:worried:Многу сум среќна што живее 2500км подалеку од мене и мм не е со нејниот акл:angel:
    @FreeMind на колешката мачката овие денови нешто исти симптоми дава, повраќање со грчење како што ја разбрав.Прво мислеше дека се прејала па поврнала ама во среда навечер ја разбудила со вакви симптоми.Да не е некој вирус меѓу животните:wasntme:
    Што и да е да помине брзу како на кутре:hug::hug:

    Јас читам исто редовно ама што да кажам.Мојата оди на градинка 2-3 недели ние на работа, во слободно време шетаме:inlove:Во петок бевме на преубаво место се осетив како во Венеција, само што каналите не смрдеа и наместо разгледување на град беше шума:) Малку покасно отидовме се повозивме некои 2ч на кану и се вративме во 20ч дома.Тука требаше продолжен викенд за Велигден да тераме ама вирусот зезна се:@ Си отидовме со ветување дека пак ќе дојдеме:)

    Во четвртокот пак бевме во еден фашистички логор за жени и деца . Несакајќи отидовме таму имаше и крематориум.Језиво и жално се изнаплакав;(А беше ден на таткото ова мм го одбра местото , а и тој не ги сака овие работи:doh:А требаше пикник да истераме, а ние 2ч во логорот останавме.Ама малата се изнаужива трчајќи и нејзе и се допадна со тоа што не разбра што е и спомениците мајка што држи дете беа љубов во нејзината глава:sweat:

    Во среда на работа по толку месеци се осудив и на шефот му побарав повисока плата.Чекам одговор во јуни оти тогаш планирал секако да ни качи, ама јас си ја кажав желбата и сега полесно дишам:whew:

    Имам уште да пишувам , ама касно стана , а кафе не сум пила.Имајте убава недела и гушкајте деца^_^
     
    На Monella, 24.07, emkaemka и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    9.844
    Пол:
    Женски
    Кај живееш ти друшке да не знаеш што се аланѓузи :rofl::rofl::rofl: за второто дете сигурно ке научиш ако ја испуштиш таа лекција сега:makeup:. Ама мислам има лек за тоа...Ристо бајачот му е мајката, бае од вакви болести.
    Ке си пукнам:headbang:
     
    На Monella, bela.m, Kaetana и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.164
    Пол:
    Женски
    Аланџуѕи. Го гуглав жими се. :rofl: И го најдов. Аланџуѕи не постои, ама затоа, тадаааам - Аланѓузи! :devil: Жената да ја признае својата (нечиста) состојба! Н е ч и с т а! Н е ч и с т а! Да п р и з н а е! WTF! И нормално тука mother in law има носечка улога, тешка на плеќи цел тон, оти она треба, абе мора да го заштити бебето со вонземски магични ритуали, against the evil eye. :worried:
    АЛАНЃУЗИ . – верувања за болест кај малите деца до шест недели, предизвикана од видување на ритуално нечиста жена (од менструален циклус или сексуален однос), познати и како мурдарлак (Источна Македонија) и брут (Јужна Македонија). Се верува дека децата се заштитени ако жената ја признае својата состојба, во спротивно околу образите и на главата се појавуваат плускавци. За заштита се користеле разни амајлии, а лекувањето се вршело со бањање со велигденско (господово) јајце.
    Добро утро убава цурице, @FreeMind. :hug:
    Те прочитав вчера, ама немав време да пишам. Не сум навикната на вакви твои постови. Те памтам од старт кога дојде на форумов. Одма ми "смести" да те читам, поради позитивата со која зрачиш и силата која ја имаш. Те памтам уште од тогаш, синоним за вечна бременост. :D

    Сочувство за изгубената драга личност. Навистина ми е жал. Животот не секогаш е фер, носи свашта, права кучка е понекад. И се таму кај што не треба.

    Слични симптоми имаше кучето на наши пријатели. На крај се испостави дека е епилепсија. Навистина не знам што натаму се случуваше, со луѓето изгубивме контакт. Моите скромни познавања велат дека е можно еег за да исклучите ваква дијагноза. Верувам дека Дојчланд располага со истото за миленичиња. Секако, подобро знаат ветеринарите и ако има потреба од тоа, верувам ќе предложат.

    На добрата страна, како и Ава, се надевам дека е најобичен вирус, кој ќе мине со брзина на светлината. Ама боли, знам. Минував многу тешки периоди со мојата прва мацика. Непребол. Син на мајка со женско име она ми беше. :D Длабока старост доживеа, ама Денис во Аер знае што се поминавме. :(

    Поздрав цурици. Разни ствари, после ќе допишам. Ако даде бебе. :!:

    Да го оставам ова тука набрзина. :D
     
    На 24.07, bela.m, Marmarin и 17 други им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Да продадеш :) Ние исто продадовме се: креветче, точаче, џампер и други ситници и за парите и изнакупивме лего коцки. Што ќе чуваш дома ако не планираш дете? ;)
     
    На Bubish26, marchi-cool, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски

    Како религијата ја опишува и доживува жената, а мнозинството верници се припадници на родот жена. Самиот епископ или шо и да е Петар јавно во изјава им порача да седат дома и многу многу да не се запишуваат по факултети туку да си ја преземат обврската на “мајка” зошто за тоа сме биле родени. И тоа е став на цела црква само Петар со алкохол зад себе на масата има храброст да го каже тоа јавно. Не е он чуден туку верниците се чудни.

    Не би да навлгам во верски чувства али стварно не ми е сфатливо млади и образовани со текот на времето со гордост сеуште да учествуват во литии или фрлање крст. И да бркаат “нечисти” жени од дома. И да бараат магии низ двор завиткан конец во алишта. Ама секако има конец во алишта или железо во земја. Си нагазил загреп од куче. Секако кучињата фрлаат песок зад нив за да ги покријат другите мириси. Аланѓузи, 2020 година. Пресадување на срце од починат донор од друга страна. До каде е медицинава погледни. Ќе им речеш прости се. Не вреѓај ќе ти речат другите. Каде е навредата? Во менталитетот и демократија сфатена преку глави на аланѓузи. Убаво велат не е демократија за секој, секој има право на свое мислење личи онака: “Каде живееш? “. Не, немаш право на свое мислење, замолчи и иди таму во некоја пештера и не искачај, пали оган со камења. Ама чекај, обичаи и верувања има насекаде и тоа го збогатува етникумот. Океј, дај им и вода пред пештера и земи им го телефонот со 4г. И изолирај ги. Налик племињата во Амазонија. Ама не, нашиве демократки знаат и на форуми да куцаат, на фб групи да најдат, а не знаат се останато. Не се ни како племињата од Амазонија овие ти се прости души заглавени во преминот од камена доба до демократија. Некаде околу 23 века од прилика. Во време на Зеус и Аполон убавци на кои им се принесувала жртва да бидат милосни. Да нема суши и глад, да нема поплави и грмотевици. На 0 дошол Исус и ги преминал низ море со патека. За раче. Метафорично да прогледаат. Ама овие нашиве бе уште не прогледале каде згрешивме како општество? Абе на 25 години разговарав за монетарни дострели на државата, за политички системи, за Ниче, за демократија, за социјализам. 15 години покасно наместо да те читам тебе Лиана со маестралнии завршетоци и поенти читам за аланѓузи. Вај? Сакав да читам за многу други дострели, за збир на размислувања и големи човечки победи. Очигледно премногу им верував на луѓето и нивниот развој.

    Среќа се дружам исклучиво со мал круг на луѓе со кои имаме еден нормален разговор. За се. Секако, меѓу фамилии се наоѓа некој со дострели од овој тип, али фамилија не се бира.

    Ози не може да прави еег поради срцева слабост. Правена му е магнетна резонанца пред две години во клиника овде. Алудираа на стеснување на пршлен на р’бетен мозок. Јок, чист како солза. Во меѓувреме се влоши состојбата.Не смее да се успива повеќе поради голем ризик. Затоа наместо стерилизација добива хемиска кастрација на една година за да се намалат хормоните кои ја предизвикуваат оваа состојба. Денес е многу подобар после втора терапија. Има и лекарства за обнова на цревна флора. За еден месец крвна слика да видиме како е. И не, он не е само куче. Он за мојата фамилија е поголем од човек. Џин. Човечиште. За овие аланѓузи е Исак Њутон. Повеќе разбира и повеќе има љубов во него. Кога му е лошо иде и тропа на врата да ме разбуди. Овие аланѓузиве со празни црпки не ни тропаат. Нема што да тропа.

    П.с. Не е вирус Ава состојба е која се повторува со години само добива многу различни облици.
     
    На Monella, 24.07, thinkerbell и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Леле од кога не сум ве читалааааа :(
    Ниту пак пишала.
    Како сте?
    Се надевам добри,и вие и вашите блиски.:sun:
    Со ова карантинов време немам во огледало да се погледнам, не па по темиве да пишувам.
    Среќа последнава недела на одмор сум,па здивнав малку.
    Детенце захтевно, по цел ден со мене и по мене, не ме остава раат да се измочам :D
    Али ништо ново, она од раѓање ми е таква.

    Сакам да ви се пофалам нешто.
    Бремена сум со второ бебче. :$
    Уште е тазе, не знаат ни блиските, само јас и мм. И фемина сега :D

    И со првото бев вака, таман почнав диета ми стана чудно зошто стагнирам, па оп две цртки.
    Исто и сега, гледам јас тешко ми оди, гледам во храна ми оди паметот, оп две цртки пак :)
    Ако сега не ја одбијам од цицо, здравје Боже тандем ќе си ги дојам:D
    Леле колку сум возбудена да знаете.:drunk:
    Раце ми се тресат, солзи ми идат на очи. Среќна што ако даде Бог и дадам другарче за навек, тажна што не и дадов уште малку време да ми биде единтвена љубов:l:
    Ќе го сакам ли и второто колку неа?:tmi:
    Се поставува ли вакво прашање вооошто бе? Оф :D
    Мислам ќе си поплачам некој ден на оваа тема познавајќи се.
    Контрола да правам ли сега во Корона тајм? Или да си отидам на приватно во Систина, таму гарант нема да ме вратат. Мојава матична уште не работи, уште само итни случаи примале.
    Абе ајде.:bug:
    Таман ги откажав цигарите пред 3 месеци, ми иде да одам да си запалам една сега.
    Ама здравје за 3 години:rofl:

    Останете ми добри.
    Одам да се приберам малку.:hug:
     
    На flower55555, Monella, 24.07 и 37 други им се допаѓа ова.
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @Chanell* честитки! Со лесно до крај!
    Нормално е да се прашуваш чудни прашања. И јас не знаев дали ќе имам доволно љубов за двајцата. Бев толку заслепена од љубов за првото, што не можев да си претставам како ќе изгледа со две. И нормално, додека се роди, повторно не ми беше јасно што се случува..не можев да си го замислам. Кога дознав дека е машко, како блесава некоја се разочарав, сакав пак женско да е (демек со женско знам што да очекувам.. а со машко не знам што да правам. Глупости)... Сега не можам да си го замислам сето тоа. Го гледам и душата ми е преполна љубов. Си велам колку сум била луда што сум плачела, прекрасен е и не би сакала да е воопшто поинаку!
    Првите две-три недели по породувањето ми беа малку чудни, ни требаше адаптација по дома, првото гледаш реагира, и те боли за првото а истовремено се лутиш дека е љубоморно... Ама и тоа поминува. Кога ги гледам сега како си играат и колку се сакаат, сѐ ми е на место во душата.


    Само што заминав од спална. Ги обожавам овие моменти кога ќе заспијат и кога ќе дојдам во дневна да одморам и да уживам во "me time". Не дека нешто правам, еве пишувам, ама тишината, мирот после хаотичен ден полн обврски скроз ме релаксира.

    Цица за заспивање, па го преместувам полека во креветче. Едвај чекам да го преместам. Преместувањето оди во две фази. Едната го земам од перницата во рацете и го гушкам. Втората го спуштам во креветче.

    Најголемото лудило е меѓу двете фази. Кога ќе го гушнам. Кога сум успеала да го заспијам и сум на чекор од уживањето во тоа "me time", a го држам и сакам уште долго да не го спуштам во креветчето и да останам да го гушкам така заспан, прекрасен.

    После си ја гушкам Мачорка, на која ѝ должам многу гушкања за заспивање заради него, и следниот ден ѝ раскажувам дека ја гушкав и дека ми беше прекрасно.

    На крај, пак со моите нинџа вештини ги оставам да си сонуваат убави работи. Седнувам во дневна, уживам но ко на трње, затоа што не знам во кое време ќе почне журката од овој скок во развој. Обично е накај 11.30 - 12.00.. до тогаш ќе медитирам со Нетфликс.

    Маж ми сто пати ме кара зошто не си легнувам одма со децата, за да не сум толку неспиена и да добијам плус 2 саати сон. Ама како да му објаснам дека колку и да не сум спиена, едноставно ми треба време да сум будна без децата, да пуштам мозок на пасење со некоја серија, .. ми треба мал фрагмент од секојдневието во кој сум јас своја и комплетно си припаѓам себеси, макар било и по цена на минус 2 саати од и(без тоа очајни) неколку саати расцепкан сон.

    Единствен проблем од неспиењето ми е што не личам во лицето на човек, кожата ми е бетер од ѓон на чевел, и некаде околу будењето во 4 јас се губам и не знам кај сум, ниту која сум.

    Ама! Најважно од сѐ е што секоја вечер си велам - ова е вечерта кога ќе врзи повеќе од 2 саати.
    Еднаш ќе бидам во право.
     
    На flower55555, Monella, Bubish26 и 26 други им се допаѓа ова.