Добар ден Што убаво станало катчето со новите мајки Јас се враќам од работа, пола нос ми диши, пола ми е затнат и ми тече Нема вирус што ќе го фати малата ,а да не ја дружам Вчера имавме хорор ноќ,страшна. Добро е преживеавме и јас и малата Прво бев на ендокринолог и ми дадоа инсулин заради скриен шеќер .Кога ми кажа советничката прво ме облеа топлина, па сакав таа што ми кажа да ја треснам од масата,какп таа да е крива , ама полека си легнав на брашното ,па дури имав храброст и се боцнав сама Си дојдов дома оти малата дома настината од петкокот со растечено носе и почна да кашла во неделата вечер.Не ми изгледаше болна ама ради кашлицата, мора да седи дома.Таа има полипи и затоа често кашла.Беше свежа без тт и мм ја однесе во понеделник на доктор.Нејзиниот доктор вработил 2 нови докторки.Новата не ја познава и и рекла дека е бронхит.Дала салбутамол да инхалира. Цел работен ден се бунтував мм да не ја инхалира оти знам дека не изгледаше детето на болно.Мм ја инхалирал и се раскашлала многу.Кога си дојдов од раб прашав која возраст е новата др.Мм рече накај 50 години.Добро си реков не се бунам штом е возрасна има искуство.Така мм ја инхалираше.Подобрување нема. Вчера си дојдов од ендокринолог и таа кашлаше го прашав дали ја инхалирал како немал време дрн дрн.Добро велам поткашлува малку. Седнавме да вечерам мм сечејќи леб си го забоде ножот во рака Па почна да тече крв насекаде.Среќа имам еден спреј за поведи на детето па го шприцнав без да го пече му се смири крвта. Јадевме и отидов да ја легнам малат.Легна кутрата и почна хоророт.Кашла и не може воздух да земеШтом заспа пак се разбуди и плакаше.Мм се изнервира и почна да ме обвинува дека не му дава да ја инхалира инаку до сега ќе била здрава Он цел ден со детето еднаш ја инхалирал мислиш со мене си го носам инхалаторот. Зема ја инхалира.Дете почна да се бори за воздух полошо уште повеќе кашла .Само плака и вика мамо.Јас ја зедов и ја ставив на стомак и се надевав дека нема да му биде на бебето нешто.Одеднаш почна да ми се слошува на мене.Почнав да се тресам и осеќав дека се губам.Ја дадов на мм , а јас отидов на да легнам во спалната .Се тресев без да престам и многу ми се повраќаше.Не можев да дишам па отварав прозорци ,а малата не престануваше да плака.Пробував со нешто да ја залажам ама таа само плакаше и сакаше да спие.Почнаа киселини да ме фаќаат и сакав сода да се напијам со вода, ама одеднаш многу ми се преповраќа.Отидов и се истурив . После бев многу подобра.Малата не престануваше да кашла и беше веќе накај 12 :00.Нејзините будења беа хорор .Со кашлање плакање и неможење воздух да си зема ,поврна неколку пати шлајмови.Мене веќе многу ми се спиеше што ја легнав во спалната до мене и двете заспавме.Мм дојде накај 4 часот и ја премеси.Спиев по пола час полубудна Сабајле станав се спремав и отидов прво на контрола за бебето па на работа.Многу ми е криво што мм не е до мене за заедно да го гледаме бебето.Ама тоа е корона.Важно бебето е супер, си расте и напредува супер, ми кажаа и дека е пак мома Каква слика ми направи докторката на лицето што на сите ја пративСо големата немам ваква слика и затоа се изнанадув многуА и дада и тате се израдувале .Дада рекла дека многу е убаво нејзиното бебе Сега свртена е карлично ама се надевам дека ќе се сврти има време @Monella ништо од нашто "сваќе"Ќе одиме ли на трето, па и на четврто додека не се осватиме Море јас и 10 да родам се женски ќе бидатЌе мора ти машки да раѓаш Забегав знам @babyboy1 да ви се множат годинитеМногу убав пар сте со мт Мајки претерав со должината на посто знам.Затоа ќе се самоиспратамИмајте убав ден
Уште една лепотица а? Или ти само женски раѓаш или на мт нешто не му штима (шала) А да си се викаме ние сваќи и така, без да се осватиме а? За раѓање стари ќе да сме веќе @Alishan30 темата е овде кај бебињата ,,Напредување во висина и тежина''
Може зошто да не,несудена сваќеАма кога Мари нема да е тука и сваќе ќе те викам Здравје да се роди па ќе те земам за сваќа и така се женски се бебињата во 2020 и пола 2021
Како се справувате со гости што сами ви се најавуваат? Ај за поблиска фамилија преќутувам, ама еден куп пријатели ми се најавија, сите посебно да идат, а детево нема ни две недели. Нит јас можам да средувам по дома и да чекам гости, ниту пак се осеќам безбедно за луѓе да ми се доближуваат до детето. им кажав на сите дека сум болна, тоа ќе ми даде малку време, затоа што сум глупа и ми е непријатно да им кажам зошто навистина не сакам, да не се навреди некој. Што знам, јас никогаш не би напнала да одам кај некој кој штотуку добил дете.
Јас кажувам дека се пазиме од корона и сезонски вируси, мало ми е бебето веќе фати стомачен вирус и не сакам да ризикувам. Вистината. Знам дека е непријатно ама само првиот пат ми беше тешко, после без проблем сите ги одбивав. Мора така. Си дојде другарка од странство со која се немам видено година ипол минимум, ни трудна ме немаше видено. Му изнакупила поклони на бебето, стварно планирав да се видиме ама кога ја видов на инста со колку луѓе се гледа дневно и кај се не отиде, и се јавив и реков дека не можеме да се видиме, убаво и објаснив. Нејзино право нормално кај сака ќе оди ама мое право е да ја одбијам.
Kazi si direktno deka ne primas gosti i gotovo.Jas 10 dena po poroduvanjeto neznaev dali sum na nebo ili zemja a ne pa gosti da cekam.I sega vo koronata direktno na site si kazuvam.
Дома доаѓаат (еднаш неделно) бабите, дедовците, вујче и вујна. Кумови и 3 мои другарки го видоа еднаш, сите посебно, надвор по пола саат кога шетавме додека ми е во слинг марама. Секако секој ден шетаме кога има сонце, а во марамата нит може некој да го допре, ни да го држи.. секако сите сме со маски цело време, тоа не мора да потенцирам.. Кај нас никој не инсистира дома да ни дојде, а некој друг освен горе напишаните ќе го видат понатака.. сега само на слика. Ич да не се замараш, се знае што е најбитно во моментов, ќе си кажеш фино лепо
Јас со мајка ми ,татко ми и брат ми не се видов две недели после пораѓај ,а не па други да примам .Ич без да се замараш отворено кажи им дека бебето е премногу мало и дека не сакаш да го мешаш со други луѓе.Нема никого да навредиш сите се пазат треба да те разберат.
Јас очекував свесност од нивна страна, ама многу наивно гледам на работите, ништо ново. Детево не беше ни една недела старо, писнаа да ми пишуваат за доаѓање. Тука никој не се потресува за корона, а мене, кога станува збор за детето, од се' ми е страв. А ќе сакаат сите да го подржат, па ќе му дишат, ма бегај.. .
Добро утро мајки. Кој е за кафе? Слабо, јако, горко средно благо секакво има. @Ava.84 нека поминува брзо и до снашката @babyboy1 значи овие стариве со цел памет се да прават слави во време на корона. И мојве почнат да се спремаат ова да се готвело она. Колку гости ќе имаме незнам ама си беа и мојве по слави летово, есенва. @PurpleMind снаа ми се породи на почеток март, бебуш го видов ко си дојдоа од болница и после дури 1 месец го видов. Тие ми викаат да одам ама мене страв ми беше да не пренесам нешто. Плус и прематурче е. Вторник е славата гости сигурна сум дека ќе има.... Пак на ново треба да зачистам ако можам денеска да средам две соби супер ќе биди. Денеска во план мекици Три дена се спремам да правам ама никако да дојдат на ред. Брзи се ама јас пак два дена се расправав со пиперки и ајвар. Но овој пат беа 25 кила, помалку од минатиот пат имав помош пак за лупење. Маже почна на работа и да ви кажам могу ми е грдо дома, си се навикнав да си бидиме тројцата заедно, да се будиме тројцата, да се гушкаме.... Маже денеска ќе си дојди дома па да излезиме да купиме ламинат за во ходним. Сакав плочки но Маже ме предомисли. Среде ходним врви одводот и утре да пукни треба да се крши а ламкнатот се вадел. А и дете си има навика да си лежи по земја па така по топло ќе му биде на ламинат од плочка. Лежам подвиткана со кебе Да станам оган да запалам И кафе да си направам додека ѕверчево спие. Убав ден.
Мајки да ве прашам ние пред 3 дена ја примавме последната вакцина ни рекоа друга вакцина дури кога ќе биде предшколска возраст и одкако ја прими вакцината не сака ништо да јаде леб само и благо дај и и смоки и сок, а вака друго не сака вчера и дадов риба ослич и ја исецкав убаво сакаше ја јадеше ама друго не дали е од вакцината нешто или нешто друго е?
Ај здраво на сите Не пишав неколку дена, не дека немав време туку нема ништо ново за кажување, ми здосади веќе секој ден едно исто.. @Presrekna, @Ava.84 благодарам да сте здрави и живи @24.07 ние не одевме по слави досега ама еве свеки се спрема да собира, јас и кажав дека не се враќам додека не си го завршам спратот горе, а тоа е тек пред Н.година па таа нека си чека и со 200 гости ако сака.. И на моиве му е сега славата ама нема да собираат дека сме ние тука со бебка па ќе бидиме само домашните + свеки и свекор.. Толку од мене одам да спремам ручек за бебка..за нас има од вчера, сите се прибраа касно и никој не јадеше па денес истото ќе го сервирам
Добар ден Мајки Бебка цела вечер во сон плаче, ја кревам во раце, цицето во уста и прекинува. Не сум наспана. Маж ко мртов. Не ја слуша дека плаче ,затоа сабајле нервозна се разбудив и му се развикав. Значи до толкууу да се немало осет, да стане, да ја нишне. После се смиривме, ама ај. Се чеша на вратчето, од лигушките ли или од топлото и се прават ко мозолчиња. Мачкам една маст, да видам дали ќе помогне. Прееска ја изнесов надвор, се радуваше , се измори и сега заспа. Ама додека заспа пукнав. Кичма ме боли од сега, а што ќе биде кога ќе стане потешка. Тоа е кога цел ден е кај мене во раце. Во 4ти скок сме влезени,се приближуваме до громчето. Ќе преживееме Ручек нема денес, што ќе најдеме во фрижидер тоа ќе се јаде. Свеки прави ајвар. Може тоа да се касне Имајте убав ден
Добар ден мајки Ај и јас да шкртнам нешто. Ние со синко сме спанковци, си спиеме до 11ч Па додека се спремам јас, додека го облечам него, доручек, ваму таму и поминало времето Сега синко тера дремка, да стане и ќе одиме до надвор да се прошетаме. Многу проблем ми прави што не спие сам преку ден, мора јас да лежам до него, чим се мрднам одма очи отвара Сакам едно кафенце 10мин барем на раат да испијам и едно цигарче.... Знам ќе ме карате ама еве последнава недела си палам по едно. Во бременост не запалив, претходно исто не бев кој знае каков пушач, една кутија секако по 10 дена и више ми траеше. Реков не пушам додека дојам ама коронава ме утепа... Брат ми е позитивен, т.е. беше, утре искача од карантин. Многу стресно ми беше, иако дечково немаше ниту еден симптом. Цела среќа е дека девојчето со кое бил уште сабајлето после нивното видување касно вечерта ( ) кренала темп. Му кажала одма дека оди да се тестира да внимава со моите дома и со сетра ми. И така брат ми останал во соба, јадење му оставале пред врата и девојчето испадна позитивно. Се истестира и брат ми одма и он позитивен, но за среќа ништо не му е. Ама тоа не е се Во исто време зетот (на золвата маж и) кашла, темп и оди и он да се тестира дека дома имаат мало бебе 1 месец. И оп и он позитивен Таму беше и свеки и помагаше на ќерката и они беа сигурни дека се позитивни. Ама негативни се, фала му на Бога. И како да не запалам една? Од оваа коронава ќе збудалам. Ајде доста беше прикаски, убав ден ви посакувам
Ставив кафе и дojдoв да ви кажам мнoгу рабoти Oктoмври ми беше баш гoлем пресврт, нo за убави рабoти Првo рoденден на мама (мене), една гoдина пoстара, лани сo бебе вo стoмак, а гoдинава заеднo ги дувнавме свеќичките. Татo не изненади уште ранo наутрo сo тoрта. Следниoт ден чекав да дoзнаам oдлука за една рабoта штo мнoгу дoлгo jа чекав, тoлку jа пoсакував нo ете неjќеше да се случи. Вo мoментoт дoдека чекам, мм ме убедува да направам тест бидеjќи веќе 10 дена дoцни. Нo бев сигурна дека нема "не планиранo" бебе, бидеjќи престанав сo дoење и пoврзував сo тoа. Пoпуштам да направиме тест и oпппп две цртки... Тoа беа премнoгу измешани емoции, мм се израдува ,а jас мoже и себичнo изреагирав. Oд една страна бебе сo гoдинка направенo ,а другo веќе на пат. На душава ми стoеше дека не и се израдував и пoсветив на малата. А и вo главата ми стoеше дека сакам деца на 3 гoдини разлика. Искренo се плашев и за сама себе една гoдина пoминатo oд прирoден пoраѓаj дали е дoвoлнo. Пoсле oваа вест стигна и пoтврда на првата вест штo дoлгo jа oчекував па денoт беше дoста вoзбудлив. Ете за oва не се израдував кoга дoлгo пoсакуваш нештo ,а гo oдиш тешкиoт пат веќе не ми беше тoа штo мислев дека ќе ми биде. Барем си гo тргнав oд глава Пo некoлку дена oдбележавме крштевка и прв рoденден на бебе, сега веќе е девojче. Тoлку е мила и крoтка, се надевам нема да смени oд кoга бебе брoj 2 ќе ни се придружи Мнoгу ни гo смени живoтoт на пoубавo, тoлку мнoгу се сака дете, мoжам цел ден да jа бацувам, гушкам и да не се наситам. Секoе станување се бута вo мене сака да се гали. Jагне мoе Маjки има ли некojа какo мене сo тoлку мала разлика, ќе бидат некаде 1 гoд и 8 месеци... Какo се справувате? Вo пoнеделник идам да гo слушнам и тoа срценце, на првиoт преглед сеуште немаше срцева акциjа беше мнoгу малo. Самo се нека биде вo ред Среќна сум штo барем дoма бебе ќе чувам и вo ситуациjава нема да иде вo градинка. Мoра oвие месеци максималнo да и се пoсветиме Ве гушкам и убав ден
Глејте вас како ви одговара. Кај мене единствено мајка ми доаѓаше за помош кога излегов од болница. Но ја пратив да се тестира пред тоа и се изолираше дури ја бев во болница. Другите беа на 15м да го видат од тогаш никој нема дојдено нит свекор ми нит свекрва ми. Седам дома од фебруари заклучена ако требаше сите да ми се акнат дома и да ми сњ џапаат за бебето боље ќе шетав ќе терав одмори летово ќе си идев по кафани... Затоа одлучивме дури е вака ситуацијата и дури бебето не створи имунитет само ние. Еве дури ми се чудат дека не планирам црква на 40 дена. Има време и гости ќе тераме и родендени и повојници ќе помине и ова
@Larahappy честитки за бременоста, дај боже да е се во ред и лесно да истерате до крај.. Јас сум разлика со брат ми 1год и 9 месеци и ептен сме блиски, заедно растевме и во исто друштво..убаво е да се на мала разлика @Butterfly1107 оо што убаво си спиетее ние од 6 на нога сме.. @Kate Rina 93 не ми кажувај за нестанување на маж..Мојов го сеќава и ако јас не го сетам ме шиба за да станам, а трева само да се пресигни и цуцлата да му ја врати в уста ни да станува ни да нишка...ама господинот не му го знаел редот, па како ќе му го знај ко дреми со тел. В раце и не гледа јас како и што правам..Сум се карала ама џабе пак си тера така...
@Larahappy Среќен роденден на убавицата баш се израдував за тебе, честитки и со лесно бременоста, јас и брат ми сме разлика 15 месеци , заедно ќе си пораснат. Ќе си има друштво , мала разлика е поубаво , моите девојчиња се 8 години разлика, и големата не ја ни ферма малечката Како ја одвикна од цицање? Моево се одвикна од цуцла лажливка, ама не и од цице..
Кратев пoдoj пo пoдoj, за дневните не ни беше прoблем ама нoќите беше плачки пoсле третата нoќ се навикна. Таман пoчнува да jа врзува нoќта дoаѓа бебе брoj 2, па jас ќе се наспиjам за еднo 2 гoдини Иначе каj нас тешкo ќе иде сo цуцла лажливка jа oбoжава