@Vojdana излегував и пред 40 дена, не се дружев со моите бидејќи се на работа и неможат да шетаат. Ама јас и маж ми и малата излегувавме. Такви глупави коментари ќе има секогаш, за жал. Не се карај во најубавиот период со маж ти. Пробај да игнорираш такви реакции или само кажи "важи", и не се замарај да се дообјаснуваш понатаму со нив. Кога му пререкував на маж ми ни минуваа деновите а ние подналутени, епа решив да се радуваме со детето само ние тројца и да не обрнувам внимание на такви глупави коментари. Зошто времето брзо лета, малите брзо растат и сакам да ги паметам овие денови по убаво Се измачи и ти, ти ја знам состојбата, иста бев. И не вреди по толку маки да се објаснуваме
Излегувај слободно. И не чекај да се свестат сами туку реагирај. Што повеќе го чекаш тој момент, тоа понекултурни ќе стануваат. Секако дека сите излегуваме. Кој чека уште 40 дена, таквите глупости во минатиов век требаше да се заборават. И ти треба да шеташ на воздух и бебето да го ваѓаш на сонце, на воздух, не е здраво само дома 40 дена. А таа комшивката па...какви глупачи не опкружуваат, коса ми се крева
Мм работи од дома и си користам дури спие бебе излегувам шетам куче, одам во продавница... ќе пукнеш 40 дена поготово на вакви сончеви денови грев е да не се користат. А викенд го шетаме и малото со количка на сонце. Убаво ти вика Кате Рина следен пат малото со тебе
Milkiway го изнесуваш ли малото надвор периодов, моето е 3 недели и само се канам дали да го изнесам да го прошетам и се мислам да не е ладно? До сега само за до контрола 3 пати ми е изнесен си мислам му фали свеж воздух на детево...
Да уште првата недела излеговме кога ми кажаа жолтица дека има на орв сончев ден одма го извадивме. И сега кога е сончево и кога не е загадено го вадиме Облечи го ќебенце капче и немаш гајле. Дури и нема потреба да го облакаш многу да не го спуриш ако ти е со дебело кебенце. Нека јача имунитет. Им треба и нив сонце и воздух. Ја си викам штом на контрола по амбуланти го мкнам во пандемијава зошто да не може на прошетка
@Vojdana јас после 6 дена од пораѓај бев да си купам патики, после тоа бевме да средиме здраство, и почнавме на бебе да ја шетаме.
@Vojdana и мене така ми викаше ама не свекрвата него татко ми. Нормално подбуцнат од неговата мајка Абе маживе се, шта да ти причам. Не се замарај, прави си што ти сакаш, ти си знаеш што е најдобро за тебе и за бебето. И немој да се нервираш, научи да игнорираш зошто тек је почело. Има да слушаш коментари ехее. Знам јас по баба ми, секогаш збореше глупости за мајка ми, со комшиките си ги оговараа снаите Мојата свеки не ме оговара по комшии ама коментари има колку сакаш Ама среќа мојот мм ја игнорира, но знам како е мажот да ја слуша мајка му, татко ми е таков. Ама мајка ми не се замара си тера по свое Добра вечер женски, Немам нешто интересно што да кажам. Денес убав денот па се прошетавме малце надвор, синко заспа одма. Си мислам ладното му годи за спиење. Кај нас во стан под 25 степени не паѓа темп, не е ни чудо што не сака да спие и се буди. Ама како да разладиме јас не знам.... Денес е ден за чистење во нашава куќа па чекам мм да заврши со работа и да усиса, па јас да изџогирам и да го исчистам купатилото. За ручек леќа, толку се можеше Се надевам утре пак вака ќе биде временцево па со мм да се прошетаме малце. Поздрав
@Vojdana ние со креветчето од болница немаше ни 24 ч надвор на воздух ја изнесовме Потоа ја шетавме и со свекор ми и свекрва ми, беше 2- 3 недели стара.Штом ќе заплакаше ја доев во јавност. Јас и мм бевме во општина да ја пријавивме на 5ти ден.Никогаш никој ништо не ми пререкол, а јас па не би ни слушала Куќата на твоите е твоја куќа, тоа не е туѓа куќа, не знам што им е на луѓето А која е па комшиката да се меша.Нека се затвори дома и нека не се прави камера кој каде оди Леле мајко уште се во 15 век Фала Богу што не сум имала никогаш вакви комшии Здраво мајки Да пишам некој збор да не ме мести Реин Играме со малата домино, а мм цепи дрва до мене(спие)Си легна и се намести и ми вика јас и бебето заедно ќе спиеме,демек стомакот му е до главата А како рчи и бебето ќе го разбуди Бев на работа се вратив и го потпечив гравчето, па натерав маж да извади од туршијата.Стававме пред две недели 2 бурнца по 30 л.Во едното карфиол и морков , а во другото зелка.Само со вода и сол и карфиолот од топлото скоро е стасан.Јадам и си велам од цела есен туршијата ми е најубавото нешто Среќа е што мојата нејадачка , го јаде карфиолот и морковот, па со ќеф ја правиме и се радуваме со мм Кога беше мм да пазари за туршијата беше во 4 маркета немаше доволно карфиоли и зелки.Си велев сигурно некој ќе му пререче дека купува како хемстер , ама штом не е тоалет не е проблем Купив две работи за бебето, од големата немам ништо ги дадов.Ги гледам и си викам каде ќе го збери во волку мали.Сум заборавила колку се мали бебињатаТреба да докупам уште многу работи , ама здравје само. Сега се смеам со малата .Ми вика може ли да јадам жилавка, а јас и велам ако не ја кажеш точно нема.Ми вели кажи ја ти.Јас и кажувам ли-жа-вка .Ја повтори точно и и дадов, ама ако пак ја каже грешка ќе и ја земам.После 2 мин ја прашувам што јаде пак вика жилавка.Дај ми ја ,не ја дава и после вика знам Л-жилавка Да одам да мерам шеќерот и да дадам костени на малата.Вие бидете и останите здрави и имајте убав викенд со саканите
Ние денес правиме 40 дена Не можам да поверувам дека помина месец ипол.. нестварно убаво ми е што сум мајка.. Бебе веќе надрасна голем дел од облеките и тоа 56ки! Се роди 54 цм, па добро и до сега што ги носеше Не знаев како да го облечам денес синко, се мислев меѓу неколку работи, но не можев да одлучам.. на крај испадна дека му ги облеков сите работи меѓу кои се мислев пошто сите му беа мокри во рок од 1 саат. Не знам како, ама откако му падна папочето до денес прв пат му пропушта пелената, па и тоа 4 пати на крај му го облеков тоа во што го извадив од болница - последен пат го носи и го ставамво кутијата со негови бебешки ствари Не теравме никакви адети, така сакав да си го дотерам - излеговме со маж ми да се прошетаме - он дотеран од работа, па и јас се дотерав прв пат од јануари навака вратена сум како пред да останам трудна и се чувствувам супер, па сакав и да се дотерам Бебе почна да преспива цела вечер - се буди еднаш, цица и заспива одма. Мама и тато се одморени и среќни Ме убива тоа што не можам да се видам со никој.. излегуваме со бебе и куче секој ден шетаме, (@Vojdana излегуваме уште од 10ти ден), но пак сум сама маж на работа, се враќа, ручаме, одмара, бањаме бебе и 1 саат останува да се видиме и спиеме.. Ама среќни сме конечно доооолго очекуваната желба ни се оствари, па се друго е небитно. Како што кажа Милки - си отварам да ве прочитам и се осеќам како да зборам со пријателки и познанички Имајте убав и љубовен викенд
И сум шетала и ќе шетам. Дете на ова сонце прекрасно дома да затворам, не фала. Бебе кога беше облечен, покриен и надвор ако не по улици тогаш на тераса. Кој не му одговара нека сврти глава. И дете ми е љубител на пластелин, ама јас купувам поскап па го делам на пола и така му го давам. И слајмот исто. Останатата половина во ќесенцата и скриено. Фломастери купувам асални и сите се извадени на куп, и боици и блокови, еднаш месечно џиткам. Си дојдов од работа, дома џунгла. Маж заминат. Дете депортирав кај стрина му на маж ми да игра со братучетка му, а јас удрив форца. Мака ми беше, ама морав. Сега раат. Утре сабајле ќе месам фокача со маслинки, ќе правам колачи со јаболка и пекани, ќе месам и кифли и уште некое благце ќе направам, сок планирам да цедам и ќе викнам сестра, свекрва, ќе однесам за душа на татко ми, бабите и дедовците, тетин ми, тетка ми, за колегата кој почина, за сите што недостигаат. Нека им е светол патот и нека им се најде пред нив онаму кај што се. Дете, љуби га мајка, се изнаигра, изнаскока, се изнаужива. Многу ми е симптоматично, воспитачката не го активира, сите цртаат тој не, не му даваат цртежи, не го вклучува, а негователката не може да се изнафали од него. Не знам што е попаметно. Знам, не е негова група, ама па не значи дека не треба да го вклучи во групата. Лута сум! Не е фер! Мајка ми ми е сумљива, не ми кажува ама ми е зарипната цела. Ако е позитивна и не кажува ќе и се налутам ептен. Доста беше мајки од мене, да гушнам дете пошто у меѓувреме дур пишував дојде една за костени и оти го оставив дома се потресе цел. Син на мајка!
Првпат на темава, ама си ве читам повремено. Навистина што велат некои, некоја близина осеќа човек, во ова невреме, кај што бегаме од луѓево ко од плашила. Да, 04ч е, пред саат време станав за доење, па се расонив и дури до телефон стасав. Ама морам да одвојам време да му се повоодушевам, малку ми е некогаш денот за да му се изнагледам. Па го гледам како си спие до мене, најново инстантно се врти на страна и бара удобна позиција, инаку исклучиво на грб си нанеше. И секогаш кон мене е свртен, а наутро кога ќе се разбуди, ме фаќа со рачињата по лице, ме чепка, ме гали и нешто ми црцори. Секое утро Дете мое најубаво, фала ти што ме одбра мене да ти бидам мајка! Ни залади временцево, права есен, наутро е 1 степен, а денски качува до 7-8. Но, тоа не не' спречува да излеземе и да прошетаме со бебе. Секако доаѓаат и минусни температури па мора да се навикнува. Плус, ми кажа доктор дека исклучиво битна е промената собен-ладен воздух за јачање имунитет па така му го отварам и кровчето од количката, да го види небото, дрвјата и птиците. Му објаснувам што гледаме, а тоа врти со очињата, и го запознава светот наоколу. Инаку, обавезно знам во денот да си потагувам дека ни најблиската фамилија уште не го видела син ми. Буквално никој ни од мојата ни од страна на маж ми. Правев планови за доаѓање, но овој новиот бран се' ми поплави И во тој малку сон што го добивам ноќе, ме прогонуваат некои безвеза мисли и сништа. Сонував како татко ми починал, па сум се јадела цел живот зошто не успеал да го запознае единствениот внук Секој ден со душа не' чекаат да се вклучиме на камера, да го погледаат, па ме прашуваат дали и тој ги гледа, да ги познавал и да не се плашел од нив кога ќе ги видел... а јас, се смеам додека нешто ми горчи во грлото. Не сум се скршила до сега пред нив и така ќе продолжам. Па ќе се потешам дека е најважно да останеме сите здрави и на број, ќе дојдат подобри времиња! Доста ајде со негативности, ама некаде мора да го истоварам тоа што ми тежи. Туку, како се спремам за дохранување на бебуш, превозбудени сме со маж, нешто ко milestone ни доаѓа Цела радости за апаратот за готвење што ми пристигна, на една страна прави на пареа, на другата блендира, лигавчиња вакви такви, лажичиња... ќе видиме дали и бебе ќе биде толку воодушевено Уште сум збунки целата околу правилата за дохранување, ептен се пркосат овдешниот и тамошниот распоред за воведување оброци, намирници и сл ама ќе фати мајка некој ред Ај од се нешто фатив во постот, битно пишав нешто да се врти за читање Сега се враќам на
Добар ден. Уште една работна Сабота во низа. Едвај се извлечкав од кревет утрово, толку ми беше убаво стоплен креветот, ми се плачеше Башка и недоспана, цела вечер се будев пошо ја осеќам малата дека бега од креветчето и спие до моите нозе, готова беше да падне од спална едно време, со главата се извртела надоле. Не знам како ја осеќам, да мрдне и мене очиве ми се 4ка ококорени, по 5 пати станувам да ја покријам, мислиш ме буди некој во моментот и ми кажува дека е откриена. Мајка бе Деновиве не сака за жива глава да спие, сакале да беснуваат со татко и и маже ко детенце со неа,скока на спалната и праи ќеф. А ќе речеш маж толкав, од 2метра и 110кила, ама рипа ли рипа Завчера во 01, пред тој ден во 12, а синоќа во 11 ја заспав. А ние и двајцата прва смена на работа. Зомби. Белким вечер во 10 ќе бидеме во кревет, што секако не верувам Не може да ми се насити дете, сака да се гушка,гали и да ми повторува дека многу ме сака, и на бебе коа ќе му се обрати “бебе знаиш ти дада колку тебе сака? ногу !!!” и се топам и готово,заборавам на нејзиниот инает за спиењето. Ќе пробаме да го смениме редот кога ќе останам на породилно, а тоа е здравје 01.01.2021 дотогаш,ќе се погушкаме уште малкуцка насамо, што секако не е на одмет. За шетањето пред 40дена, секако дека шетав. Бебе имаше 2 недели, јас и мм излегувавме да пешачиме, па после тоа почнавме навечер да одиме турнир во фудбал имаше периодот, и одевме да гледаме. Бебе на тераса секој ден, некогаш со количка по улица ја шетав, подалеку не одевме пошо ептен беше плачка. И за второво здравје, ако е убаво времето секако нема да седам дома. Не мора да го влечкам и бебе мало со нас, ама сигурно не би ја затворила ќерка ми 40дена дома затоа што така адетот бил. Во никакви адети не верувам и не практикувам. Среќа па и маж и свекрва слушаат што јас кажувам а не они или комшии,баби,стринки и тетки, па наоѓаме заеднички јазик. Свеки ми е срцка,поразбрана жена од неа нема, ни па ќе има. Другарка баш. Правете си како вам ви одговара, ве молам !!! Не допуштајте да ви се качуваат на глава, ставете линија до каде може да одат и готово. Каква безобразна сум станата од кога имам дете, е чудо едно. На никој не ќутам, и повеќе почит имаат спрема мене откако сменив тактика. Не држете во себе, не собирајте нервози, ќе препукне еден ден и полошо ќе биде.
Ден мајки Ве поздравувам од карантин позитивни сме на вирусот јас маж,свекрва и свекор ,децава незнам не ги тестиравме фала богу немаат ни симптоми дај боже така и да остане .Најинтересно е дека незнаеме од каде го фативме ама претпоставуваме дека е од свекрвата јас и она заедно пројавивме симптоми ,маж два дена после мене ,свекор последен 6дена после нас .Фала богу добри сме јас и маж имавме мала температура и толку јас повремено некоја болка по телото.Него јас имав паничен напад изгледа Ми се качи притисок завчера и многу испаничив реков готово доживувам инфаркт па отидов на ургентен во систина екг,ртг на плука ,лабаратории среќа се беше во ред ,па после почнав да си плачам ,од вчера попладне веќе сум посмирена тешко е психички малце ама морам да бидам јака ,криво ми е зашто толку се пазевме ,а се заразивме .Тоа е чувајте се сите . Јас сум вадела деца од прв ден надвор и сум излегувала на шетање пред 40 дена фала богу никој ништо не ми пререкол.Вадете деца нека дишат воздух.
Со лесно нека поминува! Девер ми го имаше 10тина дена како настинка на нога го пројде. Нека биде и кај вас така на нога!
Само со лесно да поминете и без последици. Една препорака од мене - да си направите рентген на плуќа кога ќе ви помине, да си ја видите состојбата. Многу мои блиски беа/се позитивни и и тие прелесно што поминаа имаат наод на плуќа. Чисто како совет, како сакате вие сепак. Чувајте се и со лесно
не ти треба рецепт за палачинки јас само за тоа не гледам рецепт. Брашно колку сакаш едно јајце млеко вода зејтин и гледаш да не е густо туку што може потечно. Вчера баш мајка ми ми купи тавче за палачинки да не и го барам нејзиното. Не можам да се тргнам пола ден со едно тавче да вртам... Со две побрзо оди. Па и малово се заучи да јаде палачинки а неполни 15 месеци има Ќе дочитам подоцна,уште 2 страни. Да допијам раат кафе (колку што се може) потоа да се фатам за работа. На претходниот муабет за корона и посњда на бебиња за време на корона и јас не сум многу многу за да шетаме и да ми шетаат. Одиме само до кај свекор ми за децава да си поиграат со децата таму (има уште 3 деца од 10 до 13 год). Безбедни се учат од дома инаку ако одеа на школо ни таму немаше да одам. Најкриво ми е што не можам да си го видам внучето од братучед ми. По трет обид конечно им се роди живо здраво дете. Ама тоа е. За мене да се пофалам ми беше роденден саботата си пораснав за една година. Т.е јас си остарев за една година како врви времето гледаме како растат децата ама не не забележуваме како ние старееме. Ја зачитав темата за деца од 12 до 24 месеци и стасав до пола (и другите претходно за до 6 и до 12 месеци ги исчитав) ама последниве денови се посветив на инста блогот. Некако ми дојде некоја енергија да рецензирам добри производи собрав добар број следачи и со добив неколку ПР пакети и ... Се осеќам... ама гледам да се вратам на сите обврски подеднакво па сега малку ќе стагнирам таму,а и да ги испробам производите што ми го испратија. Деците се одлични фала му на Бога секој ден со викам што сме сите здрави оти со коронава веќе страв ме фаќа. Големото стандардно,се караме почето веќе не е у фазону детето треба да ја слуша мајка му. ама компензираме со разговор (додека ме држат нервите) ама па затоа многу ми помага со малото. Веќе и малото е "големко" па на некој начин можат да се занимаваат заедно меѓу себе. За домашни се молиме леле мајко ама шта да се ради. Не фпрсирам учење иако е онлајн колку ќе разбере толку,сепак 2ро одд е има време ќе научи. Пред некој ден правеа тест математика и тој беше во првите 3 ученици кои беа со најдобри резултати. Малото веќе стана мало човече си седи се исправа само па пак си седнува ... Уште чекаме да пушти сам чекор. Стои без да се држи си се исправа без да се држи... Знае и да мрдне со ноџето демек направил чекор па сам си прави браво па го чуеме и ние да му направиме браво... играчки еден куп ми се расфрлаат низ куќа а скоро со ништо не игра од тоа. Ми треба едно големо чистење на играчки на простор на све. Некако како пренатрупани сме одкако се смени сезонава и извадив се есенско/зимско. Засега толку. Ме чекаат куп алишта за диперње за пружување .... најдосадната работа ама тоа е. Имајте пријатен понеделнички ден и убав почеток на работната недела
Незнам каде да прашам па ајде тука. Во која банка ставате, урочувате пари за маливе? Каде има најдобра камата?
http://www.femina.mk/колумни/сензор...и-песок-со-2-состојки-кои-ги-има-во-секој-дом Испробан рецепт за кинетички песок