Жал ми е. Стварно е мачно многу кога бебето е со грчеви. Ама верувам дека и маж ти е уморен, бидејќи и да не е тешка работата, сепак скоро 12 сати ко ќе си на работа ќе си преморен кога ќе завршиш. Да не ме сфатиш погрешно, знам дека и тебе ти е тешко. Некако да се организираш подобро. Грчевиге ќе поминат, мачни се премногу ама ќе поминат, сте издржале 2 месеци, издржете уште малку. Користите нешто за грчеви? Некои капки или сирупче, топла пелена на стомак, музиче такви работи? Да пробаш некако да се организираш поинаку. Не се замарај многу со чистење низ дома. Гледај само јадење да си направиш, ако можеш некогаш и порачај од ресторан кога не ти се готви и гледај да си поспиваш заедно со бебето за да се одмориш или избањаш дури тоа спие. Грчевите кога ќе поминат ќе ти е полесно, а ќе поминат мислам за месец нема да имаш толку мака.
Женски од Битола, ај просветлете колку Џамбо продавници има во Битола, ја знам таа горе кај ведрото, предложете ресторан за вкусен ручек, не мора да е фенси но вкусно. Каде во Битола има други продавници за играчки и новогодишни декорации. П. С. Предложете некој добар бутик, продавница за долен веш и да, сакам новогодишни пижами за мене, мм и ќерка ми. Извинете на постот, но тука мислам најбрзо ќе добијам одговор.
Работел цел ден или не, и он е еднакво родител како и ти! Имаш право за се’ што ти пречи. Ти не седиш цел ден. Твојата работа е 24/7, бидејќи и во текот на ноќта си на располагање на бебето. И ние живееме во странство, и мојот сопруг работи па пак е максимално ангажиран околу детето, штом дојде дома. И никогаш, буквално никогаш нема очекувања за зготвено јадење дома. Јас сега готвам зашто син ми оди во градинка, и бидејќи сакам да готвам (3 пати во неделата). Но, он не го очекува тоа од мене. Имате шанси некако да си олесните, на пример одвреме навреме да ангажирате чистачка и да нарачувате храна?
Вака кога читам колку спијат вашите бебиња уште толку ми се плаче моето бебе спие по 7-8 саат на вечер и плус на секои 2-3 станува за млеко. Синоќа заспс во 10ипол а сабајле ми стана 4и45 и толку спиење . Преку ден е мн активна и има 2-3 дремки од 15мин а е само 3 месеци. Јас сум нон стоп ненаспана и нервозна. Наоѓам надеж во тоа дека ке смени и ке си спие. Утешете ме . И така денот ќе биде долг како што гледам.
Моето спиеше добро. Но еве веќенеколку ноќи ќе заспие накај 8 и во 1-2 почнува забавата . Тој си спие но спие многу немирно па се подразбудува го земам заспива го оставам се будии така во круг до будење. Преку ден има дремки од 30 мин до 2 ч . Но ноќта ме преморува а преку ден неможам да спијам
Мислам дека мажите недоволно ја ценат нашата работа по дома со бебе. Мене доволно ми е напорно што сум цел ден сама дома без возреасен барем за разговор, среќа што е уште сончево па излегуваме на прошетки кои ми даваат енергија да издржам. Мислам дека еден ден да останат сами со бебето ќе сфатат , вака од страна изгледа многу лесно кога ни пола саат не останува со бебе. Сфаќам дека се на работа и исто е напорно, но едноставно овој период треба заеднички да се помине, а тие не сите ама повеќето како и мојот не сакаат да променат ништо од нивната рутина. Работа и легни си. Додуша маж ми се обидува понекогаш да помогне, ама се нервирам затоа што мисли дека ми помага мене. И се караме сакам да сфати дека треба да преземе некои обврски затоа што е еднакво родител а не дека ми помага. Имам разведена другарка имаше проблеми со првиот сопруг по судови си бараше татковски права за синот. Е сега има нов маж и дете со него и му го препушта со право вели ајде користи ги татковските права трчај по детето а не само после развод да барате право да бидете татко.
Првите месеци се секогаш така. Јас ете имав помош па пак бев небањата. Како поминува времето ќе биде полесно. Повеќе ќе се заигрува само. Имаш ли подлога за на под? Релаксатор? Ако не можеш да постигнеш не се форсирај. Ако не бива со збор со маж ти, почни да покажуваш дека немаш време. Не прави ручек, не пеглај, не средувај. И кога ќе дојде и ќе рече гладен сум, речи или прај сам или земи го детето да испеглам/направам ручек. Зашто па се да очекуваат од нас? Ѓубрето и кај нас некогаш не е фрлено ама си стои. Тое е негова обврска и јас не кревам ѓубре за жива глава. Некогаш кога немам време да направам јадење си наоѓа од фрижидер што има. Не ги тинтрајте, имаат и они раце. И јас сум идела на работа повеќе време па пак сум можела да си направам за јадење и да пуштам машина. Полека полека ќе се научи дека треба да помага.
Има многу такви мажи,ама треба построго,не прави ручек, остави расфрлено по дома па можеби ќе му текне да ти помогне. До 2ри месец мислев дека ќе паднам бебе само плачеше јас по цел ден сама дома Мојот маж е шофер и 80% од месецот не е дома несмеам да се пожалам многу ми помага, и ручек многу често знае тој да прави, го гледа бебето да испеглам, исчистам.
@Saraa веро и јамбо имаш и во центар на корзо.. Таму на корзо ти е и ресторанот милениум (мене ми е вкусно јадењето). Играчки нема некој голем избор.. Има една продавница во чаршијата Крле Врле. А за долен веш има сара фешн исто на корзо и таму можеш да најдиш производи од пенти. Што друго те интересира пиши.
Па на бебињата толку мали исто ин е, а ден а ноќ. Не може да очекуваш толку мало бебе да разбира. Набави си релаксатор, пушти бели звуци и створи дома атмосфера за бебе, тивко, мирно, има начини. Син ми до кај 6м спиеше скоро цел ден. Грчеви нажалост навечер ги фаќаат, ама и за тоа има лек. Капки, смени ако мислиш дека не помагаат, имаш и сируп Нурсес Харвејс, топла пелена на меше, масажи... И нормално е да сакаш и ти да поспиеш, се дешавало и јас да не можам да се освестам па маж станал, ама јас дома и да го терам он да се буди за јас да спијам, а знам сабајле треба да оди на работа, па и не ми било искрено фер. А користев и кога бебе спиело да поспијам, ако сум била измолзена, се молзев на 3ч, па една дремка ќе молзам, една ќе дремнам и така... Не и за обетки, особено сега во корона тајм, ни за дубак. Место дубак џампер.
Откако станав мајка животот ми е во сосем друга димензија... Завчера мојот Војдан наполни еден месец, па му направивме на кебенцето голема единица од Кики бонбони и го облековме во небесно сино...Очите му се темно сини во облик на големи бадеми, косо поставени на малото бело лиценце и чиниш целата невиност и добрина на овој свет е собрана во нив... Инаку маж ми по дома доста ми помага...Знае и алишта да пружи и садови да мие и да џогира ама сето тоа е затоа што не оди на работа додека ги има примањата од странство уште некое време... Откако се породив имам чувство дека повеќе го сакам иако имаме доста несогласувања околу некои точки во нашиот брак...Сепак до сега победуваше љубовта, па се надевам и во иднина ќе биде така...Ми годи што јас и Војдан сме центар на неговиот свет и ни пружа големо внимание и љубов... Мене почна да ми се враќа желбата за гледање филмови, блогови за наука, читање книги, дотерување и сл...Бев и на депилација и педикир пред 3 дена, а вчера за прв пат со маж ми имавме односи после пораѓајот и знам дека избрзав и рано е уште ама не осеќав болка...Се надевам не си направив некоја штета бидејќи сеуште не сум била на преглед... Дома сме хаос со алишта, пешкири, крпи...Секој ден машина за перење пуштаме, а често и по два пати (еднаш бели, еднаш шарени алишта, еднаш за малиот посебна машина итн... во круг...) И дел од нив на сушара во соба, дел во плакар пеглани и здиплени, дел фрлени за перење и више не знам кое парче каде да го барам... Готвам секој ден и не ми е тешко бидејќи и самата сум гурман, а и маж ми не знае да готви... И така ден по ден си минува, па дури имам време и да гледам 'Кога лисјата паѓаат' - турска серија што ме потсеќа на една идилична есен во далечната 2010 год кога оваа серија ја даваа премиерно на А1 телевизија... Војдан мака има со стомачето последните денови и плаче од грчеви...Последните 24 часа не е какан воопшто, а чајчето Бекутан не помага...Следна недела сме на педијатар повторно па ќе видиме што ќе ни препорача докторката...
За ушите сакам јас на пролет да и ги дупнам. Ќе има за обетки се мислев за на пролет онаму, здравје, бидејќи јас повеќе сум против тоа,мм па сака да и ставиме и ме интересираше вашиот став околу тоа. Ви благодарам на сите
За жал, кај нас во повеќето случаи обврските околу детето се сметаат дека и припаѓаат исклучиво на мајката, небаре таа сама го донела на свет. Да, мажот работи и нормално кога ќе си дојде дома сака да одмори, а за жената нема одмор. Гледањето на бебе/дете само по себе е full-time работа но тоа ретко кој од страна го признава. Со самото станување цел ден сум окупирана со бебето. Не се жалам, не ми е тешко, уживам во новата улога, но некогаш се чувствувам како робот кој постои само за да им служи на другите. И на мене ми треба барем еден час да ги дигнам нозете, да се напијам едно кафе на раат или да се позанимавам со активностите кои порано ми ги исполнувале времето. Од мм не можам да се пожалам, тој работи и ми "помага" за одредени работи околу домаќинството, како пазарење, фрлање на ѓубре а некогаш знае и пелена да смени. Но денес некако се разочарав малку и се почувствував виновно што му реков да поседи со бебето за да ја средам кујната. Некако е нервозен кога е сам со неа а изгледа и таа го чувствува тоа, па кога е со него не сака да седи/лежи на кревет а кенка и кога ја држи во раце, мирна е само кога ја шета низ соба. Јас знам дека е уморен но пола саат ништо нема да му смени плус. Денес дури и како да и подвикнуваше, "е што сакаш веќе", "нема проблем ќе стојам јас на нозе се додека не паднам" и сл. Многу лошо се почувствував и ми стана жал за детето. Средив што средив и си ја земав, и тој штом се "ослободи" од неа право на телефон седнува небаре којзнае што толку интересно има на фејзбук. Некогаш дури на моменти се чувствувам бескорисно и како паразит затоа што седам дома а и не работев претходно. Но, така си мислам, зарем јас не сум заслужила ништо, јас сум таа што чисти, готви, пере, средува алишта, помош немам никаква затоа што сме сами во странство. Некогаш се грижиме само за тоа како се чувствуваат другите а забораваме дека и ние сме човечки суштества со потреби и чувства. Не сме машини па да можеме да издржиме работа во три смени 24/7.
Факт е дека децата се заеднички, непобитен факт, но не можеме да очекуваме дека сопружник кој работел 10+ часа ќе дојде дома и ќе изиграва кловн. Може да седне до дете и да го занимава додека припремам храна, се избањам, подсредам, но не и за да спијам јас а он да дуби на глава дотогаш. Јас знам, има секакви бебиња, мирни, немирни, плачливи, не спијат, не јадат, спанковци, јадачи, никој не рече дека ќе биде едноставно, мораме да најдеме начини. Јас со дете првите месеци бев по цел ден сама, скроз сама, маж на работа и ако не е на работа пикнат во соба од дома работи, јас се молзев на 3 часа, дете си има потреби нормално. Е арно ама воспоставив еден ред и така терав добри година дена. Станување, молзење, дур бебе тера прва дремка јас средувам дома кујна, стерилизирам, мијам, јадам, често во меѓувреме станало па дошло време за второ молзење и сум знаела да пуштам песнички, да го наместам со релаксатор пред мене да се забавља, да му зборам. Значи молзење не од 15мин, сум молзела по цел саат. Втора дремка ако не сум спиела сум знаела да дремнам со него. Купување најчесто сум терала кога ќе стане некаде пред пладне и ќе одложам едно молзење за 1час. Ако се погоди да сум измолзена и он да е подмирен сме знаеле да шетнеме ако не сум го вадела и успан надвор. Готвење, чистење, средување се со зборење триста на саат дур дете седи во релаксатор, количка внатре не внесував и не седеше во количка дома. 1 до 2 пати во денот пуштав или песнички или цртани кога потпорасна, по 20тина минути, ама не цело време да одат цртани па да му е досадно кога мене реално ми треба да се анимира. Јас можам да кажам дека првите 2ипол години дете чував сама скроз, маж работеше нон стоп. Можеби ми се погодило детето, можеби, не викам не, ама мислам дека воведувањето ред во денот игра голема улога. Од 1 ден, спиење во креветче, затемнето, тивко, да се создаде атмосфера за спиење. Како растеше полека почнував да пуштам звук на тв, да подкревам ролетна малку по малку и сега имам дете кое и во галама спие и во светло спие. Е за спиење едино баба му и тетка му не знаат да го заспијат зошто му зборат, го закачкаат, го рчкаат, а ние гасиме светло, гушкаме и спиеме, нема хихихи, хахаха. Лесно е да бидеш попустлив, да држиш дете цело време само во раце и да не можеш да сработиш ништо, ама на крај од ден нервозата е твоја зошто пак останува се на тебе. Нажалост имаме мажи балканци кои ги учеле дека жена може и треба сѐ! Не е ни мојот идеален, напротив, ама научив да не се замарам со тоа што не е стигнато да се среди дома. Нека стојат алиштата непеглани, нема да се замарам со тоа, нека стои купот непран, нема он да носи, нека стојат тањирите немиени, и нему ќе му смрдат, нека стојат играчките насекаде, ќе се искршат ќе ги фрлам... Она што не е во моја моќ, не можам да го сменам! Глејте олеснете си ја работата за вас, научете дете да седи во релаксатор, да спие само и дајте си оддишка, оти медаља од никаде нема да дојде за совршен дом, мирно дете и скоцкана мајка од глава до пети. Сум седела небањата дур да дојде маж, па после уморна па пак небањата, се научив да се бањам со публика, дете у количка на врата, јас пеам и се бањам, он се гази од смеење јас сум завршила работа. Изнапишав еден куп, може ќе си речете лесно е од страна, ама стварно мислам дека сами си ги кроиме судбините. А може па стварно ми се погодило детето. Коа сме до детето, денес е награден зошто беше умен и спие со нас, додуша дека така ни одговара зошто така подолго ќе спие а ни треба денес да поспие за да не ќенка за спиење рано зошто ќе одиме на Водно. Ова спиење веќе и на сила е, ама ради тоа што спијат во градинка па инсистирам и јас. А реално на дете 4ипол годишно попладневен сон не му е потребен, ама ајде. Ќе му исполниме уште една желба силум прилике, ќе го носиме во Веро, немаме кај да го оставиме па ќе го однесеме со нас со маска, со сите салтанати, да испазариме пошто во недела му е именден и ќе направиме торта по тој повод, само баба му, тетките ќе дојдат, не дека ќе славиме, ама нека има. Пуста желба му е да оди во Веро 2, радиколичките со формула, желба му се огромна. Па ќе пребришам со алкохолни марамици, ќе му ставам маска, ќе му ставам на излегување средство за дезинфекција и ајт. Јас дома неделава, пешачев секој ден со јатрвка, многу ми беше убаво. Здравје ако е топло и таа недела кога пак ќе сум слободна ќе пешачам пак. Скоро 8км ни се фаќаат, мераци. Ем време без дете, ем ние раздвижени, ем муабет со некого, дур трепнеш прошло. Јас почнав пак со несониците, станувам во 4,5,6 зависи како сум легнала и или читам книга или гледам нешто или овде читам темиве. Додуша супер ми иде, дајбоже да потрае за да може да се научам на помалку сон пошто сум спанка. Се опуштив во пишување, да привршувам веќе, имам за читање уште. Убав ден!
Гледам за мажите сте коментирале. Мојов, пак, сè прави. Усисува, џогира, риба вц, чисти кујна, си пегла свои работи, суредува, брише, мие садови, пружа наши алишта и постелнина, фрла ѓубре, оди во маркет и на пазар. Особено сè прави откако се породив, јас 100 % му бев посветена на малиот бидејќи ми спиеше на цицка и не можев да мрднам. За 3-4 дена во неделата ни готвеше свекрва ми, па полека сами си презедовме. Е, сега, тоа средување негово не е нешто најсјајно, прави кога има време, но ич не се замарам со тоа, не сум опседната да е сè идеално. Моја обврска беше да пуштам машина и да испеглам бебешки алишта. Сега имам малку повеќе време и му помагам со домашните работи. Ете жена на маж да помага Златен ми е, не можам да се пожалам. Самиот сака да учествува во обврските околу детето, преку ден помалку може да е со него бидејќи работи, одвреме навреме поминува да го види, да го гушне, но кога ќе му заврши работното време, го зема и играат додека не дојде време за легнување. Се тркала со него на под, го игра, се смеат, сосема непотребна сум во тоа време и ако сакам во тој период можам или да им се придружам или да одмарам, да пеглам, да одам да купам нешто, да се издувам. Самиот ме тера да правам нешто што сакам. Секој слободен момент ни го посветува нам, го гледа и се насолзува од што му бил сладок, го гали и го гушка, го обожава, а јас обожавам да ги гледам како градат посебна врска. Малиот со посебна насмевка му се смее, посебно му се радува кога ќе го види, најсреќен е и вреска кога е со него. Летото рано наутро пред да почне со работа ќе го спремеше во количка и на прошетка одеа заедно, а јас поспивав уште саат-два. Ако шушне, веднаш е буден и го набљудуваме двајцата, па мрмориме дали да го покриеме, дали е добро наместен, да не му студи или му е топло. Не се случило тој да спие, а јас да го јадам сама без спиење. Колку не спијам јас, толку не спие и тој. А работи, исцрпен е на крајот од работниот ден, но двајцата скапани си легнуваме. Среќа е таков, немаше да имам нерви и да поднесам поинакво однесување, ќе ме живцираше ако ми се однесуваше ова-е-твоја-обврска. Да не излезе дека е совршен, не е, си има мани и знае да ме изнервира ептен јако, но најмногу си го сакам и не можам лутина да му држам. Ова ноќеска сум го пишала и не сум го пуштила Ај здраво Малиот тера прва дремка, стана во 6, цицаше и си заспа, а јас се вратив во кревет и сега да ве поздравам и ќе дремнам уште половина час, па јадење ќе спремам, ќе дремне и јас ќе завршам по дома некоја работа. Кога ќе стане, го спремам и одиме надвор минимум 2 часа, полнам батерии, црло време сум во движење и преморена сум кога ќе се прибереме. Треба да се оди до Скопје за да си земеме зимска облека, а ич не ми се оди, губење време ми е, но мора. Се тешам дека барем ќе прикупам работи што ми се потребни и после не мрдам од тука. Ај да дремнам, да искористам додека спие малиот.
Добро утро и од мене Цела ноќ ја поминавме со кенкање и цицање на 2 саати од двете гради Мртва уморна сум, а пред 2 саати станавме од спиење. Јадеше и сега да го заспијам, па да дремнам и јас. Со маж ми сме нешто како @0ли и маж и, само што сега веќе не е дома како првите 2-3 месеци, па сама си завршувам се. Но, првите месеци сите обврски беа негови, моја беше само детето. Далеку е од совршен, но ете маните не ми се толку голем проблем, ќе ме извади од такт се караме 5 мин ама ултра жустро и се смируваме. Си има и тој слободно време, не се остава ненаспиен, другарите му се нешто свето и обавезно се гледаат 2-3 пати неделно. Ми вика нонстоп да излезам на пијачка, да одам на козметичар ама јас будала уште не можам така малиот да го оставам, ќе го мислам Сум го оставала да завршам нешто ама било на еден саат мах. Незаинтересираност за домот е нешто преку што не би можела да поминам, едноставно таков човек не може да ми биде маж. Убаво ви напиша @AngelOfArh колку и да е сурово, мора да се снаоѓате и да се организирате. И јас сум била неизбањата, станот бил ужас, алиштата одамна не ги пеглам. Тоа е, немам време. Важно е да сме живи и здрави, сити и облечени. Сум плачела и сум се дерела во перница, ми се вртело во глава за јадење и спиење, дури на маж ми му реков некој код да смислиме како да знае ако ми се случило нешто, да се јави на некој да го земат малиот (ова во најлошите денови кога халуцинирав, смејте ми се ама ќе умрев од умор). Тешко е мајки, претешко ама гледате дека поминува. Лета времето. Од вакви проблеми произлегува големо нетрпение и може многу лесно да го раздрма бракот. Не дозволувајте. Ај да одам да го испружам грбот, па да замесам кифлички и да испијам едно кафе раат
Вo врска сo пoмагање на мм пo дoма, си имавме дoлги разгoвoри уште дoдека бев трудна. Вреден чoвек е нo е навикнат мама да принесе затoа штo така си функциoнирале. Какo пoчнавме заеднo да живееме, сфати дека oбврските пo дoма ни се заеднички. Факт е дека пoгoлем дел oд oбврските се мoи. За некoи рабoти кoнкретнo пуштање машина имаше изразенo желба да му пoкажам какo се прават, нo сама не сум сакала пoради пoследиците штo ќе настанат. Фрла ѓубре, oди вo маркет, сам си пегла (негoви рабoти), раскрева пo дете, средува куjна (без миење садoви), мести маса за jадење, раскрева... Мoже не е кoj знае штo нo пoмoш е. Да напoменам дека средување и oдржување двoр си се негoва oпсесиjа па метла немам фатенo. Малце пoише е љубител на двoрчиња. Кoга се рoди бебе истo збoрев дoлгo, имав oсет дека не мoже да имаме исти oбврски oкoлу бебе, нo барем кoга е слoбoден наредниoт ден да стане сo бебе за да пoспиjам. Пoмагаше целo време, пoгoтoвo сега уште пoише дoдека сум трудна, jа успива, jа шета надвoр, пресoблекува, храни. Oд кoга е рoдена кoга е дoма заеднo си jа бањаме вo спрoтивнo сама бањам. Мислам дека се мoже да се реши сo мнoгу мнoгу збoрење, пoгoтoвo затoа штo живееме на пoдрачjе сo балкански менталитет. Аjде сега дoбрo утрo Да ви кажам нештo на инсистирање на маjка, пoсле еден месец jа oднесoв бебка таму. Самo штo ги виде дали се усрами или мнoгу луѓе и се видoа пoчна да се лепи за мене и да плаче. Пoчнаа да ме убедуваат таму да спиела без мене (пусти мерак за баба и дедo) jа oставив. Oна си прoдoлжила вo текoт на денoт без прoблем, играла, jадела, шетала, спиеле... Иначе маjка мнoгу ми гo пoчитува редoт сo бебе и тoа мнoгу ми значи. За ништo не дели сoвети какo билo пред 20 гoдини и вели ти какo ке кажеш така ќе правам. Дoма се враќам, се шуткаме сo мм пo дoма, пуштивме филмче, изгрицкавме пуканки...ама си збoриме празна е куќава без бебе. Кoнечнo средив нoкти, средив петици, исфенирав кoса, правев маска на лице... не дека сo бебе нема време ама и тoа време штo гo има гледаш пак низ дoма да средиш или малце да се oдмoриш. Цела вечер спиев на штрек истo какo да е тука бебе, прoверувам мoбилен да не звoнеле, мислам дали плачела...oтварам oчи вo 08:00 вртам на маjка вели не се секираj уште спие, некoлку пати прoќенка за цуцла самo и прoдoлжи... Знаев дека е крoтка и питoма ама не oчекував дека нема да има циркуз бидеjќи еден месец ги немаше виденo. Денес планирам пак да jа oставам, утре ќе си jа земам и елка китиме сите трojца заеднo + еднo бебе вo стoмак. Направив чаj се стуткав вo ќебе и чекам мм да стане да правиме и кафе.
Се додека маж ви помага дома ке си имате проблем, луѓе може комшика,мајка,сестра да ви помага ама човек кој шо е возрасен и живее со вас гради дом фамилија треба да учествува во домот нај нормално. Не можам бе да разберам жал ми е изморен е работи, втф? Он и да е 12ч на работа вие сте 24/7 Како тоа не може да го заигра плаче, ма немој ако не може он тогаш кој?? Се нервирам стварно од вакви работи. Разговарајте, мислете малку на себе со самото тоа правите и подобро за детето. Јас лично не можам да се пожалам од мм еднакви сме во домот и со бебе. Добро утро Додека бебе доручкува пијам кафе и уживам во тишината шо за брзо нема да ја има. Станари од 6 пак имаше плачки ноќеска не можам веке да си го гледам детето како ми се мачи од забиве Цела ноќ е стуткана во мене, душа моја Се надевам денес ке има сонце ако ништо друго барем еден саат да потрча надвор. И да решено е ке се кити елка, биче забавно Само ке почекам до кај 15ти да не зажалам уште од сега
Уф ако ти дојде дома маж 5ти ден по ред посивен од работа, модар во лицето и со подочњаци до колена, итекако ќе ти биде жал. Моментално маж спие, јас со дете гледам тв училница, зошто он до 3 синоќа работел. Ако не па да го разбудам да седи со нас. Да, маж не помага, учествува подеднакво во домакинството, ама ако работи по цел ден не можам да очекувам дека ќе биде способен да риба вц или чува дете јас да спијам. Ако сме дома и двајцата е богами делиме. Он правосмукалка, јас џогер, он кујна, јас купатило, он лисја надвор, јас црево и за час е готово. Еве пример денес ќе шетаме, утре он правосмукалка, јас кујна и купатило, после они надвор лисја ќе собираат, јас торта ќе правам.
Види се разбираме убаво, моментот кога мајката седи небањата со плачливо бебе а он не го зима оти нели не знае што да му прави или не чепка ништо низ дома оти тоа е женска работа не можам да го разберам. Дома хаос жената не знае главата кај и на сета таа да викаш по сто пати да си ги крени чорапите од под, нема смисла Нормално дека имало денови и мм кај со спиел преморен и ништо не направил тој ден ама кажа и сама утре обврските ви се еднакви.