@mal.ecka бели како бисерчиња да се редат Ги направив откако избрав ден кога да ги правам Се вратив да препрочитам и не пишав дека полнети гумени не ги бива Пишав дека не ми фатија око тие кои ги видов. Сепак јас сум за без крзно, гума и синтетика е еднакво на многу испотена нога Инаку купив јас за бебе мое, тргнав за тие во Бенетон, али нормално немаат број веќе Па тркнав до новата продавница што ти ја кажав, Обуча и му купив. Без крзно се, но не се чиста гума, имаат малку како волна, односно тоа е малку синтетика и плус влошка, такви беа всушност и тие од Бенетон. Калапот им е поголем, бебе мое носи 27ца, купив 26ка. Ноќ мајки Се вративме во Скопје и го донесовме сонцето Јас Охрид го знам за поладен, но тука е поладно, башка куќава мрзарник, вчера и парно не пречека, у станот по кратки горе шетавме и спиевме Убаво викам јас што побрзо да, си се вратиме Не прашувајте како поминвме по пат со бебе Не престана да се буни, на два пати и плачеше зошто си одиме домче Но направивме договор, што се да правиме овие неколку дена и кога ќе направиме, ќе идеме пак во станот Сепак, денес не престана да бара да идеме пак кај големата вода, домче било многу досадно Денес напрвив листа што се да купиме и дека со бебе беше кратка, најбитно беше да му купам гумени чизми и успешно. Ептен се изненадив и дека се сложи да ги носи, од прва се бунеше, па кога ги облече не сакаше да ги соблече Ветено му е дека во недела ќе иде кај што има вирови, кал и полно листови, односно на планина, па утре за тоа ќе се презборува цел ден Утре и викенд без ддв, па направив долгата листа и ќе одам на пазарлук со мајка да подопремам станот Се надевам ќе се вратиме со најбитното, односно најнеопходното, па за другото тоа е тоа, наредна можност ќе немам ни со, ни без ддв да пазарам у скоро време Сега што беше предвидено да се прави, као се направи, има уште едно 30тина работички да се довршат али тоа мм лека полека. Пукнаа со татко, толку им беа можностите, ма и тоа е одлично. Па уште КАУЧ да стигне наредна недела или може и понаредна ќе фати и тоа е толку од средување засега Ми се свиѓа како искочи се, малку иверките не се како ги гледав во Солопром, па у соба беа инакви, а наместени сосем пета боја фатија, ама ок е. Се додатно што бираше мајка е супер, замерка немам, иако бев прашана, слики ми праќаше, но сепак она си избра, зошто ли се замараше со мене кога и реков бирај и купувај сеедно ми е. Едно 20пати ми се јавуваше, слики праќа и пример имаш: *од кои рачки сакаш?! *јас и викам од 3тите. *ама првите поради ова и ова подобри се. *епа купи од првите тогаш... И се така беше у круг Лајсна само не зела за на кујната, немам појма зошто, па ми отвори работа Нормално во Ох избор тапа Па утре и тоа да изберам Општ хаос се направи, прозори пак за рибање Успеав само подови да средам и вц то, другото ќе ме чека Ма на толкаво станче јас за 30мин можам генералка да му направам Ај да видам у куќава за 30минути што ќе направам Предности и мани Шарав по нет и групи и план ми е од утре да принтам задачки за бебе и неговата возраст. Ќе купам и материјали за работа, игри, занимации за учење. Што нема да види градинка нема, зима ќе фати, па барем 2ч во текот на денот план ми е да работиме нешто. Се досега учиме исклучиво преку игра, лего, колички, животни, е сега ќе биде со некои книжиња, форми и што ја знам, уствари он и секако ќе игра Летово најдов многу убава книга за бројки, па само ја прелетувавме на начин што му беше интересен, е сега ќе идеме број по број, вежба по вежба, гледам има веќе капацитет и за тоа. Долга зима ќе биде, па барем да искочиме попаметни од неа Јас сум хаос, односно лицево од прашини ми е хаос, не се сеќавам кога ми било волку очајно Ме чеша, ме сврби, масно ми е, суво ми е, цела сум нафрлена, не се поднесувам Косава ми е чудна, ај што се фарбав него ми потпадна бојата и ми е што ја знам Купив колор, па деновиве и тоа да се средам Да спијам веќе, утре ќе се шпарта многу, мајка сигурно има подолга листа од мене Прееска купиме од Европа плаво чоколадо со бруснуца, изедов 50г сигурно, ама уште го мислам Ќе станев и да си зезам уште 50г, ама ме спречуваат претходните 50г чоколадо со портокал Многу ми се гледа 150г, 100че е доста, ама стрвост Ми се пие и коктел, ама ќе треба да јадам уште чоколадо и не станувам.. Маки у петок вечер Убава ноќ, гушкајте малишанки
Добар ден мајки Пијам кафе и одмарам малкуДечки пратив да пазаруваат па јас да пијам кафе, па јас сум на ред да одам да пазарам.Маж некако ќе отиде ќе купи и накрај пак ништо нема, а потрошил 100 евраЈас пак одам и купувам само месо и за цела недела што ми треба да готвам и до пред короната ме фаќаше 30 евра, а сега 41евро Намален е ДДВ-то за 3% и 2% ама се е поскапо Од сабајле средив кујната со садовите, а вчера го чистевме целиот стан Не бевме на работа со мм зедовме одмор поради повторен штрајк на јавниот превоз.Во таков хаос најдобро е дома да си седиш.Ем нерви штедиш ем време Не можам да разберам како го укинуваат целиот сообраќај , ајде на работа што се луѓето ,ама некој на доктор што мора под итно да оди.Ни такси се наоѓа, а немаат сите колиДојче бан покрива мал дел од јавниот па гужви за ширење корона.Па сега прогласен ни е градот за ризична областНе можеме никаде да отидеме без тест Па кога во возовите кажат држете растојание одма си замислувам колкави огромни би требале да бидатПочнаа пак да се стегаат мерките се надевам дека нема да дојдеме до степен пак се да се затвори Вчера во наше маало имаше организирано носење на фенери за децата.Целата рута беше 10км и почнуваше од 18-20часот. Отидовме до стартот со колата и нели ние додека се дотркавалавме беше 18:03 минути па поворката не фати на сред семафор.Од една страна коли од друга огромни возила со ратациони светла и автобуси и амерички големи коли кои свиреа ептен гласно.Сите деца среќни само ова моево почна да плака дека многу и е гласно Татко и ја зеде во рацете па малку се смири.Среќа поворката не беше повеќе од 20тина возила и помина брзу. Продолживме да одиме со децата и поворката поодевме неколку метра и малата вика дека досадно и е и сака да си одиСе вративме по колата и рековме ќе ја чекаме поворката пред нашата зграда. Дојдовме дома и видов на интернет дека поворката се чекирала на една улица пред нашата.Па пак се симнавме долу.Росеше по малку ама не е битно .Чекавме неколку групи за да ги видеме пак осветлените возила, но наместо да дојдат пред нас тие ја скратија рутата и отидоа една улица погореТрчавме за пак да ги видеме.Сите беа лути оти на планот стоеше нашата улица , а тие ја прескокнаа. Со мм бевме пресреќни дека го погодивме и најдобме овој настан.Лани бевме во друга населба каде е најголелмото збиралиште и најголемиот настан ама додека го најдовме тоа завршилоЕм ноември ем дожд, ем ладно-измрзнавме за ништо Ама оваа година здравје ќе одиме пак ама директно на стадионот каде е настанот Алармот ми ѕвонеше да мерам шеќер , а и слушам идат и моите .Па да одам да ги пречекам и да се фатам за штафетата која патем е торбата и да одам да пазарам.Денес изгледа ќе седиме повеќе дома за шетање е премногу тмурно , ама ќе видиме Имајте убав викенд и уживајте со најблиските
Од Влае до1ва патарина накај Тетово ако слушнавте грмење, јас бев. Верувам дека нема ќоро пиле на гранките од дрвата околу. Нервите ми се тенки како влакно, само стегам вилица, анкс на најјако... Пукнав! Се собра се и пукнав. Немам грмено вака одамна, може и никогаш. Не е немирно дете, може да се рече дури и мирен е, ама страшно е колку мрда дома. Надвор бубачка, дома како мрава, не застанува. Немарен, крши, остава не собира од пред себе и зад себе, игра со играчки и ги остава зад себе па ти иди по него собирај. Криво ми е мајка ми даде 100е за гумен замок за скокање, го надувавме за 1 месец го издиша, го дупна. Има играчки колку што ниедно дете мислам нема, 13 кутии полни со коцки, колички, алати, разноразни играчки, плус 2 огромни вреќи со плишани играчки, плус 2 вреќи со слагалици. Плус има лизгалка со кош и голови, сет за играње цел, замокот што го дупна, маса со столици, 2 табли за цртање, точаци, мотори, коли набуткање, тротинети... Плус цела полица со сликовници, книги, боенки, читанки, книги, сетови за цртање... Имам буквално цела продавница да опремам со играчки... Ова остана од вчера. Се мислев да не пишам, да не продолжувам, али се замислив и викам морам да се пожалам, да не рече некој дека моето е најидеално на свет. Многу е станат непослушен, многу! Се мислам дека оваа група во градинка која го бутка една година напред малку ни се удри во глава. Ама тоа е. Се надевам ќе се смири. Туку пристаив ручек, накиснав чај, дете е кај братучетка му на гости над нас, а јас да здивнам. Ќе идам да го земам за кратко. Сакав колачи да направам ама рерната ми е зафатена, нека заврши ручекот па ќе ставам. Имам и машина за пуштање, па ќе биде толку за денес мислам. Сакам и цвеќенцата да ги ѕирнам, натенане. Ако дојде тате да го спакуваме фрижидерот да го префрлам во ходник и да завршам со тоа. Нафрлив куп муабети, ништо не кажав, да сркнам чај и ќе се качувам нагоре. Убав ден!
уште та немам чуено,ајвар да се продава на Амазон. Дојдов да читнам накратко па си дремнав малку па еве да продолжам и со читање и со пишување Завчера бев да потпишам отказ. Со среќа нека ми е за убаво. Се договоривме да ме одјават кога ќе ми престане договорот (на 13ти) да ми ги исплатат останатите денови од годишниот одмор со тоа што по пријавување во завод да може да ми се исплаќа 6 месеци од државата одредена сума. Цел живот ќе работам,нека пркне малово после знам ќе жалам што пројде времето а не сум му посветила внимание. Првото на неполни 5 години го оставив за да одам на работа. Се снаоѓав на секој можен начин. Овој пат малово барем 3 нека наполни ќе можам со големово да го оставам тогаш тој скоро 10 ќе има. Да помине фамава со коронава да не огрее сонце да дојде подобро време па ако имам среќа и во градинка ќе го запишам ама овде едвај ептен едвај да може да се најде место. Големото дури во претшколска група го примија. 4 сати одеше и никако не ми беше од корист. Пак повеќе беше одма одколку таму, тоа зимскиот период. Што вика маж ми градинката ни отвори дополнителна обврска плус. Сакав и друго да пишам ама заборавив. Ајде друг пат кога ќе се сетам. Да допијам кафе и да досуредам додека малото спие
Ај здраво и од мене..ве исчитав сите со ред, ама немам што посебно да пишам многу се изнервирав денес.. Сме ја утнале скрос со плочките во салон и скалите..додуша добивме тоа што баравме сјајни плочки, бели ама како се лизгаат тоа чудо е некое...незнам сега како да го решиме проблемот ако знаете некое чаре кажувајте оти вака сите на костозглобна ќе завршиме...Ептен ми е за малиов ќе прооди ќе сака да трча како ќе пуштам дете да трча... Па и со кујната проблем треба да поместуваме довод за мочани 10см заради машината за садови па кршење зид па прашини пак а таман се исчистив...и ексик да си полуди човек...А за плочкиве се изедов готово Толку од мене дојдов си се пожалив и ај сега чао
Добро јутро! Кафе сркам од една од омилените шољи, покриена со ќебуле и дуфка клима на економик додуша. Пак сами со дете, дојде татица да не види и пак замина. Испазаривме, се сместивме и замина. Таква е есента кај нас. Деновиве многу лошо се осеќам, короништево ме уништи, ме сотре. Првите месеци некако се јадеше, сега јок. Многу ми е тешко. И нервозна сум, викам, се карам, јадам под стрес и оп стомак пак направив голем. Да не ми заврши вчера ќе речев трудна сум готово. Да се вратам на старо со јадењево па ќе одам и на гинеколог, ќе го сменам матичниот нели па ќе закажам кај една докторка. Колку само сакам да не јадам под стрес, ама одсекогаш сум се дебелеела кога сум била под стрес, било на факултет, работа, дома, а кога сум била среќна, исполнета, кога ништо не ме мачи слабеам. Сите направо, ја терсене. Дете јаде палачинки и гледа Дора, имам куп работа ама некако морам денес да се активирам. Да ја убијам летаргијата. Доста беше мајки, одам да допијам кафе и да се активирам! Убав ден!
Здраво мајки. Синко заспа, како фетус е наместем, јас одмарам. Од 7 и пол е буден и не застана. Фр фр фр таму ваму. Не оди, трча. Па се сопнува и паѓа ама не се жали. Зедов да здиплам алишта, до него стојам, он бришеше едно помошно масиче и му падна врз рака, плачеше ама брзо се смири, се гребнал само. Денес рано заспа, вечер во 7 ке е во кревет. Ама ако дремне околу 5, а пред тоа нема да му се спие, ке ме зеза до 12, а јас немам живци да се молиме до касно. Не е што ке е буден, нервозен ке е, наредниот ден ке му се поремети. Плус не е ни здраво да заспива толку доцна. Ми се пие кафе, ама на кревет во дневна е, ако се заврти ке падне, ништо од кафето. Во последно време многу му е интересно да удира со лажици во било што. Кога ке заврши со 'матење на тортата' почнува по кујна да лупа, фрижидер и секаде каде што добива силен звук. Се надевам оваа фаза ке заврши за брзо. Треба да купам памперси, влажни, термо чорапи и павловиќева. Кога веќе кажав павловиќева, ми текна на случката од сабајле. Се играме со играчки, меѓу нив има и празни кутивчиња од павловиќева, сака да ги отвара и затвара сам. Гледам детето ми се заигра, лиже кутивче и готово. Спијам на тоа уво дека е измиено, а не било. Некако, кутивчето што го користиме завршило во играчки и синко си лиже павловиќева. Среќа на дно е и ништо не успеал да собере, носот само беше намачкан.
Додека е мирно дома да пишам и јас. Многу ми е убаво кога Маже ми е дома. И ќе ми биди уште цела недела,зеде одмор. Можи ќе подработува приватно ама поголем дел од денот ќе биде дома. Повеќе време поминуваме тројцата заедно , скоро секогаш дете е заспан кога ќе си дојди од работа а сега се како сијамски близнаци.Секаде заедно одат и се заедно прават. Вчера дури и на приватно го носеше. Во саботата дете сакаше да одиме чаршија да го гледал огнометот. Но кажаа дека нема да има заради ситуацијата со ковид. Па се убедивме и појдовме до кај вујко ми и кога почнаа да пукаат со пушки излеговме на тераса а дете се радуваше иако оваа година немаше огномет. Вечерта кога си дојдовме задрема (уште во кола) му облекував пижами не се разбуди. Појдов до вц да се спремам и јас за спиење и кога се враќам си играат со Маже со супер херојте. Кога се расони... но во едно сум сигурна дека Маже го има чепнато за супер хероите... Денеска на мени гравче со пуштено мевце и растурени копани на плотна направени од Маже. Ќе има јадење и за утре и ќе можи да шетниме некаде тројцата. Одам да спружам алишта и да се подржам со пеглата. Имајте убав остаток од денот
Добровечер од мене. Ме совлада уморот бебчо заспа крај 6 па јас си викам да не легнувам рано ми е (а бев утепана за спиење) и си сварив кафе. Очекував да стане за 40-60 мин како што е и стандард ако преспие по втор пат ама еве го утепа сат ипол. Којзнае како ќе биде ко ќе дојде време за спиење. Вчеравечер мачно спиев. Тоа заспи предреми закемкај одма за цицка. Така 5-6 пати. И дури веќе при крајот на ноќта пикнато во мене меѓу цицки фатен со едното раче за мене да не му се тргнам случајно. Викам да не е неарен,тт немаше апетит има колку толку само нервозен деновиве тешко да му се погоди. Верувам дека е од заби. Денеска скренав. Начисто. Абе да не се заќутува од вриштење тегнење да бара нешто,покажува со прсте а ништо не зема што ќе му се даде... Згора на тоа и големиот... Од 3 слободни дена ни еднаш не најде време домашна да напише и песничка да научи. И готово. Не можам нервозата веќе ме совлада. Нека си се снаоѓа нека си учи. Да се опраам малку па ќе пробам да го натерам да сработиме. Ме нервира и времево. За октомври супер си е ама за нас не е. Малово не доседува дома за жива глава. А тоа што тура и не можеме да излеземе му ствара нему а и мене дополнителна нервоза. Си сака шетање детето. Ај нека помине овој ден,не ми е погоден. Од утре знам дека ќе е подобро (секогаш наутро е добро додека да фати пладне ) Па женички имајте пријатна вечер
Здраво мајки Јас вака нервозна во доцни часови па знам дека тука ќе најдам најбрз одговор па да прашам. Случајно гледам пред 2 саати порака на тел од комшиката во зграда што е под нас дека веќе било претерано скокање и трчање. Тоа напишала и толку. Така изнервирана седнав и и напишав реферат па нека чита. Ама еве нервозата не поминува Моево дете нит игра брканици по дома нит пак скока. Нормално како секое дете ќе претрча од една соба во друга или ако се израдува нешто ќе потскокне но се во граници на нормала. Па да прашам како вие што живеете во зграда се однесувате со вашите деца. Јас не планирам да го седнам детево пред тв цел ден ако таа така мисли. Совет што да направам. Или пак јас грешам еве незнам. Зар никое дете дома не трча ни еднаш? Инаку кога веќе пишав и да кажам за нас неколку збора, да не биде само комшивката. Две недели во изолација заради контакт со позитивно дете во градинка. И јас со нејзе зашо не смее постаро лице да ја чува. За одлуките и глупостиве во нашава држава нема да коментирам. Само ќе кажам дека во четврток (до среда сме во изолација) ќе шпарѕтам цел ден по улиците со нејзе. Не се доседува. Како во кафез се осеќам. инаку многу сака да оди во градинка по цел ден зборува за учителките и другарчињата. Убава вечер и слатки сништа со најмилите.
@karibian слободно кажи и на комшивката дека ако сака идеален мир и тишина, треба да купи куќа. Се знае како се живее во зграда. Јас живеам во куќа, и пред да се омажам живеев во куќа. За неколку месеци ке се преселиме во стан и не очекувам дека ке е исто. Треба да имаш осет дека секаде околу тебе има комшии, ама не може луѓето да шепотат.
Здраво мајкички Сите бебиња спијат. Најмалото презаспа во 6, па имав опција да се вратам во кревет или да си ставам кафе и да го пијам на раат. Го избрав второто Многу тешко ми паѓаат дождовиве во најава. Нит надвор да излезеш, нит да прошеташ. Во 4 ѕида ќе преседиме зимово. Плус и загаден воздух не чека покрај коронава. Дете не оди во градинка. Не ја пуштам уште. Не се осеќам сигурно, а и таа изјавата за тоа дека се по протокол се прави не планирам да ја потпишам. Така да, дете е здивено дома. Надвор само со нас, само ги реди другарчињата од маало и прашува кога ќе и дошле на гости. Пред 2 недели ја пуштив да преспие кај мајка ми. Прв пат. Сама посака. Спреми ранецот и замина. Си се изнаплакав јас мислев сред ноќ ќе не бара, кога таа дома не сака да си дојде И дојде убаво промената. Дома само со нас, веќе полудена е. Бебе е умно за сега. Јаде, спие, кака и ако ми утнеш термин за спиење знае да протестира За живот во зграда и тропање на комшии. Многу се замарав, па и на мала активност на детето. Ама кога гледам дека само јас сум таква, ич не ми чуе. Под мене во 11-12 се бучи со бормашина, се преместува мебел, се смее гласно цела зграда да те чуе (сред лето на тераса да не можеш прозор да отвориш ако сакаш да спиеш). Кога возрасни не се воздржуваат, зарем детето јас да си го опирам. Цук Ајде да погледам серија, дур не станале сите. Очекував дожд утрово, ама може и ќе има шанса да се шетне.
Рано утринско кафе додека малиот се игра со тато. Последни денови сум се нервозна и незнам како да се вратам во нормала нешто ме фаќа љубомора на сопруг иако нема зошто не ете сега дека не изгледам како порано немам самодоверба во себе иако тој ми вели дека поубава сум малку пополна отколко слаба како што бев, се осеќам некако заглупавено само дома но каде да мрднам со бебе од дома освен што одиме на прошетка да се провозиме во количка. Треба да се ишишам но кога кога мм доаѓа речиси секој ден около 19часот бидејќи е во друг град со работа. И така се чуствувам катастрофа и некако запоставено одалечено од се депресивно. Убаав ден мајки јас ќе пробам да имам
Утро мајкички Станати од 8:30денес ,обично бебе станува кај 6-7за цицање па презаспива до кај 9-10,а син ми со оглед на тоа дека до ниедно време неможам навечер да го заспиам и тој поспива до кај 9-10 ,па искрено да ви кажам и јас со нив ама тоа ми е единствениот одмор во текот на денот .После станувам и седнувам/легнувам тек кај полноќ дури.Најадени спастрени синко си игра надвор во двор јас од прозор го гледам и ја заспивам бебка .Времево баш го мразам најискрено да ви кажам март месец далеку е ,како ќе се издржи до тогаш незнам. @karibian ич да не им се замараш на комшиите ,јас сум во куќа па комшиката до нас цело лето ме напна како син ми бил плачко цело време пискал,викал,плачел надвор ќерка и неможела да се наспие ,ќерка и иначе 32год е ,на почетокот се нервирав ама што да правам со тек на време баталив деца се тоа. Сакав да ве прашам како спиете на спална со децава ,пошто малце ни е мала спалнава и немаме место зс две креветчиња, бебе почна да спие во креветче ,а синко со нас на спална леле од тогаш јас сум жива ненаспана ,детево цела ноќ сака да е отскриено ,а плус и што многу немирно спие ,се мислам дека во брзо време маж ќе лета од спална пошто вака не се спие. Одам бебе заспа да ја легнам ,и да го внесам синко дома. Убав ден
Добар ден и од мене. Ручек се спрема, месив леб, печам тиква, палачинки моментално со 1 кг брашно за мајсторите со мм што работаат. Капак на се бебе 3 пати стана од дремка Пред 6 е станата. Јас раѓам деца ранобудници. По темно уште кафе пиевме. Синко во 8 има автобус за на школо секој ден патува. Ама барем со физичко присуство се. Многу му било убаво. Средношколец Додека се успие Бебе чкрнав некој збор. Одам зошто и ручек ќе немаме ако изгори. Секоја чест на @emkaemka @Ano и други кои успеваат да напишат долги постови
Вечер мајки Цеееел ден го поминав нишкајќи ја малата, не да спие, барем малку да ги ублажиме грчевите. Од седење цела се укочив, штом ја оставам одма плаче, денес посебно толку се изразени, да полудиш ниту јадење се познава ниту спиење. Среќа пак мм работи во две смени и може да помага. Тоа што не му ги бендисувам баш специјалитетите и не е толку важно важно е што се труди и се извлекува со чистењето. Како чисти човекот, чудо некое. Додека си ја погоди правосмукалката што му одговара три си купи оваа сега му е погодена, смука и џогира истовремено. Како го испофалив, да му е мерак на некој да си го земе Синко стандард. Оди во школо, како наеднаш да порасна, многу е одговорен. Не дозволува влакно да падне на сестра му, секогаш околу неа, ја пази, ако заплаче одма интервенира Кога ја облекувам секогаш ја занимава да не плаче и вели дека е многу убава (како балерина била) и само ја бакнува Викендов бевме да купиме нова детска соба. Таа што ја имаме ни е поклон, собата е од 800-та год. жената ни ја остави со документи ама ниту ми се продава ниту ми се чува, некако не ми е ниту за дете па одлучивме да ја пакуваме и да ја сместиме во таван/подрум па може да ја чуваме за внуците Сега оваа ќе ја чекаме еден месец, во меѓувреме испланиравме со гипс картон да им направиме облаци во собата, купивме и светилки да светат облаците на вечер, не знам само дали да обоиме дел од ѕидот или да порачиме од нет нешто да залепиме. Продолжувам да си седам и да ја држам беба да ми спие во раце Сакам да се туширам ама додека не ме смени мм И така, од сега па додека направи барем 3год. ќере ќе се шетам ко исфрлена од поплава. Што се 3 години Мирна ноќ мајки.
Добро утро мајки Да пишам некое редче Синко однесен во градинка а јас еве кафе пијам. Ептен ја сака градинката и покрај тоа што не знае јазик. Со каква радост оди дури и пред алармот е станат. Ама ништо не јаде таму од тоа што му го праќам ни четвртина не е изедено. Воспитувачките ми велат дека таму демек јадел ама не верувам, кога го земам е гладен, ја бара кутијата во чанта за да касни нешто и ми вели да си одиме дома да јадел срце ме боли. И дома се само едни исти јадења правам за него. Компири печени, пица, супа, купена крофна, палачинки, домашни бисквити, понекогаш банана, млеко со житарки или бисквити и тоа е. Толку е нејадач што и чоколадо одбира не секое го јаде. Незнам крвната слика како му е, не сме испитале од февруари и од тогаш не сум го однесла кај матичната пошто сакам да ја сменам а не сум побарала друга Матичната последниот пат ми се развика дека сум престанала да го вакцинирам и ми рече ако не го однесам другата недела на вакцина да си барам друга матична јас и реков да добро и толку беше. А тогаш го носев дека беше болен и и велам болен е а така ми вели че му помине за една недела еве да, тогаш кашлаше до мај. Инаку ММР не му ја ставам готово решив. Има уште по една доза да прими од две вакцини ама не го носам и за тие. Ако имам второ дете и се уште не се задолжителни овде вакцините нема воопшто да го вакцинирам. Требаше да ја пријавам тогаш матичната затоа што нема право така да ме условува ама баш тогаш почнуваше да се шири вирусот и ништо. Овде е права зима, многу е ладно. Треба на синко чизми да му купам, не се знае кога ќе заврни снег. Од како заладе маж не работи во сабота и си е дома цел викенд баш ни е убаво. Само тешко него е кога сум во пмс Овде расти бројот на заболени од вирусот се надевам нема да затворат ништо. Ние викендов си се прошетаме на повеќе места ама не се седи дома. Во неделата бевме на базент и вчера читам дека бил некој таму што имал вирус ама за среќа во понеделникот ми олесна. Пред еден месец исто така бевме на друг базен и прочитав дека и таму бил некој заболен другиот ден после нас. И тогаш ни се размина. И почетокот на септември бевме во контакт со луѓе кои што беја заедно со заболени ама не ни кажаја, разбрав по две недели Искрено првиот бран многу повеќе се пазевме сега сме по отпуштени. Ама нели треба да се навикнеме да живееме со вирусот ај доста за тоа. Имам нешто и за фалење после скоро 5 години живот овде ми текна да се запишам на курс за јазик почнувам на брз курс на 2 Ноември Видов дека сам од себе не може да се научи хахахах Порано тато кога ќе копавме на бавча ми велеше учи Орхидејо оти мотикава нема да ти избега а јас тапа за учење бев. Сега јас си велам сама на себе учи Орхидејо оти метлата и џогерот нема да ти избегаат Ќе одам од понеделник до четврток од 8 и 30 до 12. Само синко да не ми се разболува и да не ја затворат градинката па да бидат за џабе парите. Ќе ми биде тешко на сабајле ќе треба синко да го оставам во 7 и 30 во градинка па да одам со автобус 40 мин до град па од таму на курс незнам како ќе стигнувам плус и ладно ќе биде мразам зима. Како не живеев некаде каде што е постојано топло и лето. Колку би било се полесно да возев кола ама пусти страв ќе си го оставав синко во 8 во градинка и за 20 мин ќе бев в град Ако си појдиме зимава мислам да посетам психолог. Голем проблем ми е ова. Со план сме да си одиме за МК в зима една година не сме биле. Доколку нема карантини задолжителни ќе си одиме. Само незнам дали 2 или 3 недели. 2 обавезно. Ако ми дадат од работа 3 супер ќе биде ама не ми се верува. Ќе видиме јас ќе си барам 3 недели. Летово не ми даде немаше кој да ме замени па и јас не инсистирав и реков ај на зима ќе одам на одмор. Треба леб да месам и се мислам еден колач да направам за да не го мислам повеќе за ручек јас ќе си јадам од вчера а маж ако сака нека јаде од вчера ако не сака нека јаде што сака а за синко незнам што ќе биде уф аман веќе. Потешко ми е да смислам што за јадење од колку да направам. Да ги озборувам комшиите сега малку Во куќата се 5 стана и еден бар. На први сме ние и одма до нас едни Срби пензионери ептен добри луѓе, на оваја галама што ја правиме никогаш ни збор не рекле. Имале многу тежок живот и знаат такви совети да ни дадат што ме тера да се замислам за многу работи. На втор е една Австрика сама живее околу 30 години, работи во близина и едвај едно здраво вели 5-6 пати годишно До незе се едни Босанци. Многу чудни луѓе. Околу 50 тина години се, овде во селово му се и децата со фамилии. Никогаш ништо не рекле за галама или нешто друго пошто и тие се баш гласни кога ќе се соберат гости 20 души. Никогаш не се поздравуваат први. Не гледаат многу чудно како од Марс да сме паднати. Ако им речеш здраво ќе речат ако не нема ништо да речат. На улица бегаат од нас ба друга страна, во блискиот парк што ни е еднаш одам јас таму и таја беше таму со ќерка и и малите внуки и кога ме виде дека влегувам в парк значи одма ги зеде децата за рака и излезе од другата страна на паркот Кога паднав и ја повредив ногата тие беја на другата страна на улицата абе како ладнокрвно не гледаа и не прашаа дали треба нешто помош или дали сум добро значи апсолутно ништо. Е почнав и јас да не зборувам. Не ме интересира. Очигледно не им сме баш симпатични. Или незнам како да речам само стварно неможам да сватам нели комшија за арно за лошо ама овие за ништо. И на поткровје се едни италијанци кои што имаат ќерка и таја никогаш не се поздравува па престанав и јас. И овај баров го држат Австрици и со нив никогаш се немаме поздравено. Се собираат само пијаници едни та исти. Газдарицата не не сака оти имаме 2 коли и едно комбе од работа од маж па фаќаме повеќе паркинг. Нема толку место за пијаниците. Среќа па работи само до 22 часот барот, па се трпи. Веднаш наспроти нас се куќи од Австрици, еднаш братучед ми рече богаташки куќи биле Нас сите прозорци ни се кон улица и ептен се слуша кога синко плаче или вика. Првата куќа се маж и жена кој што секогаш вртат глава особено жената, ај мажот се поздравува ама таја никогаш. Немаат деца и на секое плачење на синко гледа накај нас. Минатата недела јас излегов да оставам нешто во кола и во меѓувреме синко се удри и почна силно да плаче колку што го држи глас и ја гледам комшивката стои на врата и се пули накај прозорците наши и ја мафта главата ( си велеше сигурно тешко на детето) и ни се сретнаа погледите и ми ја мафта главата, бог да чува И реков ако не може да има деца еве Господ нека и даде близнаци па да ја видам тогаш дали ќе и плачат или не. Многу ми е страв да не не пријави некаде Синко кога ќе почне да вика или плачи не знае да престане и тоа дури го држи гласот. Што да правам дете е . Ако плачи не значи дека го малтретираме Значи дека не сум му дала нешто што не треба или сум направила нешто без него. Потоа до нив се мајка и син ама стари се. Мајката можи има 70 а синот 50. Старата не зборува никогаш. А син и во овие 2 ипол години само два пати ми има речено здраво па доста е подобро од колку ич. И после нив е една голема куќа со ептен фини и насмеани луѓе кои што секогаш се поздравуваат. И така натаму хахаха доста е за комшиите. 10 часот дојде време е да се фатам за работа. Ако има постов грешки да знаете дека е до телефонов сам ми менува зборови Не е баш редче постов Имајте убав ден
Добар ден. Дете заспива па и јас да напишам нешто. Кај нас во зграда сите имаат мали деца, освен една фамилија, прави германци, ама никаков проблем нема од нив. Многу ја засакаа моја Нада, цело време и маваат со раката, и пејат Нада, Нада. Имаат дете со пречи во развојот, толку многу и се радува чудо некое. Над нас тоа дете станува у 2 вечер вози колички, зима штикли од мајка ми, ама дете е, никогаш нема да кажеме нешто. Многу се добри комшиите, среќа ние сме на 1 спрат, па нас не не слушаат. Многу се добри сите, повеќето се прави Германци, арно ама спроти нас има еднс многу чудна фамилија, песни слушат во стилот на Амено домине хахаха, и еден германец излегува и се дери једен тааааг једен таааг, ауслендериии Брат ми излезе негативен, луѓе толку прост народ да има, чудо некое. Ем позитивни, ем пак на работа одат, кое дно треба да бидеш да дојде болничка кола од работа да те земат? Дојде поштата одам да отпакувам пакетот
Лелееее и ова дочекав, некој наклон да ми прати ради 2-3 ретчиња @Presrekna сум кажала, пишувам кога бебе спие или некој го занимава и не сме у видно поле Последнава година дена комплет ми е сменет биоритамот и од голема спанка се сведов на 5-6ч сон и сум изнаспана Ако си легнам порано или пред 12-01ч ќе станам у сред ноќ и чмаам Еднаш на две недели ми посакува душичката да поспијам некои 8-9ч, ваљда тоа му доаѓа како рестарт Бебе бајче, примерно си легнува со време, преретко ако се разбуди у ноќ, уствари и ако се разбуди не се десило да не презаспие за рекордни 15минути, па едно 3-4ч имам време за себе Е сега кога што правам, некогаш ете редам постови иако и најкилометарскиот не сум го везела повеќе од 1ч со милион прекини @Monella до кај 5ти месец бебе ми спиеше на рака Најдов како да го спуштам до мене и да не се ококори, па така си спиевме Па цели процедури подоцна беа дури ја тргнам раката и продолжиме така да спиеме А стражар за спиење му бев се дури имаше дремка Дури не фати нозе он беше цело време во раце, уствари дури не пролази, не беа во прашање ни грчеви, ни маки, туку љубов Е и сега што на 3г бара да го носам низ дома во раце е друго, ама сега мака имал, нозе го болеле не можел да оди/стои Галче Инаку ние само првата ноќ кога дојде бебе спиевме сите тројца и тоа беше премногу А сега јас и бебе спиеме на 140 и претесно ни е, он ротира преку цела ноќ, ај што се открива, ама кога ќе се напика во мене, па бута ли бута, клоца, мава Мислам да е спремен за сам, план ми е да го оградам креветов и јас да шмугнам, ова дури не му ја направиме детската Демек и сега ќе ја правевме ама предност падна на станот, ако на пролет две детски ќе си добие Комшии. Жал ми паѓа некогаш за светковци, кај нас и брканица се игра и се тропа и се мава, чука, море и точак се вози Али ај баба и дедо трпат се за внуче Па колку сме сите трапави, колку лупаме врати, тешко идеме, бам бум сме на секое станување Него вчера метам терасата и слушам некој пее Новата комшика ми се развеселила, па си пее ли пее девојчето Кога биравме станот сакав последниот да го земене, горе да немаме комшии, но ме разубедија "сите" со муабетот "кога ќе прокиснела зградата, а ќе прокиснела, штетата најголема моја ќе биде" Кажав ние не сме за у стан, колку галама правевме Викендот кога дојдоа комшиите се потрудив да тропаме помалку, ама па викањето, односно он така си вика колку го држи глас или пеење ќе му дојде тоа, радување, не можев да го контролирам Комшиката веќе искоментира дека ги разбудила сабајлето и дека сигурно ќе бил некој оперски пејач Фино го кажа ова, не дека јас и се навредив, ама па сигурно не им било интересно викање да ги разбуди, а они дошле на викенд вон сезона да одморат Други комшии. Седиме на плажа и две баби се бањаа у ладното, па се сончаа на сонцето со заби, му се опулиле онака и уживаат. На масичка до нив имаа кафиња и пијалоци, милина Е ние до нив, бебе у елемент кога ништо не му е погодено, пробав да го тргнам, не сака, имаше тука некој ситен песок и не сака да се трга од него. Па кога се разрика, па вади ли вади мрсули, вика, ечи, се секне Па у еден момент комшики искоментираа дека многу интересни станари имале И @orhideea баш ме охрабри со јадачот нејзин, па и јас да и дадам кураж дека не е сама и дека менито и не ни се разликува многу, односно различно е, ама повеќе од 5продукти не се мешаат Само јас оддамна не се нервирам, спремам, нудам, нешто баш спец за него не, тоа и ние јадеме, односно јас, па ако јаде ок, ако не он си знае. Но и некогаш кога ќе почнам да набројувам и што се јаде и не е така лошо, односно и количината не е занемарлива Уствари он само еден оброк го јаде саглам, другите се колку да се рече, ама на крајот количината е во ред Гледам да јаде домашно, глупости кратам скрос или давам во Х ситуации и така сум сигурна и тоа што го внесува дека е ок. Јатки, мед и зрнесто овошје кое е замрзнато, обавезно јаде насабајле + чајче од смоква или коприва, така му почнува денот. Пилешка или зајачка супа обавезно има на мени, со различен зеленчук и нормално се тоа блендирано бидејќи сака само течноста да ја срка Ден без биено сиренце не минува А и да не види моркови, заљубен е да ги грицка, кај и да е чекам да му пожолте носот Правам и разно разни бисквити со семиња, го подлжувам и со некој цеден сок или компот и така минува денот и јас верувам дека внел доволно Месар беше, сега и на тоа откажа љубов, во компири се давеше сега и тоа не сака, периодов е заљубен во грашак и пченка Соленка ми е, а од каде има 15.200кг ич не знам, ни газе, ни меше има сигурно коски му тежат И мислам @elcezelce кажа дека дечкото и е заљубен во Нова и Дедо Мраз. Па ако ги споиме со мојов везден ќе ја пеат Џингл белс или Елко елко Нема ден, а да не ме моли да ја симнеме елката од таван и да редиме лампиони, па да запалиме сијалички Книгите за Нова се хит, па колку возбудено објаснува дека он е многу умен и дека ќе има многу поклони под елката Ама само за него треба да има, никако за Пако уште е во филм за Пако ништо да нема Сабајле игравме со пластелин и еве што се изработуваше, секако со моја помош Spoiler: Елка Колата гратис и комплет негово дело Во сред ноќ мајки Силно светеше денов, право есенско сонце не грее Сите годишни времиња ги сакам, иако преферирам лето и да ми е топло, но сакам и зима и да студи, има убавина и во студот По дома грееме само поручек, ем не сме дома, ем и не е нешто ладно, кај 20степени се врти. Бебево секако склетно и седи по трнко блузиче и претопол е, јас облекувам едно елече за кое бебе ми вика дека било "неубаво" Еј сум кажала ли дека бебево почна сам да бира облека, ако го види Мики, Спајди, Бетмен или други ликови, теорија нема да го намолиш да облече тоа. Секогаш прв избор му се блузи што светкаат, следна ако имаат маче, куче Дино јас му го купувам, но не е никако фасциниран од него, но го носи, не се буни. Еј кои комбинации ги прави, па дури и чорапи бира, елечиња, капи, патики И вкусот му е "све ми бое лепо стое" Дете, нека се радува. Почна фазата "а ова што е?" "зошто? " "што прави ова? " "зошто е ова вака?" Среќа па и мене ми фали друштво за зборење, па по цел ден само муабети тераме Ај колку фрази го научив што и јас ги користам, колку се препознавам кога ќе каже нешто. Ептен внимавам како се изразувам, секогаш гледам да одговарам литературно и правилно, го поправам кога греши. Но бидејќи уште не знае да ја изговори "Л" почна да ја менува со "Љ" наместо да ја скокне или да каже "W". Па така добиваш "гЉувче" и тоа баш со убаво акцентирано "Љ" Не ретко и сме му зборувале со "че и це" па имаш "сокче, бомбонче, мевце итн итн". Гледам сега да се корегирам кога зборувам и да не зборувам нагалено Се слуша, се гледа, се снима Го пазел дедо му како пие апчиња, па дедо му објаснувал дур пиел и ги кршел пред него, па другата половина била за утре. И сега од бебе имаш, зима он новите округли Пез, крши бомбонче и го голта со вода Шанса нема да го убедиш и другото половинче да го изеде, јок тоа за утре било Па кажува едно му било за глава, друго за меше, трето за раката, ногата, грбот и што ја знам, дедо му цела шака апови пие Нема шанси од него нешто да скриеш и тогаш кога мислиш дека не гледа и не слуша се лажеш, оп во еден момент ќе те изненади Него да се жалам, нели се фарбав и ај што ми искочи чудна бојата, туку и ми подрасна, па најдов колор шампон каква што и сакав да ми искочи. Ставив и тадаммммм, тоа е бојата, ама колку ужасно ми стои на лик Бакарна као да бидам или па кафеавка е со розев сјај, што ја знам веќе, ама ич не се свиѓам, до ич Па непогодената поарна беше, иако и таа беше близу очај, само сестра ми беше најотворена и ми кажа дека ми е крш, мм рече не е лоша, а мајка да сум ја носела со карминче бледа сум била Дека колор шампон и сега секој ден се мијам и вистина паѓа бојата и јас вистина цела надежна дека ќе падне Прееска тркнав до ДМ без никаква орентација каква да се префарбам Отсекогаш мислев дека плава би ми стоело убаво, односно многу битно е јас да си се свиѓам таква, но некако не се доживувам плавуша, иако шетав со балајажи, но сепак и не беше исто Смеѓа, бакарна и сите нијанси на кафеавки не ги бендисав, па си викам ќе се офарбам ако не како природната И мм дојде на сцена и ме убеди да се правам лилакова Односно он се фати првин за црвена, рече одма ќе ми фатела на ова што го имам, ама кога му упатив убитачен поглед се фати за лила Се замислувам лилакова и еве не успевам да се дозамислам Ама па што дека се замислив бакарна Мм рече супер ќе ми стоела, а гарант поубаво од морковот кој сега го носам Многу храброст сум собрала за фарбање, да ми е да знам од каде Може и некој доцен пубертет ме фатил, ионака у пубертет ич не се фарбав, па ваљда меракот не ми прошол Ќе кажам што ќе искочи, односно лилакова ќе станам, кога ќе падне колорот плава ќе сум и ќе фати, ама детали за реакцијата ќе биде во тек Ако сум лична може и слика да закачам Ех да имав храброст и да појдев на фризер, ама со бројкиве.. Лицето го оправив, долги години спас ми е едно на Гарниер 3ин1 и фала му многу Па си ја заборавив и кремата во Ох и купив една на Алверде на тепка и пријатно се изненадив колку е убава. Е сега уште не ми е стакло, но сврбеж, црвенило, бубулици немам Ќе го оправам, ќе ме биде, пак ќе сум убава и лила Сакам и да се дотерам нешто, не знам за каде, но битно е да се купи Колку убави чизми видов на штикла, но сепак ќе си ги купам тие ниските што знам дека ќе ги облечам Ова зимо не знам дали и фармерки и кошула ќе ми требаат, сем тренерки, хеланки не знам ни дали нешто друго ќе сменам Уствари не знам ни дали ред на капут ќе дојде Ај да не се растревожувам, да си легнам најарно, односно легната сум, да си спијам Бебе колку спокојно си нана до мене, љубов ми е А мм го слушам вергла ли вергла Убава ноќ, гушкајте малишанки
Хелоу. Се изначитав од синоќа и не успеав да пишам. Бебе заспа прва дремка, од 6 е станата, јадена, наиграна, изљубена, какана, излиена, облечена, фризуросана. .. Мама 2 кафиња испиени, ручек при крај.. . Ама да ми видите стајлинг коса петарда, на мене нема што нема, од брашно, млеко, банана, авокадо И жолчка. Кога јаде сега бебуш прди со устата Да се истуширам, да стани и малку ќе шетнеме. Вчера до Струга и Охрид бевме. За колкчињата на контрола ама ќе пишам во др тема. Сонце топло милина. Бегам од тука да барам совет во друга тема. Ве поздравувам