Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Еееј што да ве частам, не сум трудна. :dance: По 5 дена каснење ми дојде. Скоро и да се помирив дека пак ќе раѓам и ми дојде. Ќе си поуживам уште малку во телово, таман се средив за летово шланг. На диета бев исфрлив леб и за 2 месеца 5 кг симнав. Само уште да можеше на море да се тркне некаде ;( Него пред да ми дојде имав исцедок кафен два дена, тоа ми се случуваше кога имав циста, веројатно имам пак, a ич не ми се оди на гинеколог сега заради короната. Сигурно и затоа не забременив, а имав симптоми слични како во бременост.
    И да ви се пофалам добра работа од тоа што мислев дека сум трудна е што ја научив беба да ја преспива ноќта. Ми истекна да пробам оти стварно ми стана мачно по петпати да станувам навечер, па и си викам ако сум трудна уште поголема тортура ќе ми биде будењето. И за пет дена ја научив. Си ја преспива цееела ноќ. Каков раат видов да ви кажам. Милина. Сега цица само пред дневни дремки и пред спиење навечер. Значи 2-3 пати дневно. Значително ми се намали млекото. А она пак не јаде доволно. Како врапче јаде. Така и изгледа богами. Манекенка мајкина (hollest)
    Инаку нас интересен период ни е по дома. 13 месеци летнаа, како вчера да се роди ми се чини, а веќе девојка цела е. Почна да дрдори по нешто бебето мое, има некои 20тина зборови што ги кажува. Се што ќе и кажеш се обидува да повтори како некој папагал, не и е баш разбирливо се ама се труди. Најново ги знае броевите до пет (освен четири) ена, де, ти, пет :D и опсесија и е тепањето муви, ако види мува вика буба беги (да бегала мувата) и ако ја види тепалката одма ја зема и удира кај стигне. И една глупост да ви кажам што направи пред некој ден, мајка ми и даде еден бумбар од големите да си игра демек да не се плашела и ова моево како што сака се да гали и бацува го зема во рака да го гали. И и вика мајка ми не го земај ќе те апне а таа слушна за јадење зборче и оп бумбарот во уста. Тука ја испаничив и свикав, она се подисплаши го плукна, па кога се засмејавме сите. Трагикомедии:rofl:
    Научи и сама да се качува и симнува од кревет и по скали да се качува. Е сега буквално ни секунда не смеам да ја оставам сама.
    Него убав ден денеска :sun:, цел ден надвор во двор кај моите пројдовме, еве ја сега спие не може да се освести, изморено дете. Јас користам да ве прочитам и да шкртнам некој ред. Па кога ќе стане пак надвор, со камења си игра, мирна е како бубаче.:bug:
     
    На Mari*, marchi-cool, bela.m и 18 други им се допаѓа ова.
  2. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    22.709
    Пол:
    Женски
    @Presrekna честито првенец и запишување средно!
    Добар ден мајки,кафе а тераса ☕,дете се игра околу мене...
    И мене ми изгледа дека брзински дека дете ми расте.Ноџето,особено му е издолжено,топлинките веќе мали му се а март ги земав.Ако,нека ми е жив и здрав.
    Бермуди сме мањак,ама страв ми е до зара/ваикики/ да појдам...Ми остануваат малски дуќанчиња ама некако мн чудни им се моделите.Си марачав ХМ,али дур стигнат тие...
    У фаза сме со дете го форсирам некои букви да кажува...неможе Ч,Ж,Р,Ш..коа треба тие да почне убаво да ги кажува??
    Му зголемив 'доза' играње надвор-1ч претпладне +1ч попладне.Некад го мрзи па со лажење го изнесувам...валда го мрзи пошто нему давам со деца да се игра,него за рака и шетаме...Морам вака да го изморувам,за да ми заспие навечер.
    За корона претазлива сум...сакам на забар да појдам,ама чекам божем да се смири ситуација...
    Се одјавувам..имајте убав петок ❤️
     
    На Monella, Mari*, bela.m и 13 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Сама си го исчував од прв ден, далеку од сите.
    Иако навидум ништо не знаев за бебе се се научив.
    На еден никогаш немам му речено да чуваш дете.

    Не си должна да чуваш дете.
    Можеш своеволно да одиш чат пат и своеволно да помогнеш како тетка ама да се поставуваат услови ми е бесмислено плус да очекуваат да чуваш дете.
    Се е добра воља тоа и љубов.
    Вака напињање - не.
    Тетка, мајка, свекрва се е опционално. Сестра ти очигледно премногу ја имаат навикнато.
    Не знам, не е во ред тоа што збориш.

    Дете сепак се чува со добра воља и со граница.
     
    На flower30, Larahappy, Мариаа. и 7 други им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    16.812
    Не знам искрено.
    И имам помагано.
    Пеглав, миев садови, понекогаш го надгледував дур таа одеше вц или ги средуваше алиштата во спална, помагав при бањање.
    Сега поради проблем што и испадна, не смее да го дои.
    Моментално мајка ми е кај неа и прават тоа што пишав погоре.
    Уште од 9 мајка ми замина, па по пат и пазарела, мажот и е на работа, а со бебето не излегува да пазари, нормално мало е бебето , не со ова чудово корона.
    Ја разбирам дека и треба друштво, разбирам дека и сама и е досадно да го шета бебето.
    Ќе биде...
     
    На Ava.84 и vitamina им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.925
    Допаѓања:
    14.633
    Пол:
    Женски
    Супер се што си помагала, ама не значи дека си должна да го правиш тоа. Може да е благодарна ако и се најдеш, ама нема право да се лути ако не помагаш, особено не кога не одиш заради повреда. Никој не е должен да ми го чува моето дете освен јас и маж ми.
     
    На flower30, Annath и GirlLove им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    13.771
    Не ме сфаќај погрешно, ама ова е разгаленост и претеризам. Разбирам помош кога е потребна, ама нонстоп да ангажирам мајка, свекрва, брат, сестра ми е несфатливо.
     
    На flower30, M.B., SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Пишале членките што мислат, и до некаде се согласувам .. само би погледнала уште од еден агол на работата - да не е нешто психичко во прашање, да се плаши да е сама со бебето, сепак после породување хормоните прават хаос во главата на една родилка, па да не не сака да ви признае дека во принцип ја дрмаат baby blues... немаш искуство со тоа, но во принцип читни на интернет за тоа, сепак е една посебна психичка состојба која трае некое време.. и во која треба малку повеќе разбирање од околината..

    Мислам ова е нешто плус што би требала да го земеш во предвид како можен извор на нејзиното однесување. Значи зборувам за скриен страв од тоа да е сама со бебето, страв од осаменост и сл.
     
    На flower30, Mari*, Среќичка и 11 други им се допаѓа ова.
  8. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Конечно да пишам,но редовно ве читам секој ден.

    Има поминато долго време откако последен пат пишав и сега незнам од каде да почнам.

    Маже втора на работа на работа т. е дежурен е, и оваа недела оди од 13 часот, до 19.А другата недела по цел ден ќе биди, па така сега користиме време заедно.
    Утрата ми се многу убави, кога сите заедно се будиме,првото кафе кога го пиеме заедно. Кога подготвува појадок, додека јас раскревам, кога дете не се дели од него.... Да можи вака да оди на работа секогаш милина ќе ми биде.

    Маже ми подари телефонче, пошто стариот си го зеде делот,на крај почна и мрежа да губи, па скоро секогаш кога ме бараше бев недостапна. И сега морам да го кријам од дете,а на стариот не му се испулуваше дека стар и искршен.

    Со дете стандард малку по дома, малку надвор ( во двор, по улица, во маалскиот парк) и оп денот поминал. Подалеку од населба немаме излезено, само до кај мајка ми, да го видиме најмалиот член.
    Бебуш веќе пораснал, заличува на мало човече. Дете мисли дека знае како со бебе.,но и тој е мал. Сака да го гушка, а го стега многу, го игра со играчки му ги пика пред очи, му легнуваше на почетокот во гнездото, лажачката му ја земаше...

    За прв пат станав и стрина.,но околностите се други со ситуацијата каква што е дома. Се слушаме секој ден, Бебуш се роди многу предвреме, еден месец и неколку дена е на клиника, информации преку тел. му даваат. Кажувале дека бебуш се изборил и ќе го префрлете на друго одделение за ден - два помина цела недела. Исто и за читање на ЦД то,помина недела цела нема кој да го прочита...

    Никако неможам да ослабам, веќе неколку месеци вагата ми кажува точно 70 килца, 7 кила ставив за мал временски период. Неможам повеќе да поднесам како прашуваат дали имало ново, дали сум била бремена. Како не му е страм да прашуваат од роднини, па до комшии, дури и некои што не ги познавам прашуваат. Па како може само во стомакот и гради да ставам,задник штица рамна ми е
    Почнав леб и благо да оставам, но не можам за благичко душа ми се треси.

    Поздрав до @Ava.84 и бацки до снашката.

    Постов каша попара стана.
    Одам да варам кафе.
     
    На flower30, Monella, Mari* и 15 други им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.262
    Пол:
    Женски
    Знаев дека ако не ме тресе пмс ќе ме тресе пост циклус! Секогаш е така! Со каснење ама не ме заборава стрес и нервоза. За глупости се нервирам и јас, ама ете да те извади од такт доволно е. Почна со мм, дома хаос, а он е со дете дома преку ден дур сум јас на работа, можат бар да не направат толкав хаос од играчки, за што ја направив таа соба, за да фаќа прашина ли. Не сфаќа дека колку побргу го научиме да седи во детска толку подобро за нас. Си дојдов, дете да заспијам, да направам ручек, па бараа и десерт, па да средам, дошло 6 да изнесам дете малку, дома се е кај паднало таму останало, епа е, кога не сум дома а попладнето имам дете за шетање... Утре навив аларм во 5 да станам, да средам детска, купатило да исчистам, прозори да забришам, кога ќе станат само да усисам, џогирам и да вакумирам алишта, после слободна цел викенд. Ако ми успее планот ќе биде топ!

    Ама не беше само до мм, ме изнервираа и од работа нешто, ми се јавуваат за нешто што врска немам јас и така ме напнаа па одозгора глупачата и ми се закани со работа. Која дрскост нит ме знаеш нит ме познаваш. Срам да и е! Ќе го средам јас ова, не го оставам така. Се фатив со работа да се издувам и ми помина малку, ем средив алишта, ем се издував и ми олесни, после раат испив кафе со мм.

    Туку вака така си зачитав на телефон јас и не го ни загледувам таблетот, а морам да го средам, зошто да пропаѓа. Дете не го користи, јас читав на него, ама слаб беше и брзо рикна. Ама жал ми е да го фрлам, тато ми го даде кога ме оставија да лежам дома со синко да не се породам во 7ми.

    Друго,утре ќе правам ачми за доручек, ако пратите во таа групата за рецепти на фб главна атракција се. Значи утре месенко за доручек. А за ручек леќа, ќе сплескам уште рано рано за да немам по жешкото обврски. Да ми остане цел викенд да му посветам на сајтот.

    Туку дете почна да кажува дека има братче и дек се вика Вилијам, живи смешки ќе бидеме кога ќе треба име да се дава на бебе 2, ама здравје нека биде па ќе се смисли нешто. Веќе мислам дека ни е време и таман сме, спремни за второ и психички и секако. Финансиски никогаш нема да сме спремни, се ќе фали нешто.

    Ај мајки да читнам малку, дете се тркала по кревет, јас малку ќе почитам и ќе си легнам. Слатки сни!
     
    На flower30, Monella, Mari* и 14 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Сабајлето стана маж со малата, се дружеа, јас поспав малку, па станав, кафе пиев, јадев, се по ред. Малата не се наспа доволно и мислев доста ќе е кенкава, па се спремив психички. Се испразнив јас, како празна чаша, за да можам да ги примам сите нејзини емоции без чашата да се преполни, па и јас да почнам да викам, туку да ја смирам нејзе. Ама она добра си беше, си игравме, си ручаше, немаше гајле. И јас навечер веќе кога не можам и викам дека не можам, готово, уморна сум, ми се спие, кенкава, исто како нејзе. Ме разбира и особено тогаш не се инаети. Обожавам какво разбирање меѓусебно си имаме.

    Инаку, ние не сме веќе до толку затворени, си има другарчиња со кои си игра, истите, секојдневно. Ова нема да помине до утре и веќе толку затворено да го чувам детето не можам. Она е пресреќна другарки што си има, што чувствува припадност, се сеќаваме сите на детската среќа кога ќе ни се погодат другарките и сме прифатени. Кога ќе се сетам колку беше залепена до мене ехххх... Сега е девојче, си игра слободно, доаѓа само да ме праша нешто, инаку не ме шајкари воопшто. Не ни сака нешто посебно да си играме, само со другарчињата да е.

    Си заспа она уште пред некој саат, кај и да е ќе се прибирам и јас. Добра и мирна ноќ мајки. :)
     
    На Monella, Mari*, kukla21 и 18 други им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    16.812
    Прашано.
    Не не и е.
    Дури чудно и е зошто ја прашувам.
    Еве мајка ми пак заминува.
    Жал ми е оти треба да оди, а не смее и таа мн да се оптеретува поради рбетот, а сакам да и одмалам од работата кај сестра ми.
    И на крај испаѓам крива.
     
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    темава на разговор не ни е баш за овде ама ете,се спомна. Искрено и јас веќе почнувам да се плашам. Со големото да кивне или да легне мирно вкревет одма паника ме фаќа не можам да дишам па скраја да е за корона. Мене живо ме интересира да раскажат тие кои ја прележале и оздравеле како изгледа да со носител на тој вирус.
    ма како месец помина чекате нов.... Идите 30 дена секој ден. Нема да не се фати :rofl:
    @Presrekna честито за синот уште многу успеси да реди

    Добра вечер женички. Слабо сум тука ама почесто читам одколку што пишувам. Дојдов да видам што има ново. Се напив магнезиум и чекам да почне да "делува" па ќе си легнам. Кај нас ништо ново ништо посебно. Направивме 10 месеци и една недела веќе не сме бебе не сме ни големо бебе,стануваме мало дете. :inlove: големото заврши прво одделение од септември одиме еден чекор погоре,малку посериозно со повеќе желба за учење. Дома е исто ретко излагаме додуша излагавме само во двор сега почнавме да се учиме да седиме во количка и веќе неколку дена вртиме мало крукче околу пред спиење и веќе кога ќе се прибереме големото продолжува во двор а ние се спремаме за спиење. Не ми е времето за шетање на велико. Само молам Господ да ми ги чува децата здрави и живи оти навистина ме фаќа страв со коронава.

    Друго немам да се пофалам. Идам да си легнам. Ви посакувам добра и пријатна ноќ
     
    На duffi, hello-kitty.90, emkaemka и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Добар ден од една лошотија што не се плаши од короната :D

    Не ми се отвара ни една тема веќе кај што се пишува за ова.
    Ниту фб, ма ништо.
    Еве и на форумов веќе само тоа со вергла. Црнило насекаде.
    Башка сите Корона експерти се собрани во темана најгоре, и таа засега успешно ја одбегнувам.

    Си вртам по Инста и Пинтерест, си бирам декор за роденденот на малата кој што нажалост ќе се слави во двор, ама ќе биде комплет и нема ништо да фали.
    Порачав торта со 60 парчиња па таман имам време да ја сменам и порачам нова, пошо 60 парчиња 6 месеци ќе треба да се јадат.
    30 ќе се таман, секако ќе оди во фрижидер и на баби и дедовци ќе има да се даде.
    Темата ни е Unicorn, баш шарено и симпатично ми изгледа.
    Има едни омилени панталони целите со unicorn апликации па така ја одбрав и темата.
    Ќе прославиме со неколку дечиња братучеди, моите и на мм родителите.
    Нема љутиш.
    Ќе надокнадиме догодина.

    Денов пола кај мајка го поминавме, да дремне малата па сме во план до една кафана надвор од градов да одиме. Со преубава местоположба покрај Вардар, на отворена широка тараса, поглед на планини и пријатен и чист воздух.
    Омилено место ми е.
    И така, ќе помине денов..
    Само еден ден ми е слободен во неделата и веќе изгубив ред да чистам,перам и бришам во тој ден.
    Ова ми е ден за мене и моите.
    Чистење ќе има, и пак нема да биде скроз чисто.
    Мразам да сум роб на куќата и вешто го избегнувам тоа робување.
    Наместо тоа шетање и релаксирање повеќе ми годат :D

    И тоа.
    Имајте убав остаток од денот.
    Ќе дремнам малку и јас со ќерка ми.
    Притисокот од 90/50 неќе да се помрдне, па замислете ме каква сум... :x
    Поздрав(fingers)
     
    На Monella, marchi-cool, duffi и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ме заинтересира која е кафаната ако можеш да ми кажеш :)
     
  15. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Како јас да се прочитав ,и јас некако ич не се замарам со коронава сите дури ми коментираат као ти трудна пред пораѓај со мало дете дома нигде не треба да излегуваш со никој не треба да се гледаш ,а најсмрт ми е кога имам потреба нешто да си купам и кога ќе ми речат домашните ти никако дај кажи што треба ние ќе ти купиме како да знам што би ми требало ако не видам сама (facepalm) Може и јас претерувам незнам :?:
    Инаку ние добри денес уште од рано сабајле дојдени кај моите дете се изнатрча во двор се умори и заспа .Јас иначе терам 38 недела полна бебе абер нема уште за излегување во вторник сум на преглед па ќе видиме што ќе каже докторот .Сакав да ве прашам тие што имате по две па и повеќе деца дали кога доаѓавте од болница со бебињата купувавте нешто предходно за постарите батковци и дади ко демек тоа новото бебе им го купило да не бидат љубоморни ?
    Убав ден на сите:sun:
     
    На Monella, duffi, hello-kitty.90 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки. Еве и јас да напишам нешто во мајчински муабети.
    Мајка станав за прв пат на 01.06.2020. Бев со царски рез и си поминав царски. Еве 21 ден активна сум 24/7. Но, не се жалам. Се за моето синче.
    По цел ден цицаме, се пресоблекуваме, гушкаме, смееме. Сакам максимално да го искористам времето, бидејќи додека се свртам моето малечко ќе порасне.
    Помош имам од мм и од мајка ми. Иако ми помагаат, сепак куќата не блиста. Имаме ручек секој ден. Тоа е битно.
    Баба има слободен викенд. Дома се само татичко, мамичка и нашето најмило. Со мм од сабајле чистиме, гланцаме. Бебе мирно спие. Фала му на Бога.
    Денес, сакавме да го носиме на прва прошетка со количката, но заврна дожд. Ќе видиме како ќе биде времето. Ако не од утре натаму ќе се шетаме.
    Татичко моментално ни спрема пица, а после ќе прави и скара. Се на се убав ден во кој целосно уживаме и во нашето душиче.
    Убав ден на сите.
     
    На flower30, Monella, marchi-cool и 20 други им се допаѓа ова.
  17. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Како што ги гледам јутуберките сите купуваат и ми се гледа како интересно.Ако сте во можност зошто да не!?Ние чекаме, тиганици со лесно:hug:

    @AngelOfArh да каже страната на која да ја следиме и да можеме и ние да ги спремаме овие јадења со чудни имиња:$

    @24.07 сваќе поздрав назад(highfive)

    @Bebac добредојде и живо и здраво бебчето да ви биде:inlove:

    Добар ден мамици:)

    Се вративме од прошетка .Времето овој викенд тужно па се невиди:doh:Дожд и ладно.Ама ако пак прошеавме на воздух.Бевме на езерце и малата беше смешки, од кал направи кревет за шатките па ги викна да спијат.Додека отидовме да разгледаме околината шатките навистина дојдоа.А таа радосна дека дошле да спијат:) Детска чистина и искреност:inlove:

    На мојата исто и се ближи роденден Се уште не знаеме како ќе биде каде ќе слвиме и со кои деца.Дали да и ги викнам од градинката или не? Мотив на нас ни е Скај.Цела е со Скај.Блуза, кукла, сандали само Скај:tmi: Тоа било нејзиното , а моето куче било Маршел.

    Вчера пошто мрачен и дождлив ден останавме дома.Па инспирирана од Папа игравме и ние детективи.Прво јас и местев докази( остатоци од предметот што го бара) и стрелка каде да ги бара.Бараше со лупата како детектив.Среќа не видена :inlove:А уште посреќна беше која јас барав и возбудено се смееше дека не можев да го најдам:l:

    Денес за ручек -ресторант.Ама многу сме досадни со овие грчките.Кај и да одиме само грчки бараме(facepalm)Пералната ја ставив да се суши во сушара, остана уште да сменам постелнина, да испеглам за мене за оваа недела алишта,( на малта ги испеглав во петокот:whew:),да ја избањам и јас да се избањам и може да си легнам:sweat::D

    Па да одам да се фаќам за работа оти отиде денот.
    Имајте убава вечер и убав почеток на новата недела.Гушкајте ги саканите:hug:
     
    На Monella, Мариаа., duffi и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 ти благодарам. :inlove:
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    @elcezelce Ни на секунда не сум помислила дека претерувам.
    Нели муабетот е дека треба да се научиме да живееме со вирусот?
    Епа добро де, научивме.
    Ко и со сезонските грипови и алергии што сме се научиле.
    Мора да признаеме дека е медиумски пренапумпано,иако се труби да не се ствара паника,медиумите точно тоа и ни го прават-не паничат!
    Таков живот не би да имам, фала.
    Кај мене во комшии цела фамилија беа заразени, бабата со многу хронични болести (од висок крвен притисок,до очен притисок, шеќер-се), другата со преживеано отстранување на дојка ради канцер, дедото со не знам колку стентови на срце, помладата жена со астма,шеќер,притисок...
    За две недели се вратија во нормала,без компликации.
    Уствари бабава (прва) не ни била позитивна, така барем кажа внука и,ама ја земаа со Брза помош и правец во Велес, а она кутрата цел живот ја слушам кашла така..
    Уште 2-3 други од градов така од нога го прележеа, и точно ради ова неќам да се устручавам дека таму некаде надвор постои смртоносен вирус и бууу сите не брка и плаши и мораме да седиме во четири ѕида.
    На работа сум со маска, во маркет исто, друго не планирам да правам.
    Нека ме нарекуваат како сакаат, таа сум. Стравот си отиде како што и дојде.
    Можеби вака размислувам и затоа што моментално кај нас има само 1 случај, ама не сум во план да сменам размислување во скоро.
    Ми ск***чи.

    Се испукав. :)

    Малата се најала пинџур со лук кај мајка, не се стои до неа :D
    Многу е мераклика на кромид и лук:envy:
    Кромидот го гризе ко јаболко, не знам како и е толку сладок.
    Или младо кромитче ако најде, во состојба е и 3-4 да ги изеде, само да има кој да и ги чисти. :D
    Ја легнав пред еден саат, се освежив со туш, да пуштам машина за алишта и можам да фаќам хоризонтала.
    Таман наспана ќе сум сабајле.
    Имајте убава и мирна вечер.:*
     
    На flower30, Monella, marchi-cool и 15 други им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Добро вечер.

    Животот го делам на пред и по неа. Како да се поделив на два дела во себе. Еден дел плаче ужасно многу по слободата и животот кој го имав, а другата гласно и се смее и ја мава со тенџере. Навидум така би се дефинирала. Од кога е родена имам доживеано три краха. Првиот е на третиот месец кога бебе нон стоп плачеше и никако не спиеше. Вториот е од хроничен умор во седмиот скок кога спиеше на града и никако очи не затвораше. И третиот е после месец дена хорор од неспиење три недели навечер и овие две недели преку ден. Само два пати заспа во две недели. Барам најмал заеднички содржател и искача дека е “неспиење”. Ужасно тешко и динамично темпо ни налага кое во родителството се отсликува како ментален пад.
    Да го опишам мајчинството би изгледало вака:
    7D50ECD9-BEF5-47D4-AAE7-659D6F429958.jpeg

    И многу мразам да читам тралалајки. Многу. И утешни празни зборови. И стратегии. И лимонади.

    Најпозитивната ствар која ми се дешава е што дете не сака да си иде од градинка. Буквално се влече по под. Среќа од понеделник се се враќа во нормала и ќе си биде од понеделник до петок. Плус бидејќи убаво и оди прилагодување набрзо ќе биде и до ручек во градинка. Кога одиме накај градинка патчето од 50 метри го минеме вака:
    7066FB95-60FE-4F21-BCFF-87B5964FD89A.jpeg

    Пресметките велат од тие четири саати во градинка не ми останува ни еден саат за мене. Да ја однесам, зачистам, направам ручек, да го прошетам Ози и да идам да ја земам. Џабе се радувам. Ама сепак се тоа во мир изведено го сметам за голем одмор.

    Викендов многу убави планови, една журка на плажа во недела на која не поканија и искрено се надевам дека ќе преспие малата за да може да идеме. Во спротивно пропаѓа се. А толку многу ми се оди. Плус со неа ќе биде екстра фан. Ќе дојдат и пријателите и ќе ја занимаваат додека се кршам лево десно укопана во песок и изгубена “таму некаде”. Ми се клати овака:


    Не ми се збори за бебиња и деца повеќе. Сакам да зборам за се освен за тоа.
     
    На flower30, Mimmi39, marchi-cool и 21 други им се допаѓа ова.