не се снаоѓаме. Еве јас лично на таа тема да си се пожалам дека ми е тешко. Две деца едно големо едно бебче и домашни обврски колку сакаш. Се тешам што големиот може колку толку да ми помогне да го приварди малото за колку толку нешто дома да фатам. И куќата не ми сија како порано. Ама тоа не ме секира. Ме секира што не можам на големиот да му посветам внимание колку што му посветував пред да го родам второто. Моето прашање тука е како се снаоѓаат тие со две помали деца меѓу кои разликата е мала. Да се пофалам вчера ми се роди внук. во третиот обид им успеа да родат здраво и живо бебче и среќна сум . Синче од прв братучед. Живееме во иста куќа израснавме како браќа. Тоа радосна вест сега малку тешкото. Малото му ѕиркаат двојките горе тоа не се поднесува ич чиниш напади на беснило има. Големиот деновиве исто не се трпи уопште не е мирен. Многу ама многу непромислени работи прави. Во принцип е хиперактивно дете. Некој да го види ќе рече невоспитано. Денес со татко ми надвор расклопуваа стар телевизор тој искрши изрони еден куп делчиња и му отвори на татко ми работа да чисти во дворот дополнително. Ајде дете е со нешто треба да се занимава. Потоа мачката ја задевал и малтретирал. Па бевме во еден дуќан јас влегов му реков да седи надвор да го причува малото, со количка бевме, тој почна да чука на стакло и кога излезе продавачката да види што се случува тој и се искривадил. Пропаднав во земја. Никогаш претходно не ми направил такво нешто. На излегување го прашав зошто направи така ми вика тропкав на стакло за да го занимавам бебчо а на тетката не и се искривадив туку го мрдав забчето од кое вчера ми течеше крв. Понезгодно не ми било. И на 7ипол години устата Пења ми фаќа од зборување и пак некогаш не знае да разбере што е добро а што лошо. (Или па така му чини). Во принцип културен е ми помага во домашните обврски ... Само како да го скротам да не е толку немирен. Буквално не знае да седи на едно место. Се само нешто да прави. И кога гледа тв компјутер или кога игра на телефон не умее да седи мирен.
Добро утро мајки Петок и викендОваа недела секој ден мислав , утре е петокНадвор е вакво Наутро малата се потешко ми станува, а јас се си каснам на работа А таа моја мрзливка, толку е слатка додека се буди што и јас уживам во неаНемирните локни , топлата кожа , нејзиниот морис ми даваат сила за целиот ден.А денот турбо , легнувам да одморам чак во 19ч.Одмарам и нормално нејзе и е досадно па почнува да скока по нас и морам пак да станам да готвиме за утре или да правиме сок Многу сака да сечка па и давам таа да сече .Така немаме плачки и болни глави .Нема викање и карање Сака кога и посветувам време нејзеНаправен ручек и здрав сок одат во прилог на ладново време и вирусите Ако имаме време секако нешто и цртаме.Јас сум одговорна за сечење таа за лепење. Порачав оваа недела две книги од Амазон за неа.Едната е учење на пишување ама не буквите туку почетните криви и прави линии.Другата е приказна наменета за деца кој почнуваат да читат, но и за помали слушатели и е напишана со прости реченици и еден збор фали и има слика со која детето треба да го каже зборот.Нормално јас ќе читам , а таа ќе ги кажува зборовите.Прво на македонски па после ќе пробаме и на германски.Морам да и помагам за збогатување на фондот на зборови во двата јазика.Строга сум многу и гледам да ги разграничува и двата јазика и да не ги меша.Кога зборува со бабите и дедовците , додава германски зборови па ние мораме да прведуваме. Ќе отидеме за Мк и ќе треба да си игра со деца на пријатели нема да можат да се разберат , па ќе и се смеат и нема да сака да оти пак. Напишав мало рефератче , а дојдов само да почастам оти родендрн ми е денес Ми се погоди дожд , многу берикетна ќе ми биде годинатаАма повеќе сакам сонце Убав викенд мајки и гушкајте палавковци
Јас работам скратено време. 3 часа на вечер имам една фирма чистам. Маж си иди од работа јас излегувам, на клуч ми е. Мислев да и барам на сабајле нешто на шефицава ама сепак се решив за курс. Бев вчера да прашам прво за тестирање, бидејќи Не Знам дали да почнувам од почеток. Направив термин па ќе видиме. Ми текна за курс после скоро 5 години овде Ми имаше текнато од порано ама немав време. Кола не возам а имам возачка и 2 коли со автобус до град ми е 30 мин па после уште 10 до курсот. Уф ќе биде тешко ама ќе се организирам некако. Само да не ја затворат градинката и детево да не ми настини. Ај добро утро мајки овде врни дожд. Излегов без чадор и наврнав. Го оставив синко во градинка и бев да пазарам. Ќе правам пици и нешто благо. Да седам јас не знам Допивам кафе и да станувам. Во 13 ч го земам синко. Ми се спија ми се плачи. Незнам јас да си легнам никогаш во 21 или 22 ч па и 23 секогаш полноќ ме фаќа. Од како почна градинката синко веднаш се навикна рано да станува. А што убаво си спијавме до 9-10 ч. Кога ќе заѕвони алармот во 7 и 30 веднаш станува. А некогаш станува и на алармот од мажот ми во 6 што е најлошо и викендот во 7 беше станат. Кај нас уште нема бебе број 2 еве повеќе од 2 години. Од како се породив мм ми велеше за одма да пробуваме за второ ама јас не сакав, не се осеќав.спремна. Па се пазевме 11 месеци. И после тоа првата година не броев ни денови ни ништо, не се замарав. Ама вторава неможам само тоа го мислам. Ме јаде некој црв од внатре и тоа е. А толку многу сакав деца со мала разлика. Ама не е секогаш како што сакаме ние. И на маж му е тешко. Тестови не правам. Немам до сега ни еден направено. Ама не ми ни доцни. Па уште и кога ќе речи некој ајде второ што чекате коса ми се крева. Како не разбираат некој луѓе дека не се велат такви работи. Па не е се така лесно кај сите. На оваа тема имам многу да пишувам ама ај да не се нервирам. Некогаш дрско одговарам дека не сакам второ или рано ми е. А јас си знам како ми е. Што убаво ми иди кога ќе прочитам кај некој дека на грешка се фатило, колку убаво изненадување е тоа. Читам дека и многу се плашите за тоа како ќе се справите со повеќе деца, мислам дека не е страшно. Еве ние овде сами сме па тоа воопшто не ме плаши, би имала и 3-4 деца. Ама нема. @Ava.84 среќен роденден се најубаво и сите желби реалност @Mari* каде си? Не ми е интересна темава без тебе @Monella пиши и ти како сте со бебуш Станувам јас леле 10 часот уште малку Имајте убав ден
Добро утро и од нас еве и ние додека се доиме да Ве поздравиме. Ве читам така на брзинка секој ден но никако да се вклучиме во тема. Еве сме месец и 3 дена, и од тоа што сме нон стоп на цицка ништо не може да правиме друго, млеко доволно ама тој на рати цица по 5мин што ќе исцица и така цел ден, спиење тешко ни оди, работи по дома завршуваме ама со зор. Не знам дали ќе се смениме нешто брзо или вака ќе сме си влечки. Не сум навикната на несредена куќа и баш ми е тешко. Во среда полниме 40дена и ќе одиме малку по гости едвај чекаме Кажете ми нешто околу тоа знам се оди во црква се носи нешто како оди?
Ај добро утро! Петок! Шо дека, викендов ајварски треба да биде ама ќе видиме. Многу е скап пиперот годинава. А сакаме ајварче леле мале. Дете вчера од такт ме извади. Додуша и јас сум пренапната од работа, ама он беше капакот. И не, тоа не е се, со само 1 ден добивате уште додатоци! Ај од старт да ја почнам. На работа имам еден предмет кој ми е заглавен во временски вакум, го нема никаде! Денес ми е последен рок да го најдам, а го нема. Шизам! Е арно ама вчера имав и ужасно напорен ден на работа, а плус од тоа носев тесни балетанки неудобни. После работа земавме дете, правец Словенија спорт по патики за маж, влеговме и внатре дете се опушти, почна да трча меѓу полици, зема да се соблака да се мести сам (неубаво избришан во градинка го чешаше газето), па зема да вика, да влага по магацини... Чурам, а маж си ги чека патиките лаганица. О не! Го грабнав надвор да трча во ходникот. Чурам! Побара да јаде, ај купив една пита од Специкото, касна 2 залака и толку. ОК, сега веќе чурам у велико. Одиме накај дома, застанавме во Нептун да проверам нешто за мајка ми, ајде завршив. Одам да ги најдам дури кај љуљаките, маж не му чуе а дете се ваља у куп други деца, се пика кај една фамилија они набутани еден во друг, зема се качува на една вртелешка а таа метална цела една несигурна за деца, една тешка, на место ќе го остави ако му падне. Ајде се убедивме да одиме дома некако едвај! Стигнавме дома ај да јадам и одма да го изнесам да игра надвор. Мхм, ќе јадам, нема лепче ни едно залче, нема кафе ни едно зрно, нема нарачано вода и кујната во општ хаос. Ок! Веќе не е интересно. Ставив во едно шишенце вода, млеко и шеќерче (иначе пијам без шеќер, ама мртва гладна пикнав едно лажиче), во продавница купив несче мали кесички и си напраив на тротоар кафе. Земав и едни бисквити да глодам и тоа јадев за ручек. Е ајде, ама она дете што во продавница дивееше во школски двор од суќната не ми се мрдна, ама буквално, лепенка за мене. Абе ајде. Збеснав, исчурев, крај! Го прибрав дома, јогурт, туш на мене, туш на него, алишта пружив, здиплив суви и го легнав. Заспа за 2 секунди. Станав средив кујна, се средив јас и куферишка заспав и јас. И не, пмс не беше во прашање, просто не ми беше денот! Станав сабајле ко нова! Однесов дете во градинка, по пат ми изјави љубов 10 пати и ми кажа дека сум најдобрата мајка на цел свет. Напраивме план за денов, ама не знам како ќе тече искрено. Уште осеќам умор. На работа сум, сработев неколку предмети од сабајле, ама паметот уште ми е во изгубениот предмет. Да доручкувам, пауза да ми помине, па ќе барам пак и ако не го најдам ќе кренам раце. Не е до мене, тоа е тоа! Време е за јадење, убав ден мамаситас!
Си седнав по еден час пак Тестото за пица стасува а пандишпанот за трилече се лади леле колку сум брза а Можам истовремено да готвам и по 3 јадења ете до толку сум испраксирана и готвам со огромна љубов Нема нешто што неможам да го направам. Само не ме бива за украсување и декорирање. Да го можев и тоа сигурно ќе пробав да правам десерти по порачка. Не кажав во претходниот пост дека се истрижив уф ми олесна. Маж ме истрижи Една голема педа. Пред 3 месеци ја скратив од под газ до над и сега меѓу половина и раменици. Јас ќе се истрижев и порано ама маж не ме пушташе. Е решив нема да го слушам повеќе. Ми здосади долга коса која што секогаш е собрана, врзана и истуткана. Имам купено фарба ама посветла е и сега незнам дали да се фарбам Сакам промена. За стрижење ми побараја 150 € е не давам толку за рамно стрижење маж супер ме дотера И да прашам како се справувате со ПМС ама многу изразен.до пред година дена не ни знаев што е тоа. Читав ама искрено се чудев, немав осетено. Изгледа како старејме така ќе биде поизразен Овај ќе го паметам долго Како полудена бев, нервозна за се и сешто. Маж дури ми рече а тебе изгледа треба да ти дојди, и ми рече планина да одам сама да сум бидела хахахаха. Сега сум добра ми заврши вчера. Се избричив се средив и за вечер е договорено хахахха. Имам алишта за собирање и диплење и една машина за спружирање. Одам
Добар ден momsters Пружив машина па седнав да си го допијам кафето. Маж си дојде порано од работа. Откако го унапредија пофлексибилна му е ситуацијата. Па сега лежи со главата кај неа во скут, додека таа го реди со нејзините машнички. Сите не реди со нив, само кај неа на глава не дава. И мачорот попушти, ама таа не и не! Годинава ми е убава од многу аспекти и неубава од исто толку. Ми недостига мојата фамилија која не успеа да ја запознае бебла. Најдобрата другарка со која никогаш подолго не сме биле разделени. Нашите инсајд џоукс и шлакнати муабети на кои се смееме со саати. Многу ми недостига. Изнакупила подароци за Ирис, а не стасавме ниту да се видиме.... Од другата страна пак, градењето свое семејство ми ја обележа годинава во своето најбејзик светло. Научив како е да не спијам за друг спие, да не јадам за да друг јаде. Дознав дека бешикава била далеку поиздржлива од што си мислев. Дека можам да сакам друго суштество повеќе од било што друго на светов, повеќе од себе си. Дознав дека мајчинството учи на бестрашност. Ги победувам моите фобии само таа да е безбедна. Станав ладнокрвен убиец! Убив бубачка со гола рака оти слета на неа. Без размислување. Во било која друга ситуација ќе се онесвестев откако прво ќе се изнаврескав и само ако прелеташе покрај мене. Океј. Пак изврескав ама откако ја убив. Останувам смирена кога поминуваме покрај куче иако се подмочнувам од страв, ама таа им се радува најмногу. Научив и разработив и по некоја духовно религиозна догма. На пример како се воскреснува откако ќе приумреш кога срцето ќе ти застане и ќе престанеш да дишиш, во истата секунда кога таа ќе падне. И така едно миЉонитристашеесосумпати. Време е за прва дремка. Бидете добри. @Ava.84 драга, жива здрава и најсреќна да ми бидеш. Со секоја година се посреќна. Дозна ли пол? @Monella живо здраво малото. Цел живот да ве радува и да ве прави горди.
Добар ден друштво Наминав да ви кажам дека сега сум мама бис Се породив пред една недела, добри сме и двете, се прилагодуваме една на друга Еве со една рака ја држам, со друга пишувам, некои навики не се изгубуваат така лесно Не очекував дека синко вака ќе се однесува со сестра му, ептен е грижлив, ја чува, бакнува и се што тој прави сака јас да и пренесувам нејзе. Што е најбитно, сака да го вика-бато Ме тера да и викам сега бато ќе спие, бато ќе оди во школо, бато она, бато ова....а тој горд, се дува како паун Ми се симна голем товар од грб. Бременоста ми беше ризична, си правев 300 филмови, сега кога реков ќе се ослободам малку, добри сме, здрави и живи сме еве ги хормоните почнуваат да лудуваат, го жалам мм ама таква му била судбината @orhideea жено пушти нешто од твоите специјалитети, уште ти ги паметам питите, пиците од фи, за месено ти нема рамен значи. Ајде побрзо да ти се оствари желбата (за уште едно бебче) па да немаш време за месење @Ava.84 здрава и жива да си. Известувај не чат пат како тече бременоста Поздрав мајки, одам да пречекам синко од школо и да јадам додека спие малата.
@marchi-cool Поразговарајте со батко. Можеби и тој поминyва низ некој период, или се чувствува запоставено, па така манифестира. Сигурно не му е сеедна промената, можеби до сега си чувал во себе. @TarantulaA А што да правам полесно ми е во кенгур, количката по тротоари симни се качи се, па луѓе, точаци, гужви... Среќа вежбам јога долги години и засега добро се држам, ама под неговата килажа, ќе пукне нешто кај и да е осеќам. Вадењето и ставањето во креветче ми се најмачни, едно време на земја го оставав да спие, ем и нему поудобно да се врти колку сака. Ме исцеди мали овие два дена. Денес после утринската дремка воопшто не застана. Плаче по мене, вриска од заби, се разбуди не знам колку пати ноќеска. Не можам да го оставам сам веќе секаде отвора, се обидува да се качи, ја оставаме вратата од неговата соба милиметар отворена, еве од денес знае да си ја отвори и да излази надвор... Конечно заспа, седам на малата софа а тој ми е во раце. Се расплакав малку, што од умор, што од љубов. Ве читав за децата и сфаќам дека всушност јас не сакам повеќе деца. Сакам само него да го сакам вака, само нему да му бидам мама. Ќе си го погушкам уште некоја минута па го ставам во кревет, и на мене веќе страшно ми се спие. Добра ноќ мајки, утре со нови сили и малку повеќе кафе.
@Yowannty те прочитав пред недела две дека малата преодела , лесни чекорчиња само по прави патишта да одиПорасна ова бебе брзу За пол здравје за две недели имам втор скрининг па ќе каже др.Мене ми е исто ама влечам повеќе накај мома , ама претчуствувам дека е дечкоВака и со ќерче па испадна мома Само живо и здраво да биде тоа ми е најбитно @Monella бате е супер батко ќе ја брани од ситеЗа бременоста пишувам во труднички да не ја полнам темата со оф топик Кога бевме млади да не кажам студенти со мм еднаш ми кажа за пмс : со терорист можеш да преговараш ама со жена во пмс неПа кога му се опнав не му текна пак да каже Младост лудост феминист најголем на свет Па така на 18 мислиш се знаеш и живееш во друг свет. Денес наполнив 18 ама пута 2 па малку и хормоните послабо ми работат од 18 многу пати стискам кочница пред нешто да кажам или направам Градот е хаос од протститее фрајдеј фор фјуча, а се почесто гледам налепници по колите со ф@к у ГретаВо вторник ни штајкува јавната железница 9 часа ќе биде општ хаос.Дали да си земам одмор или да си каснам 1 час? Овој синдикатот претера веќе секој ден штрајкува некој Вчера мм си дојде од работа во 22:30 бил на пиво со фирмата.Па сега сум лута и не си одам дома ќе одам на шопинг, а тој нека чува дете. Не дека ќе чува ќе му пушти тв и он ќе спие Ама ми е гајле шопинг не пропуштам Шефот ми даде кактус за роденден, му текна кога јас не го рецкам и не купив ништо за да частамОн беше виновникпт што сум сега округла оти една негова постапка направи да се решам или дете или отказ.Јас за дете се решивКриво ми е што не добив забрана за работа па морам уште 3 месеца да го трпам и него и колешката Колку идиоти испаднаа кога не можев од кревет да станам да не зборам Ај да одам да купам некои чизми
Добар ден. Што убаво сте се распишале. Мене годинава ми е убава, и покрај пандемијава имаше убави работи. Малата, како и секогаш, ми е светла точка. Денес се договаравме за ручек, па решивме леќа да јадеме. Ама излеговме и се заглавивме надвор, па касно ме фати кога се вративме да ја правам леќата. И викам ај пица да си купиме за побрзо (мајка на годината). Ама она ми вика не, не била толку гладна, а сакала леќа да јаде (дете на годината). И така си избра дете меѓу пица и леќа, леќа. Немаше таков да е случајот чоколадо да беше во прашање. Чоколадо е над сè, нема ништо подобро, како јаде со сласт, цела на мајка. Многу ми е смешна со нејзиното зборење, какви изјави дава, нешто што никогаш не би ми текнало. Па во седум кога ќе станеме и ќе почне со некои прашања, јас очи не сум отворила, не па да мислам одговори. Треба да си ги запишувам во темата Бисери, ќе си се навраќам радо понатаму. Како сега што се навраќам и читам постови тука бебе кога беше. Маж ми вика цела е на мене во однесувањето. Па кого гледа друг по цел ден, на кого да биде. Таква е тврдоглава и одлучна. Ама и многу самоуверена за дете на нејзини години, што баш ми се допаѓа. Знае како да се справи со многу работи. Жал ми е некако што не оди во градинка, макар и на некој саат, баш и беше убаво додека одеше, ама ете... Сите се носиме со ситуацијава како знаеме и умееме, тоа ни е. За второ уште сум си на истото мислење, не дека ќе се смени некогаш, само е поцврсто и поодлучно. Ќе си гушкам и држам бебиња по другарки, само нека има полни раце кај оние што сакаат. @Ava.84 добро ли разбрав роденден дека ти е? Нека ти е среќен. Јас ја грабнувам малата и заедно бегаме. Она па нема гајле, ги фаќа, ама ич не се гади, дете. Уф, мене од после породувањето ми стана многу изразен, еве уште така си тера, неподнослива сум си сама на себе тогаш некако. Маж тогаш гледа да олесни ситуација, гледа да не ме нервира екстра повеќе од обично. И на малата знам почесто да подвикнам, па морам после да се објаснувам дека не ми е денот. Така е првите месеци, обично докај три, цело време на цицка. Што од глад, што од жед, што од потреба за допир и близина... Нормално е, сфати си го така и не се мисли многу, ќе помине за кратко (иако знам дека ти изгледа како вечност, ама нема да е така). Мислам кажав што имав на сите. Имајте убава вечер, ние почнуваме со припреми за спиење, па со маж да се извидиме.
Ауууу синко и ќерла твоја, исти! Абе во Струга не мешав манџи секој ден?! Ај бе синко викам еднаш да јадеме пица?! Неее пица не е здрава храна, сакам леќа или боранија. И така мајка се натрти у кујниче боранија да меша. Во градинка главен јадач е! Прееска јас јадам ајвар мачкам, он вика а супата кај е? И сеа утре сакала нејќела морам супа варам. Пица, тост, брза храна, у предвид не иде, лажица да тропне. А чоколадо, сладолед и бомбони не одбива никако. Ама како да не му дадеш кога ќе слапа тањир леќа, салата краставици и ќе изеде со тоа кришка леб, пун мешлак, па нек облажи дете душа. Туку Монелке честитки на бебла, жива и здрава и она и батко најумен. Мислам и моето ќе е такво братче. Ама уште не се фаќа ете. Да решам е-коли па ќе решавам и бременост. Не е време за брзање. А сакам второ многу, до 40ка и трето. Среќни и родендени! Среќно се, мене ме пушти нервозата од вчера па сеа сум лајтерица. Пмс?! Мислам дека не сум излегла од пмс откако е короништево. Ама тоа е тешка тема. А мислам и анкс ме дрма на велико ама траам. Ај да читнам некоја страна па да спијам рано, утре ме чека ајвар викенд. Добра ноќ!
Добар ден мајки! Мене нешто не ми е добар. Стигнав сабајле на работа како и обично, ставам кафе и пијам таблетка(витамини за трудници). Две-три голтки од кафето и правец во тоалет, црева истурив од повраќање Ужассссс. А беше само 8часот! Ама теле бе, као демек ќе го заборавам апчето ако почекам да појадам па да го испијам, јас ги пијам на гладно иако е напоменато да е после јадењето. Бљак. Уште ми се гади.. дури сега се дојадов, желудник ме искина цел ден. Цело утро во мисли ми е ќерка ми. Ми фали кога сум на работа. Кога се прибирам во 3, легнуваме да спиеме и знаеме да затераме до 6-7 и после секако си дежураме кога до 11, кога до 12.. Спанковци на годината. Уште некој месец имам фора да поспијам па користам гужва Деновиве често ме наболува стомак па не ја кревам, и вчера така радосна ме прашува “мама сега не боли мешето?!” одговарам-не. Она уште по радосна “ајде диги мееее” и ме стиска со рачињата околу вратот Колку само сакам да го сопрам времето, да поминеме уште малку време само ние две, само она да ми е единствена и да го има целото внимание на свет од мене, како досега. Не може да дочека бебе да се роди, тоа е таква љубов со која го гали и бакнува стомакот, со толку љубов и сјај во очињата кажува како кога ќе се роди бебето, она ќе и помагала на мама, ќе му давала млеко,вода,цуцла,ќе му ставала памперс па дури и ќе го бањала со мама “А како ќе се вика бебето мама”? Одговара:Женско! Или па:сестЛичка Не ми доаѓа на памет име, некако мислам имам уште мнооооогу месеци, а еве во петок во 6ти влагам. Оп,три ќе свртат за час Најсреќна на свет сум што татко ми ми го нашол креветчето од јас кога сум била бебе, многу сакав такво да имам.. Па вечер да го земам дома, да го префарбам сакам, и да го носам кај некој столар да додаде тоа што е изгубено низ времето. Му фали една страница, да ја стокми со време треба. Ќе направам премештај во спална за да не собере со две креветчиња, ќе ми треба добра организација, ама има време Мало,слатко,наше катче. Преубави врамени слики видов по инста, да ги наместам креветчињата па да им нарачам на момите и такви слики. Јас сакам 3 деца Првото го родив на 23, второво на 26, и таму до кај 33год сакам уште едно. До тогаш кредитите ќе ни бидат исплатени,овие две ќе се пораснати, ќе си имаме наша куќа, и таман може да се освежиме со трето бебе. Јас која во животот не погледнував и не заигрував деца,која ни под разно не се замислував со деца, сакам да ги имам дури три.. Замисли ти тоа... И сега само моето ми е центар пажња, други ни гушкам ни заигрувам, ама па затоа и мои сакам повеќе да си имам де Животот е пред нас. Здравје да имаме,па коцките нека си се редат како што треба да се наредат. Имајте убав ден, баш есенски!
Вечер мајки Денов за никаде, цел ден и ладно е..незнам зимава како ќе се преживее без Што убаво секој ден си бевме со бебка во двор сега треба да се затвориме дома или па да го туткам со алишта оти па и тој не сака само в соба да седи убаво му е надвор.. Годинава се спасив од пиперки и ајвари свеки и јатрвица ми направија Сакав да му помогнам (не баш )ама со малиов тешко лепенка е, од еден саат фазла не седи со други па и не му заспива на никој..Не дека јас го нишкам за заспивање ама ете знам кога му се спие па го легнувам в креветче цуцата во уста и одма заспан е..а тие ќе го легнат а не му е време па му плачи па оди смири го после ама ајде ќе научат ко ќе нема да можам да дотрчам одма... Друго, си седам и се чудам како немам ништо за работа мали заспа во 17:30 и јас еве два саати дремам на фемина оти немам ни за чистење ни за готвење ни алишта за пеглање - да се пофалам де дека се сум сработила денес.. А и се надевам нема да се наспие па во 23ч да стани и да дежураме цела ноќ.. Друго мајки, од денес ќе почнам со дохрана поточно почнав му дадов кашичка од круша оти јас јадев и го држев в раце па ми посигаше и му дадов шмукаше па станв му направив кашичка и си излапка 5-6 лажички да му давав повеќе и повеќе ќе изедеше ама за прв пат доста е.. Е сега незнам дали да продолжам или да чекам педијатар да ми кажи уште 10 дена имаме до контрола тогаш ќе полниме 5 месеци.. Ајде и да се пофалам желбава за секс ми е на 7-мо небо Го исцедив маж ко лимонче ама па не се жали оти претходно неможеше да ме убеди Ваљда се средија хормониве и нив ги укривувам сега Сега некако фатив некој ред со бебе па стасувам и да се издепилирам сама дома, не ми се оди по салони со вирусов па така сум средена цело време и можам да се опуштам за галење пред тоа само се стегав да не се боцни на некое заборавено влакно Ајде доста е се распишав од се по нешто да си пуштам кафе оти ме фати дремка а чекам маж да си дојди да касниме па да се малку Добра ноќ мами
Барав тема ама не најдов таква каде мoжам да споделам искуство и да се пожалам. Денес тераме 9ден, јас сум целосно исцрпена физички и емоционално, преоптеретена со килажа на бебе, дали ќе напредува, ако цица почесто зошто е тоа така, ако не можам да ја разбудам истото. Хормоните ме полудеа, си плачам заедно со неа, се чувствувам беспомошно и се прашувам дали правам нешто како што треба. Кога ги читам другите мајки или гледам слики, како изгледаат топ, шетаат со мали бебиња, се прашувам само ли јас не спијам, само ние ли сме опседнати со цицањето, неизмолзувањето и слично... Воопшто не е лесно...
Нормално е ич не се грижи така е прв месец поточно први денови. Јас едвај ги научив да цица кога излеговме, во болница цела недела на шише и дома не сакаше да фати, со зор со зор па измолзував давав, па и спиеше пп цел ден неможев ни да го надојам ааии само нервоза и после 10дњна на контрола мапредување и тоа бајаги вратена килажа со лока се роди и плус. Не се грижи ќе помине
Не се секирај мајка сите тоа го поминавме и ден денес имам трауми од тоа плачење на бебе што од грчеви што од поим немам што... Еве го за 10 дена 5 месеци па не сум излегла со него да шетам освен по гости или на брзина дури е расположен еден круг така ни кафе ништо... Сеуште е рано и треба да се навикните и за двајцата е ова ново..само биди трпелива се ќе се среди ама треба нерви еден куп
Абе кај сте мами...викенд е и ниедна ве нема акнати сте некаде или па се излежувате по дома Јас сама си читам сама си пишувам овде.. ме лутите Кај нас ништо ново од вчера освен еден роденден на кој бевме со беблак и ме изненади колку беше мирен а и убедивме маж дека ни треба столче за хранење До вчера не сакаше ни да чуе ама еве денес на гости ни дадоа столче и малишан си седеше со нас на маса и си уживаше и беше мирен дурииии 2 часа и јас се зачудив дека ни еднаш не закемка сам си ивраше и си брчеше нешто... Ама душа е тој и многу брзо расти па и ако е една педа човече сака деца и ги бара се задева вика писка по нив.. На роденденов конечно да се видиме со другариве се немавме видено со месеци заради оваа коронава скапавме дома..Едните кај кои воедно и бевме на роденден веќе го пораснаа мажето 2 години наполни а другиве имаат мома 2 месеци помала од нашиов..па среќа сите беа мирни па и ние да поседиме и да помуабетиме како некогаш кога бевме без деца само ние 6.. Ама вака е мноогуу поубаво и повесело само нека се множат дечиња Е толку напнав со случкиве од роденденов ама па нема што друго да кажам а и ве нема ни вас да кажите нешто па така ќе ме читате досадна недосадна тоа е
Фала на поддршката стварно ми значи утеХа ми е секое нејзино смешкање, отварање на очиња, срцево ми се полни؛ Нека е се како што треба па за шетање има време
Напорно е дури се мали и додека му фатиш некој ред, кога плачи за спиење кога за цицање, или за близина па сака само да се гали или да го носиш во раце..и зборување многу треба иако е мало јас многу му зборував му пеев му гугав го задевав и се смируваше па ќе ти се испули со тие очиња и душата одма полна љубов е и ќе заборавиш на секоја нервоза.. Јас еве и ден денес иако има денови кога ми е преку глава што сака само да го шетам да разгледува сакам кога ми подава рачиња да го кренам или па сега се научи кога му пеам тапши тапши танана и штракам со рацете па тој ми ги фаќа и ме држи за раце па заедно штракаме..или за бравоо кога му правам и тој ги собира рачињата ама мал е за сам да штракни и само стои така и ме гледа.... Заминав ептен оф од муабетот ама сакам да кажам има многу убави моменти понатаму, има време и за шетање и дружење со пријатели сега дури е мала посвети се само на неа батали се друго (освен маж, тие се бетар и од бебиња и сакаат исто толку внимание)