Добар ден Кај мајка сум, нозе испружени, бебе спие, поголемиот со татко ми да прошетал. Супер, малку мир. Од ко стана е со драми, па плаче од нигде никаде. Пред некој ден читав за детска депресија и толку се преокупирав со то, шо на секое негово плачење јас се стресувам и мислам готово, то е. Не знам, дали мене ми фали нешто шо си барам симптоми или вистина има нешто, ама мора да следам, интуицијата најчесто не ме излажала. И конечно, дојде денот. Превозбудена сум, едвај чекам да ги однесиме последните работи и официјално да си останиме таму. Додуша допрва сигурно ќе ми текне уште нешто за земање, ама барем ќе сум таму и на раат ќе си средувам. Туку доста лежам, да си одам да го средам и другиот куфер, толку е времето. Среќен роденден на тие шо слават Со поубав пост од новата дома
Затоа нема потреба ни да се прашува, никој не е должен да се објаснува за такво нешто, интимна и лична работа. Гравче исто, мојата леќа сака многу, а боранија не правам баш, не знам зашто, треба да ја вметнам почесто на мени. Со зачини уште не ставам нешто особено, ептен малку сол, и јас не јадам зачинето и солено, па некако така си тераме. И супа исто, секаква јаде, гајле нема. Задоволна сум од тоа што јаде и колку, и овошје, зеленчук, благо, млечно, од се да си има. Денес ќе се оди на еден мал шопинг. Сакам тренерки да си земам, немам асално ич. Мислев да одам со една пријателка, сакала и она да купи нешто, ама не можам без маж да одберам. Он знае некако најдобро да одбере што ми стои, со години со него купувам и толку сум навикната што мислам дека сама да одам нема да можам да одлучам што ми стои, а што не. Ќе подновиме и дете со нешто, каде без тоа, нема шанси јас да купам нешто ново, а она не, па само ќе се жали како јас сум била во ново облечена, а она се старо носела. Имајте убав ден сите.
Здраво мајки. Синко стана во 8, палента за појадок, па шетавме, кафе испивме, речиси од нога, уште не сме порачале, сметка бараме. Сега синко спие а јас си направив кафе и уживам. Ден за зимница. И мајка ми и свекрва ми прават, па со синко денес на гости нема да одиме. Лани синко беше бебе со многу грчеви, јас тазе породена, не помагав. Годинава синко не седнува да направи пауза, па пак не помагам, најнапорно е по него да трчаш. Мене не ми е напорно, ама на бабите им е и полесно им е да си прават ајвар отколку по синко да трчаат. Таман се оправи со јадењето, завчера протестираше. Се насекирав дека му излегуваат 5ки, ама вчера и денес си јаде. Проблем е што јаде само палента со јогурт и абц сир и каши со месо и зеленчук. Овошје и млечни каши не доаѓаат во предвид. Ама ако земам во обзир дека месец и пол цицаше, задоволна сум и вака. Ке се оправи полека. Секој ден се повеќе личи на момче. Откако го шишавме веќе не ми е бебе, сега е дечко. Јас сум среќна кога синко е среќен. Многу е интересен, имитира се што ке направиме. Научил да се плези. Не е убаво ама пресладок е. Се надевам ке заборави. За станот ни остана уште аспиратор да купиме, и секако, да биде готов. Едвај чекам, едвај. @mal.ecka ми даде идеја за странава, не сум ја знаела. Видов преубав скафандер за синко, ама 2500. Толку ли се секаде? Многу е убав, се мислам дали да купам поевтин (од кали, претпоставувам дека е 1000 1500, а и ваикики ке имаат евтини) што нема да ми е толку по кеиф, или поскап ама со мерак.
@Presrekna драга моја да се множат во љубов и убавини @Cherry333 среќен најсреќен и на тебе девојче, само убавини. Имајте си најубав ден. Аман те и тука ли за јадење? Па не е фер. Кој ќе биде друшка и ќе ми прати тегло ајвар, ќе добие викенд на море, гиро и узо.
Добар ден друштво. Ги уживам последниве сончеви денови максимално. Ми се плаче од тмурно, темно, врнежливо време. А и ладно богами. Ве изначитав сите, што убаво темава е пак полна со убавини. @Presrekna Сваќе Најубав ден да си имате. Дете тера дремка, пијам кафе на тераса и впивам вит. Д. Преминов од две на една дремки ми е уау, али наскоро ќе си фатиме ред де. Вчера го шишавме по прв пат, и веќе ич не ми изгледа како бебе бе, мало човече мое. Ми расте многу брзо. Сака да му читам книги, да покажува со прсте и да му кажам што е тоа. Мајкин син бреј. Моментално сум во период кај што сакам само до нив двајца да сум и ептен сум исполнета. До ништо друго не ми е. А на тема 'кога второ дете' издвојувам дека свеки го тера поголемиот внук да ме прашува кога ќе добиел синко мој сестричка? А јас така шокирана го прашувам а нели може братче, зошто мора сестричка? Одговорот беше па баба така ми рече. И она цело време ми префрла за некакви бзвз муабети као зашто вакумираш и тргаш ствари сега скоро ќе ти требаат. Аман заман од овие ужаси. Комшии исто се дрзнуваат на вакви прашања. И никогаш фино не одговарам на никој де. Пф. Убав сончев викенд да си имате.
Цела партија давам за едно лето. Благ, лут, кажи каков сакаш. Може и малиџано, лутеница, пинџур, за секаква зимница имаме рецепт.
Само мене никој не ме прашува кога второ? Домашните не не прашуваат и притискаат затоа што и самите сметаат дека треба детето да биде мало човече, па тогаш да имаме второ. Сепак побитно е што јас сакам прво синко да порасне, барем 4 години да направи, па да мислам на второ. Сакам целосно да му се посветам. Плус и млада сум, не којзнае колку млада, ама имам простор да направам неколкугодишна пауза. Сакам до 30-32 да завршам со раѓање. Маж ми би се нафатил на второ за брзо време да беше помирен синко. На моменти дури вели дека синко му е доволен. Мислам дека му фуфка од грчеви по цела ноќ.
Многу убава облека има.Искрено незнам колку се скафандерите,имам во наследство од внучка. Ама ако ти е на мерак да си купиш Ве поздравувам,јас стражарам над поголемата со температура е. Кс мирна,изгледа рано ја направивме. Тешко мајчинствово
Со помин нека е. Синко до сега немал температура а јас живеам во страв како ке се справам со истата кога ке ја има. Дете кога тогаш ке го фати настинка. Имам веќе јакна која не ми се допаѓа. Подарок е и не најдов каде да ја подарам. Не е лоша јакната, ама не ми е по кеиф. Ке почекам да добијат скафандери, ама овој ми остана во око. Само уште да одлучам кој број.
Еее крф ни беше во план за одмор годинава, ама излезе бебе и корона Не идат до таму до јанина најблиску идат Ај в година ако идиме ќе ти донесам
Ај добар ден. Да ве ѕирнам дал сте арни. Бебуш имам најмирен и најумен на свет, дете исто ми е срце станато. Дали веќе расте па се разбираме повеќе не знам. Битно грижлив е мн, помага за брат му се што треба, па и јуначки прими вчера со мнооогу каснење пнеумокок и ревакцина петтовалентна. И Мика исто рота и прва доза петтовалентна. Глас не им се чу. Константин доби 5ка на раче и цел ден се фалеше, Мика само на боцкање проплака малце, да се пожали. Се надевам зимава мушки дома ќе ја издржиме. Ќе биде весело. Толку од мене. Ај убав ден.
По едно тегло благ и лут и едно лутеница и соба за цело лето. И Јанина ми одговара. Пукната сум за ајвар. А за догодина, сама ќе си купам, здравје ако корона си замине у три убави, па да си дојдам конечно при мајка.
После долго време да пишам нешто во оваа тема. Обично само кај јадењето ме има оптеретена сум со тоа уште. Како сте мами, викендов временце бонбонче, со бепка имавме две тури шетање. Сега спие и пред пола саат од памет ме извади иако не сум паничар по природа. Додека спиеше во сон се засркна од плунка ама толку многу што некое време не можеше да дише, за среќа во собата бев па реагирав. Си мислам сега што ке беше ако не бев н местото. Инаку периодов стресен, што со он лајн школото, што на работа турбо. Сакам да го одбијам бебе од цицање, но некако не ми успева. Намаливме со подои но се разболе и пак по старо си тераме. Сега пак се трудам да намалам ама едвај еден подој скратив. Долго ке оди одбивањево. А бре сака да цица и крај. Ја прочитав @Мариаа. Дека го шишале мали, и ние моравме. Му ги зафркнав шишките,многу мрдаше па моравме на фризер да го дотера. @Presrekna среќен роденден мила, уживај во прегратките. И мене ми помина роденденот пред една недела. Големиот ми купи ( читај си купи ) хрчак за подарок, не дозволував претходно па искористи прилика. Ама...на поклон мани не се наоѓа, па има место и за него во срцето мое. Толку од мене, бепка се буди да привршувам зашто отиде телефонот.
Нека си замине стварно и мене ми фали Грција..и сите маркети, и шопинг центри сега баш за средување на куќава ептен убави работи имав за земање ама ме зезнаа фино
Јас си најдов друштво за на ладно, да не ме мислите. Сега само уште една личност да убедам да ме дружи зимава и таман ќе ми е се. Неделава претерав со прекувремена работа и сега кичмата ме боли ама битно парите ќе ѕвонат за 2-3 месеци кога ќе ми ги исплатат. После 4 години пунџа, два дена ја носам косата пуштена и тоа ја виткав со фигаро. На работа добив комплимент од еден колега, а симпатијата денес прв пат ме виде со пуштена коса и се надевам дека и тој се заљуби во мене. За здравје, среќа и долг живот подобро човек да е малку ненормален и да не сфаќа се сериозно. Се надевам не сум психички пореметена туку млада и жива. Ни јас не се разбрав како и да е. Битно е да сме среќни ама без да ги повредуваме другите. Кој би рекол дека од Романија, преку Италија, во 2020 во Германија ќе бидеме комшии. Животе, светот не е мал туку е само една точка. Ви имам кажано дека детево на 3ипол години легнува и само заспива? Еее да беше така и кога ќе се родат да го спуштиш в креветче и да спие наместо да вришти. И така, живеам 100%-тотно Само да видиме до кога, знам дека тркалото се врти и после сонцето иде дожд, после дождот сонце ама љубовта победува. Се зафркавам со 'љубовта победува' инспирирана од друга тема на форумов.
Малку е поактивна групата па тука ќе пишам... Од левата градат имам повеќе млеко спрема другата. Иначе сѓе 3 и пол мес. Наеднаш последните 3 дена ми спласн града и кога стегнам не прска. Иначе си прскаше, сега каписамо нз што се случи. Сјде викам дали секна па така наеднп. Јас ја стегам со рацеве со сила и не прска ич. Ај реков нп ќе пробам со ад. Неќи за жива глава. 4 сменав пробав да дадам не ине. Живци кинам. Ве молам за совет
Добра вечер. Мм заспан, дете пред заспивање, јас дремам, да заспа ќе одам да чистам. Сте имале ли таков период пропратен со несоница, буквално секое сабајле пред 5 сум будна, мм станува по мене страв му е да не ми е нешто Бевме да пазаруваме, дали верувате дека се осетив во цел Лидл дека само јас имам дете и дека само она плаче? Толку ми е сменета, толку плаче(кенка) ми иде да избегам некаде на некое време и да не се вратам. Тоа што не сакав ми дојде на глава. Инаку, баба ми прати ајвар и лутеница, два дена само тоа јадеме, ептен е убав, секогаш ми вика гледај си фамилијата јас и дедо ти сме тука да ти помагаме. Тоа од вчера. @Yowannty јас ќе ти пратам ајвар, ама ти да ме земаш на островот. Луѓе 2 саата сум спиена, од 2 до 5, во 5 дете кога рикна Па ја смирив, ја заспав, од 7 на работа, во кола мм ми пушта песни во стилот амено домине, ќе го уби јав Како и секој викенд, кај нас се збиреме, ама сега ко ќе му ја легнам, умрена сум за сон. Добра ноќ мајки, постот каша попара, исто како и јас што се чуствувам