Zdravo majki redovno ve citam ama ete na temava ne se naslo vreme dva tri reda da napisam. Otkako se porodiv mislam deka se smeniv za 360 stepeni se cuvstvuvam kako da se podeliv na dva dela eden del koj uporno si go bara stariot zivot mal del od slobodata rabotata, a drug del maksimalno posveten na sin mi. Odalecena so kilometri od najbliskite ponekogas se cuvstvuvam deka se gubam poleka vo lavirintite na zivotot.Sinko raste so brzina na svetlinata, ima 6 meseci i e mnogu energicen , celo vreme se dvizi na momenti tesko da go dopazam.
Здраво мајки да пишам додека не отишла темава на втора страна ве нема се кријате од жешкото. Синко спија јас Лежам до него. Ме нервира телефонов сам си менува зборови и си става букви големи Направив манџа за мене за ручек и сега треба да станам да направам месо за маж. Од како не јадам месо морам да готвам по две јадење. И плус за синко. Туку синко јаде само супа, млеко со бисквити, хип пија 1 или 2 денот, ретко јаболко и банана, јајце варено кога сме излезени пица или нешто од пекара и така само вртиме во круг секој ден. Туку што ме нервира многу на пример кога сме излезени јаде пица а кога ќе направам јас дома не сака да јаде абе да си пукнеш од мака. Во неделата ја испративме сестрами и синко беше тажен. После тоа шетавме и да раскажам една случка застанавме пред еден ресторант и се договараме со маж дали да седниме или не дали ќе биде синко мирен. Синко вели сака сладолед и јас велам не знам дали има овде и се опулувам на масата до нас каде што седеја стари луѓе и велам сигурно има сладолед еве стариве јадат и бевме маса до маса и не памтам уште шо глупости истрескавме (пошто ние со маж си зборуваме како никој да не не разбира) и жената ми вели абе вие од Македонија сте велам да и така се изнапрајвме муабет ама срам ме фати дека реков стариве јадат сладолед. Тоа е помина. Ние со маж многу често и по улица кога одиме знајме да си зборуваме глупости на цел глас (често и секс теми) како никој да не не разбира ама ете се наоѓа некогаш по некој што ќе разбере. Да се пофалам дека синко не носи повеќе памперси незнаев дека толку лесно и брзо ќе се одвикни мочка и кака во нокшир без проблем. На ноќе му ставам ама еве 4 вечери сув го вадам. Па ќе го тргаме и тој. Станува на сабајле и одма вика мама Дада кака и го соблекувам и си седнува на нокшир па правиме браво. Инаку и за мочкање вика кака Туку ве читам врсниците од синко па и помали од него колку многу зборуваат а синко уште си зборува по негов јазик, кога ќе отпушти не знам само ние дома си го разбираме. Страв ми е дека во градинка ќе му биде тешко поради тоа уф многу мислам за тоа како ќе биде. Сношти ептен се изнервирав. Маж заглави на работа до 8 и 30 вечерта. Си дојде и уште не влезен дома ме однесе на работа па со синко беше да го однеси колегата до едно село. Ич не сакам да одам толку доцна. Па сработив на брзина и во 10 ме зедоја. Маж ми пиша за еден сат си идел па да одам да му го испржам месото. Имајте убав ден
да ве поздравам пред да си легнувам. Да ви кажам едвај чекам одмор. Не дека ќе одиме некаде, ама ова работење од дома ме уништува. Работам дупло повеќе отколку кога сум на работа и веќе се осеќам исцрпено. Две недели не сакам да видам ни компјутерн ни ништо. Згора на се имам грижа на совест за мали. Ме гледа тука, а не можам да му обрнам внимание. Веќе почна да се осеќа и по реакциите. Кутриот само кога ќе дојде да ме тегне, мамо дојди да си играме. Што разбира дете што е работа. Па се објаснуваме, па некако ќе се договориме. Срце ми се кине. Кај изолиран, згора на се уште и јас на моменти го игнорирам. Пред некој ден му купивме нови патики (уствари први откако е роден, зошто имавме наследено едно чудо патики од братучедите). Се заљуби во нив. Ги облековме уште пред дуќан и се изнатрча. Сега имал најубави и најбрзи патики, па секоја прошетка ни е во трчање. Мамо/тато ајде да трчаме. И не се лаже со брзо одење. Точно знае како треба да се трча и ако не трчаме не кара, не така, трчај вака како мене. Ептен ни е забавно. Почнавме да се спремаме за роденден (не дека ќе славиме, само ние тројца, евентуално моите), ама битно торта и полно подароци ќе има. Кога го прашуваме што сака да добие за подарок, почнува да набројува, ама онака со прстињата - диносаурси, планети, континенти. Епа за сега тортата ќе е со планети, диносаурсите се веќе купени и вешто се кријат. Сега уште за континентите се одбира. Мајкава мерка една мапа, слагалица за малку поголеми дечиња, ама знам дека ќе е превоодушевен, особено зошто ќе треба за почеток заедно да ја редиме. А да не кажам следејќи ги девојкине на инста, какви се не идеи добивам за уште подароци. Дрвени коцки дефинитицно исто ќе има во подароците и уште една сложувалка за учење бои. Некои играчки и за себе ги бирам изгледа, ама се надевам ќе го анимирам и него. Пред некој ден гледа лего и цика, мамо што е тоа. Му реков да порасне уште малку мама че купува. Ако не он јас ќе се наиграм. Се сеќавам пред неколку години со друштвото што дружиме славевме нг во Маврово во викендица. Они сите веќе беа со дечиња и едното од нив доби лего. Што убаво се изнаиграв А колку само едукативни играчки имам ставено на фолоу ап, што сакам да ги набавам. Мм мислам дека ќе ме исели од дома. Ама затоа му дозволив он да ги одбере и купи диносаурсите и за сега имам џокер за да бирам и купувам. Мислев само мојов е опседнат со курето во последно време. Цело време го пофаќа, па кажува како рипкало и растело. Добра работа во целата приказна е што сам си го отвора и мислам ќе заврши работа да не треба да оди на хирургија. Се напнав деновиве со овие во градинка, ама не дај боже да треба да оди, а да не ми го примат има по вести да ги има. Јас поголема дезорганизација не сум видела. Ајде да сопрам тука, веќе е доцна, а и бајаги кажав за сега. Имајте мирна ноќ и гушкајте најмилите.
Ај добро утро мајки! Ми отидоа 2та дена слободни, ротирам со колешката на 2 дена па 2 дена седев дома и сега 2 дена ќе работам. Ама се тешам ќе ми биде полесно, 3 дена дома па дури вторник на работа. Ова со работава више налет, само нешто се мења, којзнае како ќе биде. Не чека продолжен викенд, маж е запнат да одиме на бањање ама мене Охрид не ми се оди никако, па планина ни е втор избор. Многу ми е полесно искрено, многу! Свекрва се веќе таму па чисто е за одење, нема да мислам дали ќе фати некаде дете додека јас исчистам, 3 дена ќе се издржат, маж ќе бере боровинки во понеделник, јас планирам искрено да одмарам со дете, ама најискрено, еве цела недела помина, цркнав од работа со чистењево. И уште не е се готово, имам уште работа. Лека полека се завршува. Држте се мајки, мачен е периодов, али ние сме па силни и ќе издржиме.
Добар ден мајки. Седам како чукната во чекална, синко моментално е во сала на операција, помина саат ипол и уште немаат завршено, мм од кафето на цигарата и се така во круг, него пак не го пуштуваат внатре бидејќи нема земено брис за ковид. Тешко било многу да си во ваква ситуација ама се тешам дека има уште потешко и не се жалам, а и не смеам пред син ми, дечкото разбира сѐ и почна да поставува секакви прашања. Туку, сега видов дека подобро ќе било да го направевме интервентов додека беше помал, вака сега разбира, се плаши, ќе му остане во сеќавање. Мене ми дозволија да влезам и во салата за операција за да не се плаши, ама дека бремена пред да му стават анестезија ме извадија, сега чекаме само сѐ да се заврши во најдобар ред и за 3,4 дена да се вратиме дома. Па работата да биде уште постресна и во друг град сме, ем маж ми не може да влегува ем не ќе може нешто ако притреба да дојде. Постов е само жалење, ама морав!
Што оперирате? Имам пропуштено ако си кажала, ако не е за кажување уживај! Побрзо да помине! Синче па изразува некоја желба матичниот да си го види, му недостигал, да си посвиреле суперско гитарче со Гого и да му дал диши диши да му напраи (он на него). Некни јас одев накај државна и коа запна де свртете ене го кај е, да го видам само!
Лајкот е за поддршка не дека ми се допаѓа ситуацијата во која си...незнам зошто сте на операција ама што и да е само со лесно да помини
@Monella со лесно,се да биде како што треба Дали се работи за тироидната знам порано нешто спомнуваше дека со неа имате проблем?
@Monella што и да е да поминува побрзо. Силни сте вие ќе го издржите ова. Ќе помине. Мисли позитивно. Да не те гледа детето тажна. Поминувајте го времето во болница во игри, песнички. Земи му ги омилените играчки играјте. Па и по некој цртан гледајте. Деца се ќе заборават. Ти праќам позитивни мисли и гушки до вас
Добар ден од уште една хронично ненаспана во низата! И нервозна! Глава ми пука, ем кафе ем вода со лимон пијам да стабилизирам притисок. Сношти малата не ме остави да спијам. А и како би, легнавме во 4 да дремнеме малку и станавме во 7 Вечерта во 1 ми заспа, ама едвааааај. Сака да гледа на јутјуб, и дозволив пошо морав да се туширам,алишта да пуштам да перат, и да легнам нозе да испружам. И го земав после некое време и почна да плаче. Ме изнервира тоа крескање во 1 по полноќ додека татко и мирно без мува да го лази си легна и као секундардно заспа цврсто Мене стомак ме боли, вчера цел ден не арна, па и вагиналетки едни морам да ставам,и како побогу да станам да нишкам дете за да спие? Си го жртвувам здравјето за сите веќе Со мм се влечкам по доктори,по аптеки, па да му кажам кога што да испие, што да намачка.. ако ви кажам дека вчера во целиот тој хаос не ме праша како сум, што ми се десило, ќе ми верувате? Знаете како сум плачела кога заспав дете денски? Бетер од неа, пола саат не можев да се сопрам.. река... Моментално си брка работи негови, сакал камион да купува и вози, па сиктер бе крши глава. Да не си ја прашаш жена ти дали е добра,дали и треба помош, а да си ги мислиш обврските што ти ги дава татЕ и батЕ, значи фали некоја дебела даска у глава. Исфрустрирана сум донемајкаде, не му зборам ни па го погледнувам. Во вакви моменти го мразам. Искрено,го мразам. Ниту една пара на светот нема да ми го надокнади времето изгубено во нервоза ради него. Навечер по плоштад полно е мајки со деца и мажи за рака, јас знаете со кој искачам? Со мајка ми. Оти неам маж. Оти маж ми цел е бизнис во главата, ко пионче некое го шетаат од дома Со цел памет се нафатив на второ дете бе .. ах аххх. Мислам дека ќе полудам. Ми иде да оставам дете кај мајка ми и да се изгубам од очите на сите на една недела. И се развикав на малата синоќа и со солзи во очи ми вика “мамо не така цркај,пополека” Немам на кој да се истурам.. па она ми беше тука со неспиењето. Сериозно, следна недела одам некаде на неколку дена сама ... Па нека ме мислат кај сум и што праам. Гниди бесчуствителни. Извинете ме на негативниот пост. Ова е мојата ненадмината постпородилна депресија која за жал никој околу мене не ја препозна, а мене секојдневно ме турка во една длабока црна дупка. Не гледам светлина да ѕирне...
Само за поддршка кликнав ми се допаѓа. Ако имаш на кого да ја оставиш дадата да ја оставиш и оди некаде сама, на 1 викенд бар. Верувај ми полесно ќе ти биде.
Во слична ситуација сум ама јас веќе не се нервирам. До година ќе си имаш уште една другарка за шетање,мене двете со мене ми се доволни+внучка Немој да се обвинуваш зш второ дете,кога ќе се роди ќе се прашуваш што си правела без неа
Фала на сите за поддршката, навистина ми значи во овој момент. Помина интервентот во добар ред (така рече хирургот) ама анестезијата многу лошо ја поднесе. Интервентот траеше 2ипол саати а уште толку му требаа да се пробуди како што треба и уште е поспан, на почетокот беше и повратил а кога ме викнаа внатре беше ептен вознемирен, не можеа да го смират, плачеше, зборуваше мешано и мк и ит, кога ме виде се смири малку, работата била и за катетарот, сакал сам да мочка без катетар. Инаку зафатот беше на црниот дроб и кога веќе беше заспиен го направија и на тестисите. Сега само побрзо да се опорави и да си одиме дома, се надевам нема да му останат трауми. А јас што сум 32ра недела и со ризична бременост, до вчера не бев одена до продавница, еве денес седам овде со отоци на нозете и уште не сум ручена, вчера правев и брис за ковид 19 и тоа да ти било болно, и на мене и на дете солзи ни потекоа. Го гледам така невино си лежи со болки и воопшто не се жалам, пак сѐ ќе направам само тој нека биде добро.
@Monella супер што помина добро. Ослободи малце душа. Ама пробај и ти да одмориш малце. Да кренеш нозе. @Chanell* и за тебе. Верувам дека ти е пукнат филмот. Краткотрајно решение - најди време за себе и пробај да се релаксираш. Долготрајно - разговор. Друго чаре нема.
@Monella силни се децата, посилни од нас.Легни и ти до синко и одмарај @Chanell* одамна го имаш проблемот со мт.Решение е само да разговарате најотворено и искрено.А исто да направиш пауза од се не е лоша идеја
31.07.2020 е денес. Година и половина на висини и силни падови. Налик ЕКГ на пред инфрактна состојба. Година на корона во која ќе го помине второто лето на езерото под алпите на “песочна” плажа. Само здравје од следна по два пати на летен ќе идеме за да “оздравиме” од годинава. Година на први чекори. Од ден на ден стабилно чекори низ животот. Каква радост е тоа да си го гледаш детето како преминува низ моторните фази. Година на први зборови. Недефинирани гласови кои даваат некоја бебешка азбука мелем за уво. Бебето зборува и објаснува, се кара, се лути и се радува. И гушка со двете рачиња. Година на прилагодување во градинка. Се пронајде себе си во таа соба со минијатурни столчиња преполна со играчки. Дечињата ја чекаат на врата фатени за рачиња, а она како Тито влегува. Претходно не гушка за чао, се осамостојува си помислувам. Со себе ја носи онаа силна појава, ќе биде многу доминанатна. Ја ѕиркам од прозорот како се упатува кон омилениот ќош, а дечињата и ги носат своите играчки. Она како шефица одбира со што ќе си игра. Делува толку среќно во таа просторија. Веќе работи на себе по сите параметри што ме радува. Учи за ред и почит, ја учат со лажица да јаде и да пие вода од чаша. Заспива во едно минијатурно креветче со своете меченце. Учи да дели ствари. Да слуша, да молчи, гласно да се смее. Година на први другарчиња. Кога ја земаме во три часот нејзината другарка Ема плаче. Ема и Емили се неразделни како единствени девојки во групата која брои пет члена. Ема е лута и малечка по градба. Емили е насмеана и гласна. Нон стоп разговарале, а ни двете не зборат. Но се разбирале меѓу себе. Веднаш се гледа поделбата на жени и мажи и како почнуваме да чекориме на овој животен пат - со ширум отворена уста. Година на прва книга, прв сладолед, газење по песок, чекорење на трева, камења во езеро, пуштање на лизгалка во вода, базент за деца. Ќе биде и прва година на преселба. Ќе чекори во голем град наскоро за нејзино добро. Да има повеќе можности и отворени врати, да биде прилагодена на брз живот и да знае како е да се живее во мулти култи центар. Да има отворен поглед кон светот, но и да биде внимателна и снаодлива. Утре кога ќе замине од дома на студии да бидам сигурна дека ќе се снајде било каде да е. Бидејќи не верувам дека би седела со нас на цел свет отворен пред неа. И не треба да седи. Треба да се бара себе си каде и што ја прави среќна и исполнета. Ќе биде и прва година на тотален мир. Од кога почна во градинка до 15 часот ми се врати животот. Колку малку треба за исполнет дом. Во принцип вака минуваа деновите: Треба се да си дојде се на свое место за да работите функционираат. Се вратив комплетно неделиве. Приметив дека почесто бев на социјални мрежи кога бев по цел ден со неа, а сега како да си ја ценам слободата. Секој ден го користам за темелни промени. Од тело, форма, боја, вкус, исполнетост, надградба, стручна литература. Дишам со полни гради. Сега сум среќна. Вака можам да бидам одлична мајка и сопруга. И швалерка али ме мрзи Денес ми беше еден од поубавите денови во животов без никаква поголема причина. Едноставно ден полн со љубов. Ручек во омилен ресторант, шопинг, вечера. Сменив и кола да не останам непофалена. Се од корен менувам. За да не е досадно. Една година претставена преку слика личи вака:
@Monella побрзо оздравување на синко, чувај се и ти. @Chanell* само отворен разговор со мт, остај му и дете и куќа и се на неколку дена, секогаш наоѓај време за тебе, уште малце остана да бидеш по релаксирена. Добар ден. Ме фати од некни страшен период, неможам да кажам дека е депресија, себе не се сакам, а не па и другите(добро ова за бебе не важи), мака ми е што моите не се овде, колку толку да ми помогнат, сакам да излегувам, да шетам, да се шмикам и облечувам како и секоја девојка од 23 години, а не по цел ден тренерките и пижамите и да мислам што да направам за ручек. Среќа мм ме разбира, исто и баба ми, среќа е што уште имам на кој да се пожалам. Дедо ми уште таа тура и си оди за Мк, најверојатно ќе помине одкај нас да не види, па тоа некако ме расположува. Бебе ми порасна во девојче, бира што ќе јаде, кога ќе оди на чао, од вчера времето се разлоши, таман ја извадов надвор кога почна да врне, па ајде плачки, теглање на палтото и милион драми додека да заспа. Ама пак ја сакам најмногу. Одам, стана.
Продолжен викенд мајки, ама де шкртнете нешто. Дремам на работа, дел од работата ми е завршена, дел ми е во исчекување да се заврши. Попладне ме чека да направам една супа, да испечам компирче и коковче, да смучкам едно пинџурче и да одам да ми пуштат инфузија. Лесно ко песна. Продолжен викенд истеравме во село, со комарците, една кума лиска и среќно дете кое си проби многу свои граници. Се шеташе низ планината, уживаше во вниманието, си најде најдобра другарка која ја гушкаше и бацуваше, побара пак сестричка и животот не можеше да биде поубав. Можеше, ако не се лажеме, ама поубаво е да мислиш позитивно. Да е жив и здрав, го обожувам, неизмерно го сакам. Кога сум на работа ми се јавува само да ме праша кога ќе си одам, па дава предлог татко му да оди на работа а јас да седам дома, што радо би прифатила, ама кога сме двајцата сами дома сме 2 жарчиња, се караме постојано Тој ви е дете кое сака се а не може да прифати дека газето не му е вредно, способно да речам, сака да зборува и пее постојано, да учи и осознава, ама мама е уморна и не секогаш по 100 пати на ден да повторува дали петелот лета или не, дали гулабот лета, дали Диего има јагуар или има лав, дали Дора и Чизма се другари со Крадло или не, дали, како и што цело време без престан. Најново и праиме рецензии по неколку пати на книгата на @Shelea и мислам дека ја знае подобро и од самата она, само за тоа се зборува, дали тетка Вера пали месчина а гаси сонце или Перо, дали кучето и гулабите живеат на ист спрат или не... Има библиотека поголема од мојата Не сакам да спомнам ама морам, веќе 5ти месец го чекам денот Д, знам дека не треба да мислам цело време на тоа, ама не можам, посилно е од мене. Овој пат го чекам 10ти, онаа предменструална подуеност си стои, апетит, желба за гумени бомбони и сладолед, само барам нешто поинаво сега. Се трудев максимално да се однесувам секојдневно и мислам дека ми успеа, ама ако не ми успее овој месец сакам да почнам озбилно да се занимавам со слабеење. Од -10 кила не мрднав еве 6 месеци. Сакам уште 10 за да може да одам на лекар да проверам, вака немам лице да му се појавам на докторот, он ме кара постојано за тежината. Тоа би било тоа од мене, немам нешто интересно да кажам, одам да ставам едно кафе оти кај и да е дремка ќе ме мавне.