@emkaemka Среќен Роденден на бато! Жив , здрав и среќен да биде! Со кифлињата прасиња ме врати во моето детство. Мајка за секој роденден ги правеше. Уживајте на езерото и чистиот воздух. Добра ноќ мајки! Честитки за се што пропуштам. Редовно ве читам. Почнаа да се редат зимните ,,бебиња,,. Живи и здрави да се , да слушат мама и тато. И побрЗо да ни мине оваа зима.
Сега најде Охриѓанка да се правишајде си ја знаеш работата,цела надеж ми е во тебе Некогаш ќе ти се оддолжам
Добро утро. Два пати во денот имам минути за мене наутро и навечер. Во една рака кафе во друга телефон. Маже пред да замини на работа го запали оганчето, топличко е... Дете сеуште спие, се разбуди побара вода и пак затера. Дете е како настрадин оча што вика стари. Ќе го молам да излезиме надвор додека е топличко тој несака да излези, излегува во 4 кога сонцето си заминало и кога застудува. Убаво му било дома да си седи да играме заедно со играчките, фудбал играме ходник, кренка(ама сеуште се издава кога ќе се скрие се смеј) сокче да правиме во соковникот, да гледа цртани, сака да ми помага кога чистам и најмногу сака да шиза на песни. А никако да фати ритам на песните, само мафта без врска со раце, нозе. Телевизорот пак ни се расипа по година дена и маж го однесе на мајстор. Но му кажа на мајсторот да ни се јави да ни кажи што му е и колку ќе кошта. Зборуваме со Маже ако е нешто поголемо да купиме нов ни да го прајме ни ништо. Но мајсторот го направил и му се јави на Маже да го земи. И кога ќе видиш поправката од лани и годинава пола телевизор. Маже рече требаше дирекно контејнер да го фрлам да не го носам... Ама затоа дете ќе се подмочаше од среќа кога тато го донесе. Сега отвора YouTube и можи исто времено и да гледа, слуша и да шиза на песните негови. Ви имам кажувано за баба ми која е врзана за кревет 3 години, мајка ми вчера ми кажа дека не ја бидувало. Не ги пијала апчињата, не јадила ништо само две-три лажички млеко кисело, и ич не се потревала за пелена менување,притисокот вчера нозок. Ех, животе... Зарем таа беше за вака,.... Место не ја фаќаше само шпарташе низ собите, минутка не можеше ни да легни да одмори. Никогаш не знајме што ни носи иднитата... Сакам приквечер да појдам да ја видам но незнам дали е исправно, пасега и со ова корона а страв да ти е. Незнам шо да правам. Денеска на мени кисела зелка со мевце и ако успеам зелник да направам. Дете многу затера, да одам да се облечам и да го видам времето какво е (да дувнам едно цигарче). А ќе заборавев Среќни родендени на сите дечиња што слават, здрави живи да ви се и секогаш да ве прават горди родители. Имајте убав ден. Чувајте го вашето здравје.
Добар ден мамички! Значи ја обожавам темава секој ден ве читам. И денес решив да пишам збор два или повеќе Бебе веќе ја спие првата дремка али кај и да е ќе стане јас до него секако за да врже сон барем од 1час иначе за 15мин ќе стане и ќе е ќемќав се до друга дремка. Го чекам да се разбуди и да излеземе на воздух скоро секој ден тоа ни е рутина еден круг со количка заспива и јас си пијам кафе во парк тој спие на воздух и назат дома свежи полни со енергија, а и на мама и одмориле рацете 2часа.. Но има и денови каде ја туркам количката, а бебе е во друга рака и вришти ако не го крениш секој ден се по забавен ми е се повеќе разбира еве веќе сме 3 месеци и една недела. Јас и бебе скоро 99% од времето сме сами не се дружиме многу ради што има и многу настинки околу дечинава на другарки мои, но тато мора на работа да биди и тоа некогаш да трае и по 10-12часа да не е со нас, а и има контакт со многу луѓе по градови али тоа е тоа, туку друго ми беше муабет. Од пред 3дена мм изразии желба да не доаѓаа никој да не одиме нигде освем секако тој на работа, а ние како и досега само без баби и дедовци кои одат на работа и од работа скоро секој втор ден свеки и свекор идеја и јас цела во збрка да расфатам да не е хаос и од кога кажа така јас секако го подржив и сум многу среќна што еве има денови кога немам баш доволно енергија и дома е како да има бомба паднато а и некако сум помалку нервозна ради тоа што нема да слушам некој коментари што се индиркно упаатени или не промислено кажани... За еден месец планирам да воведам пробување в кусови со бебе секако ако дозволи педијатар, бидеќи сме на ад млеко и одвај чекам да му ги гледам реакците и фаците што ќе ги прави. Друго незнам што да кажам ново ние е baby shark ги гледа со реакци од мавтање на раце на нозе звуци пуштање Неколку дена се мислам да испитам теродина, а никако да одам се мислам не е нешто со неа во ред од кога сум породена се вратив со стара килажа на 40дена, а сега на 3медеци уште - 7кг од старата килажа, а и не баш дека многу јадам али за да не си правам филмови и мирно да спијам. Убав ден женски!! Ве читам постојано
@mal.ecka затворена си за пораки пиши ми бт во вајкики имаше и баш беше убав . Доколку не се снајде без проблем ќе ти пратам.
Во сред ноќ мајки Си легнав кај 22.30ч и сега се разбудив наспана, уствари станав и кај 1ч, но презаспав, сега се ококорив и не знам што со себе Имам некој немир, како да очекувам да слушнам нешто лошо, го мразам ова претчувство кое никогаш не ме излажало Но од друга страна пак многу напнато се живее, постојано се плашиме да не се деси нешто, ниту можеме да се опуштиме, ниту да спиеме мирно.. Во секој случај, во станче посмирена се чувствував Од "се" што видов и чув вчера/денес потполно ми е јасно зошто се овие високи бројки на заразени од Ковид Не се докажува и не, ама па не се можело, ама па мисла било, ама па морало се некој да се види со трети, пети и да се напика у соба.. Се се може, ако се сака! Како јас ако од март не сум влегла кај никој дома, сем кај моите неколку пати, на прсти се бројат и кај сестра ми еднаш, така можат и "повеќето".. Буквално никој не сум примила дома! Ама не, се влагало само на кратко, па ќе се налутеле за Х работи ако не се пошло.. Изговори, изговори и високи бројки, епа нема ни да бидат ниски Наапана сум денес Светко е добар, да не го мислите Мислам колку се може по мозочен удар, но резултатите не му се лоши со оглед на годините. Старост е тоа или што он милува да каже "возрасен" Полека му се враќаат функциите, но рано е, треба да мирува и да смени начин на живот, од него ќе зависи колку ќе биде векот. Свеки и раката ми е за грев Цела и е во завои, се гледа дека боли, како и не. Уште е рано за дали ќе и се спаси прстот, за функција и на другите два прста, па и на рака, пошто и дланката ја средила, се е прерано.. Луда жена, бичкала дрва бе, уште не ми е верно што глупост си направи Него си го земавме бебето Или Биби си го зедовме Тоа е името на пиле Му се јавил човекот на мм дека може да го земеме и да го дохраниме ние, као и подобро ќе се поврземе. Друг ден и нема кога да идеме, башка и за Охрид нели треба да иде, па се провозевме Немавме ни време име да мислиме, а бебе упорен како да се вика, по цел пат кажуваше дека иде Биби да го зеде Но чичкото му кажа дека ако не биде умен и ако го закача ќе му го земе Нели ние зборевме, а човекот од далеку климаше и ни се исписмеа на маката, епа мојов се стутка у мене и тргна да плаче Му го спакувавме во кутија од пелени, одоздола му ставивме и од неговите платнени пелени за да не седи пиле на картон и ги наредивме во кола. По цел пат бебе гушкаше картонот, па го отвори и го галеше пиле, која љубов беа Пиле гревче, не знае ни да лета, уште ги нема ни сите пердуви. Некое време ќе го хранам со шприц и каша, дури не си пројаде, почнува, но човеков рече барем уште 20тина дена ќе треба да давам/нудам. Јас се заљубив веќе, многу е убаво пиле, баш пиле е за нас и да ни биде милениче Само малку големко, а бебе е нели, дупло е поголем од Коко наш, ме изненади големината, не очекував, баш кокошка ќе си чувам во соба Еве два пати станувам и го проверувам и мм стана еднаш да го види Од утре ќе ни е ултра интересно Него кај човекот постојавме надвор дури се објасниме и ладно бе, зима дошла брррррр Се си мислам во Охрид потопло е или па може дека сончево, а ние искачаме само во ден. Оно и денес тука беше претопло, во дуксери со бебе шетавме Ама поладно ми се виде, измрзнав дури стоев надвор, па и у хеланчиња, тенко блузиче на 3/4 и патики бев, јакна повеќе и пролеттна Па и се си викав уште е рано за бебе и чизми, ама на вакво ладно "смешка ми е" детево што ми шеташе во платнени патики Утре имам ситни обврски, па се помислив дали да му ѕирнам некои чизми Оно отворив и на нет, бендисав некои ама сакам да ги видам во живо и колку ќе се гломазни и тешки. Ако се тешки мојов ќе нема теорија да ги облече и на секое ќе биде тегнење и плачки. Периодов иде само во едни исти патики, Пако му ги купил и не ги соблака и не. Ептен е терсене за обувки, исто како и за дотерување, ако за нешто каже дека нема да го носи, вистина нема да сака да го облекува, па јас понудила безброј пати и направила 10тина филмови. Има неколку парчиња за кои не сме го прашале или за кои не сме му поверувале дека не сака да ги носи и џабе парите. Мики буквално да не го види никаде, а го види џитка стварта Утре сакам и нешто новогодишно да му купам, ваљда ќе најдам, само сега ми е шанса до Нова, друго шетање ќе нема Барам нешто со еленчиња, ирваси, чим ќе има животинче ќе се согласи да го носи. Ваљда Но и ќе му го дадам кесето на мм да му го врачи и чим Пако дал ќе носи, па и на секое ќе се фали дека Пако купил Утре да пробуричкам на таван и нешто за украсување за Нова да најдам, секако дома нема да се вратиме, па барем таму да извадиме некој украс. Ја сакам јас Нова, а детево како што кажав е фасциниран од сета приказна и магија Да станам да го проверам новото бебе и да подремам во темно да ми дојде дремка Гушкајте малишанки
Добар ден мајки! Си легнав синоќа во 8ипол, станав кај 4 наспана ама ај што ќе правам од 4, ќе лежам и презаспав, сега очите полни песок, заникаде. Пијам кафе ко вода да пијам, не го осеќам дека е кафе, мислам редбул би ми помогнал моментално. Вчера имав мала криза, малку се изнервирав повеќе па пукнав. Ама добро, денес мислам дека ќе помине. Лошо е што дете извадив од памет, ама не сум и јас од челик. Животот воопшто не е розев. Не би било лошо денес околинава да биде нежна со мене, оти не одговарам како ќе вратам. Ич не ми требаат денес нафурани чичиња со маска под нос и листови да ми мафтаат пред очи. Башка што сум секој ден сама до 3 и изигравам портир, кафекуварка, колешката што вади имотни, инфо за планови, инфо за легализација, плус на сето тоа и својата работа да си ја работам, е не може се тоа, една сум. Ај у три лепе... Ме исцрпи сево ова, ме уништи. Мислев дека ако се дистанцирам од фб и цел тој корона муабет полесно ќе ми биде, ама јок, сите околу мене само за тоа зборат и уште ме напиња. Башка една колешка секој ден 3 пати симптоми добива и предвидува бројка на починати, дали ќе има полициски, дали ќе не затворат и кука за на ќерка и ситуацијата, млада да седела дома греота било. Абе алоооо... Мислам дека добро ќе ми дојде едно 300гр милка со цели лешници, уште да смеев. Да ти се плукнам на муката да се дебелееш и од воздух, да ти се плукнам! Доста ве напињав, да си продолжам со работа. Убав ден!
Здраво и од мене Цуца се изнаспа до 9 и 15 тераше, и дадов да јаде ми поврати, од тие заби аман веќе сега и дадов чоколадо да видам дали ќе јаде го јаде јер благо Запалив огин ја изнаоблеков некако многу ми е ладно, денес нема да ја изнесувам, ако се затопли може вчера убав круг свртевме Почнавте ли со китење елки? Некако рано ми е што знам она многу се радува на сијалички, лампионите сака да ги фаќа ме фаќа еуфорија само што оваа година ќе биде во домашен амбиент. Од кога почнавте да ги учите малечките да користат четка и паста за заби? И нокшир? После ќе и дадам јаболко го сака и го сечам на тенко и го јаде. Вчера и дадов мусака цела чинија ја изеде Тетка ми имала мал мозочен удар сега ќе чекаат 7 дена да видат дали ќе биде подобро да ја носат во Скопје на операција чекам резултати се надевам ќе оздрави Ајде да пијам кафе па се читаме
Елката до лани до 15ти ноември веќе беше накитена, а до декември веќе и цел стан украсен. Крисмас колачиња секогаш на маса, свеќи, сијалички, значи 3 месеци кај нас дома новогодишна атмосфера, топло ќебенце, грицки и нетфликс. Оваа година елката ќе паузира зашто се плашам малиот да не направи беља. Огромна е, тешка, не ми се верува да ја преврти ама не ми се ризикува. Само да се вратиме дома и ќе го украсам станот како лани, немам време да одам да купувам нови ствари, само ќе си нарачам машна голема за влезната врата. Не знам како ќе биде оваа година. Уствари знам, сите дома, нема прослави, којзнае дали ќе се осети новогодишната атмосфера ама па искрено, ништо не ми е важно кога ќе ми текне дека ова му е прва Нова година на синко и треба да купам уште еден новогодишен чорап за поклон Уште сме кај моите на гости, леле колку уживам Чистам по цел ден, генералки и правам на мајка ми, видов дека се запустила малку од работа. Вечна трка по повеќе пари, се убиваат од работа и двајцата за да имаме се што сакаме, мртви уморни доаѓаат и пак имаат сила да си испијат какао заедно, да си ручаат и да си го прераскажат денот. Обично следи пладневна дремка гушнати ама сега синко ги забавља Ако некогаш беа најстрогите родители, сега се најлабави баба и дедо. Знам дека е рано, уште е бебла ама се гледа дека се ќе биде дозволено кај нив. И секој ден се враќаат со некое поклонче од работа, дали кашичка, дали топче ама со празни раце не доаѓаат. Ми се иде дома, ми фали нашето станче ама кога ќе ми текне дека сите обврски се мои Ќе си поседам уште малку. Нема поубаво од убаво зготвен ручек секој ден на маса. Нека биде хаос ама ручек да има. Затоа и се поправив едно кило Почнав секој ден со бебе да си легнувам во 20h, заспивам до кај 23h и многу ми е убаво. Сабајле ме дигна уште во 5.40h, гледам надвор темница, мене ми се плачеше, а тој расположен за игра го шета цел кревет, ме гњави, ме мази со прстињата по лице и како да не се разбудиш Па уште ножињата голи така сабајлечки кога му ги видов, му ги изедов. Еве го сега тера прва дремка, мене ми се пие кафе ама убав ми е креветот топол не ми се напушта. Нека се наспие, си правам големо кафе и идеме да шетаме цел ден. И така несакајќи се излигавив, ретко пишувам во темава ама кога видов се спомнуваат новогодишни празници не можев да одолеам. А со душа го чекам Бадник, омилениот мој празник, за прв пат ќе бидеме сами дома и јас ќе бидам главната домаќинка Поздрав мајки, имајте убав ден, искористете го времето уште малку зашто најавија ниски температури и снег
Леле што убаво си раскажа. Ми дојде да се спакуван да одам кај мојте со синко на поседок и ми се присака одма утре да се празници и да е накитено
Добар ден момстерс Чинам, никогаш претходно не сум била во вакво празнично расположение, како откако почнав да дејтам со маж. Тој е крејзи крисмас персон. Од Октомври елка е накитена, декорации на сите страни, на сијаличките веќе еднаш сменивме батерии. Се слушаат божикни песни и се гледаат Nation lampoon's по милионити пат. Таква е нашата божикна традиција. Пута 2, оти го славиме 2 пати. Простор за голема елка немавме, уште помалку пак, можност да се огради, па маж улета тука како супермен и најде елка што може да се монтира на ѕид. И таква имаме сега. Ѕидна. И бебе и мачор заинтересирано ја набљудуваат, ама ми се чини ова беше најдобро решение за оваа година. Здравје од наредна, ќе биде уште поголема и ќе се кити од сите страни. За сега и тие два лампиони што бебла успева да ги дофати се испогмечени. Утрово бевме да и испитаме крв и да прими мрп. Педијатарката не можеше вена да и најде па ја избоцка на двете рачиња. На крај и вакцина. Знам дека е за нејзино добро, ама ниедно мое боцкање не ме болело толку колку што ме боли нејзиното. Па, денеска сум скарана со светов. Да можам, се би направила место неа. Ама такво нешто сеуште никој не измислил... Завршив со доење. Крајот беше многу полесен од почетокот. Конечно и цуцлите ги фрлив. Уште еднаш ми се потврди фактот дека со бебе не треба да се форсира ништо. За се си има свое време и буквално за се, детето само ќе си покаже кога и дека е спремно. Умница моја. Ги потценуваме оти се мали и не знаат да ни кажат што сакаат и како се чувствуваат. А нивното однесување опишува цел еден куп емоции. Треба само да се набљудува. Внимателно. Се прашувам колку многу сум пропуштила да "прочитам" што сакала некогаш да ми каже... Посакувам деновиве да беа поинакви. Да не живеевме под константен стрес и страв за себе и најблиските. Па да можевме да уживаме во празниците без да се штрецаме на секое дека таму негде надвор, во соседната уличка, во станот наспроти, дворот под зграда.. постои нешто од кое треба да се чуваме и не ни дава мир...
Здраво женски Синко пред телевизор, јас да шкртнам некој збор. Ме зафркава коректорот, едно сакам да пишам, друго се пишува и на крај неповрзани реченици. Не сум на работа дури две недели и ми е идилично дома. Само готвам нешто, да одржуваме килажа во зимскиот период. И документи средувам, ама тоа ми е досадниот дел,само што се мора - се мора и пробувам да завршам. Дете е чудо значи Ме осети дека сум дома и не сака во градинка. Денес го оставив дома, оти ме замолија воспитачките дека немало персонал и преска кога му текна, не па не сакам во градинка, многу ми е убаво таму Оди па погоди му. Јас ставав зимница, пред некој ден. Еден рецепт ми го кажа братучетка ми и е многу убав Чекам да стаса уште малку туршијата и да се фрлиме на јадење. Мм ме искара демек оди купи си што се мачиш, а прв е кога треба да јаде, не за џабе домашно си е домашно Во поглед на украсување за Нова Година ќе почекам и ќе украсам после недела. Имаат германска Задушница во недела и лани избрзав, па ме караше колешката-не се украсувало пред Задушница. После не биле суеверни германците. Има еден мал милион примери каде покажува дека и они се многу суеверн народ. Ама имаат и многу убави обичаи со поклоните и адвентскалендар-секој ден од 1 до 24 Декември се отвара едно ќесенце или вратичка и стои ситна играчка или благо внатре. Повеќе направено за децата Синко уште од летото си знае што сака за Божиќ поклон-тони бокс. Ама ќе го однесам и во некоја продавница за играчки нека си одбере уште нешто, па ако ми фати око, можеби и тоа ќе му го донесе Дедо Мраз Чекам да дојде црн петок и да се фрлам на купување. Трговските се украсени, ама некако пак не е таа божиќна атмосвера. Сите со маски, не смееш да седнеш никаде... Не ми е убаво воопшто. Ајде да се фаќам да правам бисквит торта, да го погодам маж ми, па ако не е утепан, он ќе ме погоди вечер мене Поздрав и убав ден
Zborete mu celo vreme dodeka go hranite, ama samo toj sto go hrani, moze i da prozbori podocna, naseto si go zbori imeto. Mm go hranese od pocetok, samo sto se rodi go zemavme, i dur go hranite svirkajte mu. Posle koga ke porasne ke ja raspoznava taa svirka i koga ke svirnes ke dojde samo.
Јас не знам да свиркам Зборувам, го галам и се храниме полека. Знам дека за оној кој го храни повеќе се приврзуваат, па го вклучувам и детево. Баш како бебе да имам, со три пати каша и две ужинки од овошје/зеленчук Абе пиле има интелигенција како 5годишно дете, кое име зборење, јас очекувам на прашања и потпрашања да почне да ми одговара Коко или он беше Голем Александар на 5-6м кога имаше почна да збори, за овој ќе видиме, едвај 2м има. Интересно ни е
Хоризонтала на кауч,и ми иде у позадина MTV club(ме потсети на некогаш коа бев зелена тиква и единствено ми беше окупација што за облечам за во диско.Убав и безгрижен период.И сеа ми е убаво,ама друга димензија е ова.Дете од летото изгуби дневно спиење,и на моменти има кенкања.Нешто забушава и со јадење,количински помалце.. Елка не планирам пред 15ти дек...Ќе падне прашина на лампионите ако пред тоа накитам,а неможам таква д а ја гледам... Имам толку планови,ама ништо не ми иде од рака.Една голема кочница.Ме фрустрира тоа,ми ствара бес и неможност да уживам во моментот со карамелава моја...
Добровечер Ние со златно славејче сме и сака само песни да и пуштам зема си игра со сукало Овде многу е ладно и многу дува ветер, за кога најавија снег? Ми се јадат кифлички, сарми чудо некое Сега за празнициве и дека дома цело време удри на јадење. Ајде нека заврне
Мамички,некоја да не има идеја или искуство со што да направам отпечатоци од бебуш за рамкава? Има празен бел лист на кој треба да се направат ама го немам печатот. Пробав со прехранбена боја ама не се направија убаво.