После 5 дена доцнење добив. Затоа вчера ми се плачело. Помина. Додуша волку стомак не ме болело откако се породив, на се помислив, дури и на оплодена јк па да ја исфрли организмот Болење како за раѓање, буквално, со губење здив, кичма, стомак, до кај 6 саат, одморив и помина. Со нови сили месецов... Многу лош пмс, ме држеше скоро 2 недели. Планирам здравје да одам на гинеколог секако есенва, ама ќе го сменам матичниот. Чим одењето на гинеколог ми претставува стрес, не е за останување. Секое одење муабетот е ослаби, нема да останеш трудна со оваа килажа, нема шанси, мораш да ослабеш... Ко јас да не знам! Ко да сум најдебела на свет и никогаш немало подебела жена од мене што останала трудна. Абе ај! Ќе одам кај една докторка сега, ај да видиме женскава солидарност како ќе се покаже. Дете љуби га мајка пред спиење си го окрка, од такт ме извади! Зел цело тубиче крем против убоди го намачкал, цел лом, па и тоа скапо е, абе ми се стемни. Го пикнав во када, го изрибав, го измив, а јас со насапунета коса и гола, го средив него таква никаква, го легнав, па отидов да се добањам. Казнет е, нема Дора и Диего утре, нема мтв5 и нема гумени бомбони. И од денес ќе заспива сам. Не издржа срце јуначко мајка отидов го изгушкав го избацив откако се смирив, се извини и он сирот, Згрешив мама, нема повеќе! Побара и да спиел со мене, ама не, рековме бебиња спијат со мајки не толкави деца, башка уште ме држи лутината. Си се гушнавме, си кажавме колку се сакаме и си отидов у дневна. Ако, малку да се уозбилиме не е лошо, ова НЕвреме и нив им ги помати сметките, скроз се сменија улогите и скроз се расипаа редовите. Златна градинка! Доста би било, ќе легнам оти утре ќе биде долг ден! Добра ноќ!
Добра вечер мајки Дур ја чекав пералната седнав да читам, па ми дојде дремка. Завршила во меѓувреме, дури ги средив ми помина дремката. Ај си викам ќе полежам можда ќе заспијам. Епа не, малово од ко заспа само цивка во сонот, можда 10 пати стана. Башка еден комарец така ме искасал на прстот и цела дланка, шо имам огромен оток дури и ме боли. Безуспешно го барав да го сплескам. се чудам како ќе спијам ноќеска само тука ми е умот и само се чешам. До сабајле ќе сум изедена гарант, многу ме касаат, ама појќе ми е за децава, само ако ги касне. Конечно маже од утре на одмор. само уште да се погоди за плажирање, ќе го терам секој ден да нѐ носи. Од пред лани ми е костумот и замислете нов ми остана од шо малку одиме, па и плус бремена бев лани. Ама сега ќе си го носам. Демек ослабена сум била, кој ме виде ми рече. Јас пак ништо не осеќам на мене, килажата скоро и иста ми е стално, 1 кило плус минус не ми значи. Само стомаков шо си го мразам никако да го намалам. Друго да ви кажам се разочаравме од барањето куќа. Или ние премногу бараме, а да не прескапо или луѓево се забегани па се преценуваат. Еве еден ни побара 90 000 евра за куќа стара 40 год, шо од око имаше премногу за средување, а не пак да почниш. Башка шо 4 месеци нѐ мафташе и не сакаше да ја каже цената по тел, па го чекавме да дојде. Друга пак беше без канализација и исто прескапо, куќата не вредеше за ништо, жими место големо шо имаше. И уште мноогу други шо ги видовме, на слика едно, во живо хорор. И то е, сега пак сме од 0. На крај изгледа пак ќе решиме за нова, бендисавме едно место, ама ништо не се знае до послесно, мора да ги видиме документите прво. Многу време, а и нерви изгубивме, едно со куќите друго со со домашниве ама ај се тешам кај издржавме олку, ќе издржиме уште некое време, па после не се замарам. Ај за децава да ви кажам. Поголемиот е збеснат до тука и назад. Особено ко ќе е татко му дома го чепка, па ова вришти, бега, вика, ечи зградава. Нормално ќе се препоти исто ко искапен, па после ќе бара за надвор. И во моментот кога ќе речиме "не", почнува драмата. Малово пак сегде се беси, се држи за масата и туку го гледам со двете раце држи играчки, тој стои сам. Ќе се сети дека не се држи на ништо и ќе се фрли на газот. Смешки се цели. Големиот пак не му дава играчки, шо и да земе малото овој оди му го граба и го крие кај ќе најде слободно. Нон стоп му зборувам, го учам да дели играчки и да игра со брат му, пак си тера по старо или ќе му даде некое искршено. Така ќе растат сега, па се надевам помирни ќе се. Туку да честитам роденден на @marchi-cool, голем да расти бебушко, ко вчера да се тешевме колку ни е мачно во бременост. @emkaemka честито за новиот стан, само среќни моменти да си имате во него. Почесто идајте ни. Ако имаше уште некој за честитање нека не замерува, веќе 1 ме најде готова сум да се комирам. Се надевам само да спијат децава без будење. Добра ноќ
Добро утро мајки. Кафе, компјутер и фемина, како во старите времиња. Имам многу за читање наназад, новости и дешафки кај секоја од вас. Денов почна со палачинки, па стомакот полн, се дозаблажувам со кафево, а деца се качуваат на татко им на глава. Некогаш ми е жал за се што пропушта од нивното секојдневие со целодневната работа. Ама само некогаш, додека не ги пречекорат сите граници. Од септември и Александра почнува во градинка. Веќе ме чека работата на биро да почнам повторно по неколку часа на ден, за понатаму, колку ќе зголемувам, ќе видиме. Ќе сменам ритам целосно. Многу мешање со народ пак ќе немам бидејќи се ми е од дома, ама барем промена. Сега се на распуст, скоро месец дена. Имаме турбо ритам секој ден, максимално да искористиме времето дома. Логопедските вежби со Ели ни се главен фокус, потоа нешто за концентрација и задржување внимание. После еден час веќе и концентрацијата и е падната, па продолжуваме со креативниот дел во кој учествуваат и сестрите. Се трудам да украдам пола час во текот на денот и за индивидуелни игри со Викториа и Александра, за игри според нивните потреби. До пладне сум веќе партал а они сеуште толку полни со енергија . Среќа што положив за возачка, па максимално користам од тој аспект. Децата во кола и сме секој ден во природа, со саати. Нема одмор оваа година, а толку многу ми треба...
Добро утро мајки. Денес полнам 37 години. Прв роденденот ми го честита синко. Цицаше во 01,02,03,04,05. Ова до сега не ни се има случено. Бебе денес 2 месеци, 2 недели и 2 дена. Тој ми е најубавиот подарок за роденден. Ма живот од мама тој е. До сега тортата ми била декорирана со црвена или розова боја. Но, годинава во чест на синот ќе биде плава. Со нетрпение чекам да дојде 15ч и да дојде мм. Да го прославиме роденденот за прв пат со бебето. Ќе дојде и баба ( мајка ми ) и тетка ( сестра ми )на роденден. Се на се малку луѓе, но сите имаат големо значење во мојот живот. Нека ми е среќен роденденот и желба ми е Господ да ми ги чува најмилите. Мајки, повелете на !
Најсреќен роденден само убавини да те следат ❣️, те читам и солзи ми течат ќе си го прославиш со најубавиот подарок. Бакнежи до вас, да си поминете најубаво
Среќен рoденден. Мене не ми беше рoденден ама излеа и ние синoќа славевме истo беше и каj нас сo цицањетo
@Bebac честит роденден Исто да честитам роденден на генерацијата која од 1ви август до сега наполнија годинка а не се "пријавија" да се пофалат Заспав бебе Си сварив кафе претрчав до продавница се вратив го призаспивам и чекам да дојде редот да седнам и да си го испијам. Чека корпата со алишта машина да пуштам во меѓувреме да соберам и да здиплам потоа и да пружам... ова со облеката крај ми нема. Собрав една вреќа смалена од бебчо па да напоменам доколку некој има потреба да му подарам нека се пријави. искрено жал ми е да фрлам облека посебно детскава која е многу здрава бидејќи брзо одрастуваат. До нас на еден метар т.е преку ограда градат куќа и ме шизнаа само чукаат од јутра до сутра ни бебе да поспие ни ништо раат да се немало. Читам погоре @Marmarin пишуваше за тоа куќа дека бараат. Не е ли најдобро да изградите? Мислам малку временски е проблем што додека ја направиш врви време ама барем знаеш прв сопственик си. Исто и со документи чуда е трчканици ако имате живци. Ние лани почеток на август почнавме. Т.е се почна со подрумот па тука се вселија свекор ми со децата за да може старата каде што седеа да се турне за да на нејзино место се изгради новата. Сега на нејзино место е ставен темелот и кренати стубовте. До есен се планира да се заврши приземјето да се кренат стубови за првиот кат и да се стави покрив. Па од пролет да се изѕида и тој кат за таму да се вселат свекор ми со жена му и децата. Додека се решивме за градба изразгледавме многу опции. Јас сакав да купиме плац па на него да градиме. Што подалеку од домашните толку поарно ама едвај се спогодивме. Згора на тоа ако не се одлучивме на ваква "заедничка " градба ќе беше тешко на децата на свекор ми. Куќата ептен стара да подскокнеш се тресеше што дури немаше ни тоалет ни вц. За 21ви век жално е така да се живее а децата растат срамота е 12 год девојче дома во корито уште да се капе. Да пишам два три збора за роденденот. Си купив торта планирав да дуваме па на домашните во куќата и кај свекор ми да однесеме торта. Кога тоа уствари јави се еден да дојдам јави се друг да дојдам.... Коса ми се крена викам не е работава гости да чекам а како да им речам да не идат. Па ги распоредив во два дена и во различно време да дојдат и надвор седнувавме. Ајде ќе дојдат подобри времиња каде ќе може да си прославиме нормален роденден
@AngelOfArh те читам женче, вака најискрено да ти кажам, тој твојот гиниколог не ти помага туку те доутепува искрено. Не си толку дебела колку што он збори, бог да чува едно тоа, друго и да си "полничка" не сум до сега разбрала дека полничките не можат да раѓаат. Бог да чува и ова. Океј, сите знаеме дека дебелината не е добра и треба да се трудиме околу истово и да пазиме на исхрана и на се ама геникологот ти е врв на идиотизам. Еден совет, остави, те гледам пишуваш овде, ваљда си немирна и во себе си многу. Гледај да се фокусираш да нешто друго. Се ќе биде во ред и да, ќе имате бебе. Препушти се и уживај. Не купувај тестови едноставно живеј. Знам тешко е. Ама пробај и трпение. И не си ставај вина на себе си нон стоп со "да ослабам" еве се трудиш и слабееш и тоа е за секоја пофалба. Не ме сфаќај погрешно, ти пишам колку за утеха, да ти се најдам на пишаново, знам се олеснуваш. И не ти е лесно и тоа го знам. Ти праќам една ќе биде се во ред. Во мои очи си лавица, се бориш и се трудиш, верувај доста е не си ставај плус работи во себе дека вака треба да е или онака, животот не е шлабон мила ... ти посакувам се најдобро
Здраво мајки Ајде која е за кафе бујрум.. Бебка тера трета дремка поточно втора од кратките тие по 40-60 мин долгата ни помина од 11 до 14 таман мама да среди низ дома и ручек да спрема..уствари тоа ни ручек не е само за мене си готвам неколку дека со мм сме на дистанца се скасавме пред некој ден и уште ми е лут па не ми прави муабет и сам спија е па тогаш и за јадење нека си се снајди јас не му готвам веќе.. Се надевам бебе ќе си продолжи со ова темпо супер си напредува и му поминаа грчевите па да поспијаме малку раат иначе гроги бев секој ден душа ми вадеше сега најкасно до 21:00 заспан е и спие до 6-7 со едно или две размрдувања за млекце.. И денскиве дремки супер ги тераме две по 40-60 мин и една 2-3 саати. Од мене толку мал е уште за нешто друго да кажам па се ни се врти околу спиењево Аха и ќе заборавев да честитам родендени на мали и големи да не ве именувам тука сите
Скроз си во право! Освен за моментот опушти се, никако не ми оди. Ќе биде, ама до тогаш нервози. Да се поздравиме само, одморот од прв ден ми го уништија, ме викнаа да најдам нешто, предмет. Јас дојдов, па сеа кој ценел кој не ценел нека му стои. Дете заспива многу доцна, скоро 4 го фати, дур стане, дур јаде, ќе го фати 7 и нема да може да излеземе пак. А баш имав желба да прошетаме, ама тоа е. Се трудам на мм да му докажам дека годинава не сме за на одмор, ама тешко ми оди. Сакам да прошетаме, ама не и одмор. Ај може ќе се договориме, ќе видиме. Одам да допраам ручекот, убав ден мамаситас!
Шу праите бе мами4ки? Гес ху ис бек ту ворк! Ј*бала их работа више. Преку глава ми е. Ми се јавува мм на вибер, ќерка ми плаче,липа, сака оде кај мама вика Им исклучив,он ми ѕвонел за да се увери она дека стварно сум на работа а не некаде друго, и му кажав да ја носи некаде си кола, со сладолед и гумени бомбони брзо се заборава плачката. Малку да подзалади па со тротинетот ќе ја вози, а она нема трпение. Како и е испраксан тротинетот само, не ја личи на годинките дури така да вози Од дома до чаршија со тротинет, како ли може бе 2годишњак 2км да ги извози Па јас од пешачење се изморувам, а она ем вози ем после трча и се качува по скали и лулашки.. без прекин. Од каде ли таа енергија се чудам. Среќа па се изморува малку така,па да заспие полесно.. Ок, тоа не беше случај и синоќа, се врти на другата страна и вика “ајде готовооо,сега нане,чао мамо” па ќе се заврти да ми напраи лази буба, и кон 12 едвај заспа Ама викендов кај баба и беше, па таму малку ќе и се изместат дремките и ете проблем.. Вчера се изнервирав, избришав фб,инста,јутјуб, па ни јас ни малата ќе зјапаме во телефонот Вака коа сум на работа може форумот да го прочачкам, а пред неа телефон више јок. Се научи последната недела, дај та дај, на 4-5 пати во денот по пола саат ми зјапа. Епа нема веќе, и онака играчките стојат неизиграни, таман занимација наместо празно гледање во екран. И купив пред некој ден играчка бебе кое носи памперс или седи на нокшир и мочка, со надеж дека ќе почне да му откажува љубов на памперсот Јао каков пост,а? Каша попара, се на едно место сместено. Не би да го препрочитувам, срам ќе ме изеде што имам напишано.. Малку мислите ми летаат, чекам една убава работа да се деси, се надевам ќе не огрее малку појако сонцето периодот. Ако огрее, ќе почастам Морам да си направам каВе, ќе припаднам на столов. Имајте убав ден, гушкајте малишани
@marchi-cool тие нервозите околу документи, дозволи, чуда сакавме да ги одбегниме, се чека предолго. Зато баравме готова куќа за одма да се преселиме па после полека ќе си досредувавме шо треба, доволно е да не е пред распаѓање. Така дури најдиме место (шо и то тешко се наоѓа, или е предалеку со нереална цена или со несредени документи и сплетки), па ќе помине цела година додека собериме документи, па градење, местење, многу долг период е, а секој ден овде веќе ми е измачување не ми се чека ни ден. Не знам веќе шо и како ќе биде, ќе видиме, само се молам да е шо побрзо. Сакав уште нешто да пишам ама веќе ми се спие, ме викнаа оваа недела на работа за помош, па да легнам да одморам. Добра ноќ
Добро утро мајки, да ве поздравам додека пијам дупла доза кафе За чудо разбудена сум од 6, полежав докај 7 и не можев да презаспијам па станав. Собрав алишта други спружив подсредив малку па седнав кафе да пијам. Синко уште спија. Викендот си поминавме преубаво. Имавме гости по повод роденденот на синко, имаше и дечиња леле кој радости беше дека сите заедно му пееја хепи бардеј се осеќаше ептен важен. Доби многу убави подароци. Му ја зедовме и кујната ептен е среќен. Го мразам времево, секој ден врни дожд ама баш секој ден. Вчера излегов без чадор и се вратив дома водена до гаќи одамна немав вака наврнато. Бев со синко и демек брзаме за дома а тој се изнасмеа по пат Мајка ми уште е тука, си оди Утре. Во неделата ја вратија од аеродром таја се изнервира а јас не баш дека ќе поседи уште 3 дена се изнервирав само дека не знаев каде ќе ја најдам во тој огромен аеродром хаха ама се најдовме лесно. Утре не знам дали ќе можам да ја испратам по што сум на работа. Вчера беше кај нас цел ден внука ми од братучед ми. Иста возраст се со синко, леле кое играње и дружење беше па заедно јадеа па спијаја, надвор од дома за рака се држеа. Колку многу му фали на детево мое дружење, многу сака дечиња, многу брзо се здружува со сите. Тоа е, сами сме овде. Одвај чекам да почни во градинка па да се дружи со деца. Треба да одам кај матичната а ме мрзи. се преладив деновиве и кога одам во вц да мокрам ме печи ќе си добијам антибиотик сигурно. Туку како се изнервирав во четвртокот леле сега и за Хрватска треба тестови глупости а си одбрав место за одмор само требаше да резервирам. Уште се нервирам де . Аман веќе од овие глупости. Отвори па затвори граници еве сега и овде расти пак бројот Се надевам нема пак да испозатворат се. Не следам веќе ситуација во светот како е ни па во МК. Венко и онака нема пресови а баш се навикнав да го гледам секој ден Ништо изгледа Италија ќе се оди ако не затворат и таму до Септември. А толку многу сакав Хрватска што дури ми се плачи Овие 3 дена се чуствувам здебелена, само јадам. Помини замини касни нешто кога ќе почнам незнам да престанам. Ваљда период е. Ќе си направам денес житарки за појадок за да не јадам леб. А за ручек ќе месам тесто ќе правам пици Ај се исклучувам да чепнам и друго по нетов дури синко не станал Имајте убав ден
Нема да затворат за Австријците освен многу веријатно по мене Курц да ве затвори да не одите. Ама веќе кажа бил претпазлив и ставил контроли на граница.
Колку сакам да имам време почесто да пишувам на темава. Периодов исцрпена сум. Немам време ни да исчистам, немам сила ни деца да прошетам. Уморна сум од се... Се надевам периодов ќе се стабилизирам и олабаам малку. Капак на се, ни кола немаме кога ни е баш најпотребна. Маж ја продаде и купи нова, конечно утре ќе си ја земеме. Баш пред роденден деца се разболија, заедно со нив и јас. Наводно прелада. Имавме голем настан, вечерта јас преуморна, заспавме со отворен прозор, маж кога си дошол камен било во спалната. Ништо не се сеќавам, прв пат вака ми се случува. Тешко е да се справуваш со две болни деца истовремено, едвај издржав. Роденденот помина одлично. Моиве беа пресреќни, а како што видов и останатите дечиња имаа задоволни лица. Ми пораснаа децава, наеднаш се променија. По темпераментни се, истовремено поплачливи, покажуваат страшен карактер кој и не е баш лесно да се справиш. Преку ноќ станаа лепенки за мене. Само мама, мама. Кога беа помали имаа ваква фаза и сега пак. Ох, да се преполовам на две парчиња. Ги сакам, ги мазам, а истовремено ги карам. Не сум идеална мајка, но кога не би ме надвладеал уморот за нив би била. Ми фали одмор, но сама... И сериозно размислувам само да ги начекам стариве послободни и да ја дувнам некаде. На ден, два... Доволно ми е, само батерии да наполнам што би рекле. Јебига, нив среќна мајка им треба.
Мајки шѕо мислите цигара една до две дневно со кафе додека доиме? Додека бев бремена до 5 6 месец не пушев после тоа знаев да запалам по една на 4 5 дена ама слабо... Асега мерак ме фајќа многу голем ама што да се прави...
Не, никотинот оди директ кај бебе. Меракот сигурно не е поголем од бебе. Мајка ми ме доела и пушела, никако не можела хгб да ми покачи, докторот и рекол дека е од цигарите, прекинала да пуши и вистина набргу ми се покачил хгб.