Добра вечер мајки... Елизабет спие, јас со слушалките на уши и комп. пред мене. За завршуваме првата недела подалеку од дома, подалеку од сите. Измешани емоции на олеснување, среќа, надеж и тага. Од самата помисла на Вики и Алекс, што се далеку од мене солзите течат неконтролирано. Ќе ја погледнам како мирно спие и се обидувам да подголтнам и си велам храбро, дека е за добро...да се фокусирам на иднината и што се позитивно ќе донесе овој месец тука. Деновите се долги и турбо. Тие што ме следат на инста споделив какви се третмани и настава има секој ден. Воодушевена сум во секоја смисла на зборот. Активностите после наставата и за викенд се исто турбо. Буквално и во мрак, со ламбите во раце, децата неуморно истражуваат и играат во природа. Утре денот започнува со јавање. Ќе биде пресреќна. Имам толку многу да пишам, да кажам...но мислам дека немам сили. Убава ноќ на сите. ЈАс ќе потонам низ хитовите од пред 10г-15г....
седнав да испијам кафе и да ве читнам, мнооогу страни имам заостанато е ама ова ме изнасмеа одсабајлечки. Ама кога јас сум во таква ситуација ми се плаче. Да речам се тепаме дома па тоа гледа и затоа така прави мислам ќе има логика за тоа однесување ама не е така,ни видело ни чуло а само мафта и пафта со рачињата. И исто фрла со играчки. Ајде претходно игравме фрлаше или топчиња или чорапчиња и тоа да фрли а ние да му го даваме. Ама веќе фрла се и сешто и секаде. Додека не останеме пак без телевизор. (Големиот на ист начин ни скрши еден). И како и секогаш не дочитав не допишав ми избегаа мислите.... а имав еден куп да си ја олеснам душата. Малото станува Лазе пушта чекори после гледа дека така споро оди и ќе падне на раце и ќе продолжи да шиба лазејќи. И така по цел ден се занимавам со него обврските на втор план среќа што не одам на работа зашто од 24 часа сите ќе ми беа работни. Со големото маки. Значи верувајте полесно е да изгледаш дете до кај 6 години. Како расте се посампстоен е не сака да слуша а јас му попуштам мислам дека многу повеќе одколку што треба а кога ќе фатам некој поостар став знае да преговара да се расправа и дури и ми вели кога сум станала лоша мајка цел викенд на пр. Не чека домашна да се напише. И сега секогаш кога ќе го потсетам вика кога ќе можам тогаш ќе пишам ако реагирам поостро вика ај си се разлошила. И ајде сега како да постапам. А знае додека сум со малово некаде по соби или кај мајка ми или излезена да исчисти дома да здипли алишта да среди... Му викам дете твоја обврска е школото и гледај тие задачи да ти се завршени во слободно време поиграј со малово јас ќе средам. Ко ќе не можам тогаш ти. Вика нас кога ќе ми се работи ќе работам и кога ќе ми се пишува и учи тогаш ќе учам а не вие кога ќе сакате. У реду. Само да нема кавги и расправии. Ајде да заспијам малото и да средам алишта оти овие кои се најдосадната работа можам да фатам и да ги фрлам.
 утро накај пладне мајки, како и да е кој е за прво кафе нека повели. Неколку вечери по ред сум ненаспана како издржувам ни јас незнам. Синко па за недела дена 3 пати ми се помочка ноќта незнам зашто детево вака ми праи. Многу е приврзан за мене не смеам телефон од него да фатам за лице ме фаќа и ме врти накај него, бебе мое пргаво жилаво за сите пари се превртува нa две страни со брзина на светлината, и се бутка на напред како да ќе почне да лази. Чудно ми е бидејки е многу различна од брат и ама златни се, фала богу нив не ги фати коронава не пројавија симптоми. Помина и тоа 20дена бевме во изолација добри сме лесно поминавме, испитавме антитела со маж во петокот нажалост јас немам ич, а маж е полн со антитела. Синче секој ден ме моли да ја китиме елката ама одложувам бар уште една недела ќе почекам. Му пишавме писмо на дедо мраз за него си посака да му донел кола на далинско, пластелин и големо пакетче, а за сестра му чорапи само Во план сум да направам камин со оџак од кутии па ќе видиме дали ќе успеам А да се пофалам имам нов телефон, ептен сум среќна камера има лудило па можам да правам дневно илјадници убави слики од децава Одам синко веќе не ме остава, убав ден на сите
http://www.femina.mk/колумни/сензорни-авантури/детски-развој-рана-стимулација-и-интервенција Најновата колумна за рана интервенција и стимулација.
Хи Кoнечнo и jас да седнам Вчера напoрен денoт ми дojде. Станавме, набрзина кафе се испи и се фативме за рабoта елка да китиме. Бебе вoзбуденo прави аииии аиии, ние ставаме лампиoни oна вади. Си jа заградивме убавo елката, затoа штo какo мачка цел ден кружи oкoлу неа или да не начека свеќа oдма кoпа сo прстите. Пoсле елката се пуштив вo пазарење, крш jа направив платата, мм ми вика не си сама да идеш. И вие сте вакви? Светнав пo дoма, и денес мoжам заслуженo да oдмарам. Иначе нели ви кажав бебе oставив каj мoите на спиење, па кoга oтидoв да си jа земам, кoга ме виде трча и плаче ме гушка пo нoзе и велам: те караа ли мама тука хаххах ? Два дена за прв раздвoени ама нека се учи Вo четвртoк oдам на прв скрининг, не мoжам да дoчекам бебе да гo видам, ситнам 12 недела па мoже ќе ми кажат и штo се крие мoмче или девojче. Пoздрав мамички, гушкаjте деца
Хола мамаситас! Кафе на маса, чекам да се подолади па да почнат да навалуваат. Уствари од сабајле еве стигна една да ми ја крене косата. Доаѓа да праша, па одозгора се издерава кога не и се свиѓа одговорот и кога ќе ја упатиш на место кај што може да и помогнат ми вика Па гужва е таму, не ми се оди, ти кажи ми.... После ние во администрација не чиниме. Да не ширам негатива. Елки сите накитивте? Јас уште не. Ќе биде деновиве. Сакав да накитам да е така убава, возот да го ставам и сфатив дека дете возот го средил. Нема везе. Ќе накитам иако немам никаква еуфорија. Конечно мислам дека ќе си ја вратиме масичката на место па ќе ги искористам овие од Икеа за елката. Маста им ја извадивме, ги напраивме лом, ама ќе послужат за елка. Китите и вие елка во сите бои или само јас сум? Нема боја што ја нема на елката, сите бои се. Мене не ми се убави стерилни елки во 2 бои, сакам шаренило. Кога во понеделник немам ручек готов цела недела оди во неповрат. Вчера пројдовме со макарони, денес се мислам нешто од Кам да земам од готовине ствари, ама што не знам. Идеа немам ич. Манџурија за утре ќе направам, вчера не можев пошто ни се расипа чешмата во купатило и маж сопре вода да ја поправи, па плановите се сменија. Пример сакам мусака, тоа и не е тешко и не е долго за спремање, за час е готово, може нели? Само треба со брзина на светлина да ја спремам и да имам некоја супа за дете да поткрепи душа дур чека. Ете готово, дур пишував добив идеа. Сакам спанаќ додуша, многу сакам, ама многу ми е грд купечкиов, не личи веќе на спанаќ, листови наааа огромни, ко лопати, не ни личат веќе на спанаќ па ми е шубе да го јадам. А нашиов не е уште пораснат убаво... Се размуабетив. Убав ден мамаситас!
Добро утро мамичкии!! Да се пофалам мм 5дена беше дома земал слободни да сум одморела малку и да ми посветел внимание јас кејф до таван.. Па стварно да ви кажам баш се осекам одморено и позитивно, тој почна на работа али тие денови имав време и генералка да напрам низ дома и алишта да средам и со мм и дете да играм и да спијам и све. Едно ќе речам баш му завидувам на мамички што мажите му имат нормално работно време или што работат од дома.. Се надевам овај одмор и позитива ќе ми трае барем две недели Накитивме елка мама пресреќна, бебе ја гледа додека ја растуравме гуга се смее се радува, а ќе речеш малечко не разбира али како добро разбира секое сабајле ја гледа и и се радува како нешто ново да е како преку вечер да никнува Ми фали уште еден врв али не сакам класичен, сакам некоја огромна панделка или па некој ангел незнам што ќе најдам, незнам али некако ми нема голем избор годинава едвај најдов лампиони како што си имав замислено... Исто си купив форми за колачина се надевам ќе имам време да направам Конечно денес излезе малку сонце три дена дома со синко па и не е навикнат само дома да биде али затоа нека ја одспие првата дремка па палиме количка на воздух малку. А и сонцево убаво барем ќе се исушат алишта, значи не можеме да се досушиме, а и да се доиспериме кога ќе погледнам се мислам само кај нас има алишта да се сушат буквално преку цела недела Немам нешто друго паметно да кажам да не замарам со глупости.. Убав ден
@AngelOfArh земи си заледен спањак, раатот си го видов кога почнав заледен да купувам. Јас една кутија користам 4 5 пати.
Здраво мами Да ви се придружам породена сум пред 5 дена со близнаци Сакав да прашам дали некоја од вас знае да ми каже колку е цената на скрининг на мозоче кај новороденче во Систина? Имајте убава вечер
Hello. Пишувам само кога сум на работа изгледа,само сега имам време и ми е досадно, дома секако дека се нема време за форум. Накитив елка конечно. Немам баш некоја убава, оваа ја земав дека ефтина а голема, ама со лампиони и сијалички е прекрасна. Девојчето мое ко маченце се мотка околу неа, помини замини туку ќе џапне некое лампионче. И она ја бендиса,мноооогу била убава ми кажа Дедо Мраз почна преку една вечер да не посетува Купив неколку играчки за да имам за неколку денови, и навечер ги оставам пред врата, ќе истрча мм да заѕвони на ѕвонче дури сме ние две занесени со нешто друго, па она одма трча надвор и со светнати очи кажува “иииии дедо Мраз дојдееееее” Синоќа немав пари во мене,влегов во маркет и и земав обично пакетче од 100ден, дури ја бањав мм заѕвони и она по бањарка шпринт надвор, знае веќе кој ѕвони тоа време Вика “wooooow мамо,он е супер дедоооо, види има смоки,сокче,цица маца,лашкаа (лижавка), се има, се ми купил” Стварно штуро пакетче,ама си се радува и на ситници бе, и лижавче да и однесам ќе се радува и ќе кажува цело време што и купив. Денес ми правеше друштво за до соседниот град, сакала да оди таму за да си купи играчка за деца, пошо кај нас никаква продавница за играчки нема,село. Си одбра масичка за шминкање и пластелин, јаоооо која радост беше тоа Се накинџури со обетки,ланче и белегзии, цел ден пред огледало седеше и ми кажуваше дека ќе оди негде,па затоа се шминка па и мене ме дотеруваше, те шминка, те фризура, ај со фенот “на лажги” ај со шнолки.. иии заврте саатот и опет на посао. Не земав боледување сепак,смотаница До крај на месец ќе издржам... Ми се плаче кога ја оставам дома а јас идам ама мораааамм Некој денар плус пак значи многу.. Јас уствари цела плата ја трошам за детето. Облека,обувки,играчки и козметика,ако остане нешто и за мене да се подновам.. Си мислам и се растажувам,зошто нас вака не не растеа? Пакетчиња за Нова год имавме од бабите и од кај татко ми од работа, никогаш не памтам да ни купиле играчка мене и на сестра ми... или нешто што мнооооогу време сме го посакувале па да ни го поклонат. Немало муабетење со мајка ми, немало гушкање,бакнување и покривање за добра ноќ, немало ни заспивање со читање или раскажување приказна. До 10 год спиевме во еден кревет јас,сестра ми и 75годишната ни баба,нешто налик соба добивме кога наполнив 14. Ни другарки да викнеш,ни ништо.. Имало денови кога на трпезата имало две јајца и едно парче леб од пред два дена, кое го делевме со сестра ми, мајка ми “не беше гладна”. Ама добро памтам дека до денарче ги собиравме железните парички од дома за да одиме да и купиме цигари. Секој ден. Ова ми е траума од детството. Иако скромни, као ништо не ни фалело, сепак сфаќам дека фалеше,дебело фалеше нешто дома.. Нешто што се вика топлина,љубов! Хистеричното дерење,желбата само и само за “уреден дом” и мирни деца,расправање,беспарицата, длабоко влегле во мојот мозок. Секоја година би длабела во нови и нови кредити,само да им овозможам на моите деца тоа што е прикладно за нивна возраст, да имаат што ќе посакаат и материјално, а најбитно да ја имаат целата љубов од нас како родители,и да градиме пријателски однос со нив кој ќе трае засекогаш. Да и остане навика на ќерка ми да ме гушне за добро утро,да ми заспива на гради или скут за добра ноќ,да ме бакнува без повод,да ми кажува дека ме сака исто без повод.. зашто знам колку боли и после толку години, кога не можеш да се сетиш на два прости и навидум лесни зборови како “те сакам” од родителите. Никако да најдам нзс зошто немале потреба да ни искажуваат љубов секојдневно, а немале ни тронка срам секојдневно да се расправаат пред наши очи и уши. Јас сфаќам зошто некогаш “исклучувам”со моето однесување,затоа што тоа е сепак една слика која сум ја гледала дома цели 23години и ми влегла потсвесно во мозокот, и ете ја од нигде некаде.. ќе избие. Посакувам само да сме цела спротивност со мм од ова,и децата да ни се благодарни еден ден кога ќе израснат и ќе го напуштат домот.. Хармонија,љубов и топлина е се што треба да има во еден дом. Налет парите...
Хај. Ја знаете изреката дека ако не се дериш на децата значи дека не поминуваш доволно време со нив?. Епа на оваа изрека се вадам деновиве. Се трошам,секако за безпотребни работи. За тоа да ми биде чисто и средено а сум со бебе од година и пол и бебе од два месеци. Се трошам што големото ми бебе не спие ноќе,како во бунило е само станува а тоа е сигурно дека му недостигам,морам да спијам во друга соба со малото ми бебе бидејќи само плачи од грчеви. Се обвинувам себеси што неможам да ги усогласам,што не поминува ни љубомората. Кога ке го хранам малото големиот ги прави глупостите баш тогаш кога неможам да го оставам бебето. И да,само викам. Викам ,бидејќи и ситуацијава во која се наоѓаме допринесува плус за да се чувствувам заникаде. Ми фали слобода. И секоја вечер пред да легнам си повторувам утре да бидам смирена и среќна бидејќи среќна мајка значи среќни деца. Мајки,бидете среќни
Стварно интересно. Којзнае зошто се почести навечер... Можда дека од цел ден стимулации наоколу, уморни се бебињата и собрано се заедно навечер се појавуваат. Затоа велат при грчеви да се направи пријатна атмосфера, без многу звуци, без нагла светлина. Нежни масажи. Значи сѐ што смирува.
Ммички дали за стерилизација на шишенцата користите превриена дестилирана вода или обична вода од чешма малку глупаво прашање ама нова сум во мајчинство
Па би ти рекла да не користиш чешмовача ако нејќеш да расипеш и тенџериња и шишиња/цуцли. Све ќе ти биде бело. Јас користев и стерилизатор и вриев, се со чешмовача.
Здраво. Дете гледа цртани, а јас пишам некој збор тука. Само незнам од кај да почнам да раскажувам.... Мајсторите кога дојдоа излеговме надвор со дете уште во 9 сатот, добро што времето беше топличко сеуште не беше вака заладено. Игравме низ двор со чекан, со батериски пошол го поправаш тротинетот, возеше една количка потешка од него. И по два часа дете побара дома, ајде дома но пак сакаше надвор, а неможевме да излези е пошто вратата веќе беше наместена и имаше дрвца за да стегне вратата.Два пати ги растури ме пошто на дете му се какаше, па сакаше да јади банана. И на дете му реков не можиме да отвориме едниот чичкое полицаец и ако виде дека на секое излегување ќе не земи со него. Па така дете издржа затворен в соба. По нивото заминување се фатив за работа а дете со Маже ги пратив до маркет да испазара. За дете да не се плетка, па така нашава соба и ходникот ги исчистив истиот ден. За три дена исчистив се, но турбо работа.Од прозорци, пердиња, комоди, шкафови тргање, кујна исто, Мислам од тоа влечкање, ме заболе раната од царскиот. Во неделата Маже го редеше ламинатот, јас му помагав. Многу сакам кога нешто Маже работи да се плетка околу него. А дете цел ден окапа во двор... Остана уште стаза да купиме, но тоа од 13тата плата од маже ако му дадат. Можи сега елка да се симни од тава и да ја украсиме со дете.Ама ми се чини како да е рано лани не памтам кога ја накитивме. Ехе до водици кило и пол прашина ќе се собери на нив. Туку давајте предлози за подароци за нова година. За најмалите бебуши најдов музичка играчка и пакетче со тоа што јадат. Ама за големиве незнам. Две братчиња од 7 и 11 години и девојче од 9 години. Стварно не знам што да земам, не ми паѓа никаква идеја. Дете уште пред еден месец знае што сака, му напишавме писмо до дедо мраз. Но некогаш си надополнува со некоја плус играчка. Го сакал Тор, (тој го доби пред време) чеканот од Тор (но никаде неможам да го најдам) сликовница од Биби и Боби и нараквицата од Танос(ги најдов). Доста е мајки... Дете сакал да се капи, одам пошто три дена не е капан, сега сам посака, но пак ќе има плачки за косата. Имајте убав остаток од денот.