Здраво мајкички Се надевам сите сте добри ве читам редовно ,па сега во обид незнам кој по ред да го успиам бебе мое си реков да пишам ,комплицирана е оваа моја мала кукла дури се успие цврсто се презаспиваме по едно 10 пати сигурно почнуваме кај 21ч. легнуваме негде околу полноќ ,таман бебе се успало тогаш баткото почнува му се кака ,му се јаде ,вода му се пие па дури го средам и него ме фаќа еден по полноќ .Синко мој без мама несака да заспие ,легнува божем со татко му ќе спие дури јас заспивам бебе ама секогаш тате заспал ,а он доаѓа кај мене да ја заспиеме бебка заедно ,па толку е сладок кога ќе почне да и пее нани нани бебенце ,златни се ги обожавам Многу сум уморна на моменти дури и нервозна ама секогаш гледам смирено да ги обавам сите обврски околу нив двајца.Друго нема деновите ги поминуваме дома во двор изолирани ,баткото збеснува по некогаш посебно кога ќе се вратат од работа татко му и баба му ама го разбирам дете му фалат дечиња да си игра му фали социјализација и мене ми фали многу ми фали да прошетам да испијам кафе со друштво, ми фали да ми дојдат гости дома аман веќе со вирусов нека заврши ова лудило веќе @Kaetana и мојот маж е ист не дај боже да излезе со другарите /колегите секогаш вика се враќам за саат два ,ама секогаш се враќа за многу подолг временски период не ми е јасно како можат толку да седат што прават со саати @Mari* честито возачка да си шеташ сега со дечките секаде @emkaemka нека ти е среќен роденденот и само убави моменти во новиот стан да си имате @Mia Fuentes жива,здрава куклата голема да расте Добра ноќ мајки
Здраво мајки, незнам дали е за тука муабетов но да си кажам. Син ми за 10 дена ќе полни 4 месеци. Пред извесно време почна да плаче ама хистерично да се дере кога има некој кај нас или кога го носиме некаде на гости. Свекрвата што беше со него од раѓање, сега кога ќе ја види он плаче. Комшика викнав да видам реакција, исто, се откорна од плачење додека не си отиде. Вчера бевме кај моите, патувавме 120километри, се почна убаво, мајка ми го зема го шеташе, он си гледаше, и наеднаш рикна не прекинуваше, го земав, отидов на само да го смирувам но се посилно се дереше хистерично, како којзнае што ќе му прават. Немаше ни 15мин се вративме назад за Скопје. Во кола заспа а кога виде дека стигнавме дома почна да се смее. Како да го опуштам детево, период ли му е што му е, како да е исплашен од нешто. А кога го шетаме надвор, во парк или околу зграда нема проблем, си гледа, луѓе поминуваат, не реагира.
Период е, исто и нас ни правеше. Само дома да биде и само со нас. После се смени. Поздрав мајки. Имам план за денеска, ама мм уште се расонува, ако почнам сега да кажувам, се ќе ме одбие па после со фино ќе почнам... сакам да ме носи на качанички, уште имам за средување на исгротеката у двор, ама стра ме е ќе вришти одма дете виде пред малку дека узреало некое грозјенце у двор и отиде да бере.
@vitamina дефинитивно се откажав за Италија. За 1000 евра добиваш станче со стар мебел и стари постелнини. Две столчиња, балконче метро на метро... А хотелите собите по 12 метри квадратни хахах не фала. Инаку желба ми е да ја прошетам Италија ама ќе биде друг пат. Сега на Маж да му речам да вози 1200 км ќе ми рече ееее за толку возење Македонија ќе си појдиме да ги избегнам тие споредби ќе одиме поблиску хахах Решивме за Хрватска. Ама ни тоа не е сигурно. Инаку овде сите одат Лидо ди Јесоло затоа и цените им се во вис. Најблиску му е на Австрициве и Германциве. Секој викенд овде кај нас спрема Италија има застој од гужви на автопат. @Mia Fuentes Среќен роденден на малата принцеза! Редиме коцки со дете. А треба да станам да исчистам со правосмукалка, да соберам алишта и други да спружам, да измијам садови, да готвам нешто, да исчистам купатило ... и незнам дали напишав се уште не сум ни појадувана па ќе ручам директно. Чао мајки имајте убав викенд
Абе... се знам и ми е јасно. Цените се такви какви што се пошо германци австријци и швајцарци дебело плаќаат за "ништо" што велат "кога нашле овци ќе стрижат" Не е ни чудно што пола и повеќе од ресортите се им празни. Ќе беше друга прича да не плаќаа горниве суми и суми. Секое лето се крстат на нив!!! Римини е посолидно кажав. Јас ионака живеам до језоло. Кога сакам одам. Ама да појдам за да плаќам мочки тоа не. Југот е магичен кажав. Јадранот на италјанска страна мочка со еден збор. Вистината е таа барем сум искрена. Не појдов и јас ради тоа што е гужва и застој. Претпочитаме работен ден. Има многу поубави дестинации за трошење пари искрено. Овде сме како во сахара, 50 степени е. Не бе не ти треба 50 степени, јас месецов припаѓам по дома Одам на плажа 4 часа, еднаш бев цел ден и никад више тоа е прежививање не се дише. Нафрлав онака. Ај ќе се чуеме по лп
Добар ден @Mia Fuentes среќен роденден на малта жива и здрава да ви расте @emkaemka среќен роденден и честито станче @Mari* честито возачка се по прав пат да возиш.Секој километар е искуство ќе се научиш @24.07 сваќе кај си? Како ми е зетко? Кај нас 38 -пекол до петок ќе биде ваквоЌе си умрам готово Преска му велам на мм да знаеш ќе одиме на одмор северно ама гледај да е поблиску до Норвешка и да знаеш јас ќе пребегам во Норвешка и таму ќе се преселам на старост.Или на ГренландНе можам ич жешко, плус имам и алергија од сонцето. Кога вака ќе размислам кога одиме на одмор секогаш ми се слошувало од жешкото по пола саат изгубена сум Лидо ди Јесоло го паметам по 11км песочна плажа и топлата и чиста вода.Уште во јули имаше медузи.Таму ми беше првото бањање на море и првата боцка од медузаСи изнајмивме со сестрами дупол точок и се возевме.Колку убаво беше среденоУште се сеќавам на грмушките во форма на полжав Хотелот ни беше мизерија казанчето не работешеА демек 3 *.Италјаните во продавница не зборуваа англиски, па сестра ми на македонски им збореше повеќе се разбираа Ако одам пак во Италија на одмор би било Октомври на дожд Сабајле се спремавме најрано и отидовме до нашто езерце што си одевме и во март.Не фати таква гужва што 1час ни требаше плус до таму.Па стигнавме во 12.Океј паркинг имаше ама имаше и редица за влез на плжата, внатре препуноВреме за чекање 1час. Не ни се чекаше па отидовме на сладолед , па на ручек и кога се вративме пак, таа редицата пак беше голема.Си рековме одиме дома не доаѓаме веќе толку рано.Среќа на враќање немаше застој дури бевме изненадени што така брзу си дојдовме дома.Решивме ако одиме ќе одиме како и до сега после 17часот.Секако овде е светло до 21-21:30 , а јули и до 22часот.По патот сакавме уште на неколку места да застанеме .Луѓе препуни беа сите.Во нашата околина има над 1000 езера и сите биле преполни Сакав да му предложам на мм да одиме до едни бунгалови, да седиме на едно езеро два дена.Ама бунгаловите како на Стив бараките само помали Мм па ми вика е ако де за една вечер ќе пробаме има веце ,има кујна што повеќе.Мене 65 евра само за чистење не ми се дава.Ова езеро го најдовме минатата сабота.Си имаше приватна плажа ама оти бунгаловите во шума многу ми се допаднаа.Мислам поладно од бетонот на градот,ќе бидат.На едно помало езерце има многу поубави бунгалови -дрвени поскапо ама таму може да прашаме за некој викенд.Исти им е сопственикот.Па зошто да не доживееме и ваков одмор Што се распишавМалата ме вика да си играме продавачки или докторки кој ја знаеДа фрлам телефонот веќе.Имајте убав викенд и гушкајте најмили
Не дека е до толку лошо де лидо само е префорсирано. Стрнава ваму накај бибионе е 100 пати поубаво чудно што само лидо го знаат. Добро, германците тука се имаме 5 6 плажи во размер на малку км. Ама лидо баш префорсирано е, плажите се тесни за разлика на пример од бибионе каде се далеку поголеми. За деца немаат ништо и така. Не сакам да ме сфатите дека е баш баш за никаде си има убавини си одам и јас ама сакав да кажам дека за парите е лошо. Многу малку нудат а многу пари сакаат. Еве италјаниве одат накај југ на одмор нема италјани во лидо. Лидо е за горниве само Е водата, не е чиста. Ич не е чиста. Може така ви се погодило ама озбилно не е чиста, често е со трави внатре матна и така Ај да ве поздравам со лидо
Ние бевме во далечната 2007 година во јули месец .Јас видов медуза епа сигурно не е била матна . Плажата гледаш е песочна и тогаш водичот кажа дека е 11км.Не се сеќљвам дека е тесна.Знљм беше полна со лежарки.Ова беше многу одамна може се е сменето.Ама плажата е многу поарна од полно плажи до сега што сум била.
Јас од 2008 сум овде. Да, има многу лежалки не верувам дека е сменето. Водата се мати од гужви и туристи. Фрлаат отпадоци плус Плажата по широчина е тесна за разлика од други плажи до језоло. Е песокот е убав, плажите се големи тоа да.
Добра вечер мајки Убава свежа ноќ, за промена. После ужасни жештини, посебно се ценат вакви денови. Се спремаме за прв роденден. Зад нас, година на многу први работи исто така. Вообичаено, се поврзано со неа. Година во која дишам со полни гради, низ сите пори на телово. Година на откривање ново себе со сите свои моќи да сакам повеќе од себе си. По неа, и него го сакам невообичаено подлабоко, поинтензивно, полудо. Сакам да трае. Го привршувам и албумот и последното писменце до неа. Не знам дали ќе имам време да и пишувам и понатака. Таа секако ќе има што да гледа кога ќе порасне, уште повеќе што да чита. Си има и нова љубов. Силиконски гуштер кој секогаш кога ќе го видам кожа ми се ежи, а таа го обожава најмногу на свет. Не се оди никаде без него. Сите девојчиња со кукли, мојава со гуштерот. Не го дава за жива глава. Со него се буди, со него заспива, се се прави со него. Арно ама, и мачорот го намерачи, па војни беше по дома за него. Сериозно, морав да ги делам во различни соби. Видов не видов, денеска специјално бев до Џамбо за да земам уште еден, оти двајцата го тегнеа на своја страна. Земав скроз ист, и пак, ниеден од нив не се откажува од стариот. Како е можно? @Monella лесно опоравување на дечкото. Најтешкото поминало. Сега само да се гушкате и да заборавите. Честитки и до сите што имаат убави поводи.
@Monella со помин да е @Mari* честито возачката @emkaemka честито ново станче и среќен роденден сите желби реалност Среќни родендени на сите мајки и дечиња кој слават овој период. @Ava.84 Тука сум сваќе, редовно ве читкам ама нема што да пишам. Секој ден е копија на предходниот. едно исто скоро секој чистење, пеглање, ручек и шеткање со дете. Дете расти,за еден месец 4 години ќе прави, но сеуште е палав. Секој ден мора некоја беља да направи, утрово го исури дезинфекциониот гел на ламинат се смеј и бега. Сеуште незнае да оди по улица туку бега... знае да ги отвори вратите во дворот и бега по улица и трца право во комшии да ги гледа желките. Ако ги пишувам лудориите на дете секој ден ми требаат 5 страници да изнапишам. Го чекам маже да си дојде од работа па ќе излезиме дете да се изнатрча а ние да наполниме батерии. Имајте убав ден со вашите сакани.
Здраво мајки Да ве почестам со тортата што ја направив за 3 от роденден од синко. Бебето мое е веќе дете. 3 години ни ги разубавува животите и исполнува. Со него никогаш не е досадно. Среќа ни е најголема. Секој ден му благодарам на Бога што го имаме Изненадена сум колку брзо расти и учи нови работи. Како вчера да беше кога се роди и беше многу малечок Веќе кажува и за мочкање и какање (леле колку се радувам за ова) вели мамааа Дада кака и трча на нокшир. Вчера му купивме балони со хелиум и дури в спална спиеја со нас многу се радува. Сега спија, го чекам да стани и одиме да го сликаме на фудбалиште со тортата, балоните и топка. Следниот викенд ќе го славиме роденденот со пријателите. Ќе има и неколку дечиња. Ќе му украсам со мнооогу балони. Му порачав и торта со топка. Многу ќе се радува Имам многу за пишување ама ќе скратам, многу емоции ме обзедоа денес многу насмевки, мисли а и по некоја солза но се од среќа Незнаев дека можам волку многу да сакам се додека не се роди. Имајте убав ден мајки
@Ano и вашата детска беше со тема вселена или измешав брзини? ако не се лажам и ти имаше пишано за постелината од Дормео па ако не сум грешка кажувај идеја за лустер . @Chanell* вчера се присетив колку тешки периоди имав во бременост со второво. Често коментирав дека можеби не ми требаше тоа, дека избрзавме и дури размислував што сега? Дали има и друг начин. Се каев уште во истиот момент ама тешко ми беше. Не можам на друг начин да ти помогнам ама верувај дека исто ќе се чувствуваш. А со маж обавезно разговор. Не еднаш, сто пати. И малку заржи. Ама стави се и на негово место прво и размисли како му е и дали навистина треба и може другше да постапи. Јас се карав периодов бајаги со мм, абе така ми го креваше притисокот што малку фалеше да се разведам. Да беше поинаку ќе соберев децата и низ врата. Вака му предложив он да излезе ама не се дава . Е после седнувам ќе оладам и стварно ми е криво. Ме нервира во одредени ситуации и не е совршен ама огромна подршка ми е. А сепак периодов премногу изгубивме блискост. И така пред три дена добив за првпат откако сум породена. Маж се прерадува, до пмс било . Го праќам постов, после ќе допишувам, станаа момците инаку и ова ќе биде еден од стоте напишани и неиспратени
@orhideea среќен роденден на малиот, многу да ве радува! Добар ден. Денес ранобудни сме, од сабајле бевме во црква (после незнам колку време) сите тројца, синко зема и причес, многу беше жешко едвај издржав на нозе. Се видовме со пријатели, пиевме кафе во барот, деца се поиграа и помина пола ден. На ручек кај сестра ми, не дека ми се јадеше нешто ама ете дома да не е. Дете периодов слабо јаде. Не дека прво беше некој јадач ама сега ептен пропадна во очите, препишувам на интервентот, болници, страв... Не го форсирам многу, давам тоа што бара, од вчера почнав со витамин б па ќе видиме. Ќе си полежам уште малку заради отоци на нозете, потоа ќе треба вечера нешто да се спрема. Убав празничен ден мајки.
@Monella поминало се, сега само пазете се и гушкајте се. Навистина нема потешко од тоа да пуштиш дете во операциона сала. Ама се додека има чаре се ќе се издржи. @Chanell* и за тебе. Ете веќе се средило. Едбо сум сфатила, се додека си ќутиме и си трпиме ништо на поарно нема да оди. Штом стиснеме заби одма работите одат на подобр. Значи наместо да си траеме, треба да си кажеме се што ни лежи, а не сами себе да се нервираме. @Mari* честито возачка и максимално да си ја искористиш. @emkaemka среќен да ти е роденденот. Жива, здрава и уште погорда на малиот палавко. И честито станче во Охрид. Се надевам повеќе ќе го користите од нас. Додуша кај нас старите седат таму па веројатно и затоа не го користиме толку. @Mia Fuentes среќен роденден на малата. @Kaetana среќни родендени. Кога те читам со каква љубов зборуваш за работата, на моменти човек и да ти позавиди. @orhideea среќен роденден и на твојот батко. @Minnie-e да нешто така е собата на синко, ама лустерот (украсниот) ни е diy проект. Сами го работевме ние тројца и фаќа голем дел од таванот, па има само обична плафоњерка. Ако имате желба и време, може да ти пуштам фотографија како излезе крајниот резултат и стварно убаво и уникатно. Ете стигнав да честитам на сите по нешто, па нема да пишувам повеќе, зошто и времето ми измина. Мали вика да си играме. 2 минути без мене не прави ништо. Имајте убав остаток од викенд па се читкаме.
Денес слободнот време од Денов ќе го посветам на читање се ново испишано на темава @Mia Fuentes генерацио со многу задоцнување ама честито роденденот на момата. Нема со што да се пофалам. Седиме со деца дома се занимаваме приквечер одиме да прошетаме низ град и така. Големиот ми е багабонт живец црвец на мирува си ја дупна ногата на шајка па сакал неќел ќе мора да одмара. Малово стана џивџал. Пишти се кара се расправа по негово а никој не го разбира се спремаме за роденденот уствари не се спремаме туку само торта ќе правиме и големиот ќе дувал зашто малото не знаело
Кога си млад полн со амбиции за напредок, учиш, се надградуваш, работиш и уште работиш, заработуваш и трошиш, шеташ, патуваш, си формираш сопствен дом. И доаѓа детенце и сфаќаш колку е се потешко со работа која бара силна концентрација, работа на која одговараш и за други лица, работа која ја сакаш и те прави среќна Или те правела среќна. А сега те нервира зошто значи одземено време кое може да го поминеш со детето. Почнав на работа, така речено ме принудија да прифатам прекин на продолжено породилно. Работам од дома, сама со детето. Нит го гледам детето како што сакам , нит ја работам работата како што треба. Имам високи критериуми за сработеното, и сега тоа не го исполнувам. Во исто време, реков дека нема да давам дете до 3 год да гледа тв, почнав да му пуштам ТВ за да имам онлјан состанок во мир. Машина една, друга, ручек за бебе.. Телефон ѕвони. Жонглер. У 730 легнува бебе, јас во 830. Папсана. Буквално. Маж ми исто. Висока функција со работа со многу мислење, заглавува на работа до 5, скапан од работа. И он и ја. Ми иде да си дадам отказ од оваа високо платена работа, ама кредити, кредити. Плус знам како е да броиш денарчиња за да купиш леб, па не сакам детето мое да поминува низ тоа што сум поминала јас. Викендов некако се органзиравм подобро, па направив ручек у тегли за 3 дена. За 2 дена ќе купиме, за викенд ќе готви муж и ќе преживееме Само ја мразам оваа трка со времето. И не можност да му се радувам на детето. И не можност да застанеш 5мин да земеш воздух и да се погледнеш во огледало.