Здраво најубаво друштво, се извинувам што бааѓи време ве запоставив, но имам периоди кога се презаситувам и мене нема, реално и немав ниту време, денес решив да ве поздравам, извините што нема да се вратам да ве исчитам од кај што сум застанала но тоа се премногу страници, еве од денес ветувам дека редовно ќе ве читам и колку што можам ќе постирам. Како си врти часовникот ќе стигне време и за чајче, а јас уште доручкувам, но тоа е време се нема хахах, генерално сме добри, малата не оди во градинка, дома е со баба и дедо, ја шетаме и до кај мајка ми но тоа е што е. Периодов ми се десија и некои работи кои дополнително ми одземаа време но за тоа не би сега. Морам да скартам со пишување дужност зове, останете ми сите здрави и живи, среќни и исполнети се читаме почесто.
Добро утро Да почнам со времево ладно камен е, оган гори 24/7 небаре сред зима сме а само што почна есен.. Многу сум нервозна периодов, се ми оди на нерви и уште толку се нервирам оти пречесто ми е вака напнато цело време и тоа од најблиските Ај да ги пооговарам малку од странава на мм Девер и Јатрвица од една страна девер ми околу куќава помага а од друга страна тука е оваа чантава да го подбуцкува како демек леле се издроби за брат ти, толку ние ко праевме куќа не работеше колку сега кај него..Црна овца ни е таа во семејството толку лоша и злобна личност немаме во околината дури и комшиите повеќе од неа се радуваат и идат да прашаат, да видат, да советуваат нешто, а таа само муцка само превртува очи.. Ја познавам години и еве до ден денес за ништо што сме купиле или направиле или незнам што нема речено убо/неубо или па со здравје да се користи..Абе толку тмурна личност нема ама ајде доста за неа раква си е и нема да се смени.. Мајка заглави со зимнициве цела недела е во пиперки..ама што да и правам нема кој да и помогни еве јас ако сум тука нема малиов кој да го чува..Додуша свеки се понуди ама знаејќи каква е нека немора да помага оти после кај ќе стаса ќе кажи "ами на сваќава и помогнав за ајварот, не не таа не дојде сами со сања(јатрвами) го праевме, Мартина(јас) неможеше со малиот" Така да се поштедивме од овие муабети... Туку нели кажав на свеки спална ќе и земам, е сега и најдов една комплет со сите тракатаници со простор за складирање колку што треба и нетреба ама на госпожата ко и кажаа дека ќе стаса за 45-60 дена реши дека ќе си ја врати старата и ќе аи купи само плахар оти за славата која е на 4-ти Декември немало да и биди стигната па ќе и била празна собата... Прво слава годинава нема да се чека според ситуацијава со вирусов.. А второ и да чекавме кој ќе и појди неа в спална па да види дали собата е полна или празна..гости се чекаат во дневна.. Ама ко не се разбира нека си спија на истата ама ако само ми се пожали е тогаш како сум наоштрена има да го папа Ајде бегам сега да спремам нешто да ричка малиов ко ќе стани.. Поззз
Дојдов да частам! Ви текнува на предметот што го имав загубено?! Епа го најдов, решив да частам поштено. Утре на работа ќе частам доручек, ама најозбилно, ќе правам пита. Ма трубачи ми иде да викнам Сега кога се реши тој проблем можам конечно да спијам. Да олабавам од викање по дома, дрекање и јадење на нервна база. Ајде да работам оти морам да завршам денес се што заостана од сабајле, убав ден!
@AngelOfArh Фала, јас ќе земам sex on the beach Ми треба нешто такво да ме раздрма Btw што работиш? Се напна со тој предметот мило ми е што го најде.. Не пишувате, ве нема Да си пишам јас пак.. Малинка заспа во 18:00 и во 20:15 си се разбуди наспан а јас мислев ќе тера до сабајле до 5, па мислев да излезиме ао маже малку ама ете ти го само што се спремив па ништо се пресоблеков си поигравме, дедо му купил од овие бувчињава од дормео па со него радости, ептен е мекано и кебенцето и бувчето.. И дури така почна да кемка ајде млеко, и заспа Е мене веќе ми помина мерак за излегување, не дека којзнае кај ќе одевме така еден круг да мрднам нозе, закржлавив со ова коронава дома ама ајде оставам за друг ден.. Маже ја дувна демек да му остави пари на шоферот и еве го саат и пол не е вратен, ама имам спремано песна има да му ја изрецитирам уште за квака ко ќе се фати Кај по цел ден не го гледам па уште и навечер сама да дремам со кафето в рака, а и онака сум лута оти купил огледало за во купатилото а не ме праша дали сакам такво..Не дека не е убабо дури ни јас немаше да најдам такво ама постапкава ме лути.. Ај да ви се пофалам со една фотка од тушот Спојлер: Туш Параванот не ни е наместен не е стигнат уште, ко ќе средиме комплет ќе се пофалам со фотки од сите агли Толку од мене да скокнам под туш па да ја гушнам перницата Добра ноќ
Работам во администрација. Една скопска општина. Дан тмуран, ја весела. Пијуцкам кафе и куцкам, денес имам да сработам нешто ситно и да фатам маглите. Денес го чекам карго да ми дојде за на мајка ми фрижидерот, морам прво да го спакувам убаво за да не се уништи, па здравје викендов да го спастри. Дете у градинка, обожава да оди, ама ме мачи што учи многу лоши зборови, многу. Прдешки, смрдешки, гадни деца, плазење јазици, досега упорно го чував на страна од тоа, ама оваа група една година постари од него, многу лошо влијае на него. Нека е жив и здрав само, некои работи се неизбежни. Ме загрижува само дека е слаб со моториката, нејќе да држи ништо во раце, а и со јадењето е слаб, бавно јаде. Вртам нов лист, нема веќе да му помагам, нема цел ден да стои јадење и ќе се јаде на маса нормално и додека не изеде нема тргање, па макар гладен останал, за 3 дена има да го доведам во ред. И ќе вежбаме малце моторика оти се посвети на учење, читање и такви работи, заборави на детските игри и вежбање на моторика. Пластелин му оди, ама од денес ќе одвојувам по пола саат за игри со ситни предмети, нижење, боцкање, боење, да се вратиме на старо. Сепак многу им влијае што изгубија 7 месеци. Вчера сум тегнела пити, не стигнав да ги сликнам да се пофалам во инстаграм, засега ставам само слики од сајт. Паралелно со питите раздавав костени по луѓе, почнавме со продавање, @kukla21 и уште некоја бараше, не можам да се сетам, пишете ми во инбокс ако сакате. Турбо ден. Едвај дочекав да легнам дете, да се истуширам и јас и да спијам. Ама имав ветено доручек на работа само да го најдам предметот и го најдов и редно беше. Одлични излегоа, едвај чекаат колегиве да јадат Маж денес ќе дојде, накострешен е нешто, ама ќе го средиме со синче, ќе исчистиме по дома да нема расфрлано, ќе направиме некој убав ручек да го израдуваме, ќе го омекнеме. Може и гравче да му сварам, го обожава. Ќе се средиме. Ајде да се пуштам на работа денес, порано да забршам. Убав ден!
Здраво убави луѓе. Не сум пишувала тука многу оддамна, а може и ич не сум пишала, не знам битно ве читам сите до една и сите други теми ги читам ама не можам да пишам оти нели се нема време се Ние сме добри, сполај му на Бога, направивме и крштенка на кукличката наша, завршивме и таа работа и сега сме комплетни и со име и со се Јас сум дома, пијам кафе моментално, малата ја заспав и ќе правам ручек. Се мислам што само, па разгледувам во фемина инстаграм идеи некои да земам. Поздрав до сите, имајте убав ден
И јас да чкртнам нешто. @AngelOfArh нормално е тоа што учи неубави работи од градинка. До сега тоа му беше непознато нешто ново, но ќе го надмине. Зборувај му дека не е убаво, како пример што не е убаво расипано јаболко или слично. Јас такви примери му давав на синко. Домашното воспитување ќе исплива на површина, треба време. Мило ми е што го најде предметот. @Kallias2 честито крштевка, вечно име. @babyboy1 и ние имаме сличен туш, а паралелно само стакло ни туш кабина ни ништо. Ќе пратам слика ако сакаш. Со здравје да се користи. Добар ден Со бебе се љубиме после првата дремка. Па ручек ставен да доготвам. Денес риба на мени. И тиква ќе печам. Бебе се дави буквално во тиква. Затоа само кака после Како мини правосмукалка е се од земја собира И ми носи мене или во уста става. Кога ќе викнам НЕ го плука како маж. Расти дете ,се се разбираме како со голем. Денес времето за убивање врни истура Само за дома во топло е. Синко во петок е дома има онлајн часови бидејќи дезинфицирале школо тогаш за до понеделник да е средено. Барем него не го мислам по автобуси на дождов. @emkaemka јас не можам да се жалам од лицето, но после пораѓај знаеше да ми се исфрла и исуши. Покрај прегнезолот што до скоро ги пиев, почнав цинк со ц витамин и во последно време ми е стакло. Види ме кај сликите од дечките. Пудра не користам посебно сега со маскиве. Може и од маската да се суши. На синко во школо му рекла професорката да пијат повеќе вода и обавезно мрсна крема на тој дел бидејќи 5 саати се со маски. Ве гушкам сите. Морам да одам
Добро утро пак јас на темава Страм ме фати веќе ќе си помислите ни дете гледа оваа ни работи нешто Бебка тера втора дремка, се надевам оваа барем 2 саати да е оти ќе поховам пилешки прсти, брокула, тиквички а пирошки и зденка ќе пикнам во рерна сами да се поховаат Во меѓувреме варам батат,компир и тиквичка за бебушка да папа Толку ајде бегам оти ако се разбуди останавме без мезе за вечер @Presrekna и кај нас така ќе е само стакло паралелно, со држач горе..фала ти А и уште ова @AngelOfArh на девер ми детето 4.5 години е и кога и да го однесат кај дедо му на јатрвами татко тој од таму се враќа со "у.п.м. јас и дедо имаме к*уре а баба има п*че и големи циц*ки.. Да не редам уште што не само го караат и го тепаат ама џабе не е детето криво стариот е за тепање..два дена ќе заборави пак ќе го пуштат и се враќа со нови глупости.. Децата не се криви тие што ги учат се Заминав
Добар ден мајки. Ручек направен, дете најадено и си бара положба за спиење, а јас чекам да заспие па да спружам алиштата, друга машина да пуштам, кафе да си направам и салатата да ја средам. Незнам дали сум ви кажала, имам една комшика, луѓе се е со крпата во раката, нон стоп чисти. Недај Боже дожд да заврне, одма се чисте. Јас еден ручек ќе направам, и уморна сум, се зафркавам Сега се мислам дали да си подлегнам или кафе да пијам, ама второто ќе е, секоја вечер си легнувам после 1,а мм ме буди со тоа глупаво подно од што е многу топло. Имаме мајстори на патот, сега дете им тропна од прозорец, одма се завртаа почнаа да и мават рака и на неа, колку е само мирно надвор. Држете среќа утре треба да ни дадат потврда, па у текот на наредната недела да средаме голема работа и ќе частам. Одам кафе да пијам
Утро мајки Пијам кафе кој е за ајде ќе варам има за сите кој какво пие Бебе тера прва дремка имам точно пола саат за мене пошто дремките на бебе траат дури пола саат Синко вчера изрази желба да оди кај моите на гости па со душа ја дочека мајка ми да дојде да го земе од работа се спремаше мислиш се сели наполни една торба играчки ,балансот точакот обавезно како го вози незнаете .Прво мислевме дека ни се џабе фрлени парите за тој точак ама од летово го вози неможеш да го стигнеш .Дури беше топло времето мислев ќе можам сама да одам со бебе со количка и со синко со точакот до парк да ги прошетам ама сфатив дека е неизводливо зашто и кога шетаме сите четворица со маж се наоѓаам во ситуација каде што оставам количка и трчам по синко или па викам ко луда да застане ,ако видите мајка со количка што се вика по парк по детето јас сум да знаете Инаку таман си реков со ова бебе скокови не осетив од вчера почна журката бебе влезе во 4 скок и што да ви кажам се тепа со цицката цица па плаче па неќе да цица ,па ноќеска цела ноќ се будеше ...офф ќе биде ова напорно да се издржи @emkaemka знаеш што не тераше синко оџакот да сме го исчистеле да можел дедо мраз да влезел да не се испрлјал а да не ти кажувам дека на телефоните сите моравме да ги ставиме новогодишните маски Лудо мое дете опседнато со нова година и дедо мраз.За китење на елката се разубедивме некако му реков дека мора да помине роденденот на вујко му (брат ми крај на ноември му е ) прво па тек тогаш ќе китиме елка. Таман го пофалив синко дека цело време ја чува и ја сака сестричката епа и даде чипс да пробала греота била го гледала дека он јадел среќа маж ми ја држеше во раце па одма и го извадивме од уста ,со децава човек очи и на тилот треба да има леле пазење мора ептен . Толку од мене одам и да каснам нешто за овој пола саат Убав викенд мајки
@elcezelce ме изнасмеа со син ти. Што умно детуле имаш Прво кафе испиено, бебка штотуку ја заспав. И ги анализирам каките деновиве. Де мислам дека има пролив, де дека има стомачен вирус, па чудно ми е што кака секој ден и така. 4тиов скок не бил толку страшен. Почетокот малку беше аздисана, сега си е супер. Вака нека продолжи. Интересна ми е, почна да "пее" ,јас и зборувам па таа ми враќа на нејзин јазик. Смешки е Обожава гола да седи,не сака да се облекува, кога и ставам памперс го крева газето нагоре и се помера ,да не и ставам памперс, а блузичка кога и облекувам тоа е веќе плачење, жалење.. комедии Често му велам на мм дека требаше Бисера да си ја крстиме, зашто ко бисерче ми е За 3 дена сме на вакцина. Ја мислам. Да можеше ќе им речев да ме боцнат мене. Жал ми е. Спанка голема е, се погоди на татко и, заспива до 10ипол навечер и знае да спие до 10ипол сабајле Не се дели од мене, ама и јас сум крива, освен на маж, немам доверба во друг никој за да ја оставам, да ми ја зачува. Мајки Како ги оставате децава? Мене триста мисли ми се вртат низ глава Еднаш ја оставив на свекор ми пола час, (пошто свекрва ми не е заинтересирана за бебка)за да одам до ваикики да и земам нешто. Ми доаѓаше да летнам назад .. Одам сега да каснам и јас малку,додека спие. Зашто од 65кг ,сега имам 50кг Бар да не паѓам надолу со килажа. Убав ден
Ми падна во очи тоа свекрва ми не е заинтересирана за бебка. Како бе така нели му е баба, греота е тоа.
Па не била многу по децата таа, немала нерви. Маж ми го има изгледано баба му, не мајката. Кога ќе потпораснела тогаш ќе се дружеле рече. Ама не дека ми смета тоа. Супер ми е. Подобро вака, отколку во се да ми се меша,кој ќе се караше со неа
А тука била дружбатааа Добро ве најдов Сега ве читнав, па да ви се придружам и јас, додека можам. Во другите теми пишав веќе дека заради грчевите сме будни по цели вечери, а преку ден некогаш спие а некогаш е будна и плаче. Многу сакав мирно бебче, но ете си плаче почесто Помош немам, освен од мајка ми кога доаѓа да ни помогне и од сестра ми, и тие одат на работа и не се нонстоп со нас. Сами со маж ми ја гледаме. Свекрва ми и е страв пелена да смени, и е страв да ја пресоблече, и е страв за бањањепа за што ми е тогаш, само да ја држи и ми стои над глава и кажува бебе оти плаче да го испитаме ако не квалитетот на млекото жено ајт дома, секако е со хроничен бронхит, може и на камера да ја гледа внука и. Малата моментално спие, после цицање, до 2 ипол синоќа се журкавме, па сега си спие. И јас со неа, искрено. Маж ми касно ќе се врати од работа, па по цел ден сме си сами. Имам едно прашање за вас, какви памперси користите и дали е можно од памперс актив бејби некој да е незадоволен? Забележав дека убаво наместен и полупразен од страна кај колковите да ми е мокра на шпикозните и на бодито. На 2 часа проверувам и секогаш таму ми протекува, или пак кај грбчето на ластикот. Се пробав, и поголем број земавме и пак претекува, а не е полн памперсот. Бебе е 4кг и земав 2ка број сега (4-8кг). Е сега и бебушка доста вози точак со нозете, почесто ги крева и мрда, можно е и таа да влијае за ова. Ако некоја имала нешто вакво, па со други памперси било подобро, пишете ми Да ве поздравам и да посакам убав викенд со бебушките на сите
@Alishan30 јас користам од истиот памперс. Е сега не се водам јас според кг што пишува на памерсот. Неа 3ка и мал, и ставам 4ка , не ми текнува од колку до колку беше килажата, битно мојава има 5кг па тој и е комотен. Гледам над папоче да и е памперсот кога го ставам. Ми протекува така ко ти што зборуваш обавезно бар еднаш на ден. Тоа кога нема да и го наместам добро памперсот или лабаво кога го лепам. Погледни добро дали го лепиш убаво, дали и го оставаш полабаво.
Кога ќе поминат грчевите ќе имаш друго бебе верувај ,само храбро издржи го периодов Памерсот го користам јас и за бебе и за син ми го користев предходно не пропуштал ,додуша 1 и 2 дури користев користев памперс премиум поубав е ,ама од 3ка нагоре актив драј повеќе се исплати поефтин е.Јас за бебе мое 6кг.е користам 3 ка и не ми протекува ,некогаш ако се успие убаво не и го менувам ноќно време за да не ја разбудам и не пропушта.
@Alishan30 пробај со baby love од DM. Најдобри пелени за синко беја. 3 год со нив беше и ниту еднаш не пропуштија. Ноќе јас никогаш не менував пелена по 12 часа. И Не Се води по бројките. Не Се баш точни. Синко на 4 месеци 4 ка носеше. И така пишав па да кажам синко спија јас Лежам. Го чекам сега маж да си дојде да ручаме па ќе одиме да пазариме. Толку ми е времето Имајте убав ден!
@Alishan30 провери дали го извлекуваш ластикот( тоа одстрана на нозете) нанадвор кога го местиш? Да не ти пстанува ластикот неизваден па затоа да пропушта? Ме сваќаш ваљда на што мислам Да ве поздравам кога сум веќе тука Убав ден и денеска. Прошетавме со бебе мое,добри 6 км сигурно изоди мама,а бебе мирно па ниту еднаш не посака да стане од количката. Откако прооде супер е,повеќе би да се вози,отколку да оди . Прошетавме,впивме сонце,бевме до кај мајка ми на кафенце и си дојдовме дома. Бебе заспа,а јас потсредив низ дома,средив папагалот и чекам бебе да стане. Му купив и камионче и автобус играчка,па ептен е радосен. Купив и две стази на мајка ми од 150цм,ги товарив во количката,само ја сакам зошто има доле голема корпа,за се останато ме нервира. Како си дојдов до дома,не прашувајте .
Здраво мајки и од мене не сум пишала некоја недела гледам некако немам време во последно време да седнам на раат на форумов да пишам поготовп на темава, ѕверчето мало не ме остава па и со големата учење еден куп што истории што странски јазици Историја и е слаба страна и мора да седнам со неа. Толку не сака да учи историја чудо едно , со другите предмети немаме проблем. Од малата не можам поглед да сижнам, се качува ваму таму , од ден на ден чекам да прооди , ама ништо. Инаку 13 месеци сме денес Ниту во столчево не можам да ја оставам , бев во вц набрзинка и кога ќе излезам што да видам ја извадила едната нога и се свртила наопаку во столчето Туку, сакав да ве прашам мајки , како беше кога се вративте прв ден на работа? Свекрва ми ме праша кога мислам да се вратам на работа вчера, јас не знаев што да и кажам. Планираат жената што работи кај нас да ја стават од 6и15 до 10ипол, потоа да седам јас. Од една страна едвај чекам , од друга страна имам некој страв да не ме заборави малата знам глупости трескам ама се некои такви мисли ми се вртат во глава. За градинка тука во Грција е друго, до 2-2ипол години не планирам да ја праќам , сакам прво да ја одвикнам од пелени па после.. На работа ќе бидам 5 часа па се договараме пола мм пола свекрва ми да ја чуваат..
Ај да пишам и јас дур сум овде Испратив маж на работа, па на раат си исчистив купатило, машината за садови ја накрцкав и ја пуштив. За алишта сабајле, да не им тропа на децата. Сега си седам в дневна во тишина и уживам. Напорен ден ми беше денес, а од дома не излегов и сфатив дека баш тогаш на крај од денот сум најуморна. Па и како тазе сама домаќинка се само наоѓам нови рецепти благи солени па маж задоволен, сум го изненадувала. Хах, чекај допрва За на работа шо спомна @koritsaki исто не знам кај да терам. Мајка ми ме праша пред 1 недела кога планирам да почнам, а јас не знам. Не сакам да користам да си седам дома и да чекам плата, а знам со кризава дека едвај и за то имаат. Ич не сакам да ги носам кај свекрва ми па ај бев 2 дена на работа со децава да видам како ќе е и шо да кажам, лудница. Плачат, вриштат, се бркаат, дојди еден дојди друг, јас рачунам, пазам да не утнам...се вратив дома со главоболка. И најтрагично е шо на крај вистина ја утнав работата и се пријавив на погрешен тендер. Си се изнаплачив, уште ми е криво шо не проверив убо. и така денојте си поминаа јас уште не знам кај да терам. Изгледа сепак ќе морам едно дете да ѝ носам на свеки. Туку не стигнав да пишам па и да почастам за првиот роденден на бебе мое. пред 2 недели му беше, си прославивме домашно со кумовите, бебе весело и без плачки, се изнатрча. Зато пак големиот беше со драми и не сакаше ни да се слика. Ќе видиме на неговиот во понеделник каков ќе е. Цела недела зборува како ќе дувал на свеќата, а на внук ми не ќе го оставал зошто веќе дувал на свеќата од брат му и неговиот роденден поминал. Ко навиен ми е цел ден дрдори. Прееска пола сат ми раскажуваше работи од некогаш шо ги запамтил, јас мижам демек спијам тој ме чепка "ама мама слушај ме". После ме изнасмеа ми рече "мама ти немаш брада, а и не си голема колку тато" дека татко му цел кревет му го зафаќа. Ама морам да го пофалам дека од прв ден ко дојдовме спие сам во неговата соба, многу ретко се буди ноќе да го земам, па и на сите им кажува дека имал своја соба и таму имал играчки и спиел на перница со сунгер Боб шо му ја навезал дедо му. Па и ако дојде некој прво таму го носи да покажел. Ај доста беше, да каснам нешто благо и да си легнам. Одамна немам јадено олку касно ама ми дојде сабајле и само благо ми се јаде. Добра ноќ