^ Емке сите исто си мислиме дека се нас малери не тераат, некои само убавини имаат, а не е така сите со својот живот и својата тежина. и да помине што и да е Здраво мајки Одамна ме нема, ама и многу мрачен период ме нападна и не сакам да ширам негатива, оти и онака сите сме утепани со ситуацијата од короната Се надевам дека AngelOfArh и RainBow се подобри Од денес Дојчланд е во лок даун. Градинки , школи и трговски се е затворено до 10 .01.Вчера гледам слики за еден комшиски трговски ред имаш за да влезат во трговскиот, па може 50м Најважно си чекаа луѓетоШто направија зголемија концентрација на луѓе во затворено за повеќе да се прошири короната Јас пак се спремам веќе 2-3 недели да одам да си купам труднечки панталони , прслаци и еве затворија.Не дека немам 5 пара имам хеланки и нови си порачав ама се со М величина.Во нози ми е добро ама во стомакот ме стега , а енос ќе расте меше Како пијана сум во мозокот некои ненамерни грешки правам, ама си викам сигурно е бејби брејн Малата веќе е голема девојка.Ја шишав во неделата.Косата кога и ја миев оти исправена и беше до половината , па сега и ја скратив малку, ама се познава.Не плакаше за косата(не е на мене и тетка и) Ја подновивме со нова детска соба ама нема време мм кога да ја зглоби.Сега за Божиќ ќе има одмор.Важно креветот и е зглобен и е голем, а таа мала во него.Исто како кога беше бебе.Ја ставав обретно -напречно и ја сликав секој месец.Колку беше мала , а сега скоро не ја собира во тој креветКога порасна и зошто брзаНејзиното креветче трбаше да биде за бебето , да заштедиме де , ама на крај деловите од креветчето беа во подрумот и цефката за парно прокапела и ги подула, па сега ќе треба ново да купиме.Среќа си имало бебето за ново креветче За Н.Г сум кажала дека не купувам многу поклони, само од Дедо Мраз и од нас.Му пиша писмо на Д.Мраз дека сакала глава од мома за да и прави фризури и да ја шминкаПоклонот успеав да го скријам , а да не го види, стигнат е пред две неделиОд нас ќе си добие пенкало што кажува што е што на сликата од сликовницата.Од братучед и доби ваква сликовница што одговара со пенкалото Пошто контакти за жал ни се сведени на минимум и ми е многу криво, решивме да пишеме честитки на децата.Ама и добивме по пошта.Колку само се радуваше кога ќе и стигнеше честитка Почнав да ја оставам со вклучен тв сама по максимум 30 мин.Фиксниот е до неа и знае да ми ѕвони и да се јави кога јас ја барам.Па јас ќе тркнам до продавницата преку патот.Самата почна да кажува дека не сака да дојде и да одам сама.Мирно дете е ,а и се хипнотизира од цртаните и не мрда од креветот.Се надевам не и правам некој страв А јас по 2 пати и се јавувам да видам дали е во ред.Еднаш и се јавив повеќе пати и ми кажа мамо доста ми се јавуваш досадна си Денес и ветив ќе одиме кај дрвеното игралиште.Се наоѓа во паркот до нас т.е ридот.Ридот е целиот во шума и меѓу шумата има еден дел каде од исечени дрва се направени шатори, греди и други знаимации.Дрва наредени како кај нас кога ќе донесат за огревСамо овде никој не ги краде Како се пресечени(т.е скроени) така си стојат Вчера не успеавме да стигнеме пошто тенкот(јас)толку може, ама се прошетавме доби 2 ч Да кажам и за бебето .Уште е во мешето имаме уште 2 и пол месеци до термин.Мачно , жешко и едвај дишам , само јадам особено благо и не се качувам на вагаДо пред 2 недели бев само +7кг поправена, ама откако добив апетит за благо не се мерам.Ем се боцкам инсулин ем јадам благо за тепање сум Денес на мени шпагети.Не ми се мисли веќеАма што убав ручек имавме во сабота.Си порачавме од грчки ресторант и јадењето беше превкусно, па како поклон добивме и грчки божиќни колачи.Мм си стави узо , а јас една голтка вино.Ни фалеше уште свеќа и како во ресторант да бевме.Тоа ни е единствена опција ,ресторантите не работат повеќе од еден месец Да одам да мерам шеќер и да се спремам страволинките и овошје и одиме на воздух, додека не не затвориле дома, да искористиме колку можеме Убав ден мајки и уживајте со најмилите
Добар ден мамички Два дена ве читам додека да прочитам се.. Ние ја поминавме короната дај боже сите како нас да пројдете со слаби симтоми јас изгубив мирис и вкус но се враќа постепено, а маж без симтоми ако тој ни го донеси,бебе фала богу па скоро ништо еден ден затнато носе и поспанос без тт.. Па сега за месец дена да видиме дали имаме антитела Лее како ми дојдоја овие две недели мм дома со бебе се приврза толку многу што баш ми е мило, а јас цел стан сум го ичистила свети вака не бил од кога се в селивме.. Бебуш го помина 4рти скок и да ви кажам имаме дома ново бебе буквално почна од релаксатор да се врти идаслегва и ние се чудиме како толку мало бебе, почна како војниче да се труди да лази поточно се влечи пушта звучи пишти како демек кога ќе се израдува кога ќе го бацам абе лудници очи ми се полнат со солзи кога ќе ми текне дека имам синче и дека е се како со треба иако имав стресна бременос.. А и многу сум себична во смисла со бебе не баш го давам да го чува друг освем мм и јас до сега не сум имала и некоја потреба да го оставам негде со свеки 100 пати од типот кога сакаш остави го оди на кафе на флизер.. Али ко ќе ми текни дека бебе од 40дена свеки го бацваше покрај то што бев против и се смеше од типот тоа кога беше гладно како секое бебе со главчето лево десно и устата отворена, а таа го земаше до нејзиното лице и тој ја лижеше и таа леле видете видете мене филмот ми пукаше и само кавги со маж и сеуште сум против до кај 10м сметам а можи и 1г дете не треба да се бацува да се шлапа сепак тоа е нежно и создадено од хормони на мама и тато.. Мајка ми еве ни еднаш го нема ни бацено ни па рачина бацени ради што рацете сега него му се постојано во уста и од тогаш не го давам на никој буквално што правам правам сама ако треба и ќе се влечам од неспиена али нема шанси сакам мојот збор да се почитува ај да не се нервирам напразно, а има и куп други случки со свекор.. Мм вика дека сум себична дека и нив му е ќејф јас не велам не али кога ќе речам нешто почитувај и што се не пројдов во бременоста така да само мој си е и ќе остане. Гледам сте разговарале и за второ па и трето детенце јас сум желна за деца и сето тоа али кога ќе ми текне колку ми беше мачно тие два месеци на почеток тоа не спиење аууу си викам чекај да пројде време да заборавам а и се плашам од помислата дека ова дете ќе си го запоставам дека нема да знам да ја поделам љубовта, што знам не е точно али мој филм е тоа За фото сесија си закажав за дома да дојди да му направиме сепак е мал, а и сакам во повеќе комбинаци вака дома ќе има време и да го пресоблечам и све и онака елката ми е убава исто и амбиентот е пријатен, а и складен како што сакам јас без црвена боја хаха (мана ми е не сакам црвена боја во домови, а незнам зошто) Уште некој ден и ќе се спремам за слава прва година ни е св. Никола нема да имаме гости само нашите али пак сакам да си направам убава маса. Исто така со бебуш од 4м напишавме писмо за дедо мраз што сака да му донесе хаха ме сметате за налудничава али како дете ги доживувам некои работи, можеби ради тоа што никогаш не сум верувала и радувала на дедо мраз моите ме има соочено од мала дека не постои и секоја година добивав поклон од моите мислам не се трудеја да го остават под елка од вечер барем туку едноставно си идеја од работа и ми го дава и ми вика еве што ти купивме, а стварно не сакам така да биде со синко сакам да верува во таа магија барем одреден период. Иначе мм запнал да си купам нова опрема за скиење и денес ќе одам да си земам покрај тоа што овие дома не ми се носени али ми се стари пред 4-5г лани само со горен дел се подновивме со мм али не скоев бев бремена, а и годинава не верувам дека би скиела со бебуш али ајде кејф да му направам на мм од дедо мраз ми биле поклон Имам алпинки али ми купил мм и планинарки што јас би рекла џабе фрлени пари кога и двете вршат иста функција не пропуштат и ногата е топла.. Се пофалив со поклониве од дедо мраз како дете сега одам да се спремам бебе додека спие и да излезам да купам некој ствари за фотосесијата како со си имам замислено.. Убав ден на сите
Добар ден мајки Чеееек ин со новата коса Спојлер: Коса На светло е нешто како мојата природна, + со лилаков сјај, тој богами не ќе си иде лесно А во темно или во соба ми е потемна Фризерката само оваа боја, најсветла, ми рече може да покријам тоа што имам. Така да не ни имав право на избор И шишана ми е 20тина сантими, од напред и повеќе Баш ми олесна на главава, едвај чекам да се измијам и да видам како ќе се навитка Па прва фаза успешно мината До посакуваната коса од "сликата" ќе има уште една до две фази Во Молот стигнав меѓу првите, чекав 10ч за да отворат Шал за мене само купив, се разочарав од изборот без избор Капа и шал за бебе на крај порачав, имало такви само во Рамстор, па не ми се кршеше патот. Е сега 160ден достава, ама па гориво, паркинг, време и исто ќе е. Нарачав и ќе чекам да стигнат Поклони Скапата играчка убава, ама некако не доволно голема и со ефекти Додуше и решив секако воз да купам, таман смисли желба и замислето го разочарувањето кога ќе го отвари поклонот и ќе види Пау патрол А и он ништо не заборава, чим побарал и сум му кажала дека ќе добие ако е умен, а он нели секако дека е умен што и да купам друго ќе прифати, но и ќе си ја бара стварта. Нормално нели Епа возовите во Џамбо искочија најдобри Или па и единствени И бев до Џамбо за да изберам некој Пропратно купив и уште една "голема игачка" Мајка И накај дома застанав на зелен семафор за да му купам од балоните кои светат Кога се расвирија, кога почна да ечи Не еднаш сум чекала некој токмак и гуска, што има везе нели денес и јас да бидам нешто од тој вид Апа па и за детска радост станува збор Оно понатаму видов уште на пет места да продаваат, ама од кај да знам Успеав и со другачка кафе да пијам у кафич Пиевме кај 11ч, ама после да сме ставиле слики, многу рано било, па редеше слики кај 14ч Другарка ми и се е можно, ја пукнав од заебавање, абе и викам ако види баш сега некој и тргне да те бара Ми го направи денот Бебе душа, фацата кога ме виде тажна, изгубена, кажа дека сум му избегала и не требало веќе така да правам Си понесе цела кутија играчки и сите беа изнаредени по дневната кај моите, плус и додале некои што му седат таму, џумбус Едвај јадел и од тага, скоро ништо Еве го сега само раскажува што правел и вика дека дедо му викал да спие, а он не спиел во ден, ама дедо не знаел, се збунил Баба му давала пудинг, ама не му бил убав, тој на мами само го јадел (а мојот не го ни помириснува, не јаде пудинг) Душа моја Донесов и ланч пакет од мајка, риба и грав, чекам мм да се прибере и да се натупаниме
Ме интересира дали некоја мајка се соочила со спазам? Кој детски невролог го посетиле и како го решиле проблемот?
Здраво мајки, Ретко ме има на форумот последниов период . Војдан е добро иако скоро секоја ноќ има грчеви до кај 2-3 часот и после заспива. За една недела ќе полни 2 месеца... Едвај чекам да му воведеме кашички и сокови и да можам да му надоместам барем малку што го оставив без мајчино млеко и што секој ден плачам заради тој факт... Јас не сум баш најдобро. Како да не беа доволни тешката бременост и ужасниот пораѓај - сега добив и камен во жолчка и сега ми се разјасни од каде ми беа нападите последниов периов кога полуписмените докторки ме лекуваа од желудник. Психички паднав многу и секоја вечер ја поминувам во стравови дали и кога ќе ме фати повторно напад и ќе завршам на хитна... Каменот е со димензија од 18 мм и ми препорачуваат операција, а тоа е нешто што моето кревко тело и ум периодов не би можеле да го издржат...Пијам антибиотици, витамини и Ферум Лек за железото. До кога ќе терам вака - кој би знаел...? Мирот ми е комплетно изгубен. Се надевам Вие сте добро. Не сум Ве читала периодов. Ве гушкам сите...
Добра вечер момстерс Време ладничко. Почнува оној период кога студот ти лазе по кожа и се ежиш дур ти ги буди сите сетила. Ми недостига да е и постудено од ова. Имам еден драг спомен со најдобрата другарка, од една зима пред неколку години. Попладне, се враќавме од вежбање, надвор светло од снегот. Врне сув снег, тивко е и можеше да се слушне како крцка под стапала. По нашата улица се обелено. Застанавме пред нејзината куќа и продолживме да муабетиме дур снегче си паѓаше наоколу. Не ни памтам што зборевме, ама тој момент ми е посебно драг. Знаеме и да си го приспомнеме одвреме навреме. Се испративме, па јас продолжив накај дома со црвен нос и подмрзната. Утредента ја дочекав со растечен нос и чаша топол планински чај. Ќерка ми се надевам наредна година ќе го запознае снегот. Оваа година, ја испуштивме вилата во Маврово. Некогаш се прашувам дали ќе сака да скија како мене. Се прашувам во што ќе личи на мене, а во што на татко и... Едвај чекам да видам кои особини ќе ја обликуваат, ќе бидат само нејзини и ќе ја направат таква каква што ќе биде. За мене секогаш најпосебна. Наредна недела е Божик. Некогаш не можам да поверувам дека конечно помина и најдолгата година во животов, која патем и едвај чекам да заврши. Ќе да годинава не направи доволно штета изгледа, па за крај и си го скршив прстот. Од утре ќе биде во нешто што треба да изиграва лонгета, а по два месеца и хируршка интервенција. Кај нас дома во тек се новогодишните фотки, и пакување на последните божикни подарочиња за бебла. Од Дедо Мраз сакам само малку повеќе здравје, друго се си имам.
Заспа малата пред еден саат, па јас се фрлив на грицкање што не треба. Морам да престанам да јадам глупости. А таман се опраив со јадењето ме фати короната и маж ми рече веднаш да оставам диетата и да земам да јадам. Па добро, откако почнав да јадам барем престана глава да ме боли. Ајде после празниците почнувам пак, нема смисла сега и онака. Прееска си влегов во вц си се средував, малата си играше сама, знае некогаш да се заигра и по еден саат. Читавме една книга во која имаше ученици и одделенија, па ги нареди мечињата како да се во школо и она ги носеше на екскрузија. Еххх, поголемо дете колку е полесно. Сега е и најубавата возраст, ем само си игра, се занимава, ем не оди нигде само да го мислиш каде е. Навечер до мене и мирна душа. Како ли ќе биде кога ќе излегуваат, нема да знаеме кај се и што се? Гледам на тој период да мислам што помалку. Од нигде никаде почна да изразува интерес за пишување, знае името нагалено да си го напише, знае букви да поврзе. И текна туку-така и се распишува. Деца. Ја прочитав веста за децата дека имале некаков синдром три недели по контакт со позитивен од ковид и сега ќе бројам и ќе се стресувам, тоа е. Немаше она симптоми, ама се надевам и натаму добри ќе сме. И купив пакетче пред некој ден и и го оставив демек Дедо мраз и го донел. Ама леле колку беше сомничава, аха, дедо мраз, е од кај дојде, што дојде, зошто дојде, и рече на крај дека не верувала дедо мраз дека и го донел, некој друг бил. Е добро штом така. Од него порача работна масичка за цртање со столче, па тоа чека. Инаку, си стави сама макарони да вари, си ги промешкуваше, така што и тоа е решено. Вчера и на плажа беше, си облече купаќи, си зема пешкир и влезе да се тушира, јас само водата и ја наместив. Мислев ќе се тушира еден саат, ама излезе по две минути, толку било, да се освежела само. Па си зема пешкир си постели, торбата спремна и беше со книга, вода и чоколатце, па се плажираше по дома. И така, малку по малку ќе помине досаднава зима.
Имам една дилема, решив да пишам овде, ако гледате дека некој ваш близок греши во воспитувањето и однесување со децата, дали би реагирале со совет. Значи гледам дека се оди во погрешен правец но не се осмелувам сериозно да се вмешам, родители секој најдобро треба да знае но и тешко ми е да гледам како може се да биде полесно.
Јас не би се мешала, освен ако не ми е побаран совет. Најмалку кај непознати. Сигурно нема да застане и да го смени начинот на кој изреагирал, напротив, може само да ја влоши ситуацијата и да создаде тензија. Големи се шансите да го доживее советот како да ја осудуваш за начинот на кој се однесува кон детето, особено ако е кажано во моментот кога детето доживува тантрум на пример, а родителов реагира несоодветно. Што знам, јас таков тип сум, а и нема воспитување по одредена шема - што пали кај твоето дете, не значи дека ќе пали и кај ова туѓово. Единствено би изреагирала ако се применува ќотек како воспитна мерка, не можам да замижам на тоа, јас не сакам ниту повишување тон околу син ми иако е бебе, а камо ли тепање. И не би сакала да ми се мешаат. Не би дозволила ниту мајка ми да ми се меша во воспитување, а не па некој друг рандом. Не би сакала да се создаде слика дека мама е лошата затоа што ми забрани да го правам ова или она, а баба е добрата затоа што дозволува.
Да , така некако и јас размислувам, многу тешко прифаќаме мешање од страна. Се работи за сестра и да и самата губи и нерви и почнува и да ги тепа, а од друга страна како да сака да докажува дека е подобра од другите, бабите пример и им дозволува се што ќе се побараат , кога се работи за купување и тоа после тантруми и тепачки се купува. Јас пробувам онака ненаметливо одпосле да дадам некој совет, но многу е нервозна и таа и децата.
Штом е сестра во прашање, јас би реагирала. Би ја седнала на разговор, да прашам и да ми се отвори зошто е нервозна. Можеби има други проблеми, што секако не е причина за да ги тепа децата, но можеби и' треба помош, разговор. Прашај ја како е, дали има некоја мака, пробај да и' создадеш доверба во тебе за да ти се отвори.
Хеј мамас Надвор тмурно, ладнично а мене ептен ми се иде за Косово, се таму мислам ќе најдам нешто поубаво за бебушките. Овие два месеци преку 15 пати сме биле. И на граница веќе не познаваат Му здосадив на мм, секој ден ај ваму таму. Да користам уште некој слободен ден, нели. После со бебуш седење дома до лето Вчера на Попова шапка, толку беше преубаво, уживавме. Сонце сонце, малиот прво се плашеше после се пушташе со санката. Јас само седњв и пиев чај. Не смеев да ризикувам да паднам пак, иначе паднав во кујна на плочки. Не знам како, веројатно од влечките се клизнав. Среќа странично паднав Ми стигна нотификација" Mom you're 35 weeks pregnant" Дали тоа значи дека за месец или помалку ќе имам уште едно дете? Really? Уште не ми се верува како брзо ми помина оваа бременост. Ако и пораѓајот ми мине лесно, потпишувам идам и на трето Ајде идам да се спремам, го убедив мм за Косово
Добар ден мајки Во минатото темата ми беше издувен вентил, пишував секој ден обавезно, сега почнав да забушавам нешто, заслужувам неоправдан Што убаво ни се придружија нови мајки, тука се и некои од постарите, некои забушаваат ептен, ќе ги тагнам сваќата @Mari* @girl-miri @Ano девојќи чкртнете збор-два. Ние добри. Помина санта лучија кај нас, донесе тоа што побаравме, за среќа скромни бевме, посакавме само тетратка и чорапи за сестра му Ви реков јас дека ќе јадам бискоти на сред ноќ, така и беше, за атер на дете смачкав сѐ, ама пак, пресреќен беше Сега Божиќен подарок ќе се чека, се надевам исто скромен ќе ми биде. Ме радува што со мерак в училиште оди. Го пофалија и учителките. Утрово кога се спремаше за школо се разбуди и сестра му, обично спие па кога виде ептен се израдува, почна да и зборува да ја гали, легна до неа, а таа само му гуга и му се смее, абе љувов ми се Викендов бевме во посета на куќата на дедо мраз, преубаво беше. Толку беше реално, убаво, магично... Арно ама кај нас синко не е многу по овие работи и за пола саат му се досади Да не биде џабе патот, свртивме и до икеа. Кога веќе си таму се знае, нема излегување без ништо. Си купивме Божиќни поклони со маж, секој сам за него Јас си купив сребрена рамка за 4 слики внатре, убава е, со циркони цела, дадов 150€ ама внатре ставив фам.слики. Тој си купи пластично дрво/цвеќе за во салон, поефтино е и сега го гледам само разгледува глупости по нетот, мора да надокнади Цела куќа на праз мириса. Такви желби немав во бременоста, се нешто ми се јаде, среќа никој не доаѓа инаку ќе се врати Одам мајки, ќере заспа па да се фатам за работа. Убав ден на сите
Еве и тука да прашам, дали имал некој искуство да сподели со д-р Димитар Споа. Сакам да закажам во Стумица во Ре медика за прв ортопедски преглед на новороденче
Здраво мајки Некако слабо сте активни на темава....се одмарам читајќи ве тука. Јас конечно да здивнам бебо заспан јас земав лат топот да средам некои административни работи. Бебо одлично ја прифати жената па без проблем останува со неа штета што неможе да оди кај нејзе и по нова година. Јас се вратив на работа и полека се вратив на обврските, денеска и во операциона сала влегов по пауза од година и повеќе ...Се спремаме за роденденот на синко, ќе украсам и ќе спремам и ќе си замислувам дека сме 20 луѓе на забава, а не дека сме сами. Некако несакам ни да мислам каква ќе е следната година. Многу негативности околу мене. Коронава на сите ни го зезна животов на овој или оној начин. Убава вечер мајки
Добро утро Да искористам да пишам дур бебушка спие, оти потоа тешка работа Наутро станувам рано, дури таа спие сакам лице на раат да измијам, да доручкувам, да зготвам ручек, да излуфтирам, средам се и ете ја станува таа. Се откажав од помислата да и воведам ред за спиење. Не успевам. Си легнува кај 2, станува кај 12, со пропратни цицања. 3 месеци има, се надевам овој биоритам ќе се смени, но сега моментално оставам да биде вака. Дома украсивме се, оваа година после долг период не ни се излегува од дома. Топлина има, украсено е посебно заради неа, маж ми купил и чорапи, па ги закачи на оџак, па ги наполна со чок.бомбони, тој ќе јадел 2 чорапи, јас едноок. Почнаа и новогодишните пакетчиња за ќерето. И ние спремивме за внука ми и за дечиња на пријатели. Им ги однесовме до врата, па потоа ни снимале видеа како се радуваат децата и ги гледавме со маж мина ќере и купивме облека, се исправ, сега одвај чекам да и ги облекувам. Се што и е омалено собрав и кренав, здравје за други бебиња. Не е се идеално, алергијата пак ми се врати, страшно ми смета, бидејќи незнам од што ми е. Терапија пијам и подобра сум, ама нервира фактот што човек не е мирен, се' нешто се случува. Со свекрва многу ни е лош односот милион пати реков не се нервирам, но внатрешно се нервирам и мислам, зошто ете не изградивме добар однос. За неа, не би повеќе Маж по незнам кој пат и денес се успа за на работа.жал ми е за него. Сака да ја гледа малата, ама уморен е и заспива со се неа во прегратки бебуле се смее, гуга, имаа лицеви експресии. Ја обожавам значипосесивна сум многу кон неа Доста е за денес, сакам да правам падобранци, попладне тоа. И од новиот режим на исхрана, нешто со печурки свежи ќе биде на мени за ручек. Дури спие бебе, да средам и уште еден цртачки предизвик. Чао мајки п.с. за чистење секој ден има по нешто, машини за перење секој ден пуштам, за садеви исто. Дома маж и јас средуваме. Незнам да седам, и кога немам работа, веднаш сецкам овошна салата или цедам сокови или ми текнува некој десерт, и така. Ако некогаш се жалам овде, да ми кажете дека сама сум си крива, незнам да седам