^^ првин читав, па ми текна дека не лајкнував и се повратив да наредам, нели некоја минус да не ми пише Секако јас читам се, ама па и читам "се" кога имам време, а време невреме.. Баш сум асоцијална дабетер периодов, си живеам во некој свој свет и појма немам за никакво случување однадвор, немам ни можност уствари Не можам да се начудам како "некои" постигнуваат ете барем нет да отворат, јас со бебе мое немам таква можност. Едвај успевам да кренам слушалка на 1минута кога некој ме бара, чим поминат 60секунди одма се лепи за мене, па почнува да прибарува нешто, па почнува да штипе, гризе, кубе.. Мене ми е невозможна и оваа "работа од дома" без некој да ми виси на глава, не па да имам надреден или некој рок и да треба да чувам бебево и да работам Понекогаш си мислам дека само моево е вакво ок за да си игра треба и некој да игра со него, но па да не сака ни 30мин да поигра сам Внимание, внимание и цело внимание кон него, го нема ли, е тек тогаш почнува фијаско Но најчесто си викам нека, нема уште долго да е бебе и нема засекогаш да ми го бара целото внимание. Ионака скоро 3г ми поминаа дури трепнам, многу, многу брзо расте @Monella честито ќеркичка, жива, здрава и многу да ве радува Ноќ мајки Седам во "нова соба" и некако неверно ми е дека е наше, не ми доаѓа да се израдувам и не.. Станот бидна, се што беше за завршување е готово, уствари ѕидови и плочки се готови, за останато ќе се почека Како бурлески пристигнавме од Скопје, со фрижидер на кров Како па внатре не собра ич не знам, бебе седеше како у бункер, за чудо не спакував САМО во еден куфер, со надеж дека одма ќе купиме машина секако а да требаше да имаме и втор куфер мм рече ќе го ставел врз фрижидерот Облакодер не ни беше рамен, па вибрира по пат, се слушаат чудни бучења, занесува од тежина, ауууу крш! Среќа па не избравме двокрилен Прва етапа беше вадење на фуга Не се нафативме да бараме да ја вадат кога не сме се ни договориле каква да стават. Секаде ја ставиле таа фуга, гледам и по другите станови е таа, па заклучивме дека само со таа работат Мм има машинче, секако дека има, нема што нема, па нормално и знае да го ракува и повелииии Купивме од Ск нова фуга, нијансата ја биравме по слика од телефон, кога плочките далеку посветли во живо Цел Ох нема таква марка на фуга за да ја осветлиме, а немаат ниту пак избор нова да си купиме, немаат ниту асален каталог Повеќето беа против да се мешаат, кога едно чиче ни рече мешајте, нема што да и биде и у зорт се окураживме и смешавме и почна да се плеска. Мм малку ставаше, грото татко ми и како шлакаше Едвај, ама едвај исчистивме со мајка, па претходно бела вадевме и како брашно да лета, а ова па темно сиво и како пепел да бришеш Најбитно впечатокот ни се смени, баш заличе станот, ѕидните во кујна почнаа да си одговаарат со подните, а онака штрчеше, кај они шарени, па и подот шарен, крш Но прозорите останаа сама да си ги чистам, а јас па колку сакам да чистам прозори Два пати станот го има чистено чистачка и стварно не знам што е чистено сем што било она баш ѓубре. Па ај првиот пат ѓубрето го собрала, ами вториот што правела Уствари најавено беше и трет пат да чисти, ама ја откачивме, па можеби тогаш ќе исчистела Кревет секако уште немаме, па си ги зедовме душеците од гарнитурата што ни е дома, а на бебе му го зедовме душечето од креветчето, остана непродадено, цела среќа Ете и на него му дојде ред да се искористи Колку е среќен, само реди кој каде спие, па кажува за душеците дека било тоа спална Уствари он едвај дочека да иде во "станот" и кај "големата вода" Мислам секој ден не прашувше и бараше да идеме, кога почнав да го припремам во неделата дека тато ќе си иде домче, одма панично праша дали и он ќе си иде На секое искачање од станот одма следи "Во станот ќе се вратиме така?! Не идеме домче?! " Баш е воодушевен и среќен, само за него останав тука, баш се смени деновиве, убаво му е, интересно му е, ново му е. Али сега пред спиење го побара Пако, па првин рече јас да идам дома и да го поправам бусот (као татко му си отиде бусот е расипан), па се премисли и кажа дека луѓето и не морале да идат на работа Го бара и деде, а за баба вика дека не мора да дојде Мораше мм да си отиде за да ја порачаат кујната и да го направи шанкот. И стварно не ми е јасно како се купува тоа "поевтино" Не и не ни иде да поштедиме, параспури на ниво Ајде барем убаво ќе биде Толку пари за 1.87см кујниче, со дупки за фурна и машина уште не ми е верно дека можат да отидат Мајка ме теши дека горните елементи биле големи, па идело многу материјал Него и помошно или летно ќе има за на тераса, не иде тој ексклузивен КАУЧ да се умирисува на манџа Во зградава има 22стана, кој продаден, кој не, кој вселен, кој купен од надвор, а во кој се редат плочки, па во цела зграда си седиме само јас, бебе и едно чиче Малку и шубе ме фати од чичево, вчера пијан се врати од искачанка и многу лупаше у ходник, а јас како прав добар комшија го ѕирнав низ клучалката А во соседниот влез кој е лепенка до зградава има еден дечко што си седи, сам е у цела зграда Сабајле ме прашува чиче до каде сме со средување на станот, па му викам на почеток и уште не сум завршила и он додава "ааааа по цел ден брчи и лупа нешто, сигурно кај и да е се ќе си средите". Па мене ми иде дека бебево по цел ден ровари и уклучува на мм по некоја машина, чука со чекан во тврд стиропор, али сепак има звук, плус ехо, пола ден играме брканица... И на се ова чиче мисли дека редиме плакари Затоа вечерва книги читавме Ај да и од едни картони и слајм правеше комода, баш е креативен Не дека нешто искочи, он не ни дава да му помогнеш многу , само битно е да "правиме заедно" но се позанимава. Времево и не баш ни е во прилог, но успеваме 3-4ч да сме надвор. Близу има лулашки, едвај дете да дојде, водата не е за бањање, но за правење манџи е топ. Вчера и огинче запаливме на сред плажа, пиромани. Кога ќе му се здосади ми вика мами ајде да ме шеташ, тоа значи да го возам во количка. Денес изодев некои 5км, за утре ми е таргет 8км, сакам да го носам на едно место, па 4км ми е во еден правец. Но не знам дали да се нафатам.. Не ми е мене проблем пешачење, имам кондиција, но не знам дали ќе доседи, ако му се здосади ќе бара да го носам во раце, ако не го земам ќе почне да се треска Може и да подзастанеме ако не, но пак се 4км во еден правец или 1.5ч идење Мислам да не си ја барам бељата, прееска пола саат у еден правец идев и ме пукна за враќање Уште 1ден и Октомври. Уште 3месеци си помина и 2020, чувствувам како пола година да ја преспав Октомври колку го сакам, толку и ми ја пара душава, не можам, а да не спомнам дека "требаше да биде поинаку" Дури трепнам ќе дојде и Ноември и бдејот на бебе мое, 3че Па штрак Нова година! Искрено се надевам дека 2021 ќе ја поминеме со полна пареа, а не како 20кава летаргични Сакам планови, сакам да планирам, но 20кава ми покажа дека се што не планирам се остварува. Не дека е тоа лошо, но не е според планот и планот да течеше по својот терк ќе беше супер, мрчам малку, но тоа ми е у генот Ај дури ја поминав јас годинава, па и ретроспектива почнав да правам у сред ноќ на веќе 30ти септември Да спијам, утре сакам да успеам еден прозор да избришам и толку ми е таргетот за еден ден Морам и вц то да го светнам, детево сака да моча само, првин се креваше на прсти и мочаше во школката (не знам оти е вака ниска, дома ни е повисока ), но си истражувало детето, па почна да моча во сифонот или во големата дупка по негово Не успевам да го разубедам да не моча таму Среќа дома не го ни видел сифонот, под школката е, а таа е закачена за ѕид Ајјјјј морам уште ова да кажам, кој ќе ме дочита ќе му се направи денот Првиот ден како дојдовме мм почна да вади фуга, јас да собирам по него, а мајка ја рибаше терасата, па бебе му припадна на деде. Шетаа и се повраќаа неколку пати, без ранец или било што, шетаа близу, но на едно шетање на сред пат почнал да му паничи дека го боли меше, тато разбрал дека му се кака, но не успеал да го убеди ниту да се тргнат од тротоарот, боже сачува гаќи да соблечат. Па си се фатило бебе на некоја ограда и си се испосрало, сстоеле добри 10минути додека не кажал дека е готов Ај тоа, него почнал да паничи и да се соблекува Го собрал тато и го однел одма преку пат каде е и плажа, цела среќа што е и вон сезона, па немало плажанти Го миел тато во езеро, па си ја соблекол својата долна нова маица, прв пат облечена, за да го избрише и му ги вратил тренерките. Секако де едвај се убедиле да ги врати, опцијата му било или помочаните тренерки (сва среќа потврдо гомце, па не се растекло ) или гол Тато сакал да ги фрли гаќите, ама кога викнало бебе, никако, мама ќе се кара, па на сета мака татко и гаќи перел у езеро. Ми ги донесоа завиткани во картонче ХАВАРИЈА! До солзи се смеев, а бебе воодушевен што се правел со деде, а деде препотен, па едно 5пати миеше раце, али џабе, не изветрејува толку лесно смрдешка Проблем ни е уште какањево, стиска и го враќа, па кога ќе неможе веќе тогаш се празни, плус и дека сменил средина, па си резултираше со празнење на сред пат Но еве као му фатив ред, односно се убедивме да врши работа секој ден, фатив цака што го протерува. Се посмеавте, ама и простете за завршниов дел од реферат У сред ноќ што ли пишувам Сама се испраќам и што би рекол бебе ставам катанец и клуч! Гушкајте малишанки
Добро утро мајки. Легната после 2,станав пред 5, страшна несоница имам. Само што легнав, беба почна да зборува во сон, сонце мајкино Тоа од вчера. Луѓе, дете 3 дена вришти, пишти, се ечка од земја, ми иде некаде да избегам на една недела. Не мо жам. Ни мене ни татко и не не слуша, му кажувам дека е најдена, напиена и кога прави такви ситуации нека ја игнорира, ама он не, пак по старо. Денеска и е именден, ќе си прославиме само фамилијата, толку сме и тука де, важно е да имаш некој околу себе, и за добро и за лошо. И купивме нокшир на бебе, џабе, сега за сега нема шанси да ја научам да мочка на нокшир, сабајле ја оставив гола, само што и реков немој случајно гол газ да си отишла на прозорецот, сите ќе ти се смејат, она се залепи за него и кога кажа мочам Секој ден е се поинтересна и поинтересна, ама е многу лошка станета како машко е. Отидов, сабајле кога станува моторчето на газето одма и е на најјако оклучено.
Хола! Вечни имиња на сите што денес слават, наш Валентајн уствари. @Monella нека е жива и здрава лепотицата на бато Дете љуби га мајка е дома, ми шмрчка со носето, слива секретче и кашлуцка, па го почував дома малку. Да не ризикувам. Па и кај нас коронче се појави и плус од тоа се чувавме, па ќе видиме. Прво рекоа во нашиот клон, сега во друг кажаа. Таа е реалноста, нажалост! Очекувано беше. Туку ладничко мајки, септември очекував потопол да е, ова секое попладне дува корне, треска, врне... Налет! Некако нагло ми удри студов у коски, ладничко бррр.... Сабајлево само по блуза излегов од дома, на работа имам една наметка дебела ја нагрнав, ладно у три лепе. Уф! Дома ми е ко бомба да паднала, буквално! Се е хаос, и реков не чистам додека и домашниве животни не помогнат, крај! Недела дена ги молам да соберат играчки за да можам да исчистам и не и не, инат водат. И јас ќе водам инат, лесно е. Денес ако е лом кога ќе се вратам ќе соберам играчки и сите во контињер ќе одат, се што ќе најдам пред мене ќе оди во контињер, се! Морам и алишта веќе да сменам, кондури, викендов ми е во план тоа да правам. Ајварот ме измори ептен, ама еве си идам веќе на ред. Бебе 2 не е веќе на дневен ред, морам прво ешка да ја решам од бешика, да се оперирам, па после. Здравје! Тоа е. Мајки немам многу инспирација, се гледа, ај да работам малку Убав ден!
 е да си жива и здрава што во ваков период знаешш да бидеш смирена и позитивна, ама и ме насмеа на крај види, секоја промена е стрес, особено преселба. Ние кога се преселивме среќс бевме без бебе, празен стан, имавме само 1 кревет и греалка, беше зима. Куфери, алишта насекаде по земја. Но полека се средивме. Поминаа 3 години, околината уште не ми се свиѓа ама ич.
Добар ден мајки! Кога читам “бебе” за деца над 1 година малку превртувам со очи, а јас сеуште на ќерка ми и се обраќам со “каде е моето бебе? што прави моето бебе”?! Глупаво од моја страна, не ми замерувајте Деновиве ко да порасна одеднаш, ми се чини имам дома дете не од 2, туку од 5 години. Така и она вика, имала “цела рака години”. Пред да наполни годинка се плашев да не не прозбори на време,блаблабла нели не давав ни телефони ни телевизори да гледа, па сега секојдневно се смееме и се прашуваме од каде тој фонт на зборови, како ли знае некои работи да ти ги каже, мислиш некој од 10год ти ги кажува? Комедии е, ја обожавам! Почна да учи песнички што слуша од Јутјуб, од српската “данас нам је диван дан” до некоја си турска “ашким ашким” само пее по цели денови Си има и нејзина верзија на рингејаја, а тоа е прво: мама несе јаја/ па иде : тато несе јаја, па сите ќе ги изреди Има и микрофон, па концерти секој ден по дома. Времето со неа,од кратко уште пократко со секој нареден ден. Минувам време со неа,во играње,во ова она.. а се осеќам тооооолку оддалечена од неа, пошто нели ја оставам дома и излегувам за на работа. Вчера со солзи во очите ме молеше да не одам, “мамо не оди на љабота, биди дома да си игаме” У пм. Со кнедла во грло одам секој ден. До Нова год има уште цели три месеци, а едвај чекам да останам на породилно да ја изнагушкам и изнаиграм за сите овие скапани денови поминати на работа! Инспирирана од “какачкиот”муабет на Емка, да ја пофалам и мојата мома.. фасцинирана е од нејзината “голема кака” кога гледа во нокшир Јао радости,па тоа скокање и фалење колку голема кака извадила арно што дома само ми го прави муабетот. Дури се срамеше се срамеше, сега си аплаудира и фали и со смеа кажува што направила Му вика на мм:”тато знаиш шо има на Копје? сон и мечка!” па деновиве ќе мора да одиме до Скопје да ги видиме, пред да залади де Треба успат и чизмички да и земам, ќе почнат дождови а моментално е со еден пар патики.. па и патики треба да земам,па кога прередував увидов дека ќе и фали есенска гардероба,и тоа да докупам. И за бебе успат сакам да најдам нешто,пусти мерак не ми се чека Во шпихозни се заљубувам секој пат кога ќе видам знам дека од поголемата немав толку мали, она беше летно бебе, се е по кратки ракави. Инаку постов во 10 сабајле е почнат, ама на работа де, толку имам време да напишам нешто асално, а притоа да не биде расфрлано и безврска,како што во последно време ми се сите постови тука Ќе си направам кафе сега,ќе тркнам до продавниче и по чоколадо, и ќе уживам уште еден саат дури дојде колешката. Имајте убав ден
Бебе спие ,синко излезе надвор малце со дедо му да прошета .Јас седнав земав лаптопот (ми падна мобилниот екранот сол па на сервис ми е ,користам сега еден стар одвај функционира)да ве поздравам и да ве почастам ко што е ред 33 наполнив па и не се осеќам стара искрено да ви кажам ,ми фали малку да бидам згодна само добро моѓе малце повеќе де ама ќе ослабам си ветив Среќна сум се што посакав имам фала му на господ тоа е најважно. Денес па ко за беља алергијата ме фати па цело утро кивам едно пакетче марамици потрошив ,бебе каков поклон ми спреми сабајлечки незнаете толку многу ми се испокака лом беше дури и пропушти преку алишта па ја бањав па затоа сега спие како бајче искакано,избањато и најадено умно бебе мое Убав ден мајки да подраскренам малце ќе дојдат после мајка ми и татко ми на торта успат да ги видат и децава да си поиграат малце
Среќен роденден да си жива и здрава. Она кога доиш ноќе,па за да не заспиеш со беба во раце читаш Фемина,па ја читаш @emkaemka и ја сонуваш неа,малиот дечко и станот Честито станче Емче,уживајте
@elcezelce Среќен роденден, само убавини во животот @mal.ecka исто Дојам, вртам, превртувам на фемина. Постовите на @emkaemka ми се ептен кул симнувам капа за трпението а и дарба си е тоа, не секој може да скоцка ваков долгометражен пост на толку сликовит начин Како и за свадбата на сестра и, така и сега, како да сум присутна таму и да учествувам во изборот и јас Толку се напнав да ја замислам фугата со плочките, чудо некое Добар ден. Ќере спие во раце, бато отиде до кај комшии да се поигра. Во план ми е да правам пилешка чорба па кај и да е ќе треба да станувам. Туку, одкако се породив се нешто ме боли, чудно е што немам проблеми со раната туку се некои безвезе работи, де половината, де вратот, херпес, а капак на се ми се хемороидите ваква болка не паметам да сум имала. Се осеќам како 70 годишна старица @babyboy1 ти си сон на секој маж Блазе си ти на хормоните, на вољата, пак ќе речам среќник е твојот маж Еве мојот кај и да е една година ќе го фати како пости Девет месеци бременост, сега треба време додека се вратам во нормала, па контрола, па да ми поминат горенаведените болки Ехе, ќе има уште многу за чекање Доста е, испомешав сва и свашта Одам да ја почнам чорбата
Хахаха @Monella абе ми откажува некако мојов ептен му дојде мачно со мајстори,со куќа па и бебе и два оати досега сам се паузира а јас да се прашував немаше пауза никако Добро вечер од мене јас набрзина да честитам станови, куќи, родендени на сите неможам да ве редам една по една на гости сме ама досадно ми е нема муабет а и свеки е со нас па од неа не можи друг да кажи нешто ко цд да лапнала женава уста не затвори Поздрав, одам да не биди дрка преседив со тел. в раце на гости..а и каква торта имаат мх,мх вреди и свеки да ка слушам без престан само да каснам блакце малку
Одличноо! Се приклучувам и јас кон заинтересираните. Убаво би било да има повеќе игри за бебиња до година. Вчера разгледував на еден профил на Инстаграм и си реков ајде да му направам на малиот малку тактилно изненадување . На лист се шприцка од темперни бои па се покрива со фолија со меурчиња и се залепува со селотејп. Па богами многу бев надежна, синче е 6 и пол месеци, СЕ пика во уста. Коа фати да го дрпа тоа, да се обидува да го шмука. Божее си реков од нешто интересно, ќе направам беља... Не не, мал е за вакви игри. И баш би сакала да видам други игри, нешто така сензорно интересно, ама да не пика в уста. А која си на инста инаку?
Аааа тие слатките дечињаа се твои?? Како кажав "твои" ко да те знам . Те имам веќе заследено. Многу шик профил!
А врз хеланчиња или хулахопки во неутрална боја да ги облече? И со останатото што веќе го спомнавме некоја комбинација, пример со блузе и тиролка. Ама колку би одговарало хмм..чорапите се многу шмеки да ги бувташ со многу додатоци ќе се изгубат. А некое подолго фустанче како балонче и да ги стави чорапите а под нив сепак да има хулахопки ама да не се приметуваат? Се задумав сега, дај да ја решиме работава. Пиши шо ќе смислиш. А чорапите убај, од кај се? И јас сакам такви
Добра вечеееееер Дете со температура, па дежурам вечер. Мајки, толку беше испотена, после чепот одма ми заспа, кога ја фатив лошо ми стана, од алиштата комотно можеш да изцедиш вода. Ај ја предоблеков, а она спие ни очите најмили не ги отвори , за пола саат пак беше малку испотена и ставив крпа до половина. Се надевам дека ќе биде добра, многу ми е мака кога ја гледам таква. Кога ќе ме погледне со тие плавите очи Решивме не си одеме за Мк оваа зима, тоа уште повеќе ме нервира, кај и да е во депресија ќе паднам. Сакам да си одам, сакам на помен на тато да одам,сакам на кафе и во кафана да одам. Сакам баба дедо и брат ми да си ги видам. Дедо се ми вика како што е тргнала ситуацијата детето на нејзината свадба можеби ќе ја видиме Реално, многу не се замаравме со корона јас и мм, арно ама, некни ни почина еден роднина и сега нема шанси да си одеме. Ај се испожалив, отидов да дремнам пола саат