Хола мамаситас! Дете догледува Диего, јас да пишам па да легнуваме. Имам многу тежок период и таман мислам сум кренала глава паѓам. Паник атакс, анкс, стрес, нервоз... Се комб со коронава, страшничко ми е. Малку поише урлам, малце попоише. Поправена до максимум, а јадам 8/16 и нема никаков ефект. Се што симнав вратив. Од утре ќе комбинирам со ун, некако. Ќе се потрудам бар. Мајка е позитивна, не ми кажуваше ама требаше да купам еден лек и се испушти. Добра е, ама се сеќирам. Јбг, медицинско лице, тоа е. Се надевам само да биде добра до крај. Неделава не сум на работа, домче ќе бидам. Ќе ми треба ваков одмор зошто минатата недела беше напорна баш. Имав толку стрес акумулирано што вчера експлодирав. Утре ќе пијам кафе со другарка, малку да избистрам глава. Добра ноќ мамс!
Добро утро и од мене Вчера на тато му вадевме 6 месеци кога поминаа Кажете ми како да ја ставам елката, а ќерка ми да не ја бутне? Како да ја тргнам од таму? Лани со дубакот се залетуваше два пати врз глава ќе и паднеше Одам да пијам кафе Останете ми поздравени
Ќе збориш многу, устата пена ќе ти фати, ќе ја однесеш да ја "боцне" елката и нема да фаќа. Дали ми се погодило детето, дали сум претрпелива, дома имам преку 200 кактуси, украси, книги, ништо не фаќа. Дете однесено у градинка, јас пијам кафе со вас и се мислам што да јадам. Ќе тостирам ваљда лепче со намаз некој. Мислев УН да ја почнам ама здравје, понатака, не можам сега. Можеби после празниците. Засега ИФ си терам. Утре морам на работа да сработам нешто. Денес не сум во употреба, ме боли глава, лошо спиев и скоро ич не спиев.
Здраво мајчички Бебе нани, дадата со мајка ми на воздух, јас спремам роденден на женската Кога поминаа 3 години! Многу и фали друштво! Проклетава корона сите не поремети, дечињата најмногу. Првиот дел од денот некако мине, ама затоа од 17ч натаму е неподнослива. Ни тв гледа, ни сака да се занимава со некоја активност, само носи и разнесува работи по соби. Дневнава стои средена 2 мин. Да дојде некој дома, ќе мисли бомба паднала. Не знам што желба беше тоа само да се муваат ствари лево-десно. Ако и паѓа на земја, пази боже да го крене! Си продолжува без око да и трепне. Од истото ќе се сопне и доаѓа се кара зошто си ја сопнал Станала и многу непослушна - ништо не слуша, само тоа што ја интересира. Се научила ако ја скараш, одма вика извини мамо, ќе бидам умна и пак си тера по нејзино. Да олабави ситуацијава со коронава и мора да ја запишам бар во некој дневен едукативен центар. Секој ден излегуваме, шетаме, не е дома затворена, ама и фали друштво, активност. Последнава недела ја пуштам кај мајка ми и играат со внук ми (само се тресам дома после), ама па го бара и мајка ми вика многу била умна и си играла, за разлика од тоа што здивува дома. Бебе е умно за сега. Кутрото и нема шанса да биде неумно, покрај големово. Ако сака да спие, ќе се адаптира на галама И тоа направи 2 месеца веќе, мало човечуљче е станато, трупче цело За елка сте зборувале гледам. Лани ршум беше дома од лампиони. Сега страв ми е да ја извадам, бетер лом ќе направи! А па без елка не ми иде нова година. Уште сега паника ме фаќа колку лом ќе биде дома. Имајте убав ден!
Здраво мајки. Крвната слика е добра, синко и вакцина прими. Три пати боцкање денес, срце ме боли како тажно плачеше. Се залипа, солзи му течат, ептен е кенкав. После боцкање се пикна во мене и ми се жали, душа моја. Сега спие, јас кафе да испијам. Како ке ја поминеме зимава навистина не знам. Досадно му е дома, досадно кај моите, на трето место не одиме. Навикнат е да шета во природа, ама тоа час, два и толку. Проблем е откако ке стана од пладневна дремка, збеснува. Со деца нема никаков контакт, несоцијализиран е. Нека помине коронава и ке го пратам во градинка, а до тогаш... Денес не го малтретирам со јадење. Одсабајле штрудли и пица италиана јадеше. И цице секако. Толку од мене мајки.
Ние денеска правиме 2 недели. Синко полека почнува да фаќа ред со јадење. На 3 часа му давам. Со спиењето мака мачиме навечер јас никако да се навикнам дека треба да станувам..Може себично звучи вака од страна ама мене ми е пренапорно. Се договорив со мм тој да го чува до 3 вечер јас да поспијам па после јас да го преземам до сабајле. Инаку не се издржува луѓе. По цел ден со него, мм на работа е си работи му минува денот вечер во 8 се прибира дома а јас сама цел ден. И само во раце сака да е. Ајде сега не е толку тежок ама ќе мине време ќе натежне тогаш што ќе биде..Без кичма ќе останам ете тоа ќе биде.Си поплакувам од умор и од што не сум навикната дома да седам. Знам дека е период и ќе помине, барем некаква мотивација да добивав од домашниве.Сите вртат околу бебето и друго ништо не е битно. Друго ќе беше мајка ми да е до мене,ама за жал не доаѓа има корона.. И неа ја мислам цело време. Еве прв пат откако си дојдов од болница да си сварам кафе и дури е топло да го испијам. Успех!
Не знам како ви сакаат во раце... ако веруваш го оставам во креветче излегувам од собата он си гуга и за 15мин си заспива. Во раце дали го држам 30мин во тек на 24 саати. Седиме на кревет ја пијам кафе гледам вести он до мене е во количка или релаксатор. А за станувањето до година е тоа. Да ти е на цицање уште потешко е. Нели ти спие ич преку ден? Има грчеви?
@Milkiway Си спие преку ден, денот во ноќ го претвора затоа сме вака За грчеви уште не сум сигурна дали има, понекогаш заплакува без причина, се вцрвенува и му кркорат цревцата. Ама тоа се случува 1 саат во денот поделено во неколку етапи. Баш прашував од кога стартуваат тие фамозни грчеви спремни да ги дочекаме. Јас во аптека работам и еве не сум паметна да кажам точно кои капки би ми помогнале за таа цел. Ќе се консултираме со педијатар секако.
Здраво мајки. Незнам дали скокот порано почна или што е. Си заспиваше секогаш околу 7:30 но вчера му се помести и јадење и се се разбуди покасно. И требаше да јаде во 8.30 во 8 задрема и си реков да не спие гладен ако го остсвсм сигурно ќе се разбуди во спиење да му дадам ( порано никогаш не се будел и бунел ) но се разбуди испи се и си велам ќе презаспие кога почна да плаче два ипол часа плачеше н акрај земавме со сопругот го стсвивме во кола и го возевме пола час да заспие . Таман заспа го возевме уште 20 мин да зацврсти и си рековме ајде сега доста е ќе си одиме накај дом.а само што паркиравме ги отвори очите. За среќа така ушушкан прсво го качив дома се нишкавме и неккао продолжи му беше дошло време пак з ајадење но бидејки заспа не му дадов јадеше во 4 наутро. Сабајлево се разбуди добар беше. Ког адојде време за дпиење пак исто плачки очите му паѓаат но не заспива си плаче. Го стсвив во количка и го возев во дворот таму заспа за 5мин. Променливо расположение стотка. Ќе плаче ќе плаче па почнув да се смее д агука па пак плаче и така. Ништо не му е интересно повеќе од 5минути. Буден седи максимум 1ч и 15-30 минути но за заспивање е станат тежок. Па се врти се бута во мене неможе да се намести место не го даќа и се дере... Колку лесно заспиваше. Само го гушнував и си заспиеше. Без нишкање без плачки без проблеми. Дури еден период и сам заспиваше .... Се надевам нема д а потрае ова. Имајте убава вечер
http://www.femina.mk/колумни/сензор...од-домот-за-стимулација-на-сетилата-на-децата Активност за најмалите
Мајки им се дешава на вашите бебиња кога спијат да испуштат гласови како да се исплашени и плачат во сон? моето скоро има месец ипол
Да баш ноќеска се деси плачеше и гледам спие и прекина После па се смееше се во сон Баш читав сонувале бебиња
Мислам дека немој не ме радуј. 11 месеци ќе прави за некој ден, абер нема од спиење. Можеби на година ипол надежите ќе си ги усмерам
Незнам зошто навечер најчесто почнуваат грчевите,, на ден по 5-7 пати кака и испушта гасови и пак стомакот му е како камен и плаче и јас плачам со него му давам по 5 капки коли прев и ништо.. до кога вака ќе имаат грчеви? и после секое доење му тапкам на грб за да испушта плус гасови преко уста, понекогаш неќе па морам да го надгледам да не поврати .. дали и на вас ви се дешава исто
За да имаат ефект капките треба да се даваат пред секој оброк и капки на број соодветно на возраста . Не си пишал аколку често ги даваш и колкаво е бебенцето па затоа као во случај не ги даваш правилно почни и ќе видиш како ќе биде. Ама не кај секое бебенце делуваат заради различните причини за грчевите. Ако ги даваш по упатство пробај со оние на база на симетикон или нешто како нурсе харвис
Овие му ги давам по 5 капки ми рече педијатарот кога има грчеви.. незнам како правилно да ги давам и зошто немаат ефект.. денес 42 дена има.