Добро утро Утрово права есен надвор врне студи ,ахх ич несакам ладнп време Јас пијам кафе децата уште спијат ,заспаа тек во 12:30ноќеска на маж му е роденден денес па синко седеше да му пеел хепи брдеј на тате .Бебка па неможеше да се успие па и таа заспа тогаш дури ,па дури се средам 1 ме фати да си легнам дури заспијам 1ипол ,многу касно легнувам секој ден Јас порачав торта за роденденот на маже ,а и за мојот мене ми е во среда па заедничка е тортата синко најмногу ќе и се радува многу сака родендени и торти.Незнам дали сум ви кажала ама син ми е верен фан на дедо мраз преку целата година омилена сликовница му е таа со дедо мраз и џингл бел на рипит едно 10 пати во денот мора да ја слушнеме Се распишував ама станаа деца отидов сега да ги средам .Убав ден и убава недела Еве ја тортата наша
@elcezelce Сречни родендени и на тебе и мажето,сите желбички исполнети! Добро утро, да пратам поздрав од работа... Дете го оставив кај баба, да се игра со братучедите и беше многу среќен. Вчера излеговме малку позади зграда па и една другарка со нејзиното дојде,така спонтано се начекавме..Боже, колку ни се различни децата! И тоа ќе беше ок ако не ми искоментираше во стил “остај го детево,нека паѓа“...Шо и гајле како јас васпитувам и чувам мое дете?! Од неам ќе примам совети што не ми е никаков репер за некој баланс животен или организација.Краен случај, секој шо сака нека праи со свое дете,дур неговото не е загрозено.А не беше! И упатив само еден оштар поглед и се тргнав...Остатокот од времето,на игнор беше ставена. Тоа е,секакви не има.Барем во коронава сфатив убаво без кој ставрно неможам и чиј муабет ми фали.... Убав ден мајки! Тие што сте по дома со дечињата,уживајте во тие кратки скапоцени моменти бидејќи брзо минуваат..Ништо не пропустате од светов на возрасните,,,
Здраво од мене мајки! Наѕирка сонце кај нас, дува и ветре... до пред малку и врнеше! Ама есен е, готово... Значи кај и да е ќе средуваме плакари ( мразам ) А какви ми се моментално не е за раскажување! И кратко , и долго, и џемпери... се ставив да се испере и испегла и намести за новата сезона! А време ич немам, знаете, се жалам дека сум цел ден на работа оти менувам колешка! Утрово ми се јавува - како си, како минуваш на работа, напорно ли ти е?! И велам - неее бее, уживај, кај напорно, супер ми е Туку ај нека оздрават побрзо , тоа е најважно! Викендов со деците го минав... Им зготвив омиленото јаденце, па заедно игравме, заедно и чистевме , на крај и се прошетавме до еден манастир... и мајка ја зедов со нас, од кога почина тато никаде не мрднала жената. Е да, со децата си бев цел ден, им удоволував оти знам им фалам деновиве... Остана непресмукано, немав време, ама барем децата ми беа среќни. Ги избањав пред спиење, облекоа пиџамки и ајде се бутнаа под ќебе слатки, миризливи, најубави . Уште да им се спиеше и ептен убаво ќе беше ... Ама нее, какво спиење, се кикотеа, гушкаа, бацуфкаа, па се закачкаа, на крај се скараа која да лежи до мене а која до татко и Најчесто големото дете покажува љубомора кога ќе дојде нов член, кај нас обратно. Малото не дозволува дадата да биде до мене. Ма не дава ни ММ да биде до мене, само она ми се коти како маче во скут... А сакам и големата ќерка да си ја гушнам и галам... но шефицата мала разгалена не смее да го види тој момент. И така пред спиење се испокараа двете ќерки.. ок , малку и се закубеа за косите ( само моите ли прават така ? ) и ајде налутено си кажаа ,, добра ноќ ,, и одма на спиење. И помина денот... Се осеќам поспано, не спиев добро синоќа! Касно ме наоѓа секоја вечер... мислам, се потсетувам на некои спомени, тагувам по некои убави времиња Ајде толку од мене... имајте убав ден сите!
@elcezelce среќни родендени на тебе и маж Станати од 8ипол ,јас кафенце, Софи цице Од кога се роди спие со нас во кревет, денес пробував да ја заспијам и да ја ставам во креветче да спие. 3 пати пробав, 3 пати штом ја спуштив во креветче се ококори. И пак попуштив на крај си ја легнав до мене Се заљубив во боба марамите, ко за бељата никаде не можам да најдам. Вчера пробавме со мм во кенгур да ја ставиме. Некако не ми седеше ко што треба. Ваљда треба да видам со каишите што како. И се мрдаше главчето напред назад. Ептен несигурно за носење ми се виде. Да ја заспијам бебка сега. Ќе тера трета дремка, па после ако нема ветер ќе шетнеме малку Имајте убав ден
Добар ден мајки Алекс ровари низ куќа, јас со компјутерот и кафето пред мене. Синоќа од нигде 40тт качи. Не кашла, не тече нос, нема мрсули, никаква болка...ама баш никаков проблем. Симнува со сирупче тт, ама секако мора дома да седи. Некој лесен вирус ваљда, од нога нека мине(и мене нека не ме фаќа). Другите две моми во топ форма. Толку многу забушавам на темава што не знам каде сум застанала со муабетот. После сите перипетии и бродоломи изминативе години конечно сме назад на стаза и сите стари планеви полека се остваруваат. Куќата беше еден од нив кој беше одложен, ама конечно се почна. Подрумот го завршија, уште приземје и поткровје. Со надеж до нова година да биде карабината изѕидано и после до летоска внатре да се досреди. Вака сега, кога стојам на плочата, колку малечко ми стои, како ќе не збере си викам. ПРед некоја година се жалев дека имаме комшија кој насабајле гол се шета низ двор. Полицијата рече се додека не мастурбира смее, мус е може. Е тоа не е се, имало и бетер. Во исчекување да го имаме најужасниот комшија. Не знам колку контроли ни прати на плацот, како бог да чува не слика и снима од прозорецот цел ден, не следи, тука писменца ни пушташе....ама во Германија и тоа смееш. Малку нас, и работниците зел да ги следи до магацинот, па се шнурал внатре, се преставувал како приватен детектив( над 70г пензионер е) ДРАМИ. Ама тоа дека приватно, си здоби тужба. Е нас може да не следи и слика/снима На Тозо му викам спалната баш од таа страна ни е, да се пазиме Малтарчето на 70г старата ограда сме му го гребнале со багерот, па писменце и од адвокат ни прати. Багеристов вика јас ако сум удрил со багерот цела ограда ќе ја нема, не само малтарчето. Нашава драма ќе има многу многу епизоди наредниве години. Stay tuned Инаку арни.
Сваќе, сум имала таков сосед на градилиште во една фирма кај што работев. Донесе од институт за сеизмологија, археологија, од Еврејска заедница (тука имаше стари еврејски гробишта) да не спречи ама не му успеа никако. На крај си рече што му било работата, да му направиме огромен потпорен ѕид 21м до кај него.... Туку со лесно градбата, пратам пратам, ако е уште истиот план што го гледав, оф убавини, уште се сеќавам колку беше отворено и слободно се. Ич нема да е мало не се сеќирај, кога ќе кренете висини. Гушкам! Време за многу пишување немам, имам многу работа, али да кажам, ајвар сама веќе не правам па до таму да е. Или дете на чување кај баба па јас со маж или никако. Цела сум пликови по нозе и со воспаленија од што цркнав 2 дена. Али каков вкусен ајвар сум напраила, сон! Вкусен, вкусен, и колегите потврдија! Дете се рашмрка викендов, дали настина од што цело време надвор, се брчкаше во вода а не беше за у вода, па го остаив дома малку со татко му. Он вака е добар, ама кива и течат мрсули, да не ризикуваме. А може и алергијата да му е, се буташе у подрум и у гаража у прашините. Денес е веќе подобар, па ако нема ништо до вечер ќе го пуштам утре задутре. Стиснав испрати а не пишав, Убав ден!
Мајки не знам која тема е најсоодветна, погледнете ја најновата колумна. http://www.femina.mk/колумни/сензорни-авантури/колумна-сензорна-интеграција Отворена сум за предлози и идеи. Со многу љубов и од срце е напишано и споделено со сите вас
Леле ти благодарам Барав ваква тема на форумот, има една ама неактивна, би можеле да ја разработиме. Мал е мојот сеуште (скоро 5 месеци) ама дефинитивно и повеќе од потребни се вакви идеи за понатака.
Ќе има многу идеи и за најмалите, за сите по нешто. Сега малку повеќе текст, увод во тема, понатаму ќе има повеќе изработки, диу рецепти, активности во домот но и во природа, за повеќе возрасти.
Супер, едвај чекам. Постирај тука или евентуално да се отвори нова тема. Те следам и на инста ама слабо се пуштам на социјални мрежи. Браво за ова што го правиш
Леле ве читам за температурава, јас цел живот имам 35, и мм исто, дури и 34 ми била, еднаш во бременост кога видов 34 на топломер па кога изгуглав па после тоа плачев ли плачев И кога и кажав на мајка ми сакаше да ми ја залепи една ама ептен дека трудна се воздржа. Синко иако мал и на него најмногу 36 му имам измерено, треба ли да се загрижувам?
Хаха не бе, зошто да се загрижуваш? Штом кај сите е вака значи во ред е. И јас мајка ми ја прашував ми вика не знам, да не е со доењето поврзано. Сестра ми вика ладна ти е душата
Мене ниска ми е кога ми се спие, кога сум преморена и пред добивање Дури и 35,8 знаела да ми падне тогаш. Едит. Не видов во која тема сум пишала Поздрав до сите, да не испадне само ви улетав со коментар!
Па пиши нешто. Ми фали да прочитам твој пост овде. Не ни почнав Му ги испеглав само првите алишта кога се роди и толку. Немам време и со тоа да се занимавам. Сега пеглам само по потреба еднаш до два пати месечно ако е нешто ептен изгужвано. @danichap со среќа градењето на новата куќа. Што побрзо да се заврши. Немаат работа пензионерите па си наоѓаат занимации. Инаку едно прашање. Не е ли полесно да се купи куќа отколку да се гради? Градењето одзема многу време. Па уште и ако немаш плац. А купувањето мислам по малку само ја наоѓаш таа што ти одговара. Инаку јас седам и мрзнам. Овде неколку дена имаме снег на планините и многу е ладно. Под 10 степени е а парното не ни го пуштаат. Спијаме со 3 дебели ќебиња и плус термо пижами Јадење има месено од вчера сега се мислам нешто благо да правам. Имам алишта за средување и садови Па да си го земам синко од градинка. Леле колку многу го мислам Имајте убав ден
Добар ден мајки Испратив двете моми во градинка и седам дома со Алекс. Вчера не се симнуваше тт, па моравме на итна. Им викам со саати не паѓа под 40.5 и покрај сируп, туширање и други методи...ааа, еве 37.5 паднала. Па си викам што не фати ладното таму може оладило дете. ОТи пред зграда чекавме пола саат некој да дојде, па да се ослободи просторија. Со тт не не пуштаат внатре. Кога конечно дојдовме на ред мерат пак тт, 40.5. Вика ааа тој за на чело топломерот што е на влез толку чини. Како бре така, значи луѓе и што имаат тт грешниот ќе покаже ок и ќе ги пуштат во зградата. Дете шарлах. Не знам дали петокот го закачила од некое дете или пред неколку недели кога имаше шарлах во градинката и сите три беа болни, со тт, ја има фатено, ама бидејќи матичната не ни даде термин и се лечевме со воздух чмаело неколку недели и викендов се активирало. Тогаш мислев вирус, од нога за два дена помина. И сега нека е со помин. @orhideea да, полесно е. Ама сакавме ваква таква, баш по наш терк....и не се наоѓа готово. Инаку драми додека плац се купи, драми додека архитектот долови замисла, драми додека одобрат....а богами најголеми драми додека изградиме. Ама тоа е, се фативме на орото, ќе тераме. Таква како што сакаме готова би коштала многу повеќе, вака заштедуваме и на работна рака нешто, па за нас во секој случај поисплатливо. Ручек телешка чорба. Цела куќа мислам мириса. Убавини Имам 5кг за симнување , ама немам сили за диети сега . Убав ден мајки