Толку ќе е 4м За тоа не зборувај, цела година ги слушам мачките, комшиката има 10 мачки и само се парат меѓу себно, колку и да сакам мачки тоа е депонија, не чисто, со болви. Овоа моето ќе ги слушне од тераса и се мава по нив, и одма закачи болви,среќа малку па ги исчистив. Туку кога најрано се кастрираат?
Леле ќути знам како е. Овде одам на неколку места кај што има така мачки на куп, ги храниме со маж. Додуша има луѓе што така одат и ги хранат и тоа многу ми се свиѓа овде. Ама греота се условите во кои живеат. Што викаш ко депонија. Иначе можеш да го кастрираш. Ја мачоров овде на отприлика 4-5 месеци го кастрирав. Само препорака е да се почека да смири хормони, околу 10тина дена ги држи, па ќе се смират некој ден, па после пак ко побеснети се. Па во тој период измеѓу закажи. И ич да не се секираш многу полесна интервенција е со мажјаци оти надворешен е зафатот. На женките им праат рез, и им треба неколку дена да закрепнат, а мажјациве одма по некој саат се ко ништо да не било.
Супер, тогаш ќе почекам уште неколку дена. Туку јас посади трева за мачки не сака да а чепне, а не да а јаде. Тоа што го садиш обична пченица е? Да пробам уште тоа, оти отидоа китките
Тоа чист маркетинг е. Мојата трева не ми ни никна. Ова со пченицата не го знаев претходно. Јас секоја година за Велигден си садам, ама никогаш не сум ставила на земја за да видам реакција од мачорот. Оваа година маж ми, тој е по здрави работи, што ќе слушне сака да проба.. Ама не дочека оти мачорот беше побрз. За да ти успее за сигурно, ке ја истуриш пченицата до пола тегла и ќе налиеш вода колку да се поклопи. Ќе ја стаиш на светло. По некој ден ќе изрти и за да не ти се праи ѓубре дома, во плиток сад, место земја ќе стаиш памук и така изр'тена ќе ја постелеш на памукот. Ќе си порасне за 1 недела. Таман мачор ќе има занимација.
Трудна жена одма намириса частоФка и еве ја Многу убави тортите и декорациите, @Ava.84 @Chanell* @elcezelce да се здрави и живи малите, многу да ве радуваат! Мило ми е што ја читам @orhideea по подолго време, ми фалеа нејзините долги постови а богами и рецептите во ФИ, тулумбите ќе ги мислам да знаеш Ние добри сме. Јас не знам што да правам со жешкото преку ноќта, со клима ми е ладно, носот ми се затнува, со прозор отворен промаја ме мава, стомак ме боли, абе не ми се погодува За вечера планирам лазањи, да одам да ги спремам со време оти после ќе биде и жешко и тешко. Ги правам со надеж дека синко ќе јади повеќе од вообичаено, во последно време мака мачиме со јадењето, пиле повеќе јаде од него, лазањи му се меѓу омилените јадења, се надевам ќе апне и дека ова период е и ќе помине. Убав ден мајки.
@Ava.84 @Chanell* @elcezelce среќни родендени на дечурлаци! Да се насмеани и весели, и да имаат волшебно секојдневие! ***
Кај сте бе? Ме потсетивте на времето кога пиев кафе со фемина, при втората дремка на ќерка ми( тогаш бебе). Тоа беше ритуал, непропуштен. Едно време и си гледавме на кафе, во спојлер Ќе ја тагнам @jovana03 дали се сеќава Мајче ти заш скроз не батали? Не дека јас сум поарна Децата спијат, не кажувам колку сум изморена, илузорно е. Колку ме вади големата од контакт исто не знам дали можам да кажам. Многу е активна да е здрава и жива, душа му вади на цело семејство и цела фамилија, се по неа се оди, само дома да не е. А, кога е дома, се се прави по нејзина нарачка, дури и полн базен во дневна Малиот е златен, 7 и пол месеци, летнаа брзо. Го сакам и го галам, дури го лигаам Ова ми е од македонски народни приказни. Стварно го галам, воопшто не се нервирам и ништо со него не ми е тешко, буквално му сум за се " на дофат руке" Со ќерка ми бев поинаква, постегната и поисплашена, сега само убавините ги гледам. Жал ми е, не дека бев лоша, ама сакав се да биде по книга. Сега сфатив дека не може да биде така, па се препуштив на животот Породилното ми завршува за месец и пол и јас се молам мерките да бидат продолжени (немеубивајте) Ај да спијам, утре ќе кажам нешто " паметно" можи. Добра ноќ!
Добра ноќ мајки. @elcezelce , @Ava.84 , @Chanell* нека се среќни родендените. Живи, здрави и секогаш среќни да се малишаните. Догодина уште повесели и поубави родендени да прославите. Кога почна пандемијава кружеа гифчиња, како родените во март и април жално слават сами родендени, ама ова излезе сите до догодина така ќе ги славиме родендените. Еве и на мали се ближи роденденот, а јас без никаква идеја. Сами ќе славиме роденден секако, ама бар весело да му направиме. Ај имам 3 недели да смислам убаво изненадување. Малку ми е шубе да нарачувам торта со ситуацијава, ама ваков антиталент за торти и декорации ко мене мислам нема. И тоа нешто што знам да сплескам во кујна, а да е вкусно, скоро никогаш не е лично. А роденден без торта не иде. Ќе мора да се решам за готова и тоа ќе биде или со планети, ракети или диносаурси. Уште не сме дефинирале. Инаку @Ava.84 ме потсети со муабетот со заборавањето, колку ме нервираше тоа во бременост. Мислам ништо не ми сметаше толку колку тој бејби брејн Ме потсети дека пред некое време правев некој тест дали сум ОЦД личност и имав 10 од 10 потврдни, па сега проценете колку ми сметало @orhideea па пиши бар од врме на време. Инаку деновите си летаат. За одмор одамна се помирив дека нема оваа година. Ќе одиме на една недела до Охрид при крајот на летото и толку ќе е за оваа година. Собата на мали излезе и подобро од планираното. Се се вклопи супер. Дете кога влезе прв пат беше толку збунето. Не му се веруваше. Еве веќе две недели само не влече ајде да одиме во мојата детска соба. И само ни покажува и раскажува. Ми остана уште фамозната маса од икеа, за да биде се комплет, ама има за сега обична масичка за да можеме да играме. А и морам да го пофалам. Од прв ден успешно си преспива во неа. Малку ми е жал и ми фали, ама ако нека се учи со време. Освен два дена кога не беше добар со тт кога си го прибрав кај мене за да пратам ситуација, без проблем преспива цели ноќи таму. И нормално станува наутро, само ќе не викне и почнива да меле. Вчера пред да одам на работа влегов да го ѕирнам, а он отвара очи и почнува да раскажува како летал диносаурсот (терандон мислам дека се вика). Јас не можам да му ги запамтам, ама он сите си ги знае. И планетите и џуџињата планети ги научи. Венера била најтопла, Јупитер најголема. Маке маке му е хит и така натаму. А и нова опсесија му е човечото тело. Ама буквално цела анатомија, коски, мускули, кожа, внатрешни органи, како одел храната од устата во желудникот и тн за да дојде до газето да ја искакал. Прееска му купив една играчка со човечко тело, за да му ја дадам за роденден, ама тешко дека ќе издржам до тогаш. И само зачувувам и става во кошничка нови играчки. Мм ќе ме отсели кај и да е од дома. Се обидуваме колку ми дозволува времето да правиме проекти. Конечно почнав да му ги погодувам. Ама и како нема кога поголемиот број од нив гледам да вклучуваат шлакање со вода А и на планина сме редовни. За надвор не е секогаш хепи да оди, ама спомни му ја шумата, одма скока. Дали дека таму послободен е, го оставам да прави што сака или толку ја бендисува. Откривме на Водно места кои не знаев ни дека постоеле. И се разбира мотив му е сокчето и грицките кои ги добива на некоја клупа после подолга прошетка. Прошло полноќ, да одам да легнувам. Утре на работа треба да се оди. Полесно ми е таму отколку од дома да работам, ама пак таму сум цело време под стрес, само мијам раце и пазам. Таман ќе си ги средам рацете дома, ќе тргнам и за два дена лом ми стануваат. Еве прееска ми се раскрвари едната . Имајте мирна ноќ.
@Ava.84 @Chanell* @elcezelce знам касно но среќни родендени на најмилит. Добар ден. Додека бебе спие цицајќи да ве читнам. Од рано сме станати со бебе, толку е сега разборувана и гласна што го разбуди и брат пред 7:00 кој во 3:00 легна. Права палавка е. Нинџа Мм ме почасти велосипед со седиште позади, еве веќе 1 месец секој ден возиме. Бебе е пресреќна, цело време пее ли пее. Како подвижен транзистор сме. Да се пофалам почна да јаде, до 150 гр. секој ден стигнавме, за доручек и повеќе . Но сменив малку мени и повеќе сака, плус и давам сама да јади и после секој оброк околу неа е бомба  Се изнаслушав дека треба да ја одбијам, веќе голема била , што ме иритира многу и ми доаѓа до 5 год да ја цицам. Им велам ,какво одбивање бие допрва ќе цицаме. До кај 3 сигурно.мм ме подржува и тие . Леле морам да одам бебе отспа в раце а ручеци имам за правење. Ве гушкам
Хелоу Редовно ве пратам мајка, тука сум само никако немам време да чкртнам нешто. Гледам многу нови мамички а и трудници машала Имам уште едно машко детенце, 8ипол месеци, гледам пак тука така сме со дечињава пак јас и ти Се сеќавам како не, таман работа, ајде кога ќе ми гледаш пак? Фала шо се сети на мене. Ќе се потрудам почесто да ве посетувам овде, Promise
Среќен роденден на сите мали и големи Друго дојдов да кажам. Ја прочитав книгата " Никаде без ќерка ми" Ми се отвори еден таков хоризонт на емоции што не можам да го совладам. Ми влезе во глава и ми исплива љубов. Толку ми ја стегна душата што кога ми се пушти само љубов искача... Ми остави впечаток и трага врз мене што мислам дека ќе трае... Гушкајте ги деците и не ги пуштајте дур можете.
Книгата остава грутка во грло Исто ја препорачувам и "Тројца во кревет" (третиот е детето). Ја читав пред 8 години, еден куп емоции уште тогаш,камо ли сега со дете да ја читам
Не jа знам книгата ама и ние сабаjле бевме трojца вo кревет и бебе падна oд спална (се разбудила и лазела). Срцевo ќе ми излеташе и еве уште не мoжам да се смирам.... И oна убавo си пoплаче мoдринка нема..... Е така да си "нашалам" пoкраj предлoгoт за книгава
Рековте тројца во кревет ние еве скоро 3 години сме тројца во кревет маж станува во 6 а јас и синко си спијаме гушнати до 9-10 и со бакнежи ме разбудува Само што појадував што најдов тоа. Маж и денес работи нешто. Јас и синко станавме во 10. Па го наранив млеко и бисквити тоа си сакаше па кафе пијав и сега седнав да ве прочитам и да пишам. Сестрами е тука веќе еден месец ама утре ќе си оди. Ќе лета од Фридрисхафен (нез дали точно го напишав) па ќе шетниме на Боден зее ако има време. Синко ќе биде многу тажен бидејќи се навикна со неа. И викав да остани до неговиот роденден ама не сакаше, запна да си оди. Лута и сум. Среќни родендени на сите дечиња што славеа деновиве, да се живи и здрави @Mari* @Ano @Monella ветувам ќе пишувам почесто јас па мислев сите ме заборавиле Постојано ја мислев темава ама ете не најдував време. Монела незнам дали ти имам честитано за бременоста, ако не ти честитам и со лесно до крај инаку не ги мисли тулумбите не излегоја баш убави не впијаја шербет убаво па сега само јас си ги јадам. Инаку ми се расипа шпоретот не ми пече од долу мака мачам повеќе од месец. И кажавме на газдарицата од станот и плус се пожаливме од кујната дека е стара и дека немаме машина за садови и рече дека ќе купи ново се само фрижидерот ист ќе остане. Ја порачавме кујната и ќе стигне крајот на август. Си купивме и нова маса со столици и масичка. Си бендисав и теписи и завеси па ќе ги купиме и тие. Време беше да се подновиме малку. Јас одамна му велев на маж да купиме нов мебел ама не сакаше велеше што ќе ни е па под кирија сме ама свати и тој дека животот ни е овде без разлика дали сме под кирија или не треба да се чуствуваме убаво. Инаку да ви кажам среќна сум што по доаѓање од МК овде има карантини тестови... сношти реков фала богу и ние да не си појдиме едно лето за МК. Мене воопшто не ми се оди за разлика од маж. Тој би си пошол да немаше тест страв му е да го прави бидејќи стапчето цело го пикале во нос. Инаку да ви кажам и ова станав вегетарјанец. Одамна го размислував тоа и ми беше желба. Од 24 април не јадам месо. Одлично ми е и немам намера да почнам да јадам. Еден ден ќе станам и веган но нема да биде наскоро но и тоа ми е гоолема желба. Пред да паднам да ја повредам ногата си направив режим на исхрана и ослабив. Јадев много овошје и салати и не јадев леб. Ама ја повредив ногата и неможев да одам ни да стојам на нозе и неможев да готвам и се пропадна во вода јадев што ќе најдам. Маж на работа јас само со дете ужасно ми беше уф помина. А знаете ли зошто паднав ? Заради синко мој. 3 години ќе прави и уште не научи дека не треба да ни бега на улица дека тоа е опасно. Ќе излегувавме и маж носеше ѓубре во раце рече ти трчај по него. Само што слегов по скалите инаку 3 скали синко се затрча да бега на улица и јас по него пошто фрчат коли дека е на удолница. Го фатив точно пред да истрча на улица и паднав истегнав лигаменти исчашив зглоб и малите коски од последните прсти или ми беја скршени или пукнати не разбрав. Плачев 3 часа во болница болки невидени беја. Јас незнам како да му објаснам да не ми бега едноставно незнам. Се е пробано и многу е зборувано. Секое излегување ми е под стрес. По улици се тегниме за да не држи за рака. Затоа ќе си седиме дома летово. Сега јас неможам да трчам и не иди во предвид сама да излезам со него. Маж на работа цел ден. Тоа е. За роденденот на синко сакаме да му купиме кујна. Мајка ми му испрати 100 евра па јас бендисав една дрвена за тие пари ама незнам дали ќе го интересира. Инаку зема тенџериња лажици си игра демек готви. еве ја па се мислам. Може да ми кажете тие што имате кујни за 3 годишни дечиња дали им е интересна играчка? Другиот викенд ќе одам да купувам балони и украси па да се спремам по полека. Еуфорија ме фаќа и само на тоа мислам. Темата е фудбалски топки. Ќе треба и торта да порачам, неможам да правам дека шпоретот не ми печи. Ќе го правиме 2 дена. Едниот ден пријателите другиот ден роднините мој кој што не ги поднесувам ама само за родендени се каниме па ај. Инаку сакав да си порачам позадина печатена од МК ама не печателе повеќе само од стиропор детали изработувале и ништо. Ќе ставиме повеќе балони. Уф километарски излезе постов. Синко пија млеко па да го заспијам ако сака. Имајте убав ден мајки
Среќен роденден на сите дечиња мечиња Јас да се надоврзам на тема книги. Ги прочитав "Никаде без ќерка ми" и "За љубовта кон синот" . Никогаш не сум се замислила толку со никоја претходна книга. Буквално ме 'здрмаа' двете, или пак јас сум сменета сега кога станав мајка и имам различен поглед кон се'. И јас ги препорачувам двете да ги прочитате. На моменти и ние мајките не сме свесни колку децата ни се ѕвезди водилки во животот.
Колку време ми стои на полицата ама не ми текнало да ја земам да ја читам.Сега ќе ја земам да ја читам како твоја препорака мајки! Време тмурно никакво веќе цел месец максимум 20 степени.Ми одговара.Малата и мм отидоа на прошетка да возат точок.Кога требаше да излеземе мене ми се згади па останав да одмарам. Да кажам благодарам многу за честитките.Ми го направивте денот Роденденот требаше да биде денес ама го одложивме ради настинка на малатаКриво ми е дека имам многу убави работи купено за декорирање на кои малата многу се радуваше Ама ајде ќе биде другиот викенд здравје само Не знаевме со мм што да и купиме за роденден па ја прашавме неа.Си повара ракети за тенис.Одма отидовме да и купиме.Поефтин поклон за роденден не е добила до сегаВажно е да се радува,не е важна цената секако не разбира што се пари Преска мм ја пушти на тв песната ламбада.Се сеќавате ли на песната? Мене ми разбуди толку убави спомени.Одма се сетив на црвената ламбада суќна што мајка ми ми ја соши.На неа имаше бродови бели како дезен и бел дебел ластик горе.Многу ја сакав и постојано се вртев и играв Ја прашав мајка дали се сеќава рече не.Дека многу работи ми сошила што не памти више Ама јас ќе ја паметам засекогаш додека ме држи мозокот.Ете колку едни ситни работи ги памети едно дете.Јас додуша имам огромна меморија за вакви работи. Го обожавав детството.Дете кое не се прибираше дома.Со една комшика која ми беше и роднина не се делевме.Кога ќе се скаравме мајка и доаѓаше и не простувашеПосле кога пораснавме исто се дружевме иако она си имаше нејно друштво јас мое.Се случуваше и заедно да излеземе.Т .е јас секогаш морав да излезам може минус да ми пишеа во диско.А мала бев ама тогаш не мораше да бидаш 18 за во диско На кафе секој ден си бевме, си гледавме .Таа се омажи во друг град јас отидов на факс и тука патиштата ни се разделија.Ама уште си ја сакам најмногу на свет Ај што ве затупив со глупости. @emkaemka нешто ми ја нема @snegulkata прими сочуство Имаше една статија пред некој ден кога е време да се разделиме од родителот.Одговорот одма ми беше никогаш Колку и да сме стари и ние и тие, ни требаат како подршка , да знаеме дека имаме на кој да се потпримеАма живот не прашува @orhideea малата има исто кујна од 1 година.Еве сабајле јас додека спремав покадок и таа спремаше десерт.Уште и е актуелнаЗа бегање на улица и мојата исто правеше зато јас ја држев за раката да не ми избега.Цврсто.Инаку до 3 ипол така правеше.Сега веќе неколку месеци не бега и ме држи за рака Ај да станам да тражам маж и дете кај се.Не сакам цел ден да лежам. Имајте убав викенд и уживајте со децата брзу ќе ни летнат
Џин Сасон. Јас од Култура ја земав пред некое време. Провери може ја има уште таму. После книгата бев во фазон: Никогаш не сакав мајкини синови, се додека не си родив еден.
Каде да ја најдам таа книга “Никаде без ќерка ми”? Леле порано колку читав.. Сега само една книга имам дома