@24.07 Среќен роденден сваќе,жива и здрава да бидеш и се што сакаш да ти се оствари Имам многу да пишам ама ме мрзи.Стигнав на работа па ај друг ден ќе пишамБидете поздравени мајки и редовно ве читам
До 12 недела д3+к1 давам плус д3+омега ,ортопедот рече ако надмине бебе 5кг.да внесам плус 1 капка пливит д3 ,ако даваш само пливит д3 треба да даваш една капка на 1 кг.
На 1кг по 1 капка се дава ако има поголема потреба од Д3, а како профилакса доволно се 4 капки Пливит. Јас му давав 9 капки ама имаше омекнати ребра, сега сменивме со Вигантол и пие по 4 капки.
Јас само цитирав што кажа ортопедот ,докторот рече дека сите општо во Македонија имаме зголемена потреба на вит Д.
Да исто и нам, мислам и вие кај Антоније одевте ако не се лажам. Затоа и преку лето плус примаат, а нели порано беше демек само во месеците Р што имаат
Да кај Антоније одиме .Порано викаше така се сеќавам за син ми ,а сега рече као да не давам само кога сме на одмор .
Изморена изморена и изморена...синко овие денови си станува ранко па додека го успијам ми доаѓа времето за станување за работа..Значи во просек спиење по 4 до 5 саати имам..а пред спиење ајде алишта да средам па играчки па садови за да наредниот ден кога ке дојдам да си играм со децата. Сопругот ми вели остави тоа се и легни си...Да бе, ке си легнам ако ти се тоа го средиш но си оставаш се на мене зашто немаш време кога си со децата.Се осеќам како дома да има три деца од кое маж ми е најгаленото...Големата си тргна во градинка но едвај станува на сабајле..си поплакува кога оди но ке се навикне
Добро утро Сакам кафе, а ми се лоши Не се сеќавам да ми се гадеше вака во првата бременост... Сакам да заминам од Мк, поодлучно од секогаш, сега со второ бебе на пат. Премногу време изгубивме, опаднавме психички 3 години во посраново градче. Вчера излеговме со количка да се шетаме, дупки, ѓубре, испаркирани на пешачки и пола улица, количката треба да ја возам на сред улица. Кучиња од сите страни, глутници, трчаат низ улици па врти од тука може нема, па те пресретнале десет, тргни од друга страна, други десет и така од шетање преоѓаме на брканица. Катастрофа. Незнам со кој памет се вративме да живееме тука, на прсти се бројат младите што останаа тука.. Штета е децата да ми растат во оваа средина, а од друга страна и причината поради која се вративме беше приватен бизнис кој со отселувањето на луѓето од градов е во застој.. Мм е спремен за Германија, положи јазик, ама некако кочиме со заминувањето.. Дете расте, Од понеделник почнувам на работа, неможам да користам мерки пошо сум на договор на определено време, договор ми е до фебруари, термин до април. Работам со странки, во контакт сум со минимум 30 души дневно.. Од друга страна свекровци ми откажаа чување за малата, ќе ги чувале децата на деверми во ск. Незнам, неможам да ги разберам како можат да глумат вака, а знаат во каква ситуација сме, а тие се двајцата државно вработени, користат мерки 5 месеци, а можат пак да ги користат.. Ама тоа е, си донеле одлука луѓето.. Девојчето ми е мака како ќе си го оставам од понеделник.. Се навикнавме да се мазиме по цел ден
Како што е редот да се пофалам дека имаме прекрасен, убав, реновиран, трособен стан со голем балкон на први кат (приземје, па ние, за некого втор кат е). Со машина во стан.
Хај мамаситас.. Да чкрапнам нешто набрзина дури спие бебе (ова не важи оти само што го напишав се разбуди..) па после да го средам и да акниме некаде, нели недела е па да не се седи дома, а и отворија нов ресторан во природа покрај река во близина па да се посети оти веќе дома не се издржува...Прерадосна сум ова ни е прво излегување на нас 3-ца на ручек некаде.. Друго, незнам дали аите вака ама јас мислам секое излегување од дома ми е како да се селиме....па памперс па шишиња, термос, млеко, па алишта па незнам што ти не арно оти купив голем ранец инаку ќе носев 5 мали.. Друго ново нема, уствари има..забележав дека бебе не сака луѓе во црно и со наочари..вчера бевме на гости кај блиски и тие сите во црно, имаа смртен случај на блиска особа па беба ко рикна не прекина додека не излегов надвор, таму дечиња си играа па нив му се смее му писка..си реков добро помина да се вратиме и пак само што ја виде бабата опет иста песна...па како демек свеки ја знаел а ја гледа еднаш неделно таа ќе го смирела па го крева високо горе долу а тој така се плаши..ајде и кажав прекина па демек сакал в количка да го вози..а знам дека ако плачи и го седниш в количка зајдува и уште повеќе се лути и реков као демек не ме слушба го седна па му шиба цуцла а ние цуцла само за спиење користиме инаку не ја цуца...ме налути и му велам на мм ке преземиш нешто или само ќе дремиш така...па ајде стана зеде дете и ми го дава и на мајка му и вели ама ако не му ги знајш навиките остај го мајка му нека си го смири... Горе долу тоа е..стана бебка одам да се спремам.. Имајте убав ден
Добар ден После 2 недели се убедив да му направам на маже лазања, неделно да смириса на кромидче куќата мора Бебе заспа, се закашла во спиење од што е преполна секрет и поврати, се преплаши, а и таа исто. Па капење, менување на постелата што веќе еднаш денес ја сменив, па убедување пак да заспие.. Па ми се јави мајка ми, ми се развика да не сум работела ништо, требало да одмарам, за бебе 1 сум била попотресена Незнам што очекува, како да заборавила дека и таа имала бебе кога била бремена и сигурна сум дека и таа ринтала како мене, па 8 и повеќе, јас работам се со мм, а татко ми не е баш некој тип што помагал низ дома.. Што да и правам на беба за секретот? Прскам аквамарис, аспирирам, ама пак е преполна.. Само со повраќање го исфрла. Денес неделно со пеглата во рака добри 2 саати, да се спремаме за неделава. Најдов брзо солуција за чувањето на ќерле, ама не ја носам кај баби дедовци, ќе доаѓаат тие кај нас, наутро свекорот, после работа мајка ми. Дома ми е посигурна, има еден куп играчки, чисто е по мои стандарди, а и од сабајле несакам да ја будам. Одлучив да бидам лоша снашка па се напрајв партал со свекрвица до целосна поддршка од мм Дури и мм толку се налути што од него 6пати повеќе го кркаа. Премногу поделби, неможам да разберам зошто, а знам дека кај сите родители има двојни аршини помеѓу децата. Тоа е.. Убав ден,
@mamaJana знам оти ти звучи страшно ама убаво е штом ги повраќа. Барем и олеснува, да не и хрчкаат. За друго веќе си напишала тоа е . За повеќе лекар ќе ви даде терапија.
Знам дека е подобро ама многу се плаши, се потресува, дури и не плаче само скаменето стои кога ќе поврати.. Лекар(ОРЛ) е свекрвица , таа кажа само аспирирање со солен раствор..
Здраво мајки! Не се сеќавам кога ми беше последниот пост тука, може има повеќе од година. Не знам што ми текна сега го пиев утринското кафе, ве читав и ај да напишам и јас нешто. Многу од вас пак бремени или веќе со по две дечиња, јас уште некако не можам да се решам, а многу сакам. Планот беше за оваа есен, ама ке видиме, и лани така велев. Малата за еден месец полни 4 години, кога поминаа. Тргна во preschool пред една недела ама учат од дома, училиштата немаат во план да ги отворат до ноември, за понатаму ке видиме. Што да ви кажам, хаос. Дечиња од 3-4 години учат онлајн, кое плаче не сака да седи пред лаптоп, кое јаде, кое лежи со нозете на камера, смешки се. Не дека е моја, ама најпримерна беше. И објаснив дека се седи на столче дури се гледа со учителките, после тоа ке си играме. И си седи, слуша внимателно, одговара кога ке ја прашаат, пеат песнички, играат, цртат, гледам дека и е интересно. И најбитно, без проблем си станува сабајле во 8 за првиот час, инаку до 10 немаше шанси да ја разбудиш. Многу поубаво ке беше да одеа во училиште ама засега вака ке е. Бевме минатата недела на забар, имаше запчиња за правење и мораше со анестезија за наеднаш да и ги направат сите. Пострашно нешто од детето да ти е под анестезија мислам дека нема. Не беше скроз успиена туку како малаксана, се смееше, зборуваше неповрзани работи. Испаничени бевме јас и мм, тој пола саат дури и работеа на забите ни се виде вечност, ама фала Богу се е ок, сега сите запчиња и се супер и на забар ке одиме само рутински на 6 месеци. Не се сеќава она, знае само дека испила сокче што и дал чичко доктор и толку. Многу се распишав, тоа е, сакам есен веќе ми здосади жешково. И така дома го поминавме цело лето ништо убаво не видовме. Моментално нема овде многу случаи со вирусов ама многу објекти се сеуште затворени. Убава вечер на сите.
Прв одмор на бебе. Се охрабривме да отидеме на море, прв пат со бебе и прв пат во Албанија. Долг пат, непозната земја, хотел букиран, дур бевме на граница ми се јави газдата да ми каже дека ја дал собата на друг. Да ми беше пред мене, ќе го убиев. Да сум сама, гајле ми е. Многу сум патувала и каде се немам поминато ноќ, на автобуски, на железнички, на аеродроми, сама во хостели, во Airbnb во гетоа на големи градови, кај другарка на другарка, на плажа. И немам страв. Или немав. Ама како се роди малиот од се се плашам. И со бебе, да ми откаже смештај што го гледавме и биравме 2 недели уназад на 2 часа пред чек ин, дефинитивно ќе го лупнев да ми беше очи. Нејсе, среќа на наша мрежа, па букиравме одма друг хотел што го гледавме дур баравме смештај и ни беше втора опција. Хотелот беше ок, мајкава у време на пандемија пола куќа ја пренесе. Кревет за бебе, за нас чаршави, перници, пешкири, дезинтали, алхохол, ајакс, крпи. Гарант се чудеа тетките што чистеа зошто им викам дека нема потреба да менуваат пешкири и они да чистат. И е* одморот коа бришеш пребришуваш. Маж ми станува едно сабајле и ми вика дека сонувал како иде по бебе со прскалката дезинтал и дека бебе пак фатил дел од креветот што не бил дезинфициран. Се засекира дека побудалува. И така. Стигнавме некако и прв ден на плажа со базенче, кофа, топка, гума, кашичка една, свежо овошје, АД млеко во дозерка (не дека пие млеко денски, ама шо знаеш, може баш денес да сака да пие), 3 креми за сончање, боди резервно, тетри, цуцли... Сигурно уште нешто носевме. Јас и муж ми што секад на плажа идевме само со пешкир и шише вода, ете не идеме со дете и 2 ранци. Бебе гледа во море, се смее, се радува. Уф добро е. Се погледнавме со маж ми, не е џабе патот, не вришти од вода. Ајде среќни седнавме на лежалка. Мачкај дете, дај вода да не дехидрира. Стави капа. Он извади капа. Ти пак стави капа. Таман седна до тебе и се заигра со некоја гумена играчка, се грчи цел, кака. Тогаш поимот менување пелена добива поинакво значење. Он сака да лази по песок, ти гледаш само како да не го залепи каканиот газ на лежалка. Сменивме пелена, ајде у вода да намокри нозе. Почнува да плаче. Татко му го зима у раце, он на цел глас МААААМ Мааамамамама. Си враќам филм и во себе им се извинувам на сите мајки на кои им плачеле децата на плажа а сум ги погледнала попреку. Ајде доста бањање. Мачкај пак, зошто е 930 ама да не изгори за секој случај. Сфаќаш му се спие и ајде го успав, во количка на сенка, го дува ветре, дише воздух, татко му го гледа се топи, и вика глеј го си ужива. И пак ти е некако убаво. Имаш време да се избањаш, да пиеш кафе, па си викаш добро не е толку напорно. Додека не стане па пак јово наново. Па ајде на лулашки прв пат, живи радости се лизга, се лула, мавта со раце по децата, пробува да оди по трева. Пак ти доаѓа така убаво додека не седнеш да ручаш, а он почнува да се дере пак на цел глас само што ти го донеле јадењето, и овој пат ни леб не сака са џвака да се залаже. Само вика вика, сака да лази, не сака да седи во количка да не гледа како јадеме... Маж ми гледа и повторува 'Тато, умен треба да бидеш, сега јадеме '. Ја превртувам очи као да, сигурно на 10 месеци те разбрира колку е битно ти да ручаш. И така на 3 ден татко му изјави дека среќа сме букирале само 5 дена, а и тие се можда многу. Си дојдовме и го прогласивме одморот за успешен. Не го изгубивме детето, не изгоре, не дехидрира, не се потру. Еве денес цел ден е кај баба му, ние машини пуштаме да се допереме и да одмориме. Па од вторник почнува адаптација во градинка, мене срцево зрно. Страв како без мене, страв коллу ќе плаче, како ќе спие, страв од корона. Уф. Тешко било да си мама.
ме насмеа мајка! Горе долу истата сум. Поаѓаме кај мајка ми на гости, која е на 10 минути пешки со влечкање, јас мачкам со фактор 50, веледа па креч бел го правам. Ставам една капа, он ја вади, јас резерва носам, па ставам друга. Се ова во 9 сабајле. Поаѓаме да се шетаме, јас се пакувам како за викенд во Охрид. Вода, кашичка, грицки (кои патем се 129 денари во дм- нормални ли се???), пудинг, чико за комарци спреј и нараквица, влажни, суви, памучни тупфери, антибактериски гел, памперс, свеќички за температура и грчеви, играчки, алишта (боди, маица, џемпер, тренерки долен дел), кебе иако до сега само еднаш заспал, тетра, чорапи, лигавки (во случај да јаде) .
@KuklickaSk и јас се изнасмеаавПатем твоите маки кај мојата се уште траат, иако е 4 годиниА сигурно некоја мајка чита и вика па и моето на 10год е исто Сега разбирам што значело со деца на бања не се оди, сапунот ќе ти го изедат, шампонот ќе ти го испијат Добро вечер мајки Темата многу се разубави,да пишат и уште некои нови мајки и од старите пак ,ќе биде најубава тема на цел форум Јас со едно око гледам друго ми спие.Уморна сум .Цел ден бевме на прошетка на "дивиот Запад" .Убаво направено во стилот од 1890 год во Америка кога имало Индијанци и Каубојци.За деца,посебно машки- рај. Е добро де имаше и женски ама поретко Имаше 3 престави театарски.Ние ја фативме втората и третата.Така со мм возбудени на театар дојдовме конечно,ни порасна дететоАма среќата не не држеше долго се додека не пукнаа со пиштол и малата рикна да плака и вика да си одимеОкеј отидвме на игралиштето прошетавме наваму натаму и решивме да си одиме оти треба дома некој да чисти и пегла.Арно ама патот накај излезот го блокирале и предупредија дека преставата ќе почне за 5 минути.Па кога почна преставата дете рикна да плаче и така си плачеше цела преставаА преставите беа смешни и направени за деца. Најсмешно ми беше едно машко дете накај 7 години со пушка во рацте.Доѓаат лошите момци и свтрни накај нас , а детето станува и мери со пушката накај нив.Мене смешно ми падна и почнав да му се смееам , а тоа пак ми вика "ке ги убијам"Така настана некоја фрка на сцената и пукање од сите страни оваа машково дете се исплаши ептен дури се стутка целото од страв Кога заврши на крај преставата на едно девојче му пееја хепи брдеј Кога тргнавме накај излезот малата не сакаше да си одиПа моравме да лажеме дека затвараат веќе и дека е доцна.По патот заспа па мирни се возевме до дома.Не фатија два застоја по 30 мин А мене во веце ми се иде, среќа издржв некако. Јас почнав пак на работа тука нема ослободување на трудници, они не се болни и ризичниПошто многу ми беше лошо си седев на боловање 6 недели.Во овие недели искористивме 9 дена на море.Останавме овде на Балтичко Море.Не беше водата Грција , ни пак времето толку пеколно.Убаво и свежо од 26 до 29 Многу убаво си поминавме иако ми се гадеше и си повраќав Најинтерсно беше вториот ден на плажа кога ја изгубивме малата Пак се плашеше од брановите.Ама не можеве да ја извадиме од ѓољовите пред плажата.Предложив да си измие раце оти и беа од песок и да дојде да одмори на сенка.Нормално госпоѓицата отиде да се мие.А мм седна до мене на сенка да се одмори од целодневно пасење на дете.Седнува и ми вика ја гледаш ли јас не.-Да станам или ќе станеш да видиш каде е? Му велам ќе станам оти јас ја пратив.Луѓе немаше 30 секунди неа ја немаше веќе на плажатаКако будала гледам во морето ја нема, уф добро е не удавена.Трчам и ја барам ја нема.Викам да се вратам да кажам мм да ја бара и тој.Се вратив, а мм ме гледа и јас му викам ја нема.Овој пак ми вика ме зезаш ли Па кога срипа јас тргнав спротивно.Велам ќе се врата ако дојде да не бара да ме види. Некаде на 300 -400 метри го гледа мм како ја држи во раце.А таа плака веќе без гласОтишла толку далеку. Толку се исплашила кутрата што не и текна се одели од нас цел одмор.Мм ја нашол со една жена која ја нашла и тргнала да прашува низ луѓето чиво е детето Сепак фала Богу заврши со хепи енд.Траеше помалку од 5 минути, а ми изгледаше како часови да ја нема и живот ми се скрати и коса ми обеле од стрес Море море како се распишував мислиш роман везамДа одам да спијам утре Јанко ќе ми е крив што ќе ми се спие. Добра ви ноќ мајки и гушкајте најмили