Вечер Momsters Маж одмара неделава па се пуштивме на малку шетање низ островов, кога не може подалеку. Бебла сеуште не спие ноќе, па за нејзините 8475379 будења маж беше задолжен да се погрижи, за јас конечно да поспијам малку, бар колку што бандитка дозволува. Приметив дека скоро цело време ја облекувам во тренерчиња и фармерчиња, па ми текна дека една тетка од маж ми, и прати фустанче пред доста време кое тогаш беше големо. Го најдов и го исправ, а во меѓувреме купив уште едно. Па денеска ја исподотерав. Моето мало совршенство. Кој што сака нека рече, без разлика на мал милион партали по дома, ама девојченце во фустанче е посебна емоција. Утре повторно тренерчиња. Нови. Оти го пратив маж по леб, а тој се врати со тренерки, чорапи и панталонки за бебле. Ги сакам овие денови без обврски. Се будиш и правиш план само за денот и тераш. На страна целата пандемија и се околу неа, сите бури и невремиња, оваа година и некој месец, комплетно уживав во својата кожа. Дишев со полни гради и низ сите пори на телово. Инспирација за постоење наоѓав во сите битнини и небитнини, а и неретко и таа ме наоѓаше мене. Деновиве имав и повеќе време за набљудување. Стоев на страна и без да трепнам гледав како се поврзуваат еден со друг и со секој нареден здив уживам во нивната врска. Секогаш се трудеше и ми беше добар дечко, а потоа и сопруг, мене. Сега гледам како секој ден расте и се учи да и биде добар татко нејзи. Мојата комплетност на овој свет. Денеска накитивме елка. Малку порано. А официјално божикната атмосфера ја почнавме со филмчиња и песни уште пред една недела. Нек иде живот.
Женички колку е саат а ние дома сите сме поснопица, се промени саатот и ќерче стара шема тера, рано станува рано легнува. Јас добив нов телефон, уште во истражувам но добар е. Нешто ми е преубаво дома со мм и ќерка и ги обожавам тие ми се се! BTW прередив мои плакари какви се смо за на слика, дур ќерче не реши дека во плакарот треба д се крие... Ама ако нека и јас сум се криела во плакар., верувам и вие. Денес прошетавме со. Мм и детуле о, срцка е скроз, исто како кај @TarantulaA и кај нас се бара бебе на големо, но ете не ска и баш денес ми е денот за добивање и осеќам утре ќе добијам, тоа е природа ако сака ќе биде ако не неможам ништо тука. Ајде добра ноќ јас ќе правам планови за утре!
мајки. Испратив мали на спиење со дружината. Топче, бебе мече, Цуки и полжавчињата (во кутивчето). Најверни другари му се деновиве. Со нив заспива, со нив станува Јас се истуширав и во кревет, па да ве поздравам. Не дека имам нешто паметно да кажам, ама да не ме заборавите. Секое утро ме буди едно прекрасно Мамо. Си го земам со мене на спална и ги имаме најубавите 15 минути во денот. Па уште кога ќе ми каже мамо насмеј се ми доаѓам да го изедам. Така и се шалам со него понекогаш, му кажувам дека ќе го изедам и ќе си го земам во меше од кај што излегол . Денес после доручек ќе си боевме, ама он не сака ни линија да нацрта. Треба да е ептен да е расположен за да боиме. Е ама денес не беше од тие денови. И нормално дете е. Само незнам како јас да се научам да не се нервирам кога не сака да соработува. Денес си поплакав дури (зошто дозволувам да се изнервирам од ваква небитна работа и да му се налутам). Знам дека не сите деца имаат афинитети за сите работи. Само понекогаш си мислам дека намерно ми прави некои работи. На пример кога реди сложувалки, првиот пат си реди со мерак. Вториот пат (иако било на негова иницијатива) веќе почнува да забушава и да прави се наопачки. Како да сака да привлече внимание. Незнам може и нормално однесување е, ама како благ контрол фрик, вакви работи ме иритираат и знам да му се налутам за глупост. Не викам или го карам, ама сама си ја осеќам лутината. И така ќе се тргнам на страна за да ми помине или ќе си поплачам и потоа продолжуваме со денот. Инаку со коронава како времво да застана. Како животов да ни сопре за одреден период и сеуште не се гледа кога ќе продолжи. А станува се пострашно. Другарките сум си ги видела 1 за овие 7-8 месеци. Некои од блиските, само ако случајно се сретнеме, па муабет од нога на дистанца. Единствено со моите кои морам да ги вклучам зошто инаку детето ќе ми остане дома не прошетано. Го зимаат кога можат додека работам да го прошетаат. А и они сакаат да го видат. @0ли кога те читам се навраќам на првата година со мали . Дете кое само што ќе излезев од влез заспиваше во количка. Уживав во долги прошетки и ги користев максимално. Така се полнев со енергија. Сега имам мал палавко, кој го обожавам иако последниве денови е станат и по малку лошко. Ако не добие што ќе побара, одма удира со ноџето и почнува да се кара и да вика. Како старо мало е на моемнти. Не сакам да го карам зошто знам и дека целава ситуација со изолација му влијае. И тоа што не гледа дома, а не можеме да му обрнеме ни 5 минути внимание понекогаш прави да е уште полошо. Стварно не можам да го прежалам, ама па и не би му го ризикувала здравјето. Малку хаотичен ми е постов, ама такви ми се и мислите во последно време. Имајте убава ноќ мајки.
Добро утро мајки и немајки(како мене ) кои на бебе од 6 месеци не му давате да јади и го изгладнувате со кашичка од 100грама зеленчукова или овошна, додека баба смета дека е спремен да крка манџа Бебка тера прва или втора дремка оти презаспа во 7, па незнам која му е Маж и во недела не е слободен па така денес дома ќе седиме а времево милина. Ај можи ќе заврши порано ама па свеки ќе дојди и пак нема шетање.. Како поминуваат деновиве и досредуваме дома за да се прибериме мене се повеќе време ми треба да се навикнам дека си одам од кај мајка, толку не ми беше грдо ни ко се омажив колку сега оти знам дека ептен се врза за малиов и тешко ќе и е, а и мене богами ама тоа е Како се навикнавте дека треба да се вратите на работа, а бебе да е со баба дома..Рано е имам уште 3 месеци ама уште од сега ме копка дека нема да го гледам по 8 саати и треба да го оставам со свеки. Знам дека ќе биди како што ќе кажам ама па 8 саати се, јас на 1 саат да излезам по 3 пати се јавувам да прашам не па 8 Бебка иначе супер е, мирен е и интересен си бара внимание и да го занимаваш по цел ден сам никако да се заигра па сега му смислив нова занимација видов дека сака реси (кај мајка има на прозорците) па иссеков ленти и му ги врзав на подлогата и ете ти мирно бебе пола саат Друго нема, а и онака не кажав ништо посебно и цел пост каша-попара го направив ама ајде ќе исполнам еден пост на страницава па ќе имате за читање
@babyboy1 ти барем имаш на кого да го оставиш и да те слушаат што и да речеш за бебе. Мене свеки прво не сака да ми го чува. Второ да се случи да го чува ќе го храни со чоколади,манџи и чуда (имаше неколку обиди,сакала да му даде малку крем на бебето) здраво било тоа за живците Ние одлучивме кога ќе ми заврши породилното да дадам отказ. Па да најдаме работа бебка кога ќе има година ипол. Да можам да ја носам во градинка Повеќе имам доверба во градинка да ја носам него на свеки
@babyboy1 и јас како @Kate Rina 93 повеќе имам довреба во градинка отколку на било кој друг Свеки мисли знае се, а уствари ништо не знае. Кога беше бебе навистина ми се најде за почеток ама сега тропа глупости и воопшто не ми се допаѓа како го чува. Никогаш и го немам оставено ни минутка, кога го држи ја следам со поглед. Сигурно многу се нервира ама тоа е... Малце сум посесивна во врска со беба Ај доста ја оговарав Денес си одиме дома, од средата сме кај свеки, доста е. Одморив малце деновиве, кога спиеше бебе спиев и јас. Ме чека турбо недела, треба да испазаруваме со мм се што фали за беба. Да испазарувам за мене за новиот план за исхрана, со кој се надевам ќе симнам некое кило Во зависност од обврските оваа недела или следната почнуваме со дохрана. Спремен е синко, кога му ги давам оние омега капките се тепа, лиже, сака уште А тие на бара ми смрдат мене Толку од мене, не сум интересна. Убав ден женски
Утро мајки! Или момстерс што би рекла Јовка ПМС ме дрма, сабајле дете се влече, дома хаос од што донесовме само и шлапнавме на среде ходник, соба, дневна се, ништо не средивме пошто моравме да се бањаме и кај баба на ручек роденденски. Се ми стои дека ова последна собиранка ќе биде, не дека се собираме 10 души, баба и ние, евентуално тете, ама нема веќе, осеќам. Почнуваат онака живците да ми вибрираат, онака лагано, тенко што би рекла баба ми покојна. Ајде уште некој ден ќе добијам ќе помине. Почнав да се филмам дека сум трудна веќе 3 месец а си добивам редовно, стомакот ми е баш труднички, имам дури и мачнини, ама тоа излезе дека е од бубрег. На 2-3 месеци ми е вака, мачнини, гадење, па оп бубрег ме тишти. А стомакот, си вратив 2 кила од тоа што симнав јер костени бато, е костени, секој ден по килце си кркаме. Дете љуби га мајка научил една песна народна и една турбо фолк и пее ли пее, не бира ни време и место. Којзнае во градинка кој филм им го прави. Моментално се фалат ептен од него. До скоро се жалеа дека јаде бавно и не спие, сега е супер. Има една другарка со која се петок и сабота, нон стоп заедно, и после градинка се договараат да се дружат децата, ама знаат и да се поткачат. Последниот пат мајка и ја казни додека бевме кај нив и другиот ден се зарчкале. Утрово се сретнаа на одење накај градинка, пак се подбраа за раче до градинка. У село викендов, нејќев да одам ама искрено одлично си поминавме. Си направив една салата зимница, се прошетавме низ шума, дете набра некое кило коштанчиња сам, оревчиња, меракот да му пројде и се изнаспавме. Нормално дека пак се борев со пајачиња и скорпиички, залутани такви уште што не им е ладно. Едно сабајле од 5 до кај 8 со едно око спиев, чекав едни 3 да ги смачкам. А и лисичка ни крадеше сапун Ме исплаши убаво една вечер, ама изгледа и јас ја исплашив неа па го зџапа сапунот. Доста беше, ако продолжам ќе зборам за лошово што не снајде а не сакам Оти лошо е. Убав ден!
Добро утро и од мене и ластовичката моја Ме разбуди едно раче кое удара по мене, и се изместила до мене да спие ја пресоблеков, измив лиценце нејзино и момето го имаше својот доручек-мајчино млеко потоа ме гледаше и неколку пати ми се насмевна дур и ги раскажував денешните планови. Имавме преубав викенд, дојде даде нејзина и многу убаво си поминавме. Ја чуваше, ја галеше, ги облековме во иста облека па ги сликавме заеднобеше многу весело. Даде не е многу голема (19месеци) но таа на моменти сака да биде бебе како Јована, на моменти ја чува а на моменти сака да седе во транспортерот на бебето, во кој не ја собира. Ние се изнасмеавме за нејзината реакција кон бебето. Многу убав викенд, за жал брзо помина. По цели денови сме сами ние тројца, барем ваквите кратки моменти многу ни значат
Дали може некоја мајка од прилеп да ми пише лп или еве ја повикувам @24.07 да ми пише јас пробав ама не можев
Гледам на полноќ колумната ја објавиле..... Тешко и некој да ја види. http://www.femina.mk/колумни/сензорни-авантури/како-да-започнам-со-активности-за-моето-дете Мали совети за организација и фина моторика
Ноќ мајки Активност на ниво на темава Цела среда ниту еден пост не се извезел, а јас дури пишам петок ќе фати, па и четврток ќе стои празен Бебе почна да забушава со заспивање, му се спие и се, но не дава светло да изгасиме. Финтата е да го изгасиме, а кога е изгасено слободно можам да бројам до 10 и он веќе е потонат Па не така, па вака, па ајде уште малку да си поиграл, па уште 5минути, па сакал да јаде, па да грицка.. Заспива и ме фаќа за нос, па знае и да ми го затвори, па дишам само на уста, а уз тоа бара да го чепкам или масирам за ноџе и да ја пеам полека (тивко) Калинка Мм ми вика како ги воспоставувам процедуриве, таман се откажавме од нишкање, ново му текна, ама вие најдобро знаете, не е до мене Па на мм знае да му рече, не масирај така, како мами треба А насабајле цели процедури да стане барем во 8ч Пробав да го станувам во 7ч, јок бре, не се буди, фрла јорганче преку глава и си продолжува Денес успех ми беше 7.45ч го разбудив, утре барем 7.30ч да биде И до толку доста е, ами и мене ми се спие многу во 7ч И ваљда ќе се согласи порано да гасиме светло Не дека и седи до ниедно време де, ама па не си легнува кога јас сметам дека треба Вклопив некоја шема што ја тераме дури е ден, баш пред да стане темно се прибираме или кај 17.30ч. Цели 5-6ч ни се фаќаат да сме надвор Не прашувајте какви сме кога ќе си дојдеме Веќе не научија и имаш "ааааа вие пак на шетање", "зошто денес сте подраниле или задоцниле"... Едно 3дена по 2ч дремам пред едни цепаници дрва, бебе е воодушевен од "играчките" На луѓето им стојат на сред пат, не буквално ама не им се во двор и на нивно, па мојов си заклучи дека се ничиви и може да бидат негови Скоро на сите луѓе бебево почна да им вика дека се лоши или им се мршти или одмавнува со нога, рака Срамови, зборам и зборам, никој не го ни закача, од далеку ако му речат нешто, а овој се понаша како невоспитан скопјанец Има едни "осамени" лулашки, првин мислев ради Ковид не иде никој, па сватив дека децата искачаат само кога има сонце и е топло Така да бебе и за нив си заклучи дека се негови Едвај и да дојде дете, а кога ќе дојде одма се буни и по 5минути имаш, мами овде многу гужва ајде да си идеме.. Со Ковид и ок е што вака реагира, ама и се загрижувам, реално ниту сум му зборувала нешто, ниту објаснувала.. Моментов е, чим не може да биде само мое, подобро нека биде само твое Официјално ниту деца сака, ниту знае како да си игра Пустото па како и да му покажам, што да му кажам Него и откажа љубов на количката Можел он да си оди со нозе и да сме се држеле за раче Нооооо денес за накај дома забушаваше, па баш нели мораше тоа да биде денес и со тиква од 3кг да си идеме дома Среќа само некои 200м го поносев на ушки, па се убедивме да си оди Уште сме сами и ќе бидеме до не знам кога, може само ако ни се посреќи и некој друг станар да ни направи галама викендов Она тишина, тишина, со бебе си ги слушаме срцата како ни чукаат кога ќутиме. Е сега ретко ќутиме, ама малку шугаво е толку да е тивко, кога фрижидерот ќе ни забучи одма е подруго Првин викав дека не сакам ТВ, ионака дома едвај го гледаме, ама испадна дека он не гледал нас и тоа било супер Па мм го испратив дома со порака да најде тв и наредно идење со него да се врати. Не само што нашол, него и тука ќе го достават, што значи мм ќе стигне пред тв то Него имаме КАУЧ Убав е, најубав, односно како на сликата Едвај легнавме на него, што од мрза, што од жал изгледа, си продолживме да си спиеме на душеците Па кога конечно легнавме го ставивме бебе во среде. Леле која грешка Де му е тесно, де му е топло, де клоца, де пафта, па вода му се пие Ауууу раат немавме цела ноќ, дали дека сменивме, али мислам го сеќаше мм и му сметаше Сабајлето мм ме прашува како спиењето, у стил како душекот, абе иди бегај Па следна вечер го испаркирав душек до кревет и бебе на него, а ние се напрчивме на каучот Шок! Бебе не ни сети дека не сум до него, си спиеше без да се сврти Рецка и на ова да ставам, спремен е и за спиење сам Ми порасна бебето.. Деновиве иде и сам мочка, па и сам се облекува, можете да претпоставите како се натегнува Прееска го ѕиркав како се соблака и облака, комедии Не дозволува ниту да го поднаместиш, еве ми вика, облечен сум Татко му најнормално си го испрати, ама одма си направи порачка со што да се врати. Се сложивме се да се купи, но мора да ме слуша и да биде умен, најбитно да не ме гриза. Вчера у еден момент му викам, зошто не си умен, умен сум ми вика, еве не те гризам А прееска ми вика, умен сум, ама малку ќе те гризнам, малку ќе те боли Што е со гризењево не знам, ајде дури зборам на телефон ќе речеш внимание, ама во еден дел во денот ќе му се спојат жички и она како разлошено куче иде да те касне и дури не касне не запира За бдејот 100% тука ќе сме, па торта ваљда од Дела роса ќе му порачам (се мислам и вака се вика слаткарата, на сред чаршија што е ). Купивме едно и ептен ме бендиса, баш торте, па се надевам и декорацијата ќе ја погодат. Не дека кој знае што ќе барам, уствари си помислив пластично или плишано маче да ставам одозгора, па најобична торта да си биде Секако вака и бебе најмногу ќе се израдува Ако даде и свеќа да запалиме На мм му беше бдеј и не дозволи свеќи да запалиме, а имавме и прскалки, рикна, викна и баталивме. Еј па јас и бројка имам, остана од мм 3ката, едно гајле помалку Стигна и нарачката од Зара, се пофалив веќе нели. Кога го виде бебе блузончето, кога му се испорадува, абе бликаше од среќа, колку ќеф ми се стори Чичкото му ги донел дека бил умен, така вика Виде кога ги зимав од доставувачот Ми стигна и на мене дотеруванката, фустан, патем и се пофалив нели Подобар не сум можела да изберам, за модел не знам, ама за боја ептен погодено, складно со новата коса Епа лилакова станав и да знаете дека ептен си се свиѓам и убаво ми стои Изненадена сум што ваква се свиѓам, мм ми вика нели ти кажав дека убава ќе ти испадне. Вистина ми стои или најбитно е што јас си се свиѓам, па останатите ќе треба да ме навикнат Е сега малку повеќе ми е прошарана, што и се очекуваше, не дека и изгледа лошо, како омбре да сум правела, ама јас сакам поизедначена. Ќе биде Вистина стигна петок Да спијам веќе, како станувам се дури не заспие бебе сум на норма, среќа кондиција имам, нервите не ми се попуштени, ама и јас сум човек Ех да си преспиваше барем половина час, непребол ми е Ама па убаво е да преспива цела ноќ без будење, така да добар е Гушкајте малишанки
Мајки на новороденчиња, кога по породувањето отидовте на депилација, фризер, козметичар и сл.? И дали воопшто поради ситуацијата со коронава одите или не? Одвај чекам да се средам, бидејќи додека бев бремена, последните месеци одложував, а сега ми е страв уште повеќе и сум во мисла што е најпаметно. Поздрав.
На фризер не сум била од 11 март, сама се потскратувам дома. Нокти исто од март немам, се депилирав сама со депилатор ама од немање време почнав да се бричам. Мене не ми доаѓа на памет да одам некаде зашто контактот е близок.
Здраво. Дете додека "меси" пластелин да пишам некој збор. Секогаш новиот пластелин се претвора во една боја, (ги меша сите бои) и потоа дете бара да правиме нешто, па веднаш се лути зошто немаме таква боја. Инаку не го интересира ниту боење, ниту цртање, Не сака да научи како се држи молив, му објаснувам му местам прстиња, но пак по старо како што си е навикнат. За џабе купување боенки јас си ги бојам а дете ми кажува во каква боја треба да го обоиме. Азбуката и таа не го интересира 5-6 букви ги разгледуваме и почнува да фрла и сложувалки, книги и бега во други соби. А понекогаш пак го интересира и прашува која е оваа буква,. Традицијата продолжува и оваа година со малку каснење. Пред некој ден дете пак го содра носот и муцето го распука се спружи во двор.Почна да му течи крв од носот и муцето. Кога виде крв почна да плачи и да вика ,,леле кф,олеле квавам,".Едвај го смирив... Не сакаше да го бришам зошто крварел. Лом се направивме двајцата на блузите,а облечени спремни за излегување. Јас облеков дрга блуза, а тој не сакаше и му ставив елек и трчавме по автобусот да го фатиме. Па кога појдовме на гости таму го преслеков да не седи валкан. После 8-9 месеци дојде бабата на Маже кај нас,дома седеше со маска и викам бабо извадија маската да касниш нешто, а и кафето како ќе го пијаш. Не ја извади ич, си ги гледа здравјето а вика" деца за вас ми е мене остајте ми скоро 80 год сум)" На почетокот од пандемијата не ми беше некако страшно, ама сега кога секој ден умираа голем број луѓе па плус и млади, ме фаќа многу страв. За сите околу мене, но пред се за дете и Маже. Двајцата мислам се во ризична грпуа. И имам мислење дека сите ќе фатиме вируси, многу има во градов целиот е кластер. Не дај боже да треба за нешто друго да се оди во болница,во скоро сите одделенија се ставаат пациенти со ковид. Ај да кажам и за славата збор два. Гости немавме како до лани. Вечерта беа братучед на свекор ми со жената. Млади се колку Маже мој, а децата не ги носеа малото кашлало. Ме изненади од нејзина страна,ама си знае таа од првата слава кога дете беше 6 недели. Го носеше детето со зелени мрсули и на крај ние завршивме во болница. За ручек беа моите, а на патерица од свекор ми внука од сестра со сопругот и децата. Дете ми порасна..,.. Снаа ми го заспа бебушот и на дете му реков биди тивок бате нани, ако се разбуди ќе не викнеш. Само го ѕиркав, а тој тивко си зборуваше додека играше со пластелин. И кога се разбуди не викна дума моја е тој. Од утрово почнав да пишувам дури сега завршувам. Маже си дојде ручаме сега дете јади па ќе излезиме до кај мојте. Имајте убав остаток од денот. @elcezelce со лесно да помините
Јас одам на депилација на месец и пол.. Првиот пат после пораѓајот бев после четириесеттиот ден и од тогаш одам редовно.. А на фризер планирам нареднава недела... Бебе има 7 месеци и 2 дена.
Редовно ве читам уште од кога се зачленив на форумот и многу ми се интересни на сите приказните. Се осеќам како секоја лично да ја знам и како да ми се зголеми кругот на пријатели. Поготово оваа пандемија што не оттуѓи и раздели од сите блиски па ете си најдов утеха тука меѓу вас и бар секој ден кога пијам кафе не го пијам сама. Бебе веќе месец направи ! Мене цел месец како 3 дена ми е! Пребрзо помина дел со нервози дел плачки и болки ама верувам на повеќето ви било така. Сега ми е тек веќе уживање. Играме се мазиме галиме..гушкаме и со мм и се осеќам дека сме многу поблиски и позаљубени...се надевам ќе остане така подолго. Мило ми е што скроз сами се снајдовме и уште тераме без ничија помош. А за свеки и ја немам доверба поготово што кога ќе одвали нешто мислиш никогаш дете не чувала. Среќа што не доаѓаат воопшто бар така сме договорени дури беба не пркне да ојача малце. Денес на мени гравче тавче петочки
На фризер од декември 2019. Сама си ја скратив во август. Не ми паѓа на памет да одам да се улепшавам сега и да се ставам во ризик. Бричот е права ствар И онака никаде не одиме, нема потреба сега за такви работи.
Утре, малиот мој Војдан полни две недели... Маж ми некако испаѓа потрпелив од мене кога го чува...Не сум сеуште комплетно и од пораѓајот закрепната па све си има свое влијание... Денес седнав во кола и отидов кај мајка ми да ја видам бидејќи ми фалеше многу...Кога се вратив дома одма гледам му го испрале паметот на маж ми дека било лошо што пред 40 дена на малиот јас сум отишла во друга куќа... Таа друга куќа е куќа во која ја поминав скоро целата бременост и куќа што ќе ја наследи мојот Војдан...Али нема врска...Едниот коментар е од свекрва, а другиот од комшика што ме видела како сум излегла со колата сабајле... И секако тука е маж ми да верува на вакви работи останати од средниот век... А, вчера бевме во маркет, месарница и банка со маж ми...Кога можев таму да одам - можам и 2 саата кај мајка ми да одам... Ќе морам изгледа наскоро да им одредам на некои луѓе до каде може да се мешаат во врска со мојот син за кој се борев со смртта кога го раѓав и плус тешка бременост минав...Роди си и кажувај си за своето - а за моето јас одлучувам! Многу просто, само треба да објасниш на некои луѓе подетално... Вие излегувавте ли пред 40 дена ?
@Vojdana Јас не излегував пред 40 дена, не заради тоа адетите. Туку поради што не сакав да го оставам девојчето на друг човек, а таа беше зависна од мене. 24/7 на цицка ми беше првиот месец. После 1 месец еднаш ја оставив 20 мин на свекор и толку. Не одам никаде без неа. Може лошо е. Ама ете немам доверба на никој да ја оставам. Тој период до 40 дена си седевме дома, моите доаѓаа кога ќе сакаа да си го видат внучето. Не се замарај со свекрва. Разговарај си со маж ти. Спојлер На таква злобна жена што го боцка синчето да се карате, не би и го оставила внучето да го чува. И друг пат со себе да си го земеш