Форумџика на годината

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Мн ќар немаш од камата на штедење. Глеј сигурна да е банката.
     
    На 0ли, Jana06, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.669
    Пол:
    Женски
    Во халк ставив, знам дека нема ама атер за моите инсистираа.
     
    На Kate Rina 93, Izzy_0504 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  3. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    8.531
    Добро вечер како сте женчиња:)?

    Ние добри јас се истргам на креветот, маж до мене исто на телефон си типка, синко уште од пред саат време кома транс:$
    Абре семејна идила:D

    Жал ми е за детето што е цел ден во градинка, во 5:30 станува, во 6 саатот во градинка и кога работам останува до 15:30.
    Полн работен ден и за него и заради тоа утепан.

    Ама кога го зедов сепак беше весел, имаше покана за роденден едно од најдобрите другари од градинка и јуначко срце издржал да не ја отвори. Кога влеговме во колата одма го скина писмото и мамо читај што пишува:D

    Пред две недели бевме кај друго дете од градинака на роденден.

    Лошо е во време на корона, ама не можеш да се изолираш:(
    Секако од работа или во градинка може да се закачи, само Господ да не чува.
    А, поради тоа што речиси секој викенд сме на детски роденден се само по 3-4дечиња,и обично без родители.

    На овој последниот што го поканија исто ќе бидат неколку деца и треба да и дадам дозвола на мајката да ги земе директно од градинка и ќе слават кај нив во дворот на куќата.

    Пред некој ден ме фати страв да ви кажам.
    Идам на работа и баш пациентка од мојата страна позитивна на корона. Мене никој не ми јави, случајно ми кажа колешката кога дојдов на работа. Па кога се распукав, па ми објаснуваа демек ми се јавиле да ме известат-лажги со опашки-во исто време отпадна еден од персоналот и демек ми се јавиле да ме изестат, а не за да ме викнат на работа:@
    Па си се раскашлав до снемување на воздух на крајот на неделата и се јавував на работата да прашам дали тестот е негативен. На крај излезе дека ми е од астмата-среќа во несреќа (facepalm)Изолација нема, додека чекаш резултати од тестот.

    Преска ми го направи комшиката денот:bow:,ѕвони на вратата и ми носи три мафини со вишни и калапот да ми го врати(y)8)
    Колку се само израдував како што ми се јадеше благо.
    И такви комшии требаат, ме потсеќа на Македонија, се си позајмуваме работи и храна(ако ми треба шеќер, јајца, моркови, кромид или нешто одма си се прашуваме:D
    )

    Задвчера маж пржеше дупла доза палачинки... Не можам со благото да намалам, а не па и да вежбам. Само си ветувам од утре и држи влага додека не ми се пријаде нешто и одма менам политика:wasntme:


    Инаку синко почна да јаде лут Мамас ајвар и си бара сам да јаде:lol:.
    Кај и да е ќе почне да се учи да јаде македонски специјалитети.

    Во турскиот маркет денеска најдов две големи стаклени тегли од 8л и решив ќе ставам домашна туршија,послатка ми е од купечката.Зедов зеленчук и таман утре сум трета смена, па ќе имам време преку ден да го средам.

    Да ви кажам случка од неделата. Одиме со детето и мм на игралиште. И имаше едно да се фатиш со раците да висиш и некој да те врти во круг. И јас големо дете, ама и оти ниска висам еден метар над земјата. И маж кога запна да ме врти брзо, па кога се пуштив и кога треснав во тоа калта под мене со газот(facepalm)
    Сите што беа околу мене ми се смеат, јас си се смеам сама на себе. Дете ме прашува што ме боли, абе циркуси. Сега гледам на десната страна на газот имам модрица и ме боли кога седам:rofl:
    Па си расмислив добро што не скршив некоја коска кога се лупнав на земјата, како трупец слетав во тоа калта..

    Го имате гледано анимираниот филм Коко:^)
    ?Постар филм со многу убава приказна и порака.
    Јас го гледав пред баш на Задушница со маж ми и си се изнаплакав. Ме потсети приказната на нашата традиција кога делиме храна за мртвитe, ептен во срце ме погоди приказната, оти ми се двајцата родители починати;(

    Тоа жени да одам да си легнам, оти касно ме фати:doh:

    Убава вечер или добра ноќ на оние што рано си легнуваат,:hug:
     
    Последна измена: 9 ноември 2020
    На orhideea, Monella, ma4e1311 и 20 други им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.276
    Допаѓања:
    125.578
    Може да се изолираш, како не може?
    Баш треба да се изолирате.
    Зар се слават родендени? Зар некој оди ? Немам зборови
    Бар не се “фалете” :(
     
    На happygirl, marchi-cool, Kate Rina 93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    8.531
    Ели зарем мислиш дека јас не сакам да се изолирам и ми се оди така на работа или ми се оди со активна астма на работа?
    Мене не ми е мил животот?

    Ама кога не даваат тоа е, ќе правам како што викаат.И не важат овие правила само за мене, важат за сите што сме тука.

    Пункт роденден напоменав дека е со 3-4 деца, а моето дете оди по десет саати во градинка и седи со 35 деца во група, поделени се на три групи со 30-40 деца. Или прво го оставам во 6 сабајле или последно го земам во 17 поручек.
    И или сабајле рано или поручек се измешаат групите оти од секоја останува едно или две деца. И демек корона поделени групите. Доста е контакт меѓу деца од саат време без маски да се заразат. Исто воспитачите на почеток или крај се од различни групи.
    И баш ова го прашав како ризик фактор. Немаат услови комплет да се поделат и мислат дека тоа не било толку страшно.
    Пред короната беше полесно, два спрата беа отворени комплет и децата си играа во просторијата која им одговара, само најмалите беа посебна група на посебен спрат.
    Па богами милслам дека ова е пострашно во градинка со 110 деца од еден роденден со 4 деца.

    И што ако кажам дека се гледам со некој? Ако излажам подобро ли ќе биде. Не сфатив каде е грешката во "фалењето" .
    Има голем дел што викаат дека се изолираат, а реалноста е друга. Да глумам нешто што не е така, оти така подобро е кога го читаш.
     
    Последна измена: 10 ноември 2020
    На orhideea, Kaetana, marchi-cool и 13 други им се допаѓа ова.
  6. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    5.195
    Пол:
    Женски
    @fairy88 Од досегашново искуство со другариве или родниниве што се заразија на некој начин гледам дека сите што најмногу се пазеа и немаа никаков контакт со никој баш нив ги фати..
    Еден пар од другариве со дете ид 2 години со месеци не излегуваа од дома освен за пазарење, не одеа на работа, не се дружеа со никој ама баш никој, дезинфицираа дома дезинфицираа се што купуваа од маркет и му стоеше на тераса 24 саати, ни со мајки-татковци ете тие се заразија..Исто братучед на мм баш како и претходниве исто постапуваа и тие се заразија..Комшиите до нас, целосно изолирани со месеци почна мажот да оди на рабита и по една недела крена темп.па заврши на жан митреб со промена на крв и компликации еден куп..
    Нема правило дека колку повеќе се изолираш дека си заштитен..Ако треба да се заразиш ќе се заразиш..
    @eli25
    Ај добро утро од мене..
    Ве читам сите ама немам време да пишам, средуваме ствари во куќава па за некој ден и че се преселиме само нека се изветрее онај мирис на средства за чистење и бои и лакови...Не се диши се мириса на ново, за нас ајде ама за бебе не чини па само оддолжувам..
    Имам уште за пишување ама заминав да заспијам бебе и одам да доработам..
    Позз мајки
     
    На Monella, Kaetana, hello-kitty.90 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    25.041
    Пол:
    Женски
    Хај друштво. :hai:

    У хаосен
    период сме.
    Ама имав најубав втор роденден од кога го имам човечево до мене.
    Дојдов да ве почастам.
    IMG_20201110_093206.jpg

    Цел ден ми викаше мама њам, њам за да јаде од тортата.]:)
     
    На orhideea, Monella, ma4e1311 и 29 други им се допаѓа ова.
  8. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    8.056
    Допаѓања:
    114.640
    Пол:
    Женски
    @elcezelce со помин, наскоро цела позитива да ви премине во негатива (fingers)

    Него кажи се сремате за Нова со дечкото?
    Ние еве ја учиме "Џингл белс" , па по цел ден повторува, ако не тоа тогаш пее "Елко, елко порасни, порасни да ти ставам лампиони" :rofl:

    @Мариаа. Најсреќна, само убавини :party:


    Добар ден мајки :sun:

    Силно свети и грее денов, ноември се понаша како септември, но нека потрае :sun:

    Бебе вчера ич не беше во елемент, некоја нервоза го имаше фатено, па денес го частам со спиење до кога сака.
    И еве уште спие (9.45ч) (facepalm)
    Јас му направив доручек, го сервирав на маса, ставив кифли да се месат, си направив кафе и еве сум.
    Убаво ми е :coffee:

    Ми фали мм, многу ми фали, на моменти си викам да не земам голем залак, да не сум себична, ама детево само да знаете колку се радува што е тука. Па кога не можам да му пружам друштво, можам сега барем да не му кратам вода.
    Планина секако и дома си имаме :D
    На сето ова да се додаде и Ковид, високи бројки..
    Ќе си поседиме..

    Чекам каде и да е да ми се јават тв то да ми го донесат, само не знам како да изведам да го качам/качиме горе. Сигурно сам ќе биде доставувачот, за мене не е проблем, ами бебево..
    Хм ми текна ќе му речам да го внесеме во лифт, па горе ќе го повлечам само (facepalm)
    Ваљда нема да го оштетам..
    Мм одбрал огромен, многу нормално нели :lol:

    Него и што дека ќе имам сега тв кога ќе неможам да го распакувам, а уште помалку имам антена :envy:

    Нарачав за бебе торта за бдеј, лелеееее уште една недела бебето мое ќе има три годинки :inlove:
    На мајка и направив список што се да купи и прати по мм, па со ситуацијава што купи и ако купи тоа ќе биде, замерки немам.
    На мм му направив список за јадење што да зеде, а он додаде дека ќе се частиме и со Курвазие/коњаче :*:

    Станчево треба и да се чисти, вчера му викам на бебе да чистиме, ми врати со мами ајде утре, денес не мора, па после пак ќе го прашам :$
    Греота е и на ова убаво време да се седи внатре, а штом се стемни буквално до пред сон читаме и разлистуваме книги.

    Се смеам со бебе, пошто зграда немаме двор, па за двор ја викам плажата преку пат. Па кога ќе ми рече ајде мами да идеме во нашето дворче, пукам од смеа :D

    И 10ч помина и дете уште спие, идам да го будам, да го зграпчиме денот :sun:

    Убав ден, гушкајте малишанки :hug:
     
    На Monella, Kaetana, hello-kitty.90 и 22 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.504
    Пол:
    Женски
    јас пред 40 дена не станав од кревет а не па да одам некаде. Не знам од кај тебе сила. Искрено. Едвај станував за домашните обврски да ги завршам. Тоа 40 дена не е измислено од баби рекла казала туку тоа е период кога жената леунка родила и треба да се грижи за малото и да закрепнува 40 дена се потребни најмалку за да кај жената се врати организмот во нормала.
     
    На Cka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.504
    Пол:
    Женски
    за шетање на долга релација јас не би ама Давор во двор на тераса ние бевме цело време, секој ден дури и во зима
     
    На MilaSs12 и ni.na им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.370
    Допаѓања:
    68.355
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Од кога се токмам да напишам пост, ама никако да дојде време за тоа.
    Ме снајдоа некои неубави работи, па се справував малку со нив и со шокот... Живот.
    И вчера неубави вести, некако се затегави периодов. Ќе биде ли следната година нормална? Којзнае.

    Малата гледа цртани на тв. Одмара, од 6 е станата. Заспива во седум, станува во 6,7. Јас да испијам кафе, па може да излеземе малку да се протрча. Си носиме книга или киндл, седнуваме негде и читаме. Најубаво поминато време. Или собира камчиња, дрвца, самовила е, па вештерка е, па... Детски игри.
    Може денес и да го пробаме рецептот од @danichap за кинетичкиот песок. Одлични се колумните на сајтот, секоја чест danichap. :l:

    Ние @emkaemka кога чистиме, ќе и речам ајде да чистиме, она ми вика кој ќе дојде. :D и викам, никој, на нас да ни е чисто де. Е нејзе не и пречело, сакала играчките да и се насекаде. Јас нога што ќе искршев неколку пати нема врска.:smirk: Веќе да ви кажам играчки не купувам, многу, многу ретко. Не ни бара додуша. И онака си игра со што најде. И ставам брашно, шеќер, сол, макарони, зрнести некои работи, па си меша, си става вода, се шлака, се занимава така многу. Играчка ќе ја разгледа, поигра две минути, па ќе и помине интерес и толку. Исфрлив многу работи, сега едно две ќеси има останато и толку.
    Пројави интерес за цртање и боење, не сакаше воопшто тоа да прави, па сега сама си зема водени и си седнува да си црта. Еве прееска ми покажува нацртала чевла од џин.:lol:

    Завчера ме праша дали постои Дедо Мраз. Се збунив, не знаев што да одговорам. Ја прашав зошто ме прашува? Ми падна баш чудно. Па, некако не и се верувало дека постои. Го свртев разговорот, некако не сакав да ја лажам, а не сакав ни да ја уништам туку-така магијата. Ама па и целото тоа со дедо мраз не ми е во ред веќе некако... Ако почне повеќе да се распрашува и да наоѓа нелогичности ќе и кажам дека е во право, и тоа е тоа. Мама и тато ќе купуваат подароци за нова година.:nod:

    Туку, се мислиме да ја преместуваме во свој кревет да спие. Уживам уште во заедничкото спиење и гушкање, ама еве, заеднички разговараме и се договараме, па вели дека би сакала да проба. Маж ми па, да не спиела сама во соба, мала била уште.:rofl: Ех, татина ќерка. Пустиот, не може со нејзе, што ќе каже она тоа е, закон за него. Како сака го врти околу малото прсте.
    Според мене и тоа како може веќе сама да си спие во соба, за што и да е ќе си дојде кај нас, не ќе ја селиме во посебен стан.:D Ќе пробаме и ќе видиме, штом она сака тогаш нема проблем.

    @Vojdana мене во твојот пост за око ми запна дека си седнала во кола и си возела.:D Јас месец не можев на газ да седнам какви болки имав. |( Штом можеш не се потресувај ич на бабини муабети и глупости, терај си како мислиш и како се осеќаш.
    @Мариаа. среќен нека е.:^:
    @elcezelce со лесно и побрзо нека поминува. Веќе само тоа е, секој втор ми се чини е позитивен.

    Толку од мене, да станувам да спремаме песокот за шлакатарниците.^_^ Имајте убав ден сите.:f:
     
    На cresa-jagoda, Monella, Kaetana и 22 други им се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Ај здраво! (highfive)

    @emkaemka Ме изнасмеа со охриѓани :D
    Седете си, види бе какво е времево, како да се спакуваш и да си одиш? :inlove:
    Не му ја крати водата, нека ужива, нека дише.

    Секој ден сум надвор на воздух, малиов обожава да спие надвор, па си разгледува, мислиш разбира нешто кога му зборувам и се согласува ако го прашам дали му е убаво. Сега тера втора дремка, чудно ми е и не знам што со себе. Не дека не запеглав, но и тоа ми здосади и оставив за подоцна.
    Не сум научена сам да спие без мене, а тој гајле си нема во креветче, веќе час и половина спие. Чекам да стане, да јаде и да излеземе. Седам сама, мм е на пауза и отиде да испешачи, нешто со голем ентузијазам му се врати на вежбањето и пешачи. Гарант се упрпал дека нешто ќе му се случи, а јас и малиот ќе останеме сами и без пари :rofl:
    Сонце пука, ветар вчера немаше, езерото мирно и полно со галеби на брегот, гузи си пливкаат, па ќе доплива и некој лебед.
    И денес е убаво, едвај чекам. Отидовме до Ресен и купивме две гајбишта со јаболка како да нема утре, но едни киселки и сочни, а бе мераци. И сега приморана сум да јадам секој ден по едно. :wasntme:
    Пешачам брзо додека малиот спие, а кога ќе се разбуди, полека си шетаме покрај езеро на сонце, тој си разгледува, а јас гризам јаболко и пијам вода.
    Потоа си одиме, му кажувам чао на езерото до утре. Дома прво за него јадење, најчесто тато нè чека со зготвен ручек, а малиот си игра на земја на подлога додека ручаме.
    Така може саат и кусур да си игра, се тркала, тропа со раце, седи на колена и се клати напред-назад, крева нога по нога како донки кикс, ја крева подлогата и се влече.
    Потоа следува заедничка игра на земја и околу 17:30 почнуваат маките со спремање за спиење. Мрда, вреска, брмчи и нè плука, ни 'ржи, едвај двајцата го облекуваме. Туширање, миење лице, облекување пижамчиња, цицање, ад и во кревет. Го бакнуваме за лека ноќ, мама оди да се бања, тато го набљудува на камера, отвора пиво за двајцата и уште пред да почнам со бањање, малиот заспива, а потоа јас и мм фаќаме муабети, паѓаат договори и планови. До пивото дали е или од дневните активности, почнуваме да зеваме и толку од денот, се спремаме и ние за спиење.

    Бевме пред некој ден до Скопје со преспивање и ни се виде интересно, како некоја промена фино ни се погоди и почнавме да зборуваме како да се донесеме назад со сите работи, ни кровен куфер не нè спасува, ќе треба на 2-3 пати да носиме. И као ајде убаво ќе ни биде и во Скопје, три месеци да бидеме таму и после пак да дојдеме овде. Само што влеговме во Охрид, почнавме муабет колку ни е убаво тука, дека е почисто за малиот, дека ќе го шетаме и снег ако има, па паднаа планови што да докупиме и сфативме дека никогаш нема да успееме да се однесеме назад. А и зошто да си одиме кога комотно ни е и овде, топло, услови имаме, не ни се исплаќа да си одиме па да се враќаме кога ќе затопли.

    Среќа се разбуди малиот инаку ќе продолжев со тапење. :rofl:

    Бајззз (hollest)
     
    На Monella, Kaetana, Sexybaby86 и 26 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.802
    Допаѓања:
    187.743
    Пол:
    Женски
    @RainBow темава ја истражував уште лани, иако за нас е сеуште доста рано. :wasntme: Психолозите тврдат дека не е трауматично дознавањето дека Дедо Мраз не постои. Најчесто децата дознаваат за митот околу 7мата година, во школо од другарчињата и нивното размислување што е реалност, а што лага во тој момент е здрав процес на развој на менталното здравје. Исто здраво е да се верува дека постои, оти целата прикаска за некој си дедо што носи подароци ако си бил добро дете преку целата година, остава голем простор за имагинација и стимулира креативност. Плус ако самата почне да наоѓа нелогичности, дополнително влијае на самодовербата и ќе направи да биде горда што всушност самата открила некаква вистина. (fingers)

    Добра вечер Momsters :hai:
    Кај нас карантин. Ме дотепува кога гледам како полиција кружи околу тебе и те набљудува додека шеташ, просто да се осеќаш како криминалец.
    Деновиве хаотични. Не знам каде, веројатно сум го удрила коленото, целото ми помодре и потече, и ме болеше едвај одев. Таман тоа малку од малку подпомина, се разбудив со вкочанет врат и пола грб. (facepalm) Вака ли изгледаат 70тите? :worried: Баба ми со 2 скршени колкови чинам е повитална од мене периодов. (facepalm)

    Бебла расте, а и расте и гласот. :wasntme:Надвор само таа трешти чинам. :$ И се тоа ако не е по нејзино.
    Таа го учи светот, а јас универзумот што го носи во тие гранитни очи.
    Себично ја бакнувам и гушкам. Ех да можеше да расте побавно. :wasntme:
     
    На ALISA0000, Monella, Kaetana и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Јас бев со царски породена па замисли уште од болница кога се вратив имав сила за се!
    Исрпувачки и напорно е, бидејќи се е ново за мајката, се прилагодуваш на новостите нели, но колку сила ти треба за одење до кај мајка ти или било каде...немојте приказниве од 5ти век.
    Супер ако пандемијава не ја спречува во контактот со луѓе, но во нормални услови и те како е потребно раздвижување за мајката која некаде наоѓа издувен вентил.
     
    На Coco31, mssuniquee, babyboy1 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.504
    Пол:
    Женски
    како нема изолација? Пред да се тестираш потпипуваш изјава дека не смееш да излегуваш никаде додека не стигнат резултатите.
    со помин нека е. Како читам слушам и ми кажуваат познаници вика првите 3-4 дена треба многу да се третира кога тој период пројде после лесно било.
    и јас тоа се чудам. Како ли се осмелуваат да канат за родендени.
     
    На MilaSs12 и eli25 им се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.119
    Допаѓања:
    119.645
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од нас две, едната си спие и уживка а другата јаде благичко и пишува на фемина:inlove:
    На село сум кај моите и си уживаме секој ден во благодетите на есента, ја прошетувам низ двор малата, шушкаат листови есенски и сонце со заби не грее:sun:
    Гугање или почетно гугање забележувам деновиве, кога и е веќе крајот на првиот скок, девојчево ми се насмевнува и претка со рацете и нозете кога се возбудува, додека и зборувам:l:
    Научив нов рецепт овде за баник со готови кори, толку сочен не сум јадела ни купечки.
    Одвај чекам да го направам и дома рецептот на мажето кога ќе си одиме, тој обожава баница со спанаќ.
    За митот со Дедо Мраз, сеуште јас и маж ми веруваме во приказната и одрекуваме дека е мит, така и си се радуваме на новогодишните празници:lol: затоа нема да се трудам и на неа барем до 7 години да и ја кажам вистината, за да си уживаа и таа со нас.
    Многу сериозно ги сваќаме подготовките за овие празници, уште од 1ви декември украсуваме секоја година, оваа ќе биде пред нова година, сакам заради правот да не е долго време украсено:!:
    Баш вчера маж ми спомна за поголеми чорапи за оџак да купиме годинава, за поклончиња за малата:l:
    Во врска со спиењето, имаме лулка до нас, имаме дрвено креветче, но заради грчевите и плачките често си спие меѓу нас во спална душата наша.
    Поинаку размислував претходно, сега го погазив тоа.
    За еден месец би го преместиле креветчето во спална и таму би ја ставале, пак би биле во иста соба, само без никакви акробации на тесната спална и без укочување на нашиот врат, грб и раце:D

    Се изнапишав, доста е.
    Се разбуди душичката, да ја спремам и одиме надвор да газиме по сувите ливчиња:inlove:

    Имајте убав ден мајки и дечиња:l:
     
    На ALISA0000, Monella, Kaetana и 33 други им се допаѓа ова.
  17. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Мајки хелп! Дете од 3год со капак од вц школка си го повреди к*рето сабајле :( дечји Др видел слика и рекол ќе се повлече. Но, некако се вцрвене главичкаѕа и како крваво е, он се жали дека го боли. Многу е жален, душа! Дали можеби сте слушнале нешто слично и што би можела мајката по дома да му помогне?
    Фала ви!
     
    На Kate Rina 93 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  18. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    8.531
    @marchi-cool кој ти дава да потпишеш изјава?
    Клиниката ли кај што работам:D

    Повеќе им се исплаќа да ме прегледаат од горе до доле, отколку да ме пратат во изолација.

    Нема карантин додека не пројавиш симптом и тоа е тоа. Ако, не ти одговара откажи се од работа и седи си дома.

    Докторката со која заедно се тестиравме излезе позитивна.Заедно двете отидовме на тест дека имавме контакт со пациентката.
    И знаеш што, жената си работеше тој ден нормално. И мислиш дека сега цел персонал на оделение е во карантин?
    Ако си така мислиш се лажеш.

    Во Македонија одат колективно во изолација, во Германија друга песна се свири.

    Во Април ми се активира астмата, ама многу бев полоша него ли сега. Одам на доктор за боледување и докторката ми вика ќе ти дадам спреј со кортикостероиди и ќе си одиш на работа-знае дека работам во клиника.
    Додека и објаснив дека не можам да одам и оти и јас сум човек и ми треба слобпдни денови да се оправам,па ми даде.

    За родендени нема што да коментирам, оти џабе се докажуваме.
    Секој нека си прави како што си мисли:)

    Јас трета смена последен ден, не спиев убаво и главата ме боли.

    Денеска известување од градинка, го кратат работното време. На мене и на оное кои им треба демек ќе им излегле во пресрет и ќе можел да останува синко уште пола саат покасно на деновите што ми требаат. Дадов план кога ми треба продолжено работно време, ама ќе видам дали ќе си стојат на зборот. Многу пати веруваат и после немале воспитачи и не важи тоа што го кажале.

    Се изнервирав:@, нека мине оваа глупава година и да веќе да не се повтори.
    Одбројувам нетрпеливо денови и се надевам да биде попозитивно во новата(fingers)
     
    Последна измена: 11 ноември 2020
    На Monella, Kaetana, Coco31 и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.522
    Допаѓања:
    19.420
    Здраво на посилниот пол:muscle:. Доста не' мафтаа дека мажите биле посилен пол, како па да не.

    Јас пред легнување да пишам по нешто. Да, си легнувам во 20ч заедно со беба:!:. Мм го храни накај 23ч и го преслака па ја убаво си врзувам до следно ранење во 3 или 4ч :l: . Ама толку, кај 5 го фаќаат грчеви и стануваме и не запираме. Ама не се жалам супер е вака.
    Беба е дефинитивно во прв скок. Почнува да ги игра играчките, да ги удира, да се смее, да ме препознава :inlove: Јас па мислев покасно го прават ова и за грев е бебо, ние без играчки сме. Среќа што добивме 2-3 на поклон. А никако не успевам да одам да набавам. Секако ќе биде и тоа следниве денови. Детево си плаче не знаеме што му е тоа за играње и занимации да плачело (facepalm) смотани сме (lalala)

    Ви се случило ли некому да сакате добронамерно да укажете на нешто и одма нос да ви креваат? :P ова од најблиски ми се дешава. Чув неубави работи за матичниот на другарка и и споделив да знае да биде внимателна и одма крена нос како е он најдобар...па еј нема мене тој да ме лекува. Ме нападна зошто и посочив(facepalm). И одма си добив ладен однос :@

    Стално си викам Милки биди паметна ќути си и остави ги. Со сила на човек можеш да му земеш, ама не можеш да му дадеш.
    Утрото е попаметно од ноќта па ај валда од утре ќе се опаметам.
    Гуд најт :angel::f:
     
    На Monella, Kaetana, Coco31 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Имам снаа работи мед.сестра во Германија ,и кога и кажав дека сме позитивни ми кажа дека пред еден месец била многу болна со температура ,малаксаност одвај одев и рече дека не ја ослободиле од работа ниту ја тестирале ,рече 6 дена одев на работа болна (работи на акушерија инаку).Ако било корона среќа никој не се заболел ...јас искрено не мислев дека во Германија е вака ,мислев дека повеќе сметка некако се води .
     
    На Kaetana, marchi-cool, TarantulaA и 6 други им се допаѓа ова.