се сеќавам јас кога се породив. Првиот месец станував од кревет само за во вц и да јадам и спремам набрзинка нешто за големиот да јаде. Толку. Недомаќинка. За несредено дома ќе се навикнеш рано ти е.
А преку нет нарачуваш со достава? Или од Скопје ги купуваш од трговските? Можеш страница да ми пишеш конкретна?
Додека дете гледа пикабу да шкртнам некој ред. Времево залади, пуштаме глеалка а Маже мое ќе варосува викендов. Кога не сака во жешко сега нека замрзни. Незнам како ќе суши,само дете пак да не добие настинка. Додуша сеуште не е целосно оздравен, пола месец поминат со мрсули сеуште има но вадам еднаш на ден. И капак на се викендов и ајвар ќе се прави, како ќе се организираме појма немам, само нека не врни дожд... Како ќе биде за дете да не спие во пресно варосана соба да не дише што ќе изпарува и тоа незнам. Нема да сака да спие со баба и дедо, а кај мајка ми не можеме да појдиме заради пиперките што треба да се сработат. Дете опседнат со супер херои сите ги знае, а јас незнам ниту пола од нив, но сега ги учам. Играчка каква и да е но да има по поврзаност со нив. Заедно со Маже гледаат филмови со супер херои. Понекогаш сака приказни да му раскажуваме за нив, кои со Маже си ги измислуваме. Дете вика... Да се спремиме за нанкање.. Имајте убав и мирна ноќ со вашите сакани.
И после цела недела конечно да си го земам телефонот назад. Ми цркна па среќа успеаа да ми го направат и сега се радувам исто ко нов ми е Кај синко скок пуштен на најјако не се издржува веќе ќе полудам, а и капак на се ќере нешто се разлошила па ништо не ме слуша и се контра ми мава Почнавме да ја носиме на “тренинг” мислев малце ќе се смири ама еве цел месец пројде она уште не е смирена.. изгледа треба уште некоја друга активност или да си се помирам со фактот дека такво ми е детето И така си се изнакажав јас дека деца спијат, пораскренав нешто низ дома и сега да се погушкам со маже па у кревет на спиење. Добра ноќ
Вчера додека си одев со дете дома од градинка сфатив колку ми е пораснато детето. Го прашувам што јаделе и ми вика Лепче со мармаладче, а пошто знам дека со тоа им даваат млеко му викам А што пиевте? Па другите деца пиеа млекце, ама јас дека не смеам пиев чајче Детето порасна и станува свесно за околината и ситуациите. Еее... И многу сака бебиња, вчера виде количка бебешка со бебенце и замоли да ја туркал, јас не би му дала, ама мајката се сложи, зема да турка па да го гали бебенцето по ноџе... Мајката вика ајде што чекате за второ, е како да ти објаснам жено божја, како?! Ми се плаче! Сакам да направам операција, да сменам гинеколог и да почнам асално да бркам прегледи да видам што не мачи повторно. Туку пмс опасно ме турка и вчера изедов ми се чини храна за 3 дена, многу ми се јадеше и на секои 2 саати мцкав по нешто. Денес решив да форсирам овошје, па земав само тоа од дома со чиа и јогурт, ако ми се пријаде ќе одам да земам нешто лајт, салата некоја. Вчера куќа превртев за благо, ама не најдов и среќа почекав да се направи супата па тоа јадев. Ми се јаде ми се плаче, ми се врти во желудник нешто. Вчера дури одбив и торта на работа, реков не сечи за мене и крај! Ќе се изборам јас, не е лав да е посилно од мене. На работа имам една ситуација која скоро 2 месеци не можам да ја решам, од понеделник мора да и се најде крај, не може до недоглед вака. Просто не може веќе. Нит спијам асално, нервозна сум, фрустрирана, љута... Ми страда домашната атмосфера од што сум нервозна, а не е до мене работата. И така од понеделник ќе барам чаре. До тогаш ќе си завршам се што ми останало за завршување и ќе се посветам само на тоа. Мака ми е што не е моја грешка, ама ќе ја решам и тоа е тоа. Ме мачи и мајка ми, многу се преоптоварува а не смее, не е во ред. Викендов ќе одам да и земам фрижидер, нема фрижидер веќе подолго време и едвај чекам да се среди тоа. Греота е, не заслужила, цел живот е жртва за нас. Минатата недела и почина братучетка и од тоа многу повеќе се грижам. Мајка сум, се грижам за своето, ама ме уништува што мајка ми не можам да и помогнам да и олеснам И да ја гледам почесто Убав ден мајки!
Ај по еден домаќински муабет да свртам Е да ви кажам ми годи улогава на домаќинка: напати поснаодлива, другпат поочајна, ама туркам. За домаќинлук ме бива, впрочем ко женско - секое го бива. Или пак не секое Уживам дома да ми е подредено, избришано, исчистено, кујната и бањата особено да се чисти. А и овој период ми е баш за токмење по дома, додуша мене секој ден и период ми е таков. Имаше едно време не можев да фатам ништо, оставив така да видам до кај ќе оди... За право, месец дена дом трпи нечист, потоа преминува во сериозна работата. Со бебето ми се стабилизирав и си реков да ги засукам ракавите и да го возобновам станов. Голем притисок си вршам со тоа да ми е средено. И дури (ова можда и за стручна анализа е ) почнав да забележувам кога се прави прашина, како, колку време ѝ е потребно ... @Anaouou I feel you! Прочитав некаде дека зарем животов е створен да си го губиме времето на средување пеглање блабла... Ама па ако оставам така, ќе ми се собере многу работа. Е веќе звучам очајно. Готово! Cut it off, Eleno! @AngelOfArh со лесно мајка и Бог да ти ја оствари желбата за уште едно бебе! И да го решиш проблемот на работа. Инаку, бебето веќе денски спие и по сат и пол, два . Тоа е одлично, за јас да ( дополни _______) средуваам низ домаа . Околу ручек мајка ми помага и баш со помош сум околу мене. Благодарна сум . Од жалби поплаки пофалби итн итн тоа е, немам друго засега. Убаво попладне
Добар ден momsters Деновиве лабави, како есенска марама ноншалантно измотана околу врат. Утра во носталгија по летото, денови во надежи за есента и вечери во копнежи по соништата. Будења со гласна најава за нејзината будност, бушаво косле, боси ноџиња и рачиња подадени нестрпливо да бидат прикачени за мојот врат. Пијам кафе со вкус на сонце, мирис на море и со поглед кон неа. Нема есен, ниту зима што може да ја засени. Таа изгрева и грее со својата малечка појава. Преточувам емоции низ мастило за да еден ден, словото и раскаже приказна за самата неа. Денов сив од надвор, шарен дома. Се прескокнуваат сите играчки и сликовници за да се стаса до каде сакаш да стасаш и не смееш да ги поместиш ниту малку, оти нели ќе го нарушиш природниот баланс на работите во просторот, па потоа таа ќе биде незадоволна и ќе има плачки. Живот на една нога. Како штркови. И дом полн апстрактна уметност. Само таа да е среќна.
Ама се напорни со прашањево луѓево. Да си ја гледаа својата работа сите подобро ќе беше многу. Се надоврзав зашто веќе на нерви почнува ова да ми оди. Јас отворено си кажувам дека не сакам, па ме гледаат чудно, ко мене да ми фали нешто. А не па да рече човек дека не сака воопшто деца да има, којзнае што реакција ќе добие. Малава ја мерам во должина колку расне на мене кога лежи. уште од бебе кога си беше, еве девојче и гледам ноџињата до каде и се. Си порасна на мене, лежејќи, спиејќи, гушкајќи се. Драгоцени моменти, како расте знам дека многу ќе ми недостига тоа. Ама нема да жалам за ништо, ќе знам дека сите моменти сум ги искористила, никогаш нема да си речам, ех, повеќе да ја гушкав, повеќе време да поминував со нејзе, повеќе она или она. Ме има цела, за сите нејзини потреби. Се навраќам на мајка ми и зашто она мене ова ми го немаше пружено, ама... Гледам да се помирам и да преминам преку тоа. Толку можела, толку дала. Се мислам да ја запишам на некаква активност, ама не знам на што, да разгледам што има, па да видам. Вокабулар има многу голем, смешно ми е ептен кога ќе каже некое зборче што сме го читале во книга само. Пред некој ден едно детенце ја гледаше, а она ми се врти и ми вика, мамо, детено ме гледа втренчено. Хит зборови и беа втренчено и штрекна, ми вика ај замисли се, па она ќе ме буцне, јас да речам ау, ме штрекна. Или да се гледаме не трепнувајќи, втренчено, нели. За денес грашок за ручек, манџичка да е нормално, @AngelOfArh дај некој рецепт од твојот манџурлак мал што бендисува, да се смени нешто. Секој ден исто би јадела, за доручек, ручек и вечера, да се срка само нешто. Ајде за кафе која е, јас пијам, она гледа дневна доза цртани, па ќе излеземе малку на растрчување. Она сама вика, ајде да шетаме, не сум истрчана денес. Како кутре мислиш е.
Здраво друштво, шо убаво сите ве исчитав (кога тераме дремка де) Да си ја испофалам малата, почна да кажува нејзина верзија на името и многу е смешна, на непознати по улица им кажува. (Не дај боже негде да седнеме им вика "Да,да" за да и дадат од нивното јадење) Лифна на мама. По најново, јади сама колку шо можи дупи со пластична вилушка, нешто ќе погоди во уста нешто ќе падни ама тоа е, игра Арисот за флеки. Си брбла нешто по нејзино, доволно и се посветувам за правилен развој ама не ја силам за ништо. Научив да не ја споредувам со други дечиња врсници Коса за кикици и прцлиња уште нема, прав батко е. Не ја запишав во градинка ама за брзо ќе ја ставаме ММР, искрено малку глава ми чади од страв ама мораме за нејзино добро. Деновите ни поминуваат брзо, некако секогаш сум во трчање, супер ќе беше барем уште 2 часа да имаше денот. Со бебла и маж уживаме во долги прошетки (уствари таа со восхит гази по сувите лисја, маж ужива во празниот град, а јас вечито мрзнам ) Ми фали лето уште не заминато, абе како не ме однел штркот негде каде 12 месеци е жешко. Градот празен, а тек допрва доаѓа зима, вируси и темничила Многумина си заминаа, маж сака и ние да бегаме странство ама па мојата работа ми е супер, а и неможам да се одделам од најблиските Не знам, можи е грешка шо остануваме. Зборувавте за годинава, имаше многу лоши страни ама и надеж, убави новости, многу први доживувања Се плашам од корона, работам со многу луѓе, ама максимално се пазам... Редовно витаминчиња и тоа е. На работа е супер, со омилената колешка сум во смена, е сега нема време за Ми Тајм на пауза ама ако. Пишувајте почесто, како серија да гледам, многу сакам да ве читам
Уште 2 страни ми останаа за читање ама има утре ден сега ќе ги скокнам денес имав еден куп работи да пишам ама се што ми се вртеше во глава ми замина. Породилното заврши ланскиот одмор заврши денес и боледувањето кои го извадив заврши. Од понеделник ако дадат да земам годинешен една недела потоа пак ќе цепкам со боледувања и така да протуркам колку што се може. Големиот почна 2ро одд онлајн. Два дена ете некако протуркавме. За почеток ми изгледа многу безвезе ама да одам до училиште да го носам за 40 мин вкупна настава ни можам ни сакам. Малото ми стана право ѓаволче. 2-3 дена ни се испоремети дневното спиење среќа па ноќе спие а тоа е многу битно. Денски е многу неподнослив. Скок нема мислам рано е за 9тиот ама да е од двојките кои избиваат не верувам. Не би требало толку да се тешки за избивање. Се нешто сака се тегне да види да фати кога ќе му се даде пак неќе бара нешто друго не знаеш што бара.... Дома ситуација напната. На свекор ми не му го одобрија обновувањето на кредитот кој му најавија дека му е дозволен ако сака да си го обнови. И сега до никаде со куќата. Барем да се туреше плочата од првиот спрат. Се наместено шаловано уште плочата фалеше. Ама тоа е. Сакав уште нешто да кажам ама заборавив плус и ми се приспа. Така да оставам за утре. (Ако ми текне) . Имајте пријатна вечер и убав викенд
Есенско утро мајки Надвор камен а сонцко грее ама не како во лето..Се чуствува студот а малинкава моја сака надвор пишти корни ако не го изнесиш ама немаме скафандер купено ушге па само го туткам со алишта да не знаеш како да го облечиш... Мм се лути дека му викам малинка не бил женско тој ама па јас обожавам малинки и така ми е сладок и си го завикав малинка Куќата при крај, за 2 мес.се надевам ќр се вселиме конечно ми фали да сме дома, не дека кај мајка не ми е убаво ич не сакам што ќе си одиме а толку се навикнаа на малиов и секоја помисла на разделбата ми кине срце Неможам а да не заплачам.. Не дека се далеку ќе идат да го гледаат 20мин му е пеш да тркнат ама ете ќе ми фали утринското кафе со мајка Свеки е скептик за плочките за нејзиното купатило дека се сјајни ќе се лизгале..ама се мислам дека и е оти не ја носевме кога ги купувавме ама ајде ќе навикни само да не скрши колк па низ нос да ми излези тоа после... Друго ново малинка си ја преспа цела ноќ од 20:00 до 06:00 ќе спиеше уште ама станав да го покријам и се разбуди... Почна на сабаје да не пие млеко а мал е само нудам и џабе ќе цицни некои 30 мл и толку.. Секој ден само нешто ново изведува сега и сам си се смее ако икни или писка па се смее ко којзнае што да направил... Туку јас како лоша мајка сум само подвикнувам нешто и многу ме нервира оти секое заспивање со плачки му е..Како ритуал некој ќе плачи 10 мин па ќе заспие.. Ми фали да ми заспива во раце ама не сака бре сака сам да заспива да го легнам в креветче и си се врти на страна и за секунда заспан е..па си го земам да го подржам оти знам брзо ќе е голем па после нема да сака да го држам ќе сака да трча..Лета времево а не го сеќавам.. Засега толку да сварам едно кафе дури спие па да шеткаме после малку
Здраво Happy birthday to me Spoiler Ве бомбардирав со слики, ама мама најсреќна на свет. Комплет Ве честам торта за моите 38. Да се множат. @Cherry333 среќен и на тебе да си здрава и жива. Ако има уште некоја роденденка нека се пријави Ве поздравувам
Јас сакам второ, ама како да им објаснам дека не се фаќа И синко порасна многу, нагло се извиши! И исто има зборови глава да ти штукне. Како му памти главчето не знам. Лудило! Манџички јадеме секакви, али откако додавам еден зачин ништо не одбива. Слатка димена пиперка на Подравка. И на јајце пржено ја додавам. Омилено му е гравче и боранија, у стање е секој ден да јаде тоа. Со тоа што јас не запржувам туку варам се заедно нели и се е повкусно така. Супа било каква, дури и вода со коцка да му сварам ќе ја изеде, да е топлчко. Морков во се мора да има многу! А магдонос, илимити листови, да нема Викенд, од сабајле се расчистив малку и ќе се искача сега. Убав ден!
Среќен роденден мајка! Верувам овој роденден ти е најубав во животот. И мене ми е додуша. Синко одлучи без ич спиење да ме остави ноќесќа, ама гајле ми е. Оваа година роденденските желби за него ќе ги замислам. Што убава торта имаш . Јас пиење ќе почастам .
Добро утро мајки. Јас и дете под ќебенце, он гледа цртан, мајка штрака по телефонот со кафе, тарана крчка за доручек во кујна. ММ отиде да вози точак уште рано рано , а мене до вчера ми викаше да не одам на работа со точак, студено било ќе сум настинела. Плус во сабота наутро не ме мрда никој толку рано. Да ми кажуваше некој немаше да верувам дека дете толку убаво ќе прифати спиење во своја соба. Сега веќе дека и посвежо спие без да мрдне до сабајле (добро утро за него е 6:30-7:30). Дури на на нас повеќе ни прифалува да го туткаме. Па мм ноќеска си го земал и го донел да го гушкаме. Утрово ме разбуди неговото преткање, ама убаво сме поспале. Во 8 се разбудивме. @elcezelce среќен роденден. Незнам зошто цело време си мислев дека сме генерација, а ти помлада си била од мене. @Monella жива и здрава да е дадичката. Незнам дали ти искоментирав, ама многу убава трудница. Се изненадив кога те видов на сликите. Воопшто не те замислував така. Мали и баба почнаа да се чуваат поврорно. За сега добро се држат. Наредна недела јас ќе работам од дома и ќе чувам дете. Како ли ќе изгледа тоа ќе видиме. Знам тешко ќе е и ќе си дораборувам попладне. Уствари цело време пред пц ќе сум зошто нели од дома. Ама бар психички ќе одморам, зошто расправање за маски и глупости ми е напорно. А само во четветокот и петокот едно чудо луѓе во изолација пратија, заради појава на корона. Ама јас си изнакажав се вчера пред да си одам. За една недела кога ќе се вратам давам уште една шанса човечки да средат со непочитување, наредно ќе биде на менаџмент. И не, нема да имам ни срам ни перде да им се обратам. Срамота на толку вложено некој да се прави над сите. Хигиена перфектна. Вц и кукни се чистат на два саати. Дезинфекциони на секаде. Маски во секоја канцеларија кој колку му треба да користи, а на господата тешко им било да дишат. Они никаде не се мешале. Ама во ситуацијава јас на роден брат не верувам, а не па на нив. Плус што ги гледам на пауза на цигара колку не се мешаат. Во меѓувреме и тарана бидна и се најадовме. Зошто нели ваков пост не се завршува за толку кратко Во меѓувреме беше умен и ми помогна да наместиме спална, и на крај се скаравме зошто се научил да вика. Знам точно и од каде му е тоа и морам да го искоренам. Сега еве го црта. Уметник на мајка Кит и полно мали риби Црна дупка, сонце со лава и езеро Ги вративме после цела година теписите, па покрај тоа и преуредивме цела дневна. Како нова дневна да имаме. Ете и таква промена бидна. Годинава што изминува тешко дека ќе ја памтам по нешто убаво. Уствари сакам да ја заборавам. Ми се изместија полно планови. Веќе 6 месеци живеам во грч. Се повеќе сфаќам колку ми пречи менталитетот и "културата" на ова поднебје. Да ми се пружи шанса, мислам дека сега би се решила одма да фатам надвор. А тешкото допрва доаѓа. Надвор загаден воздух, внатре никаде не би се пикала. Допрва нема да знам што со дете и да го жалам. Вчера не можам да објаснам со какви солзи дојде од надвор. Едвај го смирив. Шетаа со мм и на враќање ги здогледал децата пред зграда и понатаму јасно е. Јас си жалам повеќе од него. Ајде денот допрва почнува. Да спремам дете и да одиме на шетање. Ќе пробаме тротинетот дали ќе сака да го возиме или он ќе шета, јас ќе си го влечам Имајте ував викенд мајки п.с. @Presrekna среќен роденден и само убавини. И да ги изгеицкаш тие убави обравчиња.
Две и пол години веќе демек другарки сме со една мајка и ќе се дружиме ама толку сме спротивни чудо едно. Сабајле ми вика да сме оделе заедно во Игротека и и викам дека не сакам дека мн брзо може да се разболи таму. Еднаш бевме со малава таму на роденден и никогаш повеќе. Ако е ова Германија ама игротеката беше страшно прљава, до толку што осеќаш како да ти лази нешто по кожата и мириса. Огромна и ние кога бевме во недела беше преполно. Мислам мало дете ако лижне некаде или стави прсти во уста нема шанси да не се разболи. И јас и викам после дали ќе излеземе надвор, ми вика дека врнело и нема. Знам дека не шета надвор од септември до март ама сепак реков да ја прашам. Ме мачат овие личности што не излегуваат надвор, а надвор ем имунитет ем помали се шансите да се разболи. Разбирливо е во Ск кога е презагадено ама тука чисто е ептен. Па затоа и ја измислиле онаа опрема за дожд и отпорна на ветер. Онака мрчам дека неработен ден денеска и не сум на работа. Не дека никогаш нема да влезам во игротека ама помеѓу затворено и отворено би избрала отворено (освен ако нема силно невреме ни дожд ни ништо не не спречува). И муабетов ми е дека сакам сите да шетаат кога е ладно. Муабет што ме мачи секоја есен/ зима.