Добро утро, добар ден друштво Бебла тера прва дремка, искацкав зеленчук за супата за ручек, машина врти, земав кока кола и се сместив пред тв со Френдс на нетфликс по 9836638286 пат. Мојата форевр енд евр омилена серија. Маж ми купи маичка пред некое време која моментално ми стана омилена. Обична бела, со апликација Рос и Рејчел гушнати, а под нив пишува - He is her lobster! Си го обожавам бре! Бебла е потечена во долна вилица од страни. Ми е страв веќе било што да кажам на глас оти баш тоа ме снаоѓа. Се плашам дека се 4ките. Вреска додека спие, а така вреска само кога и избиваат заби. Стварно не можам веќе со овие заби раат не виде. Грев. Што би можело друго да е... Бебла расте и се повеќе заличува на мала девојка. Денеска полни 10 месеци. Како сон летнаа деновите. Не ми се верува дека ќе полни годинка за 2 месеца. Ми расте ѕвездичката, а јас неуморно, будно и љубовно ја следам во чекор. Некогаш просто не можам да престанам да ја гушкам и бацувам и посакувам времето да забави во некоја од тие минути за да траат што подолго. До нас тој. Мојата карпа и небо љубов. Наизглед ѕвер, а со душа покротка од јагне. Стои гордо и се смешка. Ги љубам бре!! Ги љубам од најдлабоките длабочини до највисоките височини!
Добар ден мајки, навратив само да ве поздравам Се надевам добри сте сите и правите планови како да го поминете периодов што доаѓа. Оваа година некако потешко ќе биде околу одморите, морињата ќе почекаат по се изгледа подобри времиња Ние добри сме. Синко и тој почна да ме прашува за море/базен, сака да се бања ама и тој преферира базен, кога и да сме биле на море тој времето го поминува во базенот од хотелот па така и јас пола одмор го поминувам со нозе брцнати во детски базен Сѐ за мир во куќи Тоа што децата плачат по други е пролазно, ви кажувам од искуство. По баби/дедовци или тетки ќе речеш и нормално е, ами моето плачеше по комшиката Абе од мене бегаше одеше кај неа и сакаше со неа да биде, кога ќе го прашев која ти е мајка викаше таа ама помина и тоа, сега и да го праќам не оди. Поздрав мајки
Хелоу Денес сончево. Кафенце пијам на тераса, па ќе одам надвор со децава. Досадно им е дома. Па да чистам. Немам многу. Само да усисам. Што не ќе најдеш во тепихот - смоки, соленки, кикирики, бонбони...Децава растур прават. Вчера денот не ми беше убав. Почина моја познаничка. Млада. Со две мали деца. Многу фина жена. Уште не ми се верува. Таа проклета болест многу животи однесе. Добив картичка и ваучер за туризам. Не знам за што да ги искористам Маж вика - Ќе испазариме нешто. Претежно благо. Сте пишале за сечење ноктиња. Ич не можам да се сетам кога им ги сечев. Само знам дека свекрвата многу дрндаше, ама си го доби. Не сакам кога ми се мешаат. Децава како мали идеа кај секој во раце. Сакаа да се гушкаат, да се мазат. Малото уште сака. Од Септември ќе биде прваче. За ручек нешто набрзина. За вечера ќе му ја мислам. Мојов ми пребира. Леќа и боранија не сака да помириса. Не јаде јадења стоени два дена. Не му биле убави Битно мевце да има со ручекот. Од тоа накачи килажа. И десерт да има. Поздрав женски
Добар ден “мамички” Мм ја однесе ќерка на лулашки, после 3 часовно заедничко спиење. Таман да се поодморам од спиењево решив да се оптегнам на спална уште малку Ја слушам му шепоти на татко и “мама боле меше, нека чуче дома, тато носе љашки”. Сонце мое, разбира и ме жали. Колку ми е порасната, девојченце е палаво. Не верував дека некогаш ќе се научи да заспива сама, нели викав до матура на цицка ќе заспива. А ме изненадува секој ден, навечер си го гушка мечете, ќе се врти минута две и заспива. Неќе ни да ја нишкам. Спие по цела ноќ, не се буди и не кенка во сон. Да не ти се верува дека е истото дете од пред три недели. Таман ќе се припитоми, и ќе сме спремни за бебето. На големо решив да си фатам и поделам обврските околу куќата, сакале се лутеле сакале не, си сакам сами да си ручаме,вечераме,играме. Немаат осет. На сите атер а на мене матер-доста веќе. Од желба на старите да им се угоди ние со мм ќе се оддалечиме скроз. Свеки нешто изизграва бесни глисти, трча пред мене да го испегла мм, да му направела јадење, да му исперела патики.. Ај море сиктер таму. Се побркува жената на моменти. Мислам полесно ќе ми е со две деца и маж, а без никој од страна. Нема никогаш пак да бидам толку попустлива и смотана ко што бев до сега. Јас таква тапа болка во јајници осеќам, ми се лежи и не ми се мрда. Ни ми се јаде ни ми се пие. Ми се гади од се. Стварно едвај чекам првово тромесечие да помине, баш ми се поклопија со жешково мачнините. Во идеални услови сега би го фатила џогерот, би засукала ракави и правец во кујна.. ама еднаш се случува ова, па сакам само да лежам и уживам Од друга страна па сакам да им направам кифлички на моиве, таман време ќе имам дур дојдат. Да допишам постов и мислам второто ќе биде. Имам нов миксер кој го добив од мајка на поклон, не можам да ви опишам колку сум возбудена Преку еден ден торти матам. Следно сакам за тесто да го искористам И топено сиренце би да направам, и фурнаринки Ох ох тоа би значело романтичен дејт со мм вечер, оддамна се каниме на салата и винце и никако да реализираме. Прошлата недела се гледавме на 15мин секоја вечер, ептен тапа ми беше. А јас кутрата со хормониве сега, по цел ден го мислам ... знаете кхм Мислам стомак и од тоа ме боли, од стрв!! Леле, ќе се самоиспратам пред да забегам со муабетиве Имајте убав остаток од денот и мирна ноќ.
Ме насмеавте со муабетите - @Monella ко што пиша, леле ми текна на сцената со ќерката, имаше година и пол или две, бевме во МК на гости, Мачорка беше полу тантрум полу љубовно дете, поминуваме пред зграда, и една бабичка ја муабетеше и на крај ѝ вика чаооо.. и мојава луда мала ѝ вика: чао, те сакааам! Додека беше бебе, беше позависно бебе, ама откако порасна околу 12-13 месеци, мислам дека нит мене ме шајкалеше, нит маж ми. Во Македонија нѐ има бркано ко кучиња од кај бабите кога сакавме да си ја земеме и да одиме дома. )) А кога се роди имав и јас некоја опсесивна фаза и не сакав кога други ја држат, ама мислам дека е тоа нормално и дека така и треба да биде. Кога сме свежо породени мислам дека во инстинктот ни е да го штитиме бебето, па како што ниту едно животно не дава да се приближиш кон бебето, така ваљда и ние го имаме тој нагон да го заштитиме малото.... Особено од свекрви! Се шалам. Јас сум од ретките жени кои мислам дека мајка ми повеќе ми одеше на нерви од свекрвата. Море и двете... ))) @Chanell* шо муабет пиша за јадењата, јас ниту трудна, ниту хормонална, па се полигавив на помислата на топено сирење во Буре во Битола. )) Инаку вака да ви шкртнам брзински, оти ако се распишан за мене, крај нема. Мозокот ми крчка на тивко, ама си клокотат милион идеи. Тешко мене со оваа глава што ја носам. А и со газов искрено. ) Ај утре ќе ви пишам подетално. Ќе морам да успијам дете и бебе, кои упорно не спијат. Таа не сака да спие пред 23 часот. Вчера дури ми викаше - "јас немам никаква намера да спијам". Тој ќе заспие ама после саат и пол се буди. И така цела ноќ се буди и ме сецка го спиење. Ко на дроги сум од неспиење. Пратете убави мисли во универзумот да заспијат вечер и да можам да се одморам со Нетфликс и сладолед. @Yowannty честито на Бебла 10 месеци! Многу љубовни постови имаш.... бебо мој утре 9. ) Бумбарче брмчаловско е станат.
До кога ви требаше помош за бебушот? Јас ја свиткав ногата и не можам да и помагам на сестра ми (беше со царски) , а ете внучето има месец и пол. Се нервирам не можам ни да ги посетам, морам да лежам. А имам доста префрлувања од цела фамилија. Мажот и оди по 12 саати и и помага колку можи. Дали ви беа доволни само мајките и свекрвите?
Некои и сами ги гледаат децата без никаква помош. Помошта е добредојдена, а не задолжителна. И да не ти е свиткана ногата ако не сакаш нема да одиш, што има некој да ти префрла. Сестрати кога правела дете требала да мисли дали ќе може да го гледа. Ако не може нека си плати жена. Искрено многу дозволуваш сопствената фамилија да ти гази на границите. Кажи им стоп малку, што толку им допушташ
Како дали ни биле доволни мајките и свекрвите?Па колку треба за чување на едно бебе,цел тим?Мене не ми помагаше никој сами со маж ми си ги чувавме,со тоа што он после недела дена тргаше на раб па јас бев сама.
Јас сум со царски, прво дете ми е и живееме сами со маж ми. Заради короната не примавме никој и од прв ден сами го чуваме. Не дека помош не е добредојдена ама не е неопходна. Јас се грижам за бебето, а тој за домашните обврски. Чисто е, испрано, испеглано, ручек секој ден, а бебе и ние среќни. Кога треба јас да се бањам, да дремнам тој се грижи за бебето. Немој да ти наметнуваат обврски или да се осеќаш крива за нешто.
Немав ни мајка ни свекрва на помош. Уште првиот ден кога стигнавме дома мм мораше да оди на работа, па останавме сами двајцата дома. Па еве не живи, здрави и навикнати еден на друг.
Мајкиичкии, ајде кажувајте рецепт за постапалки, ние проодевмее И дали сите рецепти се како леб тестото? Дали може тесто да биде од ванилици?
Лесни чекорчиња, само по убави патеки да трчка бебе Јас вакви правев и воопшто правам вакви колачиња/бисквитки за бебе. Мојов многу ги сака, лесен и едноставен рецепт
Значи не мора од оние стандард што ги има како кифли, можам какви било да направам само формата да е стапала? Глупо е малце што прашувам, ама ај викам да не утнам Едит: Заборавив да ти пишам, благодарам
Дете имаше точно 1 недела кога свеки замина на село, мама дома, само 2 дена беше мајка кај мене зошто јас 5 дена бев во болница, си останавме сами а маж беше по цели денови на работа, од 9 до 11 навечер. Преживеавме фала богу! Инаку исто бев царски. Родив, не бев на смртна постела. Месеципол бебе е веќе бебе опркнато, време е само да му створиш ред, да си уживаш со него, ништо друго не е битно. Мене многу гужва ме нервираше, само по 1 доста е, шо ќе ми се сто души. Мајки абе како сте?! Искрено да ви кажам јас сум многу исплашена од ситуацијава бидејќи во фамилија имам два смртни случаи од Корона, познати куп кои беа болни, пазам страшно многу. Ако одиме некаде се пазиме да не се гужваме, викендов пример бевме кај мама и гужвање никако. Си шетавме во природа, лаганица, без стресови и нервози, уживанции. Отидовме кај теткиве кои и двете пазат исто како ние зошто се во ризична категорија, али строго внимавање. Мислам дека не претерувам, што знам. Се зби се на купување кактуси, сукуленти, саксии и земја, не знам колку имам наземено, секоја недела по 10л земја зимам, цело време нешто боцкам. Си имам веќе и свој расад. Уживанции! Па ќе си седнам им правам муабет, ги тинтарам... Друго што да ви кажам, а да, готвам многу, правам рецепти кои ги објавувам на сајт кој го работиме со сопруг заедно, си наоѓам занимации. Вчера правев Кантучини пример. Викендов ми е во план ачми, моментално се хит на една фб група па ќе ги сплескам за дете, обожава месеници, кифли, тесто... Убаво ми е, што знам, се занимавам. Дома почисто никогаш не ми било, а изгинав од молци, што ќе се прави не знам. Викендов ќе вадам алишта да ги спастрам да не има некаде некое гнездо. Ќе купам и средство за молци да видам, нешто да ги уништи. На почеток на коронава исчистив генералка со вадење се од кујна, со бришење, миење, мислам дека немаше ќоше кај што не исчистив, и од тогаш на 2 недели чистам генералка, а секоја недела така нормално, секој ден тоа прибирање, средување стандард. Имаме и детска, за играње додуша само, ама се наоѓа, е таа е хаос, ама не можам никако да ја средам, нон стоп се вадат играчки, верувам како кај сите Друго да ви кажам почнавме со работа на второ, ама кај мене од прва ништо не бива па ни второ, првиот месец помина, чекаме следен месец, ама некако олабавена сум дека од прва не бива кај мене па не се замарам толку, бар мислам Јас сум си на режим на исхрана, да си ослабам секако, ама планирам да си терам така како да ми е нормален начин на исхрана, зошто ми одговара, е ваљда во бременост само малку ќе покачам саати на јадење а пост пократок. Се хранам по аутофагија, јадам 6 саати во денот, 18 саати не јадам ништо, досега имам симнато 6 кила за 4 месеци, не се многу ама мене ми е убаво вака, не се форсирам. Јадам што сакам колку сакам ама во тие 6 саати, не цел ден. Во бременост ваљда ќе јадам 8 саати 16 ќе постам (така се вика периодот на нејадење, пост). Многу ми е убаво. Синоќа си легнав мртва гладна, ручав во 4 саат а во 11 легнав, ми се јадеше страшно, ама заспав и сабајлево мислам дека сум полна елан, преубаво се осеќам дека издржав. Во 11 ќе си земам нешто да си каснам, па сладоледче со дете на шетање и за ручек леќиче со салата, до утре затварам радња. Многу ми е убаво Туку на работа сум, да земам да поработам малку оти сакам следна недела да не идам, да не оставам многу работа де. Пишувајте бе мајки, нигде ве нема
Поздрав мајки. Многу сте пишувале тука, ме немаше некое време. Ручекот за бебе е готов додека тера прва дремка, за нас се готви, во меѓувреме средував алишта и да чкртнам некој збор. Ве честам во име на синко , го избраа за првенец на генерација. Гордоста моја на пиедестал. Тој е душата мајкина, послушен, вреден скромен. Со него пораснав и созреав. Вчера бевме за упис во средно. Го гледам над мене и си мислам ми порасна детето, веќе момче е. А бебла исто расцвета. Веќе дете е. Седи на под и си игра самостално со играчки. Мм стандард работи по цел ден за навечер да раскажувам каков ден сме имале бебе што направило, синко што прочитал. Ве сите по ред и Еве почестите се.
Ziveam na 1800 km od majka mi i svekrva mi tuka osven maz mi i prijateli nemam nikogo. Jas se grizam za bebeto i za domasnite raboti koga ima vreme mi pomaga i mazot ne vikam deka e super ama ne e i nevozmozna rabota nekoja.Taka da ne ni imaj griza na sovest
Кај сестра ми посотјано е некој со неа. Ко ќе мажот и на работа, ак е слободна свекрва и оди , пример од 19 часот и и помага, миење садови, пеглање и бањање навечер. Исто и прашина, пазарење, ручек. Ко ќе е слободна мајка ми оди, одев и јас но сега ми е побитно здравјето. Со количката излегуваат, не одам јас и ми се лути,ама и кажав убаво. Се гледаме на камера. Постојано ми труби ајде мажи се, време е , имаш 30, тие да имале поќе памет ќе се земеле порано,имаа долга врска од 10 години. Друг муабет , му вели на бебето; ајде тета да роди сега едно дете да си играте. Ова не е еднаш речено, да е еднаш ај ,сфаќам,ама преку еден ден го труби истото. Иначе имам нов дечко,па се нешто и ја мати главата. Сестра ми е ,ја сакам, но гледам да си се заштитам себеси.
Добар ден и од мене Некако запоставена ми е темава. Кога ќе се присетам за болките од царскиот и немав време да се жалам, а искрена да бидам и не беа страшни. Ги заспивав и трчав на пекол жешко со пеглата да пеглам, па да се молзам. Секој божји ден. Будалче колку сум била. Кај ноќи неспиени, па ни преку ден не знаев да уживам. Среќа брзо сфатив дека нив им треба само среќна мајка. Завчера јас во кујна, а тие ме туркаат да си играме. Баталив се и нормално седнав со нив на под. Каква сака нека е обврска тие се на прво место. Јас единствено имав и сеуште имам помош за ручек. Фала им. Не дека ако не зготват јас ќе оставам така, ама уште со тоа да се мафтам не сакам. За деца нормално си готвам ручек, посебно си јадат тие. Секој ден ми е турбо, едвај чекам да заспијат. Е тогаш уживам во тишината. Порано работев нешто додека спиеја, повеќе тој филм кај мене не. Максимално користам време за одмор и нормално нив да ги прошетам и истрчам. Откако е вака убаво времето цело време сме надвор, па дома ни е почисто, дури ни играчки не ги интересира,а и нема потреба секој ден да џогирам. Секако имаме лоши денови. Малиот го касна бумбар, ама не од тие што летаат. Му се закачи на прст. Стрес голем... И јас се плашам од инсекти ама ова ептен ме изваде од колосек. Среќа лесно заврши дете, не бил од страшните бумбари, одма реагирав. А пред тоа ги возев во трициклот и малата го касна на нос. Се изнаплачи дете. Едвај се смирив тој ден, а немав и ништо дома за смирување. Многу ми се оди на одмор, сеуште има надеж во мене дека ќе отидеме. Уште 2 месеци и роденден на маливе. Кога поминаа 2 години...