Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.937
    Допаѓања:
    12.127
    Пол:
    Женски
    Да не си од Охрид? Ај не мора да ми кажуваш, и така цела Фиромија е дупка.
    Јас секое излегување пцујам. Па срам од детето да ме слуша; ќе заида некој, ќе ме слушне, брука светска ќе сум, а како сѐ наоколу е ок. Ја гледам средината во која живеам, не знам како да отупам да не се замарам. А тука треба да живееме.
    Баш како што викаш, ѓубриште насекаде, па дури и во "урбани" средини, го вртам детето на страна, срам ми е и нејќам да ги гледа ѓубрињата, доволно е што по дупки го дрецкаме. Качи-слези по тротоари со количката, слалом си играме. :x

    Денес бидна крштевка. Од премореност не можам да заспијам. Изгледа сѐ уште ме држи доза адреналин од сето трчање, тактизирање за бебе да заспие, да не се искака при крштевање (од тоа ми беше страв), сите да се услужени, фотографии да се поуспешни, да не се заборави нешто иии отидна енергија.
    Бебе варираше во плачење. Другите со утешни зборови - ја отвора плуќата :smirk: јас велам го пратеше попот во пеење.
    Ја погодивме крштевкава во скокче, па и заби го мачат и многу луѓе наеднаш... Сепак убав ден, како во јули :sun:, ми идеше да ги шутнам штиклите да слечам фустанот и да се освежам в езеро. Ама не не на таа пара за шминка шо ја дадов :shake:.
    Сѐ на сѐ супер беше, а и бебе не направи изненадување во пелена. :party:
     
    На ma4e1311, Kaetana, Sofi.ja и 17 други им се допаѓа ова.
  2. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво.


    Го прославивме роденденот од дете порано неколку дена. Во сабота во двор, вечерта немаше дечиња само бебушот од брат ми.
    Договорот беше да се собериме помалку луѓе заради ситуацијава...кумовите, старосватот, деверот и моите. Кумовите ептен се пазат и рековме на отворено топ ќе биде, нема ни да ми се валка дома и надвор слободно цигарчина на рајат, а не на секое излези- влези. И на крај кумовите не дојдоа... Не можеле да дојдат ќе дошле вторник кога му бил роденденот. Како се изнервирав, кога ги каниш треба тогаш да дојдат а не по свадба тапани. Можи нема дома да бидиме? Можи имавме друг план?
    И така како секоја година ќе си бидам со гости 4 дена.

    Во саботата додека го облекувам дете ме расплачи... Ме прашува "мамо сега мене ми е роденден и ќе имаме гости"
    -да Матеј
    (очината светнати од радост и голема насмевка на неговото лице)
    "јупиии, роденден, роденден"
    Почнав да плачам, а дете ме прашува:
    "Зошто плачеш мамо,те боли ли нешто"
    (ме гушка)
    -не сине плачам од среќа.
    " мамо незнаев дека се плаче кога си среќен.

    Вчера дете беше пресреќен со дечињата,Уште од прозорец кога ги виде скокаше од радост. Имаше две другарки негови и децата од братучетка му на маже. Се изнаиграа, дома со играчи надвор со сите реквизити, играа со новите топки, се бркаа.. И сношти дури не вечераше, брзински туш и заспа преморен.

    Да се пофалам, Маже станал и слаткар, едната торта подготвена со неговите раце. IMG_20200912_132331.jpg

    Имам уште многу за раскажување ама дете се превртува кај и да е ќе се издигне од кревет.

    Денов долг ќе биде..
    И денеска со гости....

    Честито нови станчиња секогаш да имате радост, среќа слога и плус по уште еден нов член во новиот дом.
    Честито крштевки на бебушите!
    Вечни да му се имињата!

    Имајте убав ден.
     
    На ma4e1311, girl-miri, koritsaki и 29 други им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.501
    Пол:
    Женски
    со убаво да си живеете. Нека во него ве прати бериќет и здравје цел живот.

    Добро утро од мене. Станати со малото од 7 и нешто се вртевме низ кревет тоа после еден час вртење си призаспа јас и покрај желбата за спиење станав. Да не се збори после сум недомаќинка. Треба во 10 да одам во школо кај големиот, свидетелствата од 1во да ги земиме и да потпишеме изјави за каква настава сакаме да следиме. Ќе се читнеме малку покасно,идам да се спремам. Имајте пријатен ден
     
    На hello-kitty.90, gjoker4e, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.937
    Допаѓања:
    12.127
    Пол:
    Женски
    @24.07 Среќен роденден на мали!:party: Голем да порасне! :^:

    Браво за тортата, wow! Мојов за салати е цар :D

    Фала ти на честитките! :)
     
    На mal.ecka, 24.07 и azelea им се допаѓа ова.
  5. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    14.526
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки

    Прво да честитам роденден на @24.07, да му се множат годините на дечкото, голем да расте.
    Честито стан на @gjoker4e, среќа и љубов да ви владее во домот, баш ми е мило шо ти се исполни желбата. :)
    И на бебушко на @elenaklasik, честито крштевка, вечно да му е името. :* Ние успешно ја поминавме пред 2 недели, без плачење и инциденти. :D

    Јас ги заспав децата, пуштив машина па дури го чекам маже да ве поздравам.
    Прво да почастам, бебушко прооде. :d::d::d::^: веќе неколку дена се пушташе по некој чекор, ама денес и вчера наеднаш цел стан го сврти. Од соба в соба само шета и писка, пресреќен е, а и ние со него. :inlove: Очекував да прооди до роденденот ама многу порано ме изненади. :inlove: За разлика од брат му шо заоде на 1г и 3м, ама тој и ден денес е помрзлив од малиов. Ќе излезиме да шетаме, не поминале ни 10 мин почнува "мамаааа качи ме на количкатаааа". Качен на количка ко на коњ, брат му си седи нормално. (facepalm)(facepalm) веќе срам ми е и одамна не го ни шетам по чаршија, знам дека обавезно тука ќе бара.

    Друго, маже на некој начин доби понуда за работа во странство и чекаме да го викнат на разговор. (fingers) прво тој би одел сам, па после и ние. Од нигде никаде испадна, а ние веќе спремни да купиме едно место и да почниме со документи за градба. Му викам на маже, батали куќата, да си земиме едно станче колку да се делиме од стариве, па после здравје, јас во никој случај нема да седам со нив дур не е тој тука. :smirk: Секако процедурата може да потрае и неколку месеци дури го викнат, па за то време да си средиме стан и да поуживаме малку, доста беше нервози. :!: Па сега се надеваме дека сѐ ќе испадне според планот, некако многу наеднаш се сменаа работите, дури уште не ми е верно. :lol:
    Со породилново искрено премногу се изнервирав, а и не очекував нешто поинаку од мизернава ни држава, се гледа дека сме веќе и подолу од дното. Не сакам да навлегувам зошто не вреди. Ќе се снаоѓаме некако и то е то. :envy:

    Дојде мажево, одам да бараме модел за кујна. :lol:

    Добра ноќ :hug:
     
    На girl-miri, Chanell*, marchi-cool и 18 други им се допаѓа ова.
  6. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Да пробаш со инхалации со физиолошки 2 пати на ден,кај нас тоа многу помага
     
    На mamaJana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.900
    Допаѓања:
    34.107
    Пол:
    Женски
    Утро мајки:toivo:

    @24.07 Сваќе чекаме торта:nod:
    Среќен роденден на зетко, жив ,здрав и среќен да си расте:^:

    Ја однесов малата на градинка и по пат видовме еж згазен.За малку ќе го згазнев, па свикав и малата го виде.Ми прашува дали ежето е умрено? Реков дека е и дека ќе го стапнев, а мртво животно е жално да се згази, исто и дека не се фаќа оти може да е болно:emo:
    Следно прашање , а што прави ежето?Одговорив дека нане? А кога пак ќе стане? И кажав дека мртво животно нема да стане и дека ќе си нане цело време.Толку од прашањта:whew: Туку како вие им објаснувате на децата за смртта, а да не предизвикате страв, а исто и да дознаат дека смртта не е нешто што е убаво и посакувано?
    Некој прашања се толку едноставни ама комплицирани за да се објаснат на мало дете:)

    Вчера пред да си легнам отворив фб и таму имам некои германски групи . Имаше прашање до колку часот ги пуштате децата надвор? Одговорите за мене беа :o Да ви ги кажам.Сите беа тука некаде пола час порано покасно. Деца од 8-16 години имаше одговори ги пуштаат од 18:00- 19:00часот во летниот распуст плус 1 час:) На 18год до 24 часот за викенд|(
    Имаше и одговори кога ќе светнат уличноте светла треба да си дојдат пред да се стемне:nod:
    Си мислам што е проблемот со мене што не можам да го разберам времето.Јас немав од дома никогаш ограничувања.Ама кога ќе подразмисла па и во право се треба тие деца да спијат секако утре се на школо, а поголемите и на работа . Исто и родителите се на работа не можат да седат до касно и да чекаат деца да се вратат:) Затоа во 21 часот веќе нема никој на улица:!:
    Што мислите дали е во ред волку строго однесување со децата?


    Кога не пишувам не пишувам со месеци, ама кога пишам секој ден пишувам:lol:Денес сум анкетар па да видам мислења од вас:angel:
    Имајте убав ден мајки:f:
     
    На mamaJana, TarantulaA, emkaemka и 17 други им се допаѓа ова.
  8. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки! Убави овие топли септемвриски денови. Ретко ви пишувам, но читкам од време на време. Денес еве такво утро децава спијат уште, испив кафе па да правам појадоци. Од денес решив малку да преземам мерки за себе за поздрава храна, вежбање. После некои незгоди со моето здравје минатата недела. Некое време веќе ми беше претешко, имав панични напади, а најветојатно и почеток на анксиозност.Сето тоа ми беше поради тоа што сум што би рекле во Америките stay at home mom. Ме фати некој бес, лутина, се осеќав бескорисно, праќав цв как што ќе стигнев. И никој не ми се јави :(. Можеби поради коронава, можеби не сум соодветна не знам. Но, вчера кога кажаа на вести за мерките дека се укинуваат кога вифов што се пишува по групите на фб, како не можеле да се справат со децата (не дека не сочувствувам со нив) но сепак мидлам дека дете на 6години барем може и треба да оди само во вц и може да јаде само. Тогаш така ме удри од глава што уствари прабам јас дома. Колку давам се од себе, да му помогнам на големипт, да ги испилам и изведам на прав пат маливе, и она клишето дека мајката е многу улоги. Мм никогаш не рекол дека седам дома, дури и ако му кажам кај сум.пратила цв ми вика за некои места па не е баш ок таму. Малава ќе полни уште малку две години, мислам дека конечно малку можам да здивнам, да ги запишам во градинка и да успеам и друго нешто. Ете ми олесни малку. Сакам да кажам и дека мајките кои работат со мали деца се херои навистина, да жонглираш со сите тие обврски и дечиња мали не е лесно навистина. И затоа не треба да се обвинуваме едни со други, туку да си даваме поддршка жени на жени. Убав ден мајки!
     
    На emkaemka, marchi-cool, Kaetana и 16 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.388
    Допаѓања:
    37.537
    Пол:
    Женски
    Вчера во 19:40 мајката до нас ги вика децата од тераса, ајде дома веќе е премногу касно. А ние се спремаме да излеземе со моево. Ама до тогаш средував, чистев, се бањавме.
    После 20:00 нема деца надвор и според мене тоа е нормално, ако станале сабајле во нормално време во 6 или 7 часот и самите деца без да ги викне некој ќе се вратат во 20:00 дома. Прекрасен здрав начин на живот кој има голем удел во успехот на единката и развојот на целокупната држава.

    Јас станувам најрано во 5, најкасно во 8, а легнувам најрано 21, најкасно 22. Ептен сум претопив во германскиов систем.

    Синоќа после 20:00 бев в маркет и тоа на трчање од што ми беше незгодно.

    Смртта ни сама не можам да ја прифатам па не знам како би ја објаснила на мало дете. Можеби дека после смртта одиме во вечноста каде што е многу убаво би било убаво објаснување за мало дете. Дека тоа еже сега живее спокоен живот на друго место. Не можам да се помирам дека било кој умира, а не верувам во живот во вечноста. Али убаво стварно да го има и да си живееме таму среќно и вечно. Вечно па би ми се здосадило и така.

    Убав ден мајки се надевам дека наскоро ќе имам четири деца :inlove: ама прво да научам да бидам домаќинка :!:

    Демек ќе готвам и пуштам рерна ама сум ја заборавила тавата со зејтин внатре, леле кога почна да чади се здрвив едвај отворив
    Па перев перници и мм вика перници се суш.....

    ***постов којзнае од кога е пишан, не се постирал па не се зачувал цел, ај до каде е до таму е...
     
    На TarantulaA, ma4e1311, emkaemka и 13 други им се допаѓа ова.
  10. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Смртта ми е слаба точка, не знам како да и објаснам бидејќи ни сама не верувам во тоа што и го кажувам, а се плаши, ноќе пред да заспие ми вели, мамо се плашам сите ќе умреме, некогаш и плаче поради тоа.
    За ограничување за надвор немам, искрено повеќе сакам кога е надвор игра и трча одколку да ја затворам дома пред компјутер или ТВ.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    И јас кога бев мала често плачев дека ќе умрат мама и тато. Најмногу ми помогнаа приказните на мајка ми за задгробен живот, ми правеше слика дека и таму сите ќе бидеме заедно и е уште поубаво од тука. И памтам дека ми олесни многу кога ми кажа дека тоа ќе се случи многу далеку во иднината. Ние возрасните не можеме да ја прифатиме смртта, а не децата. Многу стресна тема и ден денеска кога ми доаѓаат такви мисли се убедувам дека постои задгробен живот,полесно ми е.
     
    На Chanell*, elcezelce, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Готово поминаа гостите сега малку да здивниме сами. Веќе ми се смачи од спремање, сервирање и раскревање по 2-3 пати во денот за гости.

    Дете се издигна уште во 6 :30 со неговото приплакување и не сакаше да призаспие. Па се убедувавне да прсниме ацидосалус.
    После долго време,т.е после 9 месеци дете настина, очината светнат, црвени и пола затворени. Мрсули бели како вода за извоз.Досега нема тт ама почнува да јавува онаа подмолната 37,3
    Приплакува за се бетар е од бебе.
    Несака да дува со носот,
    Несака пумпица,
    Несака да јади,
    Несака сок (од утрово 250 мл со сила)
    Бара чај а само го лижи и него.
    Едино ацеролата ја сака и бара уште и ги кријам.

    Маже втора смена на работа од 12(дежурен од денеска). Се надевам нема да има работа и ќе си иди порано дома и нема да има итни повици.
    Маже повеќе паничи за настинката од дете... "Ако појдиме кај матичната ќе не пратела да се тестира за ковид" леле му викам и шо.... Ништо. Најважно е дали ќе не прими на преглед.

    Но сега немам намера да го носам по доктори, ќе видам напредите два дена како ќе биди.

    Ручекот готов гравче со димено мевце, а дете знам дека нема да јади за него нешто полесно.

    Си се пожалив сега да одам да спремам алишта за машина да пуштам.
     
    На emkaemka, Ano, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.824
    Пол:
    Женски
    Добра вечер.

    Се мислам со малава, некако не правиме не знам какви активности, да учи нешто конкретно, да пишува, чита, што знам. Си игра цело време слободно, измислува, прераскажува... Читаме обавезно, моментално Исидора Мун ни е омилена (да, зборам во множина зашто и мене ми е супер забавна :D ), па цело време се преправа дека била вампирка. Повеќе сакала вампир да биде, него самовила.8-| Треба да се загрижувам?:D
    Како се вашите на тоа поле? Мојава па и не е нешто да седне и да работи, или пак јас не знам доволно интересно да и направам. Или и мене толку ме интересира тоа.:wasntme: Позабавно ми е кога си играме.:)

    За прибирањето и јас ко во Германија да живеам. Не чекаме ни светла да се запалат, до осум да е заспана. Летно време може и до девет да продолжиме, ама обавезно рано се прибираме. Цел ден си игра, не гледам зашто и навечер има потреба, си спие 12 саати, па дење си е супер.

    За смртта не сум и зборувала, ме има прашано, ама сум вртела одоколу, некако и не знам што да кажам и рано ми е за тоа да мисли.:?: Тешка тема е дефинитивно, а не сум ни прочитала некои пристапи да видам како ќе ми се види дека е најдобро.

    @gjoker4e се израдував многу кога те прочитав, само убавини да ве пратат, да си дочекате и поголем стан.:makeup:

    Нека ви се среќни на сите родендените, крштевките, сите што славите нешто.:f:
    Имајте убава вечер, да ја спремам за спиење, седум дошло.:D
     
    На emkaemka, girl-miri, Chanell* и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Tedyyy

    Tedyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    3.026
    Пол:
    Женски
    Немам воопшто пишано тука,па би сакала да ви се придружам ако ме примате:$
    Ќерка ми скоро ќе прави 8 месеци.Како вчера да пишував во труднички муабети...:D
    Но,овој месец малку повеќе се опуштивме со мм па чекам да направам тест за 1 недела:nod:.
    Можеби е пребрзо и ќе ми биде тешко ако сум повторно бремена ,но ајде,ќе пораснат.
    Се пронајдов во слична ситуација како членката погоре.Исто и на мм му понудија работа во странство а куќата веќе се гради полека полека.Ама сепак мислам дека и да работи ќе биде привремено.
    Имајте убави сништа:l:
     
    На rainbowmama, Bella*, emkaemka и 11 други им се допаѓа ова.
  15. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Мнооогу се радувам за вас.
    Сега ги читав пораките од јуни јули и август 2018 години. Искрено очите ми се насолзија.
    Тогаш ти пишав кога ја зеде визата:

    Браво многу ми е мило. Знаев дека ќе успеете. Да знаеш дека еден ден ќе се сеќаваш на тешките денови и ќе бидеш горда што сте успеале па дури и ќе се насмееш. Од искуство ова :) ќе бидете горди што сте почнале сами од нула и сте успеале.
    :*
    Бог помага на оние што имаат силна желба да успеат.

    :hug::hug::hug::hug::hug::hug::hug::hug:

    Ќе се вратам после да пишам подолг пост :D не сум пишала 2-3 недели. (hollest)
     
    На gjoker4e, vitamina, Chanell* и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @KuklickaSk ме насмеа слатко.. особено делот со криво гледање на мајки со деца на плажа. Многупати сум рекла дека имав предрасуди пред да сум мајка, ама сега сфаќам - толку сум знаела. Ама не сум била ментално таму, и стварно не сум знаела подобро. Можеби треба малку повеќе да се зборува отворено за мајчинството како тема, бидејќи сега сфаќам дека како тинејџер па и повозрасна, одредени работи од моја страна беа малку погрешно интерпретирани. Особено од аспект на феминизам - борбата да си рамен со мажот, да градиш кариера.. секогаш викав дека кариерата ми е многу важна и дека домаќинлукот е симбол на потчинетост на жената во домот. Никогаш бре зелка не помислив дека може да е убаво. Удобно. Откако имам деца - сфатив дека за мене лично е многу поголемо уживање. Дека ден поминат со децата до најразлични активности и те како ми прија. Барем додека се малечки и додека не видам дека се зрели за во градинка. Не дека сум неработник, ама на мои 35 почнувам многу поинаку да гледам на животот. Имам титула која веќе не ми значи. Пре би работела нешто што душата ќе ми ја исполни.
    Забегав во постот, ама денес сум хаотична. Ми се простува.
    Кога сме уште на тема одмор - сакав да пишам дека описите на Кукличка и те како ме однесоа низ годините со Мачорка. Првиот одмор - исто. Нутри булети фрчат и се јаде демек здраво на плажа. Со секоја година некако сѐ повеќе работи носевме. Одењето на плажа значи носење сѐ живо и сиво. Бротче, кофи, маска, мускули, гума, ... Покрај торба со пелени, креми, јадење, вода, капи, блузиња... :))))

    Ми се оди на одмор. Многу.

    @elenaklasik честито крштевка.
    @24.07 тортата е многу добра!

    Жени - честито за станови, понуди за работа, градење куќи.. се надевам животот ќе ви носи убавини!

    @RainBow и ние сме од пред 2 години навлечени на Исидора. И јас викам ние од истите причини. И костим имаме и се маскираше досега два пати во Исидора.

    @Ava.84 за смртта зборувам многу отворено. Затоа што мислам дека јас имам некој уплав затоа што ми беше како табу тема. Па кога почнав да ја осознавам ми е како траума. Па затоа со Мачорка пробувам контра пристап. Најотворено. Зборувам дека и мене ми е страв иако сум голема. Но дека е дел од животот. Неизбежна.

    -

    Ние сме во МК. Уште се немаме видено со никој. Вчера се тестиравме, негативни сме. Денес таман за роденден на Маличе ќе се видиме прв пат со луѓе. Искрено, добро ми дојде мир.. таман два дена имав и онлајн симпозиум и обука за tongue tie па бев раат.
    Денес се спремаме за прв роденден. Возбуда милион. Ќе правиме во викендица. Само нашите родители, сестра ми и брат му на маж ми. Доста е. Носам украси од Германија (да не трчам тука да барам). За брзо одиме да накитиме. Торта готова, исто и капкејкс. Многу се радувам. Скромно, ама поминато со фамилија. Тоа ми е најважно.

    Ќе ви пишам повторно деновиве, се надевам дека убаво ќе поминеме. Така сум целата растопена, заљубена, си спомнувам пред година како беше. А и ми стигна нотификација баш денес (коинциденција) од тема породилни за мојата приказна, и си ја препрочитав. Си се расплакав. И сум целата вознесена.

    @koritsaki среќен роденден на принцезата, те помислив и тебе пред година!
     
    На Kitten, Sofi.ja, BirMelek и 22 други им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    108.599
    Пол:
    Женски
    @Kaetana Среќен роденден и на твоето срценце, големо да расте :inlove::inlove::inlove: благодарам :l:

    @elenaklasik честито крштевка :inlove:


    Добар ден мајки. Два дена немам седнато како што треба , здив да земам :| големата почна во школо , 4то одделение, па секој ден ајде учење, само што почнаа еден куп работи.
    Денес мојата Вики има роденден. Не можам да поверувам дека помина една година, како да беше вчера кога шетав низ клиниката да добијам болки. Кога докторот ме изненади дека месец порано ќе излегува.. па се плашев да не биде мала ептен, ех спомени. Овие два дена правев порачки од нет за роденденот, украсував по дома , вчера правев еден куп панцероти, кифли, со крем, мафини, денес утрово пројата со сирење и дпанаќ бидна, ќе ставам и некои грицки и тоа ќе е. Нема кој да ми дојде :( освен свекор ми свекрва ми, па може и девер ми. Сепак нема да бидеме сами. Еве слика од нас :hai:

    [​IMG]
    Поздрав мајки , убав ден :inlove:
     
    На Izzy_0504, dunika, Peperutka-bt и 38 други им се допаѓа ова.
  18. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Здраво мајки :hai:
    Јас веќе сум ранобудна, од оваа недела синко почна во градинка и алармот ѕвони во 7 и 20. :yawn:

    Истеравме мини одмор во Лидо ди Јесоло. Не ми се допадна баш ама барем видовме море. Грчка е милион пати поубаво дури нема ни споредба за мене. Водата беше мраз ладна и синко ми се разболи. Му помина со сируп. До море немаше ресторанти за да јадеш туку некои бутки полни со муви и само тост и сендвичи, па одевме до центар да бараме. Пицата очекував да биде вкусна демек Италијанска ама и тоа не. Кај нас во Прилеп сум јадела милион пати повкусно. Седнавме да јадеме на вечера во најгнасниот и најмизерн ресторант до сега. :puke: Демек морски плодови, надвор немаше место и ај внатре до близина на кујната. Кога се отвори вратата од кујната и кога ја видов каква е валкана и гнасна и плус куварите валкани од пети до глава ишлакани со храна и врвот беше што пушеја цигари во кујна. Ми се повраќаше. Јас не јадев маж малку проба ама мирисаше на тиња јадењето. Оставивме и тоа беше. Не би отишла на тоа место пак на одмор. :shake:

    Само што се вративме ни стигна кујната па ајде и тоа прави, зглобувај, поминавме и со поликолор, чистење ... едно комбе ѓубре исфрливме. По 5 дена конечно средивме. На маж му помина одморот а ни о не виде од одмор. Тоа е. :emo:

    Пишав и во темата децата и градинките за брзото адаптирање на синко. И така сега е во градинка а јас дома. Досадно ми е в крај се чудам што да правам.
    Се чудам дали да одам на курс да почнам или работа да си барам. Еве и без јазик функционирам овде скоро 5 години хахаха. Не е смешно де трагично е. (facepalm)
    Маж е подобар од мене. Кога зборува ни јас не го разбирам се.
    Еве и синко од 3 дена во градинка почна да кажува ја и наин хахахах се смеам и велам детето нема да си го разбирам еден ден што ќе ми зборува. :wasntme:
    Во недела ни е годишнина со мм па се мислам дали да му купам нешто или не. Скоро секогаш заборава, вчера му кажав а тој ми вели леле стварно па јас мислев да те носам на фаќање риби в недела хахаха баш романтично. :inlove:
    Ќе направам една торта и готово.
    Поклон ќе му купам друг пат ако фатам некој попуст.

    Имав многу за пишување ама ми избегаја мислите.

    Да честитам родендени на сите дечиња и мајки што славеа периодов да се живи и здрави. :^:
    И се друго што пропуштив. :beer:
    Ручек веќе направив и чекам да дојди 13 часот да одам по синко.
    Имајте убав ден мајки! :f:
    Кај нас е врнежливо :rain::rain::rain:
     
    Последна измена: 17 септември 2020
    На Sofi.ja, ma4e1311, Мариаа. и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.900
    Допаѓања:
    34.107
    Пол:
    Женски
    @Kaetana среќен роденден на синко, жив , здрав и весел да расте:^: Зарем помина една гонина :o Како вчера да кажа дека си бремена и брзо летна времето :$
    Секој додека е млад си мисли нешто друго за мајчинството и јас исто сум мислела заостаната домаќинка(facepalm) Ама денес си викам мм да има добра плата не ни одам на работа ќе си уживам со децата до 10 години:inlove:
    Ама нема како сакам туку како морам|(

    @koritsaki среќен роденден на лепотицата, убава торта и среќна славеничка :inlove: Да ви расти во здравје и среќа:)

    Јас дома малата ми е болна ,за помалку од 2 недели 2 пати температура:envy: Докторот се зезаше утрово како успеала дури 3 дена да не се разболи, а кај е декември:worried:
    Почнав зимо да мразам заради болестиве:!:
    Да дигам г*з да правам супа и ручек:lol:

    Имајте убав ден мајки:f:
     
    На Ano, Мариаа., elcezelce и 11 други им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.501
    Пол:
    Женски
    да и да може да управува со грејни тела да става дрва во огон а во меѓувреме ние од работа да се молиме за време од 8 часа да не ни се запали куќата.
    и моето е исто и не сакам да зборувам за тоа со него.

    @24.07 среќен роденден на мали.
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.