Не знам ми доаѓа само од себе. Дишам пред да превземам било што. Тоа е, така е со деца, сите мислам до едно дека имаат разно разни испади, може и несакајки, ама се водам по она, многу поминав малку остана, растат па поминува. Еве го мојот од лани до сега има огромна разлика во развивање како преку ноќ да се реши да смени, да порасне, да развие нешто плус. Кај си женска? Абе твоето синче може да почне и другата година нели на 6 ипол? Така ми кажаа мене, од 5 ипол го фаќа као, ама може и од 5 ипол и од 6 ипол. Ќе видам јас што ќе направам. Ние годинава бевме запишани во градинка АМА се преселивме, утре ќе ѕвонам за да добијам инфо. Чисто сумњам дека го ќе го земат . Он сака да оди, и сака другарчиња. Знам дека сакаш да доаѓаш во венеција те имав читано, па еве ви повод за преспивање некаде . Некогаш. Ѕвони
Сакав и јас да седи уште една година во градинка ама не бива. Сите што се родени во текот на таа година (до декември) и полнат 6год. задолжително те тераат да правиш упис. Е сега, за тие што се родени во почетокот,јануари, февруари и така и вака, тие како синко во ноември, декември немаат полни шест, мали се некако, страв ми е дали и како ќе ги сфаќа работите а и вирусот дополнително ствара стресови. Убаво е да може да му најдеш место во градинка, ќе се смири многу, ќе почне да зборува и ит, нема да му биде досадно а и ќе поднаучи нешто. За Венеција освен до амбасада за друго во моментов тешко Ама ќе има поубави денови, можно е да испиеме по едно кафе на пиацата
Здравје бе, има време. Тука сме . Местре амбасада се ужасно неуслужливи и некултурни. Ми се блуе од нив, не дај боже да ми затребат. Тука сум јас, кај местре . Ѕвонев за патен лист 1 недела по 10 пати дневно за да ги добијам, до толку е. Ќе видиме, ќе ѕвонам утре. Мојот е јануари па ми кажаа дека ќе треба да бирам, секако со консултација со воспитувачка. Уживајте, поздрав.
Незнам дали прашањево е соодветно за тука ама ме интересира дали вреди ова да се купи, со оглед на тоа што не се ефтини. Дали вашите бебиња ги користеле?
Јас имав од овој тип на играчка(многу поедноставна на пласрична рамка висечки играчки) и мене ми се најде прилично. Имаше период кога многу сакаше да ја игра. Наутро кога ќе станеше јас си земав кафе и детето на спална јас си пиев и се освестував, а тој се занимаваше. Да не кажам дека неколку пати дури си имав поддремнато покрај него така заигран. Дури на неа и му беа првите обиди за да се исправи од лежечка положба. Генерално јас сум за. Ваква наједноставна користев јас. Купена беше за внук ми пред 7 години, па ја наследивме за мали.
Природа така предодредила, си требаме едни на други. https://pedijatar.mk/po-poroduvanet...-toksichen-stres-koga-se-odvojuva-od-majkata/
Немам пишувано досега лични дешавки на темава, ама завчерашниот ден морам да го документирам. Сама бев, и вообичаено сум сама, ама по-чил ми беше бебево порано. Расте изгледа. Отсабајле ок, изеде пола барем од доручекот, па седнавме да си поиграме. Се покака за сите пари, па не остава да го исчистам, ми бега, гомца насекаде по подлогата, на алиштата... среќа подлогата е некој пластичен сунѓер па се чисти лесно. Го оставив, да средам после хаосот... падна на глава. Ајде плачки, липања...прв пат липа после плачење, па и една жална фаца што праи ми иде да се убијам. После заспа, додека спиеше јас будалата му печам пиперки, спремам намирници за фингер фyд стапчиња. Викам ај да дремнам малку, само што задремав се разбуди, си поигравме и ајде да јаде. Три лажички изеде и ја затвори устата како со шајки закована. Па брца во храната, што ќе му дадам да се заигра фрла, фрли собери пола саат праиме. Успеав да му протнам уште две лажички, изглода мало парченце краставица и толку беше. Го оставив да си игра, пошто збесна во столчето, ајде пак плачки, се удрел на софата на брада. Ајде пак го смирувам, го заиграв, си поигравме, f*ck the dishes. Во меѓувреме заврши машината, морам одма да ги пружам неговите алишта, ќе се умирисаат на влажново време.. Го оставив во креветче да не паѓа пак, по некое време слушам нешто грака, ама у последно време така си праи муабет, викам ај. Почна да кенка, одам да го ѕирнам, од тераса до неговата соба, кога влегов он веќе плаче со солзи леле мајко. Ајде пак го смирував, земавме да си играме... Приквечертa излеговме да се прошетаме, и пошто многу yбаво си поминавме дента, дури и му купив нешто од х&м... Вчера на друг форум читам една се жалела нешто од 10 месечно бебе, и прашува на колку месеци се подосамостојуваат, во стил кога ќе можат родителите да земат малку здив. Некој ѝ одговорил на околу 216 месеци...
@new-mom И кај нас таа играчка беше најискористена. Додека не почна да се превртува и лази цело време со неа се занимаваше. @rainbowmama Ова со 216 месеци, во глава ми иде пресметка како да е околу матура периодот.
Ова го потпишувам со сто раце! И не е само некоја си теорија, значи болници во светот го прават тоа секојдневно и кажуваат за бенефитот од кожа на кожа, иницирање на доење одма, одложување на сечење на папочна врвка и што не (темиве ептен ми беа актуелни). Наместо бебето да го грее телото на мајката, го грее и кубатор. Контактот кожа на кожа регулира милион работи (шеќер, ритам на дишење.. ). Само кај нас те тапшаат по рамо и ти велат "одмори мајка" додека ти го шминкаат бебето и парфимираат, ко синкир ти во тие ден два ќе успееш да се наспиеш за цела година. Наградата која ја очекува нашето тело после процесот на породување е бебето. Да го мириснеме, да го осетиме. А не спиење демек за тоа што нѐ чека дома со бебе. И толку се замарам што си велам како тоа би се сменило во МК. Дали можеме ние како жени, како мајки, како трудници да дејствуваме врз родилиштата и нивните методи. Едно нешто само знам. Ако си продолжиме привидно да се наспиваме за цела година, ништо нема да се смени. Знам дека може сум ви досадна, ама стварно од срце сакам секоја мајка да може да искуси што значи да си го држиш бебето во раце веднаш, што значи да имаш поддршка на царски од партнер, да го држите бебето одма двајцата додека операцијата не е ни завршена. Не сакам ние што сме надвор да сме привилегирани. Затоа што тоа го заслужувате и вие и вашите бебиња.
Имам уште цел месец до пораѓај. Ама еве ќе одам приватно и јас ова планирам да го барам. Не ми треба да спијам, еве одмарам ми трчкаат сите околу наспана сум. Тие 2 3 дена во болница ништо нема да ми сменат. Баш ќе ви кажам како ќе поминам и колку/како ќе го носат. Работата е што не размислуваат сите вака. Значи не е секогаш Системот крив. Еве братучедка ми се фали што убаво 3 дена во болница стискаш копче доаѓаат ти зимаат бебе и го преслакаат итн. Јас сакам ја да сменам пелени не они. Ама пак ќе кажам не е секогаш системот крив, повеќето си сфатиле дека се во болница и сакаат да одморат и им кажале дека треба да се наспијат..
Се согласувам дека има дел кои тоа го бираат. И тоа е ок. Сѐ додека нештото е нечиј избор, немам проблем со тоа. Но верувам дека поголем дел од мајките не го бираат, туку им е "наметнато". Во наводници, затоа што е сето тоа така индиректно смислено. Не дека те тераат, туку со тоа што воопшто не се зборува на темата, не се нуди како опција вакво нешто, меѓу трудници не се разговара за вакви работи... остануваме благо неинформирани. Сметам дека како трудници сѐ оставаме во рацете на докторите и болниците, и тоа не е за кудење, да не ме сфатите погрешно, и јас бев иста. Ама после сфаќаш дека можело поинаку. Дека треба да е поинаку. Имам размислувано многу. Зошто. И сфаќам - кај нас е многу полесно да не пуштат партнер на царски за да се оградат а родителот го лишуваат од неговото право да е таму на раѓањето на сопственото бебе. Многу е полесно да ги средат бебињата и да ги хранат по шема. Поминува сестра, оп по 20 мл во 3 часот. Па 20-30 во 6. И тоа е тоа. Вака треба да одат кај секоја мајка, па да мерат бебе. Да работат на доењето. Да ја прашаат нејзе дали се покакало. А многу е лесно - со моментот кога бебето би било со мајката, и мајката би имала прилика да смени пелена, да се грижи за бебето, да спие со него и да го дои и навечер, не сте свесни колава е самодовербата кога одат мајката и бебето дома. Затоа што мајката првите денови "под надзор" се грижела за бебето и сѐ е во ред, после дома не се паничи за нормални ситуации. Знае како изгледа столица. Колку треба да е мочана пелената. Уште па да тргне доење во болница (што не е невозможно со соодветна поддршка)… убавини.
Ретко пишувам во темава, но текстов ептен ме погоди. Посебно делот за предвремено родените деца. Ми се чини дека само во Македонија мајката не смее да биде со детето на интензивна. Секаде во светот кенгурирањето е една од најважните терапии за предвремено родените, а кај нас едвај информации ќе добиеш, не па бебе да си видиш. И нормално, во Македонија за се' мора врски или пари под рака на сестрите за да ти се најдат. Дур лежев на ГАК цимерката замоли една сестра да и' помогне правилно да го намести бебето на града. Сестрата и' рече дека не постои такво нешто како правилно местење, дека тоа доаѓа природно и инстинктивно, дека ни животните не се местеле, а знаеле како да цицаат. Јас останав ваква Од тоа што неправилно го местеше заврши со разранети и вовлечени брадавици, па нормално ја советуваа за силиконски. Најстрашно е што за ваквите, да ги наречам часови не се потребни никакви посебни услови, само малку повеќе волја, желба и човечност во сестрите.
Цел ден чекам време за да пишам на темава и конечно можам... За ова колку е битно одма по породување бебето да е со мајката кај нас во Прилеп не се применува..после пораѓај одма го зедоа бебето, ги прашав зошто не ми го даваат за да оствариме контакт кожа со кожа добив циничен одговор дека бебето сега е истрауматизирано од пораѓајот треба да се одмори и да го искапат и сигурно не сум сакала такво со крв да го гушкам- валкано било а јас немало да смеа да станам до вечерта (се породив во 10:24) па ќе требало така со крв извалкана да седам и чаршавите ќе сум ги извалкала..јас реков ако си носам мои на тие ќе ги постелам нека се валкани сакам да го земам сега...добив налутен поглед и одговор дека беќе е послан креветот нема да ми одат по газот и да ми менуваат чаршави сега а бебето ќе го донесат кога ќе биди прегледано и средено...Не се расправав и сега ми е криво само кажав добро вие си знаете... Мали го видов дури во 18ч и прашав дали ќе ми покажат како да го наместам на града да цица сестрата ме погледна и ми рече не треба сега да цица јадено е само ќе го измориш остави го детето не гледаш дека спие...Таа си замина и си реков е јок дека нема да ставам дете да ме осети си извадов града и си го наместив сама како што мислев дека треба колострум имав и бебка одма почна да си цица толку ми беше мерак имам и видео дури...Е дека правилно ми бил наместен не ми беше оти одма рани ми се направија ама од кај знам како кога никогаш претходно не сум доела битно колострумот си го доби а после дома коха ми трчаа со шишето мајка ми и свеки тоа е друга прича и неможам уште за тоа сега оти се нервирам многу заради нив молзев 3 месеци и снемав млеко па сега давам Ад..не дека е лошо тоа ама сакав да дојам и ете не успеав оти немаше кој да ми кажи како што и неможам да се помирам...
Ние ја имаме најголемата и сум презадоволна. Цело време синко е на подлога. Има доста активности за развивање на моторика.
@babyboy1 те читам и ти се дивам на подготвеноста. Барем си знаела што да побараш. Јас со првото појма немав, и уште кога ми ја дадоа уште истиот ден мислев дека е тешка привилегија и затоа што сум во приватна болница. Кога те читам за тоа "остај го, јадено е, го мачиш" искрено коса ми се крева. Абе оти не даваат колострумот да го добие бебето стварно не ми е јасно. И уште едно нешто - "ќе се умори".. тоа се оние застарени сфаќања дека бебето го прави трансферот на млеко, т.е. дека бебето мора да влече и да "се мачи". Тоа не е така. Доењето функционира на база на стимулирање на градата на мајката, па млекото само се испушта при контракции на млечните канали. Така да, во светот веќе и сѐ повеќе прематурни деца добиваат и кенгурирање, и се иницира доење (без да се чека до 35 недела). За трчање на други особи со шишиња по дома само едно имам да советувам - трпение. Истите тие можат после 6 месец да даваат секаква храна. На бебето му треба мајка и татко. После доаѓаат во игра баби и дедовци и др. И милион пати ќе речам - кој не молзел, не знае што значи тоа. 3 месеци да се молзиш е одлична бројка! Нема што да се јадеш околу тоа. Не си знаела. Затоа ќе знаеш. Ќе знаеш за да споделиш со друга мајка, жена, и најважно - ќе знаеш за себе. Сериозна сум. Let it go. Уживај во мајчинството. Секоја капка значи. Башка 3 месеци мајчино млеко е ооодличен milestone
Леле како лета време. Преку труднички муабети, па 0-6, набрзо треба да се префрлам во тема 6-12 А колку далеку ми изгледаше таа тема... Мајки, навистина бебе расте дури си трепнал. Иако првите 40 дена ти изгледаат како да траат вечно, не е баш така. Уживајте во секој момент. Секој ден е нова приказна. Секој ден го сакам се повеќе. Секој ден ни го разубавува животот. Колку и да сум ненаспана и заморна, мислам дека се заборавам кога ќе ме погледне наутро со милите очиња.
Кај нас на државно, после природен пораѓај веднаш го даваат бебето. Сум слушнала како мајки велат дека веднаш им го тутнале бебето, не можеле да одморат. Како да немале цел живот да одморат, баш тие часови по пораѓај ке одмараат. Привилегија на приватно е тоа што го земаат и го носат бебето на копче, јас едвај дочекав да го донесат и не го тргнав погледот од него.
Добра вечер Морам да признаам дека на толку читање и припреми дур бев трудна, ништо околу доењето посебно не знаев. Од сегашен аспект навистина поима сум немала, ама во мој случај се погоди као добра ствар. Едноставно се поклопија коцките. Јас добив млеко брзо, а и бебла беше роден експерт за цицање. Покрај хорор приказните за државната болница овде, од старт знаев дека ќе одам на приватна клиника. Политиката на клиниката беше таква, што дозволуваше да си го донесам мојот гинеколог или кој и да го изберам јас и мој одбран педијатар, уште една среќна околност. Пред да се породам, жена на другар од маж ми, породена на истата клиника неколку месеци претходно ме извади од памет кога ми кажа дека кога таа се породила сестрите биле живи незаинтересирани за ништо и давале формула на бебето, па потоа дома имала голем проблем да го научи на цицка. Толку сакав да дојам и покрај фактот што не знаев апсолутно ништо за доењето, решена бев да се расправам. Во една прилика, педијатарката која исто е поборник за доење ми објасни дека сестрите не смеат да дадат формула во никој случај, за да дадат мора да имаат писмена согласност од мене, а ако дадат без да ме консултираат одма да реагирам и да и се јавам нејзи да ја информирам. Претпоставувам, во случајот со девојката од погоре, не била информирана како стојат работите, а и јас имав скроз поинакво и фино искуство со сестрите. Се на се, не можам да се пожалам. Бебето ми го дадоа одма да го изљубам, како и за првите фотки од запознавањето, и потоа ми го донесоа брзо откако ме симнаа мене во соба. Тогаш не знаев дека има такво нешто кожа на кожа, а верувам дека да побарав ќе ми дозволеа да ја задржам од одма. Цел ден бев во мизерии, цел ден со разни провокации, ужасно тежок емоционален и исцрпувачки ден беше, ама на крајот од денот имав супер тим за итниот царски и следните 5 денови на клиника. Апсолутно не се заборава. Ама поминува, тоа е најбитно. Ме вративте 1 година назад. На денот каде почна целиот емоционален/хормонски ролеркостер. А толку многу сум среќна што сум на него.