Да се надоврзам на темава. Породена сум во Америка и тука одма ти го даваат бебето откако ќе се породиш. Потоа го зимаат, прашуваат кој сака да ја исече папочната врвца, дали ти или таткото и го бањаат, мерат, средуваат. Пак ти го враќаат и ако сакаш да доиш, одма го ставаш на града. Дури и кога ме пренесуваа во соба, си ја држев во раце цело време. И како ме возат со креветот низ болницата сите ми честитаа за бебето Цело време беше со мене во соба, единствено ја земаа ако требаше за прегледи. Имаше можност ако сакаш да се наспиеш да ја земат и чуваат тие, ама и јас и партнерот одбивме.
Јас живеам во место каде до пред неколку години се доплаќало да биде бебето со тебе, и немало опција таткото да е присутен. Во последниве две три години се форсира доење, дури не ни дозволуваат АД да донесеш со себе. Една од моите цимерки директно даде АД, и донеле, па бебето испадна интолерантно, повраќаше, плачеше нон стоп, и сестрите ја караа, ѝ викаа Сега треба да ве пуштиме вака да си одите. А има едукација, не дека нема, секој викенд имаше бесплатни часови за трудници. Значи сум имала среќа јас. И мм беше со мене, и бебето цело време, сестрите не беа баш насјајни, кога ги замолив да ми покажат како со покаканата пелена беа као па не одеше на часови? Ама ајде, 20тина соби со по 5-6 кревети, знам дека немаат многу време. Ама има теткици што помагаат, па си доплаќаш и она ти мења улошка на пример, те носи до вц, ти го мести бебето за цицање ако треба. Значи ова кажувам за на државно, ама и не е секаде исто, секоја болница си има различни правила. Е сега, не беше како што вика @Skyfall да ни дадат да пресечеме врвца (ама барем беше одложено сечење), и накај соба беше покрај мојот кревет во свое креветче на тркалца, мада не' загледуваа и честитаа, пошто странец па интересно им беше ваљда. Како и да е, мајчинството ми започна преубаво, иако ми се малку како во бунило тие два три дена, ама бебе си беше со мене, мм беше со нас, спиеше на четвртина кревет ама бевме среќни и исполнети.
Добро утро мајки. Ич немам навика да пишувам во темава, а така ја сакам. @Mari* лепото, ме потсеќа твојава на Константин (поголемиот) . Оди по возрасни, муабет им прави, им се става на децата, еве чист пример, кога бевме во К.Паланка во Воденица, да се симне по скали си фати рандом една жена за рака со ќерка и што се симнуваше надоле и се симна со неа. Ај што се симна, ама па таа една фаца што направи мислиш син ми шуга има. Ја као ја, маж ми се симна по него и нормално одма искоментирав дека рака нема да и се исуши што ја фатил . Уште една случка на лулашки, доаѓа едно девојче, поголемо беше (Константин скоро 4 е, ова нека беше 6/7) и почнува да трча по неа, игра, ја брка, такво дете е , ептен е социјално створење, мајка и ми се врти и ми вика "ај ако може"? Ме исече. Прашав што? Мојов ја плашел нејзината, да сум го тргнела од таму. И само и се изнасмеав и и реков дека сите имаат исто право да седат на лулашки. Злобна кажете ме, ама и луѓево ептен си дозволуваат. Јас имам мн темпераментно дете, ама е страшно среќен околу деца и така лошо му влијае ситуацијава ( ко на повеќето деца) уште лулашки да скратам ради некоја петарда мајка. Нече мочи. Ај кафе да пиеме, треба ли да почастам?
Од форумов научив дека е битно да се оствари контакт одма по пораѓај а и од статии каде пишуваа дека треба да се остави бебето на мајката без да ја сечат одма папочната врвца, мислев ќе ми дозволат ама ете џабе јас читав кога тие не се едуцирани... За ова да не го мачам бебето дури бев таму и му поверував си велев од кај знам па јас тие пораѓаат 10 бебиња секој ден ваљда имаат право и за него е ново ова во друг свет е..ама ете после со чепкање по нет сватив колку се назадни и не сакаат да се замараат туку си тераат како што му е полесно нив.. Преблагодарна и сум на чистачката која додека бебево плачеше и никоја од сестрите не дојде оти бевме преместени на одделение а тие дремеа на цигара и беа далеку па не слушаа жената дојде и ме праша дали сум му дала да цица реков да цицаше ама незнам дали имам млеко дали му е доволно...ме стисна и рече имаш колострум ставај го на града...го наместив ми покажа како цицаше кратко се тргна и пак почна да плачи аа вели сигурно е какан не е гладен пресонлечи го...па јас реков немам поим како никој не ми покажа..чекај вели да видам кај се сестрите јас ќе ти покажам ама ако не се тука оти ќе ми викаат...провери се расшета и се врати надвор се вели пијаат кафе ајде барај памперс ќе ти покажам..го рассоблеков го избришавме и му го измијавме газето дека мекониум имаше тешко др бришеше со влажните му ставиве памперс и го завитка пак таа дека се повијани овде не ги облекуваат..Ми напомена да не кажувам дека ми покажала и дека е пресоблечен... Бабиве се невозможни веќе и двете се лудило со совети дури и свеки му давала банана да лизни оти ме слушнала некогаш дека велам" кое дете јади банана " додека зборувала со мм по тел. А јас му давав глодалка имаме една како банана и таа сватила бебево јади веќе па пробала да му дава а тоа одвај 3 месеци имаше...затоа веќе сам со неа јок сега го гледа на неколку дена само во мое присуство.. За молзењето не се малку 3 месеци ама ете мене ми е криво стварно оти не се повеќе и многу сум осетлива на таа тема... Постов ептен ми е долг и само со жалење ама морав да се испукам..
Добро утро и од нас... Јас веќе го испив додека го пишував претходниот пост а бебка тера прва дремка разбудени сме од 6
Мене одма ми дадоа бебе на ГАК. Го извадија и го ставија врз мене. Такво крваво плаче плаче.... И јас и зборувам и малце крена главче нагоре и се погледнавме или во очи. Магија. Баш како што кажуваа сестрите на часови. Она прекина да плаче, се гледавме неколку секунди... И пак си ја писна и ставија една стара пелена врз неа, јас ја галам на грбче... Никогаш нема да заборавам. Првиот поглед со моето дете. После сестра ја зема на масичката, да ја среди, јас да напнам за постелката, бебе на креветче она со греење до мене вреска, ме шиеја за тоа време.... И докторката се јави маж ми да дојде, го облекле со таква медицинска наметка, му дадоа бебе, па се сликавме он си отиде, па се јавив на мајка ми, на другарките... И дојдоа земаа бебе. Тоа беше веќе кај полноќ, рекоа бебето ноќеска ќе биде со нас, ти мајка одмори. Ме заборавија на боксот, до три, среќа па меко беше, па подремав. Ме преместија у соба и у 6 еве ти бебе. Уште не станата по пораѓај, ама среќа тоа креветчето залепено. Почна в да дојам, ама не знам како, сестрата ми рече ете имаш слика на ѕидот. Вот???? Среќа мајаката у соба имаше искуство па ми покажа, ама па и бебето знаеше да цица и тргна работата. Откако цицна, дојде сестра,.цицаше ли бебево, викам не знам, пробав ама не знам ниту дали влечеше ни дали имам млеко. И коа ме исштипа на цицката сите ѕвезди ги видов. Имаш! Како не знаеш дали влече? Викам не знам. И со шприц и даде млеко да не е гладна. Зајде дете по саат, не може воздух да земе, помодре, викам по сестра нема...станав со бебе, паметот ми се врти... Одам по ходник викам... Дојде една, ме испокара дека кога заоѓало требало да го искубам, јас поим немам од што зајде или се задави.... Хорор! Среќа следен ден дома...мајка. Следниот хаос кај сите е ист.
Добро утро Не да ми треба кафее,дупло нема да ме свести,не спиев добро ноќеска касно легнав,многу бев вознемирена нешто цел ден вчера така нешто се напнав на работа,и хормоните плус и мм на крај си го доби ни крив ни дужен и сум рикала како мало дете синоќа ,толку не можев да се смирам,и ова во мешево се вознемири па ме фати еден страв ако нешто му се случи, и така сега сум како бумбар во очите. Ќере многу ми фали цел месец е кај бабите на чување,и се погоди ептен на распуст ужива таму,одиме секој викенд,ама едвај чекам да си ја земеме од следната недела и ќе се спремаме за школо,па тие ќе доаѓаат наваму за чување,маж ќе земе одмор и така ќе комбинираме дури отоворам породилно. @Monella со лесно на првачето,јас и ти ќе сме во иста ситуација со прваче и бебе. @LadyC и јас се чудам на луѓево какви се станати околу децата,се плашат од децава како од чума,иста е и мојава сака многу дружба со деца и јас само гледам од страна како ќе изреагираат другите.Пред некое време така на лулашки немаше многу деца и мојава си седи и јаде банана и до неа седна девојче на иста возраст и ја гледа и и вика " и јас сакам банана" и оваа мојава зема го скрши едно парче и остатокот од бананата и ја даде цела на девојчето,леле јас од страна само гледам мајката да не ни се пушти,ама ништо не рече. Да честитам родендени на сите лавчиња што славеа,малку каснам ама ме мрзи да пишувам
Иако моите се голеи дечки ве читам редовно и ми навративте сеа спомени првиот пораѓај ми беше хорор бебе ми земаа одма го ставија во инкубатор го гледав 2-3дена онака блиц на 2мин во инкубаторот и првиот контакт првиот допир го имав на 17 ден а дома о однесив на 32 ден не сакам ни да се подсекам хорор ми е најтешко нешто во животот вториот пораѓај сосем спротивно се породив и им напоменав бебе од мене делење не уште пред да се породам Како испадна бебе го ставија на гради папочната ми падна на стомакот не беше пресечена ,она беше со ококорени очи ме погледна го изплази јазичето како да се криве и ја земаа пресекоа папочна и она викна да плаче и не сопре до 2,5 години хаха за цело време додека ме средат мене она беше одма до бокс тука ја бришеа мереа ја прегледува После саат ипол ме преместија на кревет носилка ми ја тупнаа у рацете и ме однесоа у собата со неа заедно јас на кревет она на креветче до мене за саат време ја ставив да цица си фана од прва и беше ден нок на цицка до 2месеци со саати За две ноки си отидовме дома
@azelea јас обожавам вакви деца како твојата, дели... Мојов стипса е, не знам на кој се погоди, ја не сум ич стисната мајке ми , ни па татко му. Некоја баба 100%
Ве читав и јас па да кажам. Има ли поголема неправдина и жалост да одделиш дете од мајка кога тоа дете само што се родило и има потреба само и само од мајка за да живее во тој момент?! Нема мислам. И да, мислам дека само тоа таму го има. Јас се породив во Англија, детето во тие 24 часа додека бев таму беше со мене и само со мене, пред мене се правеја што треба, е млеко не му дадоа ама мислам дека не му дадоа оти таму најмногу до 24 часа се седи после пород нема ни толку. Не сакам да зборам за неискуството, среќа се научив се веднаш, впрочем како и секоја мајка за свое чедо. Соочуствувам со сите мајки чии што деца биле предвремено родени и оставени таму без мајка јас ова не можам да го сфатам и не ми е нормално.
Апсолутно не е нормално. Читав дека каде што се раѓаат близнаци, мајката е во болница со едното, таткото со другото, само за да има кој да ги гушка цело време, да не бидат сами. Кај нас те бркаат дома и бебе само.
И ти исто ке си постапела, сега ја гледаш само твојата страна на случката. Лулашките не се ни твои. И моето дете да го плаши некој, ке кажам ај ако може.
Ама нема да заминам ако некој се плаши од моето дете беспотребно. Нитии направи нешто, ни ништо. Баш зашто се ничии на кој не му одговара нека си оди. Да ја удреше, закачнеше и било што , јас прва ќе реагирам. А тоа што она беше асоцијална и сама беше цело време, другиве сите заедно играа, мислам дека не е баш мој проблем. Нити некому сум рекла да тргне дете, нити се мешам во детска игра се додека не стане насилна. @azelea не му поминува од кога е роден . Ај се надевам сега ќе научи да дели со брат му.
Јас не кажав да си заминеш. Си го тргнала син ти и готово. Сигурно он отишол кај неа да се играат а девојчето се исплашило. Мислиш мајката дака детето да и е адоцијално?
Па не делуваше како да сака детето да и се социјализира. Не и навлагам и не ме интересира, кој ја сфати поентата топ.
Јас кога гледам дека мојата досадува на некој и велам да се тргне, ја учам дека доколку некој не сака да си игра да оди да си побара друго другарче. Едно е за лулашките, на пример да не му давала да се лула и да го бркала, друго е кога не сакаат да си играат со некој. Личен простор треб да се учат да почитуваат, да знаат што значи не. Мојата ја учам дека ако некој не сака да го гушк треба да го почитува тоа, исто како она што некогаш не сака да се гушка. Мене ова ми е ко јас да седнам на клупа и некој да дојде да ми прави муабет само зашто нели, просторот е на сите, многу социјален тој некој и сега јас да морам да го слушам. Не е така. За другово, и мене по пораѓај ми ја ставија на гради и толку беше, имаше инфекција и не ми ја донесоа воопшто, дури попладнето другиот ден. И јас немав поим што и како, као ќе кажеа така правев, тоа е. Среќа бев многу поупорна да ми покажат за доењето за да имаме добар старт, не престанав да ги гњавам додек не дојдоа и ја наместија. Иако ми префрлаа што мајка сум била кога не сум знаела да дојам. Ужас е кај нас и за пораѓај и за после, никој ништо ни објаснува, ни се труди, како крави на расплод, ајде, следната. Ова за државно зборувам особено, немам искуство со приватно.