Истата приказна е и кај нас, само шо моево е на адаптирано. Пие млеко во 8-8:30, ете го за 3-4 сати пак станал, ко некој робот програмиран. Нишкам, пејам, давам вода, цуцла, едваааај ќе заспие после пола сат, го ставам во креветче и во секундата станува на нозе. па ќе пробам пак да го презаспијам, не и не, почнува да плаче на цел глас, ќе го разбуди и брат му и ете ти друг проблем. На крај мора да попуштам, му давам млеко и одма е заспан. Џабе сум се нервирала и нормално ќе се расонам. Ете го кон 4-5 пак иста песна, пак давам млеко зошто веќе глава ми паѓа и не знам кај сум, и крајно веќе во 6:30 е разбуден и денот почнува. Невозможно е да презаспие, еве 11 месеци пробувам да го сменам ова. Крајниот резултат, ненаспана и нервозна, со главоболка скоро секое сабајле и веќе не знам до кога вака. Поголемиот од 10 месеци сам прекина да станува ноќе и не ми беше проблем да станам рано. Ама сега... Се распишав од сабајле нормално станавме уште неизгреано сонцето. Излеговме од соба демек големиот да поспие, ете го и тој по нас. Кафе испив, ги за то време сите играчки ги послаа на тепих, па дур се заиграни да им спремам јадење. Ајде убав ден да си имате
секакви има. Не можам јас да судам. Имав и јас ваков проблем дома дискутирав и на друга тема. Ама деца бе пушти надвор да играат. Всело еднаш пред околу две години син ми игра со девојчето од свекор ми тоа 2 години постаро од него,играа палачинки со кал и картони мајка му го кара го влече го тегне го тепа ќе се извалкала така не се играло Господе боже. Во парк што деца да седи мирно.
@Sofi.ja знам дека сте поголеми, ама знае регресијата да потрае. Кај нас траеше до кај 10.5 месеци. А дека не е секогаш доењето во прашање (најчесто не е) туку е блискост со мајката - еве ја и @Marmarin . Жени.. немам ум да ви поделам, туку ќе ви се приклучам. Еве ме. Ненаспана, крш. Вчера дури и до плачење стигнав. Заспаа двајцата во 10. Тој стана во 10.30. Немаше температура ама беше веројатно плачлив од сѐ што му се собра деновиве. Едвај презаспа тек во 1. Молења, нишкања, дури и игравме едно време, ништо, ништо не можеше да го презаспие. Доби преку 7 цицки, џабе. Не сака. Не сака вода. Не сака ништо. Ај папса, реков да потсредам и да седнам на меил да одговорам. Завршив во 2, и 2:30 ме фати додека да легнам. Само што легнав во спална, се гушкам до маж ми, за 4 минути ме намириса, почна да плаче. Го зедов кај нас и цицка на мегдан. До 3.15 луѓе нервно ме оболе. Фати - пушти, ќенкај, клоцај, пак фати, пак пушти, па ќе го снема минута, таман мислам заспал, пак ќе заќенка, а јас се губам веќе, тешки кризи ме фаќаат. Особено што и претходните денови не сум спиена дека тој со температура... Готова сум. Толку сум во криза што трампам деца за клупа во парк каде никој нема да ме чепне и ќе ми дозволи да врзам сон повеќе од 3 саати. И после 45 минути толку бев раздразлива, што станав, свикав, отерав сѐ во три лепе, се изнарикав блиц едно 2-3 минути, викав дека ми е преку глава, ми олесна малце, си извадив бубачките и фрустрациите од душата, и пак најдов место за љубов, разбирање и толеранција за него. Видов не видов, си го земав назад, си го гушнав и пак јово на ново. Таман тој заспа, го немаше да ќенка едно 5 минути, таа стана. Јас пак на раб да се одјавам, ме пресече. Не можела да спие. Лош сон. Ајде ја гушнав - не било доволно. Значи не знам што сакаше да направам. Ѝ подреков така малце панично да молчи да не го разбуди. И луѓе - се изгубив. Готово, не можев веќе. Толку беше. Осетив само дека таа отиде до маж ми, и толку. Тие после имале фрка, таа се подмочала (среќа само во гаќи) накај 6… па станал со неа, ја пресоблекол. И после накај 7 пак бебе врисна. Денес ако ви се верува сум зомби. Не ни знам како ми помина денот, знам само дека го истерав некако. Маличе има уште температура ама 37.5 - 38.3 па решив ништо не му давам. Малце се осипа ама утре очекувам повеќе. Се врати маж ми од работа (и тој отепан) па ги зеде до пред зграда со точаци малце да ги фати воздух, јас потсредив по дома, усисав, средив алишта, а сѐ што сакав е да се акнам да спијам до сабота. Ама еве сега уживам во средено сѐ и заспани деца. До кога, кој знае. Денес рано ќе се легне. Утре да бидам барем малце човек. Абе да се иди накај Македонија или не - ова ми е потешко дури и од хамлетовото да се биде или не - кое ако ме прашавте вчера во 3.30 сабајле, одговорот ќе беше сигурно не ... Морам да размислам и да видам утре оти времето нѐ гази комплетно. Требаше веќе да знаеме што правиме. @snegulkata многу те гушкам. Знам која фрустрација е кога животот безобразно тече и се однесува како да не му е гајле. Времето ќе ти помогне.
Lajkot za podrska.Neodlucnosta za Makedonija i kaj mene....tolky neodlucna vo zivotot ne sum bila ...spodeli koga ke imas konecna odluka moze i jas pobrzo ke ja donesam.Gi trosam poslednite atomi energija setahki deneska so kolickata tolku mi se prilosi sto si rekov daj da pobrzam da se onesvestam koj ke me sobira po ulica.Maloto samo za po ulici e , a mene rabotite samo mi se trupaat.Treba i ispiti da spremam, i rabota nova da baram...a energija nula motivacija ja nema
Ах во Македонија. Порасна бебево, моите последно го видоа во јануари, два месеци кога имаше. Многу ми се оди, многу. Не толку за мене колку за нив, премногу ми е жал, секој ден кога си разменуваме слики знам дека мајка ми заплакува на секоја. Cреќа што барем нон стоп се онлајн. Ама мислам дека шансите наскоро да одиме натаму се скоро па нyла. Мм е изрично НЕ по тоа прашање. И го разбирам, сепак станува збор за околу 20 саати лет, менување авиони... Не знам како ќе биде, никогаш не ми фалеле моите како сега. А живеам на страна повеќе од 10 години. Нејсе. Вчера беа неколку другарки, прв пат се запознаа со мали, му донесоа еден куп подароци, една ламбичка мека, на допир што менува светлина, се изнаигра дете. Па весел, се смее, обожава луѓе! Како магнетче ги привлекува околу себе. И тоа ми е уште една мака, немам другарки со дечиња. Неколку познанички имаат поголеми деца, ама и си имаат веќе свој круг, не е тоа тоа. Овде па во градинка се оди после 3 години, ни тоа не ми е опција за здружување наскоро. Низ маало бебињата само баби и дадилки ги шетаат, не знам веќе што муабет да правам со теткиците. И така. После еден малку побурен период, мали пак се врати во нормала. Спие убаво од кај 12-1 до кај 6-7. Вчера дури сите три оброци убаво ги изеде што се нема случено одамна. Да го искористиме овој период па можеби ќе одиме на викенд малку покрај море. Овој или следниот... Кафе испиено, чекам да се разбуди мали, и продолжуваме.
Хеј женски! Како сме? Истерав краток одмор, Струга, интимно и без контакти. Еден ручек роденденски истеравме во Радожда и едно бањање. Охридско езеро таман за да закачам цистит. Затоа не го сакам. Ама годинава колку бевме во неизвесност, добро и толку што истеравме одмор. Додуша ние фамилијарно имавме 3 недели цело време во куфери, прво маж во село, дома, па кај мајка ми, па пак во село, па на одмор и сега рековме извесно време дома. Додуша јас на почеток на октомври треба да одам до кај мајка на кратко на помен, ама тоа сама ќе го изведам, без дете и маж. Наполни 33, од кои 7 во брак, а државава 4 години помлада од мене. Празнично! Поминавме супер ден во една винарија во Градско, многу беше убаво. Ме изненадија со тортуле, со свеќа, со убаво винце... Многу беше убаво! Немам многу време за куцкање, имам многу работа, па само да ве позравам и прочитам нешто. Убав ден!
Жива,здрава најсреќна да си годинава ,секоја желба реалност да ти биде Ве видов на инста прекрасни сте ајде да почастам едно кафе кога веќе сум тука,каснам со кафево денес ама спиевме до 9 со синко толку ми се спиеше сабајлево страшно ,среќа бебе беше умно цицаше во 7 и си отспа до 10 .Јуфки печам за доручек по желба на син ми се надевам дека ке ги јаде само ,нерви изгубив веќе со јадењево ништо не јаде ова дете мое како соленка е што се немам пробано за апетит ,сега вчера читав по групине на фб да земам некој сируп го фалеа со вит ц и црна рибизла го забораив како се викаше .Иначе морам да ја пофалам беба моја многу е смирена не плаче веќе толку многу со спиењето прифатив дека не е спанка преку ден ама се дури ноќе убаво спие за мене тоа е одлично Тоа е друго немам што да пишам ,освен убав ден да ви посакам на сите
Тенкју на желбите и убавите зборови! За апетит само едно ќе ти кажам, ако пие млеко укини му го, може ти личи дека само од него живее, ама верувај дека глутенот и кравјото млеко се најголеми убијци на апетит. Од искуство, за 2 недели се врати апетит кај синко, додуша он имаше интолеранција, ама откако се исчисти јаде се освен месо, за тоа не попушта.
Мајки се мислам помеѓу овие две седишта едното е 0-18кг а другото 0-36кг. Кое би било подобро од ваше искуство? Инаку сме 6++
Добар ден мајки Јас се плажирам По повод годишнина од потпис мм реши да ме шета Лажам Станот готов, завршиле се што требаше и денес ден за инспекција Нели се отвара врата и влагаш и чекаш први импресии ииииии Одма спуштив поглед надоле и шок, на сиви плочки, со шара како ламинат ставиле бела фуга Боже колку грдо изгледа, абе плочка не можеш да видиш од што дречи фугата Се напнав, ќе ја смениме, ама се разочарав, цел стан е со такви плочки, одма ми смени впечаток И како се повеќе се прави, се така ми изгледа помал Вц то пренајубаво Кујната/плочките ја/ги видов и пред, али и тој план што го цртав за елементи не го бива Добро бе, како живеете со кујниче од 2м?! Еве не знам, ова колку да имаш, не дека пити ќе тегнам, ама па ептен мало, башка јас не се откажувам ни од машина Као и ге ќе правев, аха Траги-комедии сме, повеќе трагични, него комични ама тоа е Охрид замрел, пусто по плажи, чекав пола саат еден нес да ми донесат, дека нели гужва и ми го носат со расипано млеко Гратис и некој бумбе на грб ме касна Детево сите глупости ги изнаправи, само прашина да се правело, лом сме, побелени од песокот До пред малку кафе ни правеше со песок и камчиња, па у еден момент на глума и самиот се "напи" Сега кружи со метро и мери се нешто, баш у моментов шишето со вода го мери Еј септември, ме асоцира на "почеток" секогаш сум го сакала месецов. Имав поинакви планови за годинава, ама пусти ковид, пуст останал Детево некако го стабилизирав, фативме пак некој ред, применив нови игри и се фати на мамка Ама леле што е мрзлив за шетање, дома, во двор, душа ќе ми извади, само да се трчало, бркало, скокало, а по улици повеќе од 100м нејќе да иде. Не менува ни дали е топло/ладно, не сака да оди, одма се жали дека го болеле нозе Ај кичмава ми знае веќе Среќа па и од 15ката не мрда Пак количка е на турбо, ма авионче е таа, попрактична не можеше да биде, вреди секое денарче, каде и да одам ја фалам Уф првата, го жалам женчето што ја купи, башка и ситничка беше, јас па фер бев и кажав сите мани, ама мерак и било, абе и мене ми беше, ама ми преседна Инаку му избрав патики за бдеј, ај колку се џиџе, колку се најубави, ама ќе ги земам пред бдеј, што знам да не му порасне ноџе, има време. Само ваљда нема да сум баксуз и баш тогаш да нема број Бендисав и чизми и тие џиџе, само ќе ги купам ако го натерам да ги облече, ако не да е жив и здрав, нема да трошам пари и на нив, ќе си иде само во патики За дотеруванката ќе го средам по патиките А тема или тортата ќе е со бубачки, пеку и маче Не сум смислила каква да е, ама ќе ми текне идеја. Секако бдеј нема да се слави, сем торте друго нема да правам, кој знае каде и ќе го прославиме, може и у стан Ајде одам да продолжи денот со прашината, толку од моето "слободно" време Убав ден, да гушкате малишанки @snegulkata
Додека денов не е завршен да ве почестам со по едно парче торта. Сеуште сум под 30 ка, но со полни бели влакна и 7 кила помалку. Имајте убава и мирна вечер со вашите сакани.
Купив сега карти. Растргана сум некаде меѓу "јас сум најголемиот натрапник што ќе ја прошири короната насекаде и ќе ја донесе на мајка ми која од март седи дома и не работи затоа што е ептен во критична категорија" и "во принцип не е толку страшно, ќе се пазиш и ќе си со маска, германЧишЧава се изналетаа по одмори и кај не, смеам да си видам фамилија што еднаш во 2 години ја имам видено". Не знам. Ме фаќаат паники и од летање. Те молам Господе немој да биде "тражили сте - гледајте". И мене ми е грев - бебево порасна, никој нема видено, дивурија е луѓе, ферал бејби,... Се шалам. И Мачорка сака да си ги види луѓето. Па пукнавме затворени тука без никој, знам дека е неблагодарно ама па цело породилно затворена го поминав. Ми треба и мене социјализација, ... Не дека во МК ќе ја добијам, ама мајка татко и сестра да видам. Толку. До викендица на село со нив. Друго не ми треба. Па така најкритично е авионот. Одбравме седишта со план како да не се мешаме со никој. Маски ќе се носат. И веројатно првите 3-4 дена не се гледаме со моите, па ќе направиме тест. Не знам веќе, сто пати ја премислив темава. И на крај сестра ми ми се развика дека не треба да правам драми, и дека ризикот е секогаш таму и постоечки, а животот релативно краток. Ќе ви пишам искуство, со оглед на тоа што сега во понеделник ќе одиме! Маличе е супер. Освен целиот што е осипан. Ама тоа до утре / другиден ќе му помине. Дефинитивно розеола. Тоа е. Ќе се заредат после коксаки, шарлах, што не.. да е жив и здрав, па ќе поминеме сѐ ... Не знам друго што да ви кажам. Освен дека стварно се осеќам безвезе и си судам што за време на корона не седам мадро. А тоа што сите заминаа некаде нема врска. Леле само да помине сѐ во најдобар ред. Многу сум паника. @emkaemka бумбе!!! @24.07 најсреќна да си секогаш!! @AngelOfArh и тука честитки за сите поводи!!
Здраво мајки! Денес имав турбо ден, едвај дочекав да легнам и да се испружам. Синко цеееел ден оди, ама цел ден. Откако ја откри магијата на одење, ништо не го интересира. Оди и отвара се што не треба. Се дере кога нема да му дозволам. Научил да фрла памперс, сабајле менувам, го облекувам, он го зема и оди на тераса и го фрла во канта. Мил на мајка, многу е паметен. Се нервирам со јадењето, хемоглобинот му е слаб. Малтофер. Со плачење и дерење го пие. Едвај чекам да биде готов станот и да се одделиме. Супер живееме со свекрва и свекор, не е до тоа, само сакам да сме сами. Сега сакам да читам некоја книга, нешто така лесно, ми треба време за себе.
Витамини Д3+к1 на крај сме Сега ми рекоа само Д3 без омега пошо немало потреба, а сите околу мене користат и омега. И затоа реков да прашам