Добар ден. Ќере тера втора дремка, јас ручек ставив и сега машини, алишта... Недела де Ние ајвар направивме на смени. Мајка ми помогна за печење, после ја чуваше внуката, јас лупев. 100 кг наеднаш@Yowannty ти должам тегла Фала на сите за честитките, @Мариаа. (Зетко е прав фраер со фризот) , @Septemvri @Yowannty , @Marmarin (честито,со здравје ново домче), @Ano ,@babyboy1 , @MilaSs12 ( ,и вам честитки за станот)и сите остснати Фала ти мила Мм го нема, да не се чудите, од 7 излегува со луѓе берат јаболка. Фамилијарно ќе прославиме после есенските обврски Ние скромно дома дувнавме свеќи. Си добив пари од мм и подарок тренерки од синко и бебуш. Најмногу ме израдуваа бакнежите од мои Спојлер Јас бегам
Колку сте убави само Колку години се разлика бато и куклата? Среќен роденден, жива и здрава да си, да се гордеат со тебе сите околу тебе и сите што те сакаат
Денеска викам ден за разубавување ќе ми биде. Го чистам лицето со едно, ставам една црна целосна маска 15 минути па седам в кујна, мачкам некоја си крема се враќам в кујна, ставам друга маска за чистење 15 минути и пак идам в кујна додека ја чекам и маж ми ми вика 'Е ако и после оваа маска се вратиш иста од купатило...'
Прва пауза од чистење! Големо есенско чистење. Дојдов да ви се пофалам со моето хоби, едно од двете. Од поодамна се дружиме ама сега некако имам што да покажам. Бујрум за идеи. https://letok.mk/recepti Почнав па дете му скисна од Влад и Никита што му ги пуштам само дур работам и ајде да го истуширам, да го средам оти утре во градинка, исчистивме ушиња, носе, исековме нокти, се спастривме и у кревет. Рано стана па затоа преспива. У градинка не спие, дома да, му се смееле дека јадел како мало бебе, жив разочаран е. Ама стварно јаде бавно. Дома само потсетувам, викам, карам, бројам, џабе е. Се ќе изеде, маф, ама за бавно бавно јаде. Денес е ден за генералка, 1 месечно ја правам откако кречевме, чистам, прередувам, смукам детално и бришам, само прозори решив да оставам за следната генералка. У меѓувреме машината турбо пере, втора од сабајле, само на долга програма пошто е постелнина. А сега да средам играчки, алишта и кондури и ќе направам благо ако остави дете време за тоа. Ако не стане за 1 час. Обично бањат и изморен спие по 3 часа, ама ќе видиме. Не дека сме за благо, ама денес на тетин ми му ставаат 6м и на баба ми 3 години, па редно е да направам нешто. Благо и кифли сакам ама ќе видиме. Нешто ќе бидне, секако ми треба рецепти за сајтот, се што поставувам сама правам, нејќам превземани работи. Тате отиде да набере некој костен, некој орев, да наполни водичка од планина и да извиди како е за годинашнава берба костени. @kukla21 и ќере лани кркаа коштанчиња од Шара. Годинава треба да е родна. Вчера купивме нов фрижидер, овој на мајка ќе го дадам. Купив и четка за фенирање, ама ме мачи фрижидерот, многу го сакав тој еден Самсунг ама го немаше, па земав ЛГ ама мислам дека нема да ми го бендиса супруг дома. Јбг, сама го бирав, он со дете во парк шеташе. Решение има, тој ќе го пратам на мама, лесно е. Имам и други работи за праќање, таман ќе напикам внатре се. Едвај чекам вечер четката да ја пробам, уф, многу мерак ми прави. Јас се распишав, дете уште не е заспано, ќе ме гњави осеќам. Ќе побројам малку па ќе заспие. Убав ден мајки, одох да бројам!
Уште на Фемина не сум продавала костени Ќе пишам кога ќе има, а вечер ексклузивно ќе ги пробам. Следна недела ќе има сигурно.
Викенд..Демек недела ден за одмор.. Ма каков одмор на газ не седнав цел ден Ама да не се жалам одамна не сме биле сите 3-ца дома па маж да помини време со бебе, а јас ручек да спремам без прекини... Додуша му се спиеше па ме викна неможел тој да го слуша да му плачи...А јас можам секој ден пред секое заспивање Ама ај Е толку ми летна мислата ме свика за кафе и тоа е..нареден пат повеќе
Па што го напраил ако не можел да го слуша, како тоа така... Ја тоа решавам така што го прашувам дали јас од дома го донесов синко или ми го напраи он?! Ич не ќутам, бебе сакавме и двајцата и крај, негово е колку и мое, менува пелени колку и јас, облака пресоблака колку и јас, бања колку и јас, заспива колку и јас...
Не дека не може да го слуша туку не сака да плачи тој така сака само да му се смешка да си игра ама а заплачи жал му било во таа смисла неможел да го слуша да плачи..иначе освен за капење и млеко, и го шета го држи си игра ама за пресоблекување јас досега не го пресоблекол а и ретко преку неделата е дома од ко се породив почнавме со куќата и еве уште не сме завршени па само таму е навечер си иди малиов заспан е..насабајле заминува дури спие и освен за викенд или ако немаме мајстори е со нас..
Недела...ден за одмор ми беше до пред 7 месеци. Сега ми е замор како и сите денови. Нема застој. Будни од 6. Сака да оди. Цело време се качува, одам по него, го држам, раце ме болат. Кога конечно заспа си велам да легнам и јас или да чистам. Нормално второто. Не можам да гледам несредено. Место да мислам на себе и да си дадам 5 минутки. Тоа ни е најголемиот проблем. Мама на последно место. Еве конечно го избањав и го заспав. Сега легнувам и јас, не си давам втора опција. Бирам да спијам. Со синко гушнати. Маж ми искочи да фати воздух. Барем некој може
Фала ти Синко и бебушка се се 14 год и 2 месеци разлика. Ептен Ама преубаво ни е. Свежина, многу љубов, изненадување ни дојде. Многу пати имам пишувано за ова. После спонтан и киретажа имав дијагноза за стерилитет и тоа од неколку врвни гинеколози. Се помиривме со едно дете кое го родиво млада на 22 год. Искрено душата ме болеше што синко умираше од желба да има сестра, а јас не можев да му ја исполнам единствената желба што секогаш ја посакуваше. А навистина е скромно и умно дете и тоа уште повеќе ме растажуваше. Но кога сака дедо Боже. Од нигде никаде ми доцнеше, па оп бремена, па месеци шокирана, па стравови како ќе ја доносам бидејќи матката не ми била ок.. . И Еве ја бебуш 14 месеци ближи, а синко пресреќен. За мене убава разлика. Тој е веќе личност, свесен за се, ми помага многу, независен, средношколец. А бебе таман за љубење, јас посмирено, искусна. .. Малку забегав зо темата. Инаку за утеха и јас цел ден на газ не седнав. Генералка, ручек, алишта. .. И пак дома исто е како утрово што беше Ајде добра ноќ
Колку убава приказна и поука никогаш да не се губи надеж. И да, преубави сте И јас со најмалата сестра сум 13 години разлика, колку ни беше убаво после толку години на бебе ни мирисаше дома. Најчувана и најсакана ни е
@Presrekna Баш ми е мило што ве израдувал дедо Боже..Секаде нека носи вакви радости.. А дечињава ти се златни, малава посебна убавина е..Пре премила е пу,пу машала да не ја урочам
За ваква насмевка каква што има твоето девојче, вреди да се чека 14 години Како сонце што зрачи е. Преубави сте и најсреќен роденден!
Пробај па ќе кажеш да си купиме од кај тебе и ние ,лани синко толку мерак имаше на костени нигде не најдов убави да му купам се беа или расипани или невкусни .
Вечер мајки.. викенд турбо со деца со золва со сВе. Колку и да ми е убавo ете што ќере си има друштво секој викенд ама недела навечер јас сум утепана. Не дека нешто посебно правам ама психички се уморувам и едвај чекам да дојде понеделник малце да се олабавам деци избањати, заспани, мама турбо пунење машини, средyвање и конечно седнав. Синко уште го држи скокот значи тоа е хорор. За спиење си спие не се жалам ама додека заспиее...иии нема шанса никако да заспие туку само во раце и цуцла во уста За ќере и нема посебно нешто да се каже.. си ја гледам и си викам колку ли брзо ми порасна детето. Не не, не сакам толку брзо да растат Мали си го гњавам колку што можам, не го оставам да дише зошто си реков - јас со деца раѓање завршив, па си викам леле и ова ќе ми порасне.. после веќе нема мирис на бебе, нема какани пелени и така си се растажувам понекогаш Постов ми е каша попара ама тоа е од што сакам се да кажам ама не знам што попрво да напишам Ај добра ноќ
Јованти не знам дали сакаш купечки ајвар.Ние тука го имаме на Мама'с.За мене е оргиналенАко има во Гр Амазон, пробај да го најдеш на Амазон.Јас ќе ти пратам ако сакаш пиши ми адреса и каков сакаш лут или благ.Има и љутица и зелен ајвар па што сакаш може да пратам.Ама овие не сум ги пробала не гарантирам Знаеш јас не сум по жешко па ќе те заштедам од гости Во една продавница има интернационални јадења , во грчките имам сретнато ајвар,ама не правам ризик да пробам ,никој не го бива осван Мама'с. #мамасдапратитеглинајовантиштогоизрекламирав @Presrekna среќен роденден жива и здрава да бидеш Да ве поздравам кратко.Викенд помина брзу, понеделник пак трчање и работа Викендот успеав да средам плакари кај мене и ќерче.Толку алишта од ќерче имам што и се мали , што се чудам зошто толку сме купувале.Ама се да има за градинка Утрово колку ме стресе.Излеговме од дома и и реков да си го закопчи палтото, пробав јас да ја закопчам ама не ми даде.Изглеговме и таа оди и гледа во патентот, па се испружи на скалитеСрцето ми лупаше пола саат таа заплака малку ама брзу се смири.Среќа не се повреди, а и шлем носеше Значи колку е трапава што цела е модрици.Вчера си дојде со гребаница на брадата и повредено забче и на раката олупена кожа Нормално и месевме престапулка кога преоди ама еве ја само паѓа Да одам мајки скоро стигнав на работа, бидете поздравени