Ај и јас да ја сефтосам темава Бебе спие, тодлер чека да се испече мевцето и да јаде. Леле за јадењево како се подреков Се збореше пред некој ден на тема јадење и кажав дека јаде се, не прави проблем ама мнооогу бавно јаде, саат време. Е сега најново, се е поинтересно од јадењето па како што јаде бавно најверојатно кога ќе му дојде чувство на ситост си станува и зема да си игра Уште ова ми фалеше, и онака е џивџан, нема ни 12,5 кила на 2 години и 7 месеци Детево откако останав бремена со бебе се мислам си го испуштив од раце...нема ред за ништо. Синоќа заспа во 1, сабајле стана во 10 ипол и сега уште не е заспан Мм прееска ќе го заспиваше, мали си гледа Диего, мм крчи Битно легнати, гушнати. Сакам да го држам синко да не заспие ама друг пат вака ми заспал во 21 и станал во 23 Се буди навечер, бара вода, мене ме бара и шетам јас цела ноќ како пинг понг топче, де со бебе де со синко. Мм крчи гајле нема. Чат пат синко плаче и вреска кога се буди, долго време е таков, не знам ни кога не бил таков. До кога траат ноќниве терори? Почна да ми збори и на англиски некои зборчиња што ги слуша од цртаниве. Ах колку сакам да не го погледне телевизорот и мобилниот туку да можам да го анимирам со други работи, ама не можам. Си игра со коцки, колички, возови. Обожава во линија да реди играчки, го нервира ако нешто бега од линијата. Леле ако биде како менеее. И јас сакам се да ми е под конец, затоа сега не можам да се помирам со хаосов, ама тоа е, приоритети... Елката, секако, уште не ни е накитена, ај ваљда до 31ви ќе ја накитиме Среќа бебе не е премногу плачливо инаку кај ми е крајот. Новогодишна сесија дома ќе им правам, ( кога ќе накитам нели ) имам убава елка само не знам на подот што да ставам за да го сместам бебко. Немам кебиња, перници новогодишни. Циркузи ќе бидат сликиве како што тодлер не сака да се слика Пакетчиња ќе правам или од онлајн нарачки или да тркнам до маалскава продавничка за играчки, секако ако мм за промена ги почува двајцата. Кое дете го фати плаче... Уморен бил му се спиело Бебе се разбуди, чао мајки
Ааа ја шибнав меѓу троседи нема пристап таму, кај свеки на земја стоеше и се засилува со дубакот и ја турна два пати виде не виде ја собра
Ноќ мајки Сабота, убав ден, ден ко ден, само да го немаше сивилово Накитивме и дома елка, уствари ги закачивме само лампионите како ни дојде и ставивме сијалички Мислам дека покрш елка сум немала со години Но бебе се прерадува дека заедно сме кителе, он помагал, на сите се пофали Нека се радува и еден негов Ирвас мече пикнавме во елката (и лани таму стоеше ама убаво нареден ) цел радости, само го покажува и нормално по неколку пати го ставаме и вадиме Прееска кај баба му. Накитила мајка елката и има едни големи златни лампиони, на бебе очите останаа во нив. Па уредно сите ги извади и си ги стави во кесе за дома Едвај се убедивме да ги остави, ич не сакам што понесува ствари, а бабиве стандарт "носи" му викаат, "ти ги дава баба за дома" Помош или плеткање од баби ич не ми треба, во ниту еден момент не сум почувствувала потреба дека ми фалат. Кога се породив мм искоментира дека не сум била "леунка" него "ЛЕЈКА" Ма за ништо не ми требаа, сум кажала мајка зема одмор, па си го прекина кога виде колку е саат А свеки чекаше да побарам помош, која уште ја чека, уствари као уште првиот ден ми кажа дека она дете не можела да чува секој ден, може само да причува. Ама еве по 3години се ќе даде да може да го чува, лелееее а пак прошета, да се пофали уште еден прст ќе даде курбан Себична сум уште за се околу бебе, да кажам и посесивна, многу и тоа, ама што можам Мој е мој и само мој, дури и мм знае да ми каже дека не е само мое детето Искрено калта под нокти ја извадив за бебе, па богами и само мој си е, он ни го из...ка со банкирана го правеа Помош за ручеци и чистенки не ми требаат ни за тоа! Пораат од се сам и кога и колку можеш е најубаво Е денес ручек имав од мајка, сарма, така понекогаш и може Уствари и се наместив, вчера кажа за денес ќе правела сарма, па ми се пријаде и и кажав и за нас да смота. Поубава сарма никогаш не сум јадела, се претупанив А ич не сум љубител на сарма. Мм се преразочара од ручекот, една само изеде, се најаде со вчерашниот остаток од нашиот и на бебе ручек Супер, ќе имам и за утре, или да си ја каснам после, па да бруфтам цела ноќ, ја мислам па шузнам Почнавме и си јадење на пакетчиња Какви медени срца јадев прееска А бебе ги откри чоколадите со ориз, пола ја смачка Уште не сум почнала да правам пакетчиња, независно од Коронава секако ќе дадам некако. Давам на најблиски кои не се заминуваат. Лани готови купив за сите дечиња, оваа година во надеж сум да бидам покреативна и да направам Од новогодишната дотеруванка почнав со средување на косата, односно закажав на фризер Прееска најдов каква сакам да ми биде, па ќе почнеме со чекор еден, пошто лилаво не би си заминало така лесно. А може и ќе останам на чекор еден и двојка ќе биде само да се изедначи. Ќе видам како ќе се доживеам со новата боја Е уште не најдов слика каква да се шишам и колку да ме скрати. Едно - 15 че биде, ама дали и повеќе и што облик да ми даде не знам. Уствари ваљда и како што се шишав, само пократка сега, на природна коса нема што многу да изведувам, а да биде пери носи Потоа средуванката ќе мине во бирање пижами Ептен интересно Многу брзо ми мина годинава, како да ја преспав се осеќам, за 2.5недели е 2021. Ма едвај чекам Нека си иде веќе 20кава Друго не знам што да пишам.. Утре на Шапка ќе се иде, да се израдуваме и ние на снегот, едвај чекам да ја видам радоста на бебе А како ќе се убедиме скафандер да се облече ич не знам, по цел пат план ми е да зборам, филмови, филмови, па ќе видиме Да спијам веќе, ако не заспијам на дремкава ќе треба сарма да јадам Гушкајте малишанки
Ај здраво и од мене Едвај чекав недела, да сум слободна па да ги извадам децава надвор, ама едно грдо тмурно време шо имаме, со прст не ми се мрда. Маже сабајле дојде од работа, па ќе одел втора смена денес, значи цел ден сами ќе мора барем 1 сат да ги извадам надвор зошто дури сега се збеснати, а тек пак до вечер... Елка накитивме, дури пред 1 недела. Ги заспавме децата и се распоредивме со лампионите. Па една фотосесија маж и удри, со сијаличките, со ефекти со се и толку беше, сабајлето ко станале цела ја растуриле не бев тука да видам реакција ама маж детално ми раскажа Големиот се пожалил дека тој не ставил ниеден лампион, па ајде извадиле неколку да ги намести, а малото пак вртело околу и викало ооо ооо, па галел лампиони, вади-фрлај големиот е помирен па оди по него и ги мести на елката, па реди еден над друг, кај му дошло. Веќе се откажав од прередување, шо сакаат нека и прават само да не ја превртат. Ќе ставам слика, да видите како ја средиле пред некој ден Оваа година појќе имам желба да си наместам, па купив перничиња, чаршавче, сијалички, е за украси немам многу место, а и малово одма ќе им го најде крајот, па ќе почекаат некоја година, можда ко ќе имаме наше во план ми е и некоја новогодишна чинија, салфетки и други ситници, малку од малку да осетиме празнично. Уште сега барам рецепти како да си се нагостиме сами Пакетчиња ќе правам само за внуците, за други поблиски готови ќе купам и толку. Пресреќна сум шо конечно ќе купам и некое фустанче за кукличката теткина, доста беше за машки во 5 машки конечно и некоја женска се роди. Па кога почнаа сите, ајде сега и кај тебе едно женско Реков, не сакам, доста ми се 2, нека се здрави и живи, немам живци веќе за бебе, еве веќе 3 години кај шо не спијам ноќе и веќе почнав често да сум нервозна. Маж пак сакал барем уште едно женско. А шо ако не е? Зато поубо не ни пробувам. Најмногу ми е страв заради втората бременост шо ја поминав в кревет, под стрес и нервози, нема шанси пак низ истото да поминам. башка шо финансиски не сме спремни, планот за куќата се надеваме да се реализира, уште кредит да ни дадат и да се заглавиме за стално маж нашол некоја куќа, нова ја направиле, не ја доправиле па ја продаваат. Има премногу за досредување, се запнал за неа. Одлучно му реков не ја сакам, преголема ми е и предалеку, па и прескапа. Башка шо цел живот в центар живеам, па сега да одам толку далеку нема шанси, не можам да се навикнам. Па демек ајде со татко ми ќе оделе да ја видат, можда ќе ми се бендиса па ќе се премислам. Не бе, ни можам, ни сакам да одржувам толкаво куќиште, мене доста ми се и 80, ете 100 кв нека се, појќе нема шанси. Се расприкажав, малово цивка за спиење, па да досредам хаосот в кујна Убав ден на сите, а еве ја и елката пред и потоа
Здраво мамички Денес мислам дека ќе полудам се шетаме по соби со малите (близначиња) од грчеви Сакав да ве прашам педијатарот на едното му препиша пробиотик а на другот гледам дека нема препишано па се мислам дали да му дадам на своја рака Сестрата ми кажа слободно давај му нема штета од него ама на мене пак ми е шубе Што мислите вие?
Здравo мамички Какo сте? Неделнo цел ден дoма, ручек и некакo oдмoрена се oсеќам. Чекам мoите да дojдат и да ми гo дoнесат бебе бр.1, синoќа oстана пак каj баба. Пресреќна сум штo седи без прoблем и плачки сепак 14 месеци има. Oд денес 14 недела, 4 месец. Времетo ми лета oваа бременoст, стoмаче sирка пo малце. Вo систина пo втoр пат пoвтoриjа машкo бебе, нека биде штo сака самo да е живo и здравo. Дoктoрoт вели уште е какo аватар таквo малo мрда ли мрда... Првoтo бебе гo oсетив вo 14 недела да мрдне oва уште гo нема. Сакам денoвиве да прoшетаме дo плoштад да видиме какo е украсенo. Бебе пoчна да си дoбива пoклoни па така веќе имаме две кoлички за бебе, една кoрпа за пазарење и истo така ништo не jа интересира. Ги бутна пo еднаш и тoлку. Jас и мм излегoвме пoклoн да купиме за бебе, запна вoз да и купи му велам мала е не jа интересира ,нo не вoз и краj. Дojдoвме гo нареди, бебе ги тресна вагoните пo еднаш и тoлку беше. Пoздрав мамички време е за кафе
Вечер мајки Денес минавме една од "најидеалните" недели Може ќе звучам лошо ама едвај чекав да заспие бебево и да замолчи Бројам, се воздржувам, ама денес концертот на рикање му траеше 2ч и за сето тоа време МОРАВ да го држам во раце пошто појачуваше рикањето. А ние на Шапка Нели за да биде покомплетно не сме ни дома Кај се завеавме па да идеме и Шапка, ич не ми текна дека е недела и гужва Ништо не видовме, ништо! 2км бевме паркирани пред, 1км изодевме и ај као на една чистинка снегче да видиме. Ај ќе се смири.. Не бре, не престана Кичмава ме боли, ми пука, тежок е, он слабо си изгледа ама мислам веќе и повеќе од 15кг има Кога се смири рече многу тешко му паднало и затоа плачел Гратис и нозете го болеле Цела среќа денес реши да спие во 19ч, па во 19.15ч веќе потона и искрено ми олесна Изгледа го измори снегот Ваљда нема да му текне и у сред ноќ да изведува тантруми, нека ги скокне барем денес Од вчера да не ме мислите си потстанав и си ги дојадов сармичките Сироти само пет останале, па греота е да седат така Биби денес цел ден без друштво, гревче, а колку сака да се дружи, да се гали Мм му купи сончоглед и не изненади знае да го јаде Но не знам колку изел, ама во 17ч кога си дојдовме беше прегладнет, трчкаше по мене да му дадам да јаде Чепнал и јаболче, кива, морков, ама си чекал и шприц Утре бебе ако е умен преку ден и ако е со неговите, планирам кога ќе се стемни да го шетаме низ плоштад. Ама ако пак е фестивали ќе чекаме подобри денови Ми се пие нешто, ми фали, викендов без алкохол минува, ама нема да помине Имам отворено Гордонс, Курвазие и некоја вотка. Ако имам газиран пијалок, Спрајт и Кола, ќе бирам од првите две, ако не ќе точам вотка со домашен сок кој ќе го глуми џусот. Битно да се пие, а ако не е сечено не ми лизга Еј имам и домашни ликери од капини, малини, јагоди, вишни Ајде отидов Гушкајте малишанки
Здраво мајки, Викендов турбо, вчера купивме елка и украси. Како набрзинка купувавме, убава испадна. Не шетавме многу. Прво до Вучко, маж влезе, јас во кола со беба, па после јас влегов. Многу убави елки ама преголеми за нашиот простор. Од тука во Електрометал, влезе маж рече нема избор и отидовме следно во Меркур. Таму го бендисаа повеќе па јас влегов и избрав. Од таму во Ново Лисиче во една продавница под Кам, ме советуваа имало ефтини работи. Маж влезе и излезе со празни раце, се било кинеско. Хахаха па во другите продавници од Швајцарија да не носат Влегов јас и наполнив корпа цела, купив сијалички, лампиони, венче за на врата и вештачки снег. И следно пак во Вучко по ќејф на маже да земел од Швајцарските лампиони Мислев ќе ќитиме кога ќе легне мали али мм го фати еуфорија, пушти песнички на Тв и почна. Синко лежеше на под и гледаше, ја накитивме цела и многу убаво испадна. Не земав врв дека немаше убав, ама земав бели машни па таква ставивме на врвот, здравје следната година кога ќе може да шеткаме ќе најдам поубав. Мислевме дека немаме доволно лампиони ама супер е. Него додека го закачувавме венчето на врата, синко се истркала од коцките и ја тресна главата на ламинатот. Кога почна да вреска, реално не беше кој знае какво треснување, сепак коцките се 1см преку сила ама со мм се извадивме од памет. Зема на синко му викаше еве тато ќе го тепа ламинатот и удира ли удира Сеа се смеам ама и јас се исплашив. Цела вечер сонував како паднал од кревет и плачев во сон Денес лабаво, доручек, ручек и машини. Ако не ме мрзи може и ќе запеглам. Сакав за прв пат во животот кифли да правам ама ме замрзе и не купив квасец. Ај следен викенд, надежно Ама сама ќе се зезнам, на диета сум, кога ќе замирисаат тие нема шанса да не пробам Лета времево, уште малце ќе треба на работа да се вратам. Со коронава не сакам синко да иде во градинка ама како ќе се снајдеме да работиме од дома и дете да чуваме не знам Добра ноќ мајки Спојлер: Елка
Друшки здраво, одамна не сум пишала ама обавезно ве читам. Немав ни време ни нешто убаво да кажам. Преку глава ми дојде од пандемијава. Годинава рано ја накитивме елката, пред една недела. Лани ја правевме сами со маже додека малата спиеше,а ова година тројцата заедно Традиционално секоја година ја пуштам истата плејлиста, бебе се воодушеви, абе мераци. Само оди премества ѕунѕурки, ме гледа во очи и вика Не, Не Не, и си продолжва со мисијата Сите други украси си ги присвои во нејзините играчки, куклите го јаваат ирвасот само чекам кога ќе се скрши, душа му извади Нека прави кеф. Се чудам како тоцкаво чоече (16+), знае да се заигра. Си ги слеква куклите (со моја помош) му прај муабет, си игра со тенџерињата и иди да ме храни Него кажете убав подарок (играчка??) за оваа возраст како за под елка? Кога стигаат нарачки многу се радува, ќе и спакувам поклони од Дедо Мраз под елката Ја дотерав тип топ со вентијага, еден куп капчиња и шалчиња, сега чизми никако да погодиме, свеки ни поклони малку грдички ама дури не најдам посоодветни ќе и ги ставам. И онака кал се прај во парк. Право маже Да частам се подновивме и со количка, ептееен ми е мерак, иако мала не сака да се вози нека стои во кола за да поспие кога сме надвор. Старата и беше тесна и механизмот на седиштето зафркаваше. Оваа е посаламна, крепи уште едно бејби Го обожавам овај период, секогаш со душа ги чекам празниците, па то филмчиња, какао и благо, па реди газје шо викаат старите Оваа година ќе ги одминиме собиранките, ќе гледам ние да сме прошетани, наиграни Поклони за најмалите најблиските порачав нешто ситници, уште пакетчиња, а богами и за нас ќе има по нешто под елка Ни мајка ни свеки не не забораваат. На маже му треба потсетување ама ако, си го знам јас дека не е најромантичен и ич не ми смета Ништо паметно не кажав, да легнам оти ќе ми се плачи сабајле. Најт, најт
Добро утро мајки! Во автобус сум одам накај град на курс. Немам време за пишување деновите ни се турбо. На сабајле стануваме со синко се спремаме па го оставам во градинка а јас трчам по автобуси па курс па си идам и одма го земам од градинка. Дома нешто да направам средам, синко преспива па маж си иди од работа а јас одма излегувам за на работа. 1 сат ако се видиме во денот добро е. Маж предновогодишно има премногу работа, и саботите ги работи а вчера беше исто за 3 сати. Му велам седи дома во викенд не работи ама не слатки се парите. Не е одморен воопшто. Сам си е крив. Јас многу се радувам за курсот многу ми е убаво и брзо учам. Имам надеж дека и јас ќе зборувам правилно Германски. Имам прекрасна учителка и прекрасна група. Часовите во смеа ни поминуваат. Позитивно изненадена сум од синко колку многу зборчиња кажува на германски, го слушам и не ми се верува. Колку брзо научи. Знае и да брои до 10. Решивме да си одиме за МК. Петок здравје после работа тргнуваме вечерта. Не сме биле 1 година па одиме за 10 дена. Потоа овде ќе имаме карантин ама сепак одиме. Купив подароци за сите. Си одиме баш на Св. Никола нашата куќна слава. Се надевам за ручек дома ќе сме. А пред 5 години исто на Св. Никола дојдовме во Ат за прв пат. Ама лета времето. Домашните се уште не знаат, мм не сака да им кажи ама јас сакам па сигурно ќе им кажиме. Да ни исчисти свеки и да ни запали оган и елката да ни ја извади да се радува синко. Се гледа дека пишувам на брзина без смајли хахах не ми е вака убав постот ама толку е времето. Стигнав в град. Имајте убав ден мајки!
http://www.femina.mk/колумни/сензорни-авантури/воспитување-на-мали-деца-консеквенции-и-казни Новата колумна❤
Здраво на сите И здраво на корона . Одбегнувај контакти, држи дистанца, само дома дома дома факинг дома, ок е тоа, си ја сакам домата ама нигде да не се мрднело, од умот се мрднавме иии пак си ја закачивме. Сѐ уште не знаеме 100посто, ама со овие симптоми, сигурно е таа. Маж ми ја закачи на работа, јас од него. А баш пред неколку дена му реков "шо ќе прајме, не ќе бегаме вечно, вирус е, еднаш ќе мора да го фатиме" и еве бидна. Со лесно да врви кај секого. Туку деновиве ми се вртка темата труднички муабети, баш ми фали кога си ја отворав, читав, прашања си пишував. Вам ви фали? Си помислувам и на друго бепче, ама знаете страв ми е. Кога ми текнува, си велам пак ли неспиење и тука застанувам, не одам понатака. За првенче, нема која не е изгубена... За сите други бебиња, ваљда порано си идаш на себеси, еве кажете. Од дома седење, издвојувам Ред интернет, ред спиење, дете си се плетка си игра, си вади запчиња, нигде не излегуваме, се додеваме везден . Ај уште малку ќе прајме рекапитулација на 2020та. Убав ден
Здраво мајки. Синко шета со татко му а јас одмарам и пијам кафе. @elenaklasik ми фали бременоста до пораѓај. До пред болки беше супер, од болница навака сум ненаспиена. Има убави денови во спиење, ама има периоди кога ме заебава како си сака. Деновиве е така. Ноќен терор или заби, или и двете. Имав прекрасна бременост и би сакала уште една таква. Маж ми би останал на едно, немал нерви за второ. И не знаел како ке ја подели љубовта. Едно е сигурно, наредни 4 години не останувам бремена, а потоа ке видиме. Да завршам со доење ке почнам со контрацепција, лесно останав бремена и не сакам така втор пат. Секој период од неговото растење е прекрасно напорен. Љубов во најчиста форма. Вчера го оставив да спие до мене, го гледав колку е прекрасен и мој. Совршенство. Љубов. Топлина. Кога порасна?
Вистина било дека кога готвиш со кеф повкусен ручек имаш. Денес што сум направила грав во едно тенџере за 2 фамилии да се најадат, а тоа не вкусен ама готвев без кеф, нешто денес сум down , скарана сум со сопругот , всушност во последно време баш тешко ни оди комуникација, до вечер ќе се смириме, ама некаки немаме заеднички јазик за ништо и пак по старо, безпотребни кавги. Кога одев на работа, доцна се враќав, па обврски околу ќерката, шетав со неа, немав време да се осетам вака после кавга дома. Вчера не сум пратила, па денес да си дополнам ќе си го јади гравот од вчера само како тавче гравче денес Децата заспаа,ќерката прва смена на школо, тешко и доаѓа станувањето рано. Сега ги чекам да станат да се прошетаме малку по сонцево. Јас до тогаш да си го испијам кафето на раат.
Многу убави ми се утрата кога маже е дома... знаеме да затераме со спиење и до 9 сатот кога е тој дома. Па следува гушкање за добро утро и започнува денот. Еден кафе, доручек, друг дете го "средува" раскрева и иди времето за маже да оди на работа. Но толку од убавите утра...Убавите нешта кратко траат. Маже почна на работа прва смена. Но петок мора ден да зема за св. Никола. Нели лани ви се пофалив дека домаќини сме годинава.Пред месец дена свекор ми разговараше со одборот и одлучија годинава скромно, колку да се одбележи. Само литургија ќе има погачата ќе се крши и толку. Нема спремање нема викање мали сармички, спремање на гравче и рипче.Нема и музика да има е тоа е добро, зошто и орца се вртеа како во минатото во селата како што играле на сред село Ќе спремаме од се со свеки колку за адет за нас за дома. Изгледа само ние сеуште ја немаме накитено елката. Денеска утре и на тоа остана, но немаше време Маже да ми ја сим и од тава. Се надевам утре ќе иде и тоа. Знам дека дете ќе биде пресреќно ќе му светкаат очињата од среќа, ќе има многу пеење , скокање и лутење кој лампион каде треба да стој. Сакам да ве прашам дали ќе ги сликате со дедо мраз? Дали ќе го носите на работа за пакетче и дали дома ќе викате да дојди? Јас на Маже му викам нема носење, нека го земи тој пакетчето и подарокот. А и за дома се двоумам ако дедо мраз ми е близок од фамилијата ама ризик е. Дневно ќе разносува по 50 пакетчиња од кај да знам дека е "чист" Одам дете збесна, буквално ми се качува на мене и не ме остава да пишувам.
Добра вечер мајки... Дете спие, јас тријам очи, паѓам од умор, но музикава на уши ми буди некое пријатно мелахночилно чувство и не ми се затвара компјутер. И пред некоја вечер така, песна песна...на крај завршив рикајќи за Тоше . Хормони ме дрмаат ваљда. Ситно се бројат деновите...После точно една недела, другиот вторник ќе бидам конечно во сопствениот кревет, до него. Проклето многу ми фали. Срце ми се кине за девојките, глумам силна на камера а потоа солзи ми течат без престан. Татко им купил елка, ја накитиле, ми пратија слики од безгрижни ликови и насмевки....ми се стопли душата за момент. Ели добра. Море одлична е, не ги спомнува , турбо е со задачи, активности и игра со новите другарчиња. Добро што е така. Ме ставиле во инста парентс категорија за гласање. Секако ниту објавиле предходно, ништо. Подобро да ќутам да не кажам нешто што не треба. Тука во целосен локдаун од утре. Не дека ми менува нешто. Да читнам што има низ темиве
^^ како се породив се наспав У бременост око не склопив! Како зајак спиев и со 546 будења за мочање и со 627 будења со тахикардии Се гледа дека трудноќа ич до ич не ми фали Ноќ мајки Тешки денови, веќе не знам ни дали има волку тешки планини, да имав барем на некого да се олеснам, онака искрено и другарски.. Совет не ми треба, не е потребен, само слушател сакам На единствената личност која можев "се" да и кажам светот и се руши повеќе од 2години, па моите тежини се маково зрно за нејзините. Не би било фер и за мене да се грижи, плус и пола тежина е за неа.. Не се сметам за "среќајлија" се што сум добила било по потешкиот пат, но не можам да кажам дека сум малер. Како може се на едните исти луѓе да им се случуваат "крупни" ствари?! Не дека мене само мед и млеко ми тече, не дека само рози ми цветаат, но како може несреќи само на едни исти да се случуваат?! Како да се предодредени само за нив, како да се проколнати од некоја виша сила, како да нема стоп, како за една мала среќа секогаш да мораат, да вратат со десет несреќи.. Страв ми е да се јавам, страв ми е да пишам, страв ми е да прашам едно бедно "како си" Ми фалат дргарките, ми фалат да се "цели", среќни.. Ниту цела рака не е исполнета колку ги имам, но богата сум што ги имам баш нив Како можеше на секоја од нив се нешто да се случува и да трае, трае, трае.. Денес, веќе помина полноќ, значи 16ти, на времето ми беше посебна дата, колку магија, љубов, емоции имаше на бројов Оддамна не ми текнало или да ја запазам датава, но еве сега ми текна и убаво ми дојде. Не ми фали таа магија, ниту таа љубов, емоции и нема, оддамна се е само убав спомен, ми фали само тоа време и мојата безгрижност, само тоа.. Ми фали пак да сум дете.. Кога си мал сакаш да пораснеш, како кој знае што те чека таму, а кога си доволно голем копнееш за времето кога си бил мал.. Да знаев што се ме чека кај "големите" ќе се потрудев многу подолго да бидам "само дете"! Денес добив и убава вест, ми пратија слика која дури ја отворив мислев ќе видам роденденско дете како дува свеќичка, но видов нешто поинакво Се израдував, убаво ми дојде убавата вест Шлаг, некој мислел и на бебе мое, баш сега пред спиење видов, колку убаво Ајде не е се така црно Чисто да си дадам сама на себе ветер у грб Море денес добив и комплимент од една продавачка. Многу и се допаѓала мојата боја на коса, па што фалење ми удри, па колку ми била посебна Не знаев прво дали се зафркава со мене или ме фали Укапирав дека стварно и се свиѓа кога почна детално да ме распрашува како до фарбата А мене бојава ко без боја, лилато паднато, чудно, шарено, мислам дека се загледа дека јас убава, плус и дотерана бев Од цела убавина утре ќе ја вадам, денес што ја прошетав и добив пофалби тоа е, на тоа и нека остане Уште да ја изберам новата боја фали Ќе биде некоја "потопла" или кафеава, само нијанса ќе изберам од што ќе ми се понуди. Бебе го премислив Уште па направив план и да шетам по поклони, значи баш ќе се задржам Како ќе ги биде не знам, некако ич не ми се допаѓа на мајка односот, па ни зборењето. Многу викање, а уствари така го игра, да се вика па кога ќе одвали некој збор, па кога ќе го насска на глупост Он повеќе и по деде е, за мајка сум кажала вика "баба досадна" Се надевам со деде ќе најдат баланс, многу саати ќе се фати.. А да идам на два пати, па и три ќе биде бетер, еднаш ќе успеам да отидам, ама скоро за наредно идење тешко, не се лаже ама ич. Башка и сакам поклон за Нова да му купам, не можам ни да нарачам, кога стига се што порачувам секако со мене е А уште не ни знам што да му купам Денес прегледав се што имаше Џамбо иииии Една играчка од Крш ми фати око, али играчка е 9.000ден Он не ни сака поклон од Мразко, ништо не сакал од дедото, Пако ќе му купел од Џамбо вика Па барем да кажеше и што сака Пако да купи, вика пакетче, а што да има во пакетчето и покрај вода, Фронди, Киндер кажува "голема играчка" Денес за прв пат спомна сакал воз Е аман пак ли со возовите, ама па сакал онаков на шини, имам дрвен, Лего и си ги брои и немал пластичен вика. Па и покажува со прстите дека три требало да има, не два Џамбо не ме бендисаа ама ич, мислев тој најскапиот е убав, а тој само поголем, а пластиката и квалитетот исти Ќе видам и тоа утре, ај желба е во прашање, ќе видам и на мм комбајнот, некоја вртимушка ми спомна, па и нешто плус и ваљда ќе погодам Секако тоа е главниот поклон, а на список имам и споредни Ќе ги завиткам сите и под елка на Нова, ќе се прерадува знам, плус обожава да одвиткува, ќе се позанимава и со тоа За нас видов едно виски во Веро, ми остана паметот у него Биби каде и да е ќе почне да ни прави муабет, али почна веќе да се кара со нас Секој ден нов звук, само "раскажува" нешто Радост ми е кога ќе отворам врата во дневна и кога ќе ме види одма почнува да ми свирка Радост ми е кога ми се пика во рака да го чешкам Бебе е, уште не знае ни да се понаша у кафез, колку неартикулисано па лета, додуше и голем е, колку и да ни е голема дневната не е шума Само се лупа во нешто Омилено јадење е банани и јаболки Денес воведов фстаци И многу сере, тууууу само спушта газот Колку па прља при јадење, аууууу ниту Бубу не успева да постигне Не памтам до волку да било со Коко, може дека ова бебе, а на Коко бебе и не се сеќавам нешто многу. Уствари првиот Бубу ни беше купен баш за него, па сигурно не бил он педантен Ми фали тоа пиле Денес јадена легнувам, да не ме мислите Две бабачко парчиња лапнав од колач со капини Оф да спијам, утре "голем ден" и битни одлуки ќе се носат, морам да се направам многу убава Гушкајте малишанки