На темава.. Некои денови ми иде да пукнам од среќа и убавини, па да гризнам јазик да не се подречам па да се зезне нешто. Маж на земја се ваља со бебе, се смеат, си играат... Само му повторува колку многу го сака и како може да го направил толку убав. Дечар никогаш не бил, пред нашево дете нема кренато бебе во раце. Ама детево толку го смени, и мајка му е зачудена. Се надевам сите го имате тоа чувство, а ако не, искрено ви посакувам да го доживеете. Убава вечер мајки.
Морав да те цитирам ме потсети на убави моменти... Ист е и мм..Пред да се породам велеше дека нема да го држи да го крева дека не знаело ништо и до 3 години дури не стане интересен да зборува и да оди да можел да го носи на кафе со него да не го барам ич..Кога се породив неможеше да се смири од плачење повеќе и од мене плачеше ко дојде на болница...кога не пуштија од болница дека не го имаше видено 3 дена освен на слика уште во ходник го изваде од транспортер и така го носеше до кола..до денес 3 мес и 3 недели повеќе и од мене го држи в раце и го шета... Убав е животов многу малку е потребно за да ти е полна душата
Добар ден мајки Не сум пишала подолго време. Ни помина и роденденот. Бебе порасна. Во глава сеуште редовно си ги вртам сликите од болница и каков мал збрчкан прцул беше. Веќе станува девојче, протестира кога нешто не и е по ќеиф, има желби, барања, демонстративни испади. Гласот го користи секогаш кога сака да добие нешто. Си растеме заедно. Таа во висина, а јас во ширина. Морам, оти ако падне, да падне на меко. Таа посегнува кон ѕвездите, а јас никогаш поцврсто не сум ја чекорела земјата. Добро, коса за кики уште нема, колку повеќе чекам да и порасне, толку побавно и расте. Ама не се откажувам па тук и таму сеуште купувам по некое ластиче. Таман до прваче ќе и порасне. Маж е сеуште безусловно и детски наивно заљубен во неа, ако е возможно со секој ден се повеќе. Мислев ќе му помине, ама сеуште се бориме кој да ја турка количката надвор, најчесто јас губам. Ох уел.. Поздрав и убав ден.
извини ама за со вакви луѓе не е да заживееш. Да се дружиш да,јас сакам искреност она што го мислат да го кажуваат ама навреди бе... Или па да не можеш да се договориш да одите негде заедно оти било скапо. Па дај нека си седат дома. Каква е таа живеачка каде се е скапо и ајде да не одиме нигде. Па упм ќе излезеш негде некогаш и скапо ќе платиш за што работиме за дома да се затвориме?
јас имав лани и прваче и новороденче и не беше баш лесно. Од една страна бебето диктира темпо по негово од друга страна имам обврска да станам и спремам дете за на школо... Татко ми или маж ми го носеа,јас не можев и тоа мене лично не ми беше баш сеедно. Одкако кај нас решија дека се прекинува наставата и се учи онлајн многу ми беше полесно.
И јас морам да цитирам на ова. Се обидувавме за бебе 1 година у кога веќе конечно се уверивме дека ќе имаме бебе тој не престануваше да му зборува колку многу го сака и чека да се роди, нон стоп го гслеше мешето И тој немаше земано толку мали деца во раце и велеше нема да ја крева но од прв ден ја зеде во раце и ја држи и шетс повеќе од мене. Нон стоп и кажува колку многу ја сака а тоа душиче го гледа во очи и му се смешка цело време
Добро утро Ајде кој е за кофи и многу јасно... кој има потреба Ние добри и на распуст Децата од 14ти се дома па се до 7ми септември е затворена градинката Милион обиди да бидеме креативни ама во последно време не ми успева Никако да им задржам внимание на децава Опседнати се со трчање, лупање, скокање... Могли очајно има потреба од дечиња за игра Имам приметено кога одиме во природа и ќе се најде некое другарче од градинка момето е како на седмо небо Посреќна и задоволна не може да биде Со часови игра и не и е доволно Додека мали е друга приказна Тој не обожава да игра со деца Сам си се занимава и не се доближува кај непознати Освен сестра му не го интересира ништо друго Него имаме проблем со Могли, ако смеам да го наречам така Кога излегуваме по игралиштата или некаде во природа оди кај луѓето и разговара со нив После една минута ваљда се чувствува како да ги знае цел живот и ако види нешто интересно за јадење им бара Во тие моменти ми иде да пропаднам вземја колку ми е непријатно Не се срами воопшто, ни тронка срам и премногу е слободна Разговараме секој ден за тоа ама не придонесува многу Единствено кога ќе се доближиме до игралиште и ќе почне да скока од среќа јас и велам дека нема да оди да игра ако оди кај луѓето и бара за јадење, го повторувам тоа многу пати пред да влеземе Секогаш носиме со нас Пецива, грицки, овошје и пак кај другите оди Не знам како да постапам, се си мислам дека делува како невоспитано дете заради тоа и вистина ми е непријатно Мм уште денес работи и има одмор цел месец Утре сме на свадба а во понеделник имам пробен работен ден Ако е се во ред од вторник ќе почнам да работам Едвај најдов работа дури се деца во градинка Тие одат од 7и30 до 12и30 а јас од 8 до 12 ќе работам Работата е во градот па мора некои 20 минути да возам до таму Ме измачува мислата дали ќе стигам на време да ги земам децата а се радувам дека најдов работа Тешко беше да се најде само од 8до12, дополнително заради вирусот колку е се пореметено И така... Да средам малку низ дома и да барам некое место да носам деца Како положив не сме се прибрале Да не заборавам да честитам родендени и со лесно на новите мешиња Довиџења
Ола мамитас Јас додека се сушам да шкртнам нешто. Ние добри со здравје фала му на Господ. Инаку честито Богородица на оние кои слават-убав ден е денеска,празник и на кумашинчето му е денес роденденПорасна во момче, уште малку и на школо ќе оди. Синко излегоа со татко му да пазаруваат. Преморена сум до немај каде. До вчера 3 смена, од утре прва. И следните недели ништо подобро, Збиен распоред, само ден и пол или два слободни. Напорни пациенти имаме, имаат навика да си играат со ѕвончето и обавезно некој се најде да те заебава цела смена. Пример дај ми апче да заспивање не можам да заспијам. Викам не мораш да спиеш цел ден лежиш не си изморен, ќе спиеш утре преку ден. Епа добро дај ми апче за гадење, ми се згади од што не можам да заспијам и се така во круг Или еден сексуален манијак, и вика на младата докторка охо докторка дојде да ме прегледа, па и ме допира Што го удараше по грбот оти наводно многу го болеше. Синко веќе почна да плаче кога оди во градинка и срце ми се кине, седи од 6 сабајле до поручек 4 саатот. Денес го пратив само четири саати и раздигнав колку можев. Не го гледам по цели денови. Претходно имав 3 недели слободно и одмор и после тоа ја свиткав ногата и имав шина - бев подолго болна. Е, тогаш конечно си го видов детето и минавме многу време заедно Си правиме муабет, заедно чистевме, готвевме и рокавме музика до даска во колата. Сака да седи на совозачкото седиште и на куси релации му го дозволувам тој луксуз Маж разочаран од работата цел ден не е дома и сака да ја менува. Сега ги комплетиравме документите и кога ќе се ослободам малку ќе почнам со барање. А, ми стои работата дека и јас ќе менувам. Ме убива патот до таму. Пратив на зафрканција мое цв преку фирма за барање работа и одма ми се јавиа и сега ме убедубаат колку добри работодавачи имале. Абе сите се добри на уста. Не ми треба фирма, тоа беше тест. Ќе почекам уште некој месец, прво маж е на агенда. Бевме малку на одмор во Јули за Малта и беше прекрасно, жешко време и кристална вода. Тоа ми е омилена комбинација. Ја препорачувам за одмор со мали деца и доста е ефтино. Мене кичма ме боли, целата сум издувана како балон. Не ми е дошло 3 месеци. Претходниот месец бев на доктор, добри ми биле демек хормоните, ми даде апчиња на растителна база. Се крстев да одам на приватно во Македонија во септември, ама нели сакат да сменат закон, задолжителен карантин 5 дена па после брис да се земе и ги откажав летовите Ајде да одам јас ми се исуши косата. Лека ви ноќ Слика од одморот, се што е убаво брзо завршува
Ви се јавувам и јас од Истанбул. Мојот омилен град засекогаш. Буквално уживам овде, со часови пешачам без да ме боли нешто,еден магнезиум наутро и б6 и раат цел ден. А дома вака не ми е Дали дека лежам по цел ден,дали дека немам воља незнам. Во Скопје со денови немаме искачано, веќе заборавив и Сити Мол како изгледа. Од карантинот скроз се оладив од кафичи и молови.. Малиот 10часа пат го помина одлично. Спиеше цело време,стана си изеде банана и пак заспа Мерак е он за пат. И овде баш го ужива! Ги обожава овие метроа, и бродовите. Душа паметна, со сите турски си збори. По 2 чаја си пие. Прав турчин ми е Доста ефтини работи можат да се најдат сега иако уште има летна роба уште, а баш сакав некој добар капут да си земам. И така.. Утре си идам на добар појадок покрај Босфор,праќам слики и тука
Добровечер од мене. Немаше да пишам,дојдов само да ве прочитам ама изреволтирана од една случка дојдов да се "исповедам" го пуштив големиот со татко му всело кај свекор ми,маж ми и свекор ми кај куќата работеа син ми со децата од свекор ми цел ден ( има е деца од вториот брак) ама едно од нив е толку никакво тоа чудо нешто. Има 11 години ама вакво не беше, се дере се тепа мава одвраќа на се што ќе рече мајка му... Денес стоиме надвор јас малово големиот и тие тројца. Му вика син ми тргни се да поминеме вика ако сакам и син ми со ногата го поттурна тркалото од велосипедот на кој седеше овој стана и го удри син ми (за жал како и секое дете) тргна да го удри,го одвратив ама сепак го мавна малку, паметниот стана и почна да го удира по глава. Толку силно што слушнаа долу татко му и маж ми дека некој се тепа. Изреагирав. Немој му викам вака не е убаво срамота е поголем си не си невоспитан да не знаеш како да се однесуваш,згора на тоа ти прв почна. Тој почна да плаче. Викам немој да плачеш ова гледај да не ви се повтори големи сте треба како браќа да се сакате и да се браните како ќе живеете вака со карање тепање цел живот? На мојот му објаснив ама што дека, ми вика мамо јас да го удрив прв ќе бев крив ама тој прв почна јас не можам да не се бранам ќе ме утепаат некој ден. И ајде биди паметен и објасни им на децава. Ајде пројде таа случка. Следно малку подоцна син ми седеше на кревет тој помина му мавна клоца оти викам, вика па види го како беше наместен му викам па ајде ти ко ќе лежиш некој треба да те изгази зашто ти така си наместен? Ајде со децава ќе се разбереш ама што мајка има.... Никаква. Додуша сега мене таа никогаш не ми згрешила цело време сме во добри односи ама таков карактер има ни вода ни киселина. Сега гледа дека нејзиниот цело време се задева таа на мојот му вика немирен си ваков си таков си не иди веќе овде ако правиш вака. А мојов е црвец не седи на едно место само трча игра ама никогаш не се задирал а камоли па да удрил некого прв. Со другите две деца баш убаво знае да се заигра се нешто измислуваат и изработуваат играат ... Еве јас не можам да бидам паметна и не знам како да реагирам. Утре пак ќе бидат заедно заедно и ќе треба да живеат многу сум изиритирана од тоа тепање безврска удирање без потреба.
Јас се пријавувам од Охрид, со кафе во кревет. Мали денес пак реши да си станува по старо (читај 7 часот), па еве го гледа цртан до мене. Одморот привршува, ама со гужвиве викендов веќе и ми дојде преку глава. Подобро да си отидевме вчера, ама жал за мали да искористи уште некое бањање. Охрид (езерото) оваа година ми се чини најтопол во последниве години. Си направивме ред, одиме на плажа не покасно од 10, таман до 13-14 сме избањати, наиграни и уморни и си се прибираме. Мали се успива по 3 саати у оп дошло пладне. Една прошетка, малу да поигра со баба и дедо и дошло време за спиење. Ете така баш одмор тераме и искрено ми фалеше. @Yowannty изгледа пропуштив да честитам роденден на убавицата, а и темата на роденденот многу убаво смислена и направена. Таман се подопуштивме и решивме да пуштиме дете да игра со одбран круг на дечиња после одморов, кога оп позитивен на ковид во најблизок круг (асимптоматски, тестиран од друга причина) и сега чекор назад. Како да го пуштам кога ова веќе човек не знае од која страна може да не фати. Не можам да ги ставам моите на ризик, а еве го кај е, градинки ќе се отворта, мерки ќе се укинат, ќе треба они да го чуваат. Друго паметно не знам ни што да кажам. Тука мозок баш на пасење ми е пуштен деновиве. Од работа ме поштедија, само еден меил пуштив пред некој ден. После уште еднс недела дома, ама куќата че прооди па ќе треба да засукам ракави. Прво од прозорите че мора да почнам, зошто страшни се веќе, па за другото ќе видам зависи од расположение Збам само дека сакам еден шопинг да направам сега кога ќе се вратам, фармерки и пантолони да си купам и за дете да го подновам нешто. Играчки не смеам веќе да помислам (има уште 5/6 што чекаат скриени по плакари и мм веќе ме кара), па сега на гардероба ќе се префрлам Ај да одам да каснам ѓомлезе, и да се спакувам за плажа, да дособереме камчиња за боење по дома, не чека долга есен и зима, па да бидеме спремни за домашни проекти. Имајте убав викенд
@Мариаа. @Presrekna најсреќни да се дечулаци! Јас доцнам, ама дојдов брзински да ве поздравам и да ви честитам! Пораснаа децава, луѓе! Да ме праша некој каде ми летна скоро цела година, стварно не знам...
Малата заспана од пред еден саат, јас си ставив џин и тоник, па седнав малку. Имаше драми пред спиење, сакаше да си игра со нешто што не е за играње. Обично се разбира, ама не и кога е време за спиење и тогаш сè е крај на светот. Најчесто ми успева вртење на хумор, да се насмее малку и заборава на маката. Успеа и сега, па ја легнав, ја дочитавме книгата, пеев кратко и си заспа. Си имаме убава рутина, со се вклучено во денот, и шетање, играње, си игра и сама, читање, одмара со гледање цртани, па на лулашки максимално истрчување и кревет. Правиме муабет цело време, само ме распрашува, па измислува, раскажува, мерак ми е да ја слушам. Да ви кажам искрено, со состојбава, пресреќна сум што не и е време за училиште. Ептен ми е жал за родителите со школски деца и во каква каша се сега, да оди, па да не оди, најважното, здравјето, е во прашање, ама баш претешка ситуација. Аман веќе и корона и глупости, цела година така помина, во гледање бројки. Крај нема. @Mari* што има врска, мојата на лулашки ако јадат нешто децата обавезно сака да проба. Не прашува, ама ја гледам како гледа со детските очиња, па јас прашувам за нејзе. Деца се, јас ако и давам нешто обавезно носам повеќе зашто знам дека сите се навртуваат. На одмор лани комшиите, не ги ни познаваме, зазборевме нешто, си седнаа да јадат, и моево ги гледа, па отиде до таму и гледа што јадат. Ја викнав јас, ама луѓето и рекоа да проба ако сака, па кој ќе се налути на дете за јадење? Мене тоа не би ми паднало на памет. Ајде кој е за друштво. Сабота е де.
Вечер мајки. Ете сабота, да пивнеме сите по едно мартини и да се преправаме дека заврши пандемијата Леле колку сум уморна, колку сум преморена, колку ми е тешко, колку сум очајна, се осеќам како најлоша мајка на свет Сакам да верувам дека дете го дрмаат тантруми, но едноставно само се убедувам, многу му е досадно, ама премногу, сака деца, дружба, инаква рутина.. Пробав да ја сменам рутината, но ние сме пак истите, пак не е интересно Се смирува само кога има дечиња "мами ние заедно игаме" ама па и не сите дечиња, бира друштво.. Кај да му најдам деца, кај да го здружам, кај да го носам секој ден и се исти деца да има.. Градинка Ништо не го интересира, ама ништо, од умно дете сега не знае што со себе од досада.. Пробав и пробувам, но се потешко ми оди да го анимирам, чим рече не, тоа е не и крај.. Наоколу приметувам се си тече најнормално, живееме со вирусот и тоа е тоа, дружби фрчат, собиранки, прослави, се на куп, гушнати.. Ми стои како само ние да останавме што се дружиме со исти луѓе од старт и исклучиво надвор. Се наоколу е лајт, маски само у банка, маркет и Мол од што мора и толку од величеството Корона Каде грешиме?! Единствени ли сме?! Како шлаг бев и на интервју за работа, по 101година и тоа се деси, башка св сум пратила немам појма кога, огласов течел пролетта Се е тоа ок, фино ми изгледа се што кажаа, ставот на кој постапија ептен ми се бендиса. И се би било супер кога би работеле градинки, уште посупер кога не би имало Корона тајм Го премислив бебе што би било доколку ме вработат, ниту мислев каков впечаток ќе оставам, туку што со бебе, ми падна грутка кога кажаа дека ќе има и второ интервју со директор, па се подослободив дека ќе имам време за мозгање Мислам нема да ми се јават или пак сакам да не ми се јават, сите критириуми ги исполнувам за местото, башка специфична локација, а за мене погодна, тоа им било проблем За момент се убедив дека сега моите ќе го чуваат, ептен сум против баби и дедовци да ми растат дете. Како сака нека сум сватена, не е до моите, туку до моментот што бара дете со баба и дедо везден. Одма замислувам што ќе прават, што активности би имале и се вадам од кожа. Башка целава ситуација.. Немам јас дете што си игра само, што гледа цртани, што дреме.. Јаготката ја чув и завчера и моментот на убедување ми се слизна, со тоа и моето идење на работа, па од понеделник ќе сум под стрес на секое ѕвонење на мобилниот Збори мајка за комшиката баба и внуците. Вика "како ги тепаше Донка, што ќутек децава изедоа". "Зошто викам децава ќотек од баба да јадат?!" "Па Донка се спрема за на работа, а они и избегале од дома, па ги бара по улици, а овие и бегаат и кога ќе ги фати ќе ги излупа" (дома дедо им ќе ги чува дури нивните се на работа иначе". "И сакаш да кажеш и викам дека за неуспехот на Донка што не можела да се справи со внуците ги тепала?!" "Епа што да им прави ми вика, бусот ќе и избега" ... Останав без текст, ми е гајле за Донка и внуците, али се запрепастив од моментот дека мајка ја одобрува постапката, односно тепањето, тоа бил единствениот излез да ги збере деца и да иде на работа.. Што повеќе.. А јас колку сум против ќотек и колку тоа за мене не претставува воспитна мерка сум се изјаснила! Ќе си седам дома, ќе чекам подобри времиња.. Ама работата убава.. Кај најдовме па и у сред епидемија и сет хаос стан да купуваме Знам и од кај, ама колку да се испукам ми е ова Уште не сме седнале, а јас веќе се оладив и нит лезет му гледам, ни ми е мерак, само како товар сега го осеќам.. Нормално мора и некој проблем да искочи за да биде се ок, не дека е нешто нерешливо и нема да се среди, ама стварно немам повеќе мозок за било какво замарање, најмалку и за станот. Уствари јас сум оградена од било какво преговарање, средување, усогласување Таа чест му ја предадов на мм, па понудив и повикај пријател сестра ми како стручно лице, јас може само за уредување на простор да помогнам и за мрчење посекако Не кажав мислам. Избравме КАУЧ КРЕВЕТ Се мислам дека поскап не видовме, а као ќе купевме нели некој пристоен, поексклузивен и помодерен верувајте да немаше Иначе го избравме од каталог, не го ни видовме, ни го покажаа механизмот за спиење, душекот, перниците, материјалот, али креветот го видовме само у каталог Додатно нарачавме и клацкалка од каталог, таа па никако не ја видовме, ни приближно иста немаше, е добро материјалот го опипавме Вчера и маса и комода нарачавме онлајн од некоја страница на Инста Е масичка и столчиња за на тераса ги купивме како што и се купува Уште кујна и плакарче за во ходник ни е план, али тоа дефинитивно ќе се прави. Мајстор имаме, татко ми, уште мерки да се зедат и избере материјал. Мм треба шанк да направи, решивме на шанк ќе јадеме и тоа ќе ни биде трепезариска маса. Мери, премерувај и многу ќе се затвори простор со масичка, во игра е некоја само со механизам на спуштање, ама па што знам, идеја со шанкче повеќе ми се допаѓа. Башка баш ќе е впечатлив, ќе барам и за дома ист, море и поубав ќе го измозгам Решивме и да кречиме у боја, ама ќе кречиме сами нели уште тоа замарење ни фали Купив и ваљаче, онлајн Вака фино изгледа Мм сакаше од завесите ден-ноќ, али кога се распрашав колку затемнуваат и кога собрав се.. златна ролетна Башка што сум се загреала завеси со драпери да ставам ова некат, сега немам живци да бирам и тоа.. Паааа +/- се ќе е средено до Нова година Ма креветот да го донесат и може да седиме, али ќе го донесат крај на октомври, па ќе искочи последен, се останото ќе биде веќе наредено А јас веќе и во глава направив план што од дома да однесам таму за користење, ионака крцам од садови и постелнини, прекривки и што ти не, па таман ќе направам простор Цк видов многу убав сервис за јадење, да го порачам или не Се чувствувам ослабено, ама многу, дури и пропаднато, а како и не кога бебе не дава да јадам Озбилно, а седнам да јадам одма вади "мами не ручај!" Сум купила и розеникав прелив/фарба за косата Ја гледам секој ден у вц и се обидувам да сватам што ме спопадна да поверувам дека розева у глава ќе ме личи Кој знае што ќе биде, ќе ја ставам или не.. Утре недела, као го испланиравме денот, испланирав да пијам радлер од бруснуца мислам е, па ај на здравје и убав помин Покрај река ќе седиме, па може и бебе ќе има тура бањање, односно секако ќе има, не успева он да одолее на вода Да не заборавам само купаќи да му понесам, ако и заборавам и гаќа ќе заврши работа, дете Да спијам, да се одморам, напорен ден ќе е утре, впрочем како и секој последниов период.. Гушкајте малишанки
Ќе бидам искрена и ќе ти кажам, многу би се налутила да ме извисиш цел ден да те чекам. Ме извисувале, многу сум се лутела, ама не сум се дерела. Тука е проблемот на пријателката. Може сум се повлекувала, не сум се јавувала, ама ни на крај памет не ми било да се јавам да се дерам. И фино што си свесна дека си погрешила, си се извинила, ама требало да не се обвзуваш дека ќе одиш а да планираш други планови. Поминало, се средило, ете веќе нема да ти виси на глава однесувањето на пријателката. Јас сум ти на човек кој не ветува напразно и прави се за да исполни ветување па по цена на тоа да наруши сопствен комодитет, така да би ме болело многу да ја чекам пријателката и да видам на инста стори како си тера паралелни планови. Извини, сурово може, ама искрено. Ај постодморско Хола мамаситас! Еден одмор, 2 недели, дур се свртиш поминале. Ама се радувам дека ете сега ќе имам продолжен викенд, земав ден плус понеделник, ќе одиме до Струга. Вторник ми е роденден, обично секогаш сум славела родендени, славја со најблиските, ама сум правела торта, скара... Ама решив годинава да си го гледам сопствениот ќеиф и на моето семејство, мислам дека ми е подобро така. Лани кога ќе се присетам, златен продолжен викенд, место да ги потрошам тие 4000 на викенд во Струга правев скара која не се изеде и се фрли после, зијан до гуша. Годинава решив да направам една торта пред или после викендот, чисто дете да дувне свекичка со мама, да си се почестам со нова фризура и нокти, па после да фатам пут под ноге Струга, да се пробањаме малку. Одморов ми беше умор, во вистинска смисла на зборот. Дебакл. Отидов кај мајка ми да правам кечап, да наберам некоја смоква, ама ко што не знам да речам не ми натоварија смокви и за мене и за цела фамилија, варев слатко, џем, правев триста работи и на крај се преморив. Само 2 пати бев на бањање на едно место близу мојов роден град, малку се изрелаксиравме. Вториот пат се сретнавме со на мали негователката од јасли, а она е мајка на едно од детето што го глуми Зоки Поки па дете беше жив среќен што го виде својот омилен лик од тв. Ене го помина една недела уште збори како се бањал со Зоки Поки и брат му, како било возбудлива авантура. А да, се везеше во трактор, во приколка од трактор, е за тоа тек какви раскажувања има, леле леле... Била возбудлива авантура, многу било убаво. Ги научи сите комшии по маало, почна сам да шета и да ужива. Се опушти дете! Боже колку беше среќен, уживаше. Е добро ама појдовме до село за празников со баба и дедо, ми се покажа и докажа дека не сме веќе за во комбинација со нив. Пројде, белки ќе ми дојде памет. Туку што да правам со паметов мој што не ми доаѓа? Синоќа, односно сабајле, до 5 читав книга, дремнав 2 саата и на работа. Не ми иде памет, никако. Ама книгиве што ги фатив се препредобри, уживам во нив, мојата омилена авторка. 3 се, дур не ги прочитам нема застанувачка. Онакви романтични книги, со многу детали, убава слатка приказна и принцови од бајки. Ех! Дете љуби га мајка почна да појавува интерес за рецитирање и раскажување приказни. Научи неколку песнички (стиховорби) и сега гестикулира, раскажува, рецитира... Го снимав па планирам да го пуштам на Весна Бејби да го види дали има нешто да почне да оди на часови по глума. Ама сакам да почне со физичко присуство, не со онлајн, нема навика да дреме пред компјутер и не сакам така. Мислам дека е многу интелигентен, чита, пишува, латиници, кирилици, броеви, памти стихотворби по 2-3 строфи, многу сака да учи... Се мислам да не претерувам како родител, да не сум пристрасна, па ќе мора да види некој од надвор. Ај доста беше, да поработам малку, прв ден на работа имам доста работа. Убав ден!
@AngelOfArh поздрав од Струга мајкички ние дојдовме на неколку дена во Струга многу се мислевме дека бебево ни е многу мало 2 месеци ќе прави во четврток ама баткото препека сакал да оди на море Па со маж се одлучивме годинава морето да биде Струга немавме дојдено тука од кога сме биле деца ама можам само пофални зборови да кажам да не беше коронава немаше да знаевме какви убави места сме имале .Да не си го подречам ама бебево овде се изнаспа за разлика од дома каде ја заспивам 2 саати за да поспие 15мин .Баткото ужива пресреќен е летно дете се гледа дека е од вода неможе да го извадиме оди без страв ќе пливал одма сам Се одјавувам да пијам едно кафе на раат дур спијат деца . Убав ден
Седнав на тераса, маживе мои спијат, конечно една единствена вечер да одвојам време за себе, ќе се случи еднаш во 2 месеци ова, па искористив... Прибрав цигарите, некоја вода, нешто и решив тука да пишам, така ми дојде. Поздрави до сите, за сите славја се со арно и со убаво да си имате сите до една. Чат пат знам да отворам да прочитам некој пост и така. Животот ми е многу забавен, моментално пак сум преселена јер јас не сум јас ако не се преселам и не разбијам меланхолија пута 100 плус ради карантин, се зафракавам, ради работа се преселивме, сега живееме во венеција. Куќава е хаос, успеав тоа што успеав останатото ден за ден по малку. Битно, да сме здрави и живи и на купче. Толку убаво, освежено се осеќам. Имавме август крш, ќе го паметам цел живот августот, среќа па помина. Нека е зад нас. Толку имам само да кажам. Дете мое си расте, си зборува мк единствено нешто е што не сака да поприма италјански јазик, ама и за тоа ич не се секирам оти, како и за се и за тоа ќе биде. Му велам му давам животни кажи ми сега ти како се викаат на италјански, и тој категорично, мајмунот е мајмун не е шимија и точка. Или па, доста, тоа е мајмун. Вчера во парк, едно мало детенце вели на моето, не зборуваш нормално, му велам, на родителот што патем муабетевме нема што да ти е незгодно, она мисли дека нејзиниот јазик е нормален а моето мисли обратно дека нашиот е нормален, среќа па почна да сфаќа дека не го разбираат и не ги разбира, зборува со сите нив строго на македонски а овие се цепат, вика интересен ни е При мајка што од тинејџерски години е тука, студии завршени тој не знае ништо. Ама ќе научи. Како што остави се со ред кога беше спремен се си мислам дека еден ден како и секогаш ќе стсне и ќе прозбори на италјански Водиме битка од 2 ипол години за храна, јаде, ама не јаде тоа што треба да јаде, и за тоа пробував ама залудно, и тој ден го чекам кога ќе пројаде барем јагода ако не друго Бевме 3 месеци на прозор, ние знаеме како ни беше, среќа па помине и да не се врати никогаш, се боревме за трошка свеж воздух, сега пак се пазиме, не одиме многу многу по висококонтаминирачки места, бевме на одмор, не сакаше во вода сма на крај се научи па му земав и гума, тоа беа радости.... Супер поминуваме еден период после локдаунот за да на крај се сруши се во една секунда со еден тел повик.... ехххх животот може да напише роман. Го гледам секојдневно како расте и како впива како сунѓер, се шетаме.... си посветуваме време еден со друг и со маж такуѓере. Има моменти кога не знам глава кај ми е, разбира ама не сака да слуша, надвор де е невоспитан или како да де изразам не знам де се понаша океј битно кас молчам, залажувам, правам се што можам со убаво и со залажување да сме океј, има денови кога не сака ништо кога оди само и се досадува од се, вика јас сум сега лош утре ќе бидам мирен само и така, знае што е лошо и сакал сега да е лош после умен Бира што ќе облече во маркет сака прилично само да грабне нешто за да го купи било што како батерии или лепок и ми вика декс му требало тоа А јас му викам тоа имаме се имаме домс па он после вика да мама се имаме ние дома Растегната со многу мисли и обврски.. гледам да балансирам, и се научив да не се нервирам, туку со убаво да биде, многу подобро и за него и за мене. Имаме моменти кога се влечеме на земја, паѓаме на асфалт еднаш скоро до толку ме преплаши што веќе не сакав надвор да излезам со него, ме сопна нс пешачки он падна паднав и јас, од ништо нешто, на коленото имав дупка со што со недели ме болеше и гноеше едвај се спасив од ногата не можев да ја мрдам, пред тоа имаше во влез фрлено нешто да одам јас дс го земам се сопнав и цели степеници се тркалав до доле, арно ребратс ги набив и ногата с не ги скршив оти уште тоа фалеше. Жив здрав палав е на моменти да се чуди човек. Доста беше, да ве поздравам.
ако го знаеш лекот за да не се нервираш молим лепо да споделиш. Јас сваки божји дан кога навечер ќе легнеме ќе си речам од утре подобро ќе биде. Знам дека треба да не се нервирам ама ајде како? Додуша да,се контролирам ама не бре,со две деца и куќа на грб ... Уста Пења ми фаќа од зборување по децава,не оставаат простор човек да мозга за нешто друго. После два малку помачни дена со настинка кај големиот утрово и малото почна со чешма од носето. Ноќеска не спиеше баш добро се вртеше се будеше се сеќаваше крчкање на носот за утрово да му тече буквално. Сирото па тоа не знае да издува да си олесни и тоа и нему и мене ми задава мачни моменти. Вчера бевме излезени да шеткаме почна да дува додека се вративме дома .... Толку беше. Ни влегол ветрот вкоски. Земавме тренерчиња јадевме и излеговме пак а тогаш веќе ветрот си се повлече. Ама па дома ич не ми седат. Малото посебно. И за големиот ми е жал нема занимација па голем дел од денот кисне на компјутер. Се мислам што ли ќе правиме на есен и на зима.
Добар ден мајки Добри сте? Темата некако ни стивнува, се надевам ова е затишје пред бура, сега кога ќе се залетаат новите мајки од труднички, има да се чека на ред Ние добри сме. Од понеделник се стартува со школо, еј да, не ми се верува оваа година имам прваче, колку брзо минува времето, како вчера да беше кого се роди глувче од кило ипол сега ќе оди во школо со ташна и книги, не дека ташната нема да биде поголема од него, ама ајде Пред да тргне во школо инсистирав сепак на уште една контрола на раната од интервентот, тоа кај педијатарот. Не знам зошто се си мислам дека тој на тестисот и не му е направен како што треба, и мм дели исто мислење. Сите конци паднаа, само таму уште стојат а помина повеќе од месец, плус и местото е празно како прво, тестисот си нема земено местоположбата. Ќе видиме тоа во петок. Јас добра сум, денес бев на контрола и закажавме царски. Со душа чекам, доволно е веќе, сакам средба со дадата @elcezelce многу убаво место, точно е дека ако не беше ковидот многу места нема да беа посетени во мк. И мене ме фаќа мерак за една прошетка низ Мк. Последен пат бевме пред 10год. во Охрид и тоа на меден месец Да, вистина Си бевме дојдени да правиме свадба, да не менуваме дестинација, пак пакувања, пасоши, други држави, решивме да останеме таму 5дена и супер ни беше @vitamina ретко те среќавам во последно време. Мило ми е што сте добри, уживај во Венеција, којзнае може еден ден и ќе те посетам За јадењето на малиот да ти кажам помири се знаеш дека исти бевме и уште сме, мојот имаше период кога провоцираше повраќање од инат, еве и ден денес има многу работи што ги нема пробано. За зборувањето исти бевме. Додека не тргна во градинка не знаеше еден збор на ит, таму за 2 месеца научи добро, сега пак не сака да зборува мк, во игра со братучедите зборува ит и мм се нервира, дома сака наше да си збори, не утре да се срами. А и, полесно ми беше кога не знаеше, барем не го разбираа што зборува, сега кај и да одам како навиен е, па и едни прашања што поставува, знае и да оговара (ова наивно детско искажување) Постот опфаќа од се по нешто Поздрав мајки