Еј и јас ова го пиев! Исто како алкохолно, нели не смее мајка доилка ичччч алкохол, ама мерак со мм да седнеме да се напиеме, а и јачменот добар за млекото. И кога беше најжешки ќе донесеш мраз ладна лименка и мислам се препородував. После 21 месец доење, си порачав Траминец. Ауууу колку убаво.
@Larahappy честитки мајка со лесно да си ја износиш бременоста. Без гајле ќе пораснат оддеднаш. Бебе спие, јас да ве видам како сте. Синко во соба онлајн средба со друштво има. Што доживеавме? Мм уморен дреми пред ТВ а јас никако да и се нагледам и наљубам на бебуш. А работа ме чека додека спие. @Ava.84 не знаев дека си бремена пак. Со лесно и на тебе и со помин да биде се. Морам да одам мајки ве поздравувам
Пет месеци го пијам пивово секој ден по една лименка, јачмен се сторив Како нељубител на пиво најпрвин ми беше сеедно што го пијам, но почна и да ми се допаѓа, па со мерак си сркам, ритуал ми стана пред легнување
Ноќ мајки, јас сама во салонот си полнам батерии, маж и ќере си спијат, јас под клима БОСА се топлам, а ми студи, ама ме мрзи да одам чорапи да облечам. Добри сме, денес ќерче виде видео со децата од градинка па за малку да се расплачаше зошто она не одела во градинка. Па земавме да спремаме нешто за вечера, и направив едни лиснати полнети со пица фил, преубави излегоа, следен пат ги правам големи да бидат за доручек. Ги викнав свекор и свекрва поседивме сите па ини си отидоа долу, па ја заспавме госпоѓицата па време за мене и мм да се видиме малку, оа и него го испратив горе и јас со музиче и телефон се релаксирам. Утре на мени пешачење, на главно мени тавче гравче хихихх ко воли нек изволи. Честитки за мајката која е бремена, ако ти се мала разлика, можеби и подобро, на еден мастраф ќе ти пораснат, но и ќе си бидат другарчиња. Никогаш нема да си се сами, секогаш ќе си имаат другарче. П.С. Изгледа ПМС почна да си го прави своето изедов 4 коцки чоко бисквит за помалку од 5 минути и би јадела уште... проблемммммм
Без мака на сите им кажав убаво, дека се извинувам ама поради целата ситуација не можеме да се дружиме. Е сега не дека никој немам примано дома ама тоа е проредено,проредено. На мене не ми беше никаков проблем,мм малку се стегаше,па кој го прашаше ќе му кажеше ако дојдете. И дома кавги за џабе,ние веќе сме 4 месеци и дома уште никој не доаѓа. Раат,пиџами по цел ден.
И ние сме исти,дадата во нејзината соба на настава а јас со бебето. Се трудам тој да е погоден со се и да не плаче а и да слушнам нешто од предавањата ама тешко ми оди. А таа на секоја пауза доаѓа во дневна за да си го бакне братчето. Милина за очи.
@Larahappy честитки, со лесно да поминеш, се ке си дојде на свое место. За секоја работа има висини и падови па и з ова. Можеби на почетокот ке биде малку тешко да се справиш со едно бебе и едно многу мало дете, ни после ке биде мноооогу полесно. Ке бидат најверни другари...поддршка најголема....тогаш мама најмногу ке ужива, ке биде побогата со уште едно срце покрај себе
Кај мене беа моите, свекорот и свекрвата и сестра ми. На другите им пратив слики Јас добивам паничен напад кога некој ја држи и и дише у фаца, уште е мала, сега направивме 2 недели. Знам дека на сите им е мерак да ја видат и да ја подржат, ама сепак треба ограчен контакт, не само заради корона, бебето уште нема развиено имунитет. Башка јас сум со рана, имам вртоглавици, не можам да стигнам да средам ништо по дома, уште гости ми фалат. Додуша сите што ми честитаа рекоа ќе дојдат кога ќе.стивне ситуацијата, немам "падобранци" фала богу
А да ве прашам, на страна од коронава, исто не би примиле никој? Имунитет без соочување со светот не се ствара, имунутет од лежење дома и криење од надворешноста нема, имунитет е всушност отпорност на надворешните влијанија кое се стекнува откако организмот ќе се соочи со нив. Пак ќе споменам, на страна од коронава. @BeLLaDona23 имаш вртоглавици зошто лежиш, штом станеш ќе ти помине се. Се извинувам вака директна што сум, ама бебињата во стаклено ѕвоно ако ги чувате ништо не праите. Не викам свадби дома да викнете да праите, ама не и да ги изолирате максимално. Скроз друга приказна е коронава, прематурчиња и слично, зборам за здрави прави бебиња и нормално однесување. Изнесете деца од дома, дозволете им на најблиските да се радуваат со вас и одржувајте дистанца и хигиена, доволно е.
Таман работа во стаклено ѕвоно, да видиш колку му се вкусни теписите дома Да не беше короната првите 2-3 недели пак немаше никој да примам од себичност зашто ќе го сакав само за себе Плус лежев цело време, рана, се учеше да цица едноставно се осеќав за никаде физички, секој ден се туширав и пак смрдкав После тоа веројатно ќе ги примев сите блиски од фамилија и најдобрите другари/другарки. Толку. Понатака секако ќе се дружевме со луѓе многу почесто, како и пред да се породам.
А зошто не го изнесуваш надвор? Зошто надвор не се видиш со другарките пример, во парк, спреми некоја закуска, бебе во количка и во парк. Јас така би направила на пример. А зборувај ми за цицање, навикнување, рана... Царски бев, за 12 саати станав и не седнав еве 4ипол години поминаа. Јас не доев, ама затоа првиот месец се учевме секој момент да цица и не и не и не сакаше да цица, па си се молзев на секои 2-3 часа и пак дома не се прибравме, 2 пати на ден бевме надвор. Дете во количка, само што сум се измолзила и надвор 2-3 часа, па брзо дома да се и измолзам. Сите смрткаме на почеток, ама тоа не значи дека не треба да се видиме со луѓе. Ајде сега со дистанца, па пак гледам луѓе. Оние кои им значам и маска ќе стават за мене ако треба. Те прочитав некаде свекрва ти не дошла, мајка ти си ја терала на тестирање... Животот не е 2 саата, 2 дена, 2 недели, 2 месеца, па ни 2 години, треба да научиме да живееме со сите притисоци и предизвици и проблеми. Недајбоже да е нешто што е животозагрозувачко, не смее никаков контакт, ама друго се може да функционира најнормално.
Ај не зезај. Едно е да излезеш надвор, друго да се мешаш со луѓе. Нит надвор, нит дома се гледам со некој. Да не е корона еееее, што планови имав Бебе нана, друго аздисува, мајка уморна куќава ќе прооди, ама нема кога д се фати саглам. Само ко мачето со опавчето. Жена ми е страв да викам. Ееее како фино си го замислив овој период, ама короништево се поремети. Убав ден денес. Уживајте мајки.
Буквално исто се осеќам! Ќе ми го држат детето толку души, ќе му дишат... реков дека сум болна, се осеќам како да имам температура, па кога пратив стара слика од мене со бебето, добив дрзок коментар: не изгледаш баш болникаво... Нит имам енергија да седам со луѓе, нит можам да седам, сѐ ме боли, а и станов ми е калакурница, немаме кога да го средиме. Не сме седнати како луѓе да јадеме, не па друго. Не знам што да речам, ме нервираат кога напињаат за гледање како да нема утре.
Ама никој не вика да е меша... Што знам, другарки баш би сакала да се радуваат со мене, ќе го спакувам у парк и ајт. Нема да фати дете корона ако го изнесам на воздух.
Камо среќа со станување да ми поминеше вртоглавицата, досега ќе бев излечена Кај секого е различно, јас имав тежок пораѓај, имам ниско железо и проблеми со притисок...на страна сето тоа, да не беше коронава може немаше толку да се чуваме, ама има време за развивање имунитет, нека пркне малце барем месец дена, па ќе ја видат сите. И на мене ми се шета и ми се дружи ама ситуацијата е таква, нема зошто да се лутат.
Ама јас, мм, дете може да фатиме. Ние сме секој ден надвор, сами 4цата. Да се гледам со некој, не би.