Хелоу Дали само на балкан вака се расправаме со мажите кој поише чисти и за женско машка работа или сегде е така? Дали германката на германецот му викнува "Шајзе" и му ја влепуе една?...да кажат нашиве погерманчени. Ај американкиве 1 месец после пораѓај си идат на работа па ни таа ни маж и не чуваат дете туку дадиља чува. Мојов си го фати редот ја кога го доев малото во спална дремев сега кога е на ад ја си бркам грото работи. Мада знам во 4 да го разбудам: Оди детето да СИ го нараниш пошто ми се спие И он работи и е уморен ама и ја перам пеглам чистам правам ручек... Има денови он доаѓа во 17ч ја облечена спремна му ја фаќам штрафта. Се десило и само да се возам по градов. Сфатив дека секој издув е важен макар и 30минуи Ми беше тешко да се одделам од бебе и да му го оставам на почеток немав верба. Ама после си викам па што бе он си е татко не го праев сама. И мене ми е прво бебе. Како јас се научив така и он ќе може И прави се' околу бебе колку што и јас. Некоја Мама од Соње, сопиште да сподели каде да одиме со количкава да подишеме малце впздух пошто водно е кркланац за викенд
Здраво мами. Ја следам темава одамна ама никако да пишам нешто. Кога ве читам сите до една, многу ми се интересни вашите секојдневни приказни и си викам моиве се досадни па никако да се охрабрам да пишам. За помагањето на маж, мојов е спремен сѐ низ дома да сработи (кога е слободен и не е преморен, нормално), само со бебево ми е живчан на моменти. За играње и кезење е топ, ама не сака да навлегува во нешто повеќе. И навечер воопшто не ми помага. Јас сум го думкала мали по саат време, тој знаеше да си здувне и да си пие пивце во дворче. Навечер во друга соба спие затоа што на секое будење на бебе кажува приказни и ме набива со нервоза. Језда бебе цицаше, ама еве веќе во текот на ноќта не цица, а и премногу е навикнат со мене веќе, па кога и да проба татко му да го успие не се дава, плаче по мене. Со 39 температура бев, не сакаше со никој да заспие освен со мене. Имам одмена за преку ден, рака на срце, ама ноќите се секогаш само мои, а со кој се среќаваме повеќе во темите знае дека мака имаме со спиењето од 4 месеци навака.. И така, бебе задрема, а јас ќе се спремам за на работа. Фала богу доаѓа викенд, да си се извидам со синче на раат
Околу спиењето исто. Татко му го игра, се смеат до помочување, ќе му даде кашичка, го шета ама за заспивање само мама и никој друг. Кога имаше грчеви беше во раце 24/7 и тоа само кај мене (ми нудеше помош мм ама не можев да го слушам да плаче, а да не е во мене). Сега пред 2-3 недели ме гледа мм како го ранам, му го чистам носот, никаква и мрсна во косата трчам низ дома и ми вика 'Ти се поклонувам до земја и рака на срце, ова ти што го правиш јас не би можел никогаш'. Не постои поклон што може да ми го купи и да ми направи да се осеќам подобро од ова што ми го кажа. Мажи се, не можат секогаш да разберат, но многу добро знаат која жртва сме и што се правиме, само ретко сакаат да признаат
Каде точно во е тарот се наоѓа џамбото, кај веро во центар или на др локација и кое е подобро снабдени? Ресторанот милениум каде во центарот се наоѓа??? Ти благодарам за одговорот и одвоеното време.
Џамбо во центар е одма над веро, истата зграда е. Милениум ти е на 30 м. од веро на истата страна од улицата а карши веро имаш исто lounge bar GT. На долниот спрат е слаткарница со кафетерија а на горниот за јадење.
Потполно се согласувам дека не е фер сите работи околу домаќинството и бебето да паѓаат на жената и ми се лоши од такви коментари Мм работи до 18ч тука спаѓа и патот до дома. Доаѓа, јаде го зима 10 15 минути додека јас набрзина расчистам кујна или нешто друго ситно, неможам ништо да направам што одзема повеќе време затоа што тој е изморен. а и додека е со него тие 15 мин се осеќам како да сум го оставила со некој што нема обврска да го чува па брзам ли брзам да завршам..нзн како ќе продолжам ама засег е ваква ситуацијата.Не ми паѓа тешко да го чувам мирно бебе е, навечер станува само еднаш .. ама ме нервира фактот кога ќе помислм дали всушност нњкогаш јас ќе немам време за себе, да се издепилирам без да брзам како да сум остаила бебе на чување кај комшиката Лила, дека е се со молење( дигни јадењето, дигни чорапите) мислам дека ќе ме стрефи некој удар некој ден...ама ајде..
Devojkii.. Dajte nekoj sovet kako da postapam. Ve citam kako mazevite vi pomagaat okulu domasnite obrski i decata, mojot ne odi na rabota (a inace po cel den i nok e ispadnat) go nema podrzano ili poigrano bebo ni 10min ili pa da go preoblece ili bilo sto, bebo za 2dena e 6m. Dajte nekoj sovet.
Ќе разговараш со маж ти и ќе му објасниш дека си уморна постојано се да е на тебе, и обврските околу детето и околу домот, дека ти треба помош, ти треба време и за себе да се одмориш и да ти помогне.
Abe za pomos i svekrvata mi pomaga dosta ama ne e toa rabotata. Pred da se rodi bebo bese mnogu po drug sega mn se smeni kako da ne e tija covek.
И јас ве читам редовно. Мојов маж ми помага со детево за сега не можам да се пожалам. Навечер си иди од работа во 8 и одма го презема, а јас заминувам в спална да се одморам. Спијам до 2 вечерта и одам в дневна па цела вечер е со мене до утредента, па тој заминува в спална да спие. Видовме дека нема ефект двајцата да сме в дневна и ненаспани вака колку толку повеќе сме одморени.Не станува многу навечер, само за млеко..Гледам да не го кревам од креветчето ако нема потреба за да го научам дека ноќта е за спиење. Утредента кога ќе станиме договорени сме да оди во ординација попладне за да ми се најде и мене оти ако не е тој сум скроз сама дома со бебе а тоа едвај 3 недели има, страв ми е некако Засега вака функционираме понатаму ќе видиме.Претходно кога беше во старата фирма ги разбирам беше изморен на работа од 8 до 8 ама сега во свое може да се ирганизира и да закажува кога сака така да не прифаќам изговори.Кога можам јас да не мрднам од собава и збор да не речам може и тој да одвои време и да го нахрани и да го успие. Патем сум ослабена од мислење што и како околу детево, за неполни 3 недели си ја вратив тежината која беше пред да останам бремена. А 14 кила бев поправена во бременоста.
Се согласувам со @haruki! Замислете да им го препуштите еден ден на мажот цел дом! Само еден ден да треба да средуваат во секој дел од домот! Ќе збеснат, ќе се изгубат себеси тотално! Што им е полесно - да го играат детето по работа кога ќе се вратат или да пеглаат на пример? Сѐ си има тежина своја. А кога жена дома секој ден ги прави истите работи и без никакво учество од маж ѝ, тоа е лошо по сите. Монотонија. Мажот на работа врши една активност - работата што му е дадена. Жена дома не знае што побрзо да заврши. На милион фронтови е. И тоа секој ден. Може еднаш двапати да се случи да не фати ништо мажот, ама секој ден, цело време, месеци години, кај е животов?? Не дозволувајте да се тргаат на страна. Што ако е бе маж? Демек посилен е, има право?? Тикви има право. Што е тоа што го оправдува ништо дома да не чепка? Е**те патријархалните вредности, ни љубов ни почит ништо. Што ако работи по 10 12 15 часа?? Жена дома колку работи? 24 часа. Ако двајцата се организираат, може сѐ. Кога мажот ќе почне да станува активен дома, ќе се чувствува корисен. Ден за ден ќе го смени умот, дека може и поинаку. Кога се породив, мајка ми првите месеци спиеше кај нас. Сѐ правеше во кујна, за чистење... Маж ми велеше - се осеќам бескорисен, баба ништо не ми дава да работам. Кога мајка ми се тргна, тој се врати на старите активности. Готви за нас, за бебето му прави кашички, јас мијам, тој пушта садови, јас алишта за перење итн. Активностите дома се поделени. Јас не знам како очекуваат некои мажи жената сѐ дома да прави таа?? . Па потешко е од тоа на работа да одиш. Нека не се прават кокошкари, нека се фатат завртат околу домот. На таквите мажи што се тргаат од дома, само строго кон нив и муабет. Јас би му ги собирала гнасните алишта и кај мајка татко дома, тие да му ги исперат, бидејќи изгледа уште е недоквакан, па мисли дека живее со родителите.
Здраво мајки! Јас слушам музика, кафето го испив а синко спие. Ке се разбуди, па да пишам подолго мислење додека можам, ако не се разбуди во меѓувреме. Одржување на домаќинство е најнеблагодарна работа. Цел ден си дома и од страна се чини дека се е супер. Ама не е. Мајката има потреба да излезе од рутината кога сака а мажот треба да и го овозможи тоа. Нема сакам не сакам, можам не можам. Кога може да донесува одлуки за бебе како мене, ке биде вклучен и во се друго. Познавам татковци кои пелена не смениле. Тоа е страшно. Маж ми знае се да направи сам околу синко, од пелена, пресоблекување, до бањање, какви памперси и козметика користи. Пред некој ден примаше вакцина и тој стануваше да му мери температура. Кога мајката ке биде во прв план? Разбирам дека мажите се уморни ама психички умор од седење дома е многу потежок од физички умор од работа. Ама жените се криви во вакви ситуации, не знаат да стиснат кочница. Па ова влече други нервози и фрустрации, па кавги, незадоволство, депресии и се останато.
Добра вечер. Малата спие од пред еден саат, јас му се фрлив на лино кремот. Си викам да не јадам, ама кога ќе заспие ми треба малку опуштање, па серија и нешто за јадење добро ми доаѓа. Се трудам да вежбам кога имам време, ама некако слабо. Се изнаслушав некои грозни вести деновиве, како и повеќето периодов. Па си викам фала богу ќерка ми е жива и здрава, до мене, можам да ја утепам од гушкање и бацување, да ја помирисам, да се смееме, да се караме, да растеме заедно... Некоја мајка животот би го дала да го ниша по цела ноќ детето, да ги поминува пак сите тие слатки маки... Ужас какво време дојде, немам зборови. Гушкајте децата мајки, силно, најсилно, бидете пресреќни што се до вас. Тешки зборови, знам, ама морав некаде да кажам. И јас во последно време само ја гушкам, милион пати си кажуваме дека се сакаме, играме секакви игри, читаме, и ноќе сме си гушнати. Душава ми е мирна кога е она добра, како и на секоја мајка. Порасната ми е многу, после првата година како да растат со брзина на светлината. По грешка и фрлив нешто вчера, леле кога зема да плаче, скапоцено и драгоцено и било, како сум можела да го фрлам. Па докажувај се дека по грешка било. Еве денес си собра пак, па мирна душа. Прави експерименти само, смислува нешто, ја оставам дома со што сака да си игра. Вади од кујна, меша, си зема сама што и треба, ама затоа со играчки купување намаливме многу. Ми нема поента, ќе го изигра, досадно е и стои фрлено. И толку беше. Вака фантазијата и работи многу и баш ми се допаѓа тоа. Почна да покажува интерес за цртање, што баш ме изненади, па си цртка, само ми покажува што нацртала цела восхитена од себеси, мислиш некое тешко ремек дело е. Секоја вечер пред спиење почнав да и раскажувам приказни што ги измислувам, па за една лоша вештерка почнав и сега секоја вечер тоа, некогаш колку ми се спие, ама ајде, мисли некоја приказна, па морало со таа вештерка да бидат. Толку од мене, да долапам кремот пред да дојде маж.
Добра вечер Momsters Маж ја заспива Ирис, па јас да шкртнам некоја дума. И мене ме иритира тоа - маж ми ми помага, е не ми помага! Си помага сам на себе. Истото домаќинство е. Истата обврска е и на двајцата. Не е само моја. Следствено, обврските ни се поделени. И околу бебла е ангажиран еднакво. Иначе се смеев на муабетот од пред некој ден, ама сега најдов време да искоментирам. Маж ми исто носи брада и јас многу го сакам таков. Си користи специјални шампони и препарати за брадата. Пред да се породам купи и антибактериски течен сапун, за да не мора да се бричи, па секое доаѓање од работа или било кај и да беше излезен се миеше со сапунот. Сеуште додуша. Се избричи пред околу недела дена, оти маските му сметаа, односно брадата му сметаше на маската, иако издржа прилично долго и така. И сега паузираме од селфи оти изгледа 10 години помлад од мене со тој негов бејби фејс и плус му се гледа дупчето на образ кога се смее. Како да ми недостига повеќе време. Ми фалат барем уште 3 часа во денот за се што сакам да направам. Скоро е декември. Годинава долга и грда, нека не се повтори пак. Собирам идеи за божиќни подароци. Веќе и нарачав кујна и еден куп гардероба. Си нарачав и козметика за себе. Барем време за улепшавање сред карантин имам во изобилство. Уште да го организирам. Читаме книги. Играме. Истражуваме. Јас читам како да бидам подобра личност од вчера, а таа црвенкапа. Играме криенка. Таа љубопитно го истражува светот, а јас себично ја чувам неа. Некој пријатен круг на комфорт, некое топло чувство на навика и некои мали илузии дека светот не е поделен на добро и лошо. По некоја височинка и ридче, некоја планина, па убава цветна полјана... Живот.. Едит. Постов ми е хаотичен исто како и мисливе. Нафрлани мисли без концепт. Емоции во занес не можат да бидат скротени туку така.
Здраво мајки Сакав да ве прашам дали знае некоја каква боја користат по болниците кога му прават отпечаток на бебињата од ноџињата ? Имаме дома радосница која ја добивме на подарок и внатре има да стaвиш отпечаток од едно раче и ноџе...Ако знај некоја да кажи каде можам да најдам таква боја? Ви благодарам
Ги испофаливте сите мажите, па ај и јас мојов Дур бевме со свекрва ми нормално ништо не чепкаше, немаше потреба. Ко се преселивме од прв ден му кажав да не очекува дека јас ќе трчам сѐ да средувам, а тој да лежи. И сам рече, нормално и јас живеам овде и заедно сме одговорни околу домот. Децава секогаш најадени, облечени, прошетани, немам збор. И смука, мие садови или ги става во машина, алишта средува, простира, прави ручек, леб во фурната спрема сѐ исто со мене, само вц нема исчистено ама и нема потреба, јас си го фатив редот. Не треба ни да му речам да го потсетам. Од вечер се договараме за другиот ден и дур дојдам од работа тој веќе сѐ средил. Бидејќи работи во смени секогаш различно е слободен, ама секоја минута ја минуваме заедно. Деца се пресреќни со него, се бркаат, се борат, вриштат, играат секакви глупости, 100% е сменет од ко сме сами и јас сум поопуштена. Сабајле имав наредено на тераса постелнини од децата. Дури дојдов од работа се исушиле, ги собрал и ги здиплил. И ми вика "ете тие ТИ ги здиплив, провери ги дали се убај". Се насмеав и му реков "не ми ги здипли мене" Значи мора од почеток да се разговара на таа тема. И мора да се научи дека жената не му е слугинка да му ги средува личните работи. Кога е поделена работата побрзо ќе се заврши и ќе имате време за филм, вечера, гушкање, па дури и за време за себе. Само треба разбирање од страна на мажот и нема да има карање кој колку работи. Јас од секогаш сум го земала татко ми за пример како не треба. Буквално ништо не чепкаше, а бараше се да му е на место средено. Дури ни лебот од масата не го фаќаше, па ако сака и нека се исуши. И многу се нервирав и се каравме, зато јас не му дозволувам така на мажов. Веќе касно ме најде, умрев за спиење, да си легнам најубо. Мм на работа, ќе мора сама да си се стоплам Ајде добра ноќ
Јас во Санте многу лошо поминав. Ако имаш сестра глеј нека се потруди да знаат сите дека ти е врска пошто од се најважно ти е сестрите да знаат дека си со врски. Од Елма општо сум презадоволна, не знаев дека уште е таму, ама од сестрите... Неодговорни, аљкави, неспособни... Не знаеа да ми покажат доење а камоли друго. На раката тромбофлибит ми направија и за навек ми ги осакатија вените на лева рака. Место да уживам со бебе јас се акав по болници. Бебето ќе ми го умреа, една сестра никаква воздух му остави на синко во инфузијата. Од педијатрија, освен што не ми помогнаа за доење, ај ќе речеш и тоа беше не целосно нивна вина, сум задоволна, ама од гинеколошките сестри, никако. Работеа девојчиња 20 годишни, живи неспособни. Од докторите презадоволна, збор немам лош. Ама организација, менаџмент и сестри, олош. Во мое време таму и анестезија немаше, немаа анестезиолог, иако ми следуваше не ми ни понудија анестезија. Една пријателка барала спинална за царски и рекле а сигурна ли си, ризик е, знаеш ли кои и се ризиците... Сто пати се покаја што не ме послуша да не оди таму. И да, од таму ретко кој завршува природно, царски се 90%. Добро утро! Дете си игра со колички, јас пијам бруфен растворен во чаша и читам. Синоќа легнав рано, ама сум остаила греењето на голема тт, се разбудив со сува уста, лоша позиција за спиење и главоболка. Станав мм во дневна направил сауна, котел, гледам монитор на 28 го ставил греењето, луда работа... Ладно му било, нормално дека му е ладно, навечер се спие, не се дреме во дневна да се работи. Сам си е крив, прифаќа многу работа и не може да чека до утре да се сработи. Денес ќе биде неспособен за ништо. Со сета своја неспосбност ќе си се дружи со правосмукалката. Дете може да однесам до кај баба чак што више, торта имам за правење, ручек немам. Вчера отидовме на Водно, синче се искачи до врв без проблем, по пензионерската, ама си одеше дете, не направи проблем никаков. Горе имавме пикниче, малку поседовме, си напраивме муабет со една познаничка што се качуваа со нас, па назад. Назад не фати дури ноќ. Домче стигнавме само да се истушираме, да се облечеме и куфер во кревет. Што вика Реин многу брзо ми порасна детулево. Ај во висина ми отиде, ај се попраи, ама вака во однесување... Не одминува возрасен да не рече Добар ден, Благодарам ако му дадат нешто, бебиња опсипува со љубов и внимание, некогаш употребува изрази да се зачудиш и задолжително за појадок, ручек и вечера кажуваме колку се сакаме <3 Ај доста ми беше, да се јавам на мајка да ја чујам, денов ќе биде зафатен. Убав ден!
Мир, тишина, беба ја гледам како си спие, маж исто спокојно спие, па кај и да е и јас ќе заспијам. Ве читав деновиве но решив да пишувам еднаш неделно, бидејќи немам време за повеќе. Ве читам кога бебе цица па едната рака ми е слободна да скролам по мобилниот. Турбо недела беше оваа. Релативно добро поминавме поствакцинално, освен грчевите, другото беше во ред. Неколку флеки од каки никако нема да ми излезат, и тие како последица од ротата ќе ги фрлам, бидејќи ни на вриење не излегоа. Што какушки ќе беа-ротини Бебушка се смешка, забележува, не гледа нас повеќе, разгледува низ дома, пушта звуци и гуга, јас и мм подзинати од вид не ја испуштаме, ко дете незнам што да прави. Стварно незнам што сме правеле минатите години, празни сме биле, мило ми е што во секунда почнав да заспивам, не ми е тешко да срипам да ја земам доколку плаче, да ја гледам, да ја слушам како дише Заљубени сме во неа. Без маж ми-ништо неможам. Бебче кое беше со страшни грчеви и вриштења, немаше шанси да издржам. Се враќа тој од работа и веднаш ја зима. Пелени менува, заедно ја бањаме. Тој дава капки, нема званично еден од нас се' да работи. Околу неа се заеднички се прави. Секоја промена трчаме да си ја пренесеме, случајно да не ни промакне нешто незабележано за двајцата. Во секој аспект сакам да сме вклучени и двајцата. Секој ден ми кажува искуства од други, зборува со татковци од работа, совети си делат. Јас му споделувам тукашни совети. Грев ми е зошто е уморен па денски тој одмара околу 3 часа, потоа вечераме па јас одмарам а тој ја чува. Станувам кај 12 и до кај 3 јас сум со неа. Ќерка ни сака тато да ја заспива Се случило во 4 да го разбудам, и за 5 мин му заспива во раце. А дотогаш очи, широко отворени и не спие.Скоро секоја вечер ни е исто. Сметам дека детето е заеднички плод и одговорност за двајцата родители. Разговарајте доколку забележете промени. И дај боже да се средат сите проблеми зошто не треба никој да е исфрустриран и нервозен, плус бебушките веднаш не чувствуваат. Забележав во плачот на моето бебе разлика, заплакува понекогаш силно и луто до зајдување, како да се плаши, и сватив дека некои грчеви и се многу болни. Стомакот на допир и е полн со гласна револуција. Таа не сваќа кутрата што и се случува и вриснува посилно. Сега има повеќе сила. Многу ми е жал што толку ја боли. Се правиме и никако да и помогнеме во целост, само малку ублажуваме состојба. Многу сака да е гола, штом ја бањаме е мирна, штом почнуваме со облекување, таа почнува да плачесе ми е интересно, иако сум истрошена, короната ми зафати дел од фамилија, готвам храна и за нас и за нив, маж разнесува храна до врата. Често е по аптеки во набавки, нонстоп на моб на камери контролирам но мн ми е тешко. Сакам да ги прегледував јас, сега само виртуелно ги следам Нека помине се, веќе доста е. Истрошени психички и тие и ние, а дете во втор скок, сака да е почесто во раце и да си игра и разгледува, да и се смееме. Заради неа се смеам, заради неа се правам а душава ми е изморена, мислите на сите страни, и се молам се да заврши побрзо со болестиве Многу изнапишав, таман е, да држи влага за цела недела. Сите сте ми драги и доста често ме расположувате со тукашниве постови, се зачитувам и ми поминуваат тие неколку минутки во релаксација. Добра ноќ мајки и бебушки Чувајте се, гушкајте се, пејте, смејте се и љубете ги најмилите ваши љубовчиња
Мојот син дефинитивно има многу незгоден период од денот кога почнува да напиња за кака неможам да спијам, а тој си спие и си напнува се вртка испушта звуци секое утро во 4-5ч почнува се мислам да го преместам креветчето во детска и со камерата да го надгледувам. Ама некако подруго е отварам очи и го погледнувам тука до мене блиску за мажите гледам се дискутира се согласувам со оние што викаат дека не ни помагаат тие на нас, засебе си прават. Не можам да се пожалам од мојот уште од кога дознавме дека сум бремена не ми дозволуваше ништо да работам по дома, се тој. Да не сум кревала да не сум дишела хемикалии од средствата да не сум се качувала по столови еве иод како се породив исто тој чисти средува некогаш заедно когсѕ спие бебето а некогаш ако се погоди денот додека спие бебенцето па јас зачистувам. Прави некогаш за јадење тој некогаш јас а некогаш и свекрвста готви и за нас. Си доаѓа од работа ручек и веднаш си поигрува со синот а тој пун кеф очите не ги трга од татко му се смешка го набљудува милина за гледање. Потоа иде време за дремка па го успивсм а понекогаш и татко му знае да дремне додека бебе спие па пак играње и бањање заедно го бањаме мала дремка пак играње млекце и се заспива накај 7:30-8. Но ова стегање напнување во ниедно време ме уништува. Имајте убав ден
Majka prekrasna si slucajno te vidov na fb <3 Добра вечер мајки кај нас се по старо полека се спремаме за 1 роденден , почеток во градинка и враќање на работа. Роденденот само ние со кумовите ќе го одбележиме , мака ми е што уште не го крстивме а сакав месецов тоа да го направиме. Понекогаш мислам дека ми фалат неколку часа во денот за да можам се да завршам . Среќа кај нас работите се поделени работиме тимски се и чистење готвење чување на детето , јас учам па тој учи ... Тој излегува јас излегувам и така успеваме да завршиме се. Одам да учам додека малиот не се разбудил . Убава вечер