Јас плаќав 500 денари за 8 саати. Ама само за едно дете. Посебно ми ги чуваше. Јадењето беше од неа. Јас сум презадоволна.
Мајки,кажете некоја замена за пливит дз капки. По можност маслен раствор. Вигантол нема,а детето ( 2 години) не ги сака пливит,му горчат.
Девит Д3 на Рифам. Само дозата да ви ја прилагоди педијатар, 50000IU се овие за разлика од Пливит Д3 4000IU и Вигантол 20000IU.
Сестра ми, ме вика еднаш да спијам кај неа, да сум видела како е со бебе, да сум се учела. Преслекување, бањање. Е, сега. Мене ми е страв дека ќе ми се зголеми анксиозноста и не сакам да одам. Можи звучи себично, но стварно не можам да бидам неспиена. Плус сабајлето треба да си заминам во 7 бидејќи зет ми си иде од работа.
Па не оди ако не сакаш. Доста се замараш со сестра ти и нејзините желби веќе редно е. Кога ќе родиш ти тогаш ќе учиш, таа не е себична што бара помош од тебе правејќи те да се осеќаш виновна?
А зошто ако веќе спиеш и си повикана мораш да си одиш во 7 оти зет ти ќе си дојде од работа. Навистина глупо и неблагодарно. Јас да сум ќе си напраам искрен муабет со сестра ми за ваквото понашање. Свашта.
Во право си. Себична е. Еднаш, и тоа само еднаш и реков на мајка ми да ми заврши една работа и одма сестра ми ми се јави, зошто ја малтретирам мама ко знаеш дека има проблем со ногата и и реков а ти не ја малтретираш? И се налути.. Не сфаќа зошто така прави Во стан живеат и нема мн место. Тој работи 12 саати и е преморен.
Извини вака, ама немам поубави зборови за да се изразам. Сестра ти е идиот. Кога ќе имаш свое дете, доволно нема да спиеш за 2 живота. Ич нема потреба да станеш 5 пати за туѓо дете. Мајка му и татко му нека му ја мислат сега. Гледај си го твојот живот и прави си што сакаш. Па здравје ако сакаш да имаш деца еден ден, биди спремна да не спиеш, да не доаѓа никој да ти помага, и сама да си водиш ред за се, а не мајка/свекрва или сестра да ти пресоблекуваат дете. Сестра ти нема да се оправи што и да и кажеш, ти барем научи нешто од ситуацијава. Јас да имам ваква сестра, би и се скарала, најискрено ти кажувам. Отровни луѓе не ми требаат во животот, особено ако не се разбираат од збор.
Девојче гледај си животот и уживај си додека немаш деца.Кога ќе си родиш ќе си научиш.Јас во странство колку пати ми дошле гости и детето ми било болно па плакало се будело навечер.Секогаш на гостите сум и велела да спијат-детето е моја обврска и одговорност,а нивна добра волја е ако тие речат преку ден ние ќе однесиме до игралиште. Што е твојата задача да отидеш чат пат на гости да си поиграш со бебко некој саат и толку.Можеш да помогнеш околу раскревање и готвење ако ти сакаш.Верувај никој фала за ништо нема да ти каже , а и да не очекуваш фала.Колку сакаш толку помагај ако не сакаш не ни оди.
@Ava.84 @Spidy Тоа е. Јас си терам по мое. Веќе одбивно ми е да одам, искрено. Денес ми рече да сум одела кај неа да и помагам за капење. Става штица, па кадичката, нз како ја капи внука ми, некогаш во вц со кадичката И реков еднаш сама да проба и ми се изразвика, ќе те видам тебе ко ќе станиш мајка Стално, има некој шо и помага за капење. Ако сакате да се слушнеме по ЛП да не досадувам овде.
а да ја кажеш "финтата" што ја примени? Кај нас има периоди кога цела ноќ ја преспива т.е заспива околу 20-20:30 h па некаде околу 10 пак прета за цицање (ама не секогаш) и од тогаш до сабајлето нема гајле. Ако не стане тоа време за цицање ќе стане околу 5-6 сабајлето и па си призаспива. А некогаш па знае и по 2 пати максимум да стане. Гледам сте пишувале поназад за помош на мајката околу бебето и домашните обврски. Со првото имав помош околу банањето на малото оти не можев. Се друго сама. Додека да заодев на работа. Тогаш имаше 4 години па морав некако да прилагодам некој некое време да го чува кога и јас и мм бевме со поклопување на смените. Мада кај што работев претежно можеше да дојде и да седи со мене. Сега еве 10 месеци со второво,со две деца дома помош да не речам ич. Се наоѓа мм одвреме навреме ама после работа обично оди кај куќата и заедно со свекор ми работат за да ме плаќаат уште и работници или па некогаш оди на второ работно место сезонски кога ќе го викнат. Тоа погоре да ми седи некој мене дома и да ми работи повеќе ме нервира и ми пречи. Едноставно ми се плетка. Кога можам тогаш ќе си сработам, сама ќе си се организирам. Некогаш навистина ме фаќа склет нервоза и хистерија околу тоа дека се се чека на мене ама тоа е.
Првата вечер кога се решив, мм ја нишкаше 2 пати, па третиот пат почнав да и зборам дека е голема не е веќе бебе и дека треба да спие а не да цица навечер. И викам мама ќе те гали а ти спиј и почна да се срди и да вика не, ама за 2 минути заспа. Значи штом решиш нема попуштање. Таа вечер уште еднаш стана и ништо не зборев само ја галев по грпче. Утредента стана 2 пати и одма презаспа со галење. Третата вечер стана само еднаш пак бараше нан нан ама бе попуштив поплаче 2 мин и си заспа. Четвртата стана и сама си се успа за 1 мин. Сега веќе не станува. Ретко некогаш ако стане се гали малку и си презаспива сама. Пробај нема што да изгубиш, ама па и како што викаш не станува многу твоето, мојата стануваше по 3-4 пати
Здраво мајки Деновиве во ритам и мирис на *сонце, море, плажа*. Дури и боја фатив. Што е чудно оти јас скоро па никогаш не фаќам боја. Нешто овој пат направив правилно, без да знам и скроз ненамерно. Бебла пливаше во море за прв пат деновиве. Се опушти бандитка. Денеска толку се опушти што скоро да заспа во гумата. Моравме да трчаме надвор, што побрзо да ја исплакнеме под туш и да конечно може да спие на суво. Уште да се опушти и за песокот, да не ми пропадне планот за cake smash. Се е испланирано и спремно, плажа избрана, аутфит купен, уште некоја докулатка да се доземе и тоа би било тоа. Кај што нема да славиме роденден ради ситуацијава ќе се фокусираме на втората најбитна работа. За роденденот поскромно и многу поинакво од првичната замисла. Ама секако ќе го одбележиме. Знам од прилика како, ама уште сум неодлучна за тема. Се мислам дали да е Wild One, па да има некаква низа за следните, на пример Two Wild, Young Wild and Three... и понатака во таа смисла. Ама потоа си велам, од следната година и самата ќе си има желби за теми и најверојатно нема да се поклопуваат со моите. За секој случај имам уште 2 идеи. Денови боза. Чиниш бескрајна рутина, а секој ден поразличен од претходниот. Секоја ноќ крои своја приказна за следниот ден. И секое утро почнуваме нова разврска. Ново ми е и убаво ми е. Денеска зад наочари внимание ми привлекоа 3 другарки на плажа. Дојдени со по една торба колку за пешкир, паричник и мобилен. Па ми текна на убави времиња кога и јас така со другарките се плажиравме без обврски, без гледање во саат, без план. Додека пак сега, колата не не собира колку торби со ствари имаме со нас. Пола саат само се распостиламе и собираме. Некаде низ тие мисли, ги погледнав нив двајца. Таа спокојно си нанаше испружена на мојата лежалка, а маж дремеше на неговата. Ништо не ми фали и го сакам токму ова што го имам сега со сите свои накалемени дополнителни обврски. Со помислив во себе - убаво ми е, нарачав уште едно кафе, земав пешкир и се испружив на топлиот песок под сенката од чадорот. Растам и стареам токму онака како што треба. Добра ноќ.
ме,прв пат слушам дека некој така правел. Добар ден од мене. Ве читам ве цитирам одвреме навреме ретко коментирам за себе. Овде ден жешко ден тураат дождови. Вчера до пладне топло после дладне невреме. Денес пекол. Се занимаваме по дома во поладното шеткаме. Се научивме да се возиме во количката. Дури после 10 месеци нема веќе да се седи дома. Туку се задумав ближи роденденот (мада ипак има уште време) па помислив со роденден и крштевка да направам кога после ми текна - а каде?? Нели живееме со маски и на дистанца па за да пречекам гости треба цела кафана да ја откупам за да обезбедам дистанца,да се организираат маси иако нема многу луѓе. Годинава чув ќе се одело на одмор. Мора,земав ваучер од државата,рекла ајде време е да одмориш. послем си викам каде сама? Нели ваучерот е само за сопственикот. Или па ако може да се искористи фамилијарно ќе појдеме ќе преспие е во хотел и другиот ден ќе се вратиме оти толку вредат парите кај нас. Или боље речено кој нема пари со толку ќе врви Одам да досуредам дома додека спие малото па подоцна ќе продолжам со читање
Ајде добредојдов во темава, ко за прв пат имам многу што да си кажам и ќе си се испукам. Породена сум на 31.05 со царски рез. Бебето супер ми напредува. Роден е 4 килограми, од болница излеговме 3790. Денес бевме на вакцина, мораше bsg да прими. Го измерија 4800. Тоа било супер напредок. Ужасно се изнервирав, сестрата која му ја стави вакцината буквално се учеше на него. И објаснуваа другите сестри како и што. И рекоа дека демек првиот пат било необично, после ќе и станело навика, а мене косата ми се крена кога слушнав. Му ја боцна во рамо и и напоменаа да го истисне цел раствор, и кажаа кога да ја извади иглата и кога го исправи шприцот виде дека ептен малку раствор и останало и се збуни. Другиве сестри и рекоа да го стави и остатокот и пак го боцна. Потоа ми дадоа мене памукче да му го избришам местото бидејќи му течеше крв.. Збудалев. Не знам сега дали е во ред ова.. Друг проблем ми е доењево. Никако да тргне, а сега се појави проблем дека морам во најкусо време да прекинам доење и да пијам лекарства. Жива ќе се изедам.. Сега полагав онлајн испит и за тоа време свеки требаше да го причува. И реков да спремам млекце бидејќи време му е, рече она ќе спремела. Полагав саат време и за тој саат она сите глупости ги направила. Го извадила надвор со релаксатор и го тупнала во тревата. Таму сите мачки шетаат и мочаат и којзнае какви инсекти е полно.. Па и релаксаторот што дома стои на кревет она во трева го става.. ми отвори работа да го чистам сега. Ама тоа не е најстрашното. Бебе 3 саати гладен стои она за да не плачел му дала 100мл чај испил.. Кога завршив веќе станаа 4 саати, го земав да цица, не сака.. Полн му е стомакот од чајот. Ќе полудам. И реков подобро млеко да спремела, ама демек грчеви имал.. Она дефинитивно гледа само да е мирен и да не плаче, го шетала, го гњавела, чај му дала, цуцли му бутала .. Се правела освен тоа што треба. И ми се жали дека она се правела а он пак плачел, па како нема да плаче кога е гладен. И велам пак со убаво зошто млеко не му дала, ми се вади со глупи изговори, тие адаптираните млека биле чиста хемија, да не сме слушале доктори, не морало на три часа, поретко да сме давале, ќе се здебелело бебето од тоа.. Луѓе косата ми се крена и едвај се воздржав да не и кажам ништо. Па сега пред една минута дознавам дека му дала лимон неколку капки бидејќи почнал да ика...
За свое дете ќе и кажеш. Не ми е јасно зошто си преќутела. И другпат не и го оставај нејзе, подобро мајка ти викни ја или однеси го таа да го чува.
Тоа е проблемот, немам на кој друг да го оставам. Мм е на работа, а мајка немам. Сите блиски ми се во друг град освен татко ми кој е на 10 мин од мене,ама тој не се нафаќа да го чува, да пораснел малку, сега се плашел.
Лимон и чај 100 мл на новороденнче е нешто што не смее да се случи. Треба да и кажеш, не да преќутуваш, утре ќе и текне мед ќе му лупне, со тие старинските навики од пред 100 години. За сестрата се нервираш за глупости. Реално мора сите да се научат и да почнат од некаде. Не е страшно ништо тоа што не го боцнала најубаво. Ако некоја интервенција може да има страшни последици, нема да и ја дадат на некоја нова сестра.
Види, јас ја сваќам за вакцината, пошто исто ми се случи. И да си гледаш како буцат твое дете додека и се треси раката, нема да ти е баш глупости. Посебно на нова мама. Точно дека секој треба да научи, ама си викаш зошто баш на твое бебе. Свеки е посебна приказна. @Fallen.Angel одамна требаше да и покажеш каде и е местото душо. Не да бидеш злобна и да и пакостиш, туку да не и дозволиш да си игра како она што сака.