@RainBow вака. Девојчето не беше на лулашки ни 5 минути. Константин отиде да се лизга по неа двапати. Ја викаше да се бркаат, она не сакаше и ич не и се потресе. Веќе кога треба детално да се објаснуваме. Не, ама не и се упика, не ја молеше да играат и воопшто немаше буквално време да настане било каква ситуација. Не бевте таму, не можете да судите. Како излагаме редовно на лулашки со години, сме немале проблем, баш сега нагло настана у 2 мин. Тоа е исто ко ваше дете (небитно чие, не само на реин дека е тагната ) да потрча према друго и беспотребно да ви го нападне некој оти е дете и не размислува дека некому ќе пречи"да седне на клупа и на сила да му прави муабет" од среќа што сака да и игра. Ајде на деца ќе им проповедаме " не играј со други деца на лулашки оти може да се плашат од тебе for no reason" Ако на таа мајка и смета, мене не ми смета да доаѓаат дечиња да играат со моето дете така да ич не се смарам. Не дискутирам повеќе на темава зашто секој има свој став, но ако некој планира да му игра детето само нека доаѓа подоцна кога нема никој на лулашки. Ставени две лизгалки и сеа сите ќе се туркаат на една, оти на некој не му се другарувало. Не споредувајте големи, возрасни со деца. П.с. правено ми е муабет со многу психолози, дете треба на граници да се учи уште од мало, но да не се претерува оти баш може да настане контра ефект и да нема никакви понатаму. Јас сум престрога со него, да не речам и претерував и увидов дека така само инает ми прави. Сигурно нема на 4 неполни да внимава како се однесува со деца ( у смисла на игра) важно ми е многу да не биде насилен, да дели, да внимава како игра со помали дечиња од него и да знае да се забавува и тоа го добивам откако прекинав на 5 минути по него да викам за се и сешто.
овде ставам потпис. Со првото бев млада (24 год) и се карав и расправав со персоналот. После породувањето еднаш ми го дадоа на пладне и после ги нема. Викам ќе ми го донесите бебето,викаат чекај денес си породена закрепни малку рано ти е. Викам јас овде дојдов да лежам и одмарам или да раѓам. Ми го донесоа само уште еднаш. Ноќта фатив трески и висока тт. Буквално се тресев. (Препишувам на тоа дека имав многу млеко веднаш ми дојде и веќе градите до вечерта ми беа камен цврсти а ни еднаш не ми дадоа да го ставам на града) другата ден ми го донесоа цел ден беше со мене јас деновите ги црвев во молзење и маки со доењето за на крај да испадне дека дете не може да фати да дои као мали ми биле брадавиците бла бла... Ме оставија уште два дена плус за да "научам да се одмолзувам и да дојам" а во суштина не се ни потрудија да ми го наместат бебето ни да ми објаснат положба ни да ми кажат како да знам дали дете навистина цица или не. И на крај дојдовме до ситуација да бебето го израснам со АД млеко од нестручност на врабптените. Со второто (во друг град се пораѓав) првите 2 часа во инкубатор ги ставале сите бебиња (никако не сватив зошто) такво им било правилото. Потоа го носат кај мајката и уште истата вечер го оставаат со цел мајката да се навикне и снајде во состојбата. Море над глава ми стоеја на секое плачење на бебето ноќта во 2-3-4 сатот (додека во други болници тоа време вработените спијат) им објаснувам второ дете ми е не можам да дојам имам мали брадавици. Ми вика да не тропам глупости туку да чувам дете на града. Млеко дури вториот ден ми дојде ама успеав во доењето се благодарение на персоналот. Башка е муабетот што вие го објаснивте. Се е до персоналот. Со второто ми дадоа да го пресоблечам да сменам пелена да научам да дојам со првото не бре брате. Ништо. Ко дојдов дома не ни знаев како да го облечам.
И да не сакало, нејзина одлука е. Не можеш да кажеш дека мајката е петарда затоа што има поинаков став за дружби. Може се плаши од корона. Чудо големо ако кажала дека не сака твоето дете да се доближува до нејзиното. Се плаши, што е чудно и спорно? Демек, деца се и мора сите да си играат заедно. Ако они веќе биле на местото, а вие сте дошле по нив, логично дека нема да бегаат, туку вие ке најдете место кое не е зафатено. Ако е јавен простор, не значи дека може да влегувате во туѓ личен простор.
Многу ме нервира муабетот, ако мајката не дозволува нејзиното дете да си игра со секого што ќе го сретне на улица, одма не сака да се социјализира. Ај малку полека со лепење етикети. И јас не сакам моето да се доближува до непознати било деца било возрасни. И плус Корона е, треба да има дистанца. Секој со своето нека си шета.
Ние први бевме таму, ама и мислам ова е навистина лош муабет "јас прв стигнав мое си е" . Туѓ личен простор нема на улица надвор. А кој се плаши од корона воопшто не треба да оди на лулашки оти таму е полно родители и деца. Тоа е факт. И да. Петарда е за мене. So sue me. P.s. ќе ти кажам кај идам на лулашки де ако ти смета да не идеш. Извини таква лошка сум, џаба ме учиш, ти глеј за себе како ќе реагираш со твое дете, јас си реагирам на мој начин. @Black girl друг пат тагирај ме. Јас никому не му ставам име и ти нема што да се нервираш оти јас упознав асоцијално дете. Такво беше. И да. Не го етикетирам, беше асоцијално , а ти тоа не можеш да го знаеш зашто не си била присутна.
Мене така ми иде логиката. Лулашките се на градот, па кој прв си ја зафати, може да ја користи до кога сака. Освен ако некој не праша да му ја отстапиш и ако сакаш. Вака беше во мое време. Јас не одам на лулашки, мал е синко, има лулашка дома и плус не го мешам со деца. Абе не дека јас ке те предомислам или сменам ако ти кажам, си кажувам онака.
Па на лизгалка сите се лизгаат. Или не е така? А за лулашка, сите се таму и си треба пример осет дека не е едно дете па цел ден да се лула, нели бон тон, нели треба сите по малце? У твое време само ти се клацкаше, не отстапуваше никому? И јас онака си кажувам де.
Леле ама ја распнавте @LadyC , додека не се објасните нема престанување,јас многу убаво ја сватив што сакаше да каже,не знам што толку лошо ја разбравте и се докажувате за нешто што не сте виделе. И не се согласувам дека ако некој фати лулашка и треба цел ден да седи на неа,така во двор дома нека си седи ,а не на места што се за јавна употреба за сите.
Поставила ситуација и дискутираме, нормално е да се согласиме или не и да си кажеме мислење. @LadyC ти искоментирав на твои зборови, ова ми звучи како да не биле пет минути, затоа изреагирала мајката. И ако дошле на лулашки не значи дека мора да си игра со други деца, може само сака да се лула, нивно право си е. И не е рано да се учат да почитуваат други и туѓ личен простор, бидејќи како учат дека треба да ги почитуваат другите така учат и дека самите треба да бидат почитувани. За седење на лулашки се согласувам дека треба усул и осет, не може цел ден да се држи една лулашка, ставени се за сите деца.
Ти не можеш да знаеш како и било на таа мајка во моментот,има различни ситуации. Не лепи етикети без да знаеш ок? Часовите по пораѓај ми беа пекол лошо,не спиена 48 часа,главоболки и болки тон,и не значи дека ако јас сум побарала да го земат бебето сум помалку мајка од тебе. Тогаш одмарав,закрпнував и сега цел живот ќе си го гушкам
@RainBow абе јас не ви дадов тема да разглабате само што е пресмешно што се трудите да докажете некоја поента која ја нема. И да. И како може тебе да ти звучи бе Реин пишан збор? Боже не звучело на 5 мин. Немам намера да објаснувам секој еден збор што ќе го пишам и па ќе стојам на моето до крај . Да ти нападне некој дете беспотребно сигурно ќе му одржиш лекција за личен простор верувам. Учете ги како мислите дека е најправилно децата, верувам дека не ви се ич совршени во живо како тука на пишан збор - оти се деца. Бутур фаца на дете да направиш очигледно треба да имаш проблем со себе. И не. Нема да му кажам на син ми да "не фаќа личен простор" на јавно место кое е за сите деца. Ете. Може сега јас ќе ве научам тебе нешто и Мила ко вие мене што сакате да ми наметнете ваше мислење и став. Јас мое дете ќе го оставам да биде безгрижно у време на пандемија каде се му скратив, од градинка до дружби со пријатели, нема да дозволам да биде напнато од некои правила кои друг ги поддржува а не јас. Кому му смета моето дете на лулашки нека се прошета . Секој со свој памет. Толку на оваа тема.
Воопшто не збориме децата дали се совршени или не, деца ко деца, збориме за тоа како и на што ние ги учиме. Ама нема врска, секако нема да се разбереме. Ајде добро утро. Еве кафе за освестување и нешто за грицнување. Убав ден не чека денес, со шетање и посетување на нови, неистражени места. Малата пресреќна.
Не знам во која тема да го пишам ова, толку сум во шок Некои мајки сте сигурно зачленети во групата на ФБ, Соба за доење и АД и можеби сте го прочитале постот на мајката која на своето 3ипол месечно бебе му дава и каши и јогурти овошни и тетрапак млеко кравјо и пудинзи и на бебето ништо не му било. Луѓе толку многу ми падна жал за бебето, не можам да ви опишам. Па зар на овој пристап до секаква информација на интернет, секакви статии научно поткрепени со факти со докази, се уште постои: "Јас сум мајка јас знам што е најдобро за моето бебе".
Добар ден од мене ,ајде кој е за кафе и лубеница Моментално уживам во тишината спијат и двајцата на маж му беше досадно па излезе малце да се прошета .Ручек денес нема да станат деца и одиме кај мајка на гости на ручек .Инаку се одморивме подишавме малце чист воздух ,преубаво поминавме неколку денови сите заедно И на двата пораѓаи одма после пораѓај ми ги ставија и двајцата на гради тоа чуство и тој момент никогаш нема да го заборавам Со син ми контактот после пораѓајот траеше само неколку минути пошто мораше да ме успијат со целосна анестезија ама после 2ч. кога ме симнаа во соба веднаш ми го донесоа и ми покажаа како да го ставам на града за да цица ,си цицаше без проблем .Сега со ќерката одма ми ја ставија на гради ја тргнаа само дури ме шиеја после одма пак ми ја вратија и таква убава фотосесија ми направија ,бевме разделени само дури ме симнуваа мене во соба нејзе ја земаа да ја средат и после пак ми ја донесоа ,е со нејзе па имав проблем со цицањето првите 3 дена ,првиот ден повраќаше ,после 2 ден несакаше уста да отвори за да цица, а мене млеко одма мо надојде течеше по спаваќата ама сестрите стварно се трудеа да ми помогнат да фати бебе да цица и успеавме еве ја сега 2месеци цела крофничка ми е @LadyC јас се слагам со тебе тие мајки што не сакаат детето да им се меша со други деца на лулашки не треба ни да ги носат мислам јас зашто невозможно е деца да се дистанцираат на такви места .Деца се тоа сакаат да се дружат . Убав викенд мајки
јас имам многу читано како дале нешто на 3-4 месечно бебе па ништо не му било. И кога ќе се замислам малку доаѓам до заклучок значи јас сум само глупава и заостаната што цело време покасно воведував намирници. На пр. Додека сите нормално даваа месо на 7-8 мед јас дадов на 11-12. Она дала млеко на 2 месеци јас на 12. Имаше осеќам ко јас да сум заостаната. Сериозно. Инаку се токмев 2-3 дена да пишам едно мислење ама не стасав. Претходно на веќе дискутирана тема и коментари од типот "па кога не им верувате на лекарите што туку одите кај нив,вие ли ќе се правите доктори пред нив" дојдов да си се пожалам дека навистина веќе дојде време да си сме сами свои доктори оти све си е**ло м**ер. Јас разбирам сезона на короната е ама лекар бе да не ти излезе во пресрет.... Или па ко ќе ти дадат терапија преку телефон на непрегледано малото почна со растечен нос едно утро а уште ноќта кога ми стана за цицање го сетив како крчка со носот чкрипи... До пладне ок после крена тт 38. Реагирав спадна па крена следно 39. Омалаксано без апетит. Само спие и цица од пладнето до ноќта. Во меѓувреме почна и да кашла. Се јавувам на матичен да му кажам и да знае дека ќе одам на преглед. Што фино лепо ме откачи на поштен начин,да давам антибиотик ај викам како даваат антибиотици ко витамини да се. Одам ноќта на дежурна. Му објаснувам за состојбата и за тоа што ми рече матичниот и ги замолувам ако е можно само да го ѕирнат грлото оти досега тт кревало само од воспалено грло. Ако и сега е така да знам да давам навистина антибиотик ако не да барам друго чаре да правиме крвна слика. Без проблем не примија мери тт 37.6 наслуша виде грло и рече да црвено и отечено му е. Следниот ден веќе му беше подобро тт немаше ама затоа звучеше како да чкрипи додека дише. Станав одам на матичен му викам докторе видете детево да не ми спушти на плуќа ваква и ваква е работата. Вика чекај не влагај стој во чекалната да не речам од далеку го наслуша едвај да допре со стетоскопот на тело. Добар е вика давај антибиотик ако е нешто полошо дојди ако нема тт добар е. (Во превод ај чао со здравје) јас сирота цело време сама и по мое си го лекувам. Прашај по луѓе прашај на форум сумирај донеси заклучок и реагирај. Е до тој степен дојдовме. Да си бидеме сами свој доктори
Женчи да ве поздравам. Не сум многу расположена, да бидам искрена, Маличе е со температура од вчера. И цел ден е никаков, се труди да е весел, ама не успева. Едно време направи такви драми - викаше и не можеше да се смири, го фаќам за уво - вришти, го фаќам за стомак - вришти, го фаќам за стапало - вришти.... Сомнителен е, ама си направив филм демек дека го боли пример уво, а јас скептик лоша мајка.. па што да се прави - правец ургентен. До кола - трае.. мирен.. а цел ден гори, и покрај ибупрофен и парацетамол... Не успеа да спушти помалку од 38. Среќа не крева над 39.4.. ама и тоа е високо. Одиме во таа грозната клиника што ич не ја сакам, ама ни е на 3 минути со кола,.. и можам да кажам дека прв пат во животот - секако заради корона - човек немаше на ургентен!! Нѐ примија веднаш, завршивме за 15 минути. Со Мачорка пред година дена кога отече цела, дремевме 3 саати и спиевме по клупи... Со Маличе месец кога правеше 4 саати чекавме да го прегледаат... Катастрофа. Овој пат...одма. Среќа - ништо не му е. Ушите не се црвени, ниту грлото. Ниту кашла, ниту нос му тече..само температура има.. ова мислам дека е од сѐ што пика во уста.. пред два дена бевме на едно детско игралиште и се лулаше на лулашка прв пат, па додека стигнам рацете да му ги избришам зеде и квалитетно си ги брцна во грло.. така да може да е до тоа.. Докторот кажа дека личи на оној вирус што трае 3 дена, и е со висока температура, па после спаѓа и се појавува осип по телото. Мачорка го помина на 8 месеци некаде. Ако до среда не му помине да одиме на педијатар... Се надевам ќе се среди. Мразам кога се болни. Мислам, која мајка сака, нели. Мачорка го жали, го игра.. тој плачливо се занесува во себесожалување на бебешки начин. Јас и маж уморни некако.. Се мислиме за доаѓање накај МК.. сакаме да дојдеме да си видиме фамилија.. од друга страна нѐ фаќа малце паника. И не знам веќе ништо. Еве го роденденот на Маличе, за помалце од две недели, баш би сакала да го прославиме со нашите. Не знам што ќе испадне. Има време. Како не, ич нема време, ама ај. Ќе си пишам пак, утре со нови сили. Wish me luck... вечер сум дежурна со топломерот во раце...
Zdravo majki i jas denovive epten negativna sum.Bolka vo glavata me otepa se custvuvam malaksano i posakuvam da ima nekoj barem 2 dena po 2 saati da mi go pricuva bebo.A toj od den na den e se pozahtevan mislam deka poleka tonam so milion obvrski okolu mene mislam deka samo koga ke se ppdelam na delcinja ke uspram se da zavrsam.Ova so koronata dopolnitelen pritusok tolku mnogu sakam da gi vidam moite i tie da go vidat bebo 8 meseci e uste go nemaat videno.A od druga strana ne sum odlucna seuste da patuvam.Mi se kine srceto na iljadnici parcinja so sekoj niven povik.Se nadevam na nekoi podobri i popozitivni denovi majki.
#бош#небош#муабет Некад имам пишувано за мајката што натенан пружа алишта. Три деца, глас не пуштаат, одат покрај неа како војници. Денеска имав можност да слушнам како им се дере. Леле луѓе не престануваше. Нз дали прозорот и беше отворен па до толку се слушаше. И сега, надвор, за нејзините ќе речат воспитани, за моево невоспитано. Веќе јасно ми стана дека дете што не мрда е преплашено дома ама никако да ми стане јасно како успешно да го воспитам моево. Една друга па, исто што не и мрда детето, само од памет го вади, ако се мрдне милиметар од неа одма му се дере и за моево вика не сум го удирала по гз затоа било вакво, а таа го удирала. Значи јасно ми е што е погрешно, што е правилно, ама не ми е јасно како кај нас да профункционира правилното. Детево си е такво живо и активно што мислам нормално е да греши. Јас сум преизморена што нормално е да ме нервира. Се преслушувам. Оваа со трите кога и излезе најмалото на тераса само го крена за блуза и внатре како партал. Јас моево го прашувам дали сака на тераса, што сака, да пази, да не се крева над ограда, ако сака да види нанадвор да ми каже ќе го подкренам. И нејзиното мирно не мрда на улица, јас на моево мора стално да му зборам, да го пазам. Се нервирам бе. Ама на долги стази исплатливо ќе беше така? Туку, чекајте, стигам до долги стази, кога имаат 16 да речеме, и нејзиното го малтретира моево. Тоа така научило, моето вака и пак моето страда. Никогаш не сум мислела дека нешто вакво ќе кажам ама на моето му кажав дека не се сите деца добри. Го направив тоа откако една мајка муслимани на нејзиното 6 годишно рекла да не се дружи со моето дека било христијанин и муслиманите биле секогаш подобри од христијаните. А тоа дете значи не разбира и пред мене го кажува тоа на нејзината другарка муслиманка, а моево 3 години па нели појма нема од религија. Само чекам погоден момент да и плеснам на мајката. Дури и си реков сигурно ќе дочека снаа/ зет христијанин заради тоа што го мисли и рекла. Заостаната. Е така, три комшивки изоговарав. На здравје кафе