Види ти не треба да се караш со неа туку само да и дадиш до знаење дека тоа е твое дете и дека ти одлучуваш. Со маж ти треба дефинитивно да го средите односот. Од една страна треба и он да те разбере дека после пораѓај жената ја фаќа една грда депресија, додека не се вратиме во реалноста. Кај некој е тоа кратко, кај некој не. Ама сега не е момент да те напнува.
Верувај многу си тазе во целава ситуација и нормално е се да допира до тебе и да те повредува. Прво ке се организираш сама со себе како да го фатиш редот со бебе. Кога бебе спие ти ке учиш,кога плачи ке бидеш со него. Ке полагаш ако треба и ке паузираш. Мало е и му треба мајка која не треба да биде нервозна,да знаеш дека чувствуваат премногу. Ред и ред со бебе. Второ. Ни свекрва ни маж ти требаат да го чуваат. Абе никој. Ти си таа што го воспитува детето и му ствараш навики кога ке јаде кога ке спие. Барем сега го можеш тоа додека е новороденче. Не е лесно ама ич,многу е тешко но нема да ти биде потешко од тоа што се си земаш при срце и те повредува. А ни утре свекрвати пред комшиките нема да се фали како ти го пораснала детето. Ти си мајка и ке се жртвуваш само за твоето дете ама за никој друг. Многу не има тука на форумов што немаме на кого да оставиме дете на 5 минути дека не ни се блиску. Не ни сакам искрено да ми бидат. Особено не од мажот ми страната бидејќи глумам културна и им ќутам. А моите го јадат. Пак ке ти кажам многу ке ти е напорно но план седни напиши си. Батали свекрва.
@Fallen.Angel Јас немам ни мајка, ни свекрва, татко ми е со кревко здравје, а свекорот инвалид.... и тука е мојата светла точка, мојот 9 месечен син . Помош немам никогаш никаква. Станав мајка без никакви знаења за бебе (никогаш до тогаш немав ни држено,ни чувано, ни ништо поврзано со бебе) Со труд, читање, фемина, нерви и мнооогу љубов он е прекрасно бебе со ред за јадење и спиење и многу гушкање измеѓу, а јас горда мајка. Да... имав(имам) тешки денови(периоди), душата ме боли за мајка ми,кога ќе си речам боже колку многу ја сакам и колку ми треба, реченицата си ја завршувам, а колку ли јас му требам на бебе. Тешко ми е понекогаш физички, понекогаш психички, ама таа негова насмевка лекува се. Тие рачиња што неуморно ги подава за бац и се смее со најубавите звуци, а јас очи полни солзи од таа неизмерна љубов. Те читав понекогаш и во труднички, млада и храбра си. Цени се себеси, чувај се, ти си сега цел негов свет и вие сте си доволни (со сопругот секако). Свекрвата ако сака да помогне за ручек, средување добро, ако не пак добро. Гушкање мајка
Здраво мајки Бебла тера втора дремка. Јас напрчена пред нетфликс, налакирав нокти во омилената црвена крв боја и се топам пред вентилатор. Скоро па криво ми е што престанаа ветриштата оти сега тешко се диши. Бебла е права маза деновиве. На страна фактот што ме каса чат пат па си носам модрици ко накит ако до сега откако ќе се надоевме стануваше со брзина на светлината и одма гледаше кај да троши енергија, последно време се лепи за цицка и откако ќе се најаде си седи така уште некое време и си се гали. Прв пат вака прави за сиве овие месеци. Малиов џамбаз има нова занимација. Кинеме кујнска хартија. Ја делка и распарчува до недоглед, па ми ја подава мене троФче по троФче и откако ќе ја распарчи цела, одиме до кујна по нов лист. И се така дур и здосади. Конечно почна храна да носи сама во уста. Прогрес! Со плазма од какао успеавме да се научиме. Ама последно време душава, сите не храни сем себе. Прво мора на мачор да даде, па на тато, па на мама, па на крај едвај себе јер шеринг ис керинг. Конечно закажав на фризер, со надеж дека дечкото ќе знае да смучка некоја магија и магично да го исправи мојот "мал карантински експеримент" на главава. Останете ми добри.
Здраво мајки, не знам дали прашањево е во соодветна тема, ама тука сум читала и други во слична ситуација па затоа и тука ќе го поставам. Има ли некоја од вас што посетила психијатар и пие/пиела терапија, нешто било што само да се помине секојдневието сами со две мали деца дома? Немам некој конкретен проблем, ама чувствувам дека сум пред нервен слом од неспиење, готвење, цицање, пелени, манџи, успивање, две темпераментни деца што бараат пазење 24/7 да не се повредат. Иако сум со нив постојано, веќе чувствувам дека не им го пружам сето она што сакам, веќе не сум добра ни за себе, ни за нив ни за сопругот. Како да ме совладува некоја депресија, без волја за живот, без волја да се избањам, да излезам, да сменам средина. На породилно сум засега, би тргнала уште утре на работа ама немам на кого да ги оставам, а градинките очигледно нема за брзо да се отворат. Веќе сериозно размислувам да посетам психијатар, па би сакала ако некоја од вас има слично искуство да ме просветли зашто очигледно се изгубив некаде. Поздрав и убав ден...
Психијатар е човек кој работи со медицински терапии, а психолог оној кој разговара со тебе и се убедува преку разговор да ти помогне да го надминеш проблемот. Претпоставувам дека во Македонија е сеуште табу тема и самото одење на психотерапија те прави “луда”. Ама нејсе у таа дупка надреално е да збориш на било која тема. Ниска свест за се така и за ментално здравје. А менталното здравје е најбитно за да можеш понатаму да продолжиш во најдобра верзија од себе. Психотерапевт не се посетува само кога ти е лошо него и кога ти е добро. А во Македонија има одлични терапевти кои работат и онлајн. Јас сум во слична ситуација освен што имам желба за се, но немам време за ништо. И имам разговори со психотерапевт ти препорачувам да почнеш што поскоро. Барем да се преслушаш до каде си и како да го надминеш моменталниот хорор. Ќе ти сугерираат на повеќе решенија твое е што ќе одбереш.
Добро утро Ме немало со месеци Ќе го прескокнам делот од март до средината на јуни Побавно никогаш не минело време и по стресно не било Попуштив психички... Сега се враќаме во нормала Деца добри, здрави што е најважно Втора недела како се во градинка и пресреќни се Стравував дека ќе е потребна повторна адаптација ама ништо од тоа Могли како и секогаш Со нови луди идеи и како навиено зборува Пред една година се жалев како едвај вели мама и тато а сега се молиме да престане Сака да оди на плажа, обожава Овде во близина имаме некои езерца па се задоволуваме со нив Шумата ни е сеушта главна Таму ги имаме најдобрите моменти Се облекува сама се шминка, бира ташнички и кондурчиња Голема девојка била Уште спие со нас ама тоа не било важно важно било да се сакаме Мали ми е во пејпатрол фаза Тој уште ни е бебаст Брбља по нешто што слуша од сестра му ама е далеку по мирен Сака багери и трактори Овде стално по нивите ги има и може со часови да седи и да ги гледа како работат Јас дома во главно и околу нив МаШ ко е слободен го користиме максимално Зоолошки, езерца, слаткари, пазарење Се моли да почне на работа Во март положив тестовите за возачката и овде да се пофалам Го фатив последниот ден и после мене се се затвори Сега скоро отворија автошколите и продолжив со часови До крај на месец треба да полагам а тапа сум во возење @danichap Положи? Сподели искуство Јас сум преплашена, не сакам да паднам на полагање МаШ и кола ми купи имам сеа една форд ка како желче е уште возачката ми фали и да ми се подобри животот И така... Се изнапишав, сега во реалноста да се вратам Чека пеглата Довиџења
Деновиве како луди минуваат... Месецов девојчето ќе ми прави 2 годинки Не ми се верува, кога ги гледам сликите од болница како новороденче, навистина мислам ко вчера да беше. Мене некако магично ми е избришано од глава се лошо- плачки, несоници, умор, безволие... Памтам само убави работи. Со неа созреав, пораснав на некој магичен начин Од дива станав смирена. За 7 месеци ќе се вратам од почеток, ама не можам да кажам тешко ќе биде, туку едвај чекам! Колку бев нервозна со неа и во бременост па и одпосле, се мислам ППД ме дрмаше, некако сама се опоравив и се тргнав од таа темница што на никој не ја посакувам.. овој пат сум спротивно 1000%, смирена и “пријателски” настроена, прво кон мм после кон светот кутриот, што ли не преживеа од мене за само две години Затоа е и мој, зашто и најмрачната страна ми ја видел и останал тука до мене и со мене. Во план ми е беше да почнам со часови за возење, ама на жешково никако да се убедам Уште од лани сакам, ај бебе да порасне, па порасна и коронава дојде, па бременост, па здравје второ бебе иии.. пак со таксиња ќе се расправам Биче некад. Битна е желбата, исто ко 50% да сум завршила Ја спремам дадата за бебе секој ден. Многу се радува. На кукли бебиња учиме да ги успиваме, да ги нишкаме на лулка, пиење млеко итн.. Вчера стануваме од спиење и ми вика “мамо, *** сака цуне бебе, може”? и ми го бацува стомакот Со ова “може” многу е слатка, никогаш не сум ја учела така да прашува, а скоро за се си прашува самата. И како да и речеш “не може” кога така слатко и културно ќе те праша? И еве ме дремам на работа, очиве ми се затвараат, ама тоа на нискиот притисок го препишувам. Немам сила за ништо. Ни желба. Да станам да правам кафе, да ме ококори малце. Ваљда ќе ме додржи вечер до покасно, некоја книга да му прочитам на мојон Аривидерчиии
Мајки, дали влегувате со бебето во количка во аптека, сега бидејќи е коронава? И порачав на сестра ми нешто од аптека ама не сака да влезе поради детето.
Ја се убацувам пред време ама таа што нема избор што е сама ќе влезе и со се дете што да прај. Јас сум бремена ама за се го праќам мм да оди да ми земе. Не знам колкаво е детето ама јас не би ризикувала сестра ми така по аптеки закачи морбили(така се сомневавме дека е од таму) а внучето ми имаше 3 мес и беше во тешка состојба и двајцата ги прележаа
Какво влегување Ако би ми било итно би замолила тој пред мене да ми го купи нештото секако редици чекаат Не пикам дете во затворен простор
За себе не влагам со дете нигде, а не па за некој друг, па ни за сестра. Сама би влегла било каде за било кој да му завршам работа без проблем, со детето нема шанси.
Разбирливо, ви благодарам . Бдв уште ме тераат да одам да и помагам за бањање.....Не дека не сака, сега со повредава, никој не ме раазбира...да бев во ред, ќе појдев барем еднаш недело за бањање. Нмв јас сум лоштата, како и да е, уште ми префрлуваат, можеш да шеташ со дечкото ( назад седам, лежам во кола , ко ќе се гледаме) а не можеш да дојдеш кај бебево ( месец и пол е ) Реков, од еднно влегува од др излегува.
Здраво син ми има 9 месеци и пред неколку дена приметивме дека десната нога му оди на надвор кога стои. Закажавме на ортопед за на 8ми но јас сум цела испогубена. Дали некоја од вас е имала ваков проблем.