уствари сум. Се надевам ќе ти се исполни сонот. Те читам колку со љубов, добронамерно и трпеливо советуваш. Навистина ти лежи. @marchi-cool среќен нека е роденденот на баткото. На ист ден со мојов се родени. @Monella се надевам баткото е веќе подобар. Само да поминува со лесно. Јас одбројувам. Само уште два дена до одмор иако денес шефицата ме замоли телефонот да ми е при рака, за во случај нешто да гори, да гасам пожар од Охрид. Мислам јас и онака секаде си го шетам и службениот, ама не мораше да ми потенцира. Како и да е се надевам ни телефон ќе затвони, ни лаптоп ќе вклучам. Утре ќе направам напор да се спакувам, за петок после работа одма да си го фатиме патот. Се надевам дека бар малку ќе се намалат гужвите за да најдеме малку мирно катче за дете да се радува на плажа. Долго одложувавме одење во ЗОО за да се искомбинираме да отидеме сите тројца. На крај мали и мм два дена одат без мене. Многу ми е криво што не ја видов радоста на тоа мое мало човече, ама му требаше промена во секојдневието, па ете два дена фул забава со животните. Инаку помина и роденденот. Мала забав, јас,мм, славеникот и моите. Битно дете доби се што посака за роденден. Планети (тоа беше тортата), диносаурси, човечко тело и континенти. Долго се мислев за последново и на крај купив играчка што е за малку поголеми, ама полн погодок за заедничка игра. Сложувалката со магнети е стварно прекрасна и еве веќе една недела, секој ден ги редиме континентите и учиме по нешто ново. Ми расте детето многу брзо, а јас се чувствувам како да не му обрнувам доволно внимание иако периодов доста време поминуваме заедно и цело време се обидувам да имаме заедничка игра. Најново му е дека почна да шизи. Конечно почна да му дозволува на мм да му свири на гитара, за он да игра. Ама убаво му викав да смени репертоар за да му биде забавно и на детето. Преска вика гаси цртан, сакам да играм. Пуштивме музика и почна да игра дете (многу смешни кореографии има), а мене ми викаше, стој мамо не играј, јас играм поубаво. Едвај се убедивме да заврши за да прошераме. И нормално додека се наканивме да излеземе, почна да врне. Ама не беше страшно решив да продолжиме на дождот. И почна нормално со неговите 1000 зошто. Денес беше, зошто врне? Па смисливме приказна дека облачињата плачеле. Таман ја комплетиравме приказната, зошто кога грми раскажуваме дека се карале облачињата е сега ја дополнивме дека се скарале и налутиле па почнале да плачат Пред спиење одам во соба да го спремам, ама прв пат по подолго време ме гледа со пуштена коса, зошто откако ми потпорасна се собрана ја носам и така срамежливо ми вика "мамо ти си убава" се стопив. Туку овие две недели почна да ми се буди секоја ноќ сред ноќ со плачење. Уствари он спие и плаче. Па ни треба 2-3 минути додека се подосвести за да се смири и презаспива за минута. Незнам дали се ноќни терори или нешто е вознемирен па вака рефлектира. Се надевам за брзо ќе му мине. Битно успешна е засега приказната со спиење во неговата соба. Сака и не прави проблем за да си спие таму. Како само раскажува за неговата детска соба. Пресреќен е дека има негово катче, иако играњето уште ни е повеќе во дневна отколку таму. Ама ќе се префрлиме целосно за да не треба да прибирам играчки од сред дневна. Денес конечно се наканив да си земам едни резултати што од март требаше да ги земам. 100 пати се препотив и сите најлоши сценарија ги направив додека стигнав. Жива среќа резултатот е одличен. Сега може да правам стратегија за чекор напред за бебе број 2. Уште хормони да испитам па да се направи план дали ќе одложуваме со ситуацијава или ќе си ја пробаме среќата. Таман пак да има пролетно/летно бебе. Постов излезе хаос, се гледа дека ми се спие. Имајте мирна ноќ мајки. Да одам да поспијам утре долг ден ме чека, а и пред одмор секогаш ми е хаос на работа.
само да знаеш околку купување државно земјиште можеш да се обратиш во општина по 1 евро квадрат е. Околу купувањето готова куќа Често е прескапо или па за состојбата е нереално. Во секој случај ви посакувам да за брзо време најдете и да си се вдомите. штом си прекинала не продолжувај. Едно што добро е за тебе друго знам дека не се препорачува пушење за време на доење. честит роденден и на вас (каснам 100 години ) Да ви посакам пријатна вечер и да ве поздравам. Сакам да си легнам ама па пустото не ми се спие. Вчера порано си легнав. Четврт ден како маки мачам со уринарниот тракт. Цел буквално. Од бубрези до уретра сосе бешика и уретер никогаш сум немала мака со бубрезите. Али тоа е, шта да се ради ваљда ќе помине. Тоа се зафркававме со една пријателка вика тебе короната на бубрези те удри. Големиот ми оди на нерви. Претходно читав дека најтешката година за мајката при одгледувањето на детето била осмата година. Си викав врска нема до 3ипол години е тешко. Ама тоа дека не сум стасала до таа 8ма година па затоа и така мислев. Учи го воспитувај го све у реду за на крај да ми рече "јас не сум овде слуга" кога ќе му побарам да ми помогне. Никогаш не ми пререкол често сам ќе фати да помага дома ни па некаде дома чул некој така да зборува. Што ли му станува не знам. Секој ден да се расправаме и се за џабе. Ништо што му кажувам не му влага во ум ни па сака да послуша. Капак ете што често на пладне ми го буди малото оти не може да мирува. Што знам ваљда и кај големите има "скокови во развој" или некои такви безврска периоди . Со малото си фативме "нормален ритам на живот " требаше да помине денот - роденден да се префрлиме во категоријата дете па да се случат масовни промени. Веќе цела вечер ја преспива ретко да цица,се буди ама сам се призаспива а преку ден еднаш спие од околу 2 часа. Па толку од мене се читкаме
Не е 1е, пазарна цена е ако купуваш од општина земјиште. 1е е ако купуваш врз основ на легализација земјиште. Не е така едноставно. Шо прајте? Сабајлечки замесив едно питуле, ама многу на путер го напраив и не ми се испече убаво, некако ми е живичко или пак дека има премногу фил така ми изгледа, што знам. Фил е од козјо сиренце, а тоа масничко се истопило се впило во тестото, мераци. Вкусна е, ја јадев, не ме боли стомак, може па и печена е. Тате не остаи сами, отиде у село да бере купине (капини), па утре ќе се врати, ќе се спакуваме и на југ, ќе имаме тур де јужна Македонија. Едвај чекам! А едвај се убедивме дека не е сигурно да одиме во Охрид/Струга сега. Битно сњ убедивме. Ме изненади една вест. Следам една фитнес инсрукторка од Австралија и пред 2г остана бремена, дечко и и приреди венчавка изненадување, ко бајка беше. Од деца заедно. Денес читам се разведуваат. Боооже си мислам, па сто години заедно, мораше да се земат, дете да родат за да сфатат дека не им оди? Божем ќе останеле пријатели, бизнис партнери, родители на детето... Толку помпа, толку маркетинг, за 2г. На интернет се е бајно сјајно, а во реалност пуфки. Да не бидам погрешно сфатена, поддржувам развод ако не оди. Не е лошо да се повлечам со дете на спиење, доцна е веќе. Ручекот е скоро готов, ќе се јаде кога ќе се стане, па на шетање. Убав ден!
Добар ден од мене. Малото спие јас му го спремам ручекот и пијам пладневно кафе. Ми се спие ама ете будала место да си легнам кафе ќе пијам. Ноќеска слабо спиев. Таман се изнарадував синко една пладневна дремка има подолга а навечер цела ноќ врзува со ретко будење и тоа само си призаспива ама ноќеска којзнае што му беше. Врти лево врти десно ќе покемка ќе се тегне ќе се смири и после 5 мин пак. Давај цицка џабе после 10 мин пак. Среќа па ја поминавме ноќта (да не се повтори таква). Времето овде се жешко де ќе заврне па ќе олади и опет жешко. Ама ако барем алиштата ќе си ги исушам супер е приквечер та можеме да свртиме некое крукче низ град. Гледавме извадиле школски прибор по маркетиве дека демек таму поефтино од книжарница синко се прераднува викам не ти купувам ти ланските ништо не искористи пак и година ќе биде исто ќе ги искористиме. Се натажи ајде викам ќе изнакупиме па ќе се најдат за годинава или вгодина башка што имаме лански неотворени што ни ги даваа како подарок за прваче. Одам да досуредам дома друго нема. Се читкаме покасно.
Мојов лепотан имаше застој со какање, а сега 3-4дена кака секој ден по многу. Синоќа кенкаше и во сон па пак се искака. Малку се секирам дали е во ред така пошо во понеделник сме на вакцина, а крвната слика му е добра. Кога го носевме да го боцнат ветрот го фати малку.
4 месеци е. Епа вчера сабајле многу дуваше. Се паркиравме до авицена и додека стигнеме со тетра го покривав пошо ветерот од сите страни дуваше. Не ми изгледа како настинато, носето не тече... Може па дека јадев сливи?
Абе каков ветер не ме зезај, колку сака нека дува, топло е, лето е. Не се настинува од еден ветер што го фатило. Бебе е, ќе мења, нормално е. Не се оптеретувај колку какал, како какал, битно да е оно здраво. Ако има течна столица треба да има во 1ч неколку баш она течни столици, не 3-4 цел ден. Ништо не му е на бебето. А кс се прави ден пред вакцина, не неколку дена. Дури и сабајле сум правела во 12 на вакцина сум го носела. Он во 4 дена свашта може да закачи.
Не знаевме дека одма ги даваат резултатите затоа отидовме порано, ич не ми текна да се консултирам прво.
Добар ден мајки. Сабота пладне а јас и до компјутер дојдов. Блазе мене. Уште некој едно кафе да ми свареше и нозе во вис да бев. Време е безвеза, па одложив за покасно одење во природа, сега играат низ куќа. Уморна сум... Распустов удривме турбо, пред се вежбите со Ели, и физичко но и ментално се исцрпив. Утро до вечер homeschooling ...не било лесно. Стварно не знам како ќе се очекува од некои родители и да работат и деца да чуваат. Од понеделник Ели и Вики назад во градинка, од 1ви и Алекс. Едвај чекам за на раат се да си прередам. Остај плакарот мој, последна на ред ќе бидам. Игротеката и детската каде често играат е се едно врз друго. Па и шпајзот со играчки. Периодов бевме фокусирани на друг вид игри и активности, поради недостатокот на истите со непосетување на градинката. Полека назад кон стариот ритам. #dabidemekreativnipredizvik беше исто во летна пауза, од септември назад. Да си ставам кафе додека е тишина. Убав викенд на сите
Хелоу Два месеца не сум пишала. Денес утре и се така остана. Ново нема ништо. Освен што минатиот месец ми беше роденден. Наполнив 33. Или како што вика малото - тлиесет и тли. Времево е лудо. Две недели имам проблеми со притисокот. Само ми се спие. А и вирусот ме фати пред една недела. И желудникот исто. Децава стандард - немирни. Нема ден а да не се зачукаат и двајцата. И само нешто бараат да им се купи. Ручек направен. Лепче испечено. Да дојде маж, да руча и одиме надвор. Секој ден иста песна. Двајцата дремеме на клупа, а децава играат. Пред некој ден ме изнервира една комшика. Му се дереше на големиот како ненормална. Маж ми ме спречи да не ја отерам во мајчина. Предупредена е дека следен пат ќе биде пријавена во полиција. Смрдла една. И сега бега кога ќе ме види. Мораше некој такво створење да спушти на земја. Уште малку ќе почне школската година. Штета што првачињата нема да имаат пречек како што треба. Малово едвај чека да оди во школо. Големиот ќе седи дома. Ќе ги упропастат децава. Честитки до сите што сте славеле родендени. Поздрав
Добро вечер мајки, јас решив да чкртнам , доолго немам пишувано во темава иако ве читам сите прееска си читав стари мислења на форумов и си викам колку брзо минува времето, не ми се верува дека 1 годинка ќе полни беба наскоро , како вчера да беше кога пишував во труднички. Ние сме се уште во Мк, и затоа баш немам мн време да пишам.Беба лази 100 на саат. Се крева со помош на рацете фаќајќи се за мебел , стои ама нејќе да рече да прави чекори. Во рок од 2 недели и пораснаа 4 заби горе. Среќа без температури и сл. Последно кажува мама , се топам кога ја слушам. Ново и е ракоплескање со рацете кога ќе кажеме браво. А ,да се "пофалам' официјално добив по 11 месеци заврши уживањето хахах , ама очекувано беше. Се чудев што да пијам, си земав кафетин менструал ама ми рекоа дека не смеам поради доењето, па земав ибуброфен и среќа немам болки.Сега се надевам дека не смета нешто со доењево , а не дека нешто стално цица. Гледам меѓу ручек , доручек и вечера да и вметнувам и нешто др да си поткаснува. А детево лакомо , сака да каснува од се што јадеме и ние. Да ви кажам сакам полека да ја одбијам ама за тоа ќе се посоветувам со педијатарот. Убаво и лесно ми е со цицањето, ама веќе почнува да ме гриза што мнооогу боли и веќе се си јаде така да мислам доста е. Тоа се новостите кај мене Добра ноќ мајки
Здраво мајки Уф од каде да почнам. Морам да се искажам некаде. Уште сум во шок што ми се случи вечерва. Од почеток... Имаме едни пријатели овде што се дружиме. Се знаеме 3 години ама последнава година ептен заживеавме. Имаат дете колку синко. Тие сакат да се дружиме секој викенд. И ние сакаме ама па и не баш секој викенд. Сакаме да си поминеме и сами фамилијарно понекогаш. Детето нивно има многу лош однос кон синко, знае да го удри, да го плукни, го учи на неубави работи. Како и да е. Денес рекоја да појдиме кај нив дома и рековме добро. Тие рекоа во 14 часот. Потоа јас реков дека незнаеме што ќе правиме денес дека можеби ќе одиме на базент. Ние чистевме низ дома и синко и мм си легнаа да спијат. Јас им се јавив и им реков дека ќе дојдиме после 17 часот. Станаја мм и синко и немав ништо зготвено и рековме ќе одиме да јадиме. И така и направивме. Бевме во еден ресторант што е подалеку од овде и им се јавивме на едни други пријатели за ако сакаат да дојдат таму пошто блиску живеат. Си мислев ќе си дојдиме до 19 часот за да појдиме кај нив ама се заседнавме и летна времето. Си дојдовме дома пред 21 часот. А во меѓувреме таму си ја сликав пицата и ја ставив на стори на фб. И ми се јавува другарката што требаше да појдиме кај нив и почнува да ми вика на телефон. Ми вели многу сме ви лути разочарани од вас зошто не дојдовте и јас пробував многу пати со убаво да и објаснам зошто не дојдовме а таа ми вели дека сум ја правела будала дека имала спремано нешто за мезе сум ги зафркавала... Јас искрено бев во шок. И реков да не вика на телефон. Ја прашав зошто се караме. Ете прв пат се деси тоа да речам дека ќе појдиме А не појдовме. Ми вели заради вас останавме дома цело попладне. А пред тоа имаше кажано дека и онака ќе бидат дома. Ми вели можеш таму да си сликаш а не можеш да се јавиш. Значи и кажав ок ете не се јавив прв пат се деси ама не таа продолжи да си вика. Ми вели дека нив како резерва сме ги чувале кога сме немале со кого да излезиме. И јас будала уште пробувам да се објаснувам а таа ми вели да не ја прекинувам кога зборува зошто била многу лута. И Ми вели дека не се карала само била многу отворена многу директна а всушност се дери на телефон. Јас бев во шок и уште сум. И исклучив. Искрено си се изнаплачив нозете ми се тресеа еве 3 сати не можам да се смирам. Мм се изнервира дури излезе кога зборувавме. Ми го расипа денот. Ние каде и да одевме ги викавме со нас ама тие не идеја,секаде им било скапо, па што да правам јас. За во викенд кога се договараме секоогаш каде ќе одиме тие се многу наметливи. Ако речам ќе одиме на базент ми велат што бараш таму скапо е. Неколку пати ме има исмевано заради тоа што сум пополна од незе па потоа вели ај не се лути се шалам ми има речено и мечка пред други луѓе. Минатиот месец идеше секоја вечер кај нас дома за да го чека мажот и од работа да го земи. И седеја до 22-23 И пак ништо не реков ај си велев нека седи да не го чека на улица а мм умрен за спиење беше. И милион други случки има што сум требала јас да се лутам а јас премолчував. Од тоа што се прави дека е многу директна немаат пријатели со сите се испокарани, дури и со сестраи не зборува пола година. И сите ги има озборувано пред мене дека се тие се криви што се скарани. Има и едно друго семејство што исто се дружиме понекогаш во викенд, и нив премногу ги озборуваја пред нас па потоа пак се заедно. Ама јас требаше уште тогаш да сватам какви се. Сега мене ќе ме озборува пред други демек јас крива а таја светица. Искрено мене во викенд ми е преубаво кога мм е дома и сме сите тројца заедно. Не ми треба други за дружење за да ми биде по убаво и интересно. Тие си имаат проблеми во бракот и не им е убаво да се сами заедно па ајде секој слободен ден треба заедно да бидеме. Сакам дружење но не и секој слободен ден. Сакам да си поминам време со мм и синко. Друга приказна е тоа кога зборував со незе по 2 сати на телефон да ја тешам и да и давам совети кога имаше проблеми со мажот и. Со скршена нога одев кај нив да се дружиме за да зборува со мажот и и детето да не им е тажно. Ќе ми пукни главата од главоболка и нема да спијам цела ноќ. И реков ете крива сум што не се јавив дека не идиме, мислев ќе стигниме порано ама таја претера со викањето. Мислев дека нема што веќе да ме разочара пошто многу сум видела во животов до сега ама еве пак сум разочарана. И криво ќе ми биде бидејќи имав и јас многу работи да кажам но не кажав. Мм ми вели ете тоа ти е дружењето со Македонци. Незнам ваљда не се сите исти. Па уште и за другарка ја сметав. Многу работи Може не напишав ама немам повеќе ум за мислење. Ми се расипа денот а толку многу ми беше убав. Може и постов е глупав ама барем се искажав некаде. Што рајат си бев кога не познавав никој овде. Сега само рекла казала муабети. Ќе пијам ибупрофен па ако можам да заспијам бидејќи веќе почна и да ми се лоши. Многу емотивна личност сум. Плачка невидена.
Искрено и јас би се налутила некој да ми каже дека денес ќе дојде после 17часот да спремам мезе цел ден и во 20часот да видам стори дека е испаднат, а не ми откажале со време дека не идат. Мислиш дека со ова што си го направила дека е во ред? Тебе некој така да ти направи како ќе ти биде? А ова со македонци ете така ни е што се дружиме ептен ми е глупо, вие во ситуацијава сте полоши и од нив бидејќи се најлошо мислиш за нив, а си се дружела. Не си ништо подобра од неа.
Уживај орхидеа. Да, си требала да откажеш со време, ама да ти се дере на телефон другарка заради мезе што спремила еве не разбирам. Колку пати сум се договорила да ручаме, па по некој саат ми се јавува дрyгарка се успала па чекај сега пиела кафе, или треба да дојде, по саат време ми праќа слика од базен, ќе дошла покасно... Не можам да сфатам со ПРИЈАТЕЛ да се замерувам за секакви ситници. Во местото во кое живеам има така добар број Македонци, а јас тие со кои се дрyжам можам и на помалку од една рака да ги избројам. Тоа што сме Македонци не значи дека по автоматизам мора да бидеме пријатели. Мислам кога се работи за семејни дружби, треба да се бира со кого се поминува времето. Особено зашто малите се толку подложни на влијанија. Не можам да замислам да се дружам со некој што ми го малтретира детето или ме нарекува мечка!? Види како ќе се одвива ситуацијата. Можеби ќе се потсмири. Ако ти е драга направете муабет, кажи и што ти пречи, па може и ќе продолжите да се дружите без притисоци и напнувања.
Јас пишав дека си ја признав грешката. Реков прв пат ми се случи такво нешто да не кажам дека ќе појдам. Инаку и мене ми направиле така други луѓе ми рекле дека ќе дојдат а не дошле и не се јавиле па ни на крај памет не ми текнало да им се јавам и да им се дерам за тоа. Човек сум и имам разбирање. А инаку мезето беше палачинки и готови мафини сигурно не е цел ден спремано. Знам пошто и слика имаше пратено. Демек ќе им останеле. Како и да е тоа беше дефинитивно крајот. Не мислам да зборувам повеќе со нив. Детево мое имаше трауми од нивното а и од нив. Го имаат тепано кај нас дома затоа што сакаше да си оди а тие сакаа да седат. Само не ми се пишува за тие случки. Кога се скараа таа со мажот и јас ја викав кај нас дома да дојде ако сака да спие. Не заслужив такво дерење. Тоа е доста си го расипував и овај ден. Денес после 3 месеци излегов сама со синко. Пред излегување имаше долг разговор и прашање. Дали ќе биде мирен, дали ќе ме држи за рака, дали ќе бега и само повторуваше да да да. И излеговме. Цело време ме држеше за рака. Се надевам дека така и ќе остане и нема да бега повеќе. Премногу ни фалат дневните прошетки и игрите во парк. Од сега ќе излегуваме секој ден. Имајте убав ден мајки
Здраво мајки.. Ручек спремен, го чекам мм да си дојди па да ручаме... Бебе спие а јас го гледам и милина ми е на душава колку брзо поминува времето..Лани на денешен ден имав позитивен тест кога само помина една година.. Па имав изненадување за да му соопштам на мм а тој кутриот едвај разбра што сакам да му кажам па така и го расипа изненадувањето..ама битно одморот не го прескокнавме и си извозивме над 1.200 км јас со кратко капење па пресоблекување на секое излегување од вода и дремење под сенка..Тогаш се жалев дека не ми е убаво а сега ми фали да се излежувам на сонце ама нема годинава ќе одмарам во двор со бебка па ако се накрениме финансиски в година ќе отепаме одмор Иначе куќата конечно почна да личи на куќа досега се беше разурнато не се знаеше што е зид Мајсториве привршуваат со малтарење (ако се пишува така) па следува парно,кошулица и конечно да почни плочкарот... Едвај чекам да почнам со кујната мислам најмногу внимание и пари ќе потрошам таму а дека ќе готвам јок -ќе јадиме долу кај свеки тоа си е нејзина работа не сакам да и ја преземам си имам јас своја а таа е домаќинка И така друго нема што да кажам си дојде ММ додека се тушира да ставам да јадиме оти и дремкава на мажево му е до пола па таман да јадам раат и јас.. Толку од мене
Орхидеа сакав вчера да ти пишам ама немав кога... И јас вчера чекав другарка на гости демек за малиов со поклон па не дојде а ни се јави да кажи дека нема да иди... Јас како за да има нешто на маса спремав мафини, одмрзнав кифли, слатки (си чувам замрзнати оти само некој се најавува да го види бебево а сакам да имам нешто дома да не трчам тогаш) наредив ордевер и не дојде...Се ова што одмрзнав си каснавме ние оти не враќам еднаш одмрзнато пак во замрзнувач па не и се јавив да и се дерам оти не дојде ко да е крај на светот..Сабајлево читам ми пишала сношти дека не стасала да ми кажи дека нема да дојди ќе дојдела нареден месец оти на контролата во петокот и кажале да мирува плацентата и била ниско поставена -значи од петокот до вчера понеделник таа не најде време да ми пиши не идам...Па никако не изреагирав Сакам да кажам не е во ред што ти се дери така батали ја таму има такви луѓе како демек ако му се вети ко в црква да си ветил и што и да е мора да откажиш па да му угодуваш..
Ден мајки Денес ранобудна сум. Што од жешко, што од тешко заборавив од кога сум станета. Доручкувана сум како да сум некаде на одмор, се потсетив на детството кога ни правеа намази. Ми текна за двопек со маргарин и мармалад, ми помина меракот, хормоните на број и денот може да започне Ептен се заморувам. Почнав да работам на рати, ќе сработам нешто па одмарам и се така по малку. Страв ме фаќа да не ми премине во навика, да сакам почесто да си одмарам и после пораѓај Шала на страна, треба да почнам да се спремам пред сѐ психички. Оваа година ќе биде малку напорна, осеќам. Синко ќе биде прваче (ај што нема уште 6 год) па и со короната дополнители стресови, за почеток ќе почнат по неколку часа а можно е да продолжат со он-лајн настава Како ќе се снајдам со прваче и новороденче? И едното и другото си сакаат внимание, па зарем ќе бидам во можност да им пружам доволно и на двајцата? Тешкото допрва доаѓа, да си фатиме некој ред, потоа може полесно ќе биде. @orhideea многу сакав да кажам на темата, сепак подобро да си молчам, да не бидам погрешно сфатена. И јас на почетокот бев како тебе, сакав дружби, седенки со наш народ, потоа сфатив дека дистанцата е китка. Овде оговарањето и љубомората е на завидно ниво Забегав од темата. Одам да чистам боранија, денес на мени манџа Убав ден жени
Богами и јас би се налутила да спремам,а да не се јави да ми каже дека нема да дојде. Ај да и излегло нешто за болест, болница, ама да видам дека со други си седи, а јас чекам, има да ја откачам. Па некој пари потрошил за тоа мезе.