Доење за време на бременост и тандем доење е сигурна и не толку ретка појава. Во принцип, доколку мајката нема историја на спонтани абортуси, доколку не се работи за близначка бременост, или доколку бременоста не е проблематична со крварење и сл., доењето може да си продолжи најнормално, секако, доколку е на уживање на мајката и бебето/детето. (Последни студии велат дека нема поврзаност на доење со спонтани, ама препораките се сепак превентивно дека треба да се разговара со медицинско лице доколку е таква ситуацијата). Многу мајки остануваат бремени брзо после породување со првото, па доколку сакаат да дојат, секако дека можат и нема потреба да му "ускратуваат" на бебето од придобивките на мајчиното млеко. Контракциите од доењето воопшто не се значајни за матката, ниту пак штетат. Исто како што не штетат и контракциите од сексуален однос. Хормоните што се лачат не се никаков проблем за цицалчето. Млекото можеби да подсмени вкус, ама многу често бебињата на тоа воопшто не се противат. Проблем може да биде сензитивноста на брадавиците на мајката заради бременоста.. па доењето да биде малку понепријатно, но не мора да значи. Чувствував потреба да одговорам на темава, и да пишам што се факти а што е само верување. НО!, најважен фактор за доење во бременост а и после тоа тандем доење е да постои уживање во чинот! Со сила убавина не бидува. Еве линкови со најчести прашања и дилеми околу темава - да ви се најдат некогаш ако ви притребаат. https://kellymom.com/ages/tandem/official-tandem-bf-faq/ https://kellymom.com/tandem-faq/01safety/ https://www.llli.org/breastfeeding-info/breastfeeding-pregnancy-tandem-nursing/ --- Седам и уживам во попладнево. Бебе спие на мене. Со цицка во уста. Или вака, или никако. Скоков нѐ покоси. Дремка ме мава, зевам на 5 минути. Со поголемата гледаме Jurassic Park 2. Страшно било, ама не се плашела.
Ќе ме предомислиш со воведот Јас мислам дека е нешто страшно за плодот затоа ја одбивам. А многу,многу сака да цица. Јас не успеав, и на толку трудење. Намерно почна да се треска од земја и од маса. Ме игнорираше скроз, ме маваше, плачеше и гризаше на масата. Го излижа горчливиот гел и продолжи. Утре ќе ја прашам докторката за совет.
Читни баш линкови што ти пратив. Разговарај со докторката твоја. Само да знаеш дека ако си во МК, ништо чудно да добиеш и карање дека 22 месеци е веќе големо дете и си требала да го одбиеш одамна. Во тој случај, разговарај за бременоста, а одлуката за доење / одбивање треба да е твоја и основана на факти. А не на мислење дали твоето дете е големо или не. Ова од туѓи искуства што сум читала. Ако си на ФБ дел од групата "поддршка на доењето" можеш да прочиташ мајки кои тандем дојат и нивно искуство.
Утро мајки. После 7 месеци одгледување на близнаци, овие три дена ми покажаа што значи ненаспана мајка. Ама, сама си го барав, признавам. Од сам старт бевме по цел ден и за спиење во дневната. Така ни одговараше просторот во зима. Кога беа многу мали си спиеја во едно креветче. Кога веќе им беше тесно, едниот остана сам во креветчето, а другиот со мене си пуштавме гарнитура. Пред неколку дена, сместивме две креветчиња во спалната, и не само тоа, богами во секоја соба сторивме некоја измена. Првите две ноќи, бебето што спиеше со мене на гарнитура си спиеше исто како досега, си ги преспа ноќите без проблем. Сношти не беше така. Плачеше и вриштеше и одвај го смирував. Другото бебенце, уште од првата ноќ во спална (си спие во истото креветче) често се будеше, кенкаше и се чудеше. Сношти како да се поднавикна малку ама плачот да другиот батко го будеше. Не сме имале ваква ноќ. Јас неможам да функционирам. Бев способна да си ги гледам сама цели 7 месеци од причини што бев наспана, преспана мајка. Додека направат килажа ги будев во текот на ноќта, потоа си преспиваа цела ноќ со само едно будење, а еве веќе скоро 2 месеци ниту за еден оброк не стануваа. Дајте ум, дали променава им скрши ред или нешто друго е во прашање. При крај сме на 5ти скок, дали можеби на тоа се должи. По термин за раѓање, би имале 33 недели, а реално се 26 недели. Глупаво ми е прашањето знам, кој би знаел од вас дали размештајот или скокот е во прашање, само сакам да споделете искуство. Сепак, мислам дека додека е порано, да си се вратиме на старо. Советувате мајки, јас останав без памет.
Кога ќе смениш ти соба за спиење, си се штрецнала некогаш, да се замислиш кај си?! Мислам за ден- два ќе се навикнат на премештајот.
Еве го цицо Прва контрола после бременост денес.Сеуште многу рано, ништо не се гледа, најверојатно сум едвај 4 недели. Совет-да одам после 2 недели, ама јас ќе си поседам малку повеќе па ќе одам за еден месец, таман и срценце да чуеме Совет два-одбивање на цицо бр.1 на најригорозен начин после се што и набројав дека направив, а не успеав. Дистанца. Оставање кај мајка ми 3 дена. Ќе ја оставам до сабота, секако сум до 9 навечер на работа, и да е дома пак нема да ме гледа по цел ден. Се зачуди докторкава како ништо не ми успеало за одбивањето. Богами и јас се чудам. Вчера си играше со едно мало маченце, и му вика “маче сака ти цицо?? мамооо маче сака цицо,дајјј”!Викам не бе мама, мачињата не цицаат, блаблабла. Јао луѓе, во секунда фрлање на земја и урлањееееее! Дома се трескаше од земја,од кревет, залета на ивицата од масата да се акне .. И дадов да цица, неќеше во очи да ме погледне кога и зборев. Коа си почнав да плачам... пола саат река мислам ми течеше по образите, толку ми беше жално и стресно, можам неа да ја замислам како и е и што чувствува. Тоа е зависност бре, не може без цицка моето дете Вчера цел ден мирна,си играла кај мајка ми, има дечиња на нејзина возраст таму и интересно и е. Ама во секундата кога ме здогледува, е друга прича. Затоа и се одлучив на овој чекор, и да имате осуди не ми ги кажувајте, доволно тешко ми е што ќе го правам ова. Ќе поминат деновите ... Ќе се изнаплачам дома поштено.
Добар ден мајки Кај се новите мамички да пишат како се снаоѓаат @Chanell* кој може да те обвини и зошто? Тоа што се треска не е ради цицето туку ради тантрумите.Секогаш ќе има причина зошто да се треска таква и е фазата.Ќе помине накај 3 и пол години Мисли не е тешко, ќе успеешЕве нека каже сваќата @TutiFuti како го одби зетко и он цицаше до 2 и пол ако не и 3. Туку вие со апликациите за скокови во развој да кажете на 46 месеци што скок има јас пукнав веќе, бебе ли имам ,дете ли имам ?Цел живот само плака и не и е погодено никогаш ништо.Живци немаме со мм веќе, а таа само плака за без врска.Ама мислам мм ја изиритира вчера.Пак ја праша дали и дошол љубави во градинка , а таа кога рикна да плака не знае зошто плака ,ова несака па ми вика носи ме на градинка Ајде да јаде .Па не не сака ова , па леле ,сака вода па несака.Па носе тече па бриши па не ти па самаЈас останувам со подотворена уста и чекам да престане.Вчера не знам што и бешеСе си мислам оти е сама да има брат или сестра подруга ќе биде.Ама не знам. А што е во една фаза се плаши од се.Сама никаде не сака да оди, а од што се плаши не знае ни самаДо колку трае оваа фаза до 5 години ? Дојдов се пожалив и ај да тркнам да ја земам од градинкаВие имајте убав ден
Фала за брзото инфо ама моето одамна беше бебче.Скоро 4 години , не знам како ги пишува во апп па затоа пишав месеци
Ме претркале. Иначе, @Ava.84 ме збуни , затоа што скоковиве до година и пол се .... После тантруми... па до крај на пубертет ваљда
@Ava.84 Кога спомнав еднаш за тој метод на одбивање не ми се свиѓаа коментарите. Беа со доза на осуда, да не се осмелувам на такво нешто, ќе му направам трауми на детето. Не да не ми е сеедно, претешко ми е, ама уште вака останам да пробам. И реков на мајка ми ако не може да се справи, и во 3 сабајле да ѕвони ќе одам да ја земам. Ма да мислам само си правам лоши филмови. Па има дечиња кои уште на годинка остануваат на спиење кај баби.. Знам дека се тантруми, све се поклопува периодов.
Те читам подолго време низ темиве за оваа мака. Дали си пробала да ги залепиш брадавиците со фластер? Јас само така успеав да го одбијам, на 1ги10м, после секакви обиди, освен тој да сме одделени,пошо немаше на кој да го оставам.
Да, со хируршки фластери 10х10, и ми ги одлепи. Се што намачкав на градите не упали, со плачење се дереше “оди кујна,мииииј” Ќе излезев од соба демек измиено, дали сенф,дали гел,кармин пак си стоеше, она цицаше и преку тоа. Сега е кај моите, на 200м од работа ми се, го знае патот и ја тера мајка ми да ја шета навака Ама им забранив, нека мислат и на мене малку.