@Chanell* добре дојде мајка во клубот. Емоциите ти се на место. Јас мислам после прв скрининг почнав на имам емоции кон моето ново СЕ. А и нормално е. Кај мене па етен тазе беше бебе е син ми,за него плачев дека ми останал ненаљубен...а она само се множиме. Напорно ке ни биде бидејќи и напорни ни се дечкиве но ке издржиме. Денес полнам 29ка. Задоволна од постигнатото. Пред 30ка ке бидам мајка на две. Се сметам за успешна мајка,жена,ќерка. Имам дом,имам работа имам здраво право палаво синче а друго на пат. Па што друго да посакам. Би сакала само слобода,навистина од март на сите ни се промени секојдневието но да се надеваме дека ке се вратиме за брзо во нормала. Сакам во градинка да го пратам,истовремено и се плашам од ситуацијава а морам а и за него е убаво да биде со деца. Многу му се радува. Се надевам ке се стабилизира... Да наздравиме вака карантински дома последнен карантин нека ни биде. П.С Јас и Тито сме денес роденден што слават
@Chanell* добра мисла @Happyinlove среќен роденден мами. Те мислев по мала Ми се свиѓа твојот екстра младелачки дух
Официјално староста започнува од 50та година. До 50 се сметаме за подвижни и млади и потоа ко преживи причаче. Ти си уште младич хепицо, младич. Хепи брдеј годинава со лесно да ти оди. А Тито е роден на 7 Мај ама му се бендисал 25ти како ден јел заебан тип. Нема што нему некој друг да му кажува кога му е роденден. И ти моеш да си го смениш ако не ти се свиѓа @Chanell* со лесно мила цицо до крај
Млади сме додека се чувстуваме така. Таман работа на 30 да се остарува Не ме камшикувајте друг ми беше муабетот
За млади се сметаме додека имаме секс де. Некој на 50 нема глава ги боли епа како да се млади А Тито како Тито. Му се можеше кога сакаше си славеше
Се треба да не плаши. Баш пред некој ден размислував.... Како тоа носиш дете на лекар и кажуваш симптоми (кои 90% исти симптоми даваат различни болести) а таму или ти викаат е вирус има таков е трае околу дена онолку и така "насреќа" ти даваат терапија и после една недела здрави сме. Како така без испитување за каква болест/вирус/инфекција станува збор? Едино само за корона испитуваат. Епа не иди тоа така. А инаку исто како тебе бев свесна и делумно спремна ама после ова размислување.... Дај боже да не сум во право. @Chanell* со лесно да ја истераш бременоста мислам дека најубав период кај жената е бременоста. Добро вечер од мене. Само да ве поздравам накратко. Ништо ново ништо посебно. Седам гледам серија ама повеќе ја слушам одколку кај гледам. Бебчо заспан стандард од 8ипол. Реков доволно да седнам да отворам да прочитам тука нешто. Големото штотуку вечера па ајде пред да легне малку на компјутер. Денес цел ден во двор шпарта. Не може да се сопре такво детето. Како црви у гз да има не седи мирен. Па јас кај да е ќе си легнам. Маж и синко секако покасно легнуваат. Ко за дете не е здраво доцна да легнува ама такво е одсекогаш детето што и јас цели 7 години се нервирав ама на крај кога гледам е за џабе.... Ниеден труд не ми се исплати да легне пред 23 часот освен денот кога ќе е изморен од играње кај свекор ми. Па имајте пријатна вечер.
Добро утро женски Никако да стигнам да шкртнам нешто периодов. Таман ја пофалив бебла дека не ме држи будна ноќе, таа одма да се докаже што може. Зомбифицирана сум. Од утрово почнав и да гризам. Расте и станува се понапорно. Некогаш не стигам ни да и свртам на мајка од што немам време. Не се жалам, само си кажувам. Знам дека овој период дур прооди ќе биде понапорно и знам дека колку што напредокот ќе ме радува, толку и ќе ми недостига секој аспект од нејзиното осамостојување. Веќе почнува и да се чувствува. Деновиве најинтересно и е долу на под играјќи со мачорот ЅЕЕ со завесата. Како банда се. Нон стоп се бараат. Ако порано откако ќе се разбудеше, подигаше оградица да ме види мене, сега со поглед го бара Маче. А тој пак, ѕверче мое, каде и да се проврти низ дома, пак се враќа да легне до нејзиното креветче и гордо и неуморно да ја чува и чека да се разбуди. Ма најслатки мали бандити се иако честопати јас сум им трето прасе. Ја учам и да му дава од тие неговите омилени грицки. Ама заглавивме кај фрлањето. Прво оти не знае да фрла, а потоа оти мисли дека треба да му ги фрли и сите нејзини играчки кои летаат наназад место напред. Деновиве засвежи малку. Па и редно беше оти не се дишеше. За денеска и невреме се спрема, а јас имам кактуси за пресадување. Па, да си го организирам времето со време, на време. Убав ден ви посакувам.
@Happyinlove Среќен Роденден девојко. Да се множат во љубов. @Chanell* со лесно да си го износиш и второто срценце. Да расте гордо и гордост да ви биде.
Навистина? Ќе сакаш да ми напраиш споредба пред и потоа од твое видување? Оти ја само "пред" имам засега. На пример веќе нејќе да лежи ни да седи, сега сака јас да ја држам а таа да се исправа по мене, или да ја шетам навака натака оти сама не може. Седи долу само додека си игра со мачорот, ама ако се закикоти, а често се случува оти тој скока како швркнат околу неа, иако е доста стабилна знае да изгуби рамнотежа и да лупне хоризонтала. Потоа ако дофати нешто и проба да се исправи не е воопшто стабилна така и треснува долу, па морам цело време да сум до неа. Кога ќе прооди може на почеток дур научи да одржува рамнотежа ќе треба следење, ама после нели може да ја оставиш сама да си игра? Мислам, не да ја остаиш сама и да си излезеш на кафе да не се разбереме погрешно туку да отидеш до кујна сама да си напраиш кафе, или да се истушираш набрзина. Јас уште се немам истуширано без маж да е дома иако таа спие. Па со душа чекам на тој ден.
Еве јас неповикана да кажам. Мене ми е полеано од кога е проодена. Мнооогу полесно Прво, ваљда затоа што не ми е во раце, сака да оди, не бара да ја кренам. Да, посигурно се осеќам за да отидам у кујна и да свртам поглед од кога е стабилна. Сама си оди во соба, таму нема опасност ниедна и си зима играчки, си растура, си претура. Знае да се заигра и по 15 - 20 минути без мене. Е за туширање дур она спие, тоа еднаш зашто морав и налет ми било такво туширање, зашто од вода нема да чујам ако заплаче, иако е во креветче и уште не го прекачува, не сакам да се исплаши дека е сама. Така да, уште го чекам мм да е дома за да се бањам.
Мамаситас! Па кај сте вие? Ма кај сум јас е прашањето Не дека ви фалев, ама некако се нема време, многу проекти пред мене а јас тешка на повеќе полиња во исто време да играм. Исто се, освен јас минус 8 кила, дете 4 годишно и збори ко неарно, чита, пишува, смета, брои... Прочитав брдо книги, насадив брдо кактуси и цвеќиња, немам веќе кај да ги ставам, се одморив за сите пари, направив тон рецепти, стекнав нови пријателства виртуелни, дворот си го средив малку од малку да не е џунгла и тек имам за средување... Забавно ми е, морам да признаам И официјално дете сака сестра, да се вика Саша (од Дајте музика нормално), може и брат ама мора сестра, братчето да се вика Марко (најдоброто другарче од градинка). А јас не се оперирав за да почнам конечно со сестра или брат темата, ама ако се фати па ќе одложиме, не е дека ептен пазиме панично. И знам дека пак како и за синко ќе кршам глава, ама таква сум не знам да оставам да течат работите лагано, мора за се да биде со мислење. Ќе видиме, како ќе каже овој горе. Скоро 3м бев дома, од пред една недела подидувам по неколку саата ама не е тоа тоа, уште сум дома претежно, чувам дете, татко почна да работи фул тајм. Тоа е тоа засега, се надевам нема пак да се изгубам.
@Yowannty @TeddyGrey Јас се бањам сама со бебе дур спие со бебе монитор со мене во туш. Мониторот го ставам кај што ми стојат шампоните и на ниво на поглед ми е го ѕиркам цело време. Пуштен е на најгласно. До сега не ми се десило да ми се разбуди дур се бањам, ама и да заплаче ќе ставам пешкир ако треба и врз сапуница и за 2 секунди сум кај него. !WARNING: Ако го следите мојот пример, пазете да не се утепате трчајќи кон бебе со мокри нозе
@Yowannty мојата ич не бараше да ја држам во раце. Ќе ја оставиш во соба и си игра. Сега секаде трча низ куќа, не ни е баш куќата бејби френдли. Се качува на скали, незнае да се симне. Па дур се завртиш се качила на кревет од кревет се искачува на наслоњачот за да се качи на прозор(ова и е ново го гледа мачето што прави) , секаде гледа кај може да се каче. Никако не се заигрува сама, се и е здосадено и само се закачува за мене како коала. Имам многу пати пишано дека е баш бестрашна и несмасна. Не внимава. Трча и гледа назад и се удара директ во ѕид, пошто не го видела. Додека спие лежам до неа затоа што цела спална ја шета. Иако знае да се симне од неа, во сон може да се тресне. И така
И јас нрповикано за бањањето. Зарем не ги ставате децата во хранлика, дубалце, џампер и ватевр, паркирани пред влезна врата од тоалет, ширум отвпрено и се бањате така?? Ја ќе смрдев секогаш и ќе бев мрсна ако го чекав мм, вака правев, сега мали има накај 3години па не е проблем да гледа цртани или да си игра, ама пак знае да се н мотка околу... чинело или не, тоа ми е начин за оджување хигиена. Споредба пред и по проодување мислам дека не може да има во тесна граница. Лично мене најнапорен период ми беше од некои 9 месеци кога сакаше да го водиш за раце и да оди и истражува, па се до некои 16/18 негови месеци. Прооде на година, но тогаш се нестабилни, несигурни, мора пак да трчаш по нив, може дури и повеќе од претходно бидејќи тогаш ти ги слефиш нив, не они тебе...душа ми излезе мене таа пола година, 8д секој аспект најмачна за мене лично. Но секое дете е различно, па различно е и доживувањето.
@Happyinlove со задоцнување среќен роденден. Те прочитав во друга тема дека е машко. Сега малиот ќе си има братче и воедно ќе му биде другарче. Ќе се играат заедно со оглед на малата разлика,а и ќе излегуваат заедно во чаршија кога ќе пораснат. @AngelOfArh добредојде назад. Баш те барав пред некое време. Баш ми падна чудно дека те снема,претходно пишуваше секој ден,и одеднаш без најава те снема. Те мислев да не ти се случило нешто,среќа добра си. @Chanell* Цицо со лесно бременоста. За 2-3 недели ќе почне ваљда да прима и твојата матична,штом сеуште ти е рана бременоста,таман за срцева реакција. Одамна сакам да прашам,зошто не се препорачува да се дои друго дете во бременост? Имам слушнато,ама не знам зошто,пред да станам мајка и не ме интересирале тие теми. Нешто од медицинска гледна страна,или како овие АЛАНЏУЅИ муабет?
@hello-kitty.90 Фала ти мила, и тебе и на сите други мајки за честитките. Само со убаво да се враќа. Јас знам дека доењето за време на бременост предизвикува контракции на матката како пред пораѓај, затоа као не се препорачува. А и како и зошто би доела бебе и 2 и пол годишњаче, тоа бебе ќе има потреба од колострум, од првото млекце.. Големата веќе го имала тоа уживање Башка и хормоните на мајката се лачат во млекото..