Мамаситас! Честитки за родендени, годишници, имендени, се што пропуштив! Сакав да пишам прееска ама нешто испозаглавив и кренав раце. Не сум семоќна. Туку денес од играчка плачка, земав да скокоткам деѕе дете и маж, инстинктивно мрдање и дете се најде на земја. Моја непромислена постапка, ама и супруг лошо изреагира. Нејсе, тивка војна моментално дома, не се приметуваме. Ќе пројде. Во бед филм сме моментално. Некад мора да има и вакви ситуации. Само памтењето ни е кратко, јбг. Дете се виде со другарчиња што ги немаше видено одамна, радостии. Во градинка им е хајлајт, им прави шоу секој ден. Одиме заедно да го земеме, се начекуваме од работа, ама од утре сам по сам, да не ствараме гужви. Сеуште се по 2-3 во градинка, се очекува од среда навалица, ама мислам дека нема долго да не држи градинкава, имам такво претчуство. Дајбоже да грешам. На работа засега мирно, сеуште имам една ситуација за решавање ама добро се држиме. Штракам аутокад а радо би штракала со макази ружи и хризантеми, потпишувам документи а радо би саделе по цел ден кактуси и сукуленти, одговарам на меилови а радо би делела совети и виткала подароци... Ама мора да се живее од нешто, нажалост немаме стандард со кој ќе работиш тоа што те усреќува и ќе гледаш фамилија со тие пари, јбг, мање зло. Еден ден, еден убав сончев ден! Тема бебе 2 ја тргам на страна, навистина се помирив со ситуацијата, нека помине се, ќе појдам на лекар, засега не се трескам од земја. На крај краева си го имам ова до себе, не сум неблагодарна, можеби ќе се насмее среќата еден ден. Тоа би било тоа, да си легнам дур спие дете за да не зеавам утре. Некако ко да ми се спие. Добра ноќ!
Еј мајки... кај сте! Ајде сите брзо по еден рапорт на темата, да ја живнеме! Кај сте, што правите, што готвите, умни ли се малите, спијат ли, ручкат ли... ехеее колку има за раскажување од нашите секојдневиа. Додуша, слични денови еден на друг, знам, често тоа е причина да не пишеме на темата. Моментално сум на работа и пијам утринско кафе, прво за денес. Деците дома, со баба им. Спиеа уште кога излегов од дома. Јас цел ден ќе сум на работа... пак... аман! 2020 ја поминав по болници и на работа... за жал! Аман да се заборави оваа година! Малото ми ќерче, она јагне што си го викам нештооо збеснува . Знам, период на тантруми , па ете навечер ни изведува точка - плачење, тегнење, демонстративно напуштање на собата ( заминува во ходник ) и жално најжално низ солзи изјавува - јааас веќе не идам на паркот Штом нешто не и е по ќејф одма ни се заканува дека нема да оди на паркот, или нема да си игра со Мина маус, или нешто такво слично што воглавном многу сака да го прави. Што и е финтата? Сама се казнува? Што изведува? Или жал да ни падне нас Смешна е... и така слатко се бунтува. Додуша ме вади од кожа ама со неа полесно ми оди смирувањето и кратко трае таа епизода на плачење. Ама ред си е ред, она си го запазува секоја вечер, терминот е пред спиење, започнува со изведување на точката, па се смирува, па се гали, па пуштаме цртан, па нанкаме. Големата дада ми е штрбле . Вчера беа на заболекар со ММ, горна единица и долна двојка извадиле. Сака да оди на забар ама досега само веќе расклатени забички вадиме, ама не сме поправале забче. Е сега имала шеска расипана, пааа... олеле малеле ќе биде. Наредната недела ќе ја носам, и ми е страв, знам дека од овде натаму ќе биде тешко и нема така лесно да одиме на забар. Ај предвреме да не претпоставувам... ама знам како ќе е. Синоќа направив ручек за денес, боранија... па големата сврте со очите вака ... а малото вака и праша - готова е да јадам ? Леле колку е стрвна, колку е среќна кога јаде, а колку со сласт јаде! Ту се радувам ту се плашам да не биде дебела. А ќе биде, со овој апетит витка не се станува. Големата јаде умерено и разновидно, во салати се дави, тук - там на некое јадење свртува очи ама воглавном си јаде добро. И таман си е со тежината. Ама грижа ми е малото. Сама си кажува - се ми е слатко Среќа трча надвор многу, по дома скока, тротинетото душа нема од возење, точачето исто. Па се тешам дека троши доволно од она што го внесува. Долгите постови не се читаат нели? Освен оние километарските на Емка! Ајде убав ден!
@snegulkata Прочитано! Уште не разбирам како се снаоѓате тие со повеќе од едно дете. Алал да ви е бе жени! Јас додека го заспивам си мантрам во себе да поспие подолго да можам на раат да измијам коса. Пијам кафе (со измиена коса хехе) и имам 15тина минути за форум. Ќе одевме на море минатиот викенд, одложивме, бевме на прошетка до една блиска планина па и тоа фино испадна. Деновиве нооон стоп врне па изгледа ни овој викенд нема да го видиме морето. А роденден ќе ми биде и баш сакав да одиме. Мислам дека најтежок момент досега од мајчинството ми е седењето дома. Порано нон стоп бев во движење, нон стоп одевме некаде, пешачев, не седнував. Додуша и сега не седнувам. Насабајле тато го шета мали јас спремам доручек. Попладне шета со мене и тоа ми е outdoor activity преку недела. Ај кога ќе потпорасне веројатно е друго? Барем нема да мора да го влечкам во кенгур, не можам веќе преку 14 кила има. И така. Држете среќа за убаво време. Сега за сега си врне и си грми многу слатко, само за спиење. Ама не сакам да спијам, така па ќе немам ич време за себе. Поздрав мајки, одам да ставам уште пола кафе и да изгледам бар пола епизода од нешто. Или да се исчешлам..
Јас се те читам и многу си ми интересна Ај здраво! Ќе се потприбереме, особено канцелариските мајки, сеа нема собирање по кујничиња и пред канцеларии да се пие кафе, па со Фемина најслатко. Јас додуша појадувам, ми куцна саатот, овесот е накиснат од сабајле, само шибнав овошјето и сега што слатко ми е, уф уф, ко ќерето на Снегулката. Мајче у право си, кога се ти е слатко не се слабее, ама чим викаш струиче е немај гајле. Дете у градинка, многу му било убаво, интересно било. Го опремив тип топ со алишта за следнава сезона па и плус, на зима здравје може уште некое тренерче долно или ако е јака зимата ептен чизми и дебела јакна. До тогаш ништо не ни треба. Да се живи и здрави Вајкики, они ако не се не знам што ќе праевме. Мајка има облека и таа и е многу пошто не ослабе нешто значајно. Вечита моја борба со килограмите, не можам веќе, мислам губам сила. Готово не зборам веќе за тоа, крај! Ако се прашувам јас се сакам да е септември, многу си го сакам месецот, не дека е мој и дека ми е роденден во септември, многу си го сакам, убаво ми е, се смирува денот некако убаво, лесно, тивко, мириса на зимници насекаде, па и самото нивно спремање ми е ко некаква си уметност, тоа редење, подредување, местење и спремање, мераци. Деновиве ќе спремам теглите од подрум ќе ги домкнам, ќе измијам, ќе ги наредам во гајби и да бидат готови за ајварче, пиперки во павлака, пинџурче, салатка некоја... Сакам да се опремам годинава, некако мислам дека одиме надоле финансиски и овие мали додатоци ќе ни бидат и повеќе од потребни на зима. Да не кобам, таков осет имам. Дете не јаде ништо од тоа, ама јас да се опремам де, за него лесно е да направам нешто. А што јаде дете? Манџи! Само манџи и ништо друго! Во стање е да јаде манџи за доручек, ручек и вечера, супа секаква, грашоче, боранијка, гравче, лекиче, ма било што! А јас сакам некогаш да одморам бре од праење манџи, да нарачам пица, да купам сендвичи или да склопиме нешто набрзинка, да спржнам јајце, ама не може, и дете и маж изгорени за манџи. Сега кога иде во градинка полесно ми е, таму руча, дома втора тура нешто лесно кснува, некоја ужинка, сокче, сладоледче, колаче, вечера, туш и кревет (Бог да ја благослови градинката, амин!) Доста беше, паузата ќе отиде готово, да турам едно кафенце да сркнам после доручек. Убав ден!
Добро утро жени , како сте ми? Јас пред компјутер , кафе до мене , маж и дете број 2 на шетање ги пратив јас да одморам душа. Воедно планирам да си го почнам повторно моево хоби со ноктите па си порачав некои работи џиџи миџи , украсчиња , електрична турпија со поголеми вртежи и едвај ги чекам да ми стигнат. Големото е во школо , неделава почна и втор странски јазик (германски) на курс , па воедно и јас си купив тетратка да си запишувам што учи таа , да учам и јас , па не е лошо уште еден јазик да се научи. и така вчера си се испрашувавме и двете малово е збеснато , само кога спие се одмарам инаку и на газот очи треба да се има. Се качува секаде , па ќе стои и ќе си се спушти полека. Додека не прооди е тешко , а потоа ќе биде уште потешко , се по неа ќе се трча. И така , ве поздравувам , убав ден имајте
Може двапати на темата? Ај може... @rainbowmama Помислив не е толко комплицирано, деца ко деца... ама ако подразмислам какво знае да биде на моменти. Со две деца... хм... Знае да биде напорно... Седнуваш да јадеш. Едно 5 пати стануваш за да им дадеш вода, не во таа чаша туку во другата, па ладна да била, па другото лажиче, салветка, па уште манџа И во исти момент, во иста секунда треба да ја дадеш водата на двете деца. Отиии трета светска војна ако попрво се даде на едната. Со нив ретко чистам низ дома... Поточно јас многу работи ги правам кришум. Оти ако извадам средство за стакло чиниш играчка од Џамбо им давам. Ако извадам правосмукалка ќе се потепаат која да правосмукува. Ќе ги видам дали вака амбициозни чистачки ќе бидат кога ќе пораснат . Затоа се начекува момент кога се заиграни двете со нешто баш интересно. Или ја терам големата да ја игра малата за јас да потфатам низ дома. Ова завршува со плачки, ама колку подолго трае добрата атмосфера меѓу нив толку повеќе работа сум завршила. Лесно ко 2 и 2... поточно лесно ко корен од 3285929. Или ММ ако е дома ги шетка за да средам низ дома... АКО е дома! А не е! ИЛИ ОСТАВАМ СЕ ТАКА ЛУДНИЦА И СЕДНУВАМ СО НИВ ДА СИ ИГРАМ А да... да си кажам... и бабите помагаат, особено свекрвица...Ги чува кога јас сум на работа. Не прашувајте дали префрла, дали се фали... се што прават нормалните свекрви прави и мојата ! Ама јас... кхм кхм... Бреееј, распишана сум на темата денеска! Ај да ве прочитам сега вие шо сте пишале! И дај споделете како функционорате вие со три деца! Не терат вода сите три наеднаш, се прашувам со две раце како на сите три би им дала вода во исти миг. Или тоа со водата во исти миг е само кај нас проблем Ајде одам! Чао!
Ама на крајот има мајки со три, четири па дури и пет деца. Јас еве со едно па не можам. Ама кога ја гледам комшивкава со четири деца си викам дека и јас можам. Значи три минимум. Се почесто размислувам за иднината. Сакам да се повеќе деца. Што повеќе тоа подобро. Најпрво во мојот живот не сакав никогаш деца да имам, па после првото непланирано сакав само на едно да останам, па сакав две, па три, па сега и четири сакам. Ама морам да почекам. Па од тука иде помислата што ако како што второто го посакувам 3-4 години после првото и треба да чекам уште 3-4 години за да се направи? Првото од прва се фати. Дај Боже и второто така. Мн сакам близнаци, ептен. Кога ќе се пријавам дека сум почнала да работам на случајот навивајте за близнаци.
Почни веднаш,кога ќе се роди ќе сватиш колку ти бил празен животот со едно,дупла љубов и среќа Пишувајте,по два пати,три,обожавам да ве читам Уште да имав време да пишувам почесто Поздрав мајки,гушкајте малите
Ајде кафе и од мене ова попладневно оти од сабајле немав време Блазеси ви што имате желба за повеќе деца мене ко ќе ми спомнат уште едно косава ми се крева а тек ништо не сум искусила едвај 4 и пол месеци сме...Па понатаму што ме чека оф оф Уствари желба за ништо немам незнам кај ми замина... До пред да се породам ептен се радував што средуваме куќа и ќе имам цееел кат само за нас тројца (180м2), ама од ко сум породена незнам немам ни мерак ништо,а сега сме до фаза бирање кујна,средување дневен престој гарнитури,комоди и незнам што ама јас идеи 0...Оти сум ваква незнам ај си велам период е ќе помини, на моменти се чуствувам ко да ми трај постпородилната депресија, а на моменти пак полна сум идеи и желба за се..Ама кратко ме држи дури не рикни бебе па пак нервите до небо... Понекогаш си велам ова дете не заслужува ваква мајка..се ме лути се ме нервира а тој златен е ама ете си има некогаш испади па косава ќе ми ја побели-не дека ми остана многу за побелување и онака цела ми испопадна Иначе @snegulkata секој пост го читам со внимание и до крај па така ни твоите не се прескокнати и исчитани се... Ајде мајки толку од мене да одам дури спие бебе да го оставам со мајка ми и да видам маж до кај е стигнат почна да реди ламинат..има да реди една недела 100 квадрати имаат со мајсторот да ги скокцкаат Имајте убав ден..кај нас не е денес убав ладно е и се спрема за
Ми порасна девојчето. Веќе разговараме. Точно знае што сака и кажува. Некогаш манипулира, кенка и се глупира. Истражува. Ми бара музика, супица, тост. Дај ми домат и валена ченка. Ќерко моја, ме истоштуваш и преродуваш. Иако сум свесна во колку лош и тежок свет за живеење те родив, со татко ти мислам дека создадов прекрасен и едноставен живот за растење. Ми е жал кога ќе те скарам, но со причина, да те подучам или научам. Кога се сепнувам дека ги повторуваш моите движења, зборови, интонација, тогаш се освестувам дека сум твоја патека, дека си моја одговорност кон иднината да те насочам. Да бидеш човек. Да не се плашиш и да учиш од луѓето и за луѓето. Дека многу ќе ме боли кога ќе бидеш повредена. Дека некогаш ќе се запрашам - зошто мораше да бидам олку строга со тебе? Ми се зборува со тебе за музика, храна, нови места, за семејните корени. Ќе ме избавиш од најпасивните стравови за себе. Ти си мојот срцев такт, од моето и на татко ти месо и днк. Од нашата плунка. Ми недостигаш како бебе, си ги гледам минијатурните внучиња и си викам - кога поминаа две години? Како од мало глувче што пркна, стана голема девојка што пее гласно и сама брцка со вилушка во салатата? Ќе немам многу одговори за тебе, ќерко моја. Ама ќе имам многу љубов и грижа која ми го распарува срцето. На секое кивање, на секоја мала температура, на секое ново парче свет што го откриваш. Не можам да те заштитам никако поинаку, освен со љубов. Ќе пораснеш. И ќе бидеш своја. А јас ќе се радувам.
Добра ноќ мајки Одамна не сум напиша некој збор, ретко се уклучувам, се тркам со времето секој ден. Секој ден до минута идентичен на претходниот... Будење, утринско мазење со бебушки на спална, облекување, пиење млекце, валкање на земја, дремка број 1, каша број 1, одење во двор, на тераса, стасала дремка број 2, каша број 2, лазење низ дома, играње игри, дремнуваат по трет пат, кркаат трета каша. 19:00 миеме газе, рачиња, лиценце или се бањаме. Начешлани, во пижамчиња и намрсени обравчиња, внимателно гледаме Baby TV. Оп, ти дошол 21:00 часот. Време за нанење. Се пие шише млекце и се нане. Мама го средува купот алишта, џогира низ дома, сецка и лупи овошје и зеленчук за наредниот ден за кашички. Маж си сака внимание. Ајде една чашка винце или пивце со него. Ветувам рандеву, заминувам под туш. Се облекувам во спална и легнувам на кревет со намера да протегнам нозе. Ме буди тропањето по креветчето на едниот бебуш. Ете го за брзо и другиот. Часот 08:30. Дошол нов ден... Ги земам до нас на спална. Неможам да им се наситам. Во 09:00 ја стартуваме дневната рутина. И така во круг секој ден. Летна времето, за неполн месец имаме роденден. Кога пројде Боже мили? Ми растат децава пред очи, а јас одбивам да го прифатам тоа. Зошто толку малку време се бебиња? Да потраеше малку подолго барем? Мозочињата им се како сунѓерчиња, изненадуваат со нови работи секој ден. Имам уште доста време додека се вратам на работа, ама некако деновиве сум оптеретена со мисли што и како ќе биде кога ќе се вратам на работа?? Уште сега ми е тешко, тешко ќе им е и нив. Толку сме поврзани... Незнам... Се измачувам навечер со овие мисли. Тешко ми е, исто како на секоја мајка што и е кога ќе треба да си ги остави чедата во други раце. Познавајќи се себеси, колку некогаш знам да сум "лева", тешко на мене и на тој што ќе ги гледа. Мајка ми и маж ми ќе ротираат во смени. Барем за безбедноста нивна сум смирена. Посакав само да напишам добра ноќ, а јас сум се заборавила од пишување. Сега не ни паметам погоре што се сум изнакажала. Ве мислам сите до една, форумов ми недостига... Искрено, ретко можам да најдам време. Кога можам отворам и читам. Не било лесно да си мајка, не било лесно да си мајка на близнаци. Најтешката и најблагословената работа на свет да ти била. Најубава. Најисполнета. Најдрага. Нај... Нај... Нај... Ми паѓаат очи... Мирен сон имајте драги друшки по мајчинство
Поздрав мајки Да ве поздравам дури спие малиот, легнав малку да ми се исправи грбот, ме уби. Откако прооде само по него одам зошто чепка се шо е пред него, па морам да го пазам да не скрши нешто. Играчки не му се интересни, а и брат му ништо не му дава. Многу се нервирам, само зборувам му објаснувам дека мора со него да си игра и да му покажува како поголемо братче, да си го чува и да не го тепа, ама џабе, толкав инает е шо напротив намерно го чепка. Дури и вели дека не го сака, не му бил брат. За градинка не сака ни да слушне, само да спомнам и вришти на цел глас не сакам таму. А не дека бил некогаш да види како е А и не ми се пушта сега во пандемијава, страв ме фаќа па пак зимава дома ќе е, а ужасно му треба социјализација, ич не е друштвен. Туку настина, почна да кашла и носот, гласот зарипнат ама јас сум крива шо го пуштив со дедо му да се вози по кратки, па дојде испотен, а дувало ветер. И за матичен не сака да слушне за одење па прво ќе му се јавам да видиме шо ќе каже. Се мислам како ќе се снаоѓаме со чување ко ќе почнам на работа, маж во 3 смени, јас само сабајле. Ај еднава баба се нафати да ѝ го носиме едново на чување(до кога ќе видиме), ама другово ќе мора со мене да го носам по дожд и снег. Катастрофа е, не знам шо да прам, одморот ќе помине, ама пак цела зима се чудам како ќе прајме. Стан најдовме, ама под кирија. Мажов мој 300 ума смени и на крај реши ни стан да не купиме засега. Додуша и во право е, прво да видиме дали ќе успее планот за надвор од мк. Веќе не ми е ни важно дали ќе сме под кирија, само да се тргниме од овде и да здивнам малку. Среќна сум и возбудена, само таму ми е умот како да наместиме. Денојве таман маж е слободен и да почниме со носење. Денес план е да ја чистам кујната и да ја опремам, после облеката. За неколку дена ќе средам, едвај чекам. Одма уште вечерта ќе прославам. И така, се пофалив од среќа веќе на цел град кажав Ај доста е, сум залежала, а имам куп работи. Убав ден да си имате
2020та ја доживувам и најубаво и најчудно. Грмна година . Си го добив бебенцето во март, ем петок ем 13ти против малери де. Па фатија карантини, страв, купување наголемо пред карантин итн итн. Ем постпородилен baby blues ме дрмаше до 6та недела ем бебе плачливо, дома затворени, ко дупка се осеќав и уште на цел памет вести гледав. Ама кога се отворија портите, леле леле, кога почнавме со маж ми и бебе, шетај шетај, реков ќе се изнашетаме за сите карантини! И така бидна. И многу ненаситна шетачка. @gjoker4e сестра ми има три машки, сите со царски родени. Кога одам кај нив, радост ми се. Колку е убаво домот полн деца. И јас сакам мајки, бар уште едно. И пак почнува страв да ме фаќа, мисли милион, да не ова да не она. За првово многу се плашев пред зачнување; не знаев дека ваков коркач сум за деца правење. На тој страв, многу лесна бременост имав. Фала му на Бога и на бебе. И сега си велам што ако пак имам перипетии, што ако пак ми се заглави во јајцеводот, ме изеде оваа мисла. А од друга страна имам желба, мислам дека сум способна бар за две. Мајки, дајте кураж, кажете како се осеќате по ова прашање. Дали има врска ако првата бременост поминала во ред, дека можно е и втората да е таква ( всушност мене трета би ми била)? Нели телото памти? Уф ај да не мислам, колку повеќе мислам, не правам ништо добро. Треба опуштеност. @koritsaki со лесно да ти е хобито. Ај по едни нокти напрај нѝ гратис . @Shelea и гооолема да порасне. Родителство е благородна и одговорна задача: од малиот човек да изградиш личност со свест (кон себе, кон другите, кон околина). Ти го разбирам ова "свесна сум во колку лош и тежок свет за живеење те родив". Понекогаш си велам како ќе растам деца во овој извитоперен свет. Како да ја сочува добрината, невиноста, а притоа да биде внимателен и прониклив за препреденоста кај луѓето, но да не постане како нив, ами сам да се чува и да биде остроумен? Не знам не знам... Здрави живи и од Бога благословени да се. Медо мој
Да,мене првата ми беше лесна и втората иста бременост Затруднев по случајност втор пат кога малата имаше 9ипол месеци Нема поубаво
Да пишам и јас овде мајки. Бебката моја Софија има 2 ипол месеци. Секојдневието ми се врти околу неа. Се смешка, гугаме, душа ми е. Ептен е залепена за мене. Чистам низ дома на рати. Дневната, па дај цице, па заспиј ,спалната ,па пак цице итн. Денес плочки стававме во ходник, цел спрат хаос. Едвај дочистив. Работа што се средува за 2часа, јас ја средувам за 5. Со паузи. За деца сакам и јас 2,3. Да пркне малава па ќе се фатиме за работа Задодуша и мешето ми фали Ама додека не наполни 2 год не би, сакам да и посветам на Софија внимание, потоа ќе се борам со две Бебка заспа, стигнав на ред и јас да ручам. Имајте убав ден
Незнам колки е точно ова кај сите.. Ама кај нас е Малата имаше година ипол кога се породив,одлично ја прифати бебка ептен. На почетокот мнг не ја регистрираше ама сега гледа секој ден со неа е, и ја гали ја сака ја бара Не е љубоморна ич,мислам дека и не разбира љубомора Којзнае дали е карактер или па има врска после 2 години дека нема да се воодушевени од нов член
@rainbowmama како бе 14кг во кенгур?? не ти е мака на грбот? Добро вечер мајки...крадам момент за мене -вечера и форум.Цел ден безлеб гопројдов па сега да се частам нутела хехе Дете,кај баба и некако не приметувам дека му фалам...Ама па му здосадив па само јас у пандемијава... Се мислам да го освојам сам да спие у соба,ама ср е не ми дава ...Сакам да уживам у секој момент со него,да го гледам како заспива,ккако ме гушка у сон... Сеодјавувам..лека ноќ
Така е и по моиве.. сега да сум со овој памет уште одма би го направила второто не би чекала 3години. Ќерче на почетокот као го прифати братче ау бау ама сега веќе и здосади и на моменти го сака, гали и гушка ама има и лоши моменти кога сака да го удри, џапне или да му фрли нешто. А тек е 3 месеци. Се надевам во иднина дека ќе се смени. Единствено што ми е криво е што не можам да и посветам толку внимание како кога беше сама и се гледа дека на неа тоа и фали и никако да се навикне. Од дете што се сама правеше стана дете “ај мама ти”.. да ја ранам, да ја облекувам абе се се ама мора да сум јас ни татко ни баби никој. На темава сум често, стално си ја отварам и само читам ама никако да напишам нешто. Па ко за прв пат доста е, буци заспива на цице, па ќере да ја носам на миење заби и во кревет па јас да си фатам нешто да сработам @elenaklasik еве јас и двете бремености ми беа скоро па исти, ептен лесно ги пројдов (со мачнини де) и исто такви пораѓаи имав. Добра ноќ мајки