Скренав и јас за лимонот. 100мл чај е во ред, ама да го испие преку целиот ден, а не на екс кога е гладен.. Како што кажа и @BabyT* не ми е сеедно за вакцината. Се изнервирав уште кога видов дека девојката се плашеше да го боцне ..Таму и јас исто си помислив, сигурно знаат што прават, нема да драматизирам, ама кога му кажав на мм си го добив од него убаво, ми рече он ќе одел на сите следни вакцини, он знае да боцка, ме има боцкано и мене што и да требало и затоа се изнервира многу повеќе од мене. Буквално збесна и мене ме искара зошто не сум реагирала, демек толку им е гајле на сестрите, секојдневие им е и ич уво не ги боли за моето бебе, си велат ако има нешто до годинка пак ќе му ја стават истата вакцина. Пред да го боцнат педијатарот ми објасни дека треба белег да се направи и да не ставам лепенки за температура и да не притискам на местото кај што е боцнато.. Ама кога видов два пати дека го боцнаа сега се мислам зар 2 белега ќе има? и дали воопшто вакцината ќе биде успешна..
И јас ја сфаќам ама тоа и го велам за да не си прави стрес. Ко што реков ако е комплицирана интервенција нема да и ја дадат на нова сестра.
Не може да не е вакцината успешна. Види, верувај ми џабе се нервираш, а и маж ти нема што да збеснува. Може мислиш дека не те разбирам, ама на педијатрија мајки кога оделе со децата, многу презаштитнички се поставувале и децата не се плашеле ама мајките со нивната паника ги исплашиле. Го имам видено тоа кога сум одела. Стварно има сестри што не им е гајле, ама маж ти да збеснува е претерано стварно. Никоја мајка не сака да го гледа своето дете така, ама да знаеш дека и ние претеруваме. Маж ти може знае да боцка, ама не може да знае повеќе од сестрите. Значи боцкањето е лесна обична интервенција, секоја сестра ја знае, и баш затоа што била многу внимателна се исплашила. Јас прва ќе ти речев да се караш и да реагираш ако треба, ама за ова не си ставај стрес, ништо лошо не му направиле на бебето уживај
Поздрав❤. Преморено се чувствувам, ама среќно. Бебе веќе спие, а јас ја гледам како ми расте мојата палчица. Се пожива и потешка за чување е. Дома понекогаш се радувам на нередот што го гледам и оставам така кога нејзините рачиња се подаваат кон мене, или ме тегне за нога да ја земам. Отпосле се ќе средам, само бебе да е среќно. Многу сум поинаква и позрела во споредба со синко. Со него станав мајка и пораснав и созреав таман за ова бебе. Му должиме на синко за тоа.  Овие дена најверојатно во скок е па ме исцеде со кратки дремки, скокање и урлање во сонот, пелена менување е научна фантастика. Само бега по куќа и главен чепкач е. и само нешто брбори. Завчера синко имаше роденден 15 год. Ми е жал што дома прославивме ама тоа е нека е здрав и жив. Еве ја тортата моја изработка. Спојлер Не ми наоѓа маани воопшто. Марчи и ние сакавме крштевка во јуни, но ништо , сега за роденденот планираме, но некако ситуацијата не е нај. Ќе видиме Не сакам и со маски да биде како нинџи и наместо бебе да се радува, да се плаши и истрауматизира . Нека е здрава и жива и поголема ќе ја крстиме. Па девојки се залежав јас. Отидов ручек за утре да спрема. Ве
И целиот шток на светов нема да ми помогне периодов. Што се случува, не можеме да здивнеме овие два месеци. Само смрт и болести. Татко ми не е добар, сега чекаме резултати од испитувања во Германија и некако надежта ни се зголемува. Не е смртоносно, ама ако вака продолжи последиците ќе бидат. Страв ми е за мајка ми, се е натрупано на нејзина глава, а тоа ќе пукне еден ден. Знам. Ни јас не сум добра. Не знам веќе кој пат да го фатам. И одложувам прегледи, чекам да се смири ситуацијава со татко ми. Само маж ми и девојчето мое ми се светла точка во црнилава. Обожавам кога ме гушка, кога ми го гали лицето и ми го краде стегачот од коса. Шишето шток е при крај. Треба да си купам ново. Кутиите цигари само се празнат. Се препрочитувам и сфаќам дека не сум за во мајчински.
@Mantub ти благодарам. Моја втора љубов е декорирање и готвење, спремање во кујна. Многу ме смирува. Од 22:00 до 4:00 ја правев ноќта пред роденденот. @thinkerbell со помин да е мила и чувај се. Им требаш на тм и ќеркичето. Собери сили и побрзо ова да помине. Животот е таков со падови и подвизи. Само со луѓе на број да помине.
@Presrekna Среќен роденден на големиот батко! Сваќе златни раце имаш Прекрасна е тортата. @thinkerbell Уште едно шише шток и кутија цигари заслужуваш, знаеш И за малата пак ќе си најдобрата мајка на цел свет. Глава горе идат подобри денови.
Пиши ми слободно ако сакаш. Ама во право е ава, треба да си живееш твојот живот. Помагањето и милоста према внукот е само добра воља и ништо повеќе. Не си должна да изиграваш помошничка на сестра ти. Најсериозно. Живеј си, и оди чат пат ради милост, добра воља Се друго навистина не е протребно
Леле те читам и не ми се верува па таа нормална ли е . Искрено батали испити полагај ги во септемвриска или јануарска не се ослонувај на никој чим и немаш на кој. И мене ми е факсот на пауза ради што очекувам бебе. Искрено многу и ќутиш ја така ќе ја задавам не само ја туку и мм. Батали се и не оставај веќе на никој затоа што ако бидне нешто ти ќе си таа по болници што ќе акаш а сега е ризично зошто да те пратат кај нас во Ск нема доктор да те прими и прегледа се е полно со короната
@thinkerbell Лајкот е за поддршка, не дека ми се свиѓа постот... Глава горе, ќе биде се во ред. Се надевам се ќе заврши добро. @Presrekna Тортата е за секоја пофалба! Браво Нека му е среќен роденден на дечкото @Fallen.Angel Ај бе с’ржи и малку на женава,се нервирам од читање само! Каков чај, какви хемии од АД, што и е ? Ако одлучиш да доиш-Ок, ако одлучиш да даваш АД-пак Ок. Тоа треба да биде твоја одлука! Што се стресираш толку ради свекрва покрај тоа малечко човече на кое си ми потребна смирена? Што на ум тоа на друм, ќе си кажуваш се што ти смета за да не ти се качат на глава со нивните попувања. Ни мајка ни свекрва, никој не може да ми оди контра на мојот збор, од прв ден па до сега. Ако неќам да и даваат нешто за јадење им кажувам, ако неќам да ја караат им кажувам, ако неќам да ја учат на нешто што не ми одговара во мојот принцип на воспитување им кажувам, и ич уво не ме боли дали и како ќе го сфателе тоа. И они родиле, ама и јас сум родила, на моето дете само јас можам да сум му мајка. Нивното време било пред 30год, епа сори нат сори ама не ни се исти гледиштата во тој поглед. За второво па ептен ќе бидам категорична во одлуките и рестрикциите Добро утро. Работна сабота кај мене. Синоќа заседнавме со мм кај едни пријатели до 1:30, на муабетите просто им нема крај. Со луѓево и до 5 да седам нема да ми е досадно, а релативно кратко време сме така поблиски. Жената ми е ко друга половина од мене, маж и вика ко со индиго да сме биле правени, јас ќе почнам нешто она го довршува, мислите ни се 98% исти, обично и ист муабет во исто време почнуваме Ми фалеше ваква пријателка подолго време. А сум тип што тешко започнува пријателство, просто не им верувам на луѓето воопшто и страв ми е од зближување со било кој. Сабајлево едвај се извлеков од кревет за да не закаснам на работа. Ќерка ми ја оставив кај мајка ми на спиење синоќа, а најверојатно и вечер, за да можам да исчистиме со мм по дома на раат Она уште пред 3 дена ми вика” мамо лас сака нане баба, не земи дома ” па мораше да и ја исполниме желбата. Сабајле уште во 7 станала и започнале игрите во двор. Пред некој ден кај сестра ми на гости бевме, и имаше едно детенце таму кое и кажуваше дека сакало мајка му да му купи бебе. Леле коа му запна мојава, оди и го допира на рамо и му вика “ама баткоооо нееее, моја мама има бебе” детево пак, “е добро дееее, и јас сакам мама да ми купи бебе”, ќерка ми упорна “ама неее батко, мама има меше бебе” Ко само мајка и да смее да има бебе, другите ме. Ептен ми беше слатка пробувајќи да го убеди детево и да се дообјасни Друго, уште никако да почнеме со преградување дома за соба нејзина да напраиме. Живци искинав, зошто ли ништо не оди по план? Куќа требаше да почнеме, па се предомисливме со мм, неќеме братска куќа туку секој посебно. Спрат да кренеме, а-а, и таа не ја бива, пак во иста куќа со брат и јатрва. Па решивме терасата да ја затвориме и да ја направиме дневна соба, а дневната да ја преградиме и да стане детска соба. И онака имаме доста голем двор,што ќе ми е тераса. Сакаме барем за следните 1-2год да имаме комотно место за живеење, дури да се реши кој од браќата ќе купува стан, а кој ќе прави куќа. Мене ми е тотално сеедно, мислам ништо не може да ми го наруши мирот што моментално го имам со мм и ќерка ми, а и помислата на уште бебенце дома.. Само они да си имаат едно нивно катче посебно, и 10 години би издржала овде. Стварно се надевам дека ќе се спастриме за 2-3месеци, оти маф му е работата. Само трпение ... Да си направам уште едно кафе и да се фатам за работа. Заборавив и да доручкувам дури. Имајте убав викенд!
Испитите морав да ги полагам сега. Вчера ги полагав последните два. Стипендија земам и морам просек да држам и на време да ги исчистам. Плус сега ми се погоди онлајн да можам полесно да поминам, со бебе тешко дека ќе успеев да учам сериозно како порано. Вака онлајн на заокружување лесно се поминува, доволно беше два пати површински да го прочитам материјалот. Па затоа си реков да си искористам шанса, и од коронава нешто позитивно имало. @Chanell* пред една недела многу дрско постапив со свеки бидејќи ја претера, пишав во друга тема за случката, долго е да не се повторувам. Не успеав да се исконтролирам и директива и кажав се.Потоа со мм се расправавме, ме искара бидејќи сум се однесувала како дете, мајка му немала лоши намери туку таков и бил пристапот. Погрешен пристап имала, ама не му мислела лошо на внучето. Не успеав да му објаснам на мм зошто така избувнав, тој е постојано на работа и не гледа што се случува и како ме вадат од такт па не ме сфати сериозно. Демек ај не сум крива јас хормоните ми лудувале..Да сум се потсмирела и да не сум правела така повеќе, мајка му се правела за нас, сум требала да го ценам тоа. Освен финансиската поддршка сме биле ослободени и од многу други работи, сме имале малку обврски поради големата помош од неа.Ручекот секој ден бил спремен, јас никаква обврска сум немала, дури за мене и посебно се готвело, сум требала од почит да премолчам. Да сум замислела само како би ми било тешко со бебе и плус да треба и другите работи да ги терам.
@Мариаа. @Chanell* Фала ви женски. Нека има убав причини само радо би правела торти. @Fallen.Angel немој да попушташ и да се помириш дека хормоните се криви. Како ќе се поставиш сега така ќе те третираат понатака. Покажи заби и седи си на ставот. За твое дете се работи. Јас за синко бев млада така и попуштав, но грешка. За ова очи вадам, макар што од далеку ми се чита намерата и никој не ме чепка. Поздрав мајки. Читајќи ве го испив 2 кафе додека бебе заспа во прегратка. Одам малку да спортувам по дома
@Fallen.Angel Мојата свекрва од прв ден прави ручек, и никој никогаш тоа не ми го пререкол. Ми готвела и посебно кога се породив, не јадев се од страв да не има грчеви малата. Доаѓаше чистеше горе, ретко дозволував ама сепак не пререкував, сакаше да се биде од помош секогаш. Сакала бебе да бања, е не може, дозволував само да ја полие некогаш со чиста вода, а да ја фаќа и бања не. Ни она ни мајка ми, сами јас и мм. Во врска со бебе, што и да сум рекла вака ќе биде, значи ќе биде и крај на муабет! Ако кажам нема чаеви и лимони, нема и ако сакаш на глава застани. Последно ме изнервира со банална работа, мене пеглата уклучена за да испеглам блуза за мм за работа, она фрц застаната и ми вика “оди ти спремај се за работа,јас ја испеглав”. И пререков, друг пат кога ќе види дека е уклучена, значи дека јас имам доволно време и сакам јас да испеглам. Не она, јас. Не е тоа мало синче на кое мора мама да му пегла, си има жена. Кога ќе речам не е време за малата да јаде сладолед и смоки, туку ручек-значи дека не е. И после го скокнала ручекот, епа и мене чипс и смоки да да ми дадеш нема да го погледнам јадењето на маса. Среќа па е разбрана, ни ми пререкува ни па ми се лути. Ама испади секој од нас некогаш има. Мое е да си ги кажам “правилата” што сакам да ми важат дома. Јас не сум од тие да бранам внуче, никогаш на никој, па јас идната јатрва неќам да ја погледнам за ништо на светот ама дете оди и кај неа со девер ми,или кога е кај нас седи со неа во соба итн. Маж колку и да сака да ми пререкува, на крај пак јас ќе си го ксжам она што го имам, оти живееме во заедница и мора заеднички јазик да се најде, не сакам да превртуваме со очи и да туфкаме и да се расправаме само. Од прв ден ми е одврзан јазикот, со свекорот на неколку пати сум била и дрска ама му покажав до каде му се границите, и мир е. Немој со тоа “до хормоните е”. Малку поцврсто, не им дозволувај да ти ги кинат нервите уште на почеток.
За чистење и пеглање веќе не ми ни помага. Знаеше да ми пререче во бременоста бидејќи чистев со јаки средства, ама и кажував дека мене важно ми е чисто да ми биде. Неколку пати се има качено терасата да ми ја чисти и ја оставам. За друго не. Дури не се ни понудила да помогне, јатрвата чистела кај мене додека бев во болница. Од прв ден кога си дојдов, со рана со болки си чистев, си перев и си пеглав. Два пати испра облека за бебето и кога ги видов белите црвени станале и реков јас ќе си ги перам. И мм ја искара кога без прашање земала негова облека и без да ги подели сите наеднаш ги пикнала во перална.
Те разбирам тотално за испитите. Ама внимавај спомна некаде дека имаш 20тина год ако не се лажам?? Те гледа како млада и незрела и она и сите останати а ти си мајка и знаеш подобро од неа во секој случај. Она може затоа прави што и текнува само караници ќе си имаш. Верувај како што расте само полошо ќе ти прават и за воспитување и за учење и за градинки школи храна гледање тв ќе не смееш да го скараш детето пред нив... Убаво сите ти викаат џабе на форумов што че се исоукаш со неа испукај се а маж ти треба да му е јасно дека сега има ново семејство што треба да е приоритет. Се надевам ќе успееш да истраеш
Како сте? Ручек истеравме.некако рано огладневме денес...Дете и надвор го шетав сабајле рано,п а и топка му купив.Викам ајде да се подаваме,а он на мене :'не,ке си ја чувам' И за чудо,после ручек си се качи на кауч,сврте грб и заспа сам... Ми се јаде некоја торта ама нема шанси у кујна да стојам...може само сладолед ко замена.. Се читкаме...
Ќе бидам кратка, денот скроз исполнет, малата успана, јас преморена. @chanell многу ми се допаѓа твојата 'бремена' фаза. Многу си ми позитивна и некако по моќна, силна. Остани си ваква. @Fallen.Angel абе маж ти за се те кара? Па не си му дете, туку жена. Еве јас и маж ми сме 9 години разлика, и имам кажано зборуваш со жена ти, не со детето. Прибери се. Покажи малку почит према себе. Не дозволувај да те третираат како дете. Околу другото, јас сум таква, кога некој ќе ми помогне чувстувам грижа да вратам или да преќутам кога ме е*аваат. Затоа скроз ја исклучив свеки за помош. Иде да виде внука или ја носам јас доле. Постојано има фази и испади. Сега е во фаза кога малата плаче кај мене иде и ми ја зима од раце за да ја смири. Како и обично 2 пати ќутам, 3 пат ја терам во три лепе. Ќе биде мирна неколку дена и после пак ќе си најде рачка за да ме нервира Не сум била кратка
Деновиве и јас имам такво чувство. Почна на работа, напнат е едвај постигнува и јас си го добивам за банални работи. Дури и ми кажа имал чувство дека сега има 2 деца за гледање, сум била немарна, не сум обрнувала внимание на неговите чувства. А свеки не знам што да правам со неа. Немам корист од карање, ќе ми треба да ми го чува бебето, немам штета од неа, само психички ме оптеретува и напнува. Веројатно сте во право треба некој да и за’ржа, ама јас цело време сум била мирничка, сега тешко дека некој ќе ме сфати сериозно или ќе имам корист од тоа.