Јас па се радувам кога сака кај татко и, да одморам Нема потреба од така да се чувствуваш. Со тебе е и си му досадна, нормална појава,а не дека не те сака. @SunnyGirl2 колкаво е детето?
Колку убаво Што не ми пиша порано додека бев депре, баш немаше да ја одбијам никогаш Се шалам. Ми помина тагата. Прашав и една моја познаничка, истото ми го одговори-доела цела бременост, денот кога отишла на пораѓај всушност ја одбила поголемата ќерка. После многу консултации со доктори секако.. Моите докторки не беа ЗА ете. Кај мене и да немаше бременост веќе сакав да ја одбијам, неподносливо ми стана. Да беше помала можда не, ама девојчето ќе ми прави 2 годинки, веќе мислам и самата беше спремна за прекин бидејќи многу и зборев на таа тема. Сега е такво гушкало, ме вика маче и по цел ме гали и гушка. Кога цицаше не беше таква. Уствари милоста си ја искажуваше само со цицањето Преубави моменти ми беа тие со доењето, блискоста, емоциите.. ќе си ги памтам. Дај Боже и второто да биде цицач Вчера ме начека со полабава маица, ме фаќа и вика “фат цицооо” Ама не бара, не спомнува. Само во сред ноќ се разбуди и распишти толку јако, ме извади од памет. Останавме кај мајка ми на спиење и дека ме осети до неа.. а дома не спиеме заедно, и текна на навиката. Леле, у сред ноќсред полициски час го викав мм да дојде да ме земе, пошо ни мајка,ни сестра станаа да се понудат да ја потсмират, нели за да не ме осеќа мене само. Не зема и се смири во кола, дома си заспа одма, си преспа цела ноќ во креветче. Уште еднаш шанса нема да одам некаде каде што ќе треба да спијам сама со неа на кревет. Може да се забораам и да и дадам да цица во сон @Nicegirl11 Колкаво е детето? Мислам нормално е, баш од причина што по цел ден е со тебе и интересно му кога ќе види друг лик И јас имав едно време вакви жути минути кога мислев не ме сака ама она си стана лепенка за мене, и еве ја 2годинки е и само мама постои за неа. Една е мајка, не може да не те сака.
Ај за по таткому што прави па некако мн малце го гледа у денот ама за другиве мј е криво... само по мене не се тегне не плаче иимаше еден краток период сакаше само кај мене и кај таткому ама кратко беше хах... ме мавна таа психа дека не сум добра мајка дека нд ме сака а ја по цел ден со него де храни го де шетај го трчај јадење да направиш даисчистиш се сама правам и ми паѓа криво зш така ми прави...по некогаш мислам зш не го доев не е приврзан така за мене.. сум гледала деца абе ќе летнат за по мајкаим пискот ако ги земеш ама ова моево ретко искажува така највеќе за таткому прави така
7месеца ама немам никакво искуство и не знам што да му зборам воопшто..зашто се одвива преку тел. и камера а да е во ,,живо,, ќе е малку друго
На 7 месец многу и да збориш нема да разбере. Прави му 'та', крии си ги рацете со лицето, обично се смеат на тоа. @Nicegirl11 и моето тој период сакаше кај сите освен кај мене. Е сега оди откачи ја од мене, само мама, мама. Ќе пишеш за некој месец како е
@Nicegirl11 и мојата некогаш така прави со бабите оти поретко ги гледа и кога ќе ги види не сака во нас, само со бабите. Ќе и речам дојди кај мама и ми вика НЕ, ама јас намерно ја задевам и бабите ќефни демек многу ги сака. Мене па ми одговара така, малку да си одморам. Свекрва ми еден период се уфилма демек најмногу ја сакала неа, ама нека ја чува па што сака нека си мисли. @SunnyGirl2 можеш некоја песничка да му испееш @Minnie-e браво жено не секој може две во исто време да дои, еве на пример јас мислам дека не би можела. Уште од сега кројам план како да ја одбијам ако сум бремена пак, страстен цицач е. Ќе и текне од нигде никаде и нан нан. А по цел ден е со мене нема каде да и се скријам за да не и давам во текот на денот, сега па и со карантинов нема бегање. По 3-4 пати цица во денот и плус ноќе станува. И градиве ми се полнат многу ако прекинам нагло ќе имам проблем, плус и ако сум бремена нема да можам да пијам жалфија и нане. Деновиве многу прашања ме мачат, а се поубедена сум дека сум бремена. Почнаа да ме болат брадавиците и вчера осетив болка долу лево како за имплантација, иста каква што осетив во првата бременост. А таман се вратив на стара килажа, се истенчив, сега пак со стомак.. Па и како отекував во првата бременост како топка бев, се надевам втората полесна ќе биде.
Добар ден. Ние еве по двор се шуткаме. Малата вади цвеќиња, прави манџички, си кине ливчиња, тревки... Си порасна. Како вчера да пишував во темава дека спие на мене и не можам да мрднам, дека виси на цицка. Ех, времиња. Ама, ако сум целосно искрена, одлично ми е вака со поголемко дете. Се разбираме, си правиме муабет, си читаме заедно, се смееме, се поткаруваме, се по ред. Бебе воопшто не ми недостига, ниту пак имам желба за друго. Малово девојче мое е... Не знам како да си напишам, а да не испадне дека ќе се испофалам. Паметна си е ептен. Кога и читам застанувам и ја прашувам прашања да видам дали ја следи приказната и како размислува. Секогаш ме изненадува со одговорите и како ги поврзува работата. Сето тоа е плод на вложување во детето и сум многу, многу среќна за тоа. Интересна ми е многу кога ќе ја скарам за нешто, ќе и падне криво и почнува да плаче, ама не оди кај никој друг за утеха, туку пак кај мене. Ем карам, ем тешам. Ме прашува секогаш за нешто дали може, не зема работи за кои не е сигурна, не лапа нешто што нема пробано без да праша. Ми се чудат луѓето како сум ја научила така, ама никогаш не сум и викала да праша за нешто, сама така си почна. Ништо ново нема генерално, што има да се каже, лоша ситуација, лош период, некако се собраа работите. Сакавме и ние да заминеме на гости, ама сепак одлучив да не одиме и да бидеме совесни. Ете, за нас барем, не сакам никој на совест да носам потоа. @Chanell* нека ти е со лесно. Добро е што конечно ти се разреши проблемот со доењето. Нема да заборави она набрзо, ќе си се сеќава дека цицала, мојата со рака во градник ми беше неколку месеци потоа. И сега си знае дека цицала, и кажувам, топлината од доењето си трае. Ќе си се гушкате повеќе, ќе си се надомести, не се секирај воопшто.
Хелоу Хелоу лонг тајм ноу си Моментално сум во најнапорниот период од нејзиното раѓање до сега. Немам време за ништо поради малава коала која ми е обесена на врат. По цел ден си играме заедно. Редиме коцки, се додаваме со топче, го бркаме маЦолот низ дома. И официјално оглувев од нејзините пискотници. Не знам што ќе беше ова луѓе мои!!! Писка за да ја земам во раце, писка за да ја спуштам. Писка кога сака нешто да дофати, а не може или кога сака да оди некаде. Писка кога и се спие, кога е гладна, кога е возбудена. Писка кога нешто не и е по ќеиф или кога е среќна. Писка од онака и овака и со причина и без причина. Саде си писка. Не сум паметна од кај го вади тој истенчен продорен глас кој има ехо преку 7 мориња и 7 планини. А најмногу писка баш кај мене во уво. Ноќе ни се дешава нешто.. Не знам што. Некогаш, најчесто се случува по околу 2ипол часа да се разбуди со вресок и едвај да ја смирам, па потоа си играме и пееме следните неколку часа оти откако ќе се смири е будна и расположена. Некогаш ја слушам претка и ќе ја најдам како си седи така седната ко жалче...и си трае. Ај и тоа не е толку колку што некогаш ја наоѓам во лазечка поза на издигана на колена и рачиња со глава во оградица и така си стои некое време... Дали тоа е месечарење? Ја земам и ја ставам на града.. а таа успана..успана.. Периодов ни се измешаа и денските дремки и ноќното спиење, нит се знае кое време за што е...ни ред ни бутур.. Општ хаос. Во целиот овој хаос од пискотници, играчки, пелени и обврски, со маж крадеме доцни минути за да си тераме дејтови по дома и сме многу романтични. Пред некој ден купил Малибу и еден убав сочен ананас. Нема повкусно комбо од малибу-ананас. Ама ќе почека некој друг дејт. Ананасот маф. Сите 3ца го бендисавме. Си купив уште еден ама другиов менува чудни бои, којзнае дали ќе биде толку вкусен. Периодов ветришта откорнаа секој божји ден. Конечно се очекува да се смират викендов. Едвај чекам. Ми се плива. Во длабокото да нурнам и да ги истресам сите невољи за себе, а потоа во плиткото да шлапкаме со нив двајца. Хух, се изнапишав. Се надевам дека сите сте добри и во убаво расположение. Бебла моја стана дур пишував. Сега ме чека журка до полноќ во најдобар случај. Добра ноќ.
нешто слично ми се случи и мене сега со второво. Мм го планирал еден месец порано само некако неиформиран не попрашал од околу и пробал ама тоа за помалку од една недела пред да ми дојде циклусот. Не му се исплатило нека се здрави и живи секако ќе се снајдеме да ги израснеме. Имаме ние некоја натприродна, виша сила да,за првото одкако го помина периодот бебе и премина во мало дете. Мнооогу често се мачев со тоа дека не сум добра мајка дека детето нема да ме сака повеќе ама имав и причини да мислам така зашто некогаш знаев да го искарам а немало голема причина за тоа имаше и период кога пред него неколку пати сум се дерела (не нему лично туку пред него) па многу долго време верував дека сум лоша мајка каква што Никое дете не заслужува и психички западнав. А беше кротко дете хиперактивно ама не бесно и немирно. Истото прашање го поставив кога го родив второво т.е после околу 2 месеци... Му викам на мм што ако бебето не ме сака? Го дојам го гушкам го чувам но што ако тоа мене не ме сака? Мм вика будала ли си? Кого ќе сака мене? А за случајот што мислиш дека го сака татко му тоа можеш да го препишеш на тоа што со тебе е цело време и во еден период ќе му се здосади што е и нормална појава па му се радува и на татко му кога ќе си дојде дома. Еве кај мене второво е такво. Повеќе има ќеф со татко му да седи одколку со мене. Штом го види веднаш е повесел помирен посреќен. За разлика од првото што ми беше лепенка кај никого не одеше. Се запишав поприлично па сега само да ве поздравам,оти кој ќе ме чита ако коментаров ми е долг 5 метри Ги поминуваме деновиве како и сите одкако сме во карантинска состојба. Додуша јас сум во карантин одкако се породив ама ајде. Деновиве напната со малото. Забележувам не е само тоа дека сите децата се различни туку многу голема улога игра и тоа во кој период од животот ги одгледуваш. Напната сум поради скоковите за разлика од првото каде не ги ни сетив. Со второво полесно ми е се чуствувам поспособна поспремна ама ми недостига мирот. За разлика од првото каде понеспретна бев ме мачеа мисли дали нешто не правам како што треба ама имав енергија и не ми пречеа несониците и галамата. Вчера и денес се изнаплакав на епизодите на тажна жена. Пред тоа неколку дена се изнаслушав и изнавидов невкусни семејни дешавки во компиите кои всушност се членови на фамилијата. Се чудам и сум како возрасни особи можат да бидат толку незрели,исто и тоа како една жена може толку работи да издржи, исто и тоа колку некој може да биде крајно неодговорен непромислен користољубив.... му велев јас на мм кога беше во план да правиме куќа дека најдобар начин е да бараме плац или па да купиме стан тој не запнал кај него ќе правиме,куќа на два спрата еден за нас еден за свекор ми и семејството негово (има друга жена и три малолетни деца со неа) кога денес се испокара и ми вика да во право беше. Што ќе биде понатака ќе видиме. Си ја олеснив душата,ме фати дремка згора на се,бебчо заспан уште од 8 сатот а ја будала си го трошам драгоценото време за спиење на дремење со телефонот и сериите на фејсбук. Имајте пријатна вечер.
Мајки ај да прашам може некоја се соочила со ваков проблем. Последните 4м ми иде циклус на 15/20 дена. Во меѓувреме чувствувам подуеност, апетит, и неколку пати силна болка во јајници, не поврзани со овулација. Овулацијата ми е по болна и од циклусот. Секако дека ќе посетам гинеколог, чекам да ми мине овој циклус. Само ме интересира од што може вака најчесто? Може да е нешто сериозно?
Здраво мајки Не сум пишала и јас одамна. Дома веќе имам терминаторче. Минијатурно Лази, се пика под маси и столици, стои на се' што може да се дигне, а веќе и почнува да се пушта а нема сила, ни рамнотежа. Како пијано бебе е. Веќе се' разбира. Името си го знае одма се врти, знае браво да прави со рачињата, чао исто така. И веќе почнува да плаче по мене ако ме види дека излегувам низ таа врата што е за надвор. Мамамаа, татата, бабабаба, дедеде, ечи. Само тоа од сабајле до вечер се слуша. На првото мама многу се израдував, се лигавев цел ден. Каков мекуш сум направена, леј. Тегнам едно пиво више пола саат на тераса, да допијам и ќе стане од дремка. Поздрав.
Се присетив на нашето доење Кога потпорасна, оти спиевме заедно, знаеше сама да се послужи, ќе крене блуза и си цица и си спие. Прво мислев дека јас сум и дала да цица ама у сон и не се сеќавам, за после маж ми да ми каже дека ја видел сама како си зима да цица. Се одбивме лесно, прво откачивме дневно доење, па отидов на викенд, она остана сама со татко и, и не цицаше 3 дена. Кога си дојдов за да не побара цици одма извадив што сум купила играчки, и вечерта пред запсивање си отидов у кафич. Така 2 вечери, и заборави дека заспива со цицинани. После почна фазата нишкање за заспивање, и кога се будеше ноќе маж ми нишкаше и за недела веќе посчна да не се биди ич. Иначе по 5 пати цицаше ноќе. Имавме една страшна сцена само, кога сакав да ја одбијам, цел ден не цицаше и кога дојде време за спиење јас сакав да си излезам и она ме виде и почна мамаааааа цицииии мамаааа ама така плачење трагично, болно.... маж ми вика, абе оди си у кафич, јас излегувам од врата до доле у влез се слуша, плачам у ходиник, она плаче и на крај не оздржав и се вратив. Пробавме пак по месец дена и успешно беше без трауми. Уште осеќам вина за тоа плачење. Денеска станати од 7, шетање, играње, букви учење, собирање, па у двор чистевме косевме... сега дреме у кревет јас се молам да станам, ми дојде 2пат месецов и се осеќам ко дупната.
додека се стабилизира и се направи хормонален баланс ќе ни биде хаос. Мене па еднаш на два месеци ми иде некогаш на 30 дена некогаш на 40 некогаш на 20.... Не е лошо да посетиш гинеколог ама нема потреба да те загрижува. Мене ме загрижува што сум многу нервозна одкако добив прв пат после породувањето.
4м беше супер, и редовно и се ок, после настанаа промени. Секако ќе одам на контрола и матичната ми кажа обавезно да отидам, се надевам ќе биде само некој хормон изместен
со првото имав такви промени,добив после месец од породување и некаде 4ти 5ти месец ми се случи да добијам два пати во месецот. Првата и последната недела. Не знам зошто. Тоа само еднаш се случи. Исто и на братучеда од мм таа 4 месеци пред мене се породи исто беше и кај неа. Притоа не доевме ни јас ни таа. На АД ни беа децата.
Здраво мајкички како сте ? Може сте ме заборавиле веќе ама јас редовно ве читам и сум во тек со вашите секојдневиа иако гледам дека темава некако е во затишје Ние по дома сме добро во карантинов некако се снаоѓаме со синко ,малце му е досадно со оглед на тоа дека сеуште сме само дома или ако појдеме до кај моите на гости .Јас иначе викендов официјално влегов во 9тиот месец од бременоста па сега остануува да чекаме кога ќе е спремна дадата да излезе Дома искречивме викендов ,денес исправ сите алиштенца за бебе па утре здравје да испеглам и се да биде цакум пакум спастрено .Одвај се спогодивме со мм околу името и на крај попушти рече јас да одлучам како ќе се вика дадата Синко се радува бар така вика ,стално прашува дали дадата ќе му купувала киндер јајце Вика дека ќе ја чувал и ќе и пеел нани нани бебенце па ќе видиме што ќе се случува кога ќе се роди бебе Цело момче стана ми порасна мојата среќичка Дури на моменти ме плаши дали ќе можам волку да го сакам и да му пружам љубов и на бебето кога ќе се роди Убава вечер мајки