1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Добро утро:sun:

    Да пишам додека чекам алармот да ми ѕвони:)Ќе ја носам малата на градинка , а јас ќе работам од дома.Во четврток и петок градинката ме откачи да сум ја зела малата во 12ч ]:).Па и реков на воспитачката ќе ја оставам дома петок ако не одам до работа,во четврток ќе оди за да слават роденден:party:
    За роденден планирам да направам папагал колач (шарен со сите бои) иако мразам бои да користам, плус мафини во корнети за сладолед.Ми се видоа интересни:)Ова за градинка.За домашново друштво ќе направа торта нормално:)
    Колку ќе направам ќе видиме.

    Секој ден имам закажано рандеву со шолјата:puke:Си имаме геј-врска:DОколу 13:00-13:30 си ја гушкам .Јас ќе и кажам нешто таа ќе си молчи .Ми се погоди женскава се слуша ништо не приречува:inlove:.Пиев апчиња за гадење на база на б-витамини , помагаа ама не повеќе.Па откако ќе ми мине редот сум многу поарна, па си велам да не пијам веќе секако повраќам:(

    Вчера бевме на контролен годишен преглед за малата.Прв пат сум многу задоволна од прегледот.Проверија слух , вид , висина ,тежина, дали ги знае боите, рбетниот столб дали е прав , нормален преглед уши,грло и стомак.Секако најбитен за мене беше развојот на говорот.Докторот и даде слики да кажува и таа требаше да ги кажува.Нормално граматички и беа грешни ама ги кажа скоро 90%.Згреши на кревет еј(facepalm)А го знае и мк и германски.Докторот е задоволен исто и воспитувачките, таа се повеќе зборува и со точна интонација. Уште местата на зборовите да ги научи и може во школо:rofl: Нормално и македонски се повеќе зборува исто со граматички грешки ама па 4 години има нормално е да греши:$Многу е смешна што место наше р кажува она гребавото германското р:rofl:
    За ушен добивме упат да и го провери слухот пошто госпоѓицата и кога пипкало и кога не пипкало викала пипка(facepalm)Ај ќе одиме уште време да најдам|(

    За точок и мојата вози точок веќе два месеци без помошни тркала:dance:Ама многу беше смешна кога ја теравме да вози на точакот со педали.Ќе застанеше и ќе му кажаше на татко и дека не ги сака педалите и да ги извади:rofl:Дури ја сликал мм како покажува:D
    Иако го нема возено повеќе од година ипол тој точок без педали уште се сеќаваше:)Иако точокот го имаше од лани за роденденот не можеше да го мрдне од што и беше тежок.Плус помошните:emo: На крај го пикнавме во подрумот и не и го дававме.Кога и го извадивме пак му реков на мм без помошни да проба(така не советуваше еден спортски работник на родителско во градинката).Проба неколку пати и успеа.Секогаш нормално со шлем8-|
    Сега сака само да се трка:lol:

    Вчера кога се враќавме од градинка со малата да го оставам точокот на паркингот за точаци(тежок е и не сакам да го шлепам до подрум) кога почна да истура како со кофи.Додека го врзав веќе бев дудуле мокра:sweat:
    Ручавме и отидовме на доктор.А пошто некои 18 степен малата на куси.Го заборавив палтото дома па чекајќо автобус измрзнавме.Мислев дека палтото е дома8-|После докторот се сретнавме со мм и си дојдовме дома.Да му покажан како сум го врзала точокот и да видиме дали во тој дожд сум го врзала го видовме палтото на ќере стои до точокот(facepalm)Мокро утоп.Среќа го најдовме.Да отклучиме влезната врата мм не може да го најде клучот.Јас не можам да го најдам.Пола саат стоеме пред врата.На крај мм го најде неговиот за после 2 сек и јас мојот.Во тој момент ми текна дека правејќи си муабет со мм за палтото го извадив клучот , а кога тој кажа дека ни треба клуч за да отвориме јас несвесно го бутнав во друг џеб (facepalm)Лудница сум со мозокот :drunk:

    Ајде мајки поздрав да се дојадам и да фатам нешто да сработам додека не дошло време за рабдевуто]:)

    Поздрав и имајте убав ден:f:
     
    На Mia Fuentes, Ano, Monella и 24 други им се допаѓа ова.
  2. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Здраво мајки. (highfive)
    Не сум во тек со темава, читам честитате нови бремености па да честитам и јас ама незнам на кој хахахха :lol: мислам Ава и Азалеа беја.
    Синко спија јас лежам до него. Треба да станам тулумби ќе правам пошто маж посака.
    Па ќе дојде време за на работа.
    Синко почнува од 14 Септември за прв пат во градинка и сакам до тогаш да го извадиме памперсот ама некако тешко ни оди.
    Не зборува се уште убаво инаку се разбира.
    Преку ден го оставам гол надолу или по гаќички што не секогаш сака да ги носи. И си мочка и кака во нокшир дома. А кога сме излезени се стега додека дојдеме дома. За на ноќе за спиење и за пладне му ставам памперси и тогаш многу го полни. Си мислам ако не му ставам ќе не поплави :?:сигурно и јас грешам некаде а не знам каде.

    Туку ми се плачи колку многу ми се оди на море ;( незнам дали ќе се појди некаде ова лето. За МК решивме дека нема да си одиме. Здравје на зима ако нема тестови карантини ќе си одиме.
    Јас немам одмор од на работа ;( маж има 3 недели и треба да го искористи август. Што ќе се прави дома, ќе се влечкаме по базенти.

    Туку колку многу беше активна темава порано :o сега по 2-3 постови за ден. Кога беше синко бебе секогаш пишував и ја читав темава со утринското кафе и читав по 2-3 страници.

    Не пишав ништо интересно :D само колку да ве поздравам, имајте си убав ден :sun::*
     
    На girl-miri, Mia Fuentes, Ano и 19 други им се допаѓа ова.
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Здраво мајкички :coffee:
    Ме потсети @orhideea колку често си пишувавме на темава порано ,а сега редовно ве читам ама ретко пишувам :) А фалат многу секојдневните случувања да ги пишат мајките што порано редовно си пишувавме тука на ова наше катче :)
    Јас периодов од кога се породив сум турбо бебушка ми е многу плачливо бебе за разлика од син ми ,дури заспие саати минуваат па цица по 100 пати па нишам ,возам у количка и се така цел ден :whew: Среќа дур сум сама дома со бебе и со синко ,мирен е он многу па се снаоѓам ,од сабајле ставам бебе во количка во двор ,баткото си игра јас користам дури бебе седи мирно надвор и трчам по баткото да го наранам и да испиам кафе едно ,со батково мака мачиме со јадењето уште голем нејадач е :( се трудам многу ама на крај кревам раце нудам тоа што сум сигурна дека би пробал и сум среќа што изел бар нешто .Кај бебе почнаа и грчевите па кога ќе почнат плачките од нив негде од пладне кај 6 се така до 12 ,1 по полноќ дури се смириме ,моментално чајчето најмногу помага за смирување ама гледам што помалце да давам да не ја оптоварувам толку многу .Инаку потонаа сите надежи дека второто бебе ќе личи на мене и ова копија на бато е т.е на тато :D битно да се живи и здрави ,неможам да ви кажам дека и покрај волку исполнет ден ,плачки ,грчеви,неспиење на крај на денот душава ми е полна што господ ми ја даде оваа среќа :inlove:
    Постов каша попара ми е ама ај нема да замерите :D
    Ќе се трудам почесто да пишувам од сега ,убав ден на сите :sun:
     
    На kukla21, Mia Fuentes, Ano и 23 други им се допаѓа ова.
  4. 2016305

    2016305 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Jas docna vi vrakam jas dogovoriv 100 denari cas do 14h gi cuva prezadovolna sum
     
    На SummerGirl и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.272
    Пол:
    Женски
    Добро јутро!

    На работа, ко да нема Корона а има, така некако. Само викам по странки да ставаат маски на уста дур зборат со мене, па под нос, па на увце, па вака така, се пазарат со мене. Е доаѓам на работа од 8 до 3, демек не 8 саати, ама пак е напорно. Цела десна страна ми е вкочанета, почнувајќи од увото и вилицата до колк, спијам лошо со рака под перница и верувам од тоа е.

    Дете љуби га мајка не спие веќе попладне, едноставно не сака, што да го мачам. Ај па 4 години се изнаспа за сите пари. Кога па ќе заспие иди да те видам разбуди го, по 3 саати тера, е тогаш па навечер ми одлага спиење. Ко возрасен бе, ко возрасен. И си кажува, он си бил голем батко. Оф, батко бил.

    Бебе број 2 и четврт месец го нема. Се надевам нема да си погазам на зборот и на 10ти да трчам у вц на секои 2мин да проверувам дали сум добила. А и стагнирав со намалување килажа, не вежбам, неам кога, доаѓам од работа, спремам јадење, дете и пут под ноге. Битно не се дебелеам, тоа ми е многу битно. Ама сакам да одам надоле, многу сакам. Имам неколку пара пантолони кои чекаат да ги носам, еден фустан на есен, а и муж кој ме сака слаба, јбг.

    Кречиме точно 2 недели, точно! Се спремаме и се другите имаат поише од нас обврски па ние кречењето го одлагаме. Абе... Дете требаше да е на планина со баба, ал баба се предомислила. Па така земав утре и задутре 2 дена, се договорив со колешката, она ќе иде на работа јас дома, ако кречиме ок, ако не една генералка и ајт на здравје. Не можам да молам веќе, и јас имам гордост и не планирам да си ја газам веќе за никој! Премека сум, премногу дозволувам, јака само на тастатура и во себе, а према другите к***ц. Попуштам попуштам и еднаш ќе збеснам и ме гледаат ко луда после, поарно почесто да збеснувам него ли вака. Поздраво е и за мене. Сестра ми на пример редовно збеснува и редовно лудее, ама нејзе сите на пиедестал ја ставаат, ем не им чини ем најдобра им е, а ја тринаесто прасе ем на сите трчам да угодам. И на крај муабетот Абе сестра ти е тешка, ти си друго... Абе покажи си рогови да те почитуваат, не туку ммкај.

    Да пишам уште да не пишам, изнапишав свашта а ништо не реков. Иначе приметувам форумов добива нова сила некако, ама ко ние старите да имавме малце поконструктивна дискусија. Без да се навреди некој, ама тоа е мое мислење. Уф што муабети тука паѓаа, па ќе се поткаравме, па ќе се смиревме и се така у круг. Тука имам запознато многу драги личности во животот, иако не комуницираме веќе толку многу често поради обврските, многу си ги сакам и многу ми се драги.
     
    На Mia Fuentes, Ano, Monella и 12 други им се допаѓа ова.
  6. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    22.713
    Пол:
    Женски
    Добро утро...Јас н а клупа,дете трча околу фонтанава...Што е среќен околу вода,ах оваа корона што зло ќе беше.Одмор оваа година тешко,Ох никад не сум го сакал,освен за шема терање ко девојка.А и цените солени-што прашував апп.во Трпеица до вода 70еу..Абе ајде....
    Него проверка правев на дете за висина/килажа,ме извадија од памет бројкиве од нет...Па после др табела најдов,не е ич пуничок ама вагра покажува 18,1кг и 107ц за 3ипол ..ок е мислам.
    Ај да се одјавам,ме бара детево
     
    На Mia Fuentes, Ano, Monella и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Мачорка моја е 108 цм и 18.5 кг и има 5.5 години. Така да.. чисто за споредба.
    Не барај на нет. Барај откако е роден да си следи некоја крива на развој од сите понудени перцентили. А нема врска колку е и како е.
    Пример Мачорка е секогаш на 10 перцентила за висина - во превод 90% од децата на нејзина возраст се повисоки од неа. Не значи дека не е нешто ок. Значи дека е ниска. Ако нѐ види некој нас (мене и маж ми) сигурно нема да се зачуди зошто детето е ниско.
     
    На Kitten, Mia Fuentes, Monella и 11 други им се допаѓа ова.
  8. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Чекам утрово некој торта да почести, но ги нема @Ava.84 и @Chanell*.

    Нека им е среќен роденденот на девојките, здрави живи весели и повеќе да ве слушаат.

    Реков ќе пишам некој збор дури кафе пијам, но дете се издигна од кревет и одма во двор излезе.

    Останете ми во добро здравје, се надевам почесто ќе пишувам како некогаш.
     
    На Coco31, Ano, Marmarin и 15 други им се допаѓа ова.
  9. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Еве јас со мало задоцнување ,вчера беше роденден на мојата прва љубов син ми наполни 3 години :inlove: Ми порасна детулето цел батко голем е веќе :) Немам слика од тортата ,ама вака слична беше :)Роденден не правевме ,само ние домашните се собравме колку да се порадува дете ,се надевам ќе заврши ова лудило со вирусов па ќе има подобри денови за славење (fingers)
    Убав ден на сите
    0536f9cf3fb332227b970195aa64f2a7.jpg
     
    На Coco31, Mia Fuentes, Ano и 22 други им се допаѓа ова.
  10. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.785
    Добро утро :coffee::coffee::coffee::coffee:
    Среќен роденден на синчето @elcezelce ,да е жив и здрав,сега после третата е малку полесно,веќе стануваат прави дечиња:party::)
    Среќен роденден и на цуцките на @Ava.84 и @Chanell* ,живи ,здрави и весели да пораснат :inlove::party:.

    Јас со кафе на биро го почнувам денот,но некако мачно ми е овие два дена,дали од топлово,а плус и заб ме боли:(.
    Убав ден на сите ,останете ми добри и чувајте се:*
     
    На Coco31, Ano, Kaetana и 12 други им се допаѓа ова.
  11. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден на баткото, здрав жив и голем да расти.
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Добро утро:sun:

    Да не ме кара сваќата , да растурам роднински врски да почастам:!:
    e20bc13eb11b0dc122558eaa391bbab8.jpg giphy.gif 200.gif
    Малата полни 4 години:inlove: Стана пресреќна дека и е роденден.На таблата во нејзина соба имаше напишано броеви од 1-8 како одбројување до роденденот.Секој ден ги заокружуваше без да заборави:inlove:
    Вчера го спремав колачот за градинка.Си викам ако децата останат со заби добро ќе биде:tmi: Сакав одозгоре да ставам шеќерн гус (како бела покривка ја има често во германските колачи) и не ми испадна .Веќе го шлапнав одозгоре па не се мачкаше убаво:xИ колачот изгледаше грозно:tmi: На крајот викам ќе нацртам нешто одозгора со чоколадо .Ама креативност нула.Нешто пробав излезе погрдо.Се изнервирав и стопив чоколадо и го намачкав одозгоре па сега изгледа малку попристојно.
    20200722_214746.jpg
    Ова папагал се вика оти тестото му е шарено.
    Исто и корнетките со мафини малку ги зезнав ама многу се вкусни.
    Што да правиш немаат сите талент за готвење:lol:

    @elcezelce среќен роденден на малиот ,жив и здрав ,среќен да расте:^:

    @Chanell* среќен роденден на "цицо" наш ни ги разувбавуваше деновите.Да биде жива и здрава, среќна да расти:^:

    Фала ви сваќе @24.07 и @azelea на честитките.

    Ај да седнам да сработам нешто пошто денес до 12 ќе е малата и утре дома ќе биде:)

    Убав ден на сите:)
     
    На Coco31, Mia Fuentes, Ano и 17 други им се допаѓа ова.
  13. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.785
    Душа мила,колку се среќни кога им е роденден и колку малку им треба на децава за да бидат среќни,и мојава брои месеци пред роденден ,па после денови на календар:D.Инаку колачов ти е супер(y),
     
    На Kaetana, mal.ecka, 24.07 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Аии фала што не помисливте :inlove:
    Фала женски!
    Повелете од тортата, годинава сме во Unicorn mode. 4310BBAE-9BC8-4B09-BA26-883A7015DAF0.jpeg 57E7D57E-F842-4808-98D2-A3FCB3840572.jpeg

    Се е спремно, се е бајковито.
    Не ни очекував толку убаво дека се ќе излезе.
    Ќе си напраам нов профил само за да закачам слики вечер :rofl:
    Дворот го уредивме тип топ во последен момент, дефинитвно ама дефинитивно ќе ми стане омилено место форевррррр.
    Многу ми е личен сега :inlove:
    Па за дечиња.. измислено.
    Роденденот ќе си биде скромен, гости околу 15, поделени во различни саати, јер социјална дистанца мме :D
    Моите,неговите,кумови, две другарки со дечиња и толку.
    Декорацијата тип топ, поооолно балони, шаренило од бои, ма прекрасно е.
    И само домашните да славевме, така ќе и украсев.
    Колку само ќе се радува:l:
    Цицо мој пресреќен, синоќа не сакаше да заспие од возбуда.
    На сите кажа дека “уте има љоде’ден”.
    Од свекрва ми и свекор и си доби лизганица синоќа, па ме прашуваше дали лизганицата ќе спие и ќе ја чека да прави фиу фиу.
    Сабајлево уште во 7:30 се издигала, правец на лизганицата:lol:
    После ме прашуваше каде е роденденот,кога ќе дојде, и дали ќе спие? И велам да мама, утре кога ќе станеш ќе си поголема за цела една годинка :l:
    Прашува, “а кога пале т’и” - а кога ќе правам три? :D
    Нема трпение детето да порасне.

    @Ava.84 среќен нека и е и на твојата лавица, од среќа и радост да не куртули :l:

    Јас сум на работа и денес.
    Ќе бидам во трк со времето поручек, ама за убаво е.
    Се одјавувааааааам!
    Убав ден да имате:sun:
     
    На girl-miri, Coco31, Mia Fuentes и 23 други им се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.198
    Допаѓања:
    24.607
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден да сите детенца, нека се здрави :party: :party: :party: :^:
    Ја читкам одвреме навреме темава ама ретко пишам, друшките ми се во 12-24 месеци :D да чкртнам нешто
    Нема време, на работа сум 1 ден прва, 1 ден втора смена, работам 1 сабота, др не и така се во круг, тука сум повеќе кога сум на работа ко ќе нема луѓе, ја прочитав @AngelOfArh исти маки имаме со луѓево, немам маска дај од врата наплати ми, или маската е под нос или под брада, а деновиве врие кај нас, секој ден позитивни, за место до 2000 жители е страшно ова, пукни Короно ]:) се ни за*ба годинава ]:) исто се наоѓам кај тебе во делот дека мека сум со луѓево, наивна, на сите му ќутам, ретко нешто да се збунам, таква сум, јака само на збор, а да речам нешто на некој тешко, треба ептен да се изнервирам и да пукнам :@ а ми се случило неколку пати да откачам така :D иста татко ми, да бев малку како мајка ми :) скроз спротивна од мене е :inlove: тоа е...
    Синко 19+ месеци, веќе е детенце со кое можиш и муабет да си направиш, почна да врзува по 2 зборчиња, ама како тргнал за брзо мислам ќе зборува се :D тантрумите се секојдневие, неспиењето ноќе исто секојдневие, не се научи да спија и не, станува по 100 пати ноќе, иди в раце кај мене и презаспива, пие вода, плачи...се си мислам дека кога ќе излезат и 5ките дека ова конечно ќе заврши, ќе почни да спие, да врзува барем 5-6 часа :$ уште се надевам.
     
    На Milaаа991, Coco31, Ano и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    @elcezelce @Ava.84 @Chanell*
    Големи да растат :party: Среќни родендените!

    Добар ден :hai:

    @orhideea :hug: оддамна те немало :* (синкир мене секој ден ме има |()
    Него вчера полагав :tmi: и не положив :envy:
    За две недели пак ќе одам :wasntme:
    Многу се растажив, ама многу
    Уште и нови наочари за сонце си купив :o
    Реков ќе положам и да не ме мава сонцето ко ќе ја возам мојата кола 8-|
    Кој идиот бре!

    И настинав згора на се, грло ме боли, нос затнат :doh:
    Само деца да не ги префати
    Со нив стандард шема
    Градинка, дома, на езерце
    Имаме до нашево село една бара :D
    Ја средиле супер со песок и пумпа со вода па деца играат со часови
    Ние едно кебенце на тревата и одмараме :$
    Многу ни е убаво таму
    Башка нема гужви...

    Пред некој ден ме викнаа на разговор за Могли
    Кога ќе и поставеле прашање им одговарала нешто сосема трето
    Не секогаш ама се случувало и се загрижиле
    Нормално се должи на недоволната комуникација дома
    Ограничена сум со јазикот и не можам доволно да објаснувам и комуницирам со неа
    Зборува многу и точно ама на пример кога ја прашуваме што правела во градинка да ни раскаже редоследно не може
    Ни понудија 3 часа во неделата да работи педагог со неа (мислам дека педагог рекоа)
    Ќе и посвети внимание и ќе работи само неа
    Ме изненадија пријатно морам да кажам
    Во секој случај помошта е добредојдена

    Мали кажува по нешто, сврзува по 3-4зборчиња и е многу смешен
    Од сестра му многу учи

    Толку од мене, скоро па 12часот
    Да допијам кафето и да одам по деца

    Довиџења :hai:
     
    На Coco31, Mia Fuentes, Ano и 18 други им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    јас реков стварно папагал ќе прајш (facepalm) :$ инаку среќен роденден на дечињата кои периодов славеа роденден. Кога сме кај родендениве нас ни ближи 1виот роденден. Ама состојбата не ни дозволува да славиме. :( нека се огласи генерацијата какви се нивните планови. Среќа па е на лето може во двор баба дедо некој ептен блиски да се собереме ама кај нас па дворот кај свекор ми е затрупан со рушевини од старата куќа додека тоа се среди.... А кај што живееме немаме голем двор ама би и со тоа да ставам барем една маса.

    Читам а никако да пишам. Веќе ми се потрошија мислите :rofl: ново ништо. Еве 11 месеци со ред дома си тераме обврски а од пред 2 месеци приквечер во поладното шеткаме низ чаршија и тоа е. Следам и чекам кога ќе ме повикаат на работа,се е тоа неизвесно.

    Башка се тоа жештиниве се леле мајко на одмор некако фуфки ми е да одам т.е би на еден ден со децава ама ваучерот за туризам не знам како би го искористила. Којзнае кој и какви не луѓе одат по хотели. Додуша сумата е само една вечер да преспиеш ама и тоа некако не ми прави ќеф.

    Одам да му дадам на бебчо да руча. Да си го допијам energy drink - от ( нека ми прости синко бидејќи го дојам ама не можам поинаку да се опраам ми паѓа притисок и цела сум како гром да ме мафнал)

    Па женски имајте пријатна ден
     
    На Marmarin, Coco31, Chanell* и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    @elcezelce @Ava.84 @Chanell* Среќни родендени на малишаните! Секогаш да бидат здрави, среќни и весели! :party: Дојдов само да ви честитам :) :hug::hug::hug:
     
    На Chanell*, Kaetana, elcezelce и 2 други им се допаѓа ова.
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден на дечињата, да растат големи и среќни :hug:

    Сега добар ден од попладневно кафе.
    Мм ми отвори беља, купи орбитрек, па сега наместо да одмарам од кога ќе ја успиам малата, трчам. По пола час, доста е, толку и дава времето. После ручек, па нешто да се потфате дома. Како може волку ѓубре да правиме? :o
    Секоја ден метам, а преку една џогирам. И пак ѓубришта и тиња :|

    Туку на мачето нешто му се случува :^), не Мочка во песокот, а вчера најдов една кутија со коцки ја измочал. Што може да е проблемот? Цело време му е чист, а се искака собирам, не е оставен така ]:)
    Ја повикувам @Yowannty да каже. Цел живот пораснав со мачки, вака не ми правеле.

    Детето прегеска ми направи фешти на паркот :tmi:
    Среќа немаше луѓе, ама во околните куќи сигурно помислија дека ја тепам. Вриштење бре, не сака дома, а не биваше многу жешко и образите и беа жар црвени.
    Се валкаше по тревата и не даваше да ја дигнам, јас дигни она си ги опушта мускулите и бега :sweat:
    Па на сила ја ставив во количка, па имаше едно јако врискање (дури и главата и падна од плачење) , си викам дај да ја земам во раце(уште си патам од што ќе кажат другите :|) и така во една рака она, во другата количката. И се искикоти, брее итро :doh:, на сета таа ми вика мамо пее. Па мама така запотена, туркам и пеам :nod:
     
    На Milaаа991, Marmarin, Coco31 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.472
    Допаѓања:
    183.655
    Пол:
    Женски
    Среќни родендени на дечкото на @elcezelce и на момите на @Ava.84 и @Chanell* :^: :^: :^: Да се живи, здрави, ведри и насмеани цел живот. :hug:

    @BabyT ако има полни 4 месеци, значи почнал да обележува територија. Нек се пазат мачките низ маало. :D Ја би ти препорачала да почекаш да му се смират хормоните па на кастрација. Мојата женка беше, па беше толку напалена што евентуално почна да се однесува како мажјак и да обележува територија. (facepalm) Ја стерилизиравме и се смири. Она популарно верување дека Февруари е месец на мачките во пракса не е точно, тие буквално може да се парат нон стоп, па за мир дома кастрација е најдобра опција. :D
    Ах да, сакав уште нешто да ти кажам, некој ти спомна дека сакаат да грицкаат пченица, па да потврдам. Маж ми зема био пченица Велигденов што измина ќе сади, чајот бил многу здрав. :DСамо што израсна пченицата, мачорот ја нападна и секое отварање балкон како крлеж се закачуваше за пченицата. Можеш тоа да пробаш. Едноставна и ефтина опција е. :)
    Таму каде што ќе уринира, без разлика колку чистиш, пак ќе може да го намириса местото и пак да уринира на истото место. Ако е материјал на пример тепих, или на ѕид, откако ќе исчистиш, прсни парфем на местото. Тоа може да му го замаскира мирисот.

    Здраво мајки :hai:
    Се надевам сите сте добри и во добро расположение. :)
    Се читаме наскоро. :hai:
     
    На Marmarin, Coco31, Mia Fuentes и 14 други им се допаѓа ова.