Здраво мајки Синко денес има блага температура, се бори телото, создава антитела. Кенкав е и не му се погодува. Се надевам дека второто бебе ке ми е мирно, синко маста ми ја вади. За спиење, спие, откако почна да јаде, спие по цела ноќ, со една циц пауза или не станува воопшто.
Не дека сум единствена но вака кога ги анализирам работиве од страна како мајка на две бебиња си викам што ли правев со слободното време кога беше само едно? Ништо и тогаш бев уморна. Уморна од тоа да ги задоволувам потребите на едно бебе кое е целосно зависно од мене. А сега само се дуплираа и потребите и уморот. Првиот син до 4 и пол месеци спиеше по цела ноќ,усповрши вртење од грб на стомак и од тој ден до ден денес не спие цела ноќ. Сега станува 3 пати и пие сок. Ако не му се сервира во секундата станува расонет и нема спиење. Грчеви имаше до 4 месеци но тек сега гледам ао второво што се навистина грчеви. Бремена додека бев мислам ги преживеав сите фази од во раце до проодување , вадење 3ки (да страшни се тие заби додека избијат). А имав страшни мачнини и поврајќање. Попратно фатија и карантините и таа помош што ја имав од мајка ми се прекина. Заради нели безбедносни причини. Второво бебе е далеку "потешко" од тоа што бев навикната. Цело време викав е додека е новороденче само спие,да важи само мене не ми се падна по втор пат такво. Непишано правило кога еден заспива друг се буди,и се будат меѓусебно. И владее љубомора. И јас се трошам прибирајќи коцки по 9 пати на ден. Хранење едно големо бебе па спремање на хаосот после секој оброк. Хранење на бебе. Миење стерилизирање шишиња на друго бебе. Мднување пелени на еден па на друг. Перење (не пеглам сушам во машина) Па заспивање. Со борење И јас хаос несредена но среќна дека сега е моментот. Дека за 5 години ке ми се намалат обврските,но бебињата ке ми пораснат. Јас ке сум и наспана и средена Но сигурно кога ке посакам да ги гушкам и мирисам ке ме бркаат.
Добро утро мајки, еве го пиеме прво кафе додека дечко се клацка во релаксатор и е спремен за станување му досадило. Не можам многу да се жалам од него немавме грчеви еве наполнивме 3м се надевам дека натаму па и не би требало. Јаас сум преуморна ненаспиена тој дење кога дремне пола сат кога воопшто не навечер си легнува во 7 станува во 4 и 30 накак 5 и денот почнува. Ноќе се буди за цицање 3 до 4 пати кога како. Не знам дачи да барам некои витамини стварно немам сила маж ми излегува во 5 доаѓа речиси 19 ии ја сум веќе готова паа кога ми спомнат второ бебе јас само нее доста е да сме живи и здрави доволно ми е едно. И секоја вечер маж ми почнува таа тема не верува дека сум озбилна вика ти збориш глуппсти нели сакаше 3 викам се предомислив доволно ми е уште еднаш да минувам низ ваков период готова сум. Немаа ништо поубаво од тоа алии немам сила јас. Тукуу се спремивте ли за Нова година за сликање што како планирате
Добро утро. Еве седам со бебето во раце и пишувам. се најаде и си спие .... Цела ноќ од 2ч наваму ме зеза. Се најаде и го оставив во креветче. Додека заспијам он почнува дамрда да се вртка да испушта звуци. Станувам го земам во секундата се смирува продолжува. И се така до 5 кога неможев повеќе и го ставив до мене мирен беше докај петнаесет за 7 и пак иста песна. Го земам си спие ... Оваа ноќ ме измачи обично до 6 спиеше без проблем со едно јадење... Во 6 почнува да се вртка да прди па се смирува и се буди во 7.30 . Се надевам нема да се повтори. Очите сами ми паѓаат... Ќе биде долг ден. Имајте убав ден
Добро утро и од мене Додека бебе ми спие во раце да си се пожалам малку. Мислам дека влеговме во тој фамозен скок еве веќе два дена е залепен за мене сега да го оставам да одам до вц ќе се разбуди, два вечери не сака во кревече да спие ќе го ставам и за 30мин таман сум задремила ете го закемкува се врти ја бара цуцлата па станувам му ја давам за 10мин пак исто па може во време од еден час 5-6пати кемка за ништо само да го кренам и ќе се смири и така два вечери и во тоа станување ннешто и направив на ногата и одвај газам буквално ме кине од болка, а по цели денови сум сама И мм ми вика многу се малтретираш земиго кај нас абе го ставам меѓу нас и ништо не му треба ни цуцла ја плука во секунда и си заспива и цела ноќ ми ја спие ако стане сабајлечки ќе пие млеко и продолжува до 9h. Си купивме нова елка мама пресреќна тато не изненади планирана ни беше али мислев заедно ќе ја купуваме, старата ќе и ја дадам на мајками само две години ја имам неја али сега во нов дом се реновирано мора и нова елка. Многу ги сакам овие празници и снегот исто зима ми е омилена се накитено од сегде свети, божикни колачина уживам да правам едноставно се ме исполнува сите дома топличко и покрај се ова ни е прва нова година со бебче одвај чекам. Здрави и живи само да бидеме и сите на број Многу сакам фотосесија да му направам планирав кога беше малечок многу али од тие грчеви се ми пропадна во вода па ај валда сега ќе бидне Женски имајте убав ден Јас денес ќе се влечам со ногава по цел ден или па кажете нешто што да и ставам одвај газам
Дајте мотивација за да чистам Оно и времето ладно околу нулата, нема сонце и мокро, депресија да те мавне. Се влечам како стара баба, куќата ќе полета,среќа што барем сум одлободена детето да го земам рано од градинка, па има време да исчистам. Синко мотивиран тргна на градинка, најдоброто другарче му има роденден Му испеа песничка сабајле, вчера завиткавме поклон. Денес мајка му ќе собере уште три дечиња и ќе одат кај него дома. Ми вика другите родители не ги поканив, ама ако сакаш дојди на роденденот... Не фала ќе си седам дома Имам работа.... А, и живее улица подоле од нас, не сме далеку. Фина женичка, се запознаме кога одевме на прилагодување кога синко смени градинка и сега си заживеавме. Ми прати слики многу убаво украсено, спремала и ситни поклончиња играчки за гостите и после ќе бараат богатство.. Ќе си играат децата најмногу надвор. Жал ми е за детето, пуста корона од 4 деца само оно не е во таа група. Оти најмал остана во старата група и сега ради короната, затворени групите, контакти имаме само приватно понекогаш Се острам за Божиќ, порачав Лаура парфеми за колешките кои ги сакам Божиќна атмосвера долази, а и блек фреидеи Се спремам постепено, оти понатаму лифер сервисите ќе бидат оптоварени од нарачките онлајн. Тоа е мамитас, сакала или не мора да станам.
Добар ден мајки Денес е меѓународен ден против насилство врз жената. Колку само жени трпаат насилство, без разлика физичко или психичко сепак е насилство и треба да запре. Колку жени за да не бидат осудувани од околината трпат. Не, околината не е побитна од вашето здравје и среќа, од среќата на вашите деца. Пријавете насилство навреме! Кај нас сонце грее ама со заби. Дете во школо, маж на работа, јас и ќере дома. Кај и да е ќе тераме дремка (се токмам и јас) Малата сврзува и по 5,6 часа сон навечер, само што заспива касно во 12, кога завршувам со доење веќе дошло време да го разбудам синко за во школо и толку од моето спиење, треба да го спремам баткото, потоа не ми се легнува а и расонета сум веќе. Кај мене синко кога беше бебе почна да ја преспива ноќта од 4ипол месеци, со него си бев наспана. Ќере уште е мала (2+месеци) ама уште сега почна да спие, само уште наместо во 12 да заспиваше во 10 и ќе немав замерки Јас дека спанка сум, затоа такви услови и поставувам белким ќе ме послуша малата. Новогодишна еуфорија уште на ме фатила, знам дека нема ни да ме фати Китиме елка, т.е мм ја кити секоја година заради дете, сега уште едно дете па си има изговор плус. Не му се мешам, нека си кити човекот Имате периоди кога сакате да направите/смените нешто на вас? Јас сум баш во некој таков ,,терсене,, период, сакам нешто а и јас самата не знам што. Сакам да се шишам, не како до сега само кратење, сакам драстична промена, сакам да сменам боја (не сум фарбана 5год) Сакам тетоважа (имам една за синко, сега за ќере)сакам,сакам.... И, на крај си велам почекај уште малку, толку време беше таква сега со доењето и не може баш сѐ. И така, си направив есап на умот, да одам да си апнам блачко па промените ќе почекаат некое подобро време Убав ден.
Здраво мајки! Денес синко нема температура и порасположен е, па со тоа и јас и татко му сме подобри. Двете претходни вакцини ги примаше додека беше бебе бебе и полесно ги поднесе. Сега ножето го боли, не може да оди, не може да клекне, плус и температурата незгодна, се околу 37 до 3 4 па и 5 се вртеше. Можам да кажам дека вчера го имавме најлошиот ден откако е роден. Кенкав, плачеше за се, го боли, ама помина. Конечно! Можеме да здивнеме. Спиевме сите заедно и татко му цел ноќ око не склопил, му проверувал температура. Можам да кажам дека вакцините со право се примаат тогаш кога се примаат, оваа ревакцинација ја помина доста потешко од првите две вакцини, а иста комбинација е. @Monella ми доаѓаат и на мене такви идеи на ум. Едно време сакав да се фарбам, до сега сеуште се немам фарбано. Би се шишала ама не наоѓам време. Сакам и диета да држам, сакам нешто турбо за слабеење, ама дојам и сега за сега ке се задржам на вежбање само. Новогодишна еуфорија не ме фаќа сеуште. Оваа година нема да китиме елка, нема каде да ја ставиме а да е на безбедно. Само сијалички ке наместиме. Уште не ми се верува дека има еден месец до крај на 2020. Вака нешто ке направам, https://www.boredpanda.com/protecti...oogle&utm_medium=organic&utm_campaign=organic
Дoбар ден маjки Да ве пoздравам дoдека се крчка ручек за бебе. Самo штo се прибравме, се истрчка мала тoчнo 1 час. Ме убива веќе дoма седењетo, сo мoите се немам виденo 1 месец, барем таму знаевме да прoшетаме. Сега дoма дoма .... дoпoлнителнo ме убива штo празнициве дoма ќе ги преседиме Едваj чекам следна недела прв скрининг да дojде за бебе бр.2, па да се прoшетам дo лекар Денес се тoкмев да фатам елка да китам, ама мм ми вика пoчекаj уште некoj ден не си jа бараj бељата oд сега да пoчнеме да и викаме "не таму, не фаќаj" Вчера вредна бев, направив кифли (ептен ги пoгoдив ), средив пo дoма и денес самo неoпхoднo. Да нахранам бебе па да направам еднo чаjче . Пoздрав маjки
Прво да пишам додека бебе спие, па ќе ве читам Денес глава ме боли страшно Веќе 9ти ден сме во изолација ,се тестиравме, за среќа не сме позитивни. Бебка фати некаков ред, спие преку ден на секои 2, 2ипол часа. 3 дремки од пола час има и една од 2 часа. Навечер спие цела вечер, 2,3 пати се буди за цице, цица 5 мин и заспива. Сега научила да се кара, мрмори нешто лута, смешки е. И научила рацете ко бетмен ги прави во насока на каде што сака да ја шетам, ако не и се свиѓа,вришти и покажува со рацете на која страна сака да ја носиме. Почнавме коритото на под да го ставаме и така да ја бањаме, зашто скока, се радува, вака ако падне, од пониско да падне Планирам за 1 месец да ја ставам во дубак. Ама на мислење сум за тоа. Ќе има 5ипол месеци. А вака цврста е многу, се крева да седи, патка со нозете сама. Јас не ја седнувам, рано и е. Ама за дубаков на мисла сум. Мајки што мислите за дупнување на уши кај бебиња? Би чекале да пораснат или додека се малечки?
Дупнување уши кај бебе ми е без везе. Кога ке порасне нека си ги дупне сама, ако сака. 5 минути работа е а може да се истрауматизира. Јас не носам обетки, само така ми стојат дупчињата. Синко не го ставав во дубак, а цврсто бебе беше, на 6 о пол почна за лази, на 11 м прооде. Ортопед вели не за секое помгало. Дете расте на земја, помагала се вклучуваат ако има проблем. На здраво право дете само можеш да му направиш непостоечки проблем. И за паткање строго не. Што може бебе само да направи - тоа.
Маjка oд 8 минимум дубак. Бебе самo на земjа, ќе пoчне да лази па да седи стабилнo. Мojата стабилнo без фoрсирање седна на 8 месеци сама.
Многу сум против за дупење уши на бебе ко некои термички ми се. Кога ке порасне ако сака ок. Не ставив бебе во дубак на под беше цело време. Прооде на 11м Едит: не знам шо пишувам, како тетки сакав да кажам
Дупни и ги Јас кога потпораснав прво во основно ги дупнав па ми беше страв медицинките да ги извадам на спиење ми ги ваделе. После втор пат пак сакав, стајв и откога ги извадив медицинките ми беше страв обетки да ставам. Па мораше трет пат негде веќе средно бев Поарно дури е мала А за дубак јас не би.
Јас немав дупчиња на ушите до 7мо одделение, мајка ми не сакала да ми ги дупчи и ми рече кога ќе сакам сама да одам. Отидов и си направив 3 дупки , а моите беа престроги во тоа време, па бев под казна и скришно ги носев. Сега ретко ставам обетки, не знам зашто, баш убаво изгледаат на жена. За дубак не сум ни размислувала, тоа од секогаш имало голем Х. Мислам дека од моментот кога видов едно дете како си го зема дубакот во раце и така одеше низ дома, ми се створи одбивност и мое дете нема да биде во дубак. Сега скоро се мислев за џампер од очај зашто бев сама и веќе не можев физички да го издржам ова мое пргаво дете, но за среќа во прав момент дојдов кај моите и се предомислив. Сепак, ќе израсне без помагала. Бамби мој што да ви кажувам, не застанува 2 минути, дури и во хранилка кога седи ги мрда нозете нонстоп додека јаде. Во раце веќе не сака толку освен кога ќе му дојде време за гушкање. Престана да паѓа со главата напред, постабилно седи, понекогаш паѓа назачки ама не треска како порано, па можам малку да здивнам. Е ново што научил, додека спие ја крева главата и ја става на мојата перница Не знам дали ме имитира или сака поблиску да е до мене ама секогаш кога ќе види перница си легнува. Во дневна, покрај малата маса имам ставено повеќе перничиња да не се удира, а тој лази до нив и си легнува Во петок е роденден на татко ми, а јас сум уште тука Па планирам утре цел ден да заглавам во кујна, ми се јадат кифлички со руска и тоа замислив да му спремам за роденденот и плус некое месо во петок да испечам, па ние домашните да си прославиме. Торта ќе му нарачам, од секогаш ме нервирало правење торта дома, цела кујна треба да ја мијам после И мене главата многу ме болеше завчера ама изгледа дехидрирана бев, а исто ме болеше и пред 2 недели ама тогаш си правев филмови дека имам корона, ме тресеше, а температурата 35.8-9. Може и дека претходните два дена не излегов од дома, а обично секој ден надвор сме со саати. Денеска прошетавме, па го носев на гости кај баба и дедо и еве го 2 ипол саати спие, не може да се освести Убав денот денеска. Убава вечер девојки
Мајка, во врска со дупнување на ушите на мојата на некој си 7месеци и ги дупнав баш на благовец. Во врска со тоа дали и направив траума не дури и не го осети. Заплача малку ама тоа оти мм и ја фати главата за да и ги бележат со пенкало, а пред тоа си разгледуваше внатре во златарата. За другото прашање во однос на дубакот ја ставам од некој си 6месеци. Секако со дозвола на ортопед. На рутинска контрола на 5ипол месеци кога ја однесов ми даде зелено светло и за седнување и за дубак. Беше доста цврсто бебе на веќе 5 месеци сама се напрегање за да седне, почна да се буни да не сака да лежи. Од некој си 6 полни почна самостојно да седи. За дубакот и те како е од помош ако си по цел ден сама. Нема да ја оставаш по цел ден во него, но по 10-15 мин неколку пати во денот нема штета. После тоа кога ќе почне да лази секое ќоше ќе и биде достапно и ќе му откаже љубов на дубакот.
Здраво Мајки. Ја имам прашање шо ме мачи веќе 2 месеци. Бебето ми е 2 месеци. Живееме во странство сами без ничија помош. По цел ден сум сама со бебето. Маж ми оди на работа од 7 до 18часот. За тоа време неможам да работам многу низ дома Кога ќе се врати го зима само околу пола саат на мое барање а и тоа е многу. Јаде и седнува пред тв. Незнам дали јас премногу барам или така е правилно.. Секој ден се жали дека е преморен и заспива некогаш и пред 20ч. Не легнал подоцна од 22. Вече сум исцрпена немам сила за ништо. Не сум ни избањата од што немам време, алишта 4 5 перални за диплење имам. Ѓубрето стои 7 8 дена не му текнува да го фрли, т.е изморен е за тоа. А бидејќи контерените се малку подалеку јас со бебе неможам да идам. немам вече сила, со оглед на тоа дека имав тешка бременост се чудам како сеуште сум при себе... Сереќа па бебето навечер не станува многу па можам да се наспијам колку толку..му дадов и до знаење дека тоа ми пречи, ама јас сум таа што не можела ни за едно бебе да се грижи, премногу сум барала. Ова го пишувам со плачење..додека тој спие а претходно побарв да го почува за да се избањам набрзина ама нормално заспа нели...Незнам вече шо да правам..неможам засега да кажам на некој близок па мислев дека некој ќе ми даде совет како да продолжам, немам вече ум...фала ви
Мила, многу работи маж ти, од 7 до 18 навечер не се малку часа, па уште ако заспива одма после 2 часа одкако ќе дојде, сигурно е уморен многу. Ти зошто не можеш да работкаш преку денот низ дома, некаков проблем имаш, нешто здравствено да не имаш мака?
Работата не му е тешка, бебето преку ден слабо спие, грчеви ја мачат цел ден, ручек и перални пуштам ама ништо повеќе неможам од тоа со бебе што плаче речиси цел ден..цица на секој пол саат, саат.. :/