Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Јас со траен кармин направив..и се уверив дека е траен едвај го исчистив меѓу прстиња:rofl::rofl::rofl:
     
    На Milkiway, Kaetana, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Да пишам и јас додека бебушка уште спие, а во секој момент знае да стане, отвара по едно окце и пак презаспива, како на штрек да спие ова утро:)

    Добро утро мајки и дечиња(heidy) :f:
    Честитки за родендените и убавите поводи. Темава зрачи од убави постови и позитива, затоа ве читам редовно, но немам баш време да пишам, бидејќи многу сум активна во темите со грчеви, вакцини, совети од 0-6 месеци:lol:
    Пред спиење знам да ве читам, долги се постовите, па знаат и да ме успијат на крај и да си спијам после нив:angel:
    Бебушка моја направи 2 месеци, мнооогу брзо лета времето, сакам тоа да е побавно.:(
    Се ми е набрзина, се нешто се случува. Вчера беа првите вакцини, душичка кога викна, срце ме здоболи. Којзнае колку ја болело, липташе и во сон после настанов.;(мора и ова да го поминеме, за жал некогаш неизбежни се плачките.
    Ама затоа потоа си ја разгалив, цел ден и пеев и се смеев, грло ми се исуши од пеење:Dзаедно спиевме и таа беше поспокојна отколку да е сама во креветчето:l:

    Се случи еден многу смешен настан.
    Некаде овде по темиве имаше слика постирано од бебче со бубулички по лицето од брадата на таткото кои го надразниле.
    Дома си збориме со маж ми и му ја кажувам случката. А тој носи брада можеби 6-7 години нонстоп, и само ја крати но никогаш не ја бричи. По муабетот помина денот и вечерта тој заглави во купатило со бањање. Кога излезе има што да видам, личеше на 15годишен младич, се избричил скроз;( божеее, не сватив од прва зошто.
    И ми вели за случката со другото бебече, му било страв и на нашето да не направи реакција па за неа се избричил:o :wasntme: знаев дека ја сака, ама дотолку за да ја жртвува брадата која му беше заштитен знак не бреее:rofl:
    Од една страна ми одговара што му е слабост бебушка. Што и да правам а таа заплаче, тој веднаш срипува и ја зема. Тоа мене ми одговара, барем знам дека ќе ја чува;)па, повеќе време и за мене ќе има:emo:

    И така, пишав за случката, за вакцината, честитав се и сега доста е.
    Останете ми здрави и добри па се читаме повторно:sun:
     
    На K7M10J, marchi-cool, edna_malecka и 46 други им се допаѓа ова.
  3. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    12.104
    Добро утро и од мене
    Нека и е најсреќен именденот на ќерка ми да е жива, здрава и секогаш среќна и од бога благословена на сите што го слават св. Архангел Михаил да им е вечна славата, а тие што чекаат име да им е вечно името :inlove:
    Правев кришки со јајца, малата се изнајаде 1 ипол кришка и кисело млеко :wasntme:
    Овде многу студи и дува ветер не се излегува :|
    Останете ми поздравени :hai:
     
    На ma4e1311, Presrekna, Coco31 и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Женски
    Јас постирав.. и да ти кажам маж ми вечерта удрил бричот. Инску носи брада од 2009 постојано. Исто идентично како што викаш - најкратно шишан со машинка некад. Ние сме заедно од 2012 и јас прв пат во живот го гледам скроз избричен со брич.
    Заспав јас вечерта и ноќеска станувам за бебе да цица и го гледам чуден.. тоа мала светлина, јас кома со пола око гледам и не ми е јасно што ми е чуден.. леле кога се освестив и кога го видов хахахахаххаха :D едно 2-3 дена му се смеев, 10 години му се симнати со брадата. Скоро генерација изгледаме сега (иако сме 10 години разлика :lol:) Иако си го сакам со брада, баш се стопив од постапката и ме израдува што без размислување веднаш се избричи.
     
    На K7M10J, marchi-cool, orhideea и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Ете, ти си била. Е баш ми е мило што имаа вакви реакции кај нашите мажи.:l:
    Не ми е убав без брада, ама постапката ме дирна.
    Сега само ја гали и бакнува, оти немал брада да ја боцка:D
     
    На K7M10J, Presrekna, 24.07 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Женски
    Сега само се бричи, вика ко војник мора да сум мазен :D Искрено и мене не ми е по кеиф, ама ме израдува :inlove:
     
    На K7M10J, Presrekna, Thallia и 9 други им се допаѓа ова.
  7. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    И мојов го удри жилетот, а со брада е откако го знам :D
    Само што мојов првпат го направи тоа кога се роди малиот, а сега подрасната му беше. Му го прочитав муабетот и слушам машинка брчи во вц и после брич мавнал :D
    И мене ми е поубав со брада :^)
     
    На K7M10J, 24.07, thelittle17 и 18 други им се допаѓа ова.
  8. MimiG

    MimiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    199
    Бидејќи и мене ми е поубав со брада, не му го кажувам муабетот :D
     
    На K7M10J, Jana06, Snowflake92 и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки, ајде и јас да шкртнам неколку збора.

    Денес излеговме да купиме скафандер за бебе ама ништо, не ни се бендисаа. Јас влегов во Рамстор, мм и синко чекаа во кола и јас праќав слики. Сепак не излегов со празни раце, го подновив синко и за мене грабнав некои работи од ваикики, сум ги трефнала без да ги пробувам :lol:
    Продложивме кај моите на кафе, мајка има слободен викенд конечно. Се утепаа од работа, едноставно не е фер ова што им го прават на докторите ама тоа е. Е демек кафе ќе пиевме ама мајка направила и ручек па јадевме. Ми дојде убаво да ја видам и да ја гушнам. Многу ми недостига, солзи ми идат само што го пишувам ова. Само се молам да ми ги чува дедо Боже моите.
    Почна синко порано да заспива, конечно. Денес заспа во 20:30, бидејќи вчера чистевме со мм, денес ми остана да си посветам малце време на себе. Се затворив во купатило си се издепилирав, пилинг на пети, се истуширав на раат, уживанција.
    Сестра ми ми купи за роденден неколку серуми и креми и ми држеше предавање како да ги користам, па сега и со тоа се занимавам секоја вечер :D
    Диетата оди супер, оваа недела е веќе втора и вагата покажува -3кг. Малце се зачудив, изгледа дека дојам многу побрзо губам килажа. Инаку цело време јадам, доручек, ручек, вечера и две ужинки. Воопшто не сум гладна. И шеќерот го мерам, денес дури 3.8 на гладно 8-|
    И тоа е девојки, маж спие, синко спие, а јас уживам малце во тишина :)

    Поздрав :sun:
     
    На K7M10J, marchi-cool, azelea и 30 други им се допаѓа ова.
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Во денешната епизода од мајчинствување и сопругувствување...

    * Дојам во невидена положба дете кое се чини истовремено вади сто заби. На веќе постоечките 4 горе (единици и двојки) и 3 долу (единици и штотуку излезена двојка)… се придружуваат: долу - едно отечено непце предизвикано веројатно од четворка плус втората двојка, и горе - двете четворки чии делчиња се веќе видливи. Тоа по автоматизам значи две ноќи екстра будење на она постоечкото кога е "сѐ супер" (83363892 пати). И преку ден е нерасположен, а разликата навелер е што обичните милион будења се санираат со цицка, а ова будење од четворките е со плачење, мака, болка, што дури и цицката не може баш да го смири. Додека сме на тема дете, не знам зошто мисли дека е сосем интересна работа да ме мава по лице. Знам дека не разбира, ама ми иде јас да му шлакнам една. Сто пати му викаш не, тој се смее и мисли игра е. Се плашам дека ова ќе е бетер од сестра му со тантруми. Драматичен е, се фрла, фрла со играчки кога е фрустриран... Маж вика, тоа е. Такви раѓаме ние. Не можеме да направиме некое фино бубалче. И трето да имаме, и тоа ќе биде high maintenance.

    * Маж ми ми го скрши филмот кој вчера ми го разубаве денот. Може е лејм, може не, who cares, купив новогодишни џемпери за сите и баш се исќефав. Купив башка поклонче за него т.е. за нас за нова година, го спакував и го скрив. И нормално, како што е секогаш ситничар, па џемперот тесен му бил (ок, немаше машки, па купив детски :?: ама ко за сликање му беше ок) и дај сметката да го заменел.. со сметката ми пропадна и поклонот што го скрив.. и на крај немало џемпери а тој го вратил. Ми го пукна филмот, и денес сум на став дека на новогодишна слика ќе бидат само тие што имаат џемпер. Ете така.

    * Мачорка денес го доби the talk. Birds and the bees. Или скроз нецензуриран муабет за тоа како се прави бебе, за секс, и сѐ. Веќе година дена на секоја сцена на тв која случајно ќе се појави јас ја праќам вода да ми донесе, или не знам си што измислувам и глумам. Немам веќе изговори и идеи. Башка се сеќавам јас кога бев дете и кога имаше такви сцени дека ми беше непријатно затоа што не се разговараше за секс по дома, и не сакам да го има тоа чувство. Па директ ја прашав - дали ти е глупо. Ми рече да. Дали сакаш да ме прашаш што се случува а ти е глупаво и се срамиш. Ми рече да. Така? Еве сега мама ќе ти објасни (или ќе те осакати доживотно, we'll see).. Од муабетот ќе го издвојам хајлајтот: "знаеш кај машките долу како изгледа нели?"... "Да, имаат таму едно како боранија!" :rofl:

    Добра ноќ на сите. Јас ќе дежурам вечер со малово ајкулче. :drunk:
     
    На K7M10J, dunika, elenaklasik и 47 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.909
    Допаѓања:
    18.795
    Пол:
    Женски
    @Kaetana :rofl: како и текнало на боранија.:rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Ме насмеа пред спиење.

    Преморен сум и ке спијам. Прв ден мензис, синко го молев 2 саати (да да буквално) да го изеде ручекот, не запира по цел ден, плаче и драми за се. Крокодилски солзи лее, а прво очи езера и носето му црвенее.
    Утре ке напишам нешто поубаво, денес сум уморна и нерасположена. Нејадењето ме уништува тотално.
    Лека ноќ мајки, гушкајте ги малечките, пребрзо растат. (heidy)
     
    На K7M10J, azelea, elcezelce и 18 други им се допаѓа ова.
  12. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Долга ноќ мајки..
    Бебе со температура и спие, маж успан ко никогаш а јас дремам и читам како се справува со температура, кога што се дава, како се разладува бебе и тако даље..
    Нека поспие дури не ми се приспие па ќе се менуваме..
    Прв пат крева температура па затоа и си паничам прво дете + прва температура = мајка која незнае што и како..

    Ве читам редовно, да не ме мислите ама време никако да ми остани да чкртнам тука бебка захтевна е баш деновиве дали дека го оставам со мајка ми по 3-4 саати па после само в раце сака да го држам и сам никако не се заигрува, или период е незнам, ама што да му правам мора да исчистам дома 100 мајстори се претераа веќе и никако да се досредиме и да се прибериме..Ама деновиве ќе биди и тоа..

    Свеки е во некој филм дека славата треба да се чека, грев било куќа да затвориш..ти и објаснуваш каква е состојбата и бебе имаме таа пак што си знае тоа си брбори..ама кој ја слуша кажав веќе нема слава годинава и тоа е не се расправам веќе..маж ме поддржува па таа нека си наговара слободно..Можи моиве и деверми да дојдат на ручек колку да се обележи и онака со нив сме во контакт а за другите наредни години здравје..

    Новогодишнава еуфорија годинава ми ја нема, а и како да ја има на газ не сум седната трчам де по дете, де по маж чистам овде, чистам дома, па ова фали па она фали..А и овие од салонов за мебел ја претераа веќе 2 месеци не се стигнати мебелот за дневна и трпезарија..Нека стигнат има со месеци да ги влечкам за плаќање па да видат како е после тие да ме бараат не јас нив..

    Ајде доста се жалам во последно време ама ништо убаво не сум кажала се жалби и поплаки..Ама тоа е годинава е таква па неа ќе и препишам расположение..
    @Kaetana Ела си на :coffee: дупло турско да не ококори :rofl:
    Бај, бај мајки :hai:
     
    На K7M10J, marchi-cool, Jana06 и 28 други им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.276
    Допаѓања:
    19.082
    :hai: Хеллоу
    Од Personal achievments издвојувам дека си легнав во 19ч и пред малку беба ме разбуди за ручкање :lol:
    Ја наполни пелената, стандард при преслакање ми се помочкува прави се лом и менуваме алишта.
    Најдотерано дете е по 100 пати се преслака (facepalm)
    Сега еве го донесов креветчето до мене и си прајме муабет. Он се смешка ја крцкам со заби мислам ќе си ги искршам од убаини. Пред некој ден еден дури ми потпукна бар така се чу :?:

    Го додавам и мм во листа на избричени. Ја одма му кажав ако сакаш да го бацуваш по лице избричи се. Ете после 3г брадечки стаж заигра бричот :!:

    Денес бев кај мајка ми на кафе. Ич не сакам со корониптево да шетам бебе ама па не се издржува во 4 ѕида сум од 15.03 :( ќе заврши ли ова лудило.
    Баш ќе беше убаво да можев со сите да седнам на маса ручек да истераме ама ќе почека ;(

    Цела недела до 15ст време дојде викенд и студ. Тоа е некако стандард за Скопје.
    :rain:
    :l::l:
     
    На K7M10J, marchi-cool, azelea и 26 други им се допаѓа ова.
  14. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.272
    Каква диета држите?
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    28.588
    Еј мамушки... здраво!:)
    Недела, сончева :sun: ама студена... мене така ми се чини!
    Со децата сум дома... Тие заглавени во купот играчки, играат на комшики кои цело време се карат:^). Оти така? Нели децата најмногу учат по пример, а тој пример секако го немале. Со комшии освен ,, здраво" и два реда муабет друго сме немале... кавга па ич.
    Ама моите ќерки се кавгаџики комшики
    Малотооо... леле малото кога го слушам... не ми се верува дека и тоа порасна и 3 год ќе полни. Можам да предвидам што ќе се случи за брзо време, големто ќере нема да толерира уште долго...(facepalm)

    Смутито го испија... Големата би испила 3 полни чашки... малата пак ич не ми е по овошјето... она прашува дали имало смути од манџа :rofl:. Она по манџите и салатите е... Па ајде пола чашка само испи, ќе се тешам дека колку- толку имаме овошје внесено за денес.

    Недела ден кога фамилајата е дома, лек за мене ... помалку ќе мислам на некои работи... Знам, ноќе ќе ме потиснат тие мисли, кога децата ќе спијат.
    Обично во недела чистам, ама синоќа кај сестра ми ги пратив децата а јас дома завршив се што денес ќе ми го одземаше денот... и купатило исчистив, мала кујна, правосмукалка вклучив, прашина избришав... Оатана за денес ручек само да правам. А за ручек ќе им правам омиленото, пирошки... нездраво ама за нив највкусно! Сакам ќефот да им го направам... плус и заедно ги правиме со големата, сецка со мене, учествува и потоа се фали како таа готвела. Значи ден поминат во кујна со среќни насмрани фацки- фантазија. А реалноста е друга - ден поминат во кујна со децата и направен ужасен неред, и зуење во ушите - дај на мене, јас ќе сецкам, јас ќе ставам, немој на дада |(
    Ако... вреди да им се удоволува, децата се злато! :angel:

    - - - - - -
    Се степаа комшиките, така заврши играта... Тукушто смирив ситуација...
    Сега едното на двосед, другото на фотелја се гледат луто :envy:
    Ќе бидат нови походи за брзо... ехеее голем ден е пред нас!
    Убав ви ден!
     
    На K7M10J, marchi-cool, orhideea и 33 други им се допаѓа ова.
  16. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Платив на нутриционист да ми изработи, зашто имав проблеми со гестациски дијабет во бременоста и после бременоста ми беше висок. Плус за слабеење :)
     
    На K7M10J, PurpleMind, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Ден мајки :)
    Додека братчиња тераат прва дремка, да шкртнам некој збор.
    Ручек за нив ставен да се вари, доручек спреман, маж во двор кубури со травата, мајка на гарнитура во хоризонтала...
    Реков прва дремка, ами моиве беблаци пак се вратија на две дремки... Хммм, може така?
    Кога стануваат порано, преспиват два пати, и тогаш ноќното спиење е мирно, додека кога преспиваат еднаш, а тоа се случува кога наутро ќе се разбудат покасно, ноќта е проследена со будење и кенкање. Незнам зошто вака??
    Инаку, откако почнаа беблаци да се будат навечер, мм го испратив да спие во дневна бидејќи според мене, неговото 'рчење ги будеше и нив и мене.
    Дека ме будеше мене да, ама дека дечиња-мечиња се разбудуваа од таа причина - Ц!
    И така мм свитка кичма на гарнитура и секоја вечер пред легнување се пазари со мене да си се врати во спална.
    Кога конечно си признав и на себе и на него дека на бебињата не им смета неговото гласно спиење, се врати маж при нас, а палавковци спијат цврсто како претходно.

    Вчера на едното близначе му беше именден, ве понудувам со органско домашно црвено винце и тиквешка пита.
    Со оглед на околностите, си прославивме сами четворицата. Моите поминаа да му остават поклонче и да ги видат од тераса.
    Мм им спрема греано винце, па цврцнаа по чашка-две надвор на студот.

    И така мајки, време лета, да станам од кревет, да пуштам некоја машина додека трае оваа четириесет минутно нанкање.

    Убав ден :*
     
    Последна измена: 22 ноември 2020
    На K7M10J, marchi-cool, orhideea и 25 други им се допаѓа ова.
  18. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Среќни и вечни имендени мајки :l:

    Добар ден.
    Тек сега седнувам да одморам.
    Малку чистев,малку повеќе заглавив во кујна, ама еве дојдоа и моите 5минути.
    И ќе траат 35 ^_^
    Си направив кафе и палачинки, ќерче нана, мм сеа се прибра, па јас уживам сама во тишина.
    Купот алишта чека на спална, купот играчки чека на под, амаааа не мора се да е завршено за овие пола саат/саат дури дремуцка дете, имам душа и јас бе:bandit:

    Многу ми е мерак да накитам елка.
    Многу,премногу!
    Ама до Јануари, ем прашиништа, ем познавајќи се 5 пати ќе ја прекитувам, ем ќе ни здосади.
    Или па не :D
    Се договаравме со ќерче прееска да китиме, ама некако се заигра и заборави.
    Инаку не чекав два пати да ми каже 8-|
    Може до вечер и тоа да стокмиме, тамам џабе чистењето да ми биде.

    Динстам едно телешко, леле ми здосади, 3 саати и абер нема сеуште.
    А во меѓувреме и ручек за мене и дете, ете и десертот бидна, а телешково неќе да чуе.
    Маже е на диета, па секој ден готвам башка за него.
    Ќе слабеел, убав он.
    Помини-замини,лап од чоколатцето, лап од помфритот.. :D
    Ај уште месец и пол/два ќе го тинтрам вака, после нема да знам кај ми е главата со две дечиња дома, па и обавезите низ куќа, па уште и да му готвам башкаааа?
    Има денови и алишта ќе спружи/здипли, ќе усиса дома, ќе светне во кујната, ама ретки се.
    Многу работи, утепан е секој ден од работа.
    Еве сабајле во 4 излезе,дури сеа си иде. И уште да му кажам ај земи замети малку... :D
    Ама договорени сме кога ќе пристигне бејби нр.2 нема да се ака толку и ќе биде повеќе со нас дома,нема деца со свекрва да растам јас.
    Или двајцата,или сама.
    Не со бабите ^_^

    Еден ден за одмор, а јас се преморив квалитетно.
    Од утре прва смена на работа, во план сум да останам на боледување две неделк, па после две на работа, па одмор и породилно.
    Многу позитивна на ковид има кај нас во последната една недела, ако продолжам на работа 99% ќе се заразам за рок од 10 дена. :(
    А толку време се чував,сега за малку не ми се ризикува.
    Мене од жал за колешките, дека немам замена па да не оди едната само втора смена две-три недели и не останував. Арно ама еднава колешка ме зае.. поштено, последните две недели само втора одев, она одмор сакала да искористи.
    Баш сега, во најголемото жариште и гужва.
    Па не се сите смотани како тебе ма Шанел :|
    И така, ваљда нема да се предомислам до утре.

    Ми замириса на мевце, изгледа му текна да се свари веќе.
    Имајте убав остаток од денот :hug:
     
    На K7M10J, marchi-cool, Coco31 и 22 други им се допаѓа ова.
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Сподели со другарките од што се состои планот за исхрана :wasntme:
     
    На MilaSs12 и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  20. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Сабајлечки кога ќе станам имам чај со ленено и лимон или чај со ѓумбир во прав и лимон. После тоа имам овошје јаболко, кива или калинка со јатки по избор.
    Доручек имам омлет, киноа со кисело млеко, кисело млеко со овес и чиа, просо со рукола пиперки и печурки, тортиља со хумус пченка краставица рукола. Ручек леќа, грашок, интегрални тестенини, грав, прокељ, без запршки. За вечера обично се супи или салати.
    За ужинки имам јатки, едно овошје, чиа пудинг. Обични јадења што си ги јадам и онака често. Прво девојчето ми даде анкета да пополнам, што користам како користам и според тоа ми даде план.
     
    На K7M10J, Coco31, PurpleMind и 8 други им се допаѓа ова.