Прво сите намирници ги воведувам свежи и домашно приготвени. После од сите кашички пробував да и давам, исто како воведување на храна, зошто не знаеш на што може да изреагира. Еднаш пробана кашичка која малата ја изела без негодување си ја ставам на список дека може редовно да ја купувам. Првата година јадеше 3-4 кашички во неделата, значи секој втор ден по една, другите 2 оброка во денот гледав да и се домашно приготвена храна. Не се врзав за ниеден бренд зошто сите ги јадеше исто малата. Ако веќе си решила да даваш исклучиво готови каши, не значи дека мораш да даваш постојано истата.
Драга @Ano ако имам среќа тоа би ми била работа. Ама моментално е волонтерски, додека сум на породилно. После тоа ме чека работа која ме потсеќа колку си ја утнав професијата и ме прави интровертна и осамена личност. Ако имам среќа, нема да морам да се вратам таму и ќе успеам да се изборам во животот за она што ЈАС сакам, а не за она што некој друг го очекувал од мене. Какво интро. Звучам ко книги кои се за себебодрење. Жештини се жени драги, жештини. Жештини во станов, жештини во душата, огнови горат на сите страни. Ако е плевел, нека изгори. Нека остави простор да никне нешто убаво. Седам и му се чудам на животецов. Секогаш го гледам како некој филм, со некоја поента за сите гледачи. Некогаш и со наратор. Ама сѐ повеќе станува мешаници и валканици, барем во споредба со она што си го замислував како дете или адолесцент. И Нараторот е збунет, не знае што да раскажува. Бебе на цицка заспива, додека големото без престан веќе 15 минути меле, меле. Јаде лепче со кремсир и кашкавал, и зборува ко во емисија да е. Си правела муабет со брат ѝ. Дури кажува негови дијалози. Не знам дали ме нервира по малце додека се обидувам животот да го опишам со метафори а таа ми е ко white noise во позадина, но, застанувам со мислите, и си велам, дај да слушнам што тоа зборува. И ја слушам, се смешкам. Осеќам дека ми доаѓа некоја блажина во душата, со насмевка. Касни залак, бамбори 5 минути. Математики го учи, 8+8 било 16. Уште еднаш ќе потенцирам дека бебето спие позади неа. Не знам дали да го нарекувам бебе, затоа што е веќе голем и сам стои, и за месец дена ќе прави 1 година. И ќе го викам бебе, особено што завчера имаше 6 месеци. Гајле ми е. Животот ми одминува, јас уживам во него. Уживањето ми е со рок на траење. Растам. Моделирам репер за среќа према мој калап. Мене да ме собира. Гајле ми е што мислат другите. Растам и се менувам, на цели 35. Најголема лага е дека луѓето во своите 30 знаат кај тераат. На 18 си мислев дека кога ќе имам 35 кој знае што ќе бидам, и колку ли ќе го имам сфатено и подредено животот. Дали е до мене или е сосем нормално на моменти да не знаеме кај тераме....
4 има и скоро па 5м, уште ми е бебе оти така јас си го сакам Некоја мајка пиша за тетоважа, не, доење и тетоважа не. Само да ве поздравам, 2 дена касни, тест негативен, ама па си мислам примав инекции антибиотик и може и од тоа да е. Ќе чекам, може па и тестот да е лажно негативен Уствари се надевам дека е лажно негативен. Едвај чекам на одмор од понеделник, едвај! Не можам веќе да се објаснувам дали корона постои или не, дали е биолошка војна или не, дали не лажат русите или америте... Сакам да одморам од тие муабети. Сакам 2 недели да пијам кафе со цвеќињата, да се гушкаме со синко и да уживаме во животот. Тој па негушнат ако е... Туку кога сме тука, дува надвор да си ги приберам цвеќињата и да си го разбудам детето оти на ручек сме кај бабе, да се спремиме. Имам за пишување ама ај поарно не. Убав ден!
Пред 2 години направив тест 1 ден пред да ми доцни, видов 2 жар црти. Денес исто, еден ден пред менструација после неколку обиди имав некое чувство дека сега е вистинското Душава ми грее, не ми е страв, немам трема како со првото мое бебенце, многу сакавме второ, иако бебе нема ни 2 години. Отсекогаш сме сакале деца, а последните 3 месеци топ тема ни е каде ќе стои уште едно креветче кога ќе се роди бебе 2. Се превозбудив, спуштив 3 апликации pregnancy нешто Само да биде се во ред, друго ништо не ме плаши. Пресреќна сум
@mamaJana со лесно, со убаво, со најубаво до крај Ноќ мајки Лежам и чурам Бевме со мм да гледаме кревет за у станот и цела сум испоразочарана од избор Значи сакам кревет/аголна што ќе може и да се спие на неа и да е на ногарки. Епа удобност и ногарки не идело заедно Ајде тоа, ама па дали 5кревети се што можеш да спиеш и да не се искичмиш, се е со "спиење за понекогаш" На мм му се исполнија очекувањата со еден КАУЧ Еј бре човеку КРЕВЕТ нели, од кај пак кауч у 21ви век Згоден и неопходен за спиење, башка и фиока за складирање, али изглед боли глава Кауч бе кауч, како од времето на дедо Ное Плус, за да шокот биде комплетен може да се изработи во две бои, или беж или сиво, наспроти со бордо или лила перничиња, потрендовски здравје Додатно може и фотеља иста таква да се купи, па мм ја бендиса таа за бебе да биде Бебево па среќно, убава била, дома да сме ја носеле Ми се плаче Мм ме заебава и ми вика "или убав ќе ти е за спиење или за гледање" КАУЧОТ де Не ги поминавме Југоекспорт и Зона, као поскапи, али ќе отворам ќесето само каучот да не го паркирам у Охрид Ни текна и за Фејдом, па и тоа ќе видиме Реков јас, од дома избор еден куп, на лице место ништо Битно јас се дотерав во еден од најновите фустани, па за каде ли да ги облечам Само никако не претпоставив дека се облакам за да бирам кауч Уште не ми се верува дека мм е решен кауч да купиме, куфер Друго. Саботата за 2ч се спакувавме и фативме патот Ох нови плочки да бираме за вц то. Првите кај огромни сме ги избрале за мало вц, па таму и едни криви што да раскажувам.. Ајде избравме други и одлучивме да си се исплажираме некој ден Идеме у станот да земеме мерки и шок, све е мало и минијатурно, мери, мери и едвај се пушти метрото Како ќе не биде нас у стан еве не знам Па уште кога ќе чујам "некој у толку и живее" е така де, ама секој со своето, нас толку ни се дневната и терасата заедно Леле кујната Што елементи да смислиш, што да спикаш таму Трпезариска ваљда нема да редиме, никако не ни се уклапа со клацкалката што МОРА да ја има Едно шанкче со три столчиња таман, а мм рече може и летоска на тераса да јадеме, а зимоска на клуб маса Може најарно и да не јадеме у станот Плочките во кујна убаво дошле Во вц то исто Ваљда веќе се при крај и со лепењето на плочки во цел стан Него се сместивме во колибите во АС, па искрено не се лоши, ако на некој му треба смештај може да ги погледне, чисто, фино, 30-40е ноќевање, ние се исценкавме за 30, а као само ако спиеш над 5вечери спуштале цена. Како да не, цела сезона отиде неповрат, дај шта даш Но плажата и не нешто ме бендиса, ај гужва беше викендот, па се расчисти, ама во водата тиња, па се мати, ама па топло ми се виде. Инаку бебе рече дека било убаво, имало многу жаби и шарени змии Озбилно ова Јадењето во ресторанот може да се скокне, ептен суво Таман се исправ и решив да чистам и сега пак хаос од алишта.. Ова ептен го мразам, сегде ќе идам, али распакување, средување ми е смрт! Детево на тантруми левел 100ка се ставил Ваљда и тоа е тоа, ваљда не ми е такво детето Никако не му се погаѓа, па фестивали, па не знае што со себе и само рика А јас као упатена како да постапам, па само се правам на Тошо или у превод игнорирам Мм не престана да прашува "Емка што му е на детево" Прашај си го де, не сум му потпарол, ќе му помине, нек се истреска, нека се изрика, отвара плуѓа, нека плаче, чисти очи Едноставно не слуша и нема разбирачка, дури не му поминат неговите не запира и крај! Кој контраш е мајке ми, цел на Пако Му прередував плакарот и наполнив полна кеса за у канта, мал ден и за чување. Утре ќе правам и селекција на играчки, ќе ослободувам простор за нови Ми текна дека го нема мачето Том, а ептен е по мачиња, па мислам ќе му се израдува и може ќе крадам по 5минути раат Да спијам, се изморив по салоните и возењето низ цел град, барем да најдевме нешто Убава ноќ, гушкајте малишанки
Во март месец бев со бронхит,пиев сума мед и уште кој знае што и мислев затоа ми касни. Кога јас веќе 2 месеци бремена и еве уште малку па ќе стигне бебето. Со среќа и само убави мисли
Feydom немој да ги одбегнуваш. А добри баш добри “каучи“ имаш во Дома мебел, такви на дрвени ногари, се извлекуваат за спиење ама не се менува изгледот, само поширок иде, преубава тиркиз боја има земено сестра ми. Провери ги. Чул те Бог, дајбоже, направив еден ефтин тест ама тој ми покажа позитивен искрено минатиот пат па се крстев на ист случај. Ќе почекам малку да видам дали ќе добијам до кај понеделник, па ќе видам после дали ќе одам кај матичниот или како ќе биде.
@emkaemka, видете кауч во Пункт мебел. Многу добри модели има. @Kaetana не знам што работиш, и што би сакала да работиш, ама треба колумни да пишуваш. Многу, многу убаво напишани реченици.
Ај добро утро! Последен ден на работа, од утре, официјално понеделник, почнува ОДМОР! Не знам зошто ама преморена сум, не работам толку многу, ама јас не сум наспана уопште, ко грбот да ми е камен и некаде кај 7-8 веќе издишувам. Капак на се, стомакот наааа толкав, 4 ден не ми доаѓа а тестот од некни негативен. Се мислам, да направам тест или да одам на ехо?! Многу се мислам искрено. 4 дена ми касни, не се 14, ама па ми е страв некако. Страв од што не знам, ваљда од тоа да нема ништо а надеж имам бар вака, за сламка се фаќам. Како сум се разочарала некни еј, правев тест со намера да ги израдувам домашните на семеен ручек, како ќе им кажам, како ќе ги изненадам и оп! негативен тест. У пм! Многу сум лоша што кога мислам на нешто само на тоа мислам. Дете вчера изјави дека е заљубен во мама, како Зоки Поки што бил заљубен во Лидија Син мајкин! Ај уште некоја година нека биде мезимче, после ќе се повлече и сам. Боже машкиве колку се лепешки еј, катанец за мене залепен. Вчера појдовме до кај кумовите, ние божем да си поседиме малку муабет да си напраиме они да играат на улица, моево од мене не се мрдна, лепенка, тоа од кумовите до другата улица отиде, моево само гледа. Ај седнавме на другата маса поблиску до улицата, да не е ептен позади куќа, пак исто, до мене. Мајкарче, се надевам некоја снајка нема да ме колне А карам, учам, строг родител сум, ама пак навечер дур не ме гушне нема сон. Ваљда доста би било тоа, ај да одам да поработам оти ќе ме нема 2 недели. Ќе навратам пак
со лесно да си истераш до крај. нема ништо поубаво за жена од периодот додека е бремена. Дојдов накратко да ве читнам да ве поздравам и да ве почастам со торта Денес славиме роденден за бебчо. Колку само брзо помина година. Порано си викав ако сакам времето побрзо да ми помине треба да си легнам да одспијам - и ќе помине. Изминатава година не ни заспав не ни одспав како човек а таа сепак си пројде. Имајте пријатен ден.
@emkaemka види вo алекс дизаjн имаат дoбри мoдели, ги има и на фб @marchi-cool Среќен рoденден да е жив и здрав
Мене со син ми кога останав трудна прво два негативни теста ми излегоа ,па тек после 4 дена доцнење циклус тестот конечно покажа многу многу бледа 2 линија ,не се разочарувај направи уште еден тест @mamaJana со лесно нека ти е @marchi-cool среќен роденден на баткото жив,здрав голем да расте Ајде мајки кој е за кафица ,синко излезе со маж надвор да прошетаат малце ,бебе конечно се успа денес па украдов малце време едно кафе на раат да испијам .Нешто посебно да ви пишам немам ,не би да се жалам дека ми е тешко и напорно со бебе мое ,ќе помине ќе се издржат плачкиве и држењето во раце по цел ден Убав викенд мајки
Во моментите кога сакаш да се откажеш, сети се зошто си почнала. Чим си високо платена значи визијата ти била поубав живот, како за вас така и за децата што е многу битно. Ќе помине оваа фаза па децата како растат така си сакаат нивен простор. Додека се мали ќе ги гушкаме, преку ноќ може нема да сакаат повеќе мазење
Ми се плаче, би си поплакала ама синко ќе го вознемирам. Тој па знае осеќа дека сум тажна и се ми е залепен. Не издржа срце јуначко напраив уште 1 тест и негативен е, не правам веќе, до понеделник ако не дојде ќе одам на гинеколог нека ме види на ехо. Што биде биде. Туку комарциве вас ве јадат? Срам ми е да соблечам нозе, лом сум. Понеделник како да се соблечам кај гинеколог, срамота. Језиво е, нозете ми се ко решето напраени и јадат гајле немаат крволочни ѕверки. Аутан, фризи дерм, ментол, што ти не пробав џабе е. Дете не толку, ама мене решето. Толку, си се пожалив, одам сега да спијам. Добра ноќ!
Мајки , темава е доста активна па да прашам , капките Наусолвит за против повраќање сте ги користеле? Дали помагаат при повраќање за време на патување? Малава (11 месеци) ми повраќа во кола па ги купив завчера , ме интересира нислење доколку некоја ги користела..
@marchi-cool среќен роденден на баткото секој ден да му е исполнет со насмевки @koritsaki јас не сум користела, ама тука на форумот читав дека баш од тие се задоволни (ги имам и запишано за ако ми затребаат)
Ноќ мајки Лежам и мислам. Како можеше баш сега дете да се прелади и од каде? Ми светна ламбата, пред некој ден бевме кај колега на мм, мала соба и клима вперена баш кон децата Ние дома сме нон стоп со клима ама дете не седи директно под неа, во овие 2 месеци проблеми сме немале. Еве, од вчера носот чешма. Денес почна да подкашлува, сега пред спиење крена и тт 38 За да биде стравот уште поголем од интервентов има поминато само 2 недели. Денес животот повторно ми се скрати (кај и да е ќе се породам предвреме) кога мм ми се јави и ми рече дека малиот воопшто не е добар, се жали на болка во стомакот, да се спремам ќе треба да го носиме на хитна. Убаво си беа излезени на прошетка, што можеше да се случи? Мм еден паничар што е, одма на операцијата помислил, филм си направил и мене од ум ме извади. На крај излезе дека плуќата била, не стомакот. Деца... така ќе растат Ние...така ќе си старееме, стегнати, со стравови... И така, сега цела ноќ ќе бдееме. Јас и безтоа сум како желка свртена наопаку Дојди и крени ме од кревет да те видам Релацијата цела ноќ ми е кревет-вц и обратно, отоци ми се прават на нозете и тоа повеќе на десната, глуждовите ме чешаат како да сум јадена од комарци, среќа ладниот туш малку потпомага. @marchi-cool среќен роденден на малото, да е здраво и живо. @emkaemka не стигнав стан да честитам. Со здравје и слога да си седите, може и едно сестриче на баткото Мирна ноќ мајки.